Историја на македонскиот народ. I. Од предисториското време до крајот на XVIII век

Михаило Апостолски (гл. ред.)

 

ДЕЛ ПРВИ. МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА ПРВОБИТНОТО ОПШТЕСТВО И РОБОВЛАДЕТЕЛСКИОТ ПЕРИОД

 

Глава I. Првобитно општество (д-р Милутин Гарашанин)  17

    1. Неолит
    2. Бронзова епоха
    3. Железна епоха

 

Глава II. Создавање и развиток на древната македонска држава (Душица Петрушевска)  33

    1. Создавање на државата. Рана историја (VII—VI в. пред н. е.)
    2. Односите со Грција и Персија во V век
    3. Социјалнополитичките промени кон крајот на V век пред н. е.
    4. Династички борби во првата половина на IV в. пред н. е.
    5. Зацврстување и ширење на македонската држава. Филип II (359—336)
    6. Александар Македонски (336—323)
    7. Распагање на Александровата држава. Дијадосите и епигоните

 

Глава III. Македонија под римско владеење (Душица Петрушевска)  49

    1. Римски навлегувања на Балканот. Македонско-римските војни
    2. Воспоставување на римската власт
    3. Востанието на Андриск
    4. Положбата на Македонија под римска власт

 

 

ГЛАВА I. ПРВОБИТНО ОПШТЕСТВО

 

 

Благодарејќи на својата извонредно поволна геоморфолошка положба, Македонија уште во раните етапи на праисторијата имала посебно значајно место во културниот развој на стариот Балкан и во поврзувањето на двете големи културни сфери: егејско-анадолската, како жариште на најраните виши земјоделски култури, и внатрешноста на Балканот и Средна Европа, чие значење во подоцнежните етапи на развитокот, во текот на металната епоха станува се поголемо. При определувањето на карактеристиките на развитокот на праисториска Македонија се посебно значајни два момента: положбата врз значајните природни комуникации на стариот Балкан и, од друга страна, релативната изолираност на одделни подрачја, условена од самиот релјеф на теренот, што довела до извесни специфични форми во културниот развиток, иако тие во ооновата можат да се вклопат во пошироките комплекси и групи на праисториската култура на соседните подрачја.

 

Во врска со првиот момент треба пред се да се истакне значењето на вардарско-моравскиот пат, една од основните природни комуникации на стариот Балкан. Преку прешевската вододелница има можност за лесно поврзување на вардарската долина со горниот тек на Морава и со внатрешноста на Балканот и, понатаму, со Средна Европа. Сепак, на овој пат постојат и значителни природни пречки, особено кај Велес и Демир Капија. Освен тоа, се повеќе мора да се помислува и на важноста на уште една комуникација — патот по долината на Струма и Струмица. Од оваа последнава, преку долината на Лакавица и областа на Радовиш, лесен е пристапот кон долината на Брегалница и Овче Поле, од каде што, пак, нема големи природни пречки во правец на Куманово и Прешево, значи кон горниот тек на Морава. Карактерот на археолошкиот материјал, особено на неолитскиот, во источна Македонија, што пакажува тесна поврзаност со појавите во Тракија, посебно упатува на важноста на овој пат. Меѓутоа, како долината на Струма, така и долината на Струмица досега се сосем нецоволно испитани.

 

17

 

 

Извесен локален развој, условен од природната изолираност, се забележува првенствено во Пелагонија, која е одвоена од вардарската комуникација и, во основата, поблиску поврзана со Егејска Македонија — во правец на долината на Бистрица (Халијакмон). Тој се огледува во специфичните варијанти на културниот развиток во разните етапи на праисторијата, особено во неолитот и на преодот од бронзовата во железната епоха, кога покрај извесни нови културни манифестации врзани за претумбациите на тн. Голема егејска преселба, која оставила видна трага на Балканскиот Полуостров, на европскиот југоисток воопшто и на Блискиот Исток, се јавуваат и специфични форми на материјалната култура во оваа област. Помалку јасна е ситуацијата во областа на Охрид. Овде, секако, треба да се помислува и на поголеми влијанија од јадранското подрачје, што можеле да проникнуваат по долината на Дрим. Затоа сето тоа се повеќе укажува на значењето на балканските работилници за изработување на бронзени предмети во железната епоха во Пелагонија и Охридско. Со тоа важноста на римската Виа Егнатиа се проицира во многу подалечно минато. Врската на Пелагонија со Полог и оттаму со Косово и ибарската долина исто така во поново време се истакнува се повеќе. Посебна положба зазема, најпосле, северна Македонија, северно од Скопје кон Куманово и моравската долина, каде што, според уште малобројниот археолошки материјал, барем за извесни епохи, особено за неолитот, има да се смета со поголема мешавина на елементи на двете сродни културни сфери, со свои посебни развојни варијанти: македонската и косовско-јужноморавската.

 

 

1. Неолит

 

Најстарите траги од животот на луѓето во Македонија потекнуваат од периодот на постариот неолит, епохата на примитивно земјоделство со почетоци на сточарство, со постојано населување и развиток на домашната преработка, особено на грнчарството. Тоа е всушност период во кој првобитното општество минува од најраната фаза на својот развиток — дивјаштвото, во нова, поразвиена фаза — варварството. Засега во Југославија недостигаат наоди од постарата камена епоха — палеолитот, од средната — мезолитот, како и од почетната фаза на неолитот, кој се уште не ја познавал керамиката и чие постоење денеска е утврдено во Грција и на Блискиот Псток.

 

Постариот неолит на Македонија до окоро е врзуван за старчевската група (според главното наоѓалиште Старчево, кај Панчево), раширена главно во Србија и Војводина. Наодите од Вршник кај Таринци (Штип), меѓутоа, многу ја

 

18

 

 

наметнаа потребата од ревидирање на ова гледиште. Така денеока со сигурност можеме за источна Македонија и Повардарјето да зборуваме во врска со оваа епоха за посебна, вршничка група, која, како и старчевската, му припаѓа на еден поширок културен комплекс на неолитскиот период — источнобалжанскиот. Во самиот Вршник беше можно да се установат четири фази на неолитска еволуција, што укажува на долготрајна наоеленост. Основната економска гранка ја претставувало земјоделството, што е потврдено и со наодот на големо количество пченица. Како орудија се употребувани мазнети камени секири, повеќето со сплескан или трапезоиден облик, какви што се воопшто типични за југоистокот и со обликот остро се издвојуваат од т.н. калапести секири во Средна Европа. Еволуцијата на вршничката група во нејзините четири фази особено добро може да се следи на керамиката. Наспоредно со керамиката во сите фази познати се идоли, антропоморфни фигури. Од оружјето карактеристична била праќата (најдени се глинени, јајчести предмети што се исфрлаат од праќа).

 

Во поглед на историската интерпретација на вршничката група може пред се да се истакне нејзината тесна поврзаност со Тракија (Караново), како и со раните културни групи во Анадолија. Од Анадолија потекнуваат и видовите пченица што се откриени овде, а и праќата како оружје е типична за егејско-предноазиската област. Посебно прашање претставува, меѓутоа, грубата керамика, типична за сите фази на Вршник. Засега уште не може да се тврди со сигурност каде настанала таа, но не би можела да се исклучи претпоставката за нејзиното потесно балканско потекло. Појавата на монохромните сиви садови на повеќе ногалки, во втората и третата фаза на вршничката група, е многу значајна. Целиот процес на овој развој најпрвин би можел да се објасни со преминот на повисок културноекономски степен со ширењето на земјоделството и другите придружни придобивки на материјалната култура од анадолско-тракиската област. Ова ширење можело да се врши со миграција на населението во потрага по нова обработлива земја или пак така што домашното население од поранешниот период, чија култура во Македонија засега ни е непозната а кое се наоѓало на понизок степен на економиката, ловечко-собирачкиот, во контакт со првите примитивни земјоделци го презело од нив земјоделството и другите придобивки на материјалната култура и понатаму им ги пренесувало на другите соседни племиња. Со тоа може да се разбере и појавата на големите културни комплекси во рамките на кои постојат регионални културни групи, во основата многу сродни, но во деталите сепак различни меѓу себе. Втор бран на ширење на примитивното земјоделство од исток претставува почетокот на помладиот неолит. Доаѓајќи од југоисток, овие нови елементи најпрвин проникнале

 

19

 

 

во Тракија, каде што ја потискувале културата на постариот неолит. Напротив, понатаму кон запад, во источна Македонија културата на постариот неолит и понатаму живеела, делумно паралелно со помладата, примајќи од неа само одделни елементи. Дури во текот на натамошната еволуција елементите на помладиот неолит станувале се попретежни, што се гледа и во последната фаза на вршничката еволуција.

 

Вршник е, засега, несомнено најстаро познато неолитско наоѓалиште во Македонија. Извесни индиции во материјалот од наоѓалиштето во Амзибегово (кај Штип) упатуваат, меѓутоа, на тоа дека во ова наоѓалиште можат да се следат уште и поранешните етапи на вршничката еволуција.

 

За постариот неолит во другите подрачја на Македонија е засега тешко да се зборува. Несомнено е дека постојат наоди на примитивна керамика во Пелагонија, па и во областа на Охрид, на пример во селото Враништа, но без поголеми ископувања не може за нив да се донесе определен суд. Извесни наоди од северна Македонија, на пример во Маџари, укажуваат на постоењето на култура од постариот неолит, која, меѓутоа, во карактерот на својата керамика е поблиска до старчевската група на Србија.

 

Нејасен е, исто така, преминот од постариот кон помладиот неолит, како и карактерот на помладата неолитска култура во поголем дел на Македонија, донекаде со исклучок на Пелагонија. Веќе е кажано дека елементи на балканско-анадолскиот комплекс од помладиот неолит, доаѓајќи од исток, рано проникнале во источна Македонија и постепено го потискале постариот неолит, што веројатно стои во врска и со новиот постепен прилив на неолитско население. Но помладиот неолит во својата полна форма е засега неиспитаи. Материјал се уште има премалку за да може за него да се создаде поопределен суд. Во поголемиот дел на Македонија може да се очекува постоење на варијанта на балканско-анадолскиот комплекс што е позната од Егејска Македонија и исто така се одликува со темна монохромна керамика со најтипичната форма на биконична чинија, но не познава низа други елементи карактеристични за винчанската група. И во тоа подрачје сигурно постојат неколку фази на помладиот неолит, кои, меѓутоа, засега со ископувањата не се доволно испитани. Во северниот дел на Македонија, пак, веќе сигурно е зафатена винчанската група со својата помлада винчанско-плочничка фаза и варијанта типична за јужноморавската и косовската област. На ова укажуваат наодите откриени во Табановце, на локалитетот Натпадина.

 

20

 

 

Посебно место во неолитскиот развиток зазема т. н. породинска група на Пелагонија. Населбите на оваа група се разликуваат од типот на оние во другите делови на Македонија, бидејќи имаат облик на т.н. телови („тумби“), настанати со натрупување на слоеви на населби на едно место, така што со тоа се создавале вештачни височинки. И овде се работи за постојана земјоделска населба. Населението живеело во куќи со четвртест облик со печни, како што тоа особено добро го покажуваат моделите на куќите најдени во Породин.

 

Прашањето за потеклото и генезата на породинската група причинува прилични тешкотии. Изгледа сигурно дека овде на една база, врзана уште за постариот неолит и окарактеризирана со груба керамика, се надоврзуваат нови помлади елементи. Најблиски аналогии за ова наоѓаме особено во сликаната керамика, како и во појавите на скалести мотиви во т. н. Димини-група на Тесалија, и тоа во една од нејзините поранешни фази (Арапи). Оваа група веројатно се развила со локална еволуција, на југ на Балканот. Појавата на нејзините влијанија во Пелагонија најпрвин може да се доведе во врска со контактите со населението јужно од оваа област, веројатно по долината на Бистрица.

 

Сликата што ја добивме, опоред тоа, за помладиот неолит на Македонија, е засега доста нејасна. Сепак изгледа несомнено дена културата на постариот неолит ја заменува во најголем дел на Македонија културата на балканско-анадолскиот комплекс на помладиот неолит и тоа во разни варијанти и групи (винчанската на север, а помладиот неолит на Македонија на југ). Нејзината појава веројатно се врзува за бавните емиграции на примитивните земјоделци во потрага по обработлива земја. Посебен, изолиран случај претставува породинската група, во областа на Пелагонија, во која се забележуваат влијанија од другите подрачја. Таа, меѓутоа, не го опфаќа веројатно целиот помлад неолит и според своите карактеристики и тесалиски аналогии најпрвин може да му се припише, всушност, на периодот на преодот од постариот во помладиот неолит.

 

 

2. Бронзова епоха

 

Богатата неолитска еволуција на Македонија е прекината во последните векови на третиот милениум пред н. е. и непосредно околу почетокот на вториот милениум, со појавата на новите елементи шго го обележуваат преминот од неолитот во металната епоха или дури и првата етапа на металната — бронзовата — епоха во потесна смисла. И во овој период е можно да се разликуваат неколку регионално издвоени групи и, секако, неколку етапи. Многу

 

21

 

 

интересна е појавата на меѓу себе мноту сродни нови елементи, што се засега фиксирани на прилично пространа територија и тоа на Скопско Кале, во Црнобуки, Шуплевац и на Бакарно Гумно.

 

Една од карактеристиките на овие населби претставува нинната положба што е особено типична (на пример, во случајот со Скопско Кале и Шуплевац). Локалитетите се наоѓаат на високи, тешко достапни и доминантни ридови, што е, секако, во прв ред последица на понемирните времиња и поголемата несигурност, настанати со губешето на економската рамнотежа помеѓу разните племиња во врска со откривањето и се поголемата употреба на металот. За облиците на становите малку е познато. На наоѓалиштето Шуплевац постоеле куќи од камен поставени меѓу природни карпи. Основна карактеристика претставува керамиката претежно со сива или мрка боја, со грижливо измазнета облога. Покрај канелурите, типични се и сликаните орнаменти изведени делумно со графит. Пластиката, исто така, е застапена особено во Црнобуки. Постојат грубо стилизирани седнати фигури, од кои некои имаат надолу свиткани раце, и фигури грубо моделирани со отвор на горниот дел, во кој е утврдена посебно моделирана глава.

 

Сиве овие наоди можат тесно да се поврзат за големиот комплекс со сликаната — графитна керамика на источниот Балкан и во Долно Подунавје, каде што исто така можат да се разликуваат неколку културни групи. Прашањето за настанувањето на овој комплекс не е наполно решено, но сигурно е дека тој настанал или во Долно Подунавје или во Тракија и дека опоред тоа во Поморавјето и во Македонија стасал подоцна. На тоа, впрочем, укажува и постоењето на извесни локални отстапувања, како во однос на потесното подрачје на споменатиот комплекс, така и во меѓусебниот однос на наодите од одделни локалитети.

 

Останува отворен проблемот за причините за ваквото поместување на носителите на оваа култура од исток кон запад и југозапад. Одговорот на ова прашање може да се насети. Во времето на појавата на овие нови елементи во Македонија, непосредно околу двеилјадитата година пред н. е., доаѓа до големи миграциони движења, кои во неколку бранови тргнале од Исток од понтските степи во правец на Долно Подунавје, Балканот и кон внатрешноста на европскиот континент. Овие бранови на миграции донесуваат со себе и низа нови појави во материјалната култура, од кои треба да се спомене специфичниот начин на закопување во гробови со окер, семејните гробови под могили (тумбички), каде што начинот на закопот јасно укажува на развивањето на патријархатот, интензивниот развој на сточарството, што се манифестира во зголемувањето на бројот на животинските коски на наоѓалиштата врзани за овие миграции, познавањето на крњите како домашни животни, постоењето

 

22

 

 

на една примитивна, погруба керамика, украсувана, по правило, со отпечаток на врвца (Schnurkeramik), или со пластично налепени ребра со отпечатоци на прсти, што можат да бидат различно комбинираии. Уште една типична појава претставуваат стилизираните животински фигури од камен, што се протолкувани како скиптри, а можат да се проследуваат од Кавказ до Тракија и Македонија. Носителите на овие номадски движења биле динамични и лесно подвижни сточари кои со сигурност можат да се врзат за првите Индоевропејци што од степите проникнувале кон запад. Нивните продори, секако, предизвикале големи пертурбации. Сигурно е дека еден дел од нив се мешале со староседелското население, асимилирајќи го јазично, а примајќи и голем број одлики на неговата култура. Со тоа и била создадена основа за натамошниот развиток на разни индоевропски јазици и групи. Но исто така тој прв допир можел да биде и непријателски и да предизвика натамошни поместувања, барем на еден дел од населението. Со ова може да се протолкува и ширењето, во тоа време, на елементите на материјалната култура на Тракија и Долно Подунавје преку Нишава или Тимок, најпрвин во Поморавјето а потоа далеку на југ до Пелагонија.

 

Во прилог на ваквото толкување зборува и фактот дека токму на наоѓалиштата на Македонија за кои станува збор се наоѓаат извесни елементи што упатуваат на овие степски дошлаци, кои веројатно продреле ваму малку подоцна, одејќи по чекорите на староседелците што бегале. Така меѓу материјалот од Скопско Кале има и фрагменти на груба керамика со пластични орнаменти, типични за овој период, додека на Шуплевац е најден еден камен скиптар чија културна и етничка припадност е несомнена.

 

Со овој момент, со преминот во металната впоха, доаѓаме и до моментот на првите индоевропски продирања и првите почетоци на индоевропеизацијата на домородното население од поранешните епохи чија јазична припадност не ни е позната.

 

За бронзовата епоха на Македонија и нејзиниот подоцнежен развој слабо сме информирани. Сигурно е дека културниот развиток овде течел прилично поинаку отколку во внатрешноста на Европа и дека покажува значително поголема сродност и афинитет со развојот во егејското и анадолското подрачје. На тоа укажува и подобриот, макар што исто така недоволно познат материјал од Егејска Македонија. Оттука и целата бронзова епоха на Македонија ја делиме, според системот по кој го има разработено егејското подрачје W. A. Henrtley, на рана (до 1900 г. пред н. е.), средна (1900—1500) и доцна бронзова епоха (1500—1200). Притоа, раната бронзова епоха, барем во деловите на Егејска

 

23

 

 

Македонија поблиски до центрите на еладската и анадолската култура, започнала нешто порано и течела делумно паралелно со појавите на преминот од неолитот во металната епоха, што се веќе опишани.

 

Најјасна слика за културата на раната бронзова епоха имаме во Пелагонија, каде што на тој период му прилаѓаат некои помлади наоди од Црнобуки, потоа наоди од тумбите во Барешани и Кравари. Тие и припаѓаат на една сразмерно доцна група на раната бронзова епоха, раширена и во северозападниот дел на Егејска Македонија и позната под името Арменохори-група (според главното наоѓалиште Арменохори, во Егејска Македонија). Оваа група, всушност, претставува стабилизација во тие краишта на условите настанати со проникнувањето и сега веќе крајното населување на индоевропските групи и со нивната симбиоза со домородното население. За оваа група се врзуваат, изгледа, и наодите на раната бронзова епоха од Демир Капија. Но овој материјал е недоволен за создавање посигурен суд за карактерот на бронзовата епоха во таа област.

 

Во доцната бронзова епоха може да се смета со една локална еволуција која е недоволно позната, како и со засилувањето на трговските врски со југ, со микенскиот свет, што го карактеризира овој период на поширокото подрачје на Балканот. За локалната еволуција зборува фактот дека во Егејска Македонија во тоа време се наоѓаат извесни типични форми на керамика и орнаменти, кои понатаму во Вардарска Македонија можат да се проследуваат неколку векови подоцна, во железната епоха. Со уште сразмерно ретките слични појави на бронзовата епоха во Србија, како и со исто така ретките наади на доцната бронзова епоха во Тракија, сево ова претставува еден поголем културен комплекс. Тоа, секако, упатува на пошироко културно единство во рамките на натамошната еволуција на индоевропеизираното население, отколку во периодот во кој културното единство на централен и источен Балкан се уште било силно, та веројатно може да се говори за етнички уште недоволно издиференцирани групи од кои подоцна се формирале првенствено Илирите и Траките. Врската со микенскиот свет е потврдена со наодот на оригиналниот микенски меч откриен наводно во околината на Тетово. Секако појавата на овој меч не може да се смета осамена, со оглед на интензивните врски на микенската култура со внатрешноста на Балканот во тоа време. Патиштата, пак, на ширењето на микенските влијанија можеле да бидат различни. Наодот на еден микенски меч во Гревена, во долината на Бистрица (Халијакмон), упатува на правецот од каде што, барем делумно, овие влијанија проникнувале во Македонија. Ова би одело во прилог на претпоставката за значењето на природниот пат преку Пелагонија кон Полог и ибарската долина.

 

24

 

 

 

3. Железна епоха

 

Околу 1300—1200 година пред н. е. Македонија, како и целиот Балкански Полуостров, ја опфатил нов бран на немири, поместувања на племињата и рушења, историски процес што траел неколку векови. Тоа е епоха на уништувањето на старата микенска култура во Грција, на паѓањето на Троја, пропаста на Хетитската држава во Мала Азија, појавата на Филистинците во Палестина, и варварските напади во Египет. Археолошки, таа појава се манифестира со уривање на поранешните населби кои, на пример во Егејска Македонија, страдале во големи пожари, очигледно во врска со непријателските напади, како и со појавата на нови, во Егеј и на Блискиот Исток туѓи културни елементи. Историјата има забележано некои скудни податоци за овие настани. Така, за време на владата на фараонот Менерптах во Египет, кон крајот на XIII век пред н. е., се споменуваат првите вакви напади, за кои нешто подоцна подетално зборува натписот на третиот пилон од храмот на Рамзес III во Мединет Хабу (1195/1 год. пред н. е.). Овде се зборува за поморски народи што доаѓаат како ограбувачи и што ги победил фараонот. Меѓу нив покрај другите се споменуваат и Пуласатите, секако Пеластите — име со кое е обележано прагрчкото население во Егеј. Во античката литература овие настани имаат најдено свој одраз во хомеровите епови.

 

Ова големо егејоко преселување претставува еден дел од широкиот и компликуван процес на поместување на племињата што само делумно можеме да го следиме, но кој се манифестира и во Ердел и во Долно Подунавје, како и во Панонија. Поместувањата понатаму кон север секако влијаеле и за движењата на племињата од внатрешноста на Балканот, кои, под притисокот отстрана, продирале кон југ.

 

Во културно-историски поглед овој период претставува премин кон железната епоха и можеме да го сметаме за прва фаза на оваа епоха на Балканот. Во рамките на процесот на Егејската преселба секако дошло до запознавање и понатаму до ширење на железото во овие краишта кои порано не го познавале, но при продорот во Мала Азија морале да го преземат првенствено од Хетитите. Во железната епоха на Македонија можат да се разликуваат неколку фази. Овде не е можно да се примени системот на поделба на железната епоха во Средна Европа, со разликувањето на халштатска — постара и латенска — помлада железна епоха и со нивната поделба во по неколку фази. Ова затоа што во својот културен и историски развиток Македонија во тоа време многу потесно била врзана за егејскиот свет и Грција, така што веќе сразмерно многу рано го доживеала овојот протоисториски период, додека во времето на Латените — периодот на македонската држава — речиси наполно влегува во историјата. Сепак, специфичностите на развитокот условен од геоморфолошкиот карактер на теренот, како и од нееднаквиот развиток на разни племиња на македонската

 

25

 

 

територија, не допуштаат ни шематско пренесување на вообичаената поделба на грчката археологија. Затоа, во железната епоха на Македонија издвојуваме четири основни фази.

 

Железната епоха I, од околу 1300—1200 год. пред н. е., историски му одговара на големото егејско преселување, на крајот на микенскиот и на непосредно следните периоди од развитокот во Грција.

 

Постојат неколку значајни наоди што можат да се врзат за овој период и претставуваат неколку етапи од развитокот. Тоа се гробните наоди од Прилеп и Демир Капија, извесни наоди од Сарај Брод кај Битола, исто така, гробни, а можеби и централниот гроб од Висо кај Битола. Посебно внимание заслужуваат и некои специфично локални појави во керамика, сликана македонска керамика чија хронолошка положба засега не е доволно јасна. Гробовите за кои станува збор имаат форма на ковчег од камен, а во нив е, по правило, вршено скелетно погребување. Наодите од повеќето споменати гробови претставуваат во Македонија нови, туѓи појави, чие потекло најпрвин можеме да го бараме во западните делови на Балканот, во областите што подоцна со сигурност можат да се врзат за Илирите. Ова потврдува дека, секако, еден дел од племињата што учествувале во Егејската преселба проникнале во Македонија, во овој случај, според денеска собраните наоди, во западна Македонија, а од овие краишта, најверојатно, накај Косово и Метохија.

 

Покрај овие елементи секако натаму се задржало и старото автохтоно население. Во оваа смисла особено во западна Македонија, во Пелагонија и околу Охрид, се укажува на постоењето на еден специјален вид локална сликана керамика позната под името Бубушти-керамика, која овде се одржала барем до времето околу седумстотини години пред н. е.

 

Историски, керамиката Бубушти можеби укажува на одржувањето на старите традиции и во периодот кога сигурно имало и прилив на ново население од внатрешноста на Балканот. Можно е да се допушти дека треба со еден таков прилив да се смета и во појавата на керамиката од крајот на бронзовата епоха, која примарно веројатно му одговара на времето на уште неиздиференцираните Илири и Траки на Балканот. Исто така не е без интерес и сличноста на оваа керамика со т. н. фригиска керамика во Мала Азија, особено кога историските извори ни покажуваат дека Фригијците во Мала Азија се доселиле од Балканот, од Македонија.

 

Железната епоха II, период на стабилизација на културата и на етничките групи по големата егејска преселба, во времето околу и непосредно по 700 год. пред н. е.

 

26

 

 

е далеку подобро испитана, така што постои можност и за поцелосна културно-историска интерпретација. Главни наоѓалишта претставуваат некрополите истражувани во источна Македонија: Радање, Орлови Чуки и веројатно, делумно, Горно Поле во Караорман, како и делумно наодите од гробовите под могили во Оризари кај Кочани, во Пелагонија и во околината на Скопје — Вучидол. Значајно е и депото од Бразда кај Скопје, додека најцелосен метален инвентар на оваа епоха дава денеска изгубениот кумановски наод.

 

За начинот на живеење на оваа епоха немаме многу податоци, но постојат сигурни индиции за подигање на утврдени населби, по правило, со ѕид граден без малтер (“сувоѕид“), каков што е случајот на еден доминантен врв во непосредната близина на некрополата Горно Поле во Караорман. Sпоред фрагментите на керамиката, на овој период би му припаѓала и тврдината на стрмниот, тешко достапен рид на Ковачилница кај Берово, со мали димензии, но со јасни контури на приближно елипсест облик, а веројатно и наоѓалиштето на локалитетот Стари Манастир, во селото Дамњан.

 

Многу добро сме информирани за начинот на погребувањето во оваа епоха. Притоа е интересно, дека во тој поглед не постои целосна унифицираност, дури ни на потесно локално ограничените подрачја, што веројатно и укажува на регионалните и пофини хронолошки разлики. Една од основните форми на погребување претставуваат гробовите под могили, меѓу кои можеме да разликуваме два основни типа. Првиот тип се мали могили од нафрлени камења, со незначителна височина, во кои скелетните гробови се покриени и неправилно оградени со необработен камен, при што во една могила може да се наоѓаат и по неколку гроба. Типичен пример од овој вид претставуваат могилите на некрополата во Радање. Друг тил тумули се оние со родовски погребувања, тоест во кои околу централниот гроб, понекогаш само околу централниот празен простор, повеќе или помалку правилно радијално се распоредени ѕидани гробови, исто така скелетни. Таков е случајот со могилите на Орлови Чуки во Караорман, како и во Висо, каде што, меѓутоа, останува отворено прашањето за хронолошкиот однос на централниот и другите гробови. Понатаму кон југ, слична е појавата на тумулите во Вергина кај Верија.

 

Меѓу подвижниот археолошки материјал основна карактеристика претставува керамиката и металните наоди, особено накитот. Керамиката е повеќето од прилично лоша изработка, од земја мешана со зрнца песок, но површината на садовите е мазна.

 

Претежен вид орнаменти претставуваат издолжените, врежани шрафирани триаголници, како и низите паралелни линии и убоди. Керамиката од овој вид е особено добро

 

27

 

 

позната од источна Македонија (Радање), од новите наоди од Оризари кај Кочани, и од Горно Поле во Караорман. Идентична керамика се појавува и во Вучидол кај Скопје.

 

Металните наоди се особено богати и карактеристични. Тие се особено добро застапени во источна Македонија, во некрополата во Радање и Гевгелија, потоа од кумановскиот наод, Вучидол кај Скопје, околината на Велес, а делумно и од Пелагонија. Како типични форми се јавуваат, пред се, обетки со различни облици, потоа гривни со вкрстени краишта, работени од бронзена жица или лим, копчиња со тркалезен облик и фибули во вид на очила. Меѓу железните предмети се појавуваат копја и ножеви, по правило, лачно свиени, што претставува типична илирска форма.

 

Сиве овие видови предмети, до колку со сигурност можат да се датираат и не претставуваат, како железните копја и ножевите, облици што биле во употреба во подолг временски распон, се врзуваат за веќе развиената фаза на железната епоха.

 

Во поглед на етничката припадност на овој материјал не постојат големи сомневања. Керамиката претставува продолжување и натамошен развој на формите од крајот на бронзовата епоха. Тоа укажува на подолг континуитет, веројатно со известен прилив на нови елементи од внатрешноста на Балканот во периодот на големата егејска преселба, првенствено од подрачјето на Поморавјето. Што се однесува пак до металните објекти и накити, сите тие претставуваат наполно типични форми на илирската култура. Се разбира дека овде постојат и извесни разлики во варијантите на одделни форми. Оттука, веројатно, се поставува прашањето за разни работилници во кои овие видови предмети, инаку сакани кај Илирите, воопшто биле изработувани. Во овој поглед извесни индиции и наоди можеби упатуваат првенствено на работилниците од Халкидик. Но, од друга страна, вакви предмети не биле во употреба во Грција. Може би уште позначаен момент за утврдување на етничката припадност претставува начинот на погребувањето: ако подвижните предмети на материјалната култура и можат со трговија да се пренесуваат во туѓи подрачја, култот спрема мртвите е посебно конзервативен и ги чува старите традиции врзани за определени етнички елементи. Но токму во тој поглед погребите под тумулите овде се многу карактеристични. Што се однесува до тумулите од типот на оние од Радање — тие, по обликот и димензиите, се идентични со помалите тумули на Гласинац во Босна, едно од најтипичните наоѓалишта на илирската култура. Оттука илирската припадност овде не може да се доведе во сомневање.

 

Потешко е да се зборува за поврзувањето со определени илирски племиња, особено поради тоа што и покрај извесните локални разлики што денеска уште не можеме да ги согледаме во целост, културата на овој период, во

 

28

 

 

својата основа останува единствена, а се шири на подрачјето на Пелагонија и на Дарданците во северна Македонија, на Пајонците на среден Вардар и во долината на Брегалница, на античкиот град Астибос. Несомнено е дека во овој период на стабилизација, по големите поместувања и повторното мешање на населението, дошло до формирање на нови племиња во овој крај. Исто така, може да се смета за факт дека населението на Македонија во ова време, во основата мора да се поврзе со Илирите, иако е несамнено дека источно од Вардар треба да се смета со многу еластична граница спрема соседните и сродни Траки.

 

Донекаде специфична положба во овие рамки зазема оставата од Бразда кај Скопје. Во неа, помеѓу другите, во основата за овој период типични објекти, се наоѓаат извесни предмети како крстесто пробивана апликација, крстест дел на коњска опрема, ажурирана бронзена вожница за меч, форми типични за т. н. трачко-кимерската група на панонско-подунавската област, која може главно да се врзе за проникнувањето на извесни коњанички племиња во овие краишта од исток (околу 700 год. пред н. е.). Овие наоди, според тоа би укажувале на спорадични проникнувања од ваков вид и натаму кон југ, секако, по долината на Морава. Со тоа, меѓутоа, суштествено не се менува етничката и културната слика на железната епоха на Македонија.

 

Железната епоха III е перипд на засилување на племенската аристократија, манифестирано во луксузниот импорт, во засилените трговски врски со Грција и во богатите гробни наоди. Овој период го опфаќа времето од VI до IV век пред н. е. Тоа е, несомнено, време во кое во развојот на материјалната култура настанувале значителни измени, условени од засилувањето на племенските организации, како и од се поголемото грчко влијание што особено се манифестира во богатиот увоз на луксузни предмети и керамика. Овој период најдобро ни е познат од некрополата во Пелагонија и во областа на Охрид (особено Требеништа). Во Демир Капија, покрај силниот грчки импорт, постојат и извесни елементи на локалната култура од тоа време. Во источна Македонија посебно значење имаат наодите на Горно Поле кај Караорман.

 

За населбите од овој период не сме особено информирани. Се споменуваат, но не се поблиску обработени, низа тврдини во Пелагонија. Што се однесува, пак до тврдината Свети Еразмо кај Охрид, во чија конструкција се забележува грчко влијание, нејзиното временско определување не е сосем сигурно.

 

Во начинот на погребувањето настанувале суштествени промени. И понатаму постои гробот во вид на циста, но особено типични се гробовите со камени конструкции и со камења нафрлени преку гробовите. Во гробовите од овој

 

29

 

 

тип изгорувањето на заменило скелетниот начин на погребување. Така се јавуваат нов вид гробови, со кои само делумно одат наспоредно постарите форми.

 

Во инвентарот на гробоовите многу карактеристична појава претставува богатиот грчки импорт. Покрај автентичните грчки предмети, како што се бронзените кратери од Требеништа, грчката импортирана керамика, типичните игли со хоризонтална и сплескана кружна глава овде се наоѓаат и предмети од локалното производство со силно грчко влијание, на пример, златни маски, како и такви работени во грчки работилници, но специјално за потребите на варварското население од вонгрчките подрачја. Такви се, во прв ред, т. н. грчко-илирски шлемови, распространети и во поширокото подрачје на западен Балкан, но добро познати и од другите наоѓалишта во Македонија, потоа, веројатно, фибулите во основата од малоазиско потекло, кои во разни варијанти се појавуваат на низа локалитети, најпосле и извесни типови гривни со завршоци во вид на змиска глава, од кои едната варијанта е специјално типична за Македонија, како и, веројатно, типичните облици на двојните игли. Типични се и ѓерданите од стакло и килибар, додека меѓу железното оружје и понатаму се јавуваат порано споменатите облици на копја и ножеви.

 

Отворено прашање се уште се работилниците во кои се изработувани сите овие предмети. Додека порано најмногу се укажуваше на значењето на Коринт, како на центар на тореутиката и на златарството, денеска со право се подвлекува важноста на севернобалканските работилници. Со тоа може да се објаони и појавата на јонски елементи во керамиката и тореутиката, чие потекло, во крајна линија, е врзано за малоазиските грчки колонии, како и појавата на извесни други видови објекти, особено на споменатите специфични гривни со змиски глави. Од времето на Персиските војни, во V век пред н. е., се повеќе се засилува античкото влијание. Не може да се негира ни пелопонеското потекло на извесни видови предмети, како што се веќе опоменатите игли со хоризонтална и оплескана кружна глава, и грчко-илирските шлемови, што претставуваат само една варијанта на типичните коринтски шлемови. Сиве овие елементи, меѓутоа, укажуваат на големите врски на илирските племиња во Македонија со разните подрачја на грчкиот свет.

 

Во оваа како и во следната фаза на железната епоха е типичен и еден посебен вид керамика, сива, поретко црвена, работена на грнчарско тркало, а која ги имитира грчките форми. Оваа керамика се јавува, иако ретко, уште во претходната фаза на железната епоха. Сево ова упатува на тоа дека се работи за производи настанати под грчко влијание што биле широко распространети меѓу домородното

 

30

 

 

население на Македонија. Меѓутоа, керамиката од тој вид во исто време е добро позната и од Тракија, Долно Подунавје, подрачјето на дакиско-гетските племиња во денешна Романија, а исто така од Јадранското Приморје и од Црна Гора, т. е. од чисто илирските краишта. Затоа, таа не може да се врзе за еден определен етнички елемент, туку претставува само работа на некои работилници, домашни или странски, за потребите на населението надвор од Грција и Егеј, што се наоѓале под силно грчко влијание.

 

Земена во целост, оваа епоха го покажува како засилувањето на домашните племиња и нивниот водечки слој во предвечерјето на историскиот период, во потесна смисла, така и се пошироката унификација на материјалната култура, со големиот бран на ширење на влијанието од грчко-егејскиот и, по посреден пат, од грчко-малоазискиот свет.

 

Железната епоха IV е период на големи елинистички влијанија, во текот на кој настанува и преминот на најголем дел од македонската територија во полниот историски период. Оваа епоха се уште е сразмерно малку испитана, особено недоволно е познавањето на разни подрачја на Македонија. Во обредите на погребувањето, покрај изгорувањето, многу се чести и скелетните гробови, особено во областа на Охрид. Гробовите исклепани во карпа, особено во Пелагонија, на пример, во Суводол кај Битола и Варош кај Прилеп, претставуваат веќе типична форма на т. н. македонски гробници од елинистичкиот период. На овој период можеби треба да му се припише и денеска наполно уништената гробница помеѓу Бонче и Подмол во Пелагонија, која претставува тип на гробница со дромос, какви што, по микенскиот период, се типични и во Тракија и во областите на црноморските грчки колонии. Во источна Македонија на овој период му припаѓаат големите, кнежевски, тумули, како што покажува тумулот ископан во Таринци кај Штага, што и припаѓа на завршната фаза од овој период. Меѓутоа, не може сосем да се исклучи можшоста за подигање и, секако, за натамошно користење на вакви тумули во подоцнежно време, во римската царска епоха, како што тоа го индицираат, на пример, наодите на тумулите во Радање („Беш Тепе“), како и констатациите направени во Дамњан кај Радовиш. Карактеристично е дека како во Таринци, така и во Оризари, тумулите дополнително се насипани преку постарите тумули од железната епоха II, што го индицира континуитетот на населението во оваа област.

 

Инвентарот на гробовите од овој период е претежно елинистички, што се манифестира, како во керамиката, така и во типичните форми на накитите, металните садови и другите метални предмети. И понатаму се одржува употребата на сивата, поретко црвената, на вител работена керамика

 

31

 

 

што ги имитира грчките форми. Ретки се формите што можат да се врзат за старата, локалната, автохтона традиција, особено урните и фибулите од Требенишкото Кале.

 

Елементи на келтеката култура речиси се непознати во Македонија, иако е несомнено дека келтскиот продор кон Делфи, 280—279 г. пред н. е., морал да минува низ овие краишта. Од наодите врзани за келтската култура можно е да се споменат само неколку фибули од келтски тип што наводно потекнуваат од околината на Скопје, како и еден келтски нож најден во Владимирово, кај Берово. Во Смојмирово, исто така, кај Берово, на местото на еден позначителен, веројатно, римски локалитет се откриени и доста фрагменти на сива латенска керамика кои по својот карактер се врзуваат за типичната дакиско-гетска керамика од подоцнежната железна епоха на Романија. Веројатно, овде се работи за една поширока културна унификација на Балканот, надвор од потесниот елинистички авет, а под влијание на вишата дакиска култура, развиена речиси до формирањето на вистинската држава.

 

Врз основа на денешното знаење за праисторијата на Македонија можеме да ја создадеме следнава основна слика.

 

По неолитскиот период, настанат со ширењето на примитивното земјоделство од анадолското подрачје кон Балканот, кон крајот на III милениум пред н. е., доаѓа до големи пертурбации условени од ширењето на сточарските групи, секако, индоевропски, од подрачјето на руските степи. Стопувањето на овие групи со домородното население во рамките на компликуваните и долготрајни процеси, што не можеме денеска уште да ги согледаме во целост, довело до индоевропеизацијата на Македонија. Во тој процес се создале и основите на подоцнежниот развиток на Илирите и на исток — на Траките. Вториот голем миграционен бран, Егејската преселба, го обележува преминот во железната епоха. По нејзиното завршување доаѓа до стабилизација на населението, во рамките на која илирскиот етнички елемент, барем делумно, добива водечка улога. Во ваква состојба, при еволуција и засилување на племенските организации, Македонија влегува во историскиот период, во кој, барем во почетокот, се уште се задржуваат голем број елементи на старата автохтона култура, што го наоѓаат својот одраз во археолошкиот материјал. Еволуцијата не била секаде рамномерна и еднаква во сите детали, што е условено од специфичниот развој на одделни потесни подрачја. Извесни појави, како проникнувањето на Трако-Кимерците, Келтите или Дакијците, се главно преодни, ефемерни и немаат посуштествено значење.

 

32

 

 

Неолитска антропоморфна ваза од Вршник кај с. Таринци (Штипско)

 

Сад на четири ногалки од Вршник кај с. Таринци (Штипско)

 

Модел на неолитска куќа од Породин (Битолско)

 


 

 

ГЛАВА II. СОЗДАВАЊЕ И РАЗВИТОК НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

 

 

1. Создавање на државата. Рана историја (VII—VI в. пред н. е.)

 

На територијата на Македонија во текот на столетијата се населувале различни племиња, се мешале, се крстосувале, се асимилирале, додека не влегле во составот на македонската народност. Најстарото население веројатно било сродно со предгрчкото — населено во Егеја. По него се населиле Траки и Илири, во текот на вториот милениум пред н. е. Меѓу најстарите племиња биле Бригите (Фриги, Фригијци), па племињата на Едонците (Мигдонците, Бисалтите, Ситонците). Стари племиња биле и Пајонците и Пелагонците, чијашто етничка припадност не е утврдена. Според тоа, повеќе елементи одиграле улога во формирањето на јазикот и народноста на старите Македонци.

 

Раната историја на Македонија е слабо позната. Пишаните извори даваат многу скудни податоци за најраниот период на македонското минато.

 

Основањето на првата држава на територијата на Македонија античката традиција му го припишува на кралот Пердика. Бидејќи предците на кралот Пердика биле од Арг, и неговата династија е наречена Аргеади. По кралот Пердика традицијата знае имиња на уште петмина владетели до крајот на VI век. Тие се: Аргеј, Филип, Аероп, Алкета и Аминта. Точната хронологија на нивното владеење не е позната: таа се определува приближно со тоа што владеењето на Пердика, се става во првата половина на VII век пред н. е. (околу 707—645). Меѓутоа, формирањето на македонската држава бил долготраен процес. Тој почнал во VII в. со слегувањето на македонските племиња од северозападните и западните планински краишта (Горна Македонија) во централниот дел на рамнината на Долна Македонија. Тој процес продолжил со нивното продирање во околните области, а завршил некаде кон крајот на VI односно кон почетокот на V в. пред н. е. Дотогаш оние области биле населени со споменатите трачки и други племиња. Ова старо население делум се иселило, делум загинало или се стопило со завојувачите, се претопило во Македонци.

 

33

 

 

За јадро на старата македонска држава се смета областа помеѓу реките Лудија и Аксиј (Могленица и Вардар). Тука биле и македонските престолнини Ајга, Едеса (денешниот Воден) и Пела. Оттука државата се ширела во сите правци, а најголемо пространство достигнала во времето на Филип II.

 

Уште античките автори ги разликувале, според конфигурацијата на теренот, Горна и Долна Македонија. Во Горна Македонија ги вбројувале следните области: Орестида, која го опфаќала горниот тек на реката Халијакмон (Бистрица) и басенот на езерото Келетрон (Костур); северно од неа била Линкеетида, што се протегала по средниот тек на реката Еригон (Црна); североисточно од неа Пелагонија, а јужно Елимеја, по средниот тек на реката Халијакмон; кон Епир се наоѓале Тимфаја и Параваја. Во Долна Македонија влегувале: Пиерија, тесен крајбрежен појас долж Термајскиот Залив од утоката на Пенеј до утоката на Халијакмон; Ботиаја, централен дел помеѓу Лудија и Аксиј; дел од Пајонија, околу средниот тек на Аксиј; Еордаја, планинска област во внатрешниот дел на Македонија, околу Островското Езеро; Алмопија, мала плодна област по горниот тек на Лудија; источно од Аксиј до реката Стримон (Струма) над Халкидик се простирале областите Мигдонија, Крестонија и Бисалтија.

 

Класното општество и државата порано се појавиле во Долна Македонија. Имено, горномакедонските племиња од своето населување помеѓу остатоците од туѓи племиња дошле во допир со населението што под влијание на Грците се наоѓало на повисок степен на развиток. Тоа довело кај нив до побрзо раслојување, до јакнење на аристократијата и до распаѓање на нивните племенски врски. Во Горна Македонија подолго се одржало племенското устројство и овие племиња им давале отпор на владетелите од Долна Македонија се додека Филип II не ги приклучил кон својата држава.

 

И покрај тоа што податоците поврзани со имињата на првите македонски владетели се повеќе легендарни, тие укажуваат на една постојана борба меѓу Македонците и околните племиња во процесот на формирањето на државата. Илирите се јавуваат како непријатели на Македонија во овој ран период, а тоа ќе остане така речиси во текот на целата нејзина историја. Како борец против Илирите се споменува Аргај (приближно 659—645) и Филип I (644—640), за кого традицијата вели дека и загинал во борба со нив. За другите владетели на оваа династија до крајот на VI век пред н. е. податоците се мошне скудни.

 

34

 

 

2. Односите со Грција и Персија во V век

 

По походот на Дареј во Скитија, Македонија потпаднала под власта на Персија. Шестиот владетел од династијата на Аргеадите Аминта I (541—498) останал персиски вазал до крајот на својот живот.

 

Од почетокот на V век, во времето на владеењето на Александар I „Филелен“ (498—454), синот на Аминта, Македонија веќе активно учествувала во политичкиот живот на Грција. Тоа е време на Ксерксовиот поход, и Херодот на неколку места во својата историја споменува дека Александар, иако вазал на Персија, одржувал тајни врски со Атина и ја известувал за движењето на персиската војока. Самиот негов прекар „Филелен", укажува на тоа дека тој водел проелинска, но едновремено вешта политика. Во времето на походот него го испратиле Персијците да посредува кај Грците. Додека Атина и Персија биле заангажирани во војни, Александар ја искористил таа ситуација за заземање нови области. Во тоа време биле покорени областите Крестонија и Бисалтија, по долниот тек на реката Стримон (денешна Струма), а горномакедонските племиња ја признале неговата врховна власт. Освојувањето на трачките области му овозможило на Александар да ја започне експлоатацијата на рудните богатства што се наоѓале таму. Тогаш престанале да излегуваат монети со имиња на трачките племиња, а започнале да се појавуваат голем број емисии на пари со името на Александар, што сведочи за тоа дека стоковно -паричните односи на тогашна Македонија значително се развиле.

 

По битката кај Платаја (479 год. пред н. е.) Македонија се ослободила од персискиот јарем. Врз натамошниот развиток на Македонија и врз односите со Грција влијаела општата меѓународна ситуација. Тоа е време кога Атина ја зголемувала својата моќ наоѓајќи се на чело на атинскиот сојуз. Нејзиниот стремеж да загосподари со тракиското крајбрежје се судрил со интересите на Македонија, која, од своја страна, барала излез на море. Тоа е исто така време кога се создало моќното кралство на Одрисите, кое го доживеало својот расцут под Ситалк. Сево ова ја загрозувало Македонија, нејзиниот стопански и политички развиток. Најпосле, втората половина на V век пред н. е. е време на меѓусебни борби на грчките полиси за хегемонија, кои ги засегнувале и интересите на Македонија. Во услови на ваква меѓународна ситуација течело владеењето на Пердика II (454—413), синот и наследникот на Александар I.

 

Политиката што ја спроведувал Пердика II била извонредно променлива. Тој склучувал и раскинувал јавни и тајни сојузи и договори, ги газел и пак ги обновувал. Час се доближувал кон Атина, час кон Спарта, два непријателски и истовремено највидни грчки полиси, зависно од настанатата ситуација. Така, по основањето на атинската колонија Амфипол (437—435) кај утоката на реката

 

35

 

 

Стримон, Пердика дејствувал и агитирал против Атина меѓу старите трачки и грчки градови што се почувствувале загрозени поради конкуренцијата од овој нов град. Антиатинското движење особено се почувствувало во градовите на Халкидик, па меѓу Ботиајците и Едонците.

 

Во времето на засилувањето на Атина, Пердика и́ пречел нејзе и со тоа што им ја оневозможувал трговијата и минувањето низ неговата земја на некои од учесниците на Атинскиот поморски сојуз, како што било на пр. со градот Метона (во Термајскиот Залив). Потоа, ја подбуцнувал Потидаја да излезе од Атинскиот сојуз и стапил во врска со Коринт, иако јавно бил во сојуз со Атина.

 

На барање и по молба на Атина, Ситалк презел грандиозен поход на Македонија (во 429 година пред н. е.). Пердика успеал да го придобие Ситалковиот наследник Севт давајќи му ја овојата сестра за жена. Овој го наговорил Ситалка, по триесетдневно пустошење, да ја напушти Македонија. Така се спасил Пердика од овој опасен непријател.

 

Во 424 година Пердика бил во сојуз со прочуениот спартански војсководител Брасида: му помагал во заземањето на тракиските и халкидиските градови (што порано ги подбуцнувал против Атина), а потоа го исползувал во походот против Линкестите, што планирал да ги вклучи во составот на својата држава. При крајот на Архидамовата војна, тој е пак во сојуз со Атина. Очигледно е дека Пердика умеел да ги исползува противречностите помеѓу своите соседи така што до колку грчките државички повеќе ги трошеле своите сили во меѓусебни борби, Македонија станувала посилна и се ослободувала од економскиот притисок на Атина.

 

 

3. Социјалнополитичките промени кон крајот на V век пред н. е.

 

Пелопонеската војна помеѓу Атина и Спарта во својата втора етапа помалку ги засегнувала интересите на Македонија. Поразот на Атина во Сицилиската експедиција и постепеното распаѓање на Првиот атински поморски сојуз придонеле за засилувањето на Македонија. Таа сега почнала поактивно да учествува во надворешната политика, се забрзал нејзиниот внатрешен социјално-економски развиток. Големи заслуги за тоа му се припишуваат на кралот Архелај I (418—399). Заради зајакнување на централната власт и консолидација на целата земја, тој спровел низа реформи. Тукидид вели дека „овој изгради крепости што ги има и сега во земјата; просече прави патишта, ја уреди војската, ја подобри коњицата, оружјето и другите потребни работи и самиот направи повеќе отколку сите осум кралеви пред него“.

 

36

 

 

Архелај ја пренесол престолнината од планинскиот град Аига во Пела, која била поблиску до морето и имала поголеми перспективи за економски развиток. Во раскошниот дворец, што го изградиле грчки архитекти, Архелај привлекол познати културни дејци, писатели и уметници од Грција, како што биле Еврипид и Зевксис. Оттогаш се засилило грчкото културно влијание, кое ги опфатило првин „високите" кругови на Македонија.

 

Архелај воопшто одгледувал добрососедски односи со Атина, која, ослабена од сицилиската катастрофа, не претставувала веќе онаква сила и опасност каква што била во средината на V век. Сето ова било полезно за обете страни. На пример, кога во 410 година, по еден бунт, Архелај ја опседнал Пидна, нему му помогнала атинската морнарица под командата на Терамен. Македонија, од своја страна, и́ испорачувала на Атина материјал за градење кораби и весла, а, освен тоа, таа ја снабдувала со храна морнарицата на Трасибул (при крајот на Пелопонеската војна). Во времето на Архелај Македонија го зацврстила и своето влијание во Тесалија. Оваа отсекогаш била привлечна за Македонија не само поради плодноста на земјата, ами и како важна стратегиска и политичка платформа на елинскиот свет. Класните противречности овде биле веќе доста нараснати и се воделе постојано борби. Архелај ги исползувал овие неслоги и ја зазел Лариса. Како и неговите претходници и Архелај водел борби со Линкестите.

 

Архелај бил крупна фигура во овој ран период на македонската историја. Неговотц владеење престанало во 399 година пред ц. е., кога загинал на лов, најверојатно како жртва на заговор од страна на аристократијата, во кој зеле учество и Тесалците.

 

 

4. Династички борби во првата половина на IV в. пред н. е.

 

Целата прва половина на IV век пред н. е. претставува бурно време за Македонија, исполнето со внатрешни безредија, кои биле придружувани со напади однадвор. Брзото сменување на кралевите покажува колку силно ослабнала кралската власт. Само во првата деценија се смениле три крала, а до доаѓањето на Филип II се смениле вкупно 9 владетели. Аминта III успеал да се одржи околу две децении на власт (околу 390—370) и да ги совлада внатрешните нереди. Во ова време Македонија и однадвор ја загрозувале: Илирите од запад, Халкидскиот сојуз на чело со градот Олинт од исток. Аминта првин склучил сојуз со Олинт, но бидејќи Халкидјаните се покажале како лоши сојузници и не ги исетолнувале своите задолженија според договорот, тој барал сојузник во тогаш најсилниот грчки полис Спарта.

 

37

 

 

Со помошта на Спарта бил уништен Халкидскиот сојуз, така што Македонија се ослободила барем од едниот непријател.

 

За време на наследниците на Аминта III, Александар II и Птолемеј, Македонија се обидувала да ја протегне својата власт и над Тесалија. Тогаш за прв пат дошла во контакт а веднаш потоа и до судир со Теба, најсилниот полис во Бојотскиот сојуз, од која Тесалија побарала помош. Тебанската војска под водството на Пелопида ги избркала Македонците од Тесалија и овие морале да дадат заложници, меѓу кои се наоѓал и најмладиот син на Аминта III, Филип, идниот владетел на Македонија.

 

 

5. Зацврстување и ширење на македонската држава. Филип II (359—336)

 

Од средината на IV век пред н.е. започнува брзото издигање на Македонија и во текот на неколку децении таа станува главна сила на Балканот, а потоа и „господарка на светот“, како што ја наречуваат античките автори. Од мала и непозната земја на овчари и земјоделци таа се претворила во огромна светска држава.

 

Издигнувањето на Македонија се базирало како врз нејзиниот натамошен социјално-економски развиток, така и врз благопријатната надворешна политичка ситуација — кризата на грчките полиси. Во тоа значајна била и појавата на Филип II.

 

Кога Филип II, според древниот македонски обичај, бил прогласен од војската за цар и ја зел власта во своите раце, соседна Грција се наоѓала во крајно тешка социјална, економска и политичка криза. Кризата на грчките полиси во IV век пред н. е. дошла како последица на брзиот развиток на овој специјален вид робовладетелски градови — држави. Грција тогаш била разединета од борбите меѓу полисите за хегемонија, исцрпена од Пелопонеската војна и разјадувана од класните противречности внатре во полисите. Таа го беше достигнала својот полн расцут во V век пред н.е. и сега започнала да опаѓа. Понатамошен економски развиток во рамките на полисот бил невозможеч. Во тоа време македонската држава претставувала послабо развиена форма на робовладетелска држава отколку грчките полиси, една монолитна монархија суштествено различна по своето политичко и општествено устројотво. Војните што македонските цареви ги воделе во текот на V и IV век пред н.е. не ја разединувале и исцрпувале Македонија, како што тоа било случај со Грција, туку придонесувале за нејзината конеолидација и зајакнување.

 

По половина век внатрешни немири и династички борби, пред Филипа се поставила задача поцврсто да ја

 

38

 

 

обедини Македонија и да ја прошири нејзината територија. Тој тоа и го остварил, и во времето на неговото владеење Македонија станала мошне централизирана монархија.

 

На полето на внатрешната политика особено се значајни две реформи што ги спровел Филип: едната воена, а другата финансиска. Со воената реформа била спроведена реорганизација на војската, така што главната ударна сила и главното место во неа го добил одредот на тешко вооружената пешадија — македонската фаланга. Војската била постојана и минувала низ сериозна обука. Биле воведени нови видови оружје, нови опсадни справи. Но воената реформа, освен воено, имала и големо социјално-политичко значење: давајќи и́ главна улога на тешката пешадија („пеѕетајри"), која се формирала од слободни земјоделци — селани, Филип ја намалил улогата на македонската аристократија, која служела во коњицата („хетајри“ — „придружници“ на царот), а која порано била јадро на македонската армија. Воената реформа се однесувала и на подобрувањето на воената гактика. Новината била во комбинираното и заедничко дејствување на различни родови, на пешадијата и кошицата.

 

Финансиската реформа се состоела во воведувањето златна македонска монета („статер"), што била пуштена во големи количества ц ги поткопувала економските позиции на Персија. Имено, во источниот дел на Медитеранот претежно циркулирала персиската златна монета (“дарејк“). Но голем дел од персиското злато лежел во сокровиштата на персиските цареви, така што целокупното количество на овие монети не било доволно да ги задоволи потребите на прометот. Затоа финансиската реформа имала големо значење за развивањето на трговијата, а преку неа и за закрепувањето на економското и политичкото влијание на Македонија и надвор од нејзините граници.

 

Филип спроведувал и други мерки во внатрешната политика, со кои се стремел да ги спречи сепаратистичките тенденции на одделни претставници на старите аристократски родови. Тој им доверил ним разни граѓански и воени должности, ги одделил од нивните земјишни поседи и создал од нив дворска аристократија. Тие оттогаш постојано живееле во Филиповиот дворец, а децата на овие аристократи образувале „царска свита“ (или „пажеви").

 

Надворешната политика Филип ја водел во согласност со положбата на македонската држава во тогашната меѓународна ситуација. Македонската држава немала излез на море, а била опкружена со низа непријателски и борбени племиња од суво и со Вториот атински сојуз од море. Амфипол и Олинт (на тракиско-халкидичкиот брег), како и старите колонии Пидна и Метона (во Термајскиот Залив) и́ пречеле на Македонија во нејзиниот економски развиток. Од север и северозапад Пајонците и Илирите постојано ја

 

39

 

 

обеспокојувале Македонија и ги поддржувале Линкестите и другите горномакедонски племиња во нивната борба за независност.

 

Со многубројните непријатели Филип излегувал на крај на тој начин што со едните склучувал договори, другите ги наговарал на мир со поткупување, а најслабите ги напаѓал. Веќе во првите години од своето владеење Филип успешно војувал со Пајонците и Илирите. Како резултат на овие борби, Филип ја проширил македонската држава на северозапад до Лихнидското (денешно Охридско) Езеро. Филиповите освојувања на градовите на македонско-тракиското крајбрежје — Амфипол (357 г.), Пидна, Потидаја и Кренида (356 г.), биле прв знак за тревога во Грција, односно Атина, чии интереси биле засегнати од оваа експанзија. Но, бидејќи во тоа време Атина била зафатена со „сојузничката војна“ (357—355), таа не можела да му се опротивстави на Филипа. За него, пак, освојувањето на Амфипол и Кренида (која тој ја унапредил, ја колонизирал и и́ го дал своето име) имало огромно значење. Тие два града станале центри за екоплоатација на златните рудници во пангајската област, од каде што Филип црпел средства за своите понатамошни воени и дипломатски потфати.

 

Утврдувањето на Филипа во северното крајбрежје на Егејското Море претставувало опасност и за тракискиот крал Кетрипор. Тој склучува сојуз со илирскиот крал Граб, со пајонскиот Ликпеј и со Атина — против Филипа. Но со своите брзи и енергични акции, што е карактеристично за начинот на војувањето на Филип, овој успеал да ја разбие коалицијата пред оваа да почне да дејствува.

 

И покрај големата ангажираност на повеќе страни, вниманието на Филипа во сево ова време било свртено кон Грција. Самите Грци му дале можност директно да се вмеша во нивните меѓусебни односи, во текот на таканаречените „свети војни“ (првата од 356—346 и втората од 340—338 г. пред н.е.). Овие војни и немале религиозен карактер, а се воделе поради економски и политички интереси на одделни полиси во средна Грција. Целата Грција се поделила на два табора. Војната продолжила, ги сосипала Грците и подготвила терен за Филипа. Во текот на таа војна Тесалците го викнале Филип да интервенира. Таа интервенција завршила со утврдувањето на Филип во Тесалија.

 

Ползувајќи ја околноста што вниманието на грчките полиси било свртено кон „Светата војна“, Филип пак го нападнал северното крајбрежје на Егејското Море. Овој пат тој удрил на Халкидик и го урнал моќниот сојуз на грчките градови на чело со Олинт. Спрема овој убав и богат град, кој бил крупен трговски центар, Филип постапил многу сурово: го урнал до темели (348 г.), населението делум го истребил, делум го продал како робје, а остатокот се иселил и се растурил на разни страни.

 

40

 

 

Филип знаел да ја искористи внатрешната криза на грчките полиси, како и нивните меѓусебни несогласувања и борби. По пат на поткупување тој успеал да привлече множество приврзаници во Грција, кои почнале да го бараат неговото присуство во неа. Во тој однос влијаела и „панелинистичката“ идеја на прочуениот ретор Исократ, кој за разединетата Грција гледал единствен спас во нејзиното обединување под хегемонијата на Филип или, поточно, во воспоставувањето на воено-политичка власт на Филипа во Грција.

 

Овие „промакедонски" ориентирани групи луѓе биле претставници на богатите робовладетели и на аристократијата. Но големото мнозинство на демосот во Атина, па и во другите грчки полиси, истапувало како непомирлив непријател на Филипа, ги поддржувало своите демократски водачи, кои пропагирале непоштедна борба против Филип и една програма за политичко обединување на Грција околу Атина врз основа на демократијата. Така се формирале две партии, условно наречени „македонска" и „антимакедонска", кои повеле жестока политичка борба. Најистакнатите претставници на македонската партија биле, покрај Исократа, говорникот и адвокат Ајсхин, финансиерот Евбул, и стратегот Фокион. Водач на антимакедонската партија бил Демостен, а нејзини истакнати лидери-адвокатот Хиперид и финансиерот Ликург. Помеѓу двете партии особено се засилила борбата во времето на „Светата војна“. Меѓутоа, во еден момент тие биле принудени да дејствуваат заеднички и да преземат обид да преговараат со Филип. Тоа и́ било потребно и на Атина, исцрпена од војувањето на разни страни, и на Филип, кој сакал правно да ги санкционира своите завојувања.

 

Така дошло до склучување на Филократовиот мир во 346 г. (наречен по името на водачот на атинската делегација), според кој биле признати сите територијални промени направени во текот на „Светата војна“. Овој мир за Филипа значел и добивање на време, во кое тој сакал да се приготви за конечното пресметување со Атина и Грција. Во меѓувреме, тој војувал во Тракија и преземал безуспешни походи на Пропонтида (на Бизант и Перинт). Наскоро потоа помеѓу двете партии во Атина пламнала борба со нова жестокост. Тие почнале заемно да се обвинуваат за предавничка дејност, едните поткупени од Филипа, другите од Персијците, кои сакале да ја исползуваат антимакедонската партија за борба против Филипа.

 

Втората „Света војна“ уште еднаш му дала можност на Филип да војува во средна Грција. Сега Демостен извонредно силно ја развил својата антимакедонска дејност. Во своите говори тој укажувал на опасноста од Филиповото присуство во средна Грција, ги повикувал грчките полиси да се обединат во борба против „македонскиот варварин". Во последниот час била организирана силна коалиција помеѓу

 

41

 

 

Атина, Теба и некои други полиси против Филипа. По неколку судрувања на разни места во 338 г. дошло до решителна битка кај Хајронеја (град во Бојотија) во која елинската војска била наполно поразена. Таа победа, а потоа и свиканиот општогрчки конгрес во Коринт, ги поставиле основите на македонската хегемонија во Грција. На конгресот бил прокламиран општ мир и формиран сојуз. Македонскиот цар имал да раководи со целокупната надворешна политика на сојузот. Била прогласена неприкосновеност на приватната сопственост и се забранувала повторна распределба на земјата, како и ослободување на робови. Сето тоа било направено во интерес на онаа класа и слоеви, коишто го поддржувале Филипа. Истовремено и́ била објавена војна на Персија.

 

Победата на Филип и поразот на грчката коалиција биле резултат како на воено-техничката и финансиската надмоќност на Македонија, така и на застареноста на програмата на Демостеновата партија. Затоа е голем придонесот на Филип II, кој освен што бил надарен со сите својства потребни за еден владетел (одличен и храбар војсководител, способен државник и вешт дипломат), исто така знаел да ја усогласи својата дејност со интересите на водечките сили во Македонија и да оди во чекор со целокупниот развиток на македонската држава.

 

Наскоро потоа, во 336 година Филип бил убиен. Постојат неколку различни верзии за неговото убиство. Според една, тоа било дело на неговата љубоморна жена Олимпијада, според друга тоа го направила линкестиската аристократија, а според трета убиството било подготвено од страна на персискиот цар.

 

Ненадејната смрт на Филип не му дозволила да ја заврши задачата што му ја поставил коринтскиот конгрес: поход на исток.

 

 

6. Александар Македонски (336—323)

 

Планираниот поход на исток, што поради смртта не можел да го изведе Филип, го остварил неговиот син Александар. Тој имал само 20 години кога се качил на македонскиот престол, но веќе располагал со извесна политичка и воена опитност: на седумнаесетгодишна возраст тој го заменувал Филипа при неговите отсуствувања, раководел со експедицијата против Траките, командувал со еден одред коњица во битката кај Хајронеја и патувал во Атина како претставник на македонскиот цар. Интерес и култ кон грчката култура кај него разбудил Аристотел, кој му бил воспитувач и учител во периодот од 343—340 година.

 

Неговите квалитети на војсководител излегле на видело уште во првите воени операции, што ги презел во

 

42

 

 

335 г., за да ги задуши востанијата што се кренале по веста за смртта на Филип.

 

Брзо и блескаво војувал Александар на исток, особено во првата етапа на својот поход што го започнал 334 г. Во таа етапа бил освоен западниот дел на пердаеката држава. Брзото напредување на Александар било условено од внатрешната положба на персиското царство, кое во тоа време опфаќало огромна територија на предна Азија заедно со Мала Азија и Египет, но веќе не претставувало онаква сила каква што било во V в. пред н.е. Значителен дел од окупираните поиздигнати народи (малоазиски Грци, Египтјани) секогаш се стремеле да се ослободат од власта на Персија и дигале востанија. Затоа, кога Александар влегувал во тие области, бил пречекуван како ослободител. Иако двапати помалобројна, војската на Александар била надмоќна со своето подобро и посовремено оружје, организација и војничка дисциплина. Персиската војска била огромна по број, но нехомогена, слабо вооружена, организирана на регионален систем, без општ план на дејствување и без цврста команда. Покрај тоа, била присутна и борбата на сатрапите за независност од централната власт, како и нивната меѓусебна борба.

 

Во почетокот, планот на Александар бил скромен, иако походот на Азија сам по себе претставувал сосем смел потфат. Во тој план влегувало освојувањето на Мала Азија и ослободувањето на грчките градови од персиска власт.

 

Само за една година, во две поголеми битки против Персијците (кај Граник 334 и кај Ис 333) била решена судбината на малоазиските грчки градови, а исто така и на феникиските, кои почнале без борба да му се предаваат на Александар. Персиската војска била разбиена, а царот натеран во бегство. Опколувањето на Тир го задржало Александар неколку месеци, но по уништувањето на овој град (332 г.) и по падот на Газа, на Александар му бил отворен патот за Египет. Уште тогаш војсководителот Парменион го советувал Александар да ја прекрати војната. Меѓутоа, Александар влегува во Египет. Таму бил пречекан како ослободител и свечено му била предадена касата и власта. Неговата посета на оазата Сива и на Амоновиот храм била политички акт. Прогласен за син на бог Амон, тој со помош на египетските свештеници ја закрепил својата власт и во Египет.

 

Крвавата битка во Вавилонија (кај Гавгамела во 331) ја решила судбината на персиската држава, како и на нејзиниот цар Дареј III. Персија ги загубила своите главни воени сили, царот повторно бил натеран во бегство. Овој трет голем пораз имал далекосежни политички последици. Слично на Египет, и Вавилонија го поздравила Александар, а нејзините жреци го прогласиле за цар на Вавилон. Александар, за возврат, наредил да се обнови храмот на бог Мардук, што

 

43

 

 

Персијците своевремено го урнале. По кусо задржување во Вавилон, Александар се нашол во Суса, кај што ги ограбил богатите сокровишта на персиските цареви. Наскоро паѓа и Персепол, ограбен и изгорен бил раскошниот дворец на Ксеркс. Во 330 година Александар го продолжува својот поход, со цел да го фати Дариј. Тој ја зазема и Егбатана, медиската престолнина. Прогонувањето продолжило понатаму на исток, се додека не му паднал в раце трупот на Дариј.

 

Понатамошното навлегување во Средна Азија покажува дека кај Александар се појавила идејата за „светска држава“. Големите и брзи успеси му ја потхранувале надежта дека тој лесно ќе го освои „целиот свет“, зашто, според разбирањето и географското познавање на старите учени, Индија се граничела со океанот, каде што бил и „крајот на светот“.

 

Меѓутоа, во оваа втора етапа, Александровиот завојувачки поход не се одвивал толку лесно. Тука, во внатрешноста на Азија, на Александар му давале сериозен отпор слободољубивите племиња, кои во него гледале само освојувач. Жителите на овие тешко достапни области воделе и партизански војни, такашто заземањето и закрепувањето на тие земји се претворило во тешка и долготрајна војна. Александар морал да ја пополнува војската со тамошно месно население.

 

Во 330 година во армијата бил откриен заговор против Александар, кој покажал дека се создало длабоко незадоволство против него. Па сепак Александар не се откажал од намерата да ја освои и Индија. Тој завојувал нови територии на исток, но притоа македонската војска трпела големи загуби. Истовремено, односите помеѓу Александар и македонската аристократија („хетајрите") постојано се заострувале. Како жртва паднале најблиски Александрови соработници што се осмелиле да му се спротивстават на царот (Филота и Парменион во 330 г., Клит во 328 г.). Иако опозицијата уште порано барала прекинување на војната, Александар не ја сфаќал длабочината на незадоволството и сериозноста на ситуацијата. Но откако навлегол во Индија, тој бил принуден да попушти и да отстапи (326 г.). Неславното враќање по битката со Пор и трагичната смрт на Александар (323 г.) претставуваа крај на триумфалниот поход.

 

Наскоро излегле на видело противречностите што походот и успесите на Александар ги криеле во себеси. Додека Александар војувал на исток антимакедонските елементи во Грција, Тракија и самата Македонија дигале востанија, саќајќи да го исползуваат отсуството на македонските воени сили. Од друга страна, колку Александар напредувал на исток, толку самата Македонија слабеела. Силните победи

 

44

 

 

и успеси на Александар не направиле ништо за зацврстувањето на внатрешните сили на Македонија. Систематски ја исцрпувале Македонија, а особено нејзината жива сила. Таа изгубила огромен број од своето население, во прв ред трудбеници — занаетчии и селани, кои или загинале во борбите и во тешките пробивања низ Азија или пак се населиле во новоосвоените земји. Тоа се одразило и врз целокупниот внатрешен живот на Македонија.

 

Обидот на Александар да создаде единствена светска држава бил залуден, зашто ги немало нужните економски и политички предуслови за тоа; премногу големи биле разликите меѓу земјите што требало да се обединат во една целост. Таа држава што се простирала од западното крајбрежје на Балканскиот Полуостров до Индија на исток, и од Дунав и Црно Море од север до Египет, Либија и Киренаика на југ, вклучила во себе големи територии, во кои наспоредно со високоразвиени робовладетелски земји влегувале и такви чие население уште го преживувало распаѓањето на првобитното општество. Економските и културните врски помеѓу одделни области биле неодржливи, и покрај сите мерки што Александар ги преземал за да ги обедини и слее во едно.

 

Извонредната личност на овој владетел, неговата бујна младост и високите дарби, неговите сјајни победи, како и легендарноста на неговите походи и трагичниот крај во цветната возраст направиле од него образец на херој и предмет на многу легенди и фантастични романи. Неговите походи го рашириле и закрепнале името на Македонија до такви размери, што тоа наполно му се наметнало на целото културно наследство.

 

 

7. Распагање на Александровата држава. Дијадосите и епигоните

 

Разединетоста и нестабилноста на Александровата држава излегле на видело веднаш по неговата смрт и се манифестирале во борбите што ги започнале најблиските соработници и војсководители на Александар — „дијадосите“ (т.е. „наследниците“ од 323—281 г.). Процесот на распаѓање на Александровата монархија завршил со создавањето на таканаречените „елинистички" држави. Тој подоцна продолжил и во времето на борбите на „епигоните“ („следбениците", 281—221 г.).

 

Во првите 20 години дијадосите, борејќи се меѓусебно сепак се труделе да го одржат единството на Александровата држава. Најзначајни личности меѓу нив биле Пердика, Евмен и Антигон „Едноокиот". Но мнозинството дијадоси не биле заинтересирани за одржување на единството на монархијата, туку само за власта и својот личен престиж.

 

45

 

 

Тие се спогодувале, создавале коалиции и се бореле едни против други поединечно, организирале убиства на своите ривали и приграбувале за себе одделни области.

 

По битката кај Ипс (301 г.) кога бил поразен тогашниот најсилен дијадох Антигон Едноокиот, неговите победници ја разделиле земјата, така што се формирале четири држави: 1. Египет, кралство на Птолемај, кое, освен африканската територија со Киренаика, ја опфаќало и Палестина и Јужна Сирија и некои острови во Егејско Море; 2. кралството на Селевк, кое ја опфаќало Азија до реката Инд, Палестина и дел од Сирија, како и источниот дел од Мала Азија; 3. Македонија, кралство што го, добил Касандар заедно со земјите на балканска Грција; 4. кралството на Лисимах, кое ја опфаќало Тракија и северниот дел од Мала Азија. Кралството на Лисимах било ликвидирано кога Селевк со малоазиските Грци и Варварите по битката кај Киропедион (281 г.) му ги одзел поседите на Лиоимах. Така останале три водечки држави на територијата на Александровата монархија, со кои управувале владетели од македонско потекло. Но покрај овие три големи држави,. на азиска територија се образувале и повеќе мали, особено во времето на „епигоните“.

 

Во сите овие држави се крстосувале и соединувале елементи и влијајнија на елинско со ориентално политичко и социјално-економско устројство.

 

Здобивајќи се со голем број робови Грци, примајќи во служба воени наемници од Грција и потчинувајќи на грчките полиси, Македонија се повеќе била изложувана на грчкото културно влијание. Особено се елинизирале повисоките слоеви на македонското општество.

 

Во епохата на дијадосите се закрепувала економската положба во Македонија, која силно се влошила во времето на Александровиот поход. Стопанството на Македонија се унапредило благодарејќи на трудот на големото количество робови што пристигале од Исток. Се засилил стоковнопаричниот промет и трговијата благодарејќи на ограбените каси на персиските цареви. Се изградиле многу нови градови, се создале други со обединување на повеќе мали градови или населби, каков што е случајот со Тесалоника (денешен Солун).

 

Овој подем бил прекратен во времето на првите епигони, кога Македонија доживеала тешко опустошување со наездата на Галите (280—279). Овие влегле во средна Грција, го ограбиле Делфи, а потоа, враќајќи се пак преку Македонија (276 г.) ја ограбиле неа, ги разурнале градовите, го одвеле населението во ропство, земјата речиси опустела. Антигон Гоната (277—239), ги победил и ги потиснал Галите и основал во Македонија династија Антигониди која останала на власт се до потпаѓањето на Македонија под римска власт.

 

46

 

 

И покрај тоа што владетелите на Македонија се труделе да ги привлечат на своја страна богатите грчки робовладетели, во Грција не престанувала борбата за независност. Тие „антимакедонски“ движења во Грција, што почнале уште по смртта на Александар и не престанувале ни во III век, носеле во себе елементи на класна борба. За прво такво движење може да се смета „Ламиската војна“ (323—322, наречена така по името на градот Ламија во северна Грција). Неа ја повела Атина, а била поддржувана речиси од сите грчки градови. Војната завршила со неуспех и уште повеќе ја влошила положбата на грчките градови.

 

Во „Хремонидовата војна“ (266—263, според името на атинскиот војсководител Хремонид) борбата против Македонија ја воделе Атина и Спарта, кон кои се приклучиле и други градови (полиси) од Пелопонез. Ним им помагал и Египет, кој имал свои интереси за ослабување на Македонија.

 

Борба против Македонија во текот на III век пред н.е. воделе и Ајтолскиот и Ахајскиот сојуз. Тоа биле федерации, организирани врз принципот на рамноправноста на полисите и општините што влегувале во нив. Тие во текот на III век, во услови на политичка борба, се оформиле во заостанатите области на Грција (Ајтолија и Ахаја), откако Атина ја изгубила својата самостојност (по Хремонидовата војна). Но различниот социјален состав на овие сојузи не довел до единствена и успешна борба.

 

Овие сојузи биле исползувани од другите елинистички земји (Египет и Сирија) за борба против Македонија, а нивното меѓусебно непријателство, како и целата ситуација во Македонија и Грција создале поволни услови за римското навлегување на Балканот.

 

47

 

 

Александар Македонски — мермерна глава од Пергамон (се чува во Цариград)

 

 


 

 

ГЛАВА III. МАКЕДОНИЈА ПОД РИМСКО ВЛАДЕЕЊЕ

 

 

1. Римски навлегувања на Балканот. Македонско-римските војни

 

Кон крајот на III век пред н.е. Македонија, и покрај сосипувачките војни со грчките федерации, на меѓународното поле претставувала крупна политичка сила и најјака држава на Балканот. За нејзиното закрепување и издигање најмногу придонесле спомнатиот Антигон Досон и Филип V (221—179). Тоа е она време кога во западниот дел на Медитеранот Картагина и Рим се бореле за превласт. Филип V ги следел настаните и се решил (по битката кај Кана) да склучи сојуз со Картагина (215 г.), по нејзино барање. Односите помеѓу Рим и Македонија веќе биле затегнати, поради тоа што Филип V почнал да се утврдува на епирското крајбрежје и што му дал прибежиште на римскиот намесник во Илирија, Деметриј Фарски (по Втората илирска војна, 219 г., што Римјаните ја воделе на Балканот). Порано или подоцна, судирот на интересите на Рим и Македонија морал да доведе до војна помеѓу нив. Разраснатата робовладетелска држава Рим барала нови територии надвор од Италија и, природно, поволната ситуација на Балканот ги управила нејзините стремежи таму, а оттаму и на целиот Исток.

 

Првата македонска војна (215—205) претставувала за Римјаните нешто како експеримент, што им овозможил подобро да ги согледаат работите во Македонија и Грција. Таа војна, всушност, ја водела антимакедонската коалиција на чело со Ајтолскиот сојуз, а во неа влегле Спарта, Месинија, Илирите со крал Плеврат и пергамското кралство на чело со Атал. Рим испратил само флота на епирското крајбрежје. Но оваа војна била многу важна за Рим, зашто ја заангажирала Македонија и ја опречила да му испрати помош на Ханибал. Мирот што бил склучен помеѓу Македонија и Ајтолскиот сојуз не донесол никакви посуштествени последици ни промени.

 

Втората македонска војна (200—193) претставувала почетокот на римската агресија на исток. За оваа војна Римјаните преземале широки дипломатски акции, преговори. Била образувана антимакедонска коалиција, во која позначајна улога одиграле малите елинистички држави Пергам и Род.

 

49

 

 

Филип V во тоа време војувал против Траките на егејските острови и во Мала Азија (територијата на Пергам). Тој склучил договор со сирискиот крал Антиох III за заедничка офанзива на вонегипетските поседи на Птолемеевците. Тоа послужило како повод за војна, бидејќи малечките источни држави побарале помош од Рим. Во оваа војна што се водела три години имало судири на територијата на Македонија со тешки последици за неа. Преку Илирија Римјаните навлегле во областа на Лихнидското (Охридско) Езеро, па до Линкестида (Битолско), Елимија, Орестида и преку областа јужно од Лихнидското Езеро се вратиле на Јадранскиот брег. Истовремено Дарданците, кои им биле сојузници на Римјаните, удриле на Пајонија. Нив ги одбил Филип кога римската војска се вратила на Јадран. Решителна битка се биела во Тесалија, кај Киноскефале (197 г.), кај што Филип V бил поразен. Покрај Илирите и Ајтолците, кои многу им помогнале на Римјаните, за нивната победа придонесле и Ахајците, кои преминале на страната на Римјаните. Според склучениот мир, Филип морал да се откаже од сите поседи надвор од Македонија, да плати висока отштета, да ја предаде флотата и да го намали бројот на војската. Но најтешко од сé за Македонија било тоа што тој морал да ја признае независноста на Грција. По оваа војна и Македонија и Грција биле толку ограбени, што консулот Фламинин три дена го славел триумфот.

 

Меѓутоа, по поразот кај Киноскефале, Македонија за релативно кусо време се повратила. Во запустените области на Македонија Филип V преселил жители од Тракија и приморските краишта. Иако според мировниот договор не смеел да држи повеќе од 5.000 војници, тој подготвил војска на тој начин што секоја година мобилизирал по 4.000 нови војници, а по завршената обука ги пуштал дома. Тој се подготвувал за војна, зашто било јасно дека не била завршена борбата со Рим.

 

Третата македонска војна (171—167) била судбоносна за Македонија. За неа се приготвил Филип V, но ја водел неговиот син Персеј, последниот македонски крал (179—163). Тој се здобил со многу сојузници и симпатизери за борба против Рим. Го придобил илирскиот крал Гентиј и одрискиот (од трачкото племе Одриси) Котис. Персеј се трудел да ги привлече и грчките градови и да ги обнови врските со Ахајскиот сојуз. Тој успеал да придобие симпатии и станал популарен меѓу демократските елементи во Грција, кои биле антиримски настроени. Имено, Грците бргу сфатиле дека со „независноста" што ја добиле по Втората македонска војна тие само го промениле својот господар. Меѓутоа, поголемиот дел од аристократските и богатите слоеви на населението, како во Грција, така и во самата Македонија, не биле за борба против Рим. Тоа било причината што Персеј ги повикал во Македонија за борба против Рим дури

 

50

 

 

и бегалците и протераните, што некогаш ја напуштиле татковината од различни причини (поради долгови или како осуденици).

 

Персеј, всушност бил првиот и наедно последниот македонски крал кој се потпирал врз демократијата и водел политика против интересите на аристократите. Токму на оваа политика, „противречна на суштината на македонската монархија", се должи неуспехот на Персеј. Поголем број од елинистичките држави минале на страната на Рим, плашејќи се од засилувањето на Македонија. Персеја го напуштиле дури и некои поранешни сојузници.

 

И покрај успесите што Персеј ги имал во почетокот на оваа војна, таа завршила со неговиот пораз. Самиот Персеј се држел нерешително во текот на војната: час се спогодувал, час се борел со Римјаните. Само во една единствено голема битка кај Пидна (168 г.) судбината на Македонија била запечатена.

 

Последиците од битката кај Пидна биле катастрофални за Македонија, а речиси исто толку тешки и за сојузниците, па и за приврзаниците на Персеј. Особено настрадале епирските градови, кои биле ограбени и уништени, а 150.000 жители биле продадени како робови. Три дена траел триумфот на кој се носел пленот што римскиот консул Павле Емилиј го ограбил во оваа војна. И самиот Персеј со своето семејство бил донесен во Рим за да го украси триумфот на победникот.

 

 

2. Воспоставување на римската власт

 

Во 167 година пред н.е. било свикано собрание во Амфипол, на кое биле повикани претставници на македонските градови, а од страна на Рим учествувал лично Павле Емилиј. Пред исплашениот народ тој, според зборовите на римскиот историчар Тит Ливиј, го соопштил решението на римскиот сенат: „Пред се Македонците ќе бидат слободни, ќе имаат исти градови и територии како и порано, ќе ги ползуваат своите закони и секоја година ќе ги избираат своите магистрати. Данокот што ќе го плаќаат за римскиот народ ќе изнесува половина од она што го плаќале на кралевите“. Но веднаш потоа тој соопштил дека Македонија ќе биде разделена на четири области. Во првата област влегувале териториите помеѓу Стримон (Струма) и Нест (Места), кон кои биле придодадени и некои области на исток, отаде Нест (што ги освоиле Персеј и Филип V) и на запад од Стримон (Бисалтија и Хераклеја Синтика). Главен град на првата област, во кој требало да се свикуваат собранија, бил Амфипол. Втората област ги опфаќала териториите меѓу Стримон и Аксиј и дел од Пајонија што лежел источно од Аксиј со

 

51

 

 

главен град Тесалоника. Третата област ја сочинувале земјите (меѓу Аксиј и Пенеј, кон кои бил приклучен дел од Пајонија, западно од Аксиј, со главен град Пела. Во четвртата област влегувале западните делови — Горна Македонија, во кои живееле Еордајците, Линкестите, Пелагонците, кон кои биле приклучени илирските области Атинтанија, Тимфаја, Паравеја, како и дел од Пајонија и од Девриоп. Главен град на четвртата македонска област била Пелагонија. Овие четири области („мериди") претставувале четири автономни и автархични републики кои немале никакви меѓусебни политички и економски врски. Основни административни единици биле градските општини (civitates), а на чело на секоја република се наоѓало собрание (synedrion), т. е. репрезентативно тело, составено од претставници на градовите односно општините. Била забранета трговијата помеѓу одделните области, експлоатацијата на златните и сребрените рудници, сечењето на дрвен материјал за кораби, како и склучувањето бракови надвор од територијата на која се живеело.

 

Римјаните свесно ја разделиле Македонија на четири области (истото го направиле и со Пајонија), за да го ослабнат и разбијат политичкото и економското единство на земјата. Со нерамномерното распределување и одделување на териториите особено биле погодени попасивните краишта, како што била четвртата мерида. Покрај тоа, секоја област ковела свои монети, што и́ нанесувало штета и на трговијата. „Слободата" што ја прокламирал Павле Емилиј за Македонците всушност се состоела, според римските и тогашните разбирања, во замената на монархијата со републиканска форма на управување и во самоуправата на градските општини.

 

 

3. Востанието на Андриск

 

Со разделувањето на Македонија Римјаните си создавале можност за полесно мешање во нејзините внатрешни работи и за предизвикување судири меѓу одделни области. Незадоволството на широките народни маси против сопствената олигархија, како и антиримското настроение го исползувал Андриск — лажниот Филип. Кога дошол во Македонија, овој човек од непознато потекло, можеби од Азија, се претставувал дека е Филип — син на Персеј (кој всушност умрел на 18-годишна возраст). Тој успеал да ги придобие бедните маси, да собере војска и да ја земе привремено власта во свои раце. Ова движење, кое обично се наречува Востание на Андриск (во 149 г.), однадвор го поддржувале Траките. Тоа зело доста широки размери и им задало доста маки на Римјаните. Па сепак римската

 

52

 

 

сила, со помошта на предавнички елементи (Андрисковиот заповедник на коњицата преминал на страната на Римјаните), го задушила ова движење. Последиците од овој пораз биле тешки за Македонија: таа во 148 г. пред н.е. била претворена во римска провинција и како таква таа ја загубила и онаа привидна самостојност. Како и со другите римски провинции, и со Македонија управувал римски намесник, чија власт не значела ништо друго освен злоупотреба и неограничена експлоатација на провинциското население. „Провинција Македонија" — тоа значело и постојана римска војска и една маса римски чиновници, трговци и лихвари. Оваа прва римска провинција на Балканот станала база за водење натамошни римски операции на овој полуостров и во предна Азија.

 

Во административен поглед била задржана поранешната поделба на мериди, но тие веќе немале никаква политичка функција.

 

 

4. Положбата на Македонија под римска власт

 

Со појавата на уште двајца самозванци — Александар, кој се претставувал за вториот син на Персеј, и лажниот Филип (во 142 г.) — се означени последните обиди да им се даде отпор на Римјаните. Потоа Македонија продолжува да живее како дел од римската држава до крајот на антиката.

 

Во тој долготраен период географско-етничкиот поим за Македонија често се менувал, бидејќи се менувале нејзините административни граници. Затоа Цицерон и рекол дека границите на Македонија се таму кај што е римското оружје. При образувањето на провинцијата Македонија, кон неа биле присоединети делови од Илирија и Тесалија, а во нејзиниот состав влегол и Епир. Најмногу се менувала северната граница, поради честите навлегувања на соседните варварски племиња (Дарданци, Скордисци, Меди и др.). Така, по походите што ги преземал Крас против тие племиња, северната граница на Македонија се проширила до Дунав.

 

Од 27 година пред н. е., кога Август ја извршил поделбата на провинциите на сенатски и царски, Македонија била прогласена за сенатска и истовремено од неа била одделена провинцијата Ахаја. На оваа и припаднале делови на Епир и Тесалија, со што значително била намалена територијата на провинцијата Македонија. Помеѓу 2 и 6 година од н.е. од Македонија била одделена Мезија (на север од Македонија) како посебна воена управа, а во 15 г. од н.е. (во времето на царот Тибериј) Македонија била обединета со Ахаја во една императорска провинција, под управата на

 

53

 

 

воениот заповедник на Мезија. Кога биле заземени нови територии покрај Дунав била одделена провинцијата Илирик, како императорска. Во 44 г. од н.е. била одделена и Тракија, а кон средината на IV век од н.е. Тесалија пак била приклучена кон Македонија.

 

По реформите на Диоклецијан, Македонија влегла во диецезата Мезија, а во времето на Константин во префектурата Илирик. При крајот на IV век не постоела единствена Македонија, туку таа била поделена на две провинции: покрај Македонија, во потесната омисла на зборот (Macedonia Prima), во документите од тоа време се споменува и Maceodnia Salitaris. Оваа поделба не останала долго време. Кон крајот на V век Македонија била уште еднаш разделена. Во V и VI век покрај Macedonia Prima, во која главен град и центар на провинцијата бил Тесалоника, се споменува и провинцијата Macedonia Secunda, која за главен град и центар на провинцијата го имала Стоби (кај ден. Градско).

 

Со постојано менување на границите и териториите се менувал и етничкиот состав на населението на Македонија. Тоа менување почнало уште по походот на Александар, кога бројот на македонското население многу се намалил. Во времето на политиката на миграција, што ја спроведувале Антигонидите, земјата силно се елинизирала а со потпаѓањето под римска власт во Македонија се наголемил бројот на италските доселеници (колонисти). Освен нив на територијата на Македонија живееле и Траките и Илири, а во периодот на доцната антика и едн& низа варварски племиња.

 

Како римска провинција Македонија била на повеќе начини експлоатирана. Пред сé, нејзините природни богатства, рудниците, преминале во рацете на римската управа уште по битката кај Пидна. Населението било ограбувано по пат на даноци, при што покрај редовните, како што биле данокот на земјата (tributum soli) и на глава (tributum capitis), за оние што немале земја, — биле определени и други видови задолженија и обврски (munera, vectigalia). Издршката на римската администрација, како и снабдувањето на римската војска исто така паѓале на грбот на населението. Освен тоа Македонија морала да дава и голем број војници за римските „помошни одреди“ (auxilia).

 

Во римско време Македонија имала развиен градски живот. Во времето на римското освојување бројот на македонските градови бил близу 90. Подоцна тој број се намалил. Некои од тие градови се одржале уште од раниот период на македонската историја (Ајга, Пела, Бероја), некои од времето на Филип и Антигонидите (Филипи, Хераклеја, Тесалоника). И во зафрлените краишта на горна Македонија имало градови што биле значајни културни центри, како на пример Стубера (кај ден. село Чепигово). Големи центри во римско време биле и Хераклеја Линкестиска (кај ден. Битола)

 

54

 

 

и Стоби (кај Градско), што се наоѓале на важни патишта. Стоби лежело на крстопатот на сообраќајната артерија Тесалоника — Наис (Ниш) — Сирмиум (Среаугска Митровица) и на патот што водел од Сердика (Софија) кон Хераклеја на Егнатискиот пат (Via Egantia). Егнатискиот пат бил главна артерија што ја поврзувала Италија со Балканот и Понт и што водела од Аполонија и Дирахиј (Драч) до Тесалоника и понатаму, преку Тракија, до Босфорот. Овие патишта имале особено значење за транзитната трговија.

 

Во Македонија имало главно три вида градови (civitates): слободни, колонии и муниципии. Со најголеми привилегии се ползувале слободните градови (civitates liberae).

 

Несомнено дека многуте бурни настани во историјата на римската држава, се одразиле и на Македонија како нејзина провинција. Така на пример, граѓанските војни во I в. пред н.е. ја влошувале економската положба на Македонија, зашто главните настани на тие војни се одигрувале на нејзина територија (борбата помеѓу Цезар и Помпеј, па војната на Брут и Касиј). Исто така кризата што ја зафатила римската империја и нејзиното робовладетелско устројство во III и IV век од н.е. се манифестирала и во Македонија, речиси со сите главни белези: ширење на колонатските односи и христијанството, како и навлегувањата на варварските племиња. Последниве особено влијаеле на понатамошниот живот на населението.

 

Уште од крајот на III век од н.е. Македонија била изложена на напади и инвазии на варварски племиња (Костобоци) кои продирале во сите источни провинции на Балканот. Во IV век ја ограбувале Визиготите, а во V в. Хуните. Масовното продирање на словенските племиња во VI век постепено довело до асимилација на населението на Македонија со новодојдените племиња и до промена на нејзиниот етнички состав.

 

55

 

 

Фреска во »Епископската црква« во Стоби — фрагмент

 

Мозаик во »Палатата на Партениос« во Стоби — фрагмент

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]