ДНЕВНИК,
16.02.1998 г.

Во Македониjа вирее Цвеќето на Расколот

Младен Србиновски
Писател

Од вечниот циклус на времето, магичното пролетно будење на природата никого не остава рамнодушен. Деновите на пролетта, велат, потсетувале на деновите на младоста. Колкупобеднички се зборовите на стари лица потпекувајќи плешки на скржаво пролетно сонце дека истуркале уште една зима. Во ритуални огнови се пали лошата вештерка, со ништо да не попречи на доаѓањето на Убавината. Кога се наведнуваме да ги мириснеме првите цвеќиња, заличуваме како да се поклонуваме на пролетта.

Годинешната блага зима направи да заборавиме на снежните фуртуми и од јануари да размислуваме пролетно. Среде зима нема миризби на весници на пролетта, но од миризбата од една друга билка, типично наша балканска, од Цвеќето на Војната, се' повеќе се опојуваме. Заова ендемско растение што денес успешно вирее по светот на уште неколку места, ареалот на нашата балканска авлија одамна е претворен во нејзин расадник за пресад.

Умни глави колумните на овој весник ги полнат со текстови од миризби на секојдневието; некој ги прави поинвентивно, некој поздодевно, но сите луцидни козерии бледеат пред миризбата на војната. Таа никогаш не изветреала од овие синори: пред неа бледнеат и пролетното пупење на природата и бликнатата младост што ќе шета покрај нас: пред татнежот на оружјата занемува и буколочниот врисок ‘ртењето.

Се спомнува дури и датум кога косовскиот ендемски Божур ќе се раздава за расад во поширокрегион, кога ќе замириса на Цвеќе на Војната. Мошне стрпливо и со умеење, со децении косовските Албанци и Срби ја одгледуваат таа необична билка што ја нема во ниеден ботанички атлас. Општествената почва за косовскиот Божур на Војната што ја подготвуваат косовскитеАлбанци и Срби е поинаква од компонентите на нашево македонско милје и тоа не не' прависреќни: него се' подиректно и поотворено ни го подметнуваат под нос.

Упорноста за вештачко збогатување на ова тло со увозни компоненти летово дојде до раб преку Гостивар и Тетово да станеме нов ареал за косовскиот расад. Тенката нишка што не дозволила досега тука да се создаде типичното косовско тло, се повтори и овојпат. При директен судир на граѓани со полиција во одреден број македонски куќи беа криени демонстранти. Не знам дали тие Македонци ги снимија и покажаа медиумите на албански јазик пред албанската публика. Тие појави на елементарна човечка солидарност ќе беа многу поголеми да не се сервира толку силно од албанските политички сили во Македонија вештачка меѓукомшиска разделеност и студенило.

Болно е чувството кога одам во Вруток и со ретко кого од соселаните Албанци можам да се поздравам. Ја вртат главата. Во лифтовите во МТВ со Албанците колеги катадневно се возиме со години: ни здраво, ни закрпено, ни црно, ни бело. Јас можам да им погледнам в очи: ништо не им работам од зад грб.

Ваквата платформа за сечење на сите врски со блиските комшии е обратна од вековната тенденција на славјанското население во Македонија за пуштање рака кон сите околу. "Елате заедно" е лозунгот во сите леви и десни движења, востанија и војни; така е пред, за Илинден,по него, во македонско-албанската буна, НОБ, до денес.

Повторно ги читам размислувањата на Ким Мехмети во "Дневник" и повторно гледам нема еластичност албанската болка низ разни ракурси да ја гледа. Различни се проблемите на Албанците во Косово, Македонија, како сезонци во Грција или на Запад. За него се' е албанофобија и ксенофобија. Јавно му порачувам: ако дојде до не дај боже, и ако нема намера да оди на Косово, нека дојде кај мене, цело лето ќе јадеме пиперки и леб и ќе се караме. Тој барем е од ретките тукашни Албанци што сакаат да се расправаат и тоа е за почит.

Од немоќта да излезат од наметната гетоизираност заради "повисоки" цели, проблемот на Албанците во Македонија е што не сакаат ни да се расправаат со поинаквите од себе. Знаат дека и расправањето е комуникација.

Лесно е во Македонија да митингуваш, да пиеш пива и да урлаш "Солун не го даваме", во мода е да си роден Србин овде, а цел живот да не прозбориш македонски, а најлесно е да ставиш кече и да се штутиш недоверливо со госпожата зад тебе на два метра. Потешко е да се самонадминеме себе како Гоце едно време. Гоце Делчев не е ни толку јунак ни толку учен засите да го сакаме; Гоце е човечен сите да го почитуваме.

Лесно е да се биде пречувствителен спрема сопствените светости: знамиња, орли и кокарди, потешко е да се самоиздигнеме како орли над македонските премрежја. Гоце не е од племето на Орлите, но неговата човештина е издигната и раскрилена како орел над сите од оваа територија. И не што не е предавство, орловска надменост е Гоце да виси по ќебапчилници и офиси.Застанувањето на Запад зад таа идеја за независна Македонија како да е премолчено извинување за сопствените потези над овој регион од својот Империјалистички период, а во едно и признание за човештината и далекувидноста на еден расчеречен остаток од народ на Балканот. Македонија е една голема претпоставка и од јаболко на раздорот да се престори во лагер за балканските триења, нашите чекори внатре треба да се поголеми од тие на Нил Армстронг на Месечината.

Шиптар бргу добрина заборава, едно е од искуствата со нашите сограѓани кондензирано до поговорка. Дури и од балистите, лути идеолошки непријатели, по ослободувањето на Македонија се испраќани на Сремскиот фронт само за да биде албанското население помасовно вклучено на победничката страна. Не е ли тоа почеток на грешката за подоцнежното вештачење форсирање на братството и единството.

Чувството за вина што го носат други народи што учествуваа на погрешната страна, на Албанците од Македонија власта таа траума им избриша. Нивен одговор на подадената рака сеалбанскиот специјалитет од азијатска популација и недоверливост. Затоа не ме чудат спомениците на поразените идеологии и партии што по институционален пат се обидуваат да остварат неизживеани национални мотиви. Да било ова население толку ксенофобично не ќе ја заплискуваат со децении Македонија дојденци од: Косово, Санџак, Гусиње, Врање или Лесковац.

Човечно е и тие ако ја чувствуваат оваа држава како татковина, да застанат против пресадувањето на воениот Божур во Македонија. Тукашната најмногубројна народносна група може би не се одликува со преголем ум или работливост, но никако не стои дека сме ратоборни. Нема да се плеткам во запетланите тактики и спомнуваните коридори, знам само таа грозомора ако се случи, славјанското население пак ќе реагира како и секогаш, пак ќе ум даде помош насекој бежанец покрај својата врата. Ким Мехмети ако има намера, слободно нека се јуначи наКосово, влакно нема да им фали на дојденците.

Албанците во мојот Вруток денес вртат глава од нас, но самите велат дека за лошото први им притрчуваат Македонците. Сум видел пожари и племни од Албанци кај што едвај можеле да ги спасат говедата од пукотници на загреана муниција. Против кого тоа оружје се складира и се' уште се носи! Против комшиите што скокнале да го гаснат пожарот! Неблагодарноста на Албанците се плашам да не се сврти против нив, носејќи ги во непредвидливи замки. И Србите се скарани со благодарноста. Нивната насилна пенетрација во несрпски земји им се враќа преку Косово. Во сета таа шашма на Албанците може да им се завидува за националниот имунитет пред разработените методи на "Начертанието". Српската стратегија не успеа од Албанците на Косово да направи нов косовски народ со посебна историја, јазик и култура, поинакви од тие во Албанија. Од косовската академија на науките и уметностите, од приштинскиот универзитет, од институтите, од образовниот систем и од косовските интелектуалци не успејаа да направат антиалбанско орудие, со свој камен да ги тепаат своите собраќа отаде Проклетие. Косовските Албанци не прават бесрамни промоции на својата Призенска лига како што овде во Домот на АРМ, разузнавачот број еден прави идеолошка промоција за предавничката десница на ВМРО.

Затоа косовскиот универзитет, академијата и институциите не работат, зашто косовските интелектуалци не се ангажираа да бараат косовско малцинство во Албанија и заштита на неговите права.Во Македонија се' уште не расте Цвеќето на Војната: овде одамна е пресадено и со државна апанажа се негува Цвеќето на Расколот. Се изгуби ли хемискиот елемент срамот од рофката македонска почва, лесно е потоа на неа да се пресадува секаков расад. Срамот е супстанцата што треба да се убризгува во македонското општествено тло како превентива за Цвеќето наВојната.

Косовскиот Божур на Војната е негуван производ на двата најдиви, најбалкански од балканските народи и ако има господ и вселенска правда, редно е ова Цвеќе да не фаќа маја во Македонија.

[Back]