Историска мисија
Панаѓур
Ефтим Гашев
Отаде големата вода, со мало задоцнување, ни дојдоа коледари со торби полни подароци за деца, големи имали; подароци од сите чешити и нишани; недолижани лижавчиња, искривени огледалца; сe' на сe' - шарени лаги. Забравајќи дека нашите деца одамна пораснале и зачекориле кон 21-от век. Емисарите -„најмакедонските патриоти“ - како вујкосамовци или како панаѓурски сплетки, на македонската јавност деновиве великодушно и подаруваат бајати подароци во Џиџани пакувања. Дојдоа македонските Американци или американските Македонци, поточно македонбулгари, за да го посоветуваат и да го подучат својот народ од стариот крај за преповторувачко читање на сопствената историја; за конечно Македончето да си ја најде нишката од своите корени. Се разбира, бугарските!
Дојдоа апостолите со евангелието в раце: „Македонија, Швајцарија на Балканот“ за да ни го осветат националното сознание и да ни ги претстават „првите“ наследници на Гоцета Делчев, македонските вилхелмтеловци: Тодор Александров и Ванче Михајлов. Агитпроповците отаде големата вода со брилјантни зборови го претставија Иван Михајлов како ексклузивен и легендарен експонент на идејата за самостојна и обединета Македонија, забранувајќи да ја завршат проширената реченица: „на македонските Бугари, како преоден период кон историското обединување на мајка Б’лгарија“. Кој не верува нека гопрочита претсмртното писмо на В. Михајлов упатено до „браќата и сестрите од Пиринска Македонија“. Во циркуските илузионистички сеанси сите марифети се дозволени.
Во своето „вјерују“ („Швајцарија на Балканот“) авторот е категоричен: „Во Македонија од поодамна живеат петте народности: Грци, Бугари, Турци, Албанци и Власи и се само делови од народите коишто со векови го населуваат Балканот... и истите националности имаат свои национални држави“ (стр. 25). Така, за „најголемиот“, македонскиот народ во својата Македонија е само национално малцинство со матична држава - Бугарија! Браво, бај Иване! Браво МПО! Понатаму: „Словените во Македонија се Бугари“ (стр.38) „...болшевичката пропаганда се зафати да лансира измислица, дека во Македонија наместо Бугари имало друга нација „македонска“. Таква нација светот не познава!“ (стр. 44). Вие, гостите од МПО, познавате ли македонска нација? Одговорете, додека сте тука и демантирајте го својот идол! За Михајлов, Македонците во Пиринска Македонија се слободни македонски Бугари во својата матична држава!!! А, македонскиот јазик, господа?! Б’лгарски дијалект, нели!?
За Ванчо Михајлов и за неговите истомисленици од МПО, бугарската фашистичка окупација за време наВтората светска војна не беше окупација, туку „освобождение и обединение на западните б’лгарски предели с’с мајка Б’лгарија!“ Коментарот е резервиран за апостолите на ванчовизмот. За потсетување: бугарскиот окупатор, како и другите окупатори на делови од македонскиот народ и територија, ја завиткуваат Македонија во црно, прогонувајќи ги до смрт приврзаниците на македонската национална кауза.
Апостолите на бугарштината во Македонија бескрупулозно се однесуваат и спрема македонските патриоти, отпорници на југословенското решавање на македонското прашање, определувајќи се завистинската и единствената опција - самостојна, обединета, демократска и суверена македонска држава, држава на македонскиот народ со издиференцирано македонско национално сознание. Овие прогонуванилица ги третираат агитаторите отаде големата вода како „ванчовисти и дејци за бугарштината“, ставајќи гипод заеднички именител со грст бугаромани и соработници на бугарскиот окупатор. За илустрација на оваги упатувам пропагандистите да ги прочитаат книгите „Судени за Македонија“ од Стојан Ристевски имоето скромно издание „Нашата кауза“, за да се уверат дека и покрај импутацијата на ванчовизмот, никојод „идризовските вмровци“ не се декларираше, ниту се чувствуваше како „ванчовист“. И тука правилото има свој исклучок: од неколку илјади осудени вмровци, десетина беа „ванчовисти“.
Добронамерните емпеовци во својата патриотска мисија предлагаат и некакво национално помирување. Кој со кого да се измирува?! Кој со кого се скарал!? Македонскиот народ е мирољубив и со никого не секара, дури и кога се бори за своите права. Друго е прашањето, ако некој си ја ишка мувата или некој што заскитал од матичното македонско стадо, па чувствува носталгија по татковината, портите на Македонија им се отворени. Портите за покајување.
А за домаќинот на овие сенишни, спиритуалистички сеанси - сите „честитки“! Промени, нели!
-----------------------------------------------------------------
Заштита на македонскиот јазик
Јазичен инспектор во кабинетот на премиерот
Мето Јовановски
Има една телевизиска новинарка што се вика Билјана. Таа своето име упорно го пишува Биљана и го изговара со нагласено акцентирање врз вториот слог броен одназад. Да потсетам (бидејќи овде станува збор за елементарности) акцентот во македонскиот литературен јазик (а што во говорниот јазик за сите што се спасиле од познатите влијанија е нормално) секогаш паѓа на третиот слог броен одназад. Јас тоа,таквото пишување и изговарање на тоа име на така јавен и (погрешно) сугестивен начин го слушав со месеци и, една вечер, во еден момент станав параноичен, па не можев да издржам и на новинарката и сејавив по телефон во студиото. И кажав дека тоа така не може, ни пишувањето ни изговорот на името Билјана. Инагласив дека Правописот на македонскиот литературен јазик е закон за употребата намакедонскиот литературен јазик. Биљана ме откачи без око да и трепне. „Јас така сум навикнала“, ми отсече.
Се помирив со својот неуспех и за утеха се потсетив на политичарот-дипломат
што среде Собранието, среде бел ден, во пренос во живо, рече „Јас така
сум воспитан“, демек во југословенски дух (за независна Македонија),
рече и замина за Њујорк да ја брани македонската кауза. Својата параноја
тешко можев да јасмирам, во што ми одмагаше лауреатот на Струшките вечери
на поезијата почитуваниот покоен Одн. Тој на еден разлатен ручек на Горица,
говорејќи за себе и за своето творештво, рече: „Јас многу сакам да употребувам
ретки зборови, но ако зборот го нема во најновото издание на Вебстер, се
воздржувам да го употребам“. Но, колку што Одн ми ја потпалуваше паранојата
во врска со Биљана, толку и ми ја смируваше со сеќавањето на тоа што во
присуство на тогаш вториот човек по Тито во Југославија, личнопочитуваниот
Крсте Црвенковски, тој се качи на сцената во Струга по папучи.
Во меѓувреме, дојдоа третите парламентарни избори во Македонија, кога
циркуската сцена беше отворена за деноноќна забава на нејзините граѓани.
За гласачите тоа не беше дојдено време за да слезе Курто за да се качи
Мурто, туку најсериозно и со најдлабока надеж се размислуваше дали вреди
да се гласа запромени или - по ѓаволите со шегата. Се разбира, врвна и
решавачка точка беше дуелот меѓу Бране и Љубчо.
Нормално, бидејќи влегувањето беше за секого бесплатно, јас со време се наместив пред телевизорот, сеќавајќи се како на времето Бране буквално му згрчи на Перо Гошев, со што го најави стилот на владеењето. Седам така пред екранот и се грчам од неизвесност и нестрпливост да видам кој кому и како ќе му згрчи сега. Ура-вира, ура-вира и Бане почна да попушта. Нов ден - нова нафака, си реков. Но, во последен момент, како во најакционите филмови, Бане го покрена пред Љубчо прашањето за Б-то на Љупчо. Не без будење на потсвесната србоманска и бугарофилска матрица, со оддишка и губење здив си рековме „Ураха!...“ одвај живи останувајќи. Аха, сега да те видиме Љубпчо, си рековме и се подадовме кон екраните во очекување на разврската. Па, рече идниот премиер, јас не сум крив што матичарот мене името ми го напишал со Б. На сите ни олесна.
Овој одговор ги подзаструга трњето на втората матрица, врз која гласачите на Македонија легнаа и никојне се сети дека тоа беше миг на отстапка пред една игноранција. Не се сетивме дека матичарот на Љубпчо на времето, кога му го регистрирал името во бившо југословенските книги, уште го паметел бугарскиот правопис и уште немал стасано да го ѕирне Правописот на македонскиот литературен јазик. Можеби Љубпчо со тоа емитува критичка порака во духот на една позната несмасна лингвистичка ламентација од подзаборавениот вмровски период. Дури може и да се докаже дека критичарите на „Блажевиот“ македонски литературен јазик се во право, но Правописот е Устав на македонскиот литературен јазик (усвоен од Президиумот на Собранието на федерална - тогаш во перспектива и социјалистичко-самоуправна република Македонија) како што Уставот е Устав на Република Македонија (усвоен од Собранието на независна Република Македонија). Прво треба да го смениш Уставот (па и Законот), па да постапуваш поинаку. Можностите за измени и во Правописот и во Уставот се отворени. А тоа народски се вели - Прво скокни, па речи оп!
Како и да било. Сега мене многу ме интересира што ќе прави јазичниот инспектор на Министерството за култура во сообразност со Законот за заштита на македонскиот литературен јазик. Се прашувам дали инспекторот, во духот на законот, со уреден налог од министерот за култура ќе влезе во кабинетот на премиерот Љубчо за да му го врати правото на П-то или, пак, сите ние ќе останеме да се колебаме меѓу Б и П, збогатувајќи се со уште една подвоеност како таа што нe' растргнува меѓу србоманскиот, пројугословенски сентимент и пробугарското, врховистичко бугарофилство. Додека трае разврската (а која има) меѓу Б-то и П-то, премиерот ќе ни биде Љубпчо. Во секој случај, сe' ми се чини, во случајов, најмалку две страни ќе го прекршат законот, но тоа нема да биде последен пат кај нас да се донесе закон што нема шанси за примена. Како оној за пушењето. Зашто, тоа така оди - шутиот на рогатиот ништо не муможе. Тие коегзистираат.
Во меѓувреме, за да не станам параноичен и заради релаксација од провинцијалната баналност, многу ми е забавно и симпатично што откако Љупчо Георгиевски стана премиер, по градот се прераскажуваа негдотата дека тој одбивал да прочита текст во кој името не му е напишано со Б. Ќе видиме.
[Back]