Историја на македонскиот народ. I. Од предисториското време до крајот на XVIII век

Михаило Апостолски (гл. ред.)

 

ПРЕДГОВОР

 

 

Идејата за пишување Историја на македонскиот народ има своја подалечна предисторија. Уште во времето на националната преродба Ѓорѓи Пулевски се зафатил со пишување на „Славјано-македонска општа историја“. Национално - романтичарските и идеализаторски обележја надвладуваат во таа прва рудиментарна проекција во македонското минато. Нешто подруго не би можело и да се очекува од автор што е понесен од желбата за пионерско служење на својата првична национална пробуда. Но несомнена е значајноста на настојувањето да се изрази — макар и со еден своевиден пробив во светот на историското — јасна свест за феноменот на македонската национална самобитност. Во таа смисла обидот на Пулевски се обележува во прв ред како сугестивен показател за своевремено отпочнатиот процес на народносна поларизација и кај нас.

 

Од гледиштето на научната функционалност посебно се истакнува во нашиот историографски фонд книгата на Крсте Петков Мисирков „За македонските работи“, која се појавува во историската 1903 година. Таа книга не е историја, но во неа се вклучени и, со елементи на научна аргументираност, разгледани клучни прашања од историските процеси низ кои се гради нашата национална карактериологија. Уште тогаш е даден непобитен одговор на стожерното прашање за националната специфика на македонските Словени. Констатациите и аргументите во тоа дело со научничка фундираност се покажаа како прифатливи и за поновите проучувања на македонскиот национален феномен.

 

И во уште еден судбоносен момент од минатото на македонскиот народ е сторен обид за поопфатен показ на неговата историска битност. Во моментот кога стана дефинитивно јасно дека со Балканските војни се преследува поделбата на Македонија, во листот „Македонскиј голос“, кој излегуваше во Санкт Петербург под редакција на Чуповски,

 

5

 

 

излегоа серија историографски огледи какви што се: „Македонија во нејзините географски и етнографски граници“, „Македонија и Македонците“, „Културно-историски преглед на Македонија“ и други, со намена за одбрана на историските права на македонскиот народ. Извршениот преглед на македонската историја во овие огледи — колку и ограничен во својата просторност — претставуваше солидно запознавање на светската јавност со оправданиот и законит стремеж на македонскиот народ кон запазување на неговата национална физиономија и на неговиот територијален интегритет.

 

Проучувањата на македонското минато не престанаа и во условите на присилно поделената Македонија. Додека официјалната историографија во земјите на кои им припаднаа делови од македонската територија вршеше присвојување на македонската историја, наспроти објективните тешкотии, бројни македонски историографи и публицисти настојуваа со поодделни свои трудови да ја покажат неодржливоста на она присвојување што не беше ништо освен фалсифицирање на една посебна национална историја. Но тие настојувања — токму поради строгите режимски ограничувања — не можеа да остварат еден целостен преглед на македонската историја. Тоа беше единствено можно дури во условите на македонската државност создадена по Втората светска војна. Само при еден слободен и во секој однос неспречуван развој на научната мисла можеше целосно да се изрече вистината за историското времетраење на македонскиот народ.

 

Со формирањето на Катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје во 1946 година, потоа — со основањето на Институтот за национална историја во 1948 година, а подоцна и Архивот на Македонија, се постави почетокот на систематски и разнострани проучувања на сите периоди од историскиот развиток на македонскиот народ. И првенствено од членовите на овие високи научни институции — за еден релативно краток временски период — се појавија бројни студии за низа нерасветлени прашања од нашата историја и неколку општи историографски прегледи.

 

Посебна е заслугата на студиите и научните расправи што со силата на аргументот извршија целосно демистифицирање на продолжителните разновидни фалсификации на македонската национална судбина.

 

И дури по објавувањето на низа поопфатни монографски трудови за сите посуштествени пројави на нашата историска егзистенција, како и на значајни архивски проучувања во земјата и во странство, можеше да се пристапи кон реализирањето на идејата за пишување на Историјата на македонскиот народ. И сега кога таа идеја е веке реализирана уште порелјефно израснува чинот на сето она што

 

6

 

 

претставува крупен и разностран фонд на наишта историографска наука во годините на слободниот живот.

 

Зародена како колективна идеја на нашите најистакнати историографи, Историјата на македонскиот народ се оствари и како нивно колективно дело. Колективноста се огледува во прв ред во продолжителните заеднички обмислувања околу целосната физиономија на овој прв најкрупен наш историографски опфат, околу прецизирањето на историската периодизација и што е најважно, околу методолошкиот пристап. Редакцијата на Историјата беше уште во самиот почеток на јасно со тоа дека од изградениот заеднички критериум околу постановката на историографскиот потход ќе зависи она што е најтешко остварливо при секој колективен научнички чин. Да не биде збир на поодделни посебни гледања, без да се обезличи индивидуалниот творечки напор, и да не се наруши континуитетноста во третирањето на историските процеси како закономерност. Колективноста, поточно бројноста на авторите на оваа Историја се наложуваше како неизбежност и поради настојувањето таа да не биде опфат само на политичките настанувања, туку да навлезе и во разгледувањето на разповременските економски и културно-просветни процеси. Поради тоа беа ангажирани најистакнатите специјалисти од сите тие области, за да добие со тоа целосноста на опфатот и да се задоволи самата историска закономерност, која секогаш знае за внатрешни, длабоко органски преплетувања и на политичките, и на економските, и на културно-просветните настанувања.

 

Доминантниот потход за кој Редакцијата на Историјата се определи дефинитивно се цзразува во симбиозата на хронолошкиот и синтетизаторскиот опфат на настани и личности.

 

Редакцијата најде за беспредметно да се прибегнува кон подробни објаснувања и полемички интонации. Без секакво усилено докажување — да се даде еден опфатен показ на самите објективии текови на историската развојност.

 

Редакцијата имаше продолжителни разгледувања на текстовите што многу придонесоа за нужните интервенции околу попрецизното усогласување на усвоениот заеднички критериум. Некои индивидуални стилски посебности останаа неизбегнати, но тоа е неизбежно при еден таков колек-, тивен чин, а претставува и респектирање на индивидуалната творечка усилба. Посуштествено е тоа дека се сосема незначајни отстапувањата од општата методолошка постановка.

 

Сообразувајќи се со обемот на текстот и усвоената историска периодизација, Редакцијата како најприкладно го усвои публикувањето на Историјата во три одделни книги, и тоа: книга прва — од предисториското време до крајот на XVIII век, книга втора — од почетокот на XIX век до крајот на Првата светска војна, и книга трета — периодот меѓу двете светски војни и Народната револуција (1918-1945).

 

7

 

 

Редакцијата не претендира на опфатност и на доследна развојност на сите поглавја во историјата. Се до денес постојат пречки што не зависат од нејзината волја, и тоа првенствено од објективен карактер. Извесни надворешни архивски фондови сé уште се недостапни за нашите историографи, за да се дојде до доразјаснување на одделни и не лалку суштествени историски факти.

 

Историјата на македонскиот народ е веќе широко достапна за нашата и странска јавност. Задоволена е желбата на сите оние што со години очекуваа да бидат целосно информирни за развојноста на македонската историска повест. Редакцијата од своја страна, ќе биде особено задоволна од сериозните и објективни критички забелешки што ќе п бидат упатени. Нивниот прилог ќе значи многу за идното издание на Историјата на македонскиот народ.

 

Скопје, 1968 година

 

ОД РЕДАКЦИЈАТА

 

[Next]

[Back to Index]