Дневник
Година II Број 218
Понеделник 11.05.1998

Полемика
Народот за Jазик, како да не!

Александар Лепавцов

(Повод: „Народ за јазик?”, Слободан Чашуле, 28.04, Дневник)

Бугарија како држава со долговековна историја не спори за минатовековни вредности, оти тоа се нејзини вредности. Но не ги знаат нашите србомакедонци, што е нивна загуба и што новоиспилените македонисти,кои како што тврдат, водат потекло дури од Александар Македонски и немаат ништо општо со Славјаните, значи и со нас и нашите предци, возрожденците и востаниците од Македонија што се нераскинливо вткаени и во бугарската историја и култура.

И не е важно дали се спори „на крајот на милениумот“ или тоа ќе продолжи и во почетокот на новиот, проблемот е, и факт е, согласен сум „на неговата суштина и целосна нелогичност“, но не и дека има некаква „предложена трговија“ која го соголува до тоа дека: „Негира факти, постоења. Оти ако има јазик,има и народ, а тоа на Балканот значи дека има и малцинства“.

Точно е тоа, но проблемот е во „фактите“, во нивната селективна, а не интегрална презентација и интерпретација соодветна на историските временски сукцесии и реалности. Проблемот е во политичката етика и политичкиот морал на интерпретаторите на фактите.

Бугарија не тргувала, туку војувала и... губела. Не дека не била силна држава со издржлив народ, туку војувала со големите сили и со сите балкански држави како нивни сателити, божемни победници, или како би рекол придружни победници, сплотени во својата хишност, да ја нема Македонија.

Бугарија ги губеше војните и Македонија беше раскината. Македонците барајќи спасение, тие што останаа живи, во најголем квантум најдоа братски прием во Бугарија, која несебично им овозможи таков развој, што многу Македонци се најдоа во високо интелектуалниот слој на бугарското општество, управувано и од нив. Така стана потомците на македонскиот егзодус, денеска да се на број повеќе од нас, Македонцитево Македонија. И нешто друго. Многу од истераните, побегнатите од своите огништа во Беломорска Македонија се населија и останаа во Пиринска Македонија, која секогаш била во рамките на современата бугарска држава и секогаш се викала Пиринска Македонија, додека многу поголемите делови од Македонија биле прекратувани во Северна Грција и Јужна Србија, каде што до скоро спомнувањето на името Македонец носеше безмерни страдања или куршум. Тоа се фактите. И за тоа имаме „негирања нафакти и постоења“, нели?

Понатаму, на тоа „Оти, ако има јазик, има и народ, а тоа на Балканот значи дека постои и малцинство“, може да се опонира насочувајќи еден од повеќето примери, како оној со германскиот јазик. Литературнатаформа на германскиот јазик е еднаква за Германците во Германија, за Австријците, за Швајцарците во северните кантони. Сите тие зборуваат еден единствен литературен јазик, ама се три различни нации и држави. Може да се земе и примерот од Белгија или уште подобро со нациите и државите на Јужна Америка. И сега кој ќе биде одговорот? Имаат ли право нашите интелектуалци од друг вид, кои не се членови на Хелсиншкиот комитет, како на пример: Милош Линдро, Младен Србиновски, Димитар Димитров, Миле Неделковски, Александар Апостолов и многу други. А што ќе се рече за изјавата на академик Гане Тодоровски, кој вели: „Мене ме боли и вознемирува трагичното непознавање на нештата, неопходни како основен предуслов при разјаснувањето на суштинските спорови. На рамниште на неопходните предзнаења и за јазикот и за етносот и за историскиот след од настаните ние сме со илјадниции илјадници нишки испреплетени имено со Бугарија. На науката ова и е одвеќе јасно. И тоа со ништо не и пречи на нашата македонска позиција. И нам не ни се адутите во пренагласеното одделение од Бугарија - како етнос, како јазик и како историска меморија. Напротив, во евидентната блискост треба да јаоткриваме смислата и за соработка и за повторно зближување, но како две одделни национални поимски категории...“ („Нема јазичен спор меѓу Македонија и Бугарија.“ „Форум“, бр. 7/98).

(Продолжува)


12.05.1998
Полемика

Народот за jазик, како да не! (2)

Александар Лепавцов

Кои се тие што веруваат дека постои јазичен спор? Нема јазичен спор. Следствено на тоа ниту народ зајазик. Не постојат две бугарски држави бидејќи Бугарија ја призна македонската држава. Не еднаш туку два пати - како НРМ/СРМ во рамките на ФНРЈ/СФРЈ и како независна држава Република Македонија. Значи, Бугарија не може да се признае сама со себе т.е., признавајќи ја Македонија како своја втора држава. Не треба да се прават случаи од типот ЈАЗИК ЗА НАРОД што го има јазикот толку близок, што двата хелсиншки комитета не разговарале со преведувач оти тоа е очигледно неподобно. Исто така,чудна е идејата дека Бугарија барала ревизија на потеклото на нашиот јазик (?). Нормирањето на јазикот, пак, е во доменот на државата. Да се сетиме како беа направени реформата на српскиот јазик (воведување на караџицата), реформите на бугарскиот јазик (две во овој век) и на крајот да си припомниме како беше направен и кодифициран литературниот македонски јазик. Велам направен, бидејќи беше употребена заканата на тогаш младиот србо-Македонец Блаже Конески, силно поддржуван од српските шовинисти маскирани како Југословени (затоа пропадна Југославија), та другите членови на јазичната комисија попуштија пред цевките на пиштолџиите итн... Познати и објавени се тие состојби, трагични за јазикот и народот. Но, генерацијата што сега научно и патриотски расте ќе ги извади и правилно ќе ги интерпретира писанијата на светите Климент, Наум, Јоаким и другите праведници како и возрожденците.

Кај добронамерно собрани луѓе за разговор треба да има напредок, инаку чуму разговори в година? Тогаш пак ќе се коинцидира со поставеното “јазично” прашање од еден наш учесник во вид на тоа “дали разликите треба да нe' делат или зближат?” Аферим, браво на така поставеното “интелектуално” прашање. Од сево ова произлегува дека разговорите се темпираат како разговори на глуви, и тоа од страна на тие “што трагично не ги познаваат нештата”? Не, не и не. Тие се прават дека трагично не ги познаваат нештата оти беа и се лажливци за пари, титули и политичка моќ. Тоа се луѓе добро плаќани во последните неколку десетилетија, настроени се против сe' што било заедничко со бугарската историја, јазик и култура, дури некои од нив тврдат дека немаме ништо заедничко со тоа. Помладиот состав на нашата делегација не се надевам дека има нешто поинакви идеи за “Б” проблемот, како што велат - прагматични идеи. Но познато е дека политиката беше таа што целосно ја насочуваше економијата. Во демократските системи тоа не е можно и затоа е доста неподобно да се зборува како ете, во оваа фаза на односите треба прво да ја развиваме трговијата. Ако стопанските субјекти се вистински приватизирани и во амбиент на слободно пазарно стопанство, а во правна држава, стопанските субјекти сами донесуваат секаков вид одлуки. Од сево ова следуваат заклучоците:

1. Нема јазичен спор. Бугарската страна е согласна договорите да се потпишат и на македонски јазик. Тие се противат во одредениот параграф да стои “македонски јазик”, туку “официјалниот јазик спремаУставот на Република Македонија”. Тоа можеби и од “романтични причини”, како одговор на тврдоглавото инсистирање на нашата актуелна власт поучена од нашите “научници” како остаточна последица на еден друг “романтизам”, северен и студен;

2. Историските релации од минатото треба да се осветлат како заедничко богатство, а не да се делат. Делењето не е логично и е недобронамерно, оти со тоа се потхрануваат тезите од типот “дали разликите треба да нe' делат или зближат”;

3. Да се организираат разговори меѓу интелектуалци со разновидно нујансирани погледи, но со висока култура на дијалогот;

4. Да предложиме балканска институција ДИСКУСИОНЕН ФОРУМ, како перманентна институција соседиште во Скопје, како форум за развој на добрите односи меѓу балканските држави.

Александар Лепавцов

[Back]