Нова Македониjа
Броj 545
Вторник 31.08.99

Реагирање: Бесот на последниот jавен црнорукаш
 
  Поминаа десетина години, а на македонското општествено небо никако со непомирливото да се помират силите што го облачеа и разведруваа, што грмеа и потопуваа секаква за нив сомнителна мисла и поjава, вообразуваjќи си од педесетгодишната устоличеност дека се моќни дури и природните закони да ги стават под контрола. Неочекуваниот шок на Промените покажа дека не само природата, туку и простосмртниот народ откажа послушност - се дрзна да мисли со своjа глава. И моjата скромност десетина години саде што се обидува да мисли со своjа глава ги збеснува лицемерните демократи што не прифаќа готови мислења. Можеби грешам, но сервирани вистини, особено неаргументирани, сеуште не сум подготвен да прифаќам иако сум длабоко свесен дека тоа некого го чини здравjе.

 Еве да речеме, нема текст од Ѓоко Марjановиќ а кутриот да не се пожали кон нечие инакво мислење дека му се одразувало на цревата, на желудецот, на срцето. Белjа работа била демократиjата, секоj можел да мисли како сака, без да ги боли ѓоко за здравjето на Ѓоко. Марjановиќ, очевидно, под демократиjата подразбирал тоj да продава муда марjанова а ние да паѓаме во бессознание.

 Се нафрлил последно време и на мене да ме вразуми, се обидува да ме дигне на рогови, забораваjќи да земе поука од оние што едно време така jуришаа на мене а веќе одамна не им текнува да подадат глава од авлиjа. Но, пишано му било и на Ѓока да му ги скршам роговите, а си го бара, и тоа со боринче.

 Ги читам во Дневник четничките хистерии, коишто без проблеми, од професионален однос или грижа на совест, како сериска поганиjа ни ги подметнува редакциjата во божемни колумни, даваjќи jасен ишарет за присутноста и координираноста на секогаш инсталираното црнорукаштво на овие простори. Моjата скромност и до сега реагирала на негови текстови, но неговите собраќа од весникот како верни горила за заштита на името и делото на последниот jавен црнорукаш, не ми ги обjавувале.

 Гледаjќи го цинички оклештен колку да провре сечило меѓу заби, коешто на фотографиjата за жал не се гледа, сфатив дека тоj, кога не го држи в уста, тогаj со него пишува. А на таквиот крвопис не може да не му се завидува. Неговата дарба да пронаоѓа и произведува душмани каj што ги нема е за восхит и не треба да не зачуди ако наскоро напише дека цела Македониjа има нешто против него. На добар пат е. Со истиот резон неговите родственици направиjа блескава претстава цел свет да го свртат против себе за да ги залева со бомби.

 Неговото мешање како инородец во националните проблеми и расправии на друг народ е прашање на добар вкус, особено што токму неговите родственици се повеќе од еден век инициjатори и извршители на наjголемите трагедии и бесчестиjа над ова население. Како да се разбере бесчувствителноста на човек или народ што преку сите пори длабински ти инjектира Зло? Неговото српско чаламење без причина и изигрување на арбитер во проблематика за коjа е обичен дилетант, а за коjа нема ниту смисла и разбирање е навистина смешна. Толку очигледните методолошки фалинки, убеден сум дека му се провлекуваат и во неговата правна специjалност. Всушност, тоj се сеќава и пишува што ќе му доjде за нашите досегашни контакти, но заборава да го соопшти наjсуштественото, а тоа е дека нашиот конфликт почна во кабинетот на професорот Димитров. Тогаj сосема отворено и в очи му се маjтапев со неговите боси текстови. Не верувам самбендисаниот и префалениот Ѓоко дека jа заборавил таа неприjатна за него средба поентирана со Димитровата сликовита забелешка дека од историjа Ѓорѓи е една голема нула. Вероjатно дека тука некаде започна и краjот на нивното приjателство. Неговите сегашни ножописи само ме наведуваат на сомнеж дека Ѓоко по инструкции се има дружено со Димитров за да го цинка. Имал и што да пренесе. Истото тоа денес го прави и струшкиот селанец Дарко Марковиќ. Селjакот в куќи држи родословно стебло коешто започнува со некаков си таму сербски велмож за коjшто историjата одамна докажала оти е етнички албанец. Интелектуалниот великосрбски селjак не така одамна имаше ептен приjателска (а можеби и работна) средба со бившиот полковник на злогласната КОС, сегашен амбасадор на СРJ и сив кардинал на македонската СДСМ-овска опозициjа Jаначковиќ. Беа очи в очи со мене во Охридски Палас при што еден од нас троjцата требаше да поцрвене и уште утредента да престане да го заработува лебот со имбецилните си карикатури и да се вработи во србската амбасада во Скопjе.

 Суштествено е дека Марjановиќ е интелектуално инфериорен во овоj судир на македонска национална тема и од немоќ методолошки да се спротивстави, се служи со наjдолен речник на српското улично силеxиство. Работата е многу едноставна, не само Марjановиќ, коj и да е од грстот наши македонисти-фалсификатори нека повели со логичка апартура да ги побива нашите текстови онака како што ние ги разоруваме нивните и jавно ќе им честитам. Тука некаде лежи и основата на моето сомислеништво и приjателство со Димитров коешто медиумите сакаат да го потенцираат толку многу. Да не ми е Димитров братучед од Вруток?

 За разлика од фалбаxиството до невкус на Марjановиќ, скромноста и чесноста на Димитров секогаш се поврзани со постапки што ги прават само големи луѓе. Во време на наjголеми напади врз мене што оделе до физичка загроза, Димитров знаел заради моj обjавен текст да ме бара без комплекси на супериорност на универзитетски професор по канцеларии низ МРТВ, да ми честита, чести и охрабри дека сепак, ако се гледаат чесно работите, правдата и надмоќта се на моjа страна.

 Одамна македонскиот проблем е што државата со своите инструменти преку образованието, медиумите, културата и присилата, однадвор го попречува нашето трезвено гледање на нашето минато. Тоа ако и профункционира, препорачливо е jавно да не се манифестира. Дресираните кадри како нашиот Ѓоко што тоа го санкционираат се мошне интересни за модел како функционира нашиот македонизам: имаат моќ лесно да разберат и идентификуваат секаква специфика и ниjанса од коjа и да е друга средина, jазик или епоха, а само за своjата се трудат од петни жили да jа извртат. На овоj план, Македониjа е еден голем исклучок од светски маштаб. Паjтонот македонистички лицемери, заедно со зарипнатото гласче на Ѓоко не дозволуваат jасно и прецизно гледање на работите.

 Такво е и ова коj знае кое по ред препукување. Има ли нешто друго освен Зло како тема во текстовите на Марjановиќ? Како фанатик на сопствениот идиотизам, на Ѓоко дури и бомби од небо не би му помогнале да види што прави иако не е далеку денот кога неговите истородци ќе почнат да учат за сторениот своj колективен ужасен срам како толку генерации Германци што ги мачеше срамот со децении. Се надевам во една од тие поголеми лекции ќе биде обработено и злото од српските пенетрации во Македониjа што мали Ѓокица добро ќе ги научи пред да се jави во весници. Откако неговиот механизам на свеста разурнатите обjекти од бомбардирањата на НАТО ќе ги прими како опоменувачки споменици за сопственото слепило и омраза, како поцрнетата катедрала среде Берлин, лесно ќе увиди дека сечивото со кое ги пишува своите текстови е штафетата на Злото на македонската криза доjдена од Гарашаниновото Начертаниjе што тоj, еве упорно неjќе да го испушти.

 Гласаjќи и определуваjќи се за промени, народот во пет до дванаесет се определи за отфрлање на пеколните кругови на таа штафета, што фанатиците на сопствениот идиотизам упорно, се уште му jа нудат. И за да не заjдеме од глаголање, да се вратиме на предметот на нашата препирка, а ти ако имаш кувет, одговори со факти дека не е така. Не баш сите твои реодственици мислат како тебе. Србиjа давала и достоjни мажи на чиjа обjективност секогаш заслужува да се навраќаме и во моментов, еве ќе ти посочам некои од нив.

 Еден од наjстарите и наjзначаjни средновековни српски ракописи Житието на поп Дукљанин е првокласно сведоштво на хроничар за тие времиња каде што многу нашироко се расправа за силната држава на Бугарите на цар Самуил. Такви се всушност и сите останати средновековни српски ракописи.

 Еве ти и ваков податок. Секоjа година на 17 февруари Белград (нешто името многу заличува на Болград, Болоград) го слави своjот Именден. Под неговото сегашно име градот прв пат на тоj ден се спомнува 881 год. во писмото на папата Jован Осми упатено до бугарскиот управувач на градот Борислав. Да не бил и папата бугарофил?

 Такви бугарофили се и сите Немањиќи што кога ги освоjуваат овие простори, секогаш се како кралеви Срба и Бугара. Референцата македонац, никаде jа нема.

 Бугарофилот Вук Караxиќ па ептен jа претерал. Дали е народна песна, дали е негов текст, во неговото огромно творештво нас секаде не води како македонски Бугари. Очигледно не можел да го праша Блажето Ристеско или Xуxето Цуцуловско па да му кажат како да работи.

 Неброените собрани материjали на Стефан Веркович, испратен лично од крал Милан во таа мисиjа низ Македониjа а потоа обjавувани во Белград (а во Скопjе сега фалсификувани при преиздавањето), се озаглавувани како Народне песме македонских Бугара.

 Во издание на познатиот Византолошки институт од Белград лани излезе опсежен научен труд за Самуиловото царство каде што многу jасно истражувачите jа третираат оваа држава како бугарска. Или се научниците бугарофили, може да ги купиле Бугарите (маjката бугарска), или си држат до своjот научен образ за коj на Ѓоко наш, око не му трепнува. Сепак, Ѓоко, види jа оваа далавера од српска страна што е, па удри им постхумно по една кривична приjава на сите со ред. Неjќум да ти создавам многу работа, но знаj го и ова: наjди ако можеш еден српски документ (а и каде и да е по светов) од пред 1878., од пред Сан Стефано и Берлин нас да не запишале поинаку освен како македонски Бугари и jас ќе викам од xамиjа.

 Марjановиќ нема храброст да погледне во организираната неправда од коjа е создаден и во коjа е вглобен нашиот македонизам, па со ефтини штосеви и подли квалификации само работи во негова полза, престоруваjќи се во типичен интелектуален македонистички криминалец.

 Ако ти е малку, кажи, jави се, ти стоjам на располагање за jавен телевизиски дуел на емисиjа и студио што ти ќе го избереш. Понеси и нож коjшто во текот на телевизискиот дуел ќе го ставиш меѓу забите.

 Младен СРБИНОВСКИ
 
[Back]