Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија

Блага Алексова

 

10. (Култни градби — Martyrium-и од IX—X век)

 

- Црквата Св. Ѓорги во Горен Козјак
- Крстовидната црква од Мородвиз
- Црквата кај Жиганци
- Црквата во Теранци

 

Крајот на IX и почетокот на X век во Македонија се одбележани со засилена градителска дејност од сакрален карактер. Како карактеристично обележје за овој период е изградбата и обновата на голем број црковни градби, од кои повеќето претставуваат култни градби — Martyrium-и. По Брегалница со досегашните истражувања и археолошки ископувања се откриени неколку црквени градби од овој карактер, кои подоцна добиле цеметеријална и фунерална функција и околу нив се оформиле пространите некрополи. Откриените цркви по Брегалница претставуваат објекти од типот впишан или слободен крст во различни варијанти. Тие во поголем број се изградени врз стари ранохристијански објекти во текот на IX—X век. Исклучок меѓу овие објекти е катедралниот храм во Крупиште, кој претставува крстовидна црква со инкорпориран крстовиден Martyrium, опкружена со големи коридори, за што стана збор напред во текстов.

 

Многу варијанти од централниот тип на култните градби се обично крстовидни или полигонални. Ова влијание во Константинопол се карактеризира со употребата на сводови со една или повеќе куполи. Така светилиштата изградени за време на Јустинијан во престолнината ce обично засводени и носат куполи. Со тоа ова временско раздобје го проширило порано креираниот тип црква посветена на генералниот култ, што го презело планот на култната црква — Martyrium со впишан крст. [1] Овој тип градби ги исклучува порано креираните светилишта со ковчег, што станало по IX век. Во текот на VI—VII век црковните градби ce мистични храмови и претставуваат редуцирана слика на универзумот.

 

Во византиското црковно градителство во текот на VII—IX век се појавуваат различни архитектонски типови кои произлегуваат од култните цркви со впишан крст. Цркви од крстовидниот тип се појавуваат низ целата Империја. Тие ce застапени во голем број и на Балканскиот Полуостров. [2]

 

Во IX—X век култот на реликвиите, како што е повеќепати нагласено, во Константинопол и во провинциите е силно распространет. Реликвиите се транопортираат од едно место до друго и околу нив се подигаат различни градби. Тие ce славени од свештеничкиот клир и службено. Околу овие објекти брзо се развиле различни активности во врска со култот. [3]

 

Во Македонија и во другите земји на Балканскиот Полуостров цркви од овој тип во различни варијанти, чиј развоен тип се темели врз стари ранохристијански основи, продолжиле да живеат. Голем број црковни објекти, урнати за време на аваро-словенските инвазии на Балканот и во Македонија, ce обновени во IX—X век од самите Словени. За ова наоѓаме податоци во литературните и историските извори, како и во досега откриените и истражените објекти. [4]

 

Крајот на IX век за македонското градежништво од сакрален карактер е од особено значење, бидејќи со покрстувањето започнува и ширењето на писменоста, a истовремено и првата градежна активност од сакрален карактер кај македонските Словени. Ова посебно доаѓа до израз во областите по текот на Брегалница со организирањето на првата епископска црковна организација кај Словените во Македонија, со што се ставени темелите на христијанизацијата на словенски јазик кај нас.

 

 

1. Grabar Martyrium, I, 375—376 и н.; Krautheimer, Architecture, 186—200, 201—213, 220, 221 и н.

 

2. Grabar, op. cit. 377 и н.; Krauthenmer, op. cit. 201—214 и н.

 

3. Babić, Les Chapelles, 36, 37 и н.

 

4. Стојановић, Споменик, 191; Теофилакт, Мъченичеството, 239—269.

 

145

 

 

Покрај црквите со впишан крст, двата основни типа крстовидни цркви, триконхосот и црквите со слободен крст, се карактеристични за почетоците на градителската дејност во Македонија кон крајот на IX и на почетокот на X век. Цркви од овој тип во различни варијанти се познати од времето на формирањето на првата словенска епископија во Македонија и просветната дејност на Климент и Наум и нивните ученици. Меѓу најзначајните објекти од овој тип се двете цркви крај Охридското Езеро. На Имарет во Охрид од Климент е обновена една стара триконхална црква од VI—VII век. На Охридското Езеро Наум ja подигнал црквата Св. Арангел кон крајот на IX век. Оваа црква претставува комбинација на триконхос со слободен крст. [5] Поразвиени црковни градби од овој тип се појавуваат за време на највисоката црковна организација на Самоил и нешто порано. [6]

 

Во областите по Брегалница и во околината на Ќустендил се познати неколку црковни објекти од типот слободен и впишан крст, датирани од IX—XII век. [7] Со откривањето на крстовидните цркви во Крупиште е збогатен репертоарот со различни варијанти од овој тип цркви во Македонија, кој се развивал под силно влијание на големите центри на Мала Азија, како и во непосреден допир со градителството во метрополите на Византија. Со откривањето на крстовидните цркви во Крупиште поставени се темели на развојниот пат на овој тип цркви во Македонија, на кои како основа им служи црквата Хосиос Давид во Солун. Овој тип цркви по доживува својот расцут од XII—XIV век. [8]

 

Црквите од овој тип по Брегалница претставуваат запуштени објекти честопати преѕидувани. Голем број од нив се наоѓаат под оризовите ниви или сред нив. Со цел да укажеме на значењето на овие црковни објекти за почетоците на градителството на македонските Словени, ќе ce обидеме со анализата на плановите и на архитектонските особености да ja одредиме наменската определба и функцијата на овие градби. Старата градежна традиција на оваа област имала пресудна улога во подигањето на овие црковни градби, чии градежни особености претстануваат продолжување на византиското градителство и уметност, во кое е внесен нов словенски дух.

 

 

ЦРКВАТА СВ. ЃОРГИ ВО ГОРЕН КОЗЈАК [9]

 

Објектот е подигнат покрај југоисточната кула на тврдината Баргала. Според планот претставува впишан крст во квадратна основа, со трапезоидна апсида и предапсидно пространство. На северниот и јужниот ѕид има високи прозорци — бифори, над кои се наоѓа по еден кружен окулус.

 

Низ трибелон се влегува од нартексот во наосот. Во јужното крило на наооот се наоѓа правоаголна гробница изградена истовремено со црквата или црквата ја инкорпорирала постарата гробница во својот

 

 

5. Коцо, Климентовиот манастир, 245—255 и н., Idem, Манастирот Св. Наум, 57—80.

 

6. Миљковиќ-Пепеќ, Св. Атанасиј, 457—502, 487; Ibid. Вељуса.

 

7. Миятев, Архитектурата, 189—190 црквата од Сапарева Бања ja датира во XII— XIII век; 190—191 црквата Св. Тодор од Бобошево во XIII век; Мавродинов, Искуство, црквата од Бобошево ja датира во XII век.

 

8. Миљковиќ-Пепеќ, Св. Атанасиј, 487.

 

9. Михајлов, Козяк, 5—22;

Мавродинов, Искуство, 178, 179 ја датира црквата во IX—X век;

Алексова, Баргала—Брегалница, 20—22 ja датира во IX—X век;

Кораћ, Развитак архитектуре, 215 во втората половина на XII век;

Груиќ неправилно ја идентификува со црквата Св. Петка подигната од Карба пред 1333 година;

Aleksova-Mango, Bargala, 273, 277 укажуваат на словенско потекло на објектот;

Miljković-Pepek, L'eglise, 451, 455—456 црквата ja датира во X век.

 

146

 

 

план. До јужната страна на нартексот има четвртеста просторија, покриена со купола, изградена до црквата.

 

Должината на црквата со апсидата мзнесува 12,70 м, a ширината на централниот дел, што претставува правилен квадрат 4,80 м. Дебелината на ѕидовите е 0,80 м. Црквата е градена од речен камен и сполии од урнатините на градот.

 

Во црквата има задржано живопис во три сукцесивни слоја. [10] Најстариот слој претставува рамно измазнет малтер. Задржан е на повеќе места, освен во горните зони на црквата. Многуте графити задржани на овој слој укажуваат дека црквата извесно време била без живопис. Од овој слој е задржана полуфигура на млад светител во нишата на ѓакониконот во југоисточниот столбец. Од втората фаза е задржана фреската на Христос Антифонитис-Гуарантор, која Ц. Манго ја датира едвај пред XIII век. [11] Врз неа има остатоци од многу графити од сцени во лов и натписи со кирилски букви. [12] Само во третата фаза целата црква е живописана со потполно вообичаен сликарски програм. Овој живопис се датира во XIV век. [13]

 

Планот на црквата укажува дека таа е изградена според старата традиција како цеметеријален објект. Во јужната страна на наосот, како што одбележавме, се наоѓа една поголема гробница што е изградена истовремено co црквата. Градежните камени блокови и голем дел од архитектонската пластика, од кои е изградена оваа црква, се одбележани co многу знаци, крстови и глаголски и кирилски букви. Подот на црквата бил послан со неправилни камени нлочи.

 

Досегашните истражувања на овој објект укажуваат дека храмот е подигнат во големата градежна кампања по Брегалница за време на покрстувањето на Словените, времето кога е обновена тврдината на градот Баргала. Целокупната археолошка евиденција од истражувањата укажува дека црквата Св. Горѓи е подигната при крајот на IX и во почетокот на X век. [14]

 

Околу овој црковен објект се развила голема словенска некропола, од која се истражени повеќе гробови. Ископувањата се изведувани околу самата црква и од нејзината заттадна и северна страна. Откриените гробови претставуваат големи гробници од камени блокови покриени со камени плочи. Гробови се најдени во неколку нивоа.

 

Откриените наоди во овие гробови се карактеристични за VII—X век. [15] Во еден од гробовите е најдена монета на Јован Цимиск (969—976). Подоцнежните гробови имаат наоди карактеристични за XIII—XIV век. [16] Во текот на летната кампања во 1988 година е откриена една покривна плоча од гроб, на која покрај повеќе знаци се врежани и глаголски букви. Некрополата околу црквата Св. Горѓи била во долга употреба. Врз старите гробови се закопувало и населението на Козјак сѐ до крајот на Првата светска војна.

 

 

10. Расолкоска-Николовска, Св. Горѓи, 219—226; Idem, Истражувања, 125—139; Aleksova-Mango, Bargala, 273—277.

 

11. Mango, The Brazen House, 142; Idem, Narthex Mosaics, 252.

 

12. Расолкоска-Николовска, Св. Ѓорѓи, 219—226.

 

13. Supra бел. 10.

 

14. Обележувањата на ранохристијанската архитектонска пластика со словенски букви и знаци и цртежите на малтерот од првиот слој на црквата укажуваат на словенско обележување на објектот од времето на IX—X век.

 

15. Димова, Паметници, 10; Алексова, Оризари, 91, бел. 53.

 

16. Goodacre, Handbook, 214, № 4; Bellinger, Anonymous, pl. I, № 4 анонимните типови од class, А-2 ги припишува од владеењето на Василиј II co Константин и Константин II.

 

147

 

 

 

КРСТОВИДНАТА ЦРКВА ОД МОРОДВИЗ

 

На еден издаден брег на Плачковица над селото Мородвиз, [17] некогашното седиште на средновековната Мородвишка епископија, [18] се наоѓаат остатоци од доцноантичка тврдина опкружена со ѕидови и кули, [19] која припаѓа на одбранбениот систем по Брегалница, [20] како што имаме веќе напред нагласено.

 

Крстовидната црква во разурнатиот град, над Мородвиз, заземала централно место. На површината на градиштето има остатоци од архитектонски објекти од кои се надзираат две поголеми цистерни. Црквата што ни е позната според планот на Ст. Михајлов се наоѓала во урнатини зачувани и до 2 m височина до крајот на шеесеттите години, [21] кога врз старите темели е подигната нова црква во чиј архитектонски план е включена старата делумно зачувана апсида.

 

Црквата од Мородвиз е од типот впишан крст во квадрат и со нартекс. Објектот е долг 10,50 m, заедно со апсидата, a широк 8,20 m, со дебелина на ѕидовите од 0,75m. Четири големи арки ја носеле куполата, решение што го наоѓаме и кај црквата Св. Горѓи крај Баргала. Куполата над квадратниот простор била поставена над пандантифи. Од северната и јужната страна се наоѓал по еден единичен прозорец. Ст. Михајлов одбележува дека апсидата немала никаков отвор. Апсидата на црквата однатре е полукружна, a однадвор полигонална. Ѕидовите на предапсидалното пространство влегуваат во ѕидовите на апсидата.

 

Западното рамо на крстот влегува во нартекстот и од северната и јужната страна, покрај кракот на крстот, се оформува по еден мал простор, од кои северниот подоцна е затворен со ѕид. Нартексот на црквата претставува стандарден тип на притвор со влез од западната страна. Според зачуваната апсида, црквата е градена од кршен камен и малтер. Ст. Михајлов укажува на еднакво распоредените градежни материјали на црквата во Козјак и Мородвиз, што дава можност за претпоставка дека и во оваа црква имало вградени сполии од стари објекти. [22] Околу црквата се прекопани повеќе гробови во кои се најдени византиски монети, скифати.

 

Според планот на впишаниот крст во квадрат со тенденција кон слободен крст, што се темели врз ранохристијанските традиции од овој крај на Македонија, црквата од Мородвиз има доста блиски аналогии. Тоа се двете цеметеријални цркви во Бугарија во регионот на Софија. Тоа е црквата во Ивањане, [23] чие северно и јужно крило ги окупира по една крипта, која претставува прототип на црквата на Црквиште, 75 км источно од Софија, во Пирдоп. [24] Последнава имала фунерална функција со многу гробови околу објектот. Планот на третата цеметеријална црква од ранохристијанскиот период е Св. Софија во Софија од првата половина на VI век. [25]

 

 

17. Цвијић, Основе, 212—214, 229.

 

18. Иванов, Старини, 552; Михајлов, Козяк, 1—23; Томоски, Морозвишка епископија, 83—116.

 

19. Трајковски, Мородвиз, 133—142.

 

20. Aleksova, Bargala and the fortification System, 61—71; Idem. Morodviz, 379—390.

 

21. Михајлов, op. cit. 19. сл. 15.

 

22. Ibid. 20.

 

23. Иванова, Ивањане, 22—228; Hoddinott, Churches, 279.

 

24. Мутафчиев, Клисе Кои, 85—110; Hoddinott, op. cit. 279.

 

25. Мавродинов, Архитектура, 67, 70, сл. 41; еволуцијата на овој тип цркви започнува во Ивањане, продолжува кај Црквиште во Пирдоп, co која се споредува црквата B од Царичин Град според: Guyon—Cardi, Caričin Grad, 84—86; Кондић-Поповић, Царичин Град, 84.

 

148

 

 

Од типот на Ивањане е и црквата во Орман, цеметеријална црква крај Скупи, што ja датираме во V—VI век, со многу гробови околу објектот од кои се прибрани наоди. [26] Идентичен план има и скоро откриената црква на Голем Град на Преспанско Езеро, која, според археолошката евиденција и наодите на пари на Аркадиј I (395—405), В. Битракова-Грозданова ja датира во V—VI век. [27]

 

Објектот од Мородвиз според планот е идентичен со крстовидната црква во Царичин Град, за која е установено со ископувањата во 1982 година дека имала фунерална функција и дека служела исклучиво како цеметеријална црква. Објектот е датиран од 530 година до втората половина на VI век. [28] На овој тип му припаѓа и недоистражената црква во Улпиана, датирана во VI век. [29]

 

Според Р. Краутхајмер, [30] во централна и источна Кападокија крстовидните цркви се од стандарден тип. Една од тие цркви е идентична со планот на крстовидната црква во Мородвиз е црквата во манастирот во Махалеч, ситуирана во високиот масив на Карадаг, која по своите димензии во должина од 10 м претставува гробишна капела, конституирана во близината на една друга меморија. [31]

 

Прашањето за потеклото на крстовидниот тип и на црквите од слободен и впишан крст го разгледавме порано и ги изложивме различните мислења во науката. [32] Крстовидниот тип на црковни градби карактеристичен за Јустинијановото време во различни комбинирани планови, како што веќе истакнавме, се има појавено веќе од V век. Во провинциите брзо се шират плановите под влијание на Константинопол и Солун, како и од црковните центри на Мала Азија, каде овој тип цркви е најмногу застапен. [33] Во ранохристијанското градителство на Балканскиот Полуостров [34] крстовидните цркви во различни варијанти и со комбинирани планови се многу чести. Ова го имаме повеќепати одбележано при разгледувањето на ранохристијанските црковни објекти по Брегалница.

 

Освен симболиката што влијаела да се подигаат цркви од овој тип, постоела традиција на ѕидање вакви објекти над гробот на маченикот, каде што верниците во прво време се ообирале на заедничка молитва и богослужење. [35] Па оттаму и нивната распространетост како во метрополите на Царството, така и низ целата Империја. Изградбата на цркви од овој тип продолжува и во византискиот и словенскиот период. Раните словенски цркви од овој тип главно претставуваат обновени стари ранохристијански или византиски објекти. На ова укажуваат резултатите од досегашните истражувања.

 

Интересно е да се одбележи, дека варијантата на крстовидната црква од Мородвиз е во голем број застапена во Македонија, Србија и Бугарија. Ова укажува на поголема тајфа градители што го распространиле овој план на Балканот.

 

Црквата во Мородвиз е урбан објект сместен во средината на градот, поради тоа сум на мислење дека би можел да претставува една култна градба. Во денешната состојба на истраженост верувам дека

 

 

26. Алексова, Орман, 77—87.

 

27. Битракова-Грозданова, Соопштение, Кочани, 1985.

 

28. Guyon—Cardi, ор. cit. 88—90.

 

29. Hoddinott, Churches, 200—202, fig. 126.

 

30. Krautheimer, Architecture, 122.

 

31. Ramsay-Bell, Churches, 249, 255.

 

32. Grabar, Martyrium, I, 152—154 Крстовидни Martyriumi; 154—161 Слободен крст: 161 — и н. Впишан крст: 369 визант. и слов. со впишан крст; 371—372, not. 4.

 

33. Grabar, Martyrium, I, 371, not. 4; Krautheimer, Architecture, 186—200, 201—228.

 

34. Meksi, Les eglises de l'Albanie, 115. За другите земји види напред.

 

35. Duval, Loca Sanctorum, II, 511.

 

149

 

 

претставува обновена постара ранохристијанска црква во текот на IX—X век. Со обновата во словенскиот период објектот добива фунерална функција и станува една од цеметеријалните цркви во Мородвиз.

 

 

ЦРКВАТА KAJ ЖИГАНЦИ

 

Објектот се наоѓа северно од селото Жиганци крај Злетовска Река. [36] Црквата е од типот слободен крст, долга 9 м, широка 6,50 м, со ѕидови дебели 0,85 м. Градена с од камен, тули и сполии од постар црковен објект. Во народот е позната како Тулена цуква.

 

Издолжената апсида е полукружна однатре и однадвор. Црквата имала купола што го покривала правоаголниот простор. Влезовите се наоѓале на западната и јужната страна. Според општиот план аналогна е со црквите во Бобошево и во Сапарева Бања кај Ќустендил. [37] Изградена е како цеметеријален објект врз постара црковна градба. Истражувањата треба да покажат, кој дел од стариот објект го окупира оваа мала црква.

 

Околу црквата се наоѓаат гробишта, денес под водите на оризовите ниви. Гробовите имаат камена конструкција.

 

Структурата на ѕидовите нема чист градежен стил, бидејќи објектот е изграден од камени блокови и сполии од постариот црковен објект. Голем број од камените блокови носат врежани загадочни знаци, графити и глаголски букви. Црквата претставува еден од објектите во јурисдикционата област на Еписжопијата на Брегалница, подигнат во текот на IX—X век.

 

 

ЦРКВАТА ВО ТЕРАНЦИ

 

Претставува објект од слободен крст со полукружна апсида од внатрешната и надворешната страна. [38] Подигната е на една зарамнета тераса. Околу неа се наоѓаат гробишта. Нејзините скромни размери укажуваат дека се работи за гробишна црква со фунерална функција, бездруго подигната како и другите цркви во регионот во текот на IX—X век.

 

Крстовидните цркви во Крупиште напред опширно разгледани и црквите од истиот тип овде презентирани се дело на раното црковно словенско градителство по Брегалница. Поголем број од овие црковни градби се изградени врз стари ранохристијански или византиски храмови. Развитокот на крстовидниот тип цркви во словенскиот период се темели врз старите ранохристијански и византиски традиции во кои се осеќаваат источните сириски, палестински и малоазиски влијанија.

 

Тие се наоѓаат внатре во градовите или надвор од бедемите на утврдувањата. Подигнати се како култни градби или како цеметеријални објекти. Археолошката евиденција, наодите и одбележувањето на градежниот материјал со загадочните знаци, крстови и глаголски букви укажуваат на времето на нивната изградба. Во времето од средината на IX и почетокот на X век во цела Македонија, a посебно по текот на Брегалница се осеќава жива градежна активност, која го одбележува времето на основањето на Епископијата на Брегалница, интензивното покрстување и ширењето на писменоста меѓу Словените во Македонија. [39]

 

 

36. Михајлов, Козјак, 19—20; Алексова, Баргала и средниот тек на Брегалница, 116.

 

37. Supra бел. 7.

 

38. Окуњев, Крстовидне цркве, 275—306 ja датира во XI—XII век;

Miljković—Ререк, L'eglise, 449—457 ja датира во X—XI век;

Алексова, ор. cit. 116 ja датира во IX—X век.

 

39. Supra бел. 4.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]