Дневник,
13.01.1998

Здружение за денационализација
Нема коj да ги врати ни конфискуваните имоти на "државните неприjатели"
 

Во предложениот закон за денационализација не се предвидува никакво обештетување на имотот одземен врз основа на пресуди на воените судови. Во Здружението за денационализација велат дека во периодот 1994-1995 година е конфискуван голем имот од така наречените „државни непријатели“. Тие биле осудувани на затворски казни или ликвидирани, иако вината на поголем дел од тие луѓе не била докажана, велат во Здружението.

Не е мал имотот што е конфискуван врз основа на пресуди на воените судови. Но, уредбата за воени судови врз основа на која се вршела конфискација од мај 1944 до средината на 1945 година не е наброена во основите за враќање на имотот во предложениот закон. Тоа значи дека периодот од околу една година е правно непокриен и дека ако некој побара да му се врати имотот конфискуван во тој период, ќе биде одбиен. Во член 4 од Законот за денационализација се вели дека имотот одземенод луѓе што биле осудувани за кривични дела нема да се враќа. Тоа значи дека конфискуваниот имот нема да се враќа.

„Најголем дел од тие чиј имот бил конфискуван биле стрелани или осудувани на казна затвор, која ја одлежале. Тие луѓе за својата грешка, ако навистина ја направиле, платиле. Репресијата денес продолжува врзнивните „ни криви, ни должни“ наследници“, велат членовите на Здружението за заштита на интересите на сопствениците на одземените имоти, наследници на недокажаните „народни непријатели“.

Во нацрт-законот се вели дека имотот на луѓето што се судени за геноцид, воени злосторства и тероризам нема да се враќа. „Познато е дека во македонската историја никогаш немало геноцид, односно масовно уништување, а тоа постојано го истакнуваат многу наши политичари. Воените злосторства ги вршел окупаторот, бидејќи во Македонија непостоела петта колона, односно луѓе вклучени во злосторствата што ги вршел окупаторот. Поимот тероризам, кој исто така е вклучен во законот, е нова категорија, која се јавува по Втората светска војна.

Другите обвинувања запишани во Законот за денационализација се разбојништво, грабеж и кражба, иако е јасно дека тие луѓе биле богати, најчесто со генерации, имале голем имот и немале потреба да бидат крадци или разбојници“, велат во Здружението.

Во периодот од 1944 до 1945 година во Македонија имало голем број судења што не се одржале, луѓето биле ликвидирани или лежеле затворски казни, а пресудите се пишувале дополнително. Најкарактеристичен случај од тој тип е „велешкиот случај“, со кој без судење биле ликвидирани 53 лица. Пресудите за сите 53 лица биле напишани на еден лист хартија, кој содржел општи и недокажани квалификации, како што се народни непријатели, соработници со окупаторот итн. Се конструирале судења за да им се одземе имотот на тие луѓе.

- Интенција на законот е да се судиме со државата за да ја докажеме невиноста на нашите предци. Тоа значи дека прво треба да дојдеме до пресудите со кои тие се осудени, потоа да ја докажеме нивната невиност и на крај да бараме да ни се врати имотот. Тоа е долг процес, кој тешко може да се спроведе, затоа што пресудите на тие луѓе по воена линија, пред многу години беа складирани во архивите на СФРЈ и ЈНА. Како ќе се дојде денес до нив, односно до вистината? - се прашуваат членовите на Здружението, наследници на осудуваните лица. Предлагачот на законот не го прифати барањето на членовите на Здружението да се изврши ревизија на сите казни што предизвикале конфискација на имот во спорниот период, бидејќи, според законодавецот, тоа завлегува во целосна ревизија на казненото законодавство и правосудство, а тоа не може да биде интенција на Законот за денационализација.
Останува отворено прашањето колку тие луѓе навистина биле виновни и која била нивната вина. Во тоа матно време малку било потребно за некој да биде обвинет, па потоа осуден или ликвидиран, а се за да му се одземе имотот, обjаснуват во Здружението.

[Back]