Историја на македонскиот народ. I. Од предисториското време до крајот на XVIII век

Михаило Апостолски (гл. ред.)

 

ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ НА МАКЕДОНИЈА

(д-р Панче Кировски)

 

 

Македонија го зафаќа средишниот дел на Балканскиот Полуостров, просторот што е заграден на север со планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, а на југ со р. Бистрица и брегот на Егејското Море до утоката на р. Места. Билата и вододелниците на младонабраните планини Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд ја заградуваат Македонија од запад а од исток р. Места и западните делови на пл. Родопи. Во овие граници Македонија зафаќа простор од 67.741,2 км2, од кои 25.411 км2 односно 37,51% отпаѓа на Социјалистичка Република Македонија, а остатокот е во склопот на Грција и Бугарија.

 

Географската положба на Македонија е мошне погодна. Таа се наоѓа во стекот на важни патишта и магистрали. По долините на реките Вардар и Струма е отворена кон Егејско Море како дел од Медитеранот. Преку ниската кумановско-прешевска вододелница (450 м.) долината на Вардар преминува во долината на Јужна Морава и ја сочинува единствената вардарско-моравска долина, природно предиспонирана сообраќајна магистрала и најкусата лонгитудинална врска со земјите од Средна Европа со Блискиот Исток и Суецкиот Канал. Покрај моравската долина Македонија има уште една природна врска со панонскиот басен и другите подрачја на Југославија. Тоа е врската преку Качаничката Клисура и ибарската долина. Најпосле, во минатото низ Македонија минела и мошне важната напречна магистрала на Балканскиот Полуостров — Виа Егнатиа (Via Egnatia) — која од Драч преку Елбасан, Охрид и Битола води кон Солун и Цариград.

 

Со својата централна географска положба на Балканскиот Полуостров и со широкиот излез на Егејско Море и Солунскиот Залив, во стекот на мошне важни патишта и магистрали, Македонија рано ги почувствувала стопанските и културните влијанија на развиениот Медитеран, но исто така и сите негативни реперкусии од повеќекратните пенетрации

 

9

 

 

на одделни завојувачи, бидејќи патиштата на нивните завојувања секојпат минувале низ Македонија.

 

Македонија има мопше карактеристичен релјеф. На југ од Скопска Црна Гора и Рила, во пространото подрачје на Вардар, Струма и Места, е старата родопска маса. Своите главни геотектонски црти оваа стара палеозојска маса ги добила на почетокот на терциерот, при набирањето на Динаридите и шарско-пиндските планини, кога била изложена на јак притисок и гмечење поради што се раздробила со раседи во тимори и потонатини. Оттука во релјефот на Македонија онаа карактеристична смена на големи и високи планински масиви и пространи и затворени котлини и полиња со поголеми или помали надморски височини. Токму во овие котлини, полиња и жупи е концентриран најголемиот дел од обработливиот земјишен фонд и од земјоделското производство (Пелагонија, Тиквеш, Солунската низина и котлините на нејзината периферија како Меглен, Гевгелиска и Валандовска котлина и др.).

 

На запад од Полошката и Кичевската котлина во двојна низа се протегаат високите планини од значително помладата шарско-пиндска систвма.

 

Другите геоморфолошки појави што оставиле траги во релјефот на Македонија се врзани за големата езерска фаза од почетокот на неогенот. Таа ги опфатила сите котлини во родопската маса, а исто така и шарско-пиндската област и довела до формирање на повеќе езера. Кон крајот на плиоценот поради тектонски прекршувања и тонења на басенот на Егејекото Море настапува регресивен период. По долините на Вардар и Струма се врши исушување на заезерените котлини, при што тие меѓусебно комуницираат, за подоцнежните реки на тие места да на оформат денешните клисури (Дервенска, Таорска, Велешка, Демир Капија и Циганска Клисура на Вардар, Кресненска и Рупелска на Струма итн.). Затоа котлините во Македонија, иако на прв поглед изгледаат затворени и изолирани, се всушност меѓусебно поврзани со длабоки, клисурести прооди и ниски седла. Некои од котлините се делумно и денеска под реликтни езера (Дојранско, Вешичко, Лагадинско и др.) или се се уште заблатени, или пак мелиорирани и исушени (Пазарско Езеро, Аматовско Езеро). Сосем е идентичен случајот и со десаретската група езера — Охридско и Преспанско — кои се зачуваа до денеска поради сеизмичката активност и тонења во тоа подрачје, со кои басените постојано им се подмладуваат.

 

Егејското тектонско тонење дошло до најголем израз во јужна Македонија, која му е и најдоближена, па затоа тука котлините и полињата се попространи и на помала надморска височина од оние на север. Инаку егејското тектонско

 

10

 

 

тонење продолжува и денеска со чести земјотреси како придружна појава, кои се поретки од југ кон север, но стишат и до Скопската котлина.

 

Како траги на одделните флувијални фази во формирањето на речните долини на Вардар, Струма, Места и на нивните притоци, а исто така и на долините на реките надвор од нивниот слив, се сериите на речни терасзи во релјефот на Македонија со извесни површини на обработливо земјиште и погодни топографоки положби за селски населби. Како посебни облици на флувијалниот релјеф на високите области се флувијалните површини на кои се денеека високоиланинските пасишта.

 

Девастацијата на шумите во минатото и учеството на трошни седименти во геолошката градба на релјефот биле причина за формирањето и за разорното дејство на голем број порои. Последица на тоа се плавините и наносните конуси по рабовите на котлините со погруб и пофин механички состав. За интензитетот на овие процеси можеби најдобро зборува фактот што во Пелагонија од околу 120.000 ха под смолници, колку што останале по истекувањето на неогеното езеро, денеска има останато околу 11.500 ха или 10%.

 

Кристалестите шкрилци, махматските и метаморфни карпи, од кои е во голема мера изграден релјефот во Македонија, се матични карпи на технички многу важни минерали. Дацитско-андезитниот масив на кратовско-злетовската област е многу богат со оловно-цинкови руди. За серпентиноките карпи, особено за Љуботенокиот серпентинеки масив, се врзани појавите на хромна руда, што ги има во значителни наслаги и на Халкидичкиот Полуостров. Во сериите од шкрилци настапуваат железни руди во кичевскиот и демирхисарскиот басен, метаморфираните варовници од пл. Баба Сач (Кичевско) се придружени со појави на манганови руди, како сублимационен продукт на вулканската дејност, во мориовсконмегленската младовулканска област се појавите на антимонови и арсенови руди итн. Серпентинот е матична карпа и за многу неметали (талк, мегнезит, азбест), пегматитските или фелдспатови жици се често проследени со појави на лискун, а од силициевите останки на дијатомеите се формирани лежиштата на дијатомејска земја во Мариово итн. Појавите на цементен лапорец, кварцен песок, фелдспат, кварцит, силекс, опалска бреча и др. ја дополнуваат листата на неметалите во Македонија. Најпосле и самите карпи од кои е изграден релјефот во Македонија нудат во изобилство градежен технички и украсен камен (гранит, базалт, травертин, мермер). Изобилните руди се солидна основа за развитокот на рударството и индустријата во Македонија.

 

11

 

 

Скоро целата територија на Македонија лежи помеѓу 40 и 42° северна географска ширина. На југ широко излегува на брегот од Егејското Море, од каде што чувствува медитерански климатски влијанија, а од север преку вардарско-моравската долина е изложена на континенталните влијанија. При тоа по долините на Вардар и Струма, како и преку ниските седла, медитеранските влијанија, иако ослабнати, продираат длабоко на север. Високите котлини на западна и источна Македонија се под влијание на планинската клима. Основните одлики на медитеранската и континенталната клима — топли и сушни лета — доаѓаат до полн израз во Македонија, така што во екот на вегетацијата има многу топлота а малку влага. Со тоа во поглед на климата, Македокија се појавува како преодно подрачје меѓу медитеранската и континенталната клима, а во тој однос се издвојува со својата индивидуалноот од своите соседи.

 

Македонија е подрачје со сосем малку врнежи. Во западните предели годишно паѓаат околу 700 мм врнежи, во источните преку 500 мм, на морското крајбрежје околу 500 мм, а по текот на среден Вардар, во Тиквеш, само 450 мм. При тоа и распоредот на врнежите во текот на годината е мошне непогоден. Скоро е редовна појавата во екот на вегетацијата да нема достатно влага. Во вегетациониот период сушите продолжуваат и преку 100 дена (Овче Поле и др.), па затоа на земјоделските култури им е потребно вештачко наводнување, за што Македонија располага со достатни количества вода.

 

Континенталните и медитеранските влијанија овозможуваат на територијата на Македонија да се одгледуваат оние земјоделски култури што се нарактеристични за посеверните, континентални нодрачја (пченица, пченка, компир, средноевропско овошје и др.), а исто така и оние што се карактеристични за медитеранските, суптропски подрачја (памук, афион и др.). Но токму поради судирот и проникнувањето на овие два главни климатски типа многу од тие култури немаат оптимални услови за својот развој.

 

Морфологијата на релјефот, геолошката градба, климата и др. се основните педогенетски фактори под чие влијание се образувале почвите во Македонија.

 

За рамните дна на котлините се карактеристични смолниците. Ги има скоро во сите котлини на Македонија и се одликуваат со потенцијална плодност. Во влажни години даваат добри приноси на пченица, пченка, некои индустриски култури (памук, сончоглед), а во суви приносите сосема потфрлуваат заради нивните лоши физички својства.

 

По текот на реките, со таложењето на финиот речен материјал се развиле алувијалните почви. Тоа се главно најплодни земјишта, па со оглед на тоа што се покрај реките

 

12

 

 

и што можат да се наводнуваат со нивните води, на нив е концентрирана продукцијата на ориз (Кочанска котлина, Струмичка и др.) и на градинарски култури. Индустриските и крмните растенија даваат исто така мошне добри резултати.

 

По рабовите на котлините и најниските падини од планините во вид на наносни конуси и низни плавини се делувијалните земјишта. Тие се со лесен механички состав и страдаат од суша. Погодни се за одгледување тутун и винова лоза, а таму каде што се наводнуваат се погодни и за одделни видови овошје.

 

Во котлините на приморска Македонија, врз делувијалните наслаги, се формирала хумусно-варовничка почва добро снабдена со калиеви соли соодветна на риндзините. Таа е со првкава структура, добро се проветрува и со тие свои особини е мошне погодна за одгледување на тутуновата култура (Драмска котлина и др.).

 

Одделните делови на Солунската низина и делтата на р. Места, кои со натрупувањето на речни наноси се оттргнати од морето, се одликуваат со солени почви. Солените почви се присутни и на местата на одводнетото Пазарско Езеро, Аматовско и Тахино Езеро и др. Најпосле во условите на сува клима околу блатата на Скопската котлина и Овчеполието се образувале исто така солени почви. На нив се обично пасиштата а делумно елужат и за производство на крмни растенија.

 

Повисоките планински региони се одликуваат со кафеави, каменливи и плитки почви. Педогенетските фактори тука немале достатно време да ги преобразат во почви со пофина структура, но и како такви се ставаат под оние култури што не бараат посебен бонитет на почвата (’рж, јачмен, компир и др.).

 

Македонија претставува еден мозаик од почвени типови и поттипови, што било, заедно со климатските особености и причина за диференцирањето на земјоделската продукција помеѓу одделните котлини.

 

Под влијание на почвите, климата и другите елементи на географската средина се формирала растителната локривка во Македонија.

 

Во приморска Македонија е медитеранската вегетација претставена најмногу од грмушести растенија познати со името макии. Покрај Халкидичкиот Полуостров и Солунската низина тие се простираат уште во Драмската котлина и Серско, а по долината на Вардар и Струма продираат и подлабоко во копното. Инаку поради присуството на континенталните влијанија маслинката, како изразито медитеранска култура, е потисната далеку на југ држејќи се главно за тесниот крајбрежен појас.

 

Понасевер од медитеранската растителна област е областа на листопадните шумм. Тие се наредени по катови,

 

13

 

 

така што најниско се дабовите шуми. Се искачуваат до околу 900 м надморска височина и на одделни места се заменети со костенова шума. Таков е случајот со северните падини на Беласица, источните на Јабланица, југоисточните на Шар Планина. Над појасот на дабот се менуваат природните услови — опаѓаат температурите на воздухот а растат количествата врнежи. На тие услови се адаптирала буката. Таа се искачува од 1.200—1.600 м надморска височина, а некаде дури и над таа граница, од која понатаму започнуваат високопланинските пасишта. Дабовите и буковите шуми се многу проредени, на голем простор дури и сосема истребени заради проширување на обработливите површини односно површините под пасишта, како и заради добивање градежно и огревно дрво.

 

Релативно високите температури и малото количество врнежи го условиле скоро полното отсуство на иглолисни шуми. Тие делумно се задржале во високите предели на Родопите и Пелистер и сосем малку на некои други места обично на облините од глацијалниот релјеф.

 

Во низините се пасиштата, околу блатата блатна растителност, а долните текови на реките се карактеризираат со низинска вегетација.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]