Нова Македониjа
Броj 526
Сабота 07.08.99

Лик разговор: Младен Србиновски

 Венко е парадигма за фаустизмот

 Гоце РИСТОВСКИ

 МЛАДЕН СРБИНОВСКИ (1958) дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопjе, а сега jа извршува должноста директор на Народната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски. Од досега напишаното ги издвоjува новелите Година со тринаесет месеци и Чувар на виножитата, потоа книгите есеи Македонските Авгиеви штали, Обеди Ништожност и драмските текстови Марко Крале, Итар Пеjо и Македонски фауст, коj што по многу неизвесности конечно jа доживеа своjата праизведба на Охридското кале, во рамките на годинашното Охридско лето. По триумфот на театарот, како што веќе е означен овоj драмски проект разговараме со Србиновски, незаобиколуваjќи ги бурите што ги предизвика.


- Какви се вашите впечатоци по праизведбата на Македонски фауст?

- Народот пека за да си jа види своjата судбина на сцена. Досега само си jа живеел своjата судбина и сега првпат имаше можност да се види од дистанца. Изгорен од своjата болка наjпосле jа одболедува и доживуваше катарза на Самоиловата тврдина, но, тоа некому не му се допаѓа. Две илjади души, да се наканат на полноќ на Самоиловата тврдина е доволен доказ што се случуваше на праизведбата на Македонскиот фауст.

- Ќе кажете ли нешто за предисториjата на поставувањето на овоj ваш драмски текст?

- Овоj текст имаше долга предисториjа. Самата драма, дури беше поставена, си е драма за себе. На почетокот на 1996 година Љубиша Георгиевски го понуди текстот во Драмскиот театар. Текстот беше прифатен од Уметничкиот совет, беа одредени актерите и терминот. Но, никоjпат не се качи на сцена. Едноставно не застанаа на Татарот и Љубиша доволно силно зад проектот. Очигледно повеќе им одговара да изигруваат демократи на зборот отколку на дело. Напудредниот академик и полицаец Блаже Ристовски бил доволна препрека да се откажат сите jунаци демократски. Коj загуби по премиерава нека помислат самите. Во случаjот jас спечалив.

- Дали отворањето на темата Венко пред неколку години се одвиваше по диктат на политиката, кога беа публикувани текстови за него и една негова стихозбирка?

- Нашата политика е многу извештена што да отвора и кога да отвора но секоjпат ќе се наjде некоj растурач на забави. Судбината сакаше тоа да бидам jас. Последниве десетина години очигледно е дека се во знакот на моите текстови, со мене да се заокружува и рекапитулира краjот на овоj век во Македониjа. Таква Ви била судбината. Сметаа, за Венко Марковски е доволно ако обjаваат еда негова збирка поезиjа и да изиграат за него еден бенигнен текст за коj што никоj немаше против. За мене гледате што се случи. Ги разбирам. Нема писател од првата и втората генерациjа во Македониjа што нема барем еднаш плукано по Венко или барем малку што не учествувал во загорчувањето на неговата судбина. Неговите и наши xелати се околу нас и можам да замислам какво е нивното препознавање на сцена. Ние го играме, во наjдлабока смисла, театарот на Станисласки, целата наша држава, забораваjќи дека на четвртата страна има жива публика што реагира на државата - театар, наречена македонска. Ние немаме морално право да очекуваме нешто убаво да ни се случи кога наjдолни луѓе со човечки и професионални квалитети можат со децении да заземаат толку високи места. Ние сме последната источноевропска држава што нема да ги отвори никоjпат нашите досиеjа.

- Зошто jа одбравте токму судбината на Венко Марковски?

- Венко е парадигма за фаустизмот како внатрешна содржина на Гетеовиот проблем. Фауст не е проблем. Проблемот е неговото тежнение за откривање на апсолутната вистина, кон кого е неприjателски расположена идеологиjата на македонизмот. Токму вашиот прв уредник на Нова Македониjа, поставен на АСНОМ, Васил Ивановски умре пред две-три години како анонимен во Софиjа. Ете уште една таква судбина. Прилепчанецот Методиjа Шаторов исто го заврши животот во Бугариjа. Целата прва гарнитура на Асномците завршиjа трагично токму од секташтвото што така жестоко го форсираа комунистите на КПJ. За емиграциjата да незборуваме.

 Ако се зафатевме само со животот на Венко тоа ќе беше историцизам неважен за театарот. Но, ако го поставиме како проблем и зборуваме за неприjатности што не сакаме и пред себе да си ги кажеме тогаш животот на Венко има смисла да биде кажан на сцена и дури да изгледа многу европски и интересно за секого. Ние бркнавме во наjбалканското од балканските проблеми поставуваjќи на сцена општосветски проблем преку луѓе од овоj регион. Ние не сакавме малограѓански театар што се бави со проблемите на нашите наведнати глави што сабjа не ги сече. Ние директно пукавме во нашите предрасуди и скаменетата идеологиjа што ни нанесе вакви зла. И, токму постоjаното барање на предавници и неприjатели, особено во вакви предизборни кампањи, е само потврда колку овоj текст му беше потребен на нашиот театар и на нашата култура. Македонскиот театар веќе со децении е во репертоарска и творечка криза. Не можеjќи да се снаjде и да завлезе во нови естетски полиња кои мораше да ги прескокне откако Македониjа се осамостои. Токму тоа е наjважното што во моментот се случува на тоj план во Македониjа - едно jасно профилирање на македонските интелектуалци кои се повеќе излегуваат од досегашната ролjа што jа играа и од состоjбите што така послушно ги извршуваа по налог на нашата рекетарска власт. Се разбира, петоколонаштвото што е така силно вгнездено во сите наши институции ќе прета уште догледно време но работите веќе почнуваат да стануваат смешни. Моите и нашите критичари, jазички и методолошки, се во прангите на македонизмот и нивната онотологиjа е недорасната да се спротивстави на моите текстови. Без оглед дали тоj се викал Атанас Вангелов, Ѓорѓи Марjановиќ, Венко Андоновски, или Дарко Марковиќ. Не може да се одбегне мислата дека се само интелектуални воаjери, опашки на петколонаштвото што катадневно повикува на линч, на изjаснување и оградување, немоќни, како што jас нивните ставови методолошки ги разложував во моите Обеди ништожност. Каде е нивниот структурализам и книга на книга истото да го извршат на моите текстови или на текстовите од Димитар Димитров. Распрдените циници избирани по фамилиjардни клучеви и презимиња за последен пат се обидуваат да го задржат и тоа што не може да се додржи. За жал рекетарското новинарство уште долго време ќе им ги отстапува своите страници и своите услуги. Ако мислите дека треба Гоцевите денови да се слават во Истанбул и да се напаѓа постоjано Софиjа тогаш навистина станува збор за стратешко разминување со националните интереси на мудрата политика. Затоа се повеќе сум убеден дека тие и во своите професионални области се методолошки многу боси и префорсирани. Убеден сум дека Марjановиќ е шупелка и во неговото толкување на кривичното право. Да бегаш од сите илjадници, милиони документи оставени од наследство на вековите и како Србин да му се потсмеваш што има презиме Србиновски што како народно име постои во зборникот на Миладиновци меѓу сите останати бугарски имиња, тоа може да го прави само безобразен надуенко што не ќе може да си jа прескокне омразата кон народот и семеjството што сирачето го форсира до невкус.

 Тоа се истите сили што jа напаѓаат американската амбасада и оние што и неjќат да jа видат силата на срамот што некоj постоjано им jа покажува.

- По што препознаваш дека тие се ранети?

- По однесувањето, го немаат веќе оноj цинизам од високомерие: да те гледаат незабележливо кога и ако ги плукаш велеа дека врне. Сега се ранети yверки што во претсмртна агониjа можат уште некого, што ќе им излезе на пат, да го повредат. Како инаку да го толкуваме излагањето на претседателот Глигоров на свечената седница по повод Втори август дека некоj се уште пали некаде книги, освен како показ дека нашиот прв човек, доведен од Белград за претседателот е обичен, престарен рекетар. Народот се спаси во пет до дванаесет со гласањето за промени да не влезе во воjна и покраj сите глупости и слабости што ги покажува сегашната власт. Митарените и ден денес перманентно не дестабилизираат, затоа никоj не ги чита и нема интерес кон нивните производи на лагата и манипулациjата. Народот, сепак, сака производи на духот. До вчера убиваа, а денес ги криjат трагите на своjата крвава игра. Лопатата веќе не им фаќа вода, времето не работи за нив. Неодамнешното неславно враќање на нашата екипа од научници од Москва, каде што буквално беа вратени од претседателот на Руската академиjа Волков, со образложение дека неjќе да соработува со фалсификатори и манипулатори е наjголемиот доказ дека им се трга чергичето од под нозе.

 Интелектуалниот криминал во Македониjа е поголем од целиот стопански и секаков друг вид на криминал што катадневно се прави во оваа држава и тоj е единствениот по коj ние се разликуваме од останатите источноевропски држави. Убеден сум дека со сегашните процеси во нашата култура тоj ќе биде за кусо време совладан. Фанатиците на сопствениот идиотизам се почесто ми подаваат рака. Дури не очекува и олку фалби.

- На што работите, сега по Фауст на творечки план?

 Нека не биде обврска кон мене како домашна задача, но тукушто завршив еден драмски текст за Тодор Александров.
 

[Back]