Полемика
Дали водите што течат можат да измиjат се....?
"Дали можат да измијат зло, насилие, глупост, лошотии, неправди, од лицето на мојата мајка Македонија? Можат, можат, но и наводите треба да им помогне човек. Ете само така водите ќе измијат сe'...?"(Ѓорѓија Пулевски)
Не, не господине Александар Лепавцов, Вие не сте човек што може
да им помогне на водите да измијат сe'. Вие отворено на малаврата со Вашата
полемика "Народ за јазик, како да не", објавена во две продолженија на
11 и 12 мај во весникот "Дневник", сакате да го вратиме бугаризмот или
бугарствувањето и покрај тоа што во Македонија никогаш немале и нема да
имаат стабилни корени и основи. Тоа го правите како член на Советот на
интелектуалците на нашата македонска партија, која го носи светото македонско
име ВМРО-ДПМНЕ.
Плачете како мало дете за изгубените војни на Бугарија и нејзиниот фашизам, со еден збор, со крокодилските солзи според ставовите личите на цар Борис, Тодор Живков, Жељу Желев и Петар Стојанов. Пеете веќе чуена песна и тоа стара - вештачка,говорите за однадвор внесена историја. Со вас нема да водиме полемика. Аргументите против Вашите ставови и текстови се дури и премногубројни. Затоа ова се само гласот и аманетот на нашиот најголем македонист Ѓорѓија Пулевски, кој нe' понесе накратко да одговориме, а за кого најмногу учевме и читавме од неговиот следбеник професорот Блаже Конески, кого Вие без трошка срам и перде го нарекувате србо-македонец. А знаеме зошто.
Создавањето граматика на еден јазик несомнено е висок степен на неговата
писмена кодификација. Тоа е завршен чин на еден процес во утврдувањето
на интегралните својства на еден јазик и афирмација на неговиот литературен
норматив. Тоа го правеа нашите преродбеници од 19. век, го продолжија Блаже
Конески и многубројни други наши научни работници и лингвисти. Тука ли
лежи зајакот? Многу сте наивен, господине Лепавцов. Барате да Ви веруваме
дека јазичниот спор со Бугарија е измислен. Сакате да поставите равенство
дека Австрија и Германија е исто што и Македонија и Бугарија. Може две
држави, но не може два различни јазика. Па има ли смисла да го правите
ова, треба ли стопати да Ви повторуваме дека во говорот и писмото на Македонците
и Бугарите постојат огромни разлики и со никакви средства не може да се
елиминираат. Бугарскиот јазик нема ништо од тоа што го има македонскиот
јазик. Нема стабилен акцент, туку има слободен акцент. Кој им е виновен
на Бугарите што не можат да ги изговорат македонските гласови ѓ, ѕ, ј,
?, њ, ќ, ц. Овие македонски гласови и букви ги има во македонската средновековна
литература од 16. век, а во бугарскиот јазик никогаш не ги имало, ниту
ќе ги има.
Со закон може да се одреди употребата на еден јазик на одредена територија,
но гласовите и неговите фонетски форми не се оформуваат со закон, ниту
може некој тоа да го наметне. Тоа го прави само народот во подолг период,
од пет до десет века, па иповеќе. Колку само во бугарскиот јазик недостигаат
глаголските форми и многу други разлики, кои уште во 19. век нашите преродбеници
ги потенцираа и на нив укажуваа. И затоа Бугарија и бугарските дејци го
сметаат нормирањето на македонскиот јазик како најопасен етнокултурен сепаратизам.
Македонскиот јазик, македонските песни, обичаи и веселби немаат ништо заедничко со Бугарија, Србија и Грција. Наместо да ги избистрите, со Вашите писанија сакавте да дојдете на изворот и да ги заматите македонските води. Немојте повторно да се обидувате. Ние сме чесни луѓе - Македонци, старославјани и потомци на Александар и Филип и затоа за досега кажаното Ви е простено и од нас и од бога.
Блаже Наумовски,
Стојан Спасески,
Коста Граоркоски,
Стојан Николов
[Back]