Македонска мисъл

кн. 5-6, год. 2, 1947

 

4. Скопска котлина [*]

II. Црна Гора  (Чучер, Глуво, Бразда, Горњане, Бањане, Кучевиште, Љубанце, Бродец, Љуботен)

 

Јов. Ф. Трифуноски

 

 

Чучер. — Прво црногорско село од западна страна. Лежи на нерамна планинска страна. Тука кук’ите се скоро сите амфитеатрално поредени. Селото е доста големо. Има вкупно 118 православни домои. Кук’ите се, заради експозициата на теренот, сите завртени кон југ и се делат на четири маали. Тие се: Горна, Долна, Средна и Крајна Маала.

 

Селаните прикажуат дека Чучер било доста старо село. Него го основале некои родои кои се одамна доселиле.

 

Население. Ливрини (33), се сметаат како најнапрежми доселенеци. Овде дошле од место Јуручка Планина на сртот од Скопска Црна Гора. — Кајови (21), род се со истовиканите фамилии во Бањане. Овде се одамнешни доселеници. Се доселиле од местото викано Горне Баште. Тоа се наог’а на планинската страна неколку саата далеку нач Чучер. На местото Горне Баште селаните прикажуат, да некогаш имало село, кое било со растурени кук’и. Во него еднаш завладеал зулум и това се раселило. — Джепови (9), во Чучер се дојдени, али незнаат точно одека. — Урдареви (12), во селово дошле кога и прејните родои. Со потекло се од Штрпце во Сириник’. — Качаниклиеви (8), се од Пустеник во Качаничка Клисура. Пустеник е сега муслиманско село. — Којчинови (4), овде се рано доселени од Гњиланско (село Могила). Тамо биле една делба со денешни Велои што живеат во Глуво. — Миљанкови (6), имаат потекло како и Ливрини. Велат со Ливрини понапред биле род. — Ацкови (5), се доселени, али местото дека им е правата старина не го знаат. Род се со истовиканите фамилии во Башане. — Стамболијеви (2), се дојдени од Сириник’. — Челакови (5), се од Качаничко. Старите овде избегале „од зулум". — Алтапарчеви (1), се една оделена грана од Ливрини. Потеклото им е како и кај нив. — Љуљеви (3) и Гуровци (3) имаат исто потекло како и Ливрини. По нивното кажуваше, старото село на Јуручка Планина, одека се доселени, често трпело муслимански зулуми. Затоа населението, да би се спасило, било присилено да слезе во Чучер. Чучер

 

 

*. Настоящата статия е продължение от миналия брой.

 

 

182

 

тогај било големо и јако село. — Путови (2), род се со истовиканите фамилии во Бањане и Кучевиште. Тие однекаде се доселени, али точно старината не е знаат. — Трипунови (3) и Јанкови (1) имаат потекло неиспитано.

 

Во Сарај живеат Бојковик’и; они се после 1918 година доселени од Чучер.

 

 

Глуво. — Се наог’а во долината од Бањанска Река. По типот селото е збрано и куките во него се поредени во родовски маали. Се кажуе да е Глуво доста старо село. По традиција се веруе, оти „во старо време" од некаде овде дошле два брата. Едниот бил глув и тој се населил во денешново село. Пред тоа тука село немало. По основателот околното население ова село го завикало Глуво. Другиот брат отишол попотаке од Глуво и основал село Бразда. Глуво сега има 77 православни домои.

 

Население. Терзијеви (4), Пижеви (4), Поповци 1 (2), Радичеви (5), Живкови (7), Поповци II (11), Радови (8), Станик’еви (4) се сметаат како најстари фамилии. Стари се уште Марикеви (1) и Бундеви (1). Овие два рода не могле да се намножат, оти имаат доста изумрени фамилии. Нивите од сите напред спомнати фамилии на селскиог синор се збрани и ги зафак’аат најарните места. Селаните кажуат, дека това станало, што нивните стари, кога правеле ниви, могле на секоа страна да одберуат земја коа к’е им се бендисала. Това не е случај со нивите от доселениците. — Томашеви (13), се доселени од Горно Блаце, Качаничка Клисура. Ова село по населението е муслиманско. — Русови (5), се од Качаничко (село Каменоглава). — Живанкикеви (6), доидени се од Паливоденица (Качаничка Клисура). Паливоденица е сега муслиманско село. — Велои (2), се от Могила (Гњиланско). Род се со Којчинови во Чучер. — Кошчицови (4) се доселени, али место на потеклото не го знаат. Во Глуво се сметаат како последни доселеници. Нивните ниви се на терени, кои се доста неарни.

 

 

Бразда. — Селото се наог’а под Глуво, во долината на Бањанска Река. Заради положајот, оно е по типот долгаесто. Сите селски кук’и се близу поредени. Бразда се дели на три маали. Тие се Горно, Средно и Долно Маало. Вкупно селото има 76 православни домои.

 

По традиција Бразда се смета како доста старо село. „Во старо време" тоа било осноано кога и Глуво. При описот на село Глуво кажуањето е пообширно запишано.

 

Население. Касовци (3) се сметаат како стар род. — Данчови (14), и тие се во селово доста стари. Живеат во Долно Маало. — Пршовци (7), и за нив се кажуе да се доста стари. Живеат во Срејно Маало. — Живковци (9), се доселени од Долно Блаце во Качаничка Клисура. Сега е това муслиманско насеље [1]. — Јовчеви (9), со нотекло се од Паливоденица. Денеска е това муслиманско село во Качаничка Клисура. Овде живеат во Горно Маало. — Пејковци (8), се од соседното село Никиштане. Оно е сега муслиманско село. — Доклеви (2), се дојдени од кумановска околија. Еден стар овде дошол како домазет. — Јаневи (2), се од Којнаре (Кумановско). — Којикеви (6), се доселени, али точно место на потеклото не го знаат. Живеат во Горно Маало. — Славковци (5), место на потеклото не знаат. Род се со истовиканите фамилии во Кучевиште. За нив С. Томич е навел да се дојдени од Горна Морава (село

 

 

183

 

Славковац?) [2]. — Поповчеви (11), живеат во Горно Маало. Овде се дојдени, али место на потеклото не знаат.

 

Во Булачане живее род Црногорчеви (5); тој е тамо доселен од Бразда. По литература се спомнуат и некои изселеннци од ова село, кои се исселиле во Вучитрн (Косово) [3].

 

 

Горњане. — Се наог’а на нерамно земјиште близу Чучер и Бањане. Селските кук’и се по маали поредени и мег’у себе се доста збрани. Сите кук’и се завртени кон југ, дека се ниските крајои построени. Секој род во селото има своа оделна маала. Вкупно во селото има осум маали. Селото сега броји 45 православни домои.

 

Население. Вујови (3), се темејлии. Од нив има доста изумрени. — Пустичеви (1), се темејлии. За нив се веруе, оти од секогаш биле една кук’а. — Алексови (2), се доселени од Г’ург’ев Дол. Тоа е сега муслиманско село во Качаничка Клисура. — Пешови (6), доселени се од место викано Јуручка Планина. Сега на синорот горњански има место со таквоа име. Овдешните селани имаат планински ниви на кои сеат кромпир. — Маринкови (14), се од Гург’ев Дол (Качаничка Клисура). Овде добегале заради тоа, што во селото завладеал зулум од доселените муслимани. Од Г’ург’ев Дол се иселени во средината на 19 век. Мрчкови (5) и Лјотови (14), по потекло се од место викано Бањица, кое се наог’а на синорот од село Горно Блаце (или Блаце) во Качаничка Клисура. Туе, се прикажуе, понапред било село, ама населението, поради несигурност, било присилено да се иселуе.

 

Населението од Горњане, до првата световна војна, многу се бавело со горење на „кумур". Тоа сега не чинат, оти државата 1918 година им е зела шумата.

 

 

Бањане. — Това е долинско село. Тргнато е во добро закриен положај, на местото дека Бањанската Река слага од Скопска Црна Гора. Во селото се сите селски кук’и збрани.

 

Селаните прикажуат, да понапред селово било нешто по источно од денешново место. Али тамо не била „толку арна" водата (постои термален извор) и земјата и затоа нивните стари отуе се преместиле.

 

Над селото по гребенот од Скопска Црна Гора, има едно место кое се вика Селиште. Во Бањане се прикажуе дека тамо има траги од некое старо село. Што станало со тоа село и дека са селаните раселени, народот не знае.

 

На селскиот синор има и едно место, кое се вика Букоо Рамно. И оно се наог’а високо на страните од планината Скопска Црна Гора. Селаните прикажуат, да тамо има траги од расипани кук’и и близу нив е едно место кое се вика Гумништа. Кога било тамо село, во него имало и црква посветена на св. Спас. За ова село се веруе дека било од зулум раселено. Иселени фамилии отамо сега има во Бањане.

 

Село Бањане е доста големо: вкуино има 121 православни домои.

 

Население. Во селото се овие родои: Цареви (3), Цигови (2), Шопкини (5), Вујови (6), Васиљеви (2), Јазацини (5) Ковачеви (4), Васиљкови (3), Рајковчеви (7), Миличини (4), Бошкови (7), Крагујеви (3), Шагови (3), Љубовчеви (4), сите се сметаат како доста старо население. Да ли се од некаде доселени, не се знае — Павчеви (3), доселени се од место Букоо Рамно (на планина Скопска Црна Гора). — Горановчани (5) се доселени од Горанце (Качаничка Клисура). — Чакалови (5), се род со истовиканите фамилии во Кучевиште. Потекло имаат во едно соседно сега

 

 

184

 

запустено село Бошњани. — Коларои (8), овде се доселени од запустено село Букоо Рамно. — Путови (5), во Бањане се доселени, али точно место не знаат. Род се со истовиканите фамилии во Чучер и во Кучевиште. — Кајови (11), овде се дојдени од Чучер. Тамо денес живеат фамилии со кои се овие во род. Пред тоа Кајови живеале во место викано Горне Баште. Тоа е, како кажуат, планинско место над Чучер. На него понапред имало село со раштркани кук’и. Селото подоцна било од зулум растурено. — Жежеви (4), се од Драчево. Попови (12), се доселени од Букоо Рамно на планина Скопска Црна Гора. — Кирови (8), се дојдени од исто место одека дошле и Попови. — Ацкови (3), се род со истовиканите фамилии во Чучер. Овде се доселени, али точно место на потеклото не знаат.

 

Од Бањане се знаат иселени Поповци (1), кои сега живеат во Бизбегово и Апостоловичи (1) во Качаник [3a].

 

 

Кучевиште. — Кучевиште е најголемо црногорско село. Се наога на земјиште, кое е со долини многу разделено. Затоа селските кук’и се со различни положаи: се во долини, на страните и на врвоите од возвишенијата. По типот селото е збрано. Има три главни маали, кои се викаат: Горно, Срејно и Долно Маало. Имињата ги добиле по положајот. Селото вкупно има 258 православни домои.

 

Население. Во Кучевиште има доста родои за кои се не знае да се од некаде доселени. Тие се: Чивлачки (4), Пупуновци (2), Г’акови (5), Чанговци (4), Трајановци (11), Бојчови (6), Пешови (5), Марковци (5) и Кирајнджиови (11). Останалите фамилии овие ги сметаат како темејлии.— Усови (7), име добиле по селото Усје (во доликата од Маркова Река) одека се овде доселиле. Во Кучевиште дошле, кажуат, старите да би могле слободно да живеат. — Рајчини (13) се доселени од место Стајнона Река близу Танушевце (Гњилански Карадаг). Денес, на местото дека им живеале старите, се прикажуе, да се познавале водениците. С. Томич за Рајчини погрешно е навел да се доселени од Брест [4]. — Видини (8), се доселени „од Видин" во Бугарија. — Качанички (3), дојдени се од некое село во Качаничка Клисура — Црничани (9), дошле од место Црниче, дека е сега село Радишане. С. Томич за нив неточно запишал да се темејлии [5], а Ј. X. Васиљевич да се со потекло од Брест [6]. — Никикеви (8), се од Моравско (Гњиланско — село Ннковце). — Пиркови (12), овде се дојдени од деберска страна. За нив Ј. X. Васиљевич погрешно навел да се од Пирот [7]. — Шегмонови (2), дојдени се од Брест (денес муслиманско село на Скопска Црна Гора) [8]. — Гурмешови (8), нивното потекло е неиспитано. Една нивна фамилија сега живее во Јурумлери. — Стајковици (8), се од Гњиланско. Велат тамо живеале во село Стајово? — Белинци (7), понапред живеале на планинско место викано Белински Камен. Тоа сега е во синорот од муслиманското село Брест. — Шејкови (4), имаат исто потекло како и Белинци. Со нив тие понапред чинеле еден род. Кога се иселиле од матицата, старите прво им отишле на некое место викано Белинска Река (во Гњилански Карадаг), по после отуе дошле овде. — Кметовци или Башк’икеви (13), овде се доселени, али место на потеклото не знаат. Во турско време тие сите живеале наедна со 97 члена. — Славкови (10), се доста рано доселени. Од дека дошле не знаат. Род се со истовиканите фамилни во Бразда. С. Томич за нив тамо навел да се со потекло од Гњиланско (село Славковац?) [9], а Ј. X. Васиљевич да се од место Славковица (?) кај Приштина [10]. — Неделчини (5),

 

 

185

 

дојдени се од Пожаране (Гњилански Карадаг) [11]. — Чакалови (7), род се со истовикани фамилии во Бањане. Овде се доселени од Бошњане. Тоа било село на еден саат далеко под Кучевиште. По традиција Бошњане е запустено во време на аустро-турската војна. На тоа место сега се виг’аат ниви и трагои од стари кук’и — Кољеви (6), имаат исто потекло како и Чакалови. За нив Ј. X Васиљевич погрешно навел да се дојдени од Призрен [12]. — Каровчеви (6), име добиле по некој Карче, кој бил циганин. Имаат исто потекло како и Чакалови. Од нив, се прикажуе, да имало иселени „дур во Аустрија". — Пигулои (5), се доселени од место Рупа. Тоз, како се веруе, било село на Водњанска Планина, негде над село Нерезе. С. Томич запишал да се овиа доселени од Блатиа [13]. — Комненци (11), со потекло се од Танушевце (Гњилански Карадаг). За нив се прикажуе, дека тие во Танушевце биле доста богати: чувале околу 10.000 брави овци. Продуктите од стоката ги носиле во Скопје на продавање. Да би имале по лесно патуање на пазар во Скопје, тие во Кучевиште направиле кук’а по коа нок’евале ко оделе во еден или во друг правец. Али еднаш нивните стири во Танушевце „утепале Турчин" и поради тоа од страф се преселиле во Кучевиште. Уште во традиција се прикажуе, како по нивното иселуање танушевските муслимани се грабеле кои повеке ке зафати од нивното оставено земјиште и од големата градина со црешни. Неслагајки се во пљачката, тие се околу тоа испотепале. Денес Комненци, кога одат на пат за Гњилаие, ги покажуат местата дека била нивната кук’а и бавчата со црешни. — Џајкови (3), се од соседно село Љубанце [14]. — Чекови (4), Салчои (2), Маркачеви (1), Зенговци (4), Јошови (2), Јанковци (3), Огњанови (2), Мазневци (3), Дрндаревци (3), Мисердовци (7), Шук’урови (2), Горниовци (8), Зок’оровци (4) и Говедаровци (б), за ниеден одовие родои точно потекло не се знае. Во селото се мисли да се одамна доселени. — Путови (2), се доселени. Точно потекло не знаат. Род се со истовиканите фамилии во Бањане и во Чучер.

 

Од Кучевште се знаат 4 фамилии, кои се во последно времс иселени во Асанбегово.

 

 

Љубанце. — Се наог’а во подножието од Скопска Црна Гора. Топографски селото е врзано за една долина. Долинските страни селото сгодно го закрива од ветрои. По типот Љубанце е збрано село. Кук’ите селски се тесно една до друга породени. Љубанце има неколку маали. Во нив фамилиите се крвно измешани. Вкупно Љубанце има 186 православни домои.

 

Над Љубанце има место кое се вика Загуровци. Населението прикажуе дека туе се познават траги од насеље.

 

Население. Во ова село се вели дека се сите родои темејлии. Тие се: Терзини (14), Сурлови (12), Гргои (6), Кекерои (12), Оджовци или Црпцои (6), Трајанови (17), Рајкови (18), Чангулови (4), Попадини (3), Тарчугои (6), Патрои (2), Копрликеви или Кекеновци (5), Цоповци (2), Бачвареви (1), Андасарои (4), Мачкини (3), Рајови (20), Киркои (7), Бадарои (18), Пичкои (3), Ристовчеви (3), Петкинче (1), Пендови (3), Козарои (3), Коченчови (4) и Прчои (7).

 

Од Бубанце понапред имало иселуње. Селаните кажуат да има доста фамилии кои се одваде иселени во Бугарија: тамо тие до 1912 година работеле како печалбари и таке се населиле. Во последно време одавде една фамилија се иселила во Асанбегово и пет (Бибановци) во Визбегово. Од Љубанце водат потекло и Најкови (3) во Кучевиште [15].

 

 

186

 

 

Бродец. — Селото по положајот е планинско. Се наог’а на Скопска Црна Гора неколку километра над Побужје. По народна традиција Бродец е релативио младо насеље. Постанало од население кое е доселено од Побужје. Туе селаните од Побужје понапред имале трла. Се кажуе да првиот доселеник во Бродец бил говедар. Он се оженил со една нема девојка која му родила 7 синои. Денес Бродец има 35 православни домои.

 

Заради недоволни средства за живот, селаните од Бродец сега доста се иселуат. Од пред неколку години нивни иселеници нарочито има појдено во Блатиа (село Билимбегово). Само едни од нив уште не се наполно иселени: помладите домашни во Билимбегово живеат лете кога работат на земјата, а есенум опет идат во Бродец и туе остануат цела зима. Тие велат да им е во Бродец арно, оти можат да чуват стока.

 

Над Бродец, по сртот од Скопска Црна Гора, е место викано Рамно. На него селаните имаат планински ниви на кои сеат кромпир.

 

 

Љуботен. — Селото е завлечено во долината од Луботенска Река. Туе оно има троугласт облик со кук’ите доста една до друга поредени. Вкупно Љуботен има 129 православни и муслимански домои.

 

Се кажуе да е Љуботен многу старо село. Понапред оно е било по населението само православно и тога во него имало три цркви. Али кога била аустро-турската војна (1689—1890), војската селово го изрушила и селаните сите се иселиле. После тие собитиа, некој бег во Ниш пронашол двојца брак’а од род Поревци, кои ги повратил во Љуботен. Тие ко дошле се ожениле со девојки од Црешево и така селово го подновиле. Од Поревци денес во Луботен има 13 кук’и. Сите живеат во едно оделно маало. Во последно време од нив една фамилија се иселила во Мралино село и две во Скопје. Понапрешни стари иселеници од Љуботен се кажуе да има појдено дур во Грција, Србија и „во преко” (Војводина). По литература се знае за еден иселен род (3) во Призрен [16].

 

Според православното население, во Љуботен има и доселени муслимански фамилии. Тие се доцна дојдени, по време кога се селото подновило. Муслимански родоисе: Дурмиш (7), Метовци (14), Весељови (7), Салаковци (11), Ељезовци I (14), Дураковци (6), Незовци (13), Ризвани (9), Ељезовци II (15). Сите се со потекло од Албанија. Нивните стари прво дошле во некои села од Скопско Поље, па после отамо овде се преместиле. Во поле, велат, старите не останале, оти тоа било давено од вода. Дибран (11), овде дошле од дебарска околија. По неа име добиле. Од нивна крв има фамилии населени во Моране и Студеничане. — Чајан (9), се доселени од место Чаја во Албанија. Сали К’аја од нивна фамилија до 1912 година имал околу 10.000 овци, 80 коша и толку говеда. Стока, да би е пасол, тој лете одел на планина Јакупица, а зиме во Солунско Поле и во Мала Азија [17].

 

Од Љуботен има иселено 10 муслимански кук’и во Асанбегово.

 

Над Љуботeн, по сртот од Скопска Црна Гора, е „планина" Башинец. Туе овдешните селани секое лето идат со стаока и тамо прават по околу 40 бачила.

 

 

187

 

ЛИТЕРАТУРА И НАПОМЕНИ

 

1. Ова село сега чeсто пати е познато под име Бардови Трла (по името на еден муслимански доселник).

 

2. Скопска Црна Гора, стр. 451, Београд 1935.

 

3. Гласник Скопског научног друштва, 19, стр. 222.

 

. А. Урошевич: Качаник, Гласник Скопског научног друштва, књ. XI, стр. 190, Скопље 1932.

 

4. Спомнато дело, стр. 451.

 

5. Спомнато дело, стр. 451.

 

6. Спомнато дело, стр. 282.

 

7. Спомнато дело, стр. 582.

 

8. С. Томич: Спомнато дело, стр. 451.

 

9. Спомнато дело, стр. 451.

 

10. Спомнато дело, стр. 282.

 

11. С. Томич: Спомнато дело, стр. 451.

 

12. Спомнато дело, стр. 282.

 

13. Спомнато дело, стр. 152.

 

14. С. Томич: Спомнато дело, стр. 452.

 

15. Idib: Спомнато дело, стр. 452.

 

16. Ј. Цвијич: Основе за географију и геологију, књ. III, стр. 1262, Београд 1910.

 

17. 1901 година овој сточар е имал околу 1.200 овци на зимовник во Мала Азија. Тамо овците му ометилавиле и затоа сите ги продал на цариградските касапи (Гласник Географског друштва, св. 7 и 8, стр. 241, 242).

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]