Нова Македониjа
Броj 316
Саб.- Нед. 28.11.98

Лобисти

 Се сеќавате ли на госпоѓа Дорис Пак, онаа европарламентарката коjа извесно време пред изборите не почести со своето присуство во Македониjа и ни одржа лекциjа околу начинот на коj владата, наводно, ги користела фондовите од ФАРЕ, за тетовскиот парауниверзитет и како да си ги средиме односите со Албанците? Навредени од неjзината ароганциjа (Не, ФАРЕ не е во неjзина компетенциjа, и. Не, таа всушност не знае како владата ги користи парите од ФАРЕ ама и било кажано дека не ги користи како што треба) ние тука тогаш и возвративме со заслужена мерка. Госпоѓата Пак си замина од Македониjа, оставаjќи неодминлив впечаток дека иако зборуваше и се однесуваше како од небо падната, сепак дошла тука со jасна намера, било да ги понуди своите добри услуги на потенциjални муштери, било да одработи нешто за што веќе била договорена добра награда. Но, впечатокот е впечаток, а фактите се факти. Нови лист од Риека неодамна изнесе факти, според кои госпоѓа Пак навистина не е многу гадлива спрема пари што ги извлекува од своите клиенти благодарение на круговите во кои се движи и на функциjата што моментално jа држи - претседател на Комисиjата на Европскиот парламент за jугоисточна Европа. Па наведува: неjзиниот брат, заедно со некоj Хрват, се ко-сопственици на фирмата Адриjа -инспект од Риека, за коjа постоеле сомневања дека служи како пералница. Самата Паковица, пак, отворено лобираше по Европа за Хрватска, ги оправдуваше неjзините воени акции во време кога сите други ги критикуваа и успеа да jа протне Хрватска во Советот на Европа иако ни оддалеку не ги исполнуваше, инаку мошне строгите, услови за прием што им се поставуваат на сите новаjлии. Во знак на благодарност, хрватска ќе и додели на своjата голема приjателка високо одликување, а во април 1995 година ќе jа направи и претседател на тогаш формираното Германско-хрватско друштво за култура, стопанство и политика. Малку подоцна истото тоа друштво ќе прерасне во Институт за jугоисточна Европа, коj пак ќе и помогне на Хрватска да изработи дваесеттина европски закони за кои добро ќе наплати. Зашто, така одат тие работи со наплатувањето, не како што некоj можеби си замислува, ти ќе лобираш за мене по светот jас тебе кеш на рака. Туку индиректно, префинето, по европски, да не се сетат Власите...

 Но ние сме на Балканот, па и либирањето ни е такво, балканско. Не верувам, имено, дека сето она досегашно а и сегашно лобирање на бугарскиот печат за победа на ВМРО-ДПМНЕ во Македониjа е сосема бесплатно. Очигледно е дека и од него се очекува на краjот да донесе конкретна добивка за Бугариjа, а на Македониjа - што ќе и даде Господ. Бугарите, меѓутоа, прават - како впрочем и секогаш во нивната историjа - лоши проценки и сериозни грешки во чекори. Како прво, покажуваjќи толку неконтролирана радост што на власт доjде нивниот Георгиевски, што во нормални делови во светот би се сметало и би било остро осудено како недозволено мешање во внатрешните работи на друга земjа, тие практично му ги врзуваат рацете на идниот македонски премиер: секоj негов обид да смени директор на значаjна фирма, раководител на позначаjна државна служба и слично, и секоj негов закон, па дури и обид, да промени нешто во македонскиот национален код, однапред е веќе жигосан како директен бугарски диктат. Како второ, Бугарите по правило избираат лоши, односно премногу транспарентни лобисти за нивната кауза овде во Македониjа, некои си таму Србиновци (види му го само бугарското презиме, те молам) кои очигледно страдаат од некаков ментален курц-слуш, кога газдите ги плаќаат да вршат работа овде во Македониjа, а тие одваj чекаат да заминат за Бугариjа! Како што споменатиот пишува во вемереовското списание, на што секоj нормален човек Македонец може да му посака само - добар пат. И трето, грешат што мислат, а коjзнае врз основа на што, дека постои човек под капава небесна, па и Македонец, на коj би му претставувало некаква посебна гордост или чест да биде прогласен за Бугарин, ако тоj тоа веќе не е. Или, ако не е барем бугарофил, за каков што сам себе се прогласува господин Лепавцов, во интервjуто за бугарскиот весник 24 Часа што со задоцнување од неколку месеци имавме можност дури деновиве да го прочитаме. Овде чувствувам потреба да му порачам на дотичниот господин да не се замаjува со организирање (по три години, како што наjавува) референдум во Македониjа за да ни jа смени, односно побугарчи, азбуката, затоа што тоа нема да му успее, барем не по мирен пат. И, истовремено, да му честитам за одличната прогноза што во истото интервjу несакаjќи jа дава. Ако СДСМ остане на власт и по наредните избори, прогнозираше тоj, со Македониjа ќе продолжат да управуваат комунисти и Албанци. Поголеми комунисти и потврди Албанци од овие што сега доjдоа на власт заедно со неговото вемерео, богами, тешко ќе се наjдат.

 Невенка Митревска

[Back]