ПИСМА Од чие jаjце се роди Македониjа
(Повод: текстот на Младен Србиновски Балканска кошница копнеж)
Пред да ги изнесам моите скромни полемични тези на ставовите на Младен Србиновски изнесени во текстот БАЛКАНСКА КОШНИЦА КОПНЕЖ обjавен на 9-ти jуни во прилогот ЛИК му изразувам почитуванjе на авторот како навистина слободно мислечки човек, како што самиот се декларира. Сметам дека и jас и припагjам на оваа категориjа лугjе кои Србиновски преку текстот ги повикува да се вклучат во реализациjата на, според него, наjполезната опциjа за нашата иднина американизиранjе на Република Македониjа.
Во основа се согласувам со резимиранjето на Србиновски дека во поглед на управуванjето со Македониjа се издиференцирани воглавно три политички визи односно како: Шваjцариjа на Балканот; како Австриjа на Балканот; и како Белгиjа на Балканот. Некои од нив, според авторот не се повекjе актуелни, со што не би се сложил бидеjкjи сите со разни модалитети и понатаму се во игра со тоа што се врши притисок за белгискиот модел за двонационална држава. Заеднички именител на сите овие визии е што без исклучок претставуваат каша на големите сили од коjа многу Македонци се попариле или платиле со глава.
По победата на римската над македонската воjска со помош на Атинjаните во третата македонска римска воjна пред околу 22 века Македониjа е поделена на четири окрузи-држави. Секоj округ е прогласен за самостоен, имал свои пари и не смеел да стапува во односи со другите окрузи. Фактички Македониjа е претворена во вазална држава односно протекторат на Рим. И од тогаш до денешни денови сите окупатори на Македониjа настоjувале и настоjуваат да jа одржат оваа поделба плашеjкjи се од обновуванjето на наjсилното царство во историjата на светот - Македонското. Во поново време со Берлинскиот конгрес, Букурешкиот договор па преку Версаj, Jалта, Лисабон и т.н. оваа доктрина новоформираните големи сили или дел од нив, само jа иновираа со разни модалитети туркаjкjи ги постоjано Балканските народи и држави во крвави конфликти за обезбедуванjе право на управуванjе со Македониjа. Очигледно е дека оваа Римска доктрина историски се покажа како мошне ефикасна, па дел од Големите сили фомирани на териториjата на Западното римско царство и натаму jа применуваат не само во Македониjа туку и врз останатите народи и државите од Источното царство. Настаните на Балканот последнава децениjа непобитно го потврдуваат тоа.
Авторот на текстот Балканска кошница копнеж го сметам за добар познавач на балканската историjа и на современите настани на Балканот, па не можам да се начудам како толку лесно, се определува за американизиранjе на Македониjа кога сепак кjе сфати дека тоа подразбира исчезнуванjе на Македонците од етничката карта на светот. Се поставува прашанjето, зошто наjдревниот народ во Европа коj на светот му jа подари универзалноста, а на Европа и ги пренесе основните цивилизациски вредности, христиjанството и кодификациjата на правото, да нема право на вроденото човечко достоинство гарантирано од Обединетите нации.
Jас лично не би сакал да се американизирам, но немам ништо против Србиновски и неговите истомисленици ако тоа е лична определба, да се американизираат па дури не би се противел и како држава да не американизираат до колку следбениците на таквата идеjа станат доминантни, но само под услов никоj да не ми спори да си останам тоа што сум род, Македонец.
Ниту една од досега профилираните политички визии за управуванjе со Македониjа, заедно со четвртата на Младен Србиновски, што уште еднаш да повторам се сомневам дека е негова лична, не признава Македонци според национална и етничка припадност. А тие постоеле постоjат и кjе постоjат како што постоеле постоjат и кjе постоjат Индиjанците во Америка и Абориxините во Австралиjа без оглед што цивилизираните народи директно или индиректно како и нас безмилосно ги таманеле времето на нивното цивилизиранjе. И не само што постоjат Македонците, го сакал тоа или не Младен Србиновски туку тие претставуваат основен супстрат во генезата на сите соседни народи и држави кои со припомош на големите сили во блиското минато си направиjа држави и нации (и се уште прават) на териториjата на некогашното мокjно Македонско царство. И од тогаш до денешни денови кога сами кога здружени, потпомогнати од цивилизираните народи jа черечат маjката Македониjа или мегjусебно ги вкрстосуваат копjата околу поделба на пленот. Тоа кjе продолжат да го прават и во иднина, па дури и под услов да успее американизациjата бидеjкjи разните мегали идеи, начертаниjа, платформи, стратегии и т.н. така длабоко ги всадиле и сеуште ги всадуваат во главите на своите поданици дури достигнале степен на колективна параноjа. А параноjата, тврдат медицинарите, е неизлечива болест. И додека Европа не го свати тоа и не престане да го користи последното парче земjа што остана од Македониjа за натамошно поткусуруванjе на мегjусебните стари обврски и побаруванjа безуспешно кjе трага по модел за интегриранjе на преостанатиот поточно jугоисточниот дел кон своите политички и економски структури и асоциjации, со голем ризик да се вовлече, ако векjе не е вовлечена, во нови балкански пресметки, па векjе и обединетиот дел да се распадне. Македонската салата без Македониjа и Македонци не бидува и Американците го сватиjа тоа, дали конечно кjе го сватат и Европеjците и со тоа да се исперат за броjните гревови кон Македониjа и Македонците во минатото, но и да го затворат за навек источното прашанjе околу кое толку пати се таманеа во минатото.
Очекувам господин Србиновски да ни обjасни како заклучил дека Гоце Делчев и Даме Груев, кои во време на Берлинскиот конгрес немале ниту по десетина години, како по дваесетина години сфатиле дека се македонски Бугари, па тргнале во борба да прават втора бугарска држава. Посебно од причини што ни првата бугарска држава не jа направиле бугарските Бугари туку Русите со скромна, но многу значаjна помош и на многу Македонци мегjу кои и нашиот Дедо Ило Малешевски со своjата броjна и храбра чета.
Свесен сум дена не може да се спори и со фактите дека постоеле и постоjат лугjе кои се декларирале или се декларираат како македонски Бугари или како македонски Грци, Срби, Турци и т.н. Непобитно е на пример дека и наjславниот грк, Гркот Зорба е Македонец: наjславниот Албанец Скендербег (Гjоргjи Куциот) е Македонец, а по маjка Македонци се и наjславниот Србин, Никола Пашикj и наjславниот Бугарин Гjоргjи Димитров. Но да прочепкаме малку по историjата како се однесувале македонските Бугари во пресудните историски моменти за македонскиот народ или еве да му направам кjеф на Србиновски, за македонските Бугари. Во пресудната за Европа 1878 год Македонците воделе крваво и мошне успешно востание за ослободуванjе на своjата татковина, формирале македонска воjска и цивилна управа на ослободената тер. а тие, македонските бугари по софиските крчми по, нечии директиви ковале планови како да го уништат востанието. И успеале во тоа. На наjподмолен начин, на спиенjе, го убиле првиот воjвода на востанието, воjводата Стоjан Карастоилов, а водачот на востанието, Димитар Беровски, еден од наjхрабрите и наjчесни македонски револуционери, следбеник на Александар Големиот, немаjкjи храброст да го убиjат, на наjподмолен начин го намамиле во Софиjа во време кога востанието ги нижело наjголемите успеси и jа проширувало ослободената териториjа божем да реферира, па го држеле во притвор додека турците не го завршиле останатиот дел од работата.
По неполни три децении од Македонското (Кресненското) востание македонските бугари повторно се прославиле со пресудното влиjание за предвремено започнуванjе на Илинденското востание, а тие воглавно воjувале по софиските крчми или набрзо се повлекле од Македониjа за, како се изрази еден наш писател да се држат за цицките на Неда и да зборуваат за ослободуванjето на Македониjа (до денешни денови). Очигледно тешко оди одбиванjето од цицка.
Но очигледно бил во право и Гоце Делчев кога само по 3-4 години (април 1897) од формиранjето на ТМОРО, по едно хероjство на македонскиот бугарин Дончо (не се работи за Дончо Штипjанчето) jадосан до очаj поради новото тешко предавство на деjците на организациjата чиjа единствена визиjа била Автономна Македониjа кjе му напише на Никола Малешевски, задграничен претставник на ТМОРО во Софиjа: КОJ ЗНАЕ ДАЛИ ИМА НАРОД КОJ ШТО ТОЛКУ МНОГУ СТРАДАЛ ОД СВОИТЕ СИНОВИ, ИЗРОДИ, КОЛКУ МАКЕДОНСКИОТ. До кога ли само кjе се котат?
Бранко Мушкарски - Скопjе
ПИСМА Реагиранjе
(Повод: текстот Бесот на последниот jавен црнорукаш обjавен во Нова Македониjа на 31 август)
Воденjето сметка за пристоjноста на речникот во обjавени текстови, чинам треба да биде основа за секое jавно гласило кое барем малку држи до сопствениот углед и има почит кон своите читатели. Од таму голема забелешка на Нова Македониjа за прифатениот вокабулар со коj се служи авторот на текстот Бесот на последниот jавен црнорукаш, обjавен на 31 август оваа година. Лично не ги познавам ниту г-дин Гjоргjе Марjановикj, ниту пак г-дин Младен Србиновски, за коj само знам дека од скоро е поставен за директор на многу значаjна културна институциjа, НУБ Свети Климент Охридски. Обидот на г-дин Србиновски духот на настанатите промени да ги стави во служба на своjата сопствена (не)култура, а можеби и домашно (не)воспитание, притоа вршеjкjи атак на читателовата култура е наjблаго речено неопростив, иако заслужува тежок збор. Не можам да сфатам со коjа цел во текстот посветува голем простор на приватните односи помегjу некогашните добри приjатели, г-дата Димитров-Марjановикj-Србиновски (разговор во кабинетот на г-дин Димитров) и зошто нивните лични определби и ставови за националните опции, како и одличните, или сведени на нула познаванjа на македонската, односно балканска историjа би биле интересни за читателот?! Ако г-дин Србиновски мисли дека е експерт за македонската, или како што тоj љуби во текстот да потенцира, националната тема на македонските Бугари, тоа може да го покаже и докаже во ТВ дуел со некоj наш научник од областа на историjата, а не пред читателите на Нова Македониjа. Употребените вулгарни зборови апсолутно jа минимизираат суштината на долгиот текст, така што краjниот резултат, ако сметал дека кjе има некоj позитивен ефект, го постигнува сосем спротивното. Како жител на оваа земjа не би сакал да полемизирам, туку само да го потсетам авторот на неколку работи, на кои тоj сам би требало да си даде одговор и оценка на сопствената интелектуална, културна и морална вредност.
Големината на една личност, нели, не се согледува во фалби дека е некоj толку мокjен та да може на друг да му ги искрши роговите, а при тоа да нема предвид дека борбата со рогови за елените често претставува заеднички краj, се разбира ако г-дине Србиновски не Ви се во мисла некои поголеми домашни анимали. Без секакво сомнение Вие сте начитан човек, но дали тоа Ви дава за право на зборот селанец - селjак да дадете навредлива конотациjа, та нели сте и Вие од село Вруток, а згора на тоа добро знаете дека без селото не би постоеле ни градските населби?! Дали неразмислуваjкjи, во сопствениот бес, не се навредувате, самиот себе, Вашето потекло, како и жителите кои живеат, или живееле на село?!
За жал, критикуваjкjи го речникот со коj г-дин Марjановикj се служел, Вие во овоj текст го сведувате и Вашиот на наjдолен речник на улично силеjxиство, за што се сомневам дека по ова г-дин Димитров кjе се дозволи без комплекси на супериорност да Ве бара по канцелариите на НУБ за да Ви честита на напишаното, без разлика што кjе сметате дека надмокjта и понатаму е на Ваша страна.
Г-дине Србиновски
Сосема случаjно пред некое време го следев и Вашиот настап на ТВ Сител, во коj покраj, простете на израз, во Вашето изразито препотентно и цинично однесуванjе, кое се граничеше со невкус, си дозволивте и луксуз без некоjа голема потреба да го експонирате и експлоатирате Вашето друженjе и приjателство со г-дин Димитров, што може на негова штета и погрешно да се протолкува. Помегjу другото на ТВ настапот кажавте дека одкако ги прочитал дотогаш напишаните Ваши текстови, г-дин Димитров констатирал дека се е напишано и понатаму нема што да кажете. Ако е тоа така, внимаваjте, можеби на културен начин до Вас упатува дискретна порака - престанате со понатамошно пишуванjе!
Благоjа Стоjанов
[Back]