Гледиште
Духот на Илинден
Димитар Димитров, професор и публицист
Уште еден Илинден дочекуваме (1903 - 1997) - уште еден повод да се замислиме над односот мегjу Илинденците и нас. Биолошки, Илинденците се наши (пра)дедовци и (пра)баби; ние сме нивни (пра)внуци; едни кон други сме во однос на предци кон потомци, или, обратно, на потомци кон предци .Духовно, нашиот однос кон Илинденците, не е ни приближно толку jасен, за да можеме ние, со полно право, да се сметаме за илинденски наследници, или, обратно, Илинденците да ги сметаме за наши предходници. Премногу заплеткани и испокинати нишки, многу jазли мегjу нив и нас, прават лавиринт, при коj биолошката константа осцилира во вариjабли со поголема или помала (неjзина) присутност - до сведуванjе на пропагандна идеолошка функциjа, до целосно губенjе. Се разбира, за карактерот на овоj однос неможе да биде одговорна илинденската генерациjа. Таа била што била, направила што направила, си jа потрошила своjата мера на долг иодговорност, изгорела во еден копнеж - копнежот по слобода, со коj македонскиот народ го издигнала на врвот на движенjето на човештвото кон слободата, со оглед на можностите што ги имала и на саможртвата што jа приложила. Одговорноста пагjа на нас - за тоа дали и колку ние се чувствуваме/самоидентификуваме суштествено илинденски определени, покраj чувството за некои други определници, кои одведуваат од Илинден. Наше е, во една структура од противречни опити што нашиот народ ги помина од 2 август 1903 година до сега, да го одмериме влогот на Илинден; наше е, да го осмислиме и запазиме Илинден, или да пуштиме да отиде во неврат, како заблуда и бесцелна жртва.
Примерен на духот на Илинден е еден автономен поглед коj се надвишува над прагматичната памет или над идеолошкото секташенjе, поглед полн со теориjа и лjубов, што изведувана чистина, во чие видно поле се опфакjаат и земjата и небото, низ превезот на разновидни историски условности, jа открива човечката димензиjа. Таквиот поглед - коj, денес, при самостоjна македонска држава, е наша обврска, наше право, наша потреба - од своjа страна претставува мера за поразот/победата на Илинден. Илинден не е самостоjно битие - нешто што туку така дошло, светнало како метеор па изгаснало. Илинден, како лавата при вулканот, е израз на длабински процес, е изблик на напон собиран со векови од судирот на антагонистички сили: една, потиснувачка, насочена кон (турска) политичка и (грчка) духовна (долгорочно, исто, политичка) доминациjа; друга, сила на отпорот на нашиот народ, распнат како обjект на тугjа волjа и како субjект на своjа волjа. Историската заднина на овие антагонизми, како супстрат на дивергентни енергии, сепротега во вид на исклучително слоевит пеjсаж, со изворни образуванjа/акултурации на "теренот" и со специфични рефлексии на Европа. Таа слоевитост, во краjна линиjа, им одела во прилог на силите на потиснуванjето, што условувало тенденциjа на статус кво, продолжено отоманско ропство.
Затоа Илинден не е "преурането" востание; Илинден е задоцнето востание. Со таен англиско-руски договор (Лондон, 1878), со коj се поставени основите на Берлинскиот конгрес од истата година, низ мегjу калкулациите на великите сили, еден народ е фрлен во бездна. При локалните и мегjународните констелации, етаблирани со Берлинскиот конгрес, никогаш Илинден, едно македонско востание, не можело доволно да се подготви, за да заврши успешно во смисла на воена победа. Тие констелации беа супстрат, не за 1903, туку за 1913! (Види го Извештаjот на Карнегиевата анкетна комисиjа за Балканските воjни.) Француските студенти, во 1968, се прочуjа со паролата "Да бидеме реалисти, да гобараме невозможното"! Нашите предци, со Илинден, шеесет и пет години порано, практично го опитаа искушението на невозможното. Заклетвата"Слобода, или смрт!"; образложението од мозокот на ВМРО, организатор на Илинден, Даме Груев: "Подобро ужасен краj, отколку ужас без краj", со тон на судбински избор, на идеалистичката онтологиjа на францускитестуденти и' дава карактер на вербална/програмска реприза. Со сплет од народни востаниjа и индивидуални гестови на лична саможртва на анархистите - гемиджии, (сплет) што се стопува/кулминира во Илинден, нашата илинденска генерациjа, пред светот, jа потврди своjата реалност. Со последното средство што го имаше на располаганjе - со сенародното саможртвуванjе пред олтарот на слободата, што беше наше име за невозможното - таа генерациjа изврши онтолошки обрт во редот на нештата, ги релативизира битието и небиднината, реалното и имагинарното, животот и смртта, поразот и победата.
Величествени книжевни споменици на тоа сенародно псоветуванjе/заветуванjе на слободата, оставиле, сосвоjот и со гласот на загинатите, учесниците и сведоци Павел Шатев ("Во Македониjа под ропство"), Петар Манджукот ("Предвесници на бурата") ,Христо Татарчев ("ВМОРО како реалност и како митолошка суштина"), Христо Силjанов ("Ослободителните борби во Македониjа"). Кон нив треба да се придаде големото книжевно дело на Димитар Талев, исто, народното пеенjе. Шатев умре во домашен притвор, во НРМ/ФНРJ; Манджуков - во длабока осаменост, во НР Бугариjа; Татарчев - во "доброволен" егзил, во Италиjа. Овие трагични ишоди на преживеаните Илинденци, се посредувани со длабоки резови во народното и во териториjалното тело, со нови залети на потиснувачката тенденциjа, под грчката и под српската окупациjа на Македониjа, исто, под комунистичката власт.
Во тие, практично, безнадежни реалнополитички сулови, кога идеjата на Илинден е инкриминирана, духот на Илинден инспирира движенjе на отпорот против асимилациите (види: Стоjан Христов, "Херои и убиjци"), што обликува драматична стурктура во разни фракции на ВМРО, како и на левото движенjе, често мегjусебно противставени до смрт. Во таа драма на еден народ фрлен во бездната, Илинден жилаво се одржува и пркоси, дава нови борци, принесува нови жртви; се одржува како мера на нашето битие, на нашиот идентитет. Континуитетот на Илинден го симболизира отворанjето на заседанието на АСНОМ од страна на преживеаниот Илинденец Панко Брашнаров. Неговиот помлад соборец Методиjа Андонов - Ченто, првиот претседател на македонската држава, дефинираjкjи jа своjата стратешка визиjа, се служел со метафората "патот на Илинденците". При АСНОМ, со Ченто на чело, е опитана синтеза на сите народни делови, во духот на националното помируванjе. Тогаш Илинден го снаогjа наjтешкиот удар, оноj од "своите", од комунистичките колаборационисти на Тито, на чело со Лазар Колишевски. Брашнаров ги остава коските на Голи Оток; Ченто гние во Идризово. Митот на "НОБ и Револуциjата" не остава место за Илинден, или за ВМРО, за коjа се преземаат стереотипите од српскиот пропаганден арсенал - како за "терористичка", "фашистичка", "врховистичка"/"бугарашка"организациjа.
На последниот болшевички марш на нашата комунистичка елита, во седумдесеттите години, на т.н. "пресвртнички" седници на ЦК на СКМ, Киро Глигоров жестоко го критикуваше празнуванjето на Илинден, како израз на македонскиот национализам/либерализам! Денес, по четвртина век, на Илинденскиот празник кjе говори Киро Глигоров. Може тоа да биде изразна политичка бескарактерност. Но може да биде и симптом на победата на Илинден. Во вториот случаj ни' претстоjат брашнаровски-чентовски потези на БМРО-вско - АСНОМ-ска синтеза. Да се фрла широко мрежата, пада се собира!
[Back]