Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија

Блага Алексова

 

8. (Култот на Струмичките маченици)

 

 

Прочуениот култ на Петнаесетте тивериополски струмички маченици во научната литература до неодамна се следеше преку историските и литературните извори. Откривањето во Струмица на црквата посветена на овие маченици со нивните гробови, со претставите на нивните ликови во централната гробница на храмот, [1] дава нови можности за согледување на создавањето на овој култ на Балканскиот Полуостров, и тоа на местото на денешна Струмица. Во продолжувањето на славењето на овој култ во текот на IX—X век и подоцна во Македонија и пошироко и за негова поголема афирмација посебна улога одиграла Епископијата на Брегалница со неодамна откриената голема катедрална црква со Martyrium. Еден од храмовите на Брегалница е одново изграден со инкорпорирана посебна црква Martyrium во која се закопани дел од моштите на Струмичките маченици. [2]

 

Цв. Грозданов, претставувајќи ги и детално анализирајќи ги ликовните претстави на Петнаесетте мартири во централната гробница во храмот во Струмица, со право се задржува на прашањето за почетоците на појавата на овој култ на Балканот. [3]

 

Разгледувајќи ги досега објавените податоци за откривањето на црквата посветена на Петнаесетте струмички маченици и податоците во литературните извори, ќе се обидеме да придонесеме за решавање на почетоците на создавањето на овој култ во Струмица и да укажеме на причините што придонеле за неговото пренесување и славење во Епископијата на Брегалница.

 

Првото споменување за култот на Петнаесетте струмички маченици се наоѓа во Охридското глаголско Асеманово евангелие од крајот на X и почетокот на XI век. [4] Во месецословот што е додаток на евангелието, на 29 август се одбележува поменот на Струмичките мартири: Тимотеј, Теодор, Евсевиј „и дружине их". [5] Во Охридскиот апостол од крајот на XII век се слават: Тимотеј, Комасиј, Евсевиј, Теодор, Петар „и инъх". [6]

 

Синаксарот на Асемановото евангелие, како и најстарите календари при евангелија и апостоли не определуваат помени на светци за секој ден. Според Бл. Конески, тоа значи дека се работи за еден тесен избор на најзначајните личности и настани што заслужуваат прослава. Во изборот на празнувањето се водело сметка за претсловенските традиции сврзани за нашиов терен, што се гледа од определувањето на поменот на епископот Еразмо на 2 јуни и за Тивериополските струмички маченици на 29 август. [7]

 

Ова сведоштво во глаголското Асеманово евангелие му претходело на текстот на Мачеништвото на Тивериополските струмички мартири од Теофилакт. [8] Мачениците, според Теофилакт Охридски, настрадале во прогоните на христијаните за време на Јулијан Апостата (361—363). Четворица од мачениците, Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор, тогаш побегнале од Никеја во Солун, a потоа во Тивериопол — Струмица.

 

 

1. Коцо-Миљковиќ Пепек-Алексова, Првите резултати, 43—44.

Коцо-Миљковиќ Пепек, Резултати, 93—96.

 

2. Алексова, Брегалница,

 

3. Грозданов, Портрети, 127—137, 136. Задоволство ми е што можев да се послужам со богатата студија на авторот, Портретите на светителите во Македонија. посебно со II дел — Петнаесетте струмички маченици во ликовната уметност, каде ни ги презентира изворните податоци и ликовната опсервација и дава анализа на претставите во гробницата на црквата посветена на Струмичките маченици.

 

4. Kurz, Evangelarium, 1955; Десподова—Славева, Ракописи, 54, 55.

 

5. Ibid. 310.

 

6. Грозданов, Портрети, 127, бел. 5.

 

7. Конески, Комеморација, 64—65.

 

8. Теофилакт, Мъченичеството, 239—269.

 

121

 

 

Ним им се придружиле и другите проповедници, a подоцна сите заедно настрадале во прогоните на христијаните. [9]

 

Пренесувањето на моштите на Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и подоцна на Сократ и Теодор од Тивериопол во Епископијата на Брегалница, каде одново бил изграден катедрален храм за сместување на моштите на овие светители, претставува оживување на култот на Струмичките мартири во Македонија, која се наоѓала во тогашните граници на бугарската држава под кнез Борис и Симеон.

 

Клирот назначен во црквата на Брегалница, обучен да врши служба на словенски јазик, е од редот на учениците на Климент, на чие оспособување работи од 886 година во Охридско-деволскиот крај. [10] Пренесувањето на моштите на Струмичките маченици во Епискогшјата на Брегалница е голема идеја на Климент за збогатување на Епископијата со моштите на прочуениот култ, a со тоа и за создавање на еден црковен и силен културно-просветен центар со словенско обележје наспроти византиското црковно и културно средиште во една од метрополите на Византија, Солун.

 

На формирањето на оваа Епископија на Брегалница претходеле организирани и осмислени подготовки. По целиот среден тек на Брегалница се обновени разурнатите црковни градби. Обновени се разурнатите бедеми на тврдините на градовите во Баргала и на големиот град кај Крупиште и Балван. За сместување на моштите на Струмичките маченици е изградена крстовидна култна црква инкорпорирана во големиот катедрален храм. Во градот на Брегалница се изградени многу јавни градби со раскошно внатрешно уредување од бел мермер. Од Климент се обучени голем број ученици да вршат богослужба на словенски јазик. Така Брегалница станува еден од големите црковни и просветни центри во Македанија, чија епископија имала задача да ги шири христијанството, писменоста и просветата на словенски јазик.

 

Духовниот инспиратор и вистинскиот организатор на првата словенска епископија во Македонија, Климент, во 893 година застанува на нејзино чело. Од кнез Симеон е назначен за епископ на Велица и Дрембица, [11] што со нашето проучување ги идентификуваме со Епископијата во Струмица и на Брегалница. Оваа последнава ја убицираме недалеку од Крупиште. Сите досега откриени црковни градби во градот и по Брегалница се одбележени со знаци, графити, крстови и со словенски глаголски и кирилски букви, откриени на архитектонската пластика и на градежниот материјал. Ова одбележување претставува стремеж да се даде словенски печат на христијансжите споменици, што е главна идеја на Климент уште од неговото доаѓање во Македонија во 886 година.

 

Врз основа на овие излагања станува јасно дека култот на Струмичките маченици е обновен и му е посветено посебно внимание од Климент во IX—X век. Овој култ, освен во струмичкиот од каде потекнува, има свое жариште и во брегалничкиот и охридскиот крај. Споменот на Струмичките маченици во Асемановото евангелие и во Мачеништвото на Теофилакт претставува уште една потврда за обновата на овој култ во Климентово време во источните области во Македонија и силен одзив во Охридската книжевна школа. [12]

 

Цв. Грозданов, разгледувајќи го прашањето за потеклото на името на градот Тивериопол во научната литература, со право одбележува дека

 

 

9. Ibid. 245—250.

 

10. Ibid, 264.

 

11. За Епископијата на Брегалница види во завршните разгледувања.

 

12. Грозданов, Портрети, 127, 128.

 

122

 

 

култот на Петнаесетте струмички маченици, почнувајќи од втората половина на IX век, претставува реалност шо не може да се затемнува со претпоставките за потеклото на името Тивержшол. Култот на овие маченици постоел во IX—X век, заклучува авторот, па поради тоа и одбележувањето на нивното празнување во Асемановото евангелие. [13]

 

Колку била силна традицијата за култот на Петнаесетте струмички маченици покажува податокот што Константин Кавасила, како струмички епископ, кон средината на XIII век напишал два канона за Струмичките мартири во кои се споменува црквата на Струмичките маченици. [14]

 

Т. Вукановиќ ја објавува службата на Струмичките маченици на словенски јазик од XIV и XVII век. [15] Во грамотата на Стефан Душан од околу 1346—52 година наоѓаме податок, како го приложува струмичкиот храм на основаниот манастир Св. Арангели кај Призрен. [16]

 

Во досега накусо изложените литерарни податоци за создавањето, појавата и ширењето на култот на струмичките маченици на територијата на Македонија се гледа дека култот на оваа територија живее од ранохристијанската епоха, т.е. од времето на неговото создавање па сѐ до XIV век и подоцна. Печатењето на нивната служба во Москополе во 1741 година и преписите на службата и житието во XVIII век зборуваат за континуирано присуство на овој култ. [17]

 

Ликовни претстави на мачениците, освен ликовите во централната гробница во црквата во Струмица се познати на една икона од Радовиш од 1828 година. [18] Епитафи или некакви други одбележувања на иивните гробови засега нема.

 

Откриената црква на Петнаесетте мартири во Струмица е изградена над нивните гробови. Откриени се 16 засводени гробници, од кои се споменати само три што се наоѓале во наосот и нартексот на црквата. [19] Истражените гробници, по своето архитектонско решение на планот и начинот на изведувањето на конструкцијата, се карактеристични за гробната архитектура во доцноантичкиот период. На ова укажуваат голем број откриени гробници на нашата територија. [20]

 

Во централниот дел под наосот на крстовидната црква се наоѓа една засводена гробница, на чие чело од внатрешната страна се наоѓаат насликани Петнаесетте маченици. [21] Црквата и гробот се датирани во IX—X век, со спомнување дека крстовидната градба е подигната врз една трикорабна базилика чиј архитектонски план не е дефиниран. По уривањето на ранохристијанскиот објект авторите претполагаат дека споменатите гробници почнале да ce градат во текот на VI—VIII век. [22]

 

Откривањето на овој првокласен споменик со централната гробница во Струмица претставува посебен придонес за запознавање со изградбата на првите сакрални градби врз гробот на маченикот на Балканот

 

 

13. Ibid. 113.

 

14. ibid. 132, бел. 9.

 

15. Vukanović, Legende, 50—53, 58; Грозданов, Портрети, 127, бел. 2; 123, бел. 10, 12.

 

16. Новаковиќћ, Законски споменици, 695; Славева, Дипломатичко-правните споменици, 194—195, 198, 243, 397; Грозданов, ор cit. 132.

 

17. Грозданов, op. cit. 137.

 

18. Грозданов, op. cit. 137, сл. 40.

 

19. Лилчић, Гробници, 105—106, и изјавата на A. Цицимов и Ј. Ананиев.

 

20. Ibid. 106.

 

21. Грозданов. Портрети, 127—138.

 

22. Коцо-Миљковиќ Пепек, 93—96.

 

123

 

 

ји дава посебен придонес за создавањето на култот на Петнаесетте тивериополски струмички мартири во Македонија.

 

За почетоците на создавањето на култот на маченикот во престолнините на Империјата и повеќе во провинциите постои богата научна литература, во која веќе од II век наоѓаме како Хиполит, Тертулијан и Климент од Рим ги разликуваат мартирите од исповедниците. Со археолошките откривања и проучувања на натписите и епитафите над гробовите на мартирите, кои претставуваат богата изворна граѓа, доста јасно ce познати првите почетоци на гробните структури и градбите подигнати над нивните гробови. [23]

 

Познато е дека култот ce раѓа во градот каде што мартирот е закопан и првото уредување на култот на маченикот е местото со гробот на светителот на некрополите. [24] Мартирите се закопувани изолирано или во мали групи, во мали конструкции покриени и затворени, во гробови или крипти, кои станале центар на зоната за закопување на привилегираните и многу барани од верниците. [25]

 

Прва архитектонока комбинација пред Константиновата епоха претставуваат конструкциие подигнати долу, под земја, кои претставувале оформување на гроб со едикила или гробница, кадс што е погребано телото на оветецот. Често овие гробови станувале центар на култот. [26]

 

Триумфот на христијанската религија за време на Константин се манифестира со иницијатива на христијаните, што има голем одраз во архитектурата и уметноста. Како и христијанската религија, и самата христијанска уметност со голема брзина и експанзија зафаќа опширни територии по верскиот мир. [27]

 

Комеморативните светилишта со гробот на маченикот за потребите на еден општ култ во текот на V—VI се трансформираат во цркви кои продолжуваат да ги чуваат во својот центар реликвиите на гробот. [28]

 

Мачениците од Струмица загинале во втората половина на IV век како праповедници на Христовата вера. Тие биле закопани на гробиштата надвор од градот Sub Divo. Концентрацијата на 16 откриени гробници укажува дека телата на мачениците биле закопани во мала група, во една area martyris.

 

Во една од гробниците се насликани до појас по распоред каков што го наоѓаме одбележен кај Теофилакт. Ова е вообичаен манир на одбележување на гробовите на мартирите во раниот христијански период. Две ранохристијански гробници се откриени кај месноста Манастир во Демир Капија, на чие чело од внатрешната страна се насликани големи крстови со проширени краци.

 

Ваков начин на обележување со претстава на цели фигури во ставот orantes наоѓаме во катакомбите во Рим, во Priscila Kalisto, Coemeterium Majo и во Confessio на базиликата Св. Јован и Павле. [29]

 

Гробовите на Струмичките маченици биле обележени и почитувани од народот. По верскиот мир била изградена една архитектонска конструкција ad corpus, која подоцна станала голема црква во чиј централен дел ce наоѓала големата гробница со претставите на светителите.

 

 

23. Leclercq, DACL, Martyr, t. XII, 1932, col. 2359—2512; Martyrium, col. 2512—2523.

 

24. Duval, Loca Sanctorum, II, 455; Marin, L'inhumation, 221—233.

 

25. Ibid. 458.

 

26. Grabar, Martyrium, I, 66, 357; Duval, op. cit. 458.

 

27. Grabar, Art, 7—8.

 

28. Grabar, Martyrium, I, 361.

 

29. Grabar, Art, 114, 115—230.

 

124

 

 

Археолошките откритија покажуваат дека со еволуцијата над гробовите на мартирите, co додавање на странични сали е создадена базиликална градба, a подоцна и крстовидна црква од висок стил за поклониците.

 

Како добар пример за развојот на црковната архитектура над гробот на маченикот ни служи големата црква во Ефез од IV век, која од еден Martyrium co телото на светецот станала голема црква. [30]

 

Сите литургиски споменици-цркви, независни по својата архитектонска форма, кои можеле да останат верни на базиликата од ecclesiae од IV век или земале еден од централните типови на martyria, подоцна се асимилирале во генералниот култ. [31]

 

Анализата на група ориентални светилишта од Сирија и Грција укажува на потребата да се прави разлика меѓу култни цркви martyrium-и и цркви подигнати на литургиски план, кои служеле на еден генерален култ.

 

Како прв тип на Martyrium зголемен и приспособен за општиот култ, во текот на V—VI век, е големата црква Св. Апостоли во Константинопол. Таа им припаѓа на црквите формирани околу еден Martyrium, како храмот во Струмица, која продолжува да ги чува реликвиите на гробот. Култот што се славел во оваа црква не бил ограничен само на Св. Апостоли, бидејќи споменикот претставува една од главните цркви посветени на главниот култ во византиската престолнина. Големото светилиште ремоделирано и крсирано во VI век со пет куполи во Менелогијата на Василиј II (Библ. Ватикане), се одбележува како црква-Martyrium. [32]

 

Централната гробница co претставите на мачениците и другите гробници на мартирите се изградени за да бидат во нив положени телата на загинатите проповедници, подоцна прогласени за светители.

 

При градењето на гробниците биле насликани и нивните ликови во централната гробница која била обележена од надворешна страна со насликани крстови. [33] Анализата на сликарството изведено со широка палета на зачуваните ликови наоѓа аналогии со сликарството во баптистериумот на Епископската базилика од IV—V век во Стоби, како и на повеќе катакомби во Рим, [34] и со живописот од Старата епископска базилика во Стоби од IV век. [35]

 

Прва градежна структура на доцноантичката некропола во Струмица претставувале гробовите на мачениците. По верскиот мир над нивните гробови е изградена една црковна градба од типот на базилика, a подоцна една крстовидна црква. Овие мошне значајни археолошки остатоци ги потврдуваат податоците што ни ги дава Теофилакт. Мачениците што настрадале во Струмица биле закопани во истиот град. На почвата на Македонија е создаден нивниот култ и нивното славење. Поради тоа отпаѓа секоја претпоставка дека култот можел да биде пренесен од Мала Азија, [36] зашто, ако се работи за пренесување на веќе создаден култ на друга територија или друг град, можат да бидат пренесени само мошти или реликвии на маченици. Во тој случај за нив не се градат гробови, бидејќи од тоа нема потреба. Нивните реликвии не се сместуваат на

 

 

30. Grabar, Martyrium, I, 66, 357.

 

31. Grabar. op. cit. 347.

 

32. Grabar. op. cit. 361.

 

33. Грозданов, Портрети, 136; Gerke, Sarkofage; Farioli, Ravenna, Constantinopoli, fig. 8, 41 саркофази co крстови, на покривот.

 

34. Supra бел. 29.

 

35. Aleksova, Old Episcopal Basilica, 50—63.

 

36. Златарски, Легенда, 190—205; Грозданов, Портрети, 133, бел. 20.

 

125

 

 

гробиштата. За нив се градат конструкции од типот на Confessio или memoria, што е вообичаено во ранохристијанските базилики во сите медитерански земји. Познато е и кај нас во повеќе базилики во Стоби, така, во Централната базилика мошгите биле поставени во еден крстовиден изграден реликвијар. [37]

 

Подигањето на крстовидната црква над гробовите на мачениците околу централната гробница претставува обнова на овој прочуен храм посветен на мартирите. Не е познато дали крстовидната црква во правоаголно пространство е изградена заради проширување на постариот градежен објект или поради неговата руинираност. Бездруго археолошката евиденција дава за тоа извесни податоци. Но таа не е позната.

 

Подигањето на градби од крстовиден тип во квадрат или правоаголник со пет куполи во науката е примено како карактеристика за Јустинијановата градежна дејност. А. Грабар, разгледувајќи ја еволуцијата на градењето на црковни градби врз гробот на маченикот, одбележува дека е мошне значајно тоа што постои напредок во формирањето на градби засводени и покриени со кулоли од типот впишан крст. Тие се карактеристични за култните градби што ја одбележуваат Јустинијановата епоха, a понекогаш не исклучуваат и цркви од типот на базиликите во Сирија. [38]

 

Засилената градежна активност и обновата на црковни градби во престолнината Цариград и во провинциите за Јустинијаново време е добро позната во науката. Како прилог на оваа вистина служи и податокот за многу обновени и изградени цркви во брегалничката котлина, во јурисдикционите територии на епискотиите во Баргала и Запара. По тоа време прочуената култна црква над гробовите на Струмичките маченици можеби била обновена, бидејќи таа претставува класична крстовидна градба, впишана во правоаголник, карактеристична за времето за кое досега зборувавме.

 

Црквата била во урнатини, нѐ известува Теофилакт. [39] Постои можност да настрадала за време на аваро-словенските инвазии од север. Од средината на IX и почетокот на X век, со интензивното покрстување на Словените во Македонија, разурнатата црква е обновена над гробовите на Струмичките маченици, a со тоа е оживеан и нивниот култ меѓу Словените. За ова придонесува и формирањето на првата словенска епископија во Македонија раководена од првиот словенски епископ Климент.

 

Во времето од IX—X век во византиската престолнина Константинопол, во Грција и во оддалечените провинции, силно е распространето почитувањето на гробовите и реликвиите на мачениците загинати за Христовата вера, во текот на прогоните. Во ова време започнува обновата на старите култни цркви, a се градат и нови. Во новоизградените храмови на Исток било секундарно резервирано едно место за култот на маченикот кој обично бил прогласен за светител. Тоа обично биле анекси крај зглавјето на црквата, каде што биле поставени моштите или реликвиите на маченикот. [40]

 

Колку големо значење имало почитувањето на култот на Струмичките маченици се гледа од решението моштите на некои од мартирите да бидат пренесени од Струмица во Епископијата на Брегалница и со нив да биде осветена катедралната црква на првата словенска епископија во Македонија.

 

 

37. Мое, Cross, 148—157, р. 156 — Reliquary crypt for a saint's bones.

 

38. Grabar, Martyrium, I, 376.

 

39. Теофилакт, Мъченичеството, 256.

 

40. Babić, Les Chapelles, II, 79; Grabar, op. cit. 374.

 

126

 

 

Во новоизградениот катедрален храм во анексот десно од олтарот е инкорпорирана крстовидна култна црква-Martyrium за поставање на моштите на пренесените маченици. Храмот е откриен во 1984 година недалеку од Крупиште на Брегалница. Аранжманот на Martyrium-от го сочинува една полукружна платформа изградена од мермерни плочи и хидростатен малтер со амбулакрум што биле постелени со мермерни плочки, покриени со балдахин на четири мермерни столба обложени со знаци, крстови и словенски глаголски и кирилски букви. Целата конструкција била изведена по углед на старите првобитни Martyrium-и што ги чувале и ги славеле моштите на мачениците.

 

Струмица во доцноантичкиот период претставувала едно од поголемите епископски седишта северно од Солун и мошне значаен центар за покрстување во областите југоисточно од Вардар. Ова придонело Струмица и во словенскиот период да ја продолжи старата традиција на градот, како мошне значајна епископска епархија.

 

Во градот, покрај славењето на култот на Петнаесетте маченици, кои загинале во самиот град, се славел и прочуениот култ на Четириесетте маченици од Севастија. [41]

 

По сѐ изгледа дека градот Струмица, по углед на големите центри на малоазискиот и африканскиот брег, станал град на мартирите-Martyriopolis. [42] Во ваквите центри во прв ред се славеле мачениците што загинале во самиот град или во неговата блиска околина и над нив се подигале цркви Martyrium-и. Меѓутоа, во ваквите центри се славеле и реликвиите на прочуените мартири загинати за верата и за нив се подигале исто така посебни цркви. Честопати храмовите биле посветени на големиот култ на Евхаристијата, a го носеле името на светителот чии мошти биле положени во црквата. [43] Ваквите реликвии на ирочуени маченици претставувале голема драгоценост за самата црква, за градот и за целата епископска епархија, поради што постоело и големо интересирање за поседување на такви реликвии.

 

Неодамна во Банско кај Струмица е откриена црквата посветена на Четириесетте маченици од Севастија. [44] Црквата е од типот впишан крст во правоаголен простор. Трансверзалниот кораб, со трите раскошно решени апсиди што формираат тричлено светилиште, го претставува

 

 

41. Leclercq, DACL t. 14, 1948 Quarante Martyrs de Sebast, col 2003—2004; 2005— 2006. Според M. Fr. Cumont, војниците што загинале за верата во Себаст биле од Зимара на границите на Ерменија, другиге од околината на Зела, од друг крај. Себаст бил метропола на Мала Ерменија.

 

Прогоните за време на Лициниј се спроведени во армијата со голема жестина и со многу жртви. Тогаш загинале Severien, Eudoxe, Agape и група од 40 војници по свирепо мачење. Св. Василиј известува — col. 2438, дека овие мартири уште живи „биле предадени на огин a нивниот пепел бил фрлен в река", меѓутоа, сите не потонале. Нивните остатоци биле разграбени од верниците. На нивните реликвии им дале гостопримство и тие претставуваат чест на многу базилики. Според N. Bonwestel, Das Testament der Vierzig Martyrs. 76, мартирите од Себаст изразиле желба да бидат закопани заедно.

 

S. Gregoire, Homil. in sanctos XL Martyrs P. G. XLVI, col. 784 околу 380 година рекол „Пепелот и она што останало од огинот беше разделено и целиот свет учествуваше во благословот на овој свет трезор. Јас сам поседувам еден дел и јас сум ги положил телата на моите родители покрај реликвиите на овие војници."

 

S. Guadance, Seren XVII, Р. L., т. XX, col. 965. Св Василиј им дал неколку парчиња од реликвиите на двајца свои роднини кои се согласиле да му ги дадат на св. Guadance од Brescia. Toj ги засолнил во својата катедрала наречена CONCILIORUM SANCTORUM.

 

Реликвиите се среќаваат кај една жена во Константинопол, ѓакониса на сектата на Македонците. За време на Јустинијан се откриени реликвии во Константинопол. A св. Меланија Млада имала реликвии во својот ораториум во манастирот во Vitleem.

 

42. Grabar, Martyrium I, 363, fig. 92-Mayafarquin-Martyriopolis во северна Mecoпотамија; Duval, Loca Sanctorum II, 458 и н., 477 и н.

 

43. Грабар, ор. cit. 335—345 и н.

 

44. Miljković-Pepek, L'architecture, 491, pl. III №. 3.

 

127

 

 

источниот крак на крстот, додека коработ по должииата на централната апсида го формира источно-западниот крак. [45]

 

По својата општа концепција на планот црковниот објект на Четириесетте маченици во Струмица има идентично решение со катедралниот храм на Брегалница кај Крупиште. [46] Овој последниов, според досега откриените источни партии, претставува крстовидна црква впишана во правоаголник. Во својот аксијален крак таа има оформено виооки стилобати, на кои биле поставени столпци, два странични кораба што се отворени кон формираните анекси на источната страна. Од крајните ѕидови на нејзините странични анекси — пастофории, кон запад се изградени ѕидови што ja опкружуваат црквата и формираат широки коридори. Тие бездруго ja опкружуваат црквата и од нејзината западна страна, што треба да покажат понатамошните откритија.

 

Овие две црковни градби, според општата програма на архитектонското решение, му припаѓаат на типот крстовидни цркви впишани во правоаголник, со тоа што секоја од нив, според изведувањето на лланот, претставува посебна варијанта. Ова е условено со нивната наменска определба.

 

Црквата посветена на Четириесетте маченици е подигната за реликвиите на светиелите од Севастија, самата како црква Martyrium. Црквата на Брегалница, со источниот трансверзален кораб со низа од пет апсидални простори, има друга функционална определба. Централниот апсидален простор е посветен на општиот култ на Евхаристијата, a јужниот анекс до презвитериумот претставува друга инкорпорирана црква, крстовиден Martyrium посветена и наменета за сместување на моштите на неколку цели скелети на светители, co кои е осветен самиот храм. [47]

 

Цркви со слично крстовидно решение како црквата на Четириесетте маченици во Банско наоѓаме во западните делови на Балканот. Тоа е црквата во Мокрополе кај Книн, потоа Мајдан во Босна и Ловрешчина на Брач co обележје од VI—VII век. [48] Е. Дигве во нив гледа трага од византиската архитектура и ја споменува големата, во историјата на архитектурата толку важна црква од преоден тип од Ѕаranda Martyrs — Св. Четириесет, посветена на Четириесетте маченици. [49]

 

Црквата на Четириесетте маченици од Банско е датирана во XII век. [50] Наше мислење е дека се работи за стар христијански објект кој во времето на раниот словенски период бездруго бил обновен и оживеан со култот на прочуените маченици за чии реликвии била изградена.

 

На Петнаесетте маченици загинати во Струмица за Христовата вера им се давало посебно значење, бидејќи се загинати во самиот град, каде што се закопани и нивните тела. Според Теодорет, за славењето на маченикот многу поголемо значење има неговото зачувано тело и познавањето на неговото име, отколку реликвии од мала вредност. [51] Тоа го потврдуваат и Св. Григорие Назијански и Св. Паулин од Нола.

 

 

45. Ананиев-Цицимов, на промоцијата за откривање на црквата на 9 март 1989 година поднесоа дополнителни податоци за планот на овој црковен објект, со што се надополни сознанието за програмираното планирање и намената на објектот.

 

46. Grabar, Martyrium I, 335 и н. 344 not. I.

 

47. Ibid. 344, 345.

 

48. Dyggve, Kultbauten, 405, Abb. 19, A, B, C.

 

49. Ibid. Abb. 19, D. — Saranda Martyrs, od Diggve.

 

50. Supra, bel 44.

 

51. Theodoret, Epist. СХХХ, edit. Schultze, t. IV, col. 1218; Leclerque, Martyr, DACL XII, 1932, col. 2439.

 

129

 

 

Тие укажуваат дека некои цркви поседуваат само по некоја коска од мачениците прогласени за светци. [52]

 

Епископијата на Брегалница, односно нејзиниот новоизграден храм е збогатен со моштите на пет Струмички маченици прогласени за светители. Со тоа на Брегалница е создаден голем словенски црковен центар, средиште за ходочастие од цела Македонија и соседните земји. Со овој мошне добро обмислен потфат се поставени темелите на самостојната црковна организација на Словените во Македонија и пошироко. Ова има пресудна улога во понатамошниот развој на црковната организација на Балканот. Самиот град на Брегалница со повеќебројните култни градби добива уште една таква репрезентативна црква co Martyrium и со тоа се вбројува зо градовите со повеќе цркви посветени на различни култови наречени Martyriopolis. За градот на Брегалница, па и за целиот нејзин среден тек култот на Петнаесетте струмички маченици бездруго бил најважен. Тоа го покажува големината на црквата, раскошниот план на објектот и нејзиното внатрешно уредување. Целата програма на архитектонското решение е замислена со цел да обезбеди место за поголем број поклоници.

 

Црковниот епископски центар на Брегалница станува големо просветно и културно жариште. Започнува интензивно покрстување на Словените и ширење на писменоста меѓу нив на словенски јазик и со словенско писмо, наспроти големиот црковен и културен центар во Солун кој ги слави византиската култура и грчкото писмо.

 

Ова црковно и културно жариште на Бреталница, и покрај своите подеми и падови, не го загубило своето значење. Ова го потврдува и одржувањето на големиот Собор во 1355 година од Стефан Душан во Крупиште на Овче Поле. [53] Со овој важен настан во државата тој му дава посебно значење на првиот организиран самостоен словенски црковен центар на Балканот и големо средиште за поклонение, покрај Струмица и Охрид, засега единствено црковно средиште обогатено co мошти, a не само со реликвии од мартири загинати во текот на прогоните на христијаните. Од Стефан Душан е опомената и црквата на Петнаесетте маченици во Струмица. [54]

 

За овој прочуен култ подоцна наоѓаме, како што веќе споменавме, извесни литературни податоци. Црквите во Струмица и на Брегалница, и двете посветени на Струмичките маченици, повеќе не се споменуваат. Што станало co овие храмови посветени на култот создаден и славен во Македонија во времето по верскиот мир, обновен со голема почит од Словените во текот на IX—X век, не се знае. Ставањето на основите на самостојната словенска црковна организација на Балканот претставувало опасност за нејзиното споменување. Чисто словенските темели, што ги има поставено Климент во нејзиното организирање, претставувале голема опасност за Византија, поради што не ја наоѓаме спомената во Сигилионите на Василиј II од 1019 година. [55]

 

Нашата претпоставка, во оваа фаза на истражувањето, е дека црквите на Брегалница настрадале во некој од земјотресите по 1355 година, бидејќи при одржувањето на големиот Собор во Крупиште бездруго јавните градби и црковните објекти постоеле во својот полн сјај. Инаку како би можеле да го објасниме сместувањето на толку великодостојници — учесници на Соборот и одржувањето на самите заседанија и собори.

 

 

52. Leclercq, ор. cit. Martyr, col 2439.

 

53. Радојчић, Сабори, 141—143, 145; Славева-Мошин, Грамоти, 67, 68, 82, 86, 88, 199, 214.

 

54. Supra бел. 16.

 

55. Иванов, Старини, 550—562; Љубинковић, Прима Јустинијана, 68—69, бел. 24 со литература цитирана за овој проблем.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]