Нов вид туризам
Час по романтична историjа на плоштадот
во Охрид за бугарските средношколци
Браќата Кирил и Методиjа се основоположници на бугарската писменост, Охридската архиепископиjа е „првата“бугарска црква, а Самуиловата тврдина, коjа доминира над Охрид, била центар на некогашната голема бугарска држава.Црквата Света Софиjа е еден од наjголемите бугарски споменици на културата, а Охрид, пак, е наjбугарскиот град во Македониjа. Ова е дел од богатата содржина на бугарскиот туристички билтен печатен во Софиjа, коj бугарските екскурзисти, претежно средношколци, во изминатиот месец масовно им го делат на охриѓани. Сликата за градот на гостите им jа дополнуваат и дивите локални туристички водичи, кои за цена од 20 до 50 ГМ на учениците и нивните професори со збор им ги потврдуваат фактите за бугарската историjа на Охрид. Откако се уверени дека она што гонаучиле за Македониjа е вистина, гостите задоволни седнуваат во наjблиските кафулиња, каде што со звуците на српската турбо-фолк музика ги прославуваат новите познанства. Охриѓани не се вознемируваат многу, тие се задоволни бидеjќи за нив секоjа германска марка во претстоjната туристичка сезона е добре доjдена.
Во Охрид деновиве, како ретко кога, и гостите и домаќините се задоволни - бугарските туристи на самото место се уверуваат дека она што нивните професори ги научиле е вистина, а охридските дуќанџии, но и градските татковци, задоволно ги триjат рацете понеколкуте сушни туристички сезони. Заемното задоволството во минатата сабота го наруши еден натурализиран охриѓанец, по потекло Словенец. Како што раскажуваат очевидците, во саботата, кога еден од дивите водичи на една поголема група бугарски екскурзисти покраj остатоците на Стар Чинар, им jа раскажувал приказната за наjбугарскиот град во Македониjа, тоj jа слушнал приказната и бурно реагирал. Набргу му се придружиле уште неколку револтирани граѓани, па недоразбирањето набргу прераснало во физичка пресметка, во коjа дури интервенирала и полициjата. Во заемен интерес случаjот е забошотен. За охриѓани сега е наjважно да се зачуваат туристите и она што е наjважно - девизите. Како што неофициjално дознаваме, ни бугарската страна немала ништо против тоа настанот да се заборави. Моментно во хотелите „Силекс“, „Борик“, „Дончо“ „Инекс“ и други, на тридневни екскурзии престоjуваат околу 1.000 бугарски средношколци. Турите ги организираат приватните туристички агенции од Охрид, кои се должни на гостите да им обезбедат и водичи. Официjалните претставници на градскиот туристички соjуз велат дека ова правило претежно се почитува. Тие исто така тврдат дека со овие настани немаат ништо, но додават дека знаат кои се дивите водичи и против нив се борат на секаков начин. Неофициjално дознаваме дека за нив знае и полициjата, а запознаени се и градските татковци. Според сознаниjата со кои располагаат во градскиот туристички соjуз, дивите водичи, однапред договорени со некои од членовите на групата што доаѓа од Бугариjа, ги пречекуваат автобусите и ги разнесуваат гостите низ градот покажуваjќи им ги културно-историските споменици. Од друга страна, ни гостите од Бугариjа не ги сакаат легалните водичи, ниту пак официjалните кустоси. Не е редок случаj бугарските туристи да ги напуштат излагањата на легалните водичи и да им го дадат софискиот туристички билтен „Охрид“, коj освен што содржи детални информации за Македониjа, има и посебен оддел за „историското наследство нанекогашната бугарска световна и духовна престолнина.“
Слободан Соди
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Коментар
Охридски лекции по историjа и традициjа
Сите ние бездруго сакаме на преубавиот Охрид да му се врати стариот сjаj, од времето кога на неговите улици течеа реки туристи,кога се бараше кревет повеќе во хотелите и во куќите на охриѓани. Судеjќи според наjавите од нашата туристичка Мека, коjа деновиве е преплавена со бугарски екскурзисти (а во следниот месец ќе биде под руска “окупациjа”), можно е годинава, по многу посни години, охридските туристички работници да кренат глава. Даj боже да биде така. Се разбира, Македониjа е отворена и слободна земjа, во коjа сите, а можеби наjмногу гостинот, коj традиционално се дочекува сорадост и почит, можат слободно да го негуваат сопствениот национален и културен идентитет. Затоа навистина немаме право да им се лутиме на бугарските екскурзисти, кои во богатата охридска културно-историска ризница ги препознаваат знаменитостите на “своjата” култура, историjа и традициjа. Навистина нема зошто да им се лутиме - тие деца во училиштата вероjатно учат дека Охрид е дел од нивната историjа и традициjа и нема ништо понормално во тоа да го повторат тоа токму сега, кога се наоѓаат во овоj град. Ниту пак имаме право да им се лутиме на охридските хотелиери и на сите други охриѓани што живеат од посниот туристички денар - за нив бугарските екскурзисти се туристи како и сите други. Од туристот се очекува да ужива и да - троши. На гостинот му се дозволува секогаш да биде во право. Само така се “прави” туризам.
Сепак, мораме да си се налутиме самите на себе. Веќе неколку недели трае тоj “семинар” по бугарска историjа во охридските музеи,цркви и манастири, а никоj не крева глас. Никоj не очекува со таа работа да се занимаваат некои официjални органи, иако е факт и декакога би се обиделе да го сторите тоа во Бугариjа (да ги препознавате знаменитостите на македонската историjа таму), вероjатно ќе си имате работа со полициjата. Не, тоа нам навистина не ни личи. Но, не ни личи ни ова. Има ли во оваа земjа нешто што се нарекува културна и политичка jавност? Има ли во оваа земjа историчари, кустоси, интелектуалци? Има ли некоj што ќе се вознемири од она што деновиве се случува во лулката на македонската историjа, култура и традициjа? Овоj молк - што еве нас сега нй истура на “првата борбена линиjа” на одбрана на “македонштината” од “бугарштината” (а никогаш нес ме сакале да бидеме на “фронтот”), што не' соочува со постоjаниот ризик охриѓани да не' обвинат дека им jа минираме туристичката сезона - навистина е поразувачки. Веселите бугарски момчиња и девоjчиња може би нема коj знае колку да научат за себе, шетаjќи по охридските цркви и манастири, но се чини дека ќе научат нешто за нас - дека сме луѓе без гордост, без почит спрема сопствената историjа и традициjа и дека сме спремни да молчиме за некоjа германска марка повеќе. Зарем навистина сме такви?!
[Back]