Дневник,
1 август 1997

Од друг агол
Македонизам

Ефтим Гашев, публицист

Великобугарската гебелсовска пропагандна антимакедонска машинериjа со децении па и векови наназад во континуитет се занимава со македонско прашанjе, со третман "да се биде или не", со дозиранjе на интензитетоткога треба да се забошотат сопствените катастрофални состоjби. Така и денес, кога Бугариjа и бугарскиот народ ги заплискува и дави економскиот и општествниот колапс, кога мафиjашкиот криминал станува секоjдневие и препознатливост, пак гебелсовците се настрвуваат кон Македониjа. Дури ни последниот бугарски претседател, демократот Г. Петар Стоjанов не е исклучок од предната констатациjа, коj во своите први изjави кон бугарскиот народ кjе го актуелизира македонскиот вопрос, не сокриваjкjи ги своите великобугарски емоции - "Македониjа е наjромантичниот дел од бугарската историjа". Шовинистичката хистериjа го разгорува и актуелниот бугарски проблем со jазикот на соседната држава Република Македониjа. Дипломатската дрскост и неграмотност на новопечените бугарски државници, автохтониот македонски jазик го третираат како новокомпониран државен jазик озаконет со Уставот на македонската држава.

Што всушност бара и сака самоизмилениот македонски патрон? Малку ли му е што по окупациjа од трагичната 1913 година уште владее со дел од македонскиот народ и македонската териториjа?! Малку ли е пролеана македонската крв во борбата против соседните завоjувачи?! Малку ли се жртвите од братоубиствените пресметки инспирирани од великобугарскиот врховизам?! И наместо закопуванjето в коприви на крвавите воени балтии, кон Македониjа повторно се упатуваат погледите на гнасните сеништа од далечното и поблиско минато, за да се докусури и она што со векови успеа да опстои во крвавото расчеречуванjе, Вардарскиот дел од Македониjа! Бугарските агитроповци го актуелизираат "македонизмот" како наjголемо зло на бугарштината во Македониjа и смрт за великобугарската кауза воопшто, па затоа да му дадеме збор на авангардниот антимакедонист Коста Црнушанов, македонскиот Бугарин од Прилеп и окупаторски виш училишен инспектор во Битола. Црнушанов, во своjот антимакедонски памфлет "Македонизмот и отпорот на Македониjа против него" (1992) кjе jа истури сета жолч врз народот од коj за жал и потекнува. "Македонизмот е злосторничка формула" - кjе рече авторот и продолжува, - "МАКЕДОНСКИТЕ СЛАВJАНИ НЕ СЕ НИТУ СРБИ,НИТУ БУГАРИ, НИТУ ГРЦИ, А ПРОСТО, МАКЕДОНЦИ, КАКО ОДДЕЛНА НАЦИJА СО ОДДЕЛНА ИСТОРИJА, JАЗИК И КУЛТУРА /стр. 19/.

Но, за да jа девалвира и анатемиса "злосторичката формула", Црнушанов продолжува: "Идеjата на македонизмот како оружjе на српската пропаганда во Македониjа се изградува во еден специjален комитет, проектиран уште во времето на кнезот Михаjло Обреновикj, основан во 1868 год. по инициjатива на белградскиот митрополит Михаjло" /стр. 22/.

Ова практично значи, дека формулата "македонизам" е средство и метод, преку македонската нациjа да се асимилираат, посрбуваат македонските Бугари!!! Понатаму Црнушанов продолжува со своите небулози. "Македонскиот Бугарин само пред српските насилници сакаше да се скрие под името "Македонец". За него беше смртна опасност отворено да се каже Бугарин. ... Методиjа Шаторов и неговите другари не сметаат дека бугарската власт во Македониjа е окупаторска, дека македонската нациjа не суштествува: Македонците се Бугари, а Македониjа бугарска земjа... Како патриот - Бугарин, Ченто отворено се проjавува во навечерието на Втората световна воjна... Книгата на Рацин /се мисли на"Бели Мугри" з.м./ е манифестациjа на бугарскиот дух во Македониjа... Не само по jазик, туку и по сознание Рацин бил добар Бугарин од Велес... Следната жртва на идеjната група на Ченто, е познатиот на си от бугарски народ и на светската jавност Павел Шатев... Не помалку е тажна судбата на Панко Брашнаров бугарски учител уште од турско време и до кра jостанал верен на бугарската просвета.... Кирил Петрушев бидеjкjи Бугарин по дух и деjност не може да им се допадне на прогонувачите на бугарштината, беше сменет од фунциjа...

Неславно заврши и Петар Пирузев. Макар и партизан и борец против бугарската власт, тоj си остана Бугарин по сознание и како таков неподобен за македонските владетели... И пак по ред: Стерjо Боздов, Бане Андреев, Епаминонда Попандонов-Иванов, Емануел-Мане Чучков, Венко Марковски..." И така баj-Коста Црнушанов во своето антимакедонско издание кjе ги овенча со слава многуброjните Македонски Бугари од ванчовистичката врховистичка провиниенциjа, кои што се прославиjа со своите зло/дела како окупаторски колаборационисти, третираjкjи ги истите како ратници на бугарштината во Македониjа. Дрскоста на антимакедонскистот оди толку далеку, што прогонуваните и судените лица по Втората светска воjна за идеjата на ВМРО, односно за самостоjна и обединета Македонска држава и македонската национална самобитност исто така ги третира како "борци" за бугарштината во Македониjа, подведуваjкjи ги истите под ист именител како и соработниците на окупаторот. Кога сме каj "македонизмот" да споменеме само уште еден епизодист од нивните опоненти. Имено, Александар - Алекса Стоjменов, од Велjуса, струмичко, бивш "идризовец" токму од авангардните"македонисти" коj во емиграциjа одлетга во jатото на Ванчо Михаjлов, а неодамна во некое софиско дувло ги промовира Спомените на своjот врховистички шеф, во еден своj доклад до ЦК на МПО, покраj другото, кjе одбележи: "Нашите дедовци и татковци против себе jа имаа само турската империjа и ограбувачките апетити на Србите и Грците. Денец нашата задача е посложена, затоа што ние имаме против себе три душмански држави: Грциjа, Срциjа и Албаниjа и едно зло повекjе - МАКЕДОНИЗМОТ, коjшто е многу позлокобен од сите други "врагове" заедно.

Навистина сите овие и слични на нив вицеви, освен подсмев не заслужуваат друг третман. Но, приказната со "македонизмот" продолжува. После Србите, како татковци на македонската нациjа, гебелсовците ни jа наметнуваат Коминтерна, коjа пожелбата на Сталин и милоста на бугарското комунистичко лоби /Димитров, Коларов и др./ со декрет jа "измислуваат" македонската нациjа /1934 г./ Како и овоj политички гаф не помина, душегрижниците од софиските дувла, пак jа измислуваат македонската нациjа, но овоj пат, таткото на нациjата ни е Jосип Броз со неговите jугомакедонски болшевици во летото на 1944 година. Ние сме ти некоj чуден народ, токму за гинисови рекорди: многу пати некоj однадвор сака да не асимилира и да ни наметне измислена нациjа, а ние и понатака достоинствено остануваме корави македонски бугари! Смеата настрана! И денес, тука околу нас, а и помегjу нас, се уште вегетираат грст поборници на бугарштината кои играат на една друга вариjанта. Кога векjе македонската реалност, преку државата Р. Македониjа и македонскиот народ со jасно искажана и манифестирана македонска национална свест се тврд орев на бугароманската опсервациjа, тогаш, штовели народот: "Даj што кjе дадеш! "Македонските антимакедонци наjсетнекjе го исфрлат джокерот од ракавот и како историски "компромис" jа исфрлаат паролата - Да, ние сме Македонци, ама со историско бугарско потекло, односно, како што арогантно се декларираат со бугарски историски корени!. За наша срекjа, горните инсерти се само дел од бугарски проблеми и емоции и истите самите нека си ги решаваат, оти по таа проблематика не само историjат, туку и македонскиот народ многу пати се изjаснил, како за сопствената кауза и судбина. Оваа порака треба да важии за нашите други соседи на кои што не им одговара суштествуванjето на македонската држава и македонскиот народ, но од вистината не се бега!.
 
[Back]