Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија

Блага Алексова

 

11. (Епископијата на Брегалница е Климентовата "Величка епископија". Првата словенска црковна организација на Балканот е на некогашната територија на архиепископијата Prima Iustiniana)

 

- Брегалничката мисија
- Епископијата на Брегалница - голем црковен и просветен центар на Словените во Македонија
- Прилог кон решавање на прашањето за местото на Климентовата епископска епархија
- Македонија — лулка на првата словенска црковна организација на Балканот

 

 

Земјите источно од Вардар, каде што се наоѓаат и областите по Брегалница, највиталните делови на денешна СР Македонија, па сѐ до Струма и Егејското Море, биле населени со старото племе Пајонци во времето пред доаѓањето на Римјаните. [1]

 

Честите опоменувања кај античките писатели укажуваат дека тие биле едно од најголемите и добро организирани племиња, со изградена државна власт на чело со владетели, чиј ритуал со капење при крунисувањето го споменува Полиен. [2]

 

Оваа силна племенска организирана формација, која зафаќала значајни територии на Балканот, претставувала етничко-географска целост, [3] за чија етничка припадност постојат различни мислења. [4]

 

Најмоќната и најголемата етничко-политичка групација во Македонија веќе од 168 и посигурно од 146 година пред н.е., паднала во I, II и IV област, кога Македонија е поделена од Римјаните на четири области. Со ова е уништена нејзината политичка и економска моќ, како и единството и самостојноста на државна власт. Разединувањето на Пајонија со определена цел е во целост постигнато, бидејќи повеќе нема спомен за неа како етничко-политичка целост. [5]

 

Развојот на нашиве области во Македонија во склопот на римската држава за време на раното Царство ги следи општите развојни општествени текови. Процесот на романизација на домашното автохтоно население со успех се спроведува преку римските институции и римската култура. Овој период за Македонија е време на политичка и економска стабилизација и на мирен живот. Во текот на близу две столетија мирен живот и спокоен развиток се обновени многу населени места источно од Вардар, од кои повеќето израснуваат во градови и го достигнуваат рангот на civitas. [6]

 

Со нападите на готските народи веќе од втората половина на II век е загрозена Римската империја со нејзините метрополи, бидејќи варварските инвазии се устремени главно кон градовите заради пљачка и ограбување. Во цел Илирик започнува обновата на градовите и на нивните тврдини, кои во мирот биле запуштени. Тоа станува главна грижа на римската политика и на владетелите во наредните столетија. Заради обезбедување на сигурност градот повторно добива свое посебно значење како рефугиј на околното население. Ова има влијание и во урбанистичкото уредување на самите градови, што е познато од подолго истражуваните градски центри на Балканот. Kaj нас за ова наоѓаме податоци во Стоби и во досега истражениот сегмент на епископскиот град Баргала и Хераклеја.

 

Царството го потресуваат и економски кризи поради нараснатите трошоци за издржување на војоката и поради се почестите притисоци од варварските народи на неговите северни граници. [7] Поради тоа се преземени големите реформи од Диоклецијан и подоцна од Константин.

 

Христијанството како нова идеја има посебно значење на преодот од раното во доцното Царство и во извесна смисла пресудна улога во понатамошниот развиток на Империјата. Религијата, која се развила

 

 

1. Папазоглу, Градови, 63.

 

2. Polyaen, IV, 12. 3.

 

3. Кацаров, Пеония, 4—8 и н.; Битракова-Грозданова, Споменици от хеленистичкиот период, 15, 16.

 

4. Битракова-Грозданова ор. cit. 15—26 цитиран Н. Вулић, Народност Пеонаца, Глас СХХI—66, 1926, 1—20.

 

5. Папазоглу, Градови, 58—63.

 

6. Suić, Gradovi, 227, 228 и н.

 

7. Suić, Gradovi, 230, 231 и н.

 

153

 

 

низ силните прогони во столетијата на раното Царство, доаѓа до свој израз и афирмација со верскиот мир од 313 година на Константин и co прогласувањето на христијанството за државна вера на Теодосија. Христијанството, дотогаш прогонувано, започнува да ја претставува надворешната манифестација на државата. Настанато како градска религија против паганството, христијанството изградува своја хиерархија паралелна на цивилната, така што епископите по градовите претставуваат врховен авторитет на доцноантичкиот civitas. [8]

 

Организационо зајакнато под закрилата на царевите, христијанството е носител на големата градежна активност, во прв ред од сакрален карактер. Големите јавни и приватни градби од претходните антички градови добиваат нови намени и служат за христијански храмови, додека луксузните нимфеони и базени почнуваат да се употребуваат за баптистерии. Kaj нас во Македонија за ова имаме добар пример во Стоби, каде сите ранохристијански базилики претставуваат стари антички палати и синагоги конвертирани во христијански храмови, освен базиликата на епископот Филип која е одново градена врз една постара, првата катедрална црква во Стоби. Тоа значи преструктуирање на градскиот ареал и на градбите во него и оформување на нови градски квартови co објекти на христијанскиот култ и нивните придружни градби, што оформуваат цели ралохристијански комплекси. Така христијанството, како водечки фактор во градот, придонесува за измената на неговото урбано и урбанистичко уредување.

 

Видни се промените, исто така, и надвор од градовите. Започнува изградба на цеметеријални базилики околу кои се развиваат некрополи. Такви објекти се подигаат околу гробовите на мачениците загинати за христовата вера во текот на прогоните. Траги од вакви објекти наоѓаме ширум целиот Балкански Полуостров. Такви има и во областите на Источна Македонија.

 

На Tabula Peutingeriana ги наоѓаме старите пајонски градови Транупара и Астибо на истоимената река Астибос. [9] Подоцна Хиероклиј во својот Синекдемос ни соопштува за градовите Баргала, Келенидин, Армониа и Запара во Macedonia II Salutaris. [10] За Баргала и Запара постојат и литературни податоци кои ги споменуваат како епископски градови, a Запара во рангот на civitas. [11]

 

Овие два града, како организирани ранохристијански црковни центри во областите северно од Солун, голем стопански, културен и црковен центар, имале посебна улога во ширењето на христијанството во областите источно од Вардар.

 

Големата градежна активност, што ја развиваат овие две епископии на своите јурисдикциони територии, со изградбата на многубројни црковни градби има далекусежни последици. Со ширењето на христијанството и организираното покрстување во овие области на Источен Илирик овие две епископии истовремено ги шират културните придобивки од метрополите на Царството, a преку нив и достигањата на полето на архитектурата и уметноста. Поради тоа, високите дострели на архитектурата, уметноста на мозаиците, фреско-живописот, пластиката и занаетите, се дел од творештвото на медитеранските земји. Според А. Грабар овие постигања што се креирани на почвата на Грција стануваат сопственост на оддалечените провинции, [12] бездруго со извесни локални обележја.

 

 

8. Suić, Gradovi, 230, 231 и н.

 

9. Tab. Peutingeriana, VII, 5.

 

10. Ed. Hinigmann, Le Synekdemos, 641, 6.

 

11. Acta Conciliorum, Oecumenicorum ed. Schwartz, III, I, p. 64 № 323, за Баргала; Папазоглу, Градови, 247; Манси, IX, р. 199, за Запара.

 

12. Grabar, Martyrium I, 371, not. 4.

 

154

 

 

На крајот на антиката, на почетокот на VI век, областите на источна Македонија се под јурисдикција на новоформираната во 535 година од Јустинијан архиепископија Prima Iustiniana. [13] И покрај тоа што векот на оваа архиепископија не е долг, во краиштата по Брегалница се видливи трагите што ги оставила обновата за време на Јустинијановата градежна активност. Многу цркви се обновени, стари антички градби станале христијанстси храмови и се изградени повеќе цркви мартириуми. Сите носат карактеристични белези на архитектурата и на уметноста со што се одликуваат таквите споменици во метрополите на Царството како и во провинциите. Спомениците на Балканот, според досегашните сознанија, во ништо не заостануваат.

 

Византиската архитектура ја продолжува креативноста на претходната епоха со тоа што ја надополнува со иновации со генијалноста на архитектите во Јустинијановото време. И покрај големите опасности од варварските инвазии, градовите доживуваат обнова и просперитет. [14]

 

Додека по должината на Дунав и јужно од него се градат низа утврдувања во системот на limesot, во внатрешноста на Балканот започнува исто така жива активност и обнова на градовите. На спомениците по Брегалница видни се остатоците од оваа засилена градежна активност, на што укажуваат трагите како на црковните споменици, така и на самите градски тврдини.

 

При подигањето на градовите во доцната антика се применуваат општите идеи на просторната организација аналогни на логорите. [15] Познатите градови по Брегалница имаат дефанзивна улога и тие служат зо исто време како civitas и castrum. Тоа е случајот со Баргала, Виничко Кале и тврдината над Мородвиз.

 

Техниката на изградбата на откриените тврдини нема посебни карактеристики и таа е заедничка за нашава земја и за другите провинции. Во овој период одбраната и сигурноста на градот била примарна. Во нивната изградба како и во подигањето на сакралните објекти се употребуваат архитектонски елементи од објектите од класичниот период. [16] За изградба на внатрешниот бедем во Стоби во IV век се употребени обработени мермерни блокови од седиштата на Театарот. Во сите ранохристијански базилики во Стоби, освен во Старата епископска базилика ce употребени мермерни седишта и обработени мермерни блокови од Театарот и од јавните градби од раниот царски период. [17]

 

Во Баргала, во епископскиот комплекс, наоѓаме употребени мермерни остатоци од скулптури, надгробни споменици, бази и постаменти од класичното раздобје. [18] Траги од употреба на стари градежни елементи ce констатирани и при откривањето на западниот влез во градот.

 

Во христијанските храмови во Крупиште ce откриени делови и цели елементи од класичната монументална архитектура во темелите на објектите. Така употребата на сполии од градежниот материјал што припаѓал на постарите градби со различна намена станува општа употреба. Старите антички објекти ce разнесуваат и служат како еден вид каменоломи. Ова не е карактеристика само за нашиве градови и објекти, туку за целава наша земја и за Грција. [19]

 

 

13. Гранић, Архиепископија, 127.

 

14. Hoddinott, Antiquity, 340, 341.

 

15. Suić, Gradovi. 234.

 

16. Suić, Gradovi, 234.

 

17. Aleksova, Basilicas, 13—82.

 

18. Aleksova-Mango, Bargala, 277, античките сполии секундарно употребени им припаѓаат на објекти од самиот град Баргала.

 

19. Suić, Gradovi, 230, 231.

 

155

 

 

Христијанството во Источен Илирик има фатено длабоки корени, во што голема улога одиграла цврстата организација на ранохристијанската црква. За самостојниот развиток на црквата во Источен Илирик значајно влијание има тоа што оваа пространа територија од средината на IV век била самостојна префектура со главниот град Солун. [20] За развојот и историјата на црквата во Илирик податоци дава богатата преписка помеѓу римските папи, од една страна и цариградскиот патријарх и претставниците на источните цркви, од друга страна. Посебен придонес претставуваат и откриените остатоци од богатото ранохристијанско наследство на оваа територија.

 

Императорот Јустинијан, со новелата XI од 535 година, ја основал архиепископијата Prima Iustiniana во своето родно место, новосоградената Prima Iustiniana. Својот законски акт со првата новела од 535 година го издава на личност на име на новопоставениот архиепископ Кастелион. Десет години подоцна, во 545, со новелата СХХХI Јустинијан, во согласност со папата Вигилиј, за подрачјето на Dacia Ripensis, Dacia Mediterrannea, Praevalitana, Dardania, Mysia I и Pannonia, утврдува автокефална црква во ранг на архиепископија со седиште во Prima Iustiniana. Во црковна смисла оваа територија во византиската држава ce наоѓала под јурисдикција на Рим, a во состав на Солунскиот викаријат. [21]

 

Провинцијата Macedonia Secunda ja споменува само XI новела, во подоцнежната СХХХI новела не ce споменува под јурисдикција на новооснованата архиепископија. Е. Захарија и Р. Љубинковиќ изнесуваат мислење, дека Јустинијан со неа ja платил согласноста на папата Вигилиј, за посебниот статус на архиепископијата Prima Iustiniana. [22]

 

Во актите на V екуменски собор одржан 553 година во Цариград ce споменува Sabinianus, episcopus Zapparenae civitatis, дека одбил да присуствува на овој концил од солидарност спрема својот архиепископ Бененат од Prima Iustiniana. По тоа време Запара потпаѓала под јурисдикција на архиепископијата Prima Iustiniana, a познато е според Хиероклиј дека градот ce наоѓал во провинцијата Macedonia Secunda. Потоа Macedonia Secunda не постои повеќе, па ce претполага дека таа влегла во соседната Средоземна Дакија. Поради тоа е можно изостанување на цитирање на Macedonia Secunda во СХХХI новела на Јустинијан издадена во 545 година. [23]

 

Архиепископијата Prima Iustiniana, основана според одлуката на највисоките тогашни световни и црковни авторитети, приклучена е во бројот на самостојните црковни организации на тлото на Јустинијановата империја. Со основањето на политичкиот и црковниот центар со архиепископијата во Prima Iustiniana, ставени ce темели на една самостојна црковна организација во областите на Источен Илирик. Оваа организирана црковна институција од висок ранг на Балканскиот Полуостров, со повеќето епископски црковни центри во јурисдикционите области, претставува основа за понатамошниот самостоен развој на црковната организација на Балканот. [24]

 

Новооснованиот управен и црковен центар на архиепископијата Prima Iustiniana, со седиште северно од Солун, веќе од 602 година не се споменува. Варварските инвазии го имаат уништено градот a со него и сите негови институции. Политичкото и црковното тежиште повторно се пренесува во Солун. [24a]

 

 

20. Гранић, Архиепископија, 114.

 

21. Љубинковић, Прима Јустинијана, 65.

 

22. Љубинковић, Прима Јустинијана, 71, бел. 46.

 

23. Папазоглу, Градови, 247, бел. 76, 77.

 

24. Љубинковић, Прима Јустинијана, 70 и н.

 

24a. Гранић, Архиепископија, 132, 133.

 

156

 

 

Големите словенски племенски маси го населуваат Балканскиот Полуостров, така што во областите по Брегалница се споменува многу рано словенското племе Стримонци. [25] Во непосредниот контакт со христијанското византиско население Словените започнуваат да ја примаат христијанската религија.

 

Тоа станува доброволно, некогаш на сила, преку различни мисионерски акции на испратени свештеиици од источната и западната црква или при стапување во војните единици на византиската војска. Така се намножувал бројот на покрстени Словени. [26]

 

За областите по Брегалница се врзани литературни изворни податоци, кои зборуваат за мошне значајни собитија во животот на Словените во Македонија. Тие укажуваат на многу рано покрстување на Словените од овие области и на почетоците на создавањето на првата словенска азбука — глаголицата.

 

Мисионерската дејност на Константин Кирил Филозоф во градот Равен на Брегалница во 855 година претставува почеток на организирано покрстување на Словените во Македонија. Кирил ja создава и првата словенска азбука и со тоа става основи на словенската писменост меѓу Словените во Македонија. [27]

 

Посебно значаен историски настан, за кои нѐ известуваат историските и богатите литературни извори, е организирањето на првата словенска епископија во Македонија. Нејзиното создавање и оформување, пак, е врзано за областите источно од Вардар, каде што се наоѓале две силни ранохристијански епископии, со многу црковни градби во своите јурисдикциони области. Тоа е Епископијата на Брегалница, за која нѐ известува Теофилакт. [28]

 

Раководени од историските и литературните изворни податоци и многуте археолошки траги на теренот, нашите истражувања и археолошки ископувања во последниве години беа посветени на регионот по средниот тек на Брегалница.

 

Многуте материјални остатоци и богатиот споменичен фонд откриени со овие истражувања придонесуваат поблиску да се определи центарот каде се одвивала првата мисионерска просветно-културна дејност на Кирил меѓу Словените на реката Брегалница, a откривањето на повеќебројните црковни градби и на катедралниот храм на Брегалница [29] укажуваат каде е создаден првиот црковен и просветен епископски центар кај Словените во Македонија.

 

Богатите литературни изворни податоци се потврдуваат со многуте новооткриени споменици; тие меѓусебно се надополнуваат и придонесуваат да се откријат и препознаат нашите први словенски центри во кои започнало покрстувањето и почетоците на пиоменоста кај Словените кои претставуваат лулка на словенската книжевност и култура.

 

 

25. Баришић, Чуда, 33-145, 90, бел. 24. Аварите пред 640 година исчезнуваат од политичкиот хоризонт на Балканот; Панов, Брегалничката област, 8—9, 46; idem. Штип и Брегалничката област, 135—174.

 

26. Снегаров, Християнството, 195—218, бел. 5.

 

27. Грашева, КМЕ, Брегалнишка мисия, 237—243; Илиевски, Лингвистички студии, 66 и н.

 

28. Теофилакт, Мъченичеството, 239—269.

 

29. Откривањето на овој исклучителен споменик започнува во 1984 година од Б. Алексова и Д. Црневски и тогаш се откриени централната и двете северни апсиди. Во текот на 1985—87 година, со екипа на Археолошкиот музеј, одбележана при презентирањето на базиликата бр. 4 во овој труд, е откриена целата источна страна на храмот co канцел преградата и крстовидниот Martyrium.

 

157

 

 

 

БРЕГАЛНИЧКАТА МИСИЈА

 

Мислењата и претпоставките за мисионерско-просветната дејност на Константин Кирил Филозоф и Методиј по текот на Брегалница во науката се спорни. Тоа произлегува од неусогласеноста на податоците во литературните извори. Житијата на двајцата просветители не даваат податоци за таквата дејност. Доста подоцнежните словенски и грчки извори укажуваат на Константин Кирил и Методиј како на први просветители што го рашириле христијанството меѓу Словените по Брегалница. Постојат разидувања во однос на определувањето на личноста на Кирил, како и на времето во кое тој дејствувал, поради што за мисијата на Константин Филозоф во науката постојат големи дискусии помеѓу учените. [30]

 

Овде ќе ги изнесеме најзначајните литературни податоци што се однесуваат на оваа мисија со желба да укажеме дека на овие прашања ќе треба да дадат одговор археолошките истражувања и откривања на спомениците од времето на покрстувањето на Словените по Брегалница.

 

Меѓу најзначајните извори е Краткото житие на Кирил или Успение Кирилово. Во него се зборува дека првата негова книжевна дејност меѓу Словените започнала на Брегалница. Тогаш покрстил и превел во христијанска вера 54.000 Словени и им напишал книги на словенски јазик. Според Ј. Иванов, тој број изнесувал 51.000. [31]

 

Во Проложното житие на Кирил се споменува дека Моравската мисија ѝ претходела на оваа дејност, [32] додека Проложното житие на Методиј укажува дека по Хазарската мисија бил баран за учител и наставник. [33]

 

Солунската легенда, и покрај легендарните податоци во форма на кратко автобиографско раскажување, дава мошне значајни податоци во врска со Брегалничката мисија. За овој споменик некои учени тврдат дека потекнува од XI—XII век, [34] додека други претполагаат дека е од XIV век. [35]

 

Во Тиквешкиот препис стои дека Кирил дошол во градот Равен на реката Брегалница и им напишал 32 букви и ги превел во православна

 

 

30. 3а мисионерската дејност на Константин Кирил Филозоф на Брегалница во науката постои големо интересирање уште од средината на XIX век па сѐ до денес. Овде ќе ги одбележиме позначајните трудови што го третираат овој проблем.

 

Шафарик, Славянските древности, 322—344;

 

Гилфердинг, О Кириле и Мефодие, 150—153. Укажува на Македонија како на татковина на словенската писменост;

 

Куник, О материјалах, 254, бел. 255. Градот Равен спомнат околу 855 година, подоцна е епархиско седиште на Брегалничката епископија.

 

Билъбасов Бильбасов, Кирил и Мефодйи Мефодий, 60—61, 156, 178.

 

Туницки, Св. Климент, 217, 231—235;

 

Jagić, Kirchenslavischen Sprache, 5;

 

Панов, Брегалничката мисија, 8—9 и н.; idem. Карактерот, 377—388;

 

Коцо, Прилог, 155—161;

 

Георгиев, Кирил и Мефодий, 307—319;

 

Алексова, Словенски цркви, 179—198; idem. Брегалница словенски центар, 211—224; idem. Брегалница, 189—202;

 

Трајковски, Брегалница, 406—409.

 

31. Теодоров-Балан, Кирил и Методйи Методий, 116; Иванов, Старини, 285.

 

32. Теодоров-Балан, ор. cit. 35.

 

33. Ibid. 38.

 

34. Ангелов, Солунската легенда, 10.

 

35. Ibid. 10.

 

158

 

 

христијанска вера. [36] Во Трновскиот препис се вели дека дошол во град Равен рикомеи Брегалница, [37] и во Белополскиот препис во градот Равен нарицаеми Брегалница. [38]

 

Во сите преписи на Солунската легенда градот Равен е спомнат на реката Брегалница. Сo ова е определена неговата поблиска местоположба на самата река Брегалница, бидејќи тој е идентификуван со самата река.

 

Подоцна Теофилакт јасно нѐ известува за пренесувањето на моштите на Петнаесетте тивериополски струмички маченици во „Епископијата на Брегалница", споменувајќи го градот без означување на неговото име.

 

А. Куник уште во 1864 година се прашува дали градот Равен околу 855 година не е епархискиот град на Брегалница, на кој подоцна му е укажано исто уважување. [39] На Балканскиот Полуостров е чест случајот областите да го носат името на реките, што се пренесува и на титулирањето на епископските епархии.

 

Во двата подоцнежни извора, Моравската легенда од XIV век, [40] и Чешката легенда од XIII век, се зборува дека Кирил покрстувал Словени пред заминувањето во Великоморавија. [41]

 

Дукљанската хроника дава податоци во кои се зборува за покрстување на Словени по Хазарската мисија од страна на Кирил. [42]

 

Во Пространото житие на Климент и во Краткото житие на Климент се зборува за просветната дејност, за создавањето на азбуката и книги на словенски јазик од словенските просветители и нивните ученици. [43]

 

Се претполага дека известувањата за непосредна просветна дејност на Кирил и Методиј меѓу Словените во источните области на нашава земја се темелат врз старата традиција, која означува вистински настани. Оваа традиција се одржала низ целиот среден век, за што сведочи монографијата на И. С. Асемани за Кирил и Методиј од 1755 годмна. [44] За одржувањето на оваа традиција придонело и назначувањето на Методиј за управител на Словенското кнежевство во Македонија. [45]

 

 

36. Иванов, Старини, 281—283; Ангелов, op. cit. II. Легендата е позната по четири преписа:

 

1. Тиквешки од XV—XVI век-Т.

2. Ј. Хаџиконстантинов-Џинот од XVI—XVII век-Х.

3. Препис од Трново, Кривопаланечко-К.

4. Софиски од XVI век, српски ракопис, София, Цркв. Истор. Археол. музеј, № 1161-С.

 

37. Иванов, Старини, 281—283.

 

38. За откриениот Белополски ракопис од манастирот Никољац: Мошин, Никољац. 697, 688. Ракописот го датира од крајот на XV век.

 

Ангелов, op. cit. 10, бел. I, ракописот го датира во XVI век.

 

Иванов, Епископиите, 74 и н. бел. 3. Градот Равен што е спомнат во Солунската легенда го бара кај с. Тработивиште, во горниот тек на Брегалница во месноста Рамне, според Б. Стојчевски, Рамниште. На повеќе места во Македонија има месности со идентични имиња.

 

39. Куник, О материалах, 254, бел. 255.

 

40. Теодоров-Балан, op. cit. 203.

 

41. Ibid. 208.

 

42. Грашева, КМЕ, Брегалнишка мисиа, 239.

 

43. Милев, Грчките житиа Гръцките жития, 78—79.

 

44. Грашева, op. cit. 240.

 

45. Панов, Карактерот, 375—388.

 

159

 

 

Со археолошките истражувања недалеку од утоката на Злетовка во Брегалница, кај денешно Крупиште, е откриен еден антички град. Стариот град со многу архитектонски опоменици во урнатини бил обновен од Словените. Обновена е и проширена тврдината и изградени се многу христијански храмови и репрезентативни јавни градби.

 

Градежните материјали од црковните градби, јавните објекти, камените блокови од тврдините, архитектонската пластика и градежните тули се обележани со многу црти, графити, загадочни знаци, крстови и со глаголски и грчко-кирилски букви.

 

Вакви палеографски споменици се откриени во Баргала, Жиганци и Бурилчево на Брегалница. Меѓутоа, во Крупиште нема камен што не носи некаков белег или знак, така што споменичниот фонд со обележани знаци е многуброен и долги години ќе минат додека се комплетира неговиот број.

 

Еден дел од овие палеографски споменици, според досегашните студии на славистите, одговара на стадиумот на „чрти и рези", според Черноризец Храбар, и му прилаѓа на времето пред покрстувањето на Словените.

 

На еден број од спомениците, покрај знаците, наоѓаме и глаголски букви, што укажува на времето на создавањето на првата словенска азбука од Константин Кирил на Брегалница. Појавата, пак, на грчкокирилски букви „без устроение", т.е. без знаци за означување на негрчките гласови, започнува со покрстувањето.

 

Со досегашните истражувања недалеку од Крупиште, каде што се наоѓал еден од градовите одбележан на Tabula Peutingeriana, бездруго Астибо, доаѓаме до заклучок дека разурнатиот стар античен град со новеќе црковни градби од типот на мартириуми бил брзо обновен од Словените, по нивното населување во Македонија. Археолошката евиденција и палеографскиот богат споменичен фонд укажуваат дека овде бил центарот од каде што започнала христијанизацијата на Словените и создавањето на првите букви на словенската азбука. Тие букви за прв пат се појавуваат покрај многуте графити и загадочни знаци на досега откриените споменици. Ова нѐ наведува на една оправдана претпоставка. Тоа значи дека овде бил градот Равен на Брегалница, споменат во Солунската легенда. Големиот број на спомениците сконцентриран на овој простор со првите глаголски букви укажува дека токму овде можела да се одвива првата мисионерска дејност на Кирил помеѓу Словените. Откривањето пак на катедралниот храм со Martyrium-от го потврдува податокот кај Теофилакт дека првата словенска епископија во Македонија е основана на Брегалница. Археолошките откривања сега веќе и поблиску го определуваат местото на нејзиното постоење. Таа е основана во градот Равен на Брегалница, каде што се ставени почетоците на покрстувањето и темелите на словенската писменост меѓу Словените во Македонија и пошироко на Балканот.

 

 

ЕПИСКОПИЈАТА НА БРЕГАЛНИЦА

ГОЛЕМ ЦРКОВЕН И ПРОСВЕТЕН ЦЕНТАР НА СЛОВЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

 

Историските извори укажуваат дека христијанството во Македонија започнало многу рано да се шири. Ф. Дворник, според известувањата на Теофан (Theop. р. 556, ed. Bonn.), покрстувањето на македонските Словени го поврзува со експедицијата против Словените по Струма, преземена од Јустанијан II во 688—689 година. [46]

 

 

46. Dvornik, Les Slaves, 235; Рајковић, Византиски извори, 226, бел. 23, 160

 

160

 

 

Меѓу словенското население во Тракија и Македонија, како што веќе одбележавме, имало многу покрстени Словени, што се објаснува со повремено живеење под византиска власт, поради што во овие области во непосредно соседство со Византија, веќе од средината на IX век имало многу покрстени Словени. [47]

 

Со примањето на христијанската религија започнува засилена градителска дејност во цела Македонија, a особено по реката Брегалница, бидејќи црквите станале жаришта за ширење на христијанството и места каде што се вршело богослужение. [48]

 

Врз основа на податоците од црковното уредување и организацијата на црквата во Источен Илирик е познато дека во областите северно од Солун имало многу епископски ранохристијански црковни центри. Поголем број од овие стари епиокопии биле обновени по населувањето на Словените во овие области и по нивното покрстување. Такви се епископските центри во Охрид, на Брегалница, Средец, Филипопол и друти. [49]

 

Во Житието на Тивериополските маченици од Теофилакт наоѓаме податоци дека тогаш биле поставени епископи и многу свештеници и се граделе свети храмови. [50] Разурнатите цркви во борбите при аварословенските напади сега од основата биле потворно изградени, со што се намножиле божјите храмови. [51]

 

Изградбата на храмови и обновата на старите разурнати ранохристијански објекти е засилена за време на престојот на Латинската мисија во текот на 866—869 година. На Вселенскиот ообор во Константинопол во 879—880 година, покрај другите епископски епархии, се споменува и епископијата на Брегалница. Овде се споменува името на епископот Мануил титулиран Проватски. [52] Ова се однесува на една иста епископија, спомената според името на реката и според територијата на која била расположена епископската епархија.

 

Засилена изградба на цркви по Брегалница се потврдува и во еден Летопис од XI век, каде се зборува за изградба на цркви по Брегалница и за подигање на „Бели цркви на Овче Поле". [53]

 

Во текот на IX—X век во Цариград, покрај другите, посебно се почитувал култот на Богородица. [54] Во престолнината и низ целата Империја се градат цркви, според ранохристијанската традиција, над гробовите на верниците загинати на Христовата вера. Тие се прогласуваат за маченици-мартири.

 

Над гробовите, за моштите и реликвиите на мачениците се подигаат посебни цркви или анекси покрај црквите или се изградуваат посебни објекти и се инкорпорираат во црквите посветени на генералниот култ на Евхаристијата. [55] Во ваквите цркви-Martyriumi се одржувала служба посветена на култот на маченикот или на повеќе мартири.

 

 

47. Снегаров, Християнството, 195—218, бел. 5. Христијанството во Македонија во тој период било распространето, но не било утврдено, според чудата на св. Димитрија.

 

48. Photius Patriarcha, Epistolae, 27, GIBI, 4, 80. Патријархот Фотиј во своите писма до Борис препорачува изградба на храмови во кои народот ќе се учи и и ќе ги посетува.

 

49. Гиозелев Гюзелев, Историая, 2, 231 и н.

 

50. Теофилакт, Мъченичеството, 260, 261.

 

51. Ibid. 261.

 

52. Mansi, Sacrorum Conciliorum novae et amplissima collectio, GIBI 4, 117.

 

53. Стојановић, Споменик, III, CKA, бр. 123, стр. 191.

 

54. Babić, Les Chapelles, 33—37—40.

 

55. Grabar, Martyrium I, 28—77 и н.

 

161

 

 

Црквите-Martyrium-и, збогатени co моштите или реликвиите на мачениците, станале објекти во кои се собирале поклониците од блиските и далечните краишта на земјата. Така овие споменици стануваат средишта за ходочастие во кои се собирале поклоници и верници од целата земја. Вакви центри со култни цркви, големи средишта за ходочастие, придонесувале за славата на градот во кој биле изградени како и за самата диецеза. [56]

 

Со цел да се создаде еден таков центар на Брегалница, според Теофилакт Охридски, подигнат е храмот на Тивериополските маченици, што го извел комесот Таридин по наредба на кнез Борис-Михаил. Тогаш се пренесени моштите на Тимотеј, Комасиј и Евсевиј од Тивериополис во Епископијата на Брегалчица [57] „ἐν τῇ τῆς βραγαλμνὶτζμς ἐπισκοπῇ".

 

Подоцна комесот Дистр, по наредба на Симеон, ги пренесува моштите на Сократ и Теодор. [58] Според Теофилакт, во овој храм бил назначен клир што требало да изведува богослужение на словенски јазик. [59]

 

Овој новоназначен клир во црквата на Брегалница можел да биде одбран само од учениците на Климент, односно на моравските бегалци, бидејќи Климент уште при своето доаѓање во Македонија во 886 година за прв пат го започнува ширењето на христијанството и изведувањето на богослужението на словенски јазик. Ова се потврдува и co неговиот седумгодишен престој во охридско-преспанскиот крај, за кое време има оспособено голем број ученици и свои следбеници што ќе ги изведуваат своите проповеди на словенски јазик.

 

Откривањето на репрезентативниот храм на Брегалница недалеку од Крупиште, со инкорпорираната крстовидна црква во јужниот анекс, укажува дека Големата црква е посветена на општиот култ на Евхаристијата а крстовидната црква определена за култ на мартири. Платформата што ја опкружува ambulacrum била наменета за сместување на ковчезите со мошти или реликвии на маченици. Овој аранжман во едикулата бил препокриен со еден тип балдахин, чии мермерни колони што ја носеле конструкцијата се најдени со истражувањата.

 

Анализата на архитектонските елементи на откриените источни партии на Големиот храм на Брегалница укажува дека црквата била изградена истовремено co Martyrium-от. Мермерните плочи co кои е изградена платформата на конструкцијата и мермерните колоии што го носеле балдахинот над неа се обележени co многу знаци, крстови и глаголски и кирилски букви.

 

На архитектонската пластика на целиот истражуван простор на црквата овие одбележувања се повторуваат. Знаци наоѓаме и на градежните камени блокови и на градежната керамика. На нивото на подот над канцелот е откриена монета од типот на Лeo VI (886—912). Целокупната археолошка евиденција укажува дека храмот на Брегалница е подигнат во втората половина на IX и во почетокот на X век.

 

Литературните и историските извори јасно нѐ известуваат дека токму по ова време се изведува пренесување на моштите на Петнаесетте тивериополски маченици од Струмица на Брегалница. Поради тоа сме на мислење дека оваа црква го претставува Катедралниот храм на Брегалница подигнат за сместување на Струмичките мартири.

 

Сo подигањето на катедралниот храм co Martyrium на Брегалница и co изградбата на бројни црковни градби во градот и во блиската околина,

 

 

56. Grabar, ор. cit. 37—44; Babić, ор. cit. 36.

 

57. Теофилакт, Мъченичеството, 261—263.

 

58. ibid. 266.

 

59. Ibid. 264.

 

162

 

 

кон крајот на IX и на почетокот на X век е формиран првиот црковен, просветно-културен и книжевен центар и е основана првата словенска епископија во Македонија.

 

Овој епископски центар не е формиран само за областите по Брегалница, туку за цела Македонија и за соседните области во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Оваа епископска епархија имала за задача не само да го шири христијанството, туку да ја распространува словенската писменост и култура и да ја осамостојува црковната хиерархија, што е спроведено уште при изградувањето на катедралниот храм со Martyrium-от, за што мошне одредено нѐ известува Теофилакт.

 

Треба да се спомене дека овие територии биле најмногу изложени на византиското влијание бидејќи се наоѓале крај границите на Византиската империја, па поради тоа и ваква осмислена и содржајно исполнета црковна организација веќе од средината на IX век и почетокот на X век.

 

Епископијата на Брегалница е основана во област со многу разурнати ранохристијански храмови, на територија на која постоела стара црковна традиција со добра организација, раководена од два епископска центра, во Баргала и Запара. [60]

 

Со цел да ce зајакне, a со тоа да се оформи на Брегалница силен словенски црковен центар и културно и просветно жариште, пренесени се моштите на прочуените Тивериополски струмички маченици од Струмица во катедралниот новоизграден храм на Брегалница. [61] Црквата е одново подигната по повод пренесувањето на моштите на мачениците. Со тоа се ставени темелите на првата словенска црковна организација на Балканскиот Полуостров.

 

Епископијата на Брегалница, збогатена со култот на Струмичките маченици [62] загинати за Христовата вера, според пишувањето на Теофилакт, во текот на прогоните на христијаните за време на императорот Јулијан Апостата (361—363), требало да биде vis-à-vis Солун приближно на исто ниво, но како голем словенски центар.

 

Што ce однесува до Солун, познато е дека градот претставувал уште во ранохристијанскиот и, подоцна, во византискиот период голем стратешски, политички, црковен и културен центар на Балканскиот Полуостров. Toj имал посебно значење и по апостолската традиција, бидејќи во него четири пати престојувал апостолот Павле. [62а] Градот бил збогатен и со култот на св. Димитрија. Колку бил важен овој култ за градот и за црквата укажува податокот дека делови од моштите на св. Димитрија се пренесувани дури во Цариград. [63]

 

Организационо поставена опоред правилата и нормите на византиската црква од IX—X век, која се потпира врз традициите на ранохристијанскиот IV—VI век, [64] Епископијата на Брегалница со репрезентативниот катедрален храм во кој е инкорпорирана црквата — Магtyrium посветена на Струмичките маченици, станува прва словенска епископска епархија во Македонија и во соседните области во централниот дел на Балканот.

 

Изборот на градот за прво словенско епископско седиште и црковен и културен центар недалеку од Крупиште не е случаен. Овој град по име Равен, на кој уште Куник укажува како на подоцнежно

 

 

60. Алексова, Баргала, 85—120; idem. Крупиште, 85—100.

 

61. Теофилакт, Мъченичеството, 264.

 

62. Ibid. 239—269; За култот на Тивериополските-Струмички маченици види: Vukanović, The Legend, 45—76; Грозданов, Портрети, 129—132.

 

62a. Lemerle, Philippes, 362; Поповић, Црквена историја, 182—190 и н.

 

63. Grabar, Martyrium I, 41.

 

64. Babić, Les Chapelles, 37.

 

163

 

 

епископско седиште, имал исто како и Солун, покрај стратегиско, стопанско и културно значење, и силна мисионерска традиција, бидејќи во него се развивала културно-просветната мисионерска дејност на Константин Кирил меѓу Словените.

 

Досега откриените архитектонски и во голем број палеографски споменици ни даваат можност да укажеме на основањето на првата словенска епископија на Брегалница во градот Равен, што се наоѓал недалеку од Крупиште, град што станува прв словенски културно-просветен центар во Македонија.

 

Култот на Петнаесетте струмички маченици е создаден во Струмица во втората половина на IV век, на почвата на Македонија. Toj се родил во градот каде мартирите загинале за Христовата вера и каде се погребани на градските гробишта Sub Divo и тоа во една area martyris. За нив е изградена централна гробница под земја, во која на западната страна се насликани до појас. Другите маченици се погребани покрај оваа гробница.

 

Теофилакт нѐ известува за времето на нивното страдање, погребот, славењето и нивните чуда, што е составен дел на создавањето на култот. Toj нѐ известува и за имињата на настраданите мартири, за кои Цв. Грозданов констатира дека се по ист ред претставени на фреско-живописот во централната гробница. [65]

 

Овие гробови на мачениците биле обележени и почитувани од верниците. По верскиот мир и признавањето на христијанството за државна религија, над гробовите на мачениците ad corpus е подигнат еден Martyrium кој подоцна станал голема црква во која централното место го заземала засводената гробница.

 

Постои можност храмот изграден над гробот на мачениците да имал базиликален план. Но дали тој го претставува првобитниот архитектонски објект над гробовите на мачениците, треба да покажат понатамошните детални истражувања.

 

Подоцна оваа црква е ремоделирана и над гробовите на мачениците е изграден објект од типот впишан крст во правоаголник со централна купола и четири куполи над формираните простории по аглите. Овој тип на цркви Martyrium-и е карактеристичен за Јустинијановата епоха во целата Империја и во провинциите, па и на Балканот. Како прототип на сите учени им служи црквата Хосиос Давид во Солун, датирана во V—VI век, [66] поради што претполагаме дека обновата на црквата над гробовите на мачениците би можела да стане во времето на Јустинијановата епоха, обележана со засилена градежна дејност и обнова на многу светилишта во целата Империја и на Балканот. Не е исклучено дека црквата настрадала во големите инвазии на народите од север и нејзините урнатини се обновени со оживувањето на култот на Петнаесетте струмички маченици во IX—X век.

 

Колку бил вкоренет и почитуван култот на Струмичките маченици во Македонија укажува неговото споменување во повеќе литературни извори. Одбележувањето на нивното славење и празнување во Асемановото евангелие и Мачеништвото од Теофилакт укажува дека култот на овие маченици постоел во IX—X век, па низ досега откриените историски и литературни податоци се до XVIII—XIX век. [66а]

 

Со археолошките истражувања и ископувања во Струмица и на Брегалница се откриени двата храма посветени на Струмичките маченици,

 

 

65. Грозданов портрети, 127—135, 160, 161; idem. Месецослов, 13—29.

 

66. Grabar, Martyrium I, Hosios David или Hristos Latom, 164, 165 и н.;

Evyenidou, Latomus Monastery, 68—75; Krautheimer, Architecture, 186—200 и н.

 

66a. Види ги цитираните литературни податоци: Дел VII, бел. 7, 8, 14—18.

 

164

 

 

кои ги потврдија податоците што ни ги дава Теофилакт. Двата храма посветени на овие мартири се крстовидни градби, меѓутоа со карактеристични особености и архитектонски елементи, што придонесува да припаѓаат на различни типови и укажува на времето на нивната изградба. A тоа се карактеристиките и особеностите на градбите подигнати во Константинопол и во провинциите на Царството.

 

Култот на Струмичките маченици придонесувал за славата на градот во кој биле закопани. На тоа укажува и податокот кај Теофилакт кој нѐ известува за противставување на струмичани на Брегалница да бидат пренесени моштите само на неколку маченици.

 

Многубројните архитектонски објекти од сакрален и профан карактер му припаѓаат на големиот град расположен покрај Брегалница, на кој Теофилакт не му го одбележува името, a го споменува како град. Мислам дека тоа е избегнато намерно, бидејќи градот претставувал голем словенски центар со мисионерска традиција во која се ставени темелите на покрстувањето и е создадена првата словенска азбука кај Словените во Македонија и на Балканот. A тоа можел да биде само градот Равен спомнат во сите преписи на Солунската легенда.

 

Градот бил опкружен со високи ѕидови и кули, расположен крај Брегалница на рамното Овче Поле, кое било пошумено и испресечено со притоките на Брегалница, со многу извори со здрава студена вода и на места со термални води [66б] кои и до денес не пресушиле.

 

Во храмот на Брегалница се изведувани две служби. Едната посветена на генералниот култ на Евхаристијата и посебна служба определена и посветена на Струмичките маченици. Па така култот што се славел во оваа црква не бил ограничен само на Струмичките маченици, бидејќи споменикот претставувал една од главните цркви во Епископијата на Брегалница.

 

Да споменеме како пример дека во IX век прочуениот патријарх Фотиј во Константинопол им го презентирал, помеѓу другото на пратениците од Рим — Латините славењето на повеќе служби во ист ден и во ист олтар. [67]

 

Катедралната црква на Брегалница ги следи современите манири во византиската архитектура, кај кој црквите — Martyrium-и се поставуваат во зглавјето на храмовите посветени на општиот култ или отстрана, покрај црквата, во посебни анекси или капели. Ова го карактеризира времето на IX—X век. Во ваквите Martyrium-и обично се пренесени мошти или реликвии на маченици загинати во прогоните на христијаните.

 

Збогатениот катедрален храм на Брегалница со моштите на прочуените Струмички мартири, чиј култ е создаден уште од втората половина на IV век во Струмица, станува голем центар за ходочастие во Македонија и во соседните области густо населени со Словени. Со ова се поставени темелите на првата словенска епископија во Македонија и на Балканот, која станува центар за покрстување на Словените во овие области и лулка на словенската писменост и култура.

 

 

66b. Цвијић, Основе, 200—229, 216, 224, 225; Davies, Roman Mines, 227.

 

67. Babić, Les Chapelles, 9 и н.

 

165

 

 

 

ПРИЛОГ КОН РЕШАВАЊЕ НА ПРАШАЊЕТО ЗА МЕСТОТО НА КЛИМЕНТОВАТА ЕПИСКОПСКА ЕПАРХИЈА

 

Прашањето за местото каде што се наоѓала Климентовата епископска диецеза е во центарот на интересирањето во светската славистичка наука уште од средината на XIX век. Бројните изворни податоци на многу учени им послужија за повеќе претпоставки во барањето на епископската епархија на Климент. Голем број од славистите Климентовата епископија ја бараат од јадранскиот брег до Солун и Скопје, a друга група учени западно од Родопите. [68]

 

Новите археолошки истражувања и ископувања, со кои се откриени бројни архитектонски црковни споменици од раното градителство на македонските Словени по Брегалница и изворните податоци врзани за Климент како епископ, меѓусебно во голема мера се надополнуваат. Овие нови археолошки откривања ќе придонесат за определување на местоположбата што ја зафаќала Климентовата епископска диецеза. [69]

 

Климент со другите ученици на Кирил и Методиј доаѓа во Македонија во 886 година. Пространото житие на Климент Охридски нѐ известува дека по седумгодишна просветна работа во Деволскиот комитат е поставен од Симеона 893/4 година за епископ на Дремвица или Велица [70] „ἐπισκοπον Δρεμβιτζας ῆτοι Βελιτζας προβάλλεται". Со тоа назначување Климент станал „прв епископ на словенски јазик". [71] Овде се споменува како Климент се вракал од Велика во Охрид, што се објаснува со оддалеченоста на неговата епархија од Охрид.

 

Краткото житие на Климент нѐ известува дека Климент станал епископ на цел Илирик и на земјите со словенски јазик.

 

 

Диканжовиот каталог, наречен список на архиепископи на грчки јазик, е од средината на XII век, a е зачуван во единствен препис од XIII век. Во Каталогот на прво место се споменува Климент меѓу имињата на архијереите од Охридската архиеписхопија-патријаршија од крајот на IX век до крајот на XI век, како епископ на Тивериопол — Струмица или(и) Велика. „Κλήμης γενόμενος ἐπὶσκοπος Τιβεριουπύλεως ἤτιο βελὶκας" Ce споменува дека бил задолжен да врши надзор и на третиот дел на Царството, од Солун до Јерихо и Канина или(и) Тасипијат. [72]

 

Ив. Дујчев, коментирајќи ги овие податоци, одбележува деха Климент е поставен за црковен поглавар во југозападните области на земјата околу 886 година, за време на кнез Борис-Михаил, а издигнат во чин епископ околу 893— 894 година, за време на Симеон. За определување на двете имиња на епископијата во научната литература се водат долги расправи. [73]

 

 

68. Коледаров, КМЕ, Епархия, 655—662; Томоски, Топографијата, 149—156.

 

69. Туницки, Св. Климент, 194; Снегаров, По въпроса, 291. Во оваа своја студија со богата литература укажува дека дејноста на Климент е концентрирана на Брегалница, со што ce согласува со укажувањата на В. Јагиќ од 1880 година и епархијата на Климент ја локализира во централна Македонија, 291—305.

 

70. Снегаров, op. cit. 291, бел. 2, според охридскиот препис на Житието.

 

71. Ibid. 291.

 

72. Дуичев Дуйчев, КМЕ, Диканжовиот Дюканжовият каталог, 627.

 

73. Ibid. 627.

 

166

 

 

Титулата на Климент е задржана во неколку домашни извори:

 

— Во Успение Кирилово

 

— Во месецословот на Асемановото евангелие под 27 јули

 

и во пофалните слова на Климент Охридски за Јован Крстител, за Цветната недела и др. [74]

 

Според Диканжовиот каталог, повеќе учени епархијата на Климента ja локализираат во струмичката област. В. Јагиќ уште во 1880 година укажува дека Климент бил активен на Брегалница. [75] Ив. Снегаров во својата посебна студија, разгледувајќи го предлогот на В. Јагиќ, ја лоцира епархијата на Климент во централна Македонија, по текот на Вардар. [76] Е. Георгиев смета дека епархијата на Климент се наоѓала во Македонија, на големо пространство околу Охрид. [77]

 

Во епархиските списоци на Лав VI Филозоф (886—912) се појавуваат епархиите βελικιας βελικειας кои Е. Голубински веќе во 1885 година ги поврзува со епархијата на Климент. [78] Врз основа на на анализата на овие списоци, П. Коледаров ја определува епархијата на Климент во југозападните делови на Родопите и на името му дава значење на голема-висока-величествена-велика земја. [79]

 

Долгите расправи во науката на славистите за определување местото на епископската епархија на Климент мислам дека ќе ги решат археолошките истражувања, со кои се откриени материјални остатоци што ни даваат можност врз цврсти основи да го предложиме лоцирањето на Климентовата епископија.

 

Новите археолошки откритија на бројни архитектонски споменици од сакрален карактер, што ѝ припаѓаат на раната градителска дејност на македонските Словени по Брегалница и повеќето споменати историски и литературни податоци заемно се усогласуваат. Тие укажуваат дека разурнатите ранохристијански храмови во борбите при инвазиите на аваро-словенските племиња брзо се обновени од Словените по нивното населување во овие области. Голем број од овие споменици се обележани со многу знаци, графити, крстови и со глаголски и кирилски букви.

 

Брегалничката котлина, како што е повеќепати нагласено, поради својата географска положба, имала големо стратешко, политичко и економско значење во античкиот и византискиот период. [80] Во доцноантичката епоха овде се развиваат епископски црковни центри со многу изградени христијански храмови во јурисдикционите области, кои придонеле за брзото ширење на христијанството во овие делови на Источен Илирик.

 

По населувањето на Словените на Балканскиот Полуостров значењето на областите по средниот тек на Брегалница не е намалено. Овие територии играат мошне значајна улога во економскиот развој на земјата, бидејќи како што истакнуваме, тие биле поврзани со највиталната патна мрежа на Балканот.

 

Концентрацијата на многу црковни градби на територијата на старите ранохристијански епископии [81] имала решавачка улога овде да се

 

 

74. Коледаров, op. cit. 656.

 

75. Jagić, Slavische Philologie, 118, 304.

 

76. Снегаров, op. cit. 303, бел. 58; 304, 305.

 

77. Георгиев, Охридската книжовна школа, 58—63.

 

78. Голубински, Св. Константин и Мефодий, 57.

 

79. Коледаров, op. cit. 660, 661.

 

80. Цвијић, Основе, 228 и н.

 

81. Алексова, Баргала и средниот тек на Брегалница, 85—119.

 

167

 

 

организира првата самостојна црковна организација на Словените во Македонија.

 

Според традицијата на старата ранохристијанска епископија во Баргала, овде се организира првата словенска епископија на Брегалница, која станува голем и организиран црковен и просветен центар. За оваа епископија се гради храм во кој се сместени моштите на Тивериополските маченици-мартири, чиј култ бил добро познат и почитуван во поголемиот дел од Балканскиот Полуостров. Изградбата на црквата и пренесувањето на моштите станува за време на Борис и Климент. Црквата била опслужувана од клир обучен од Климент, што укажува на можност дека храмот бил подигнат по доаѓањето на Климент во Македонија. Второто пренесување на моштите станува за време на Симеон и Климент, кој во 893 година е назначен за епископ на Дремвица и Велика. [82]

 

Осветувањето на храмот во Епископијата на Брегалница со моштите на Петнаесетте тивериополски маченици има посебно значење. Се донесуваат мошти на светители со еден прочуен култ создаден на Балканот. [83] Со моштите на овие маченици, чудотворци и исцелители, прочуени во струмичката област, поставени се темелите на прзиот организиран епископски црковен центар на македонските Словени на Балканот. Оваа идеја е на црквата и на нејзиниот прв словенски просветител Климент. Властите му помагаат да ja оствари големата и генијална замисла, дело кое понатаму игра пресудна улога во развојот на самостојната црковна организација на Словените во Македонија и во осамостојувањето на другите словенски цркви на Балканскиот Полуостров. Со формирањето на овој прв самостоен словенски црковен центар на Брегалница се поставени основите за брзо покрстување на Словените во Македонија и пошироко на Балканот. Истовремено се поставени темелите на словенската писменост a со тоа и на развојот на книжевноста и на градителската дејност од сакрален карактер кај Словените.

 

Во Струмица и на Брегалница се наоѓаат двата храма на Тивериополските маченици-мартири. [84] Првиот подигнат над нивните гробови, a вториот за сместување на дел од нивните мошти.

 

Епископијата на реката Брегалница, спомената Проватска на Соборот во Цариград 879—880 година, [85] е Епископијата за која нѐ известува Теофилакт, [86] еднаш спомената според територијата каде што е расположена во Овче Поле, a потоа според реката на која што се наоѓа. Збогатена со моштите на Струмичките маченици, таа станува прва организирана епископска црковна организација на Словените во Македонија, опслужувана од клир создаден од Климент.

 

Тоа треба да биде епископијата од Диканжовиот каталог спомената под две имиња. [87] Тоа е името на Струмица, каде што се наоѓа црквата со гробовите на мачениците и името на епископијата на Брегалница, каде што се пренесени моштите на светителите. На мислење сме дека на истата епископија се однесува споменот во Пространото житие

 

 

82. Снегаров, По въпроса, 291.

 

83. Vukanović, The Legend, 45—76; Grozdanov, Portreti, 127—137; Панов, Струмичка област, 232—241, се осврнува од историски аспект.

 

84. Коцо-Миљковиќ Пепек, Резултати, 93—96; Грозданов, Месецослов, 13—18, и н.

 

85. Supra бел. 52.

 

86. Теофилакт, ор. cit. 261—263.

 

87. Дуичев Дуйчев, КМЕ, Диоканжовиот Дюканжовият каталог, 627.

 

168

 

 

на Климент, како Дремвица и Велица [88] или на Величка епископија во домашните извори. [89]

 

Климент е организатор на Величката епископија на реката Брегалница, првата словенска епископска епархија на Балканскиот Полуостров, која станала организиран центар за словенизирање на црквата, на просветата и книжевноста во Македонија и во соседните земји населени со Словени. Ова се потврдува во Краткото житие на Климент, каде што се споменува Климент како епископ на цел Илирик. [90]

 

Црквата на реката Брегалница кај Крупиште, посветена на култот на Сгрумичките маченици и црквата на Петнаесетте маченици во Струмица со своите седишта служеле за титулирање на епископијата на Климент под името Дремвица и Велица.

 

Новите археолошки откритија, историските и литературните податоци ни даваат можност епископската епархија Велика да ја лоцираме на Брегалница во подножјето на старата ранохристијанска епископија на Баргала, недалеку од Крупиште. Овде при крајот на IX век е изграден и организиран првиот црковен и културно-просветен центар кај Словените на Балканскиот Полуостров. Овој црковен епископски центар, како што веќе истакнавме, претставувал прва организирана самостојна црковна организација кај Словените населени на териториите северно од Солун.

 

Споменот во епархискиот каталог на Лав VI Филозоф [91] (886—912) на βδελικιας (βελικειας) која Е. Голубински ја поврзува со Велика, [92] не е исклучено дека би можела да се поврзе со Величката епископија, на чие чело се наоѓал од 893 година првиот словенски епископ Климент, [93] бидејќи нејзиното организирање и изградба се одвивале во тоа време.

 

Објаснувањето на П. Коледаров за значењето на зборот Велика мислам дека е прифатливо, [94] со тоа што на овој збор би додала и значење на крупен и Крупиште, спомената во 1354 година во Повелбата од Соборот одржан од Стефан Душан во Крупиште, Овче Поле. [95] За денешните жители на Крупиште, доселени од подалечни места, разурнатиот град е познат како Крупен град или Крупиште.

 

Што се однесува до територијата што ја зафаќала Величката епископија, [96] податокот од Краткото житие на Климент укажува дека Климент го зазема тронот на епископ на цел Илирик. Нашите археолошки истражувања за спомениците од IX—X век и во времето на Самоиловата црковна организација ни укажуваат на широк простор што го зафаќала епископијата на Климент северно од Солун, во централниот дел на Балканскиот Полуостров.

 

 

МАКЕДОНИЈА — ЛУЛКА НА ПРВАТА СЛОВЕНСКА ЦРКОВНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА БАЛКАНОТ

 

Во Macedonia Secunda, една од провинциите под јурисдикција (спомената во XI новела на Јустинијан) [97] на старата архиепископија Prima Iustiniana со две епископски седишта во Баргала и Запара, се ставени основите на словенската црковна организација. Во подножјето

 

 

88. Снегаров, По въпроса, 291, бел. 2, според охридскиот препис на Житието, гл. XX, 62.

 

89. Коледаров, ор. cit. 656.

 

90. Ibid. 656.

 

91. Дуийчев, ор. cit. 627.

 

92. Supra бел. 78.

 

93. Снегаров, По въпроса, 291, бел. 2; Дуийчев, ор. cit. 627.

 

94. Коледаров, ор. cit. 660.

 

95. Радојчић, Сабори, 141—143; Славева-Мошин, Крупишта, 67, 68, 82, 84, 86, 88, 199, 202, 214.

 

96. За овој посебно значаен проблем посебно ќе стане збор на друго место.

 

97. Љубинковић, Прима Јустинијана, 62, 70, бел. I.

 

169

 

 

на епископскиот град Баргала, недалеку од утоката на Злетовка во Брегалница, бездруго во градот Равен е основана првата словенска епископија на Балканот.

 

Изборот на градот не е случаен за организирање на овој црковен и културно-просветен центар. Разурнатиот доцноантички град со повеќе црковни градби, обновени за време на Јустинијановата градежна дејност, претставувал не само црковен, туку и значаен политички и стопански центар источно од Вардар во некогашната провинција Маcedonia Secunda.

 

Почетоците на организирање на црквата на Балканскиот Полуостров се стари. Јустинијан организирал во Тауризија недалеку од Бедеријана нов црковен центар во ранг на архиепискотшја. Сo тоа црковното и политичкото тежиште го пренесува од Солун во Prima Iustiniana. [98] Во текот на животот на овој црковен и управен центар политиката во врска со црковната организација меѓу Исток и Запад ја води архиепископот од Prima Iustiniana кој ja спроведува политиката на императорот. По пропаѓањето на овој црковен центар во Источен Илирик (од 602 година не се споменува) црковната и политичката управа повторно се пренесува во Солун. [99]

 

На некогашното подрачје на Јустинијановата архиепископија останал дел од преостанатото христијанско романизирано население и големите племенски словенски маси. Словенските племиња густо го населиле Балканскиот Полуостров и започнале да формираат свои државни организации. [100]

 

Нивното покрстување започнува во непосредниот допир со веќе христијанизираниот овет на Византија, потоа со влегувањето во наемничка служба во византиските воени единици, co „оган и меч" со експедициите што ги преземаат византиските владетели и со мисиите за покрстување што ги презема Западната црква организирана од папата и мисионерските акции организирани од страна на Византија.

 

Бездруго најзначаен мисионерски потфат за покрстувањето на Словените претставува мисијата на Константин Кирил Филозоф во 855 година, [101] и Латинската мисија од 866—869 година. [102] Оваа последнава била пратена од папата да дејствува на територијата на тогашната бугарска држава што зафаќала големи територии на Балканот. Според изворните податоци и откриените споменици, во текот на престојот на Латинската мисија биле изградени бројни црковни споменици, [103] обележени со карактеристичната симболика на Западната црква со латински натписи и букви.

 

Мисијата на Константин Кирил за покрстување на Словените на Балканот се одвивала, како што нѐ известуваат литературните и легендните изворни податоци, на реката Брегалница, во градот Равен. Последниве археолошки ископувања и истражувања укажуваат дека градот се онаоѓал недалеку од денешното Крупиште. [104]

 

 

98. Гранић, Архиепископија, 127 и н.; Љубинковић, Прима Јустинијана, 62—65, 70, бел. 1.

 

99. Гранић, ор. cit. 131—133, бел. 66; Баришић, Јустинијана Прима, 127; Љубинковиќ, ор. cit. 71.

 

100. Љубинковиќ ор. cit. 67 и н.

 

101. Грашева, КМЕ I, 237—243.

 

102. Гиозелев Гюзелев, Историја История 2, 229. Црковната мисија испратена од римскиот папа предводена е од епископите: Формоза Портуенски и Павле Популонски 886—867; и Гримуалд Полимартијски, 869—870.

 

103. Ibid. 229.

 

104. Supra бел. 101 и опширно напред во текстот за Брегалничката мисија.

 

170

 

 

Оваа просветно-културна мисија за покрстување на Брегалница оставила видни траги на архитектонските споменици во самиот град и во пошироката околина. Тоа се палеографските споменици на кои, покрај загадочните знаци и „чрти и рези" за кои не известува Черноризец Храбар, ги наоѓаме првите глаголски букви на Кирил, букви од првиот словенски алфабет создаден за Словените.

 

Досегашните наоди на вакви споменици на поширокото подрачје источно од Вардар и североисточно од базенот на Брегалница укажува дека оваа културно-просветна дејност зафатила големи територии во Македонија.

 

Мисионерските акции на Балканскиот Полуостров и веќе големиот број покрстени Словени придонесуваат да узрее мислата за потребата од организирана црковна институција, која самостојно ќе ја развива акцијата за покрстување меѓу Словените, ќе ги вади сите цркавно-правни работи од својот домен и ќе ја насочува градителската дејност од црковен карактер на својата територија. Бездруго во ова голем удел имаат и амбициите за создавање на поголеми државни организации на Балканот, што е посебно изразено со формирањето на првите државни јадра, така што многу рано се укажува потреба од создавање на црковна организација на Балканскиот Полуостров.

 

Околу правата на јурисдикцијата над нивната црква, на Цариградскиот собор 879—880 година меѓу Рим, односно папата и неговите пратеници и византискиот император и цариградскиот патријарх и претставниците на источните цркви, ce водени остри и долги преговори. [105] Црквата во тогашната бугарска држава живеела во сенката на овој собор, [106] што бил пресуден за натамошниот самостоен развој на црковната организација на некогашната територија на архиепископијата Prima Iustiniana во Источен Илирик.

 

Р. Љубинковиќ, врз основа на анализата на изворните податоци од XII—XIII век, заклучува дека првата словенска црква на Балканот и подоцнежната Охридска архиепископија се засновани врз правните основи утврдени за време на цар Јустинијан и тие цркви претставуваат историски метаморфози на една иста Јустинијанова правна одлука. Според Теодор Валсамон, таа одлука е СХХХI Јустинијанова новела. Таа нашла место и во зборникот на важечките закони во првите години на владеењето на Лав VI (886—912), позната под името Василика. [107]

 

Од ова произлегува дека организацијата на првата словенска црква на Балканот претставува континуитет на правата на веќе создадената црковна организација Prima Iustiniana од императорот Јустинијан, со една мошне значајна разлика што оваа црква носи чисто словенско обележје. Нејзиниот епископ, клирот и верниците се од новонаселените Словени. Нејзиното писмо е словенско, прво глаголско, a потоа кирилско.

 

Организирањето на Епископијата на Брегалница претставува почеток на првата организирана словенска црква на Балканот. Кооптирањето на Јустинијановата СХХХI новела во Василиките и Валсамоновото поврзување на таа новела со тогашната бугарска црква и Охридската архиепископија, што го дал во коментарот на Псевдо-Фотиевиот Номоканон, претставува, според Р. Љубинковиќ, реална слика на правната

 

 

105. Љубинковић, Прима Јустинијана, 67, бел. 24. Цитирани: Mansi, Sacrorum Conciliorum T. XVII, col. 571 и н.; Ј. Hefélé — H. Leclercq, DACL, Histoire des conciles, t. IV/X, 1911, 585 и н.

 

106. Љубинковић, Прима Јустинијана, 64.

 

107. Љубинковиќ, Прима Јустинијана, 64—67.

 

171

 

 

состојба, бидејќи ставот е прифатен од страна на официјалните фактори и вклучен во официјалните законски црковни и световни зборници на Византиската империја. [108]

 

Во Сигилионите на Василиј II правата на Охридската архиепископија не се доведени во врска co правата на Prima Iustiniana. Меѓутоа, тоа не може да ги обезвредни тврдењата на официјалните законски зборници. Самите Сигилиони со ограничен правен дострел на можеле да содржат такви податоци. [109]

 

Во заднината на првата словенска црковна организација и на Охридската архиепископија на територијата на некогашниот Источен Илирик и на архиепископијата Prima Iustiniana стои од почетокот Јустинијановиот правен акт — СХХХI на Јустинијановата новела. [110]

 

Во сложената црковна и политичка положба на Балканскиот Полуостров во Македонија започнува организирање и создавање на првата словенска црковна организација. Тоа станува со доаѓањето на Климент со другите бегалци од Моравија во Македонија, во 886 година. Со неговото стапнување на почвата на Македонија започнуваат подготовките за организирање и создавање на првата словенска црква на Балканот.

 

За седиште на првата словенска епископија е избран градот Равен на Брегалница, каде што се одвивала мисионерската дејност на Кирил за покрстување меѓу Словените. Започнува обнова и изградба на градот со повеќе црковни и јавни градби. Се гради одново катедрален храм co Martyrium во кој се сместени моштите и реликвиите на прочуените Петнаесетте тивериополски струмички маченици загината за Христовата вера во Струмица.

 

Тоа е епископијата на Брегалница, Великата βελικιας епископија, првата словенска црковна организација создадена на Балканокиот Полуостров, организирана северно од Солун, на територијата каде што порано била создадена архиепископијата Prima Iustiniana.

 

Солун, како во ранохристијанската, така и во византиската епоха, останал силно црковно и политичко средиште. Неговата црква, што настанала во текот на организационата epa на христијанството и за време на верските собори, уживала углед низ векови како стара црковна установа што го победила паганството и го афирмирала христијанството и неговите институции. [111]

 

Историјата на црквата се повторува. На територијата северно од Солун, густо населена со словенски племиња, од кои голем број веќе преведени во христијанство, се поставени темелите на првата Словенска црковна организација наспроти црквата на една од византиските метрополи. Збогатена е co првото словенско писмо — глаголицата, a потоа и кирилицата, со чии букви се обележени фасадите на обновените и на новоизградените црковни градби, бедемите на тврдините и другите споменици и надгробни плочи.

 

Територијата што ја зафаќала првата словенска епископија на Брегалница не е ограничена на мало пространство. Големите и темелните подготовки за нејзиното организирање и основање и поставување на Климент за нејзин прв словенски епископ во 893 година, не се замислени за мала и изолирана територија, како што мислат некои учени, туку за пространи области северно од Солун населени co Словени. На

 

 

108. Љубинковиќ Љубинковић, Прима Јустинијана, 73, 76.

 

109. Љубинковић, Прима Јустинијана, 73—75; idem. Прилог, 127.

 

110. Љубинковић, Прима Јустинијана, 75, бел. 60.

 

111. Ibid. 64.

 

172

 

 

ова укажуваат и изворните податоци што го споменуваат Климент како епископ на цел Илирик. Тоа го потврдуваат и новите археолошки откритија.

 

Великата словенска прва епископија се наоѓала на Брегалница, кај Крупиште каде што е создаден голем црковен и просветен центар. За териториите што биле под нејзина јурисдикција има укажано уште Ј. Иванов. Досегашниве откритија укажуваат на пошироки територии. Ги зафаќала областите по оската југ-север, северно од Солун. Археолошките истражувања треба да ги прецизираат тие граници бидејќи црковните споменици на првата организирана словенска црква носат јасни белези и знаци. Останува систематски да ги откриваме и да ги разбереме тие нивни пораки.

 

Нашите нови откритија и богатите литературни изворни податоци ја надополнуваат извонредната студија на Р. Љубинковиќ. На некогашната територија на архиепископијата Prima Iustiniana, северно од Солун е формирана првата словенска црковна организација на територијата на Македонија и на Балканот. Таа подоцна за време на Самоил израснува во самостојна црковна организација во ранг на патријаршија и подоцна, по пропаѓањето на Самоиловата држава, останува со статус на автокефална архиепископија. Титулирањето на нејзините архиепископи од XII—XIII век е сосема оправдано според Р. Љубинковиќ. [112] „αρχιεπισκοπος πρωτος Ἰουστινιανης".

 

 

112. Досегашните наши археолошки истражувања и откривања ги надополнуваат анализите и проверката на изворите во извонредната студија на Радивоје Љубинковиќ Љубинковић, Традиције Приме Јустинијане у титулатури Охридских архиепископа, со чии заклучоци со задоволство се послуживме со желба да ги надополниме со археолошките откривања, кои придонесуваат основниот заклучок на авторот да се потврди, дека во позадината на првата словенска црква на Балканот и на Охридската архиепископија стои од почетокот Јустинијановиот правен акт—СХХХI на Јустинијановата новела.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]