Дневник,
1 август 1997

Полемика
Лага е дека Коминтерната го "измислила" македонскиот jазик

Илиjа Милчин, актер и режисер

Во "Дневник" Димитров цитира исказ од Блаже Ристовски: "Членовите уштена Првата jазична комисиjа од 1944 година Блаже Конески, Даре (останува збор за Д. Джамбас - з.м.) и Венко Марковски добро jа познаваа книгата на Мисирков и принципите на кодификациjата на литературниот jазик". Можеби Димитров и да немал таква намера, но (даj Боже да грешам!) ми се чини дека ова кjе им биде добродоjдено на оние кои упорно тврдат дека jазиковни го измислила Коминтерната, некаде од 1934 година, а го создалекомунистите во Втората светска воjна. Чудно нешто: порано нашето минато ни го искривуваа неприjателите, а сега тоа го правиме и самите.

А, ако се поjави книга или текст коj се обидува да ги коригира фалсификатите во "преводите" на дела од странци, кои пишувале обjективно за нас, веднаш се jавуваат дежурните плукачи кои имаат задача да останат восила, недемантирани, само црните лаги за нашиот народ, што други ни ги лепеле и ги ширеле по светот. Токму затоа, за некои настани од кои има уште живи сведоци, никоj нема право да молчи. Во Горно Врановци, во септември и октомври 1944, во jазичните дискусии, навистина jа немавме книгата на Мисирков, но мнозина од нас знаевме дека Даре Джамбас (патем кажано, тоj се потпишуваше вака: со С, а не со З) во бугарскиот затвор напишал нацрт на граматика и основа на македонската азбука врз идеите на Мисирков. И сега се секjавам дека првпат за "Македонцките работи" чув во Белград, 1938 година, кога доjде Митко Зафировски, тогашен член на Комисиjата за македонското прашанjе при ЦК на БРП(К). Знаевме и дека книгата е разгледувана од  Македонскиот литературен кружок во Софиjа, а беше тешко достапна поради малиот броj примероци, зашто бугарскатав ласт jа ставила под блокада веднаш по излегуванjето од печат во краjот на 1903 година. Деновиве се секавав на тие долги нокjни дискусии, често водени и со висок степен на емоционалност и, за жал, согледав дека сосема малцина сме уште живи. Мегjу нив е само проф. д-р Гjоргjи Шоптраjанов, лингвист и професор по француски jазик, коj работеше речи си во сите состави на jазичните комисии и во ослободеното Скопjе. Сметам дека кjе биде драгоцен придонес ако се иницира професорот или самиот да напише заработата на комисиите или новинар да го интервjуира, мегjу другото, и за предметот на спорот. Во Г. Врановци не имаше сосема мал броj лингвисти. Повекjето бевме со друго образование. Во Скопjе векjе се вклучиjа и некои лингвисти, но за жал, сите се покоjни. Денес се живи Ванчо Бурзевски, Киро Хадживасилев, Илиjа Топалоски.

Пред да се отпечати "Замакедонцките работи" не смее да се заборави дека векjе имаме и литература на македонски jазик, освен народната. Кjе се задржам само на драмската, зашто таа како да е подзаборавена. Тогаш е обjавена пиесата на Марко Цепенков "Црне воjвода", а во 1900 година е изведена "Македонска крвава свадба" на В. Чернодрински и е отпечатена при краjот на годината, за дадоживее второ издание во 1907 година и трето во 1928 година, а некаде во тоа време и едно во САД за нашите иселеници. Воjдан во книгата напишал и Упатство, во кое, во врска со изговорот, вели :"Акцентот на зборовите обично пагjа врз првиот слог на едносложните, двосложните и третосложните зборови, врз вториот слог на четворосложните, врз третиот на петосложните и сл... Кога неколку едносложни зборови кjе се наjдатеден до друг, тогаш тие се сметаат како еден збор..."Штоти е"...НЕ, когае како одречна честичка...е слеано со зборот..." Всушност, Чернодрински го обjаснувал она што денес го нарекуваме акцентни целини,а не бил лингвист. Единствена разлика е што уште немал можност да ги запознае знаците, графемите од азбуката што кjе ги обjави Мисирков дури три години подоцна, па затоа се служел со буквите од бугарската азбука. Суштински значаjно е да се подвлече дека Мисирков не затекнал празен jазичен простор, туку имал и македонски текстови, пишувани и отпечатени, но и говорени од сцената, па можел, како одлично подготвен филолог, да ги формулира теоретските норми на литературниот jазик, фонолошкиот правопис и азбуката.

Здружени, отишле во Белград во декември 1903 година. И додека Воjдан со своjот театар достоjно jа презентирал говорната слика на нашиов jазик од сцената на Народното позориште, Мисирков jа обjаснувал посебноста на нашиов jазик пред студентите на Великата школа (Универзитетот) и во разговорите со истакнати српски интелектуалци. Самиот факт што Воjдан го зел на пат со ансамблот, иако не бил ни актер, ни режисер, покажува дека со Мисирков имале блиски разбиранjа за нашата посебност, базирана пред се врз jазикот.

А тоа се години, кога се почесто, по изразот на Илинденскотовостание, избива во прв план така нареченото српско-бугарско братимство, од кое кjе произлезе блискиот балкански воен соjуз во 1912 година и поделбата на Македониjа. Обаjцата jа сетиле таа опасност, но не успеале да jа отклонат. Сепак, претставите во Белград предизвикале бурни реакции. Весникот "Пиемонт", орган на офицерската клика на Драгутин Димитриевикj -Апис, ги нападнал наjжестоко, како тугjа пропаганда, а српскиот литературен историчар Андра Гавриловикj напишал: "Во Белград...гостуваше македонската театарска трупа под водство на Чернодрински. Таа, на македонски jазик, прикажа оригинални македонски драми. Краткоречено, бевме исправени пред обид на нова духовна култура, литература иуметност - македонска. Не треба да се залажуваме. Она што го прикажа Чернодрински не беше жаргон ... самата поjава на неговата македонска продукциjа говори дека стоиме пред почетоците на нова, четврта, литература на словенскиот jуг". ("Бранково коло", бр.17 од 29.04.1904).

Иако длабоко загрижено, ова е прво jавно признаванjе надвор од Македониjа, на посебноста на нашиот jазик и литература. Дали по овиенастани од првите години на веков кjе продолжат некои наши лугjе и понатаму неодговорно да велат дека jазиков ни го измислила Коминтерната што jа немало тогаш, како ни комунистичките партии? Инаку, во една од jазичните комисии, во векjе ослободеното Скопjе, Венко Марковски обjаснувал: "За това централно македонско наречjе прекрасно разбиранjе произнесе Крсте Мисирков...коj постави како принцип оти македонскиот jазик не е ни болгарски, ни српски jазик..." Д-р Стоjан Ристески, пак, приведува едно писмо од рускиот славист Бернштеjн од 12.09.1944 година, "Белешки за македонскиот jазик", што го нашол во Архивот на Македониjа и во белешките на проф. д-р Воислав Иликj, од почетокот од 1945 година.

Бернштеjни цитира образец на текст на централен говор, што е всушност превод на македонски на стихотворбата "Патник" од П. Прерадовикj, направен од Мисирков и обjавен во неговото списание "Вардар", во 1905 година. При споредба со jазикот на пиесите на Чернодрински, стариот наш театарски Воjдан, инаку негов врсник, чесно и достоинствено држи чекор со Мисирков. Лагата дека Коминтерната го измислила нашиов jазик е временски лоцирана во 1934 и божем врзана за прочуеното писмо од Георги Димитров до Македонскиот народен соjуз во САД.

Но, истата година во Коминтерната никнува тезата за постоенjето на "доброджунска" и "тракиска" нациjа. Зошто таа "теза" пропаднала како истишен балон? Просто затоа што Бугарите од Добруджа и Тракиjа секогаш говореле бугарски, а нашата посебна нациjа го издржала искушението на сите македонски голготи, зашто уште во 19 век нашиов jазик се разликувал од бугарскиот, иако близок jазик. Впрочем, рускиот славист Лавров, Французите Андре Мазн и Андре Ваjан, многу години пред 1934-та jа виделе и jа одбележале таа разлика во своите трудови. Наспроти повикуванjето на Крчовски, Пеjчиновикj, Константин и Димитар Миладинови, J.Х.Константинов-Джинот, Партениj Зографски, Григор Прличев, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, како "наjбугарски преродбеници во 19 век", дури и наjповршната анализа на jазикот на коj пишувале, покажува сосема jасно дека е тоj различен од бугарскиот. Зар треба везден да се потсетуваме дека Прличев, на пример, никогаш и не го научил добро бугарскиот jазик, па бил жестоко критикуван за тоа од Нешо Бончев? А не го научил и предавал во гимназиjата во Солун на своjот охридски говор, зашто учел во грчки училишта, а не живеел во Бугариjа.

Додека Кузман Шапкарев бил и гонет од бугарската стамболовштина зашто барал учебниците за децата во Македониjа да се пишуваат на македонски за да бидат лесно разбирливи за учениците. А како да се обjасни поjавата на "Лоза", печатена на македонски, под раководство на Петар Поп Арсов, со силна поддршка на Даме Груев, обаjцата од групата основачи на ВМРО? По Чернодрински се jавува Васил Илjоски, со своjата "Ленче Кумановче", напишана и играна на кумановски диjалект во 1928 година, во Народното позориште во Скопjе и набрзо симната од сцената од српската власт. "Македонската крвата свадба", под друг наслов и без името на Воjдана, се игра во разни градови и после 1918 година. Сето тоа е пред 1934 година. И македонските ученици и туденти пишуваат на родниот jазик. Лjубен Лапе води дневник на македонски од 1931 година. Димче Аджимитрески векjе од 1932 година, заедно со Кочо Рацин, Венко Марковски и Коле Неделковски, во Скопjе, се обидува да создава азбука, а сите пишуваат поезиjа на македонски. А кадее тогаш уште "одлуката " на Коминтерната? Го споменувам овде само она што е пред 1934 за да се согледа сета лажливост дека сме измислени од Коминтерната. Се на се, полемиката не придонесува многу за солидно обjаснуванjе на настаните и не jа пополнува празнината во обjективното информиранjе на помладите поколениjа. Па сепак, ако точно се опишат настаните и се наредат хронолошки, едно е неспорно: имаме и корени, последовност во развитокот на нашиов jазик и литература многу време, повекjе децении пред АСНОМ. Не сме "измислени" од никого и никому не му должиме ништо за интегритетот на нашата македонска нациjа. Тоа треба даго знае секоj млад Македонец и никоj нема право да го доведува во заблуди.
 
[Back]