Македонска мисъл

кн. 9-10, год. 1, 1946

 

6. Сегашниот период на нашиот литературен йазик и нашата интелигенцийа

 

Крум Тошев

 

 

Еве векйе се ближи една година откако со мадата книшка „Правопис" се дадоа основните линии на нашиот литературен йазик, векйе пред извесно време йа видовме правата граматика на нашиот литературен йазик, издаваме учебници, книги, литературни творби, весници, списанийа и т. н., но уште вака или онака гледаме на извесни работи во връска со нашиот литературен йазик. Уште голем дел от нашата интелигенцийа, вклуйчително и нашето учителство, немаат онаква представа за нашиот литературен йазик, каква што би се сакало да йа имаат.

 

Причини за тоа има и тие са од различен карактер. Найчесто нашиот интелектуалец гледа на културните наши проблеми со недоволна задлабоченос. Бидейки зафатен со работи од чисто материйален карактер, той ги остава „помалку" важните културни свои нужди за „послободно" време. Той скоро редовно си мисли дека кйе има време за се, той „йаваш-йаваш" оди. Тоа со целата свойа тежина важи за учението на нашиот литературен йазик. По тоа прашаийе мнозина си мислат: „Па, йа го познавам народниот йазик. Ете на зборуам како што зборуат простите лугйе од мойот край. Што треба повекйе!"

 

Други одат малку подалеку и си мислат: „Е, на некого му текнало да измислуе некаков литературен йазик! Зошто на мойот народен говор да не е литературен! Нашиот говор е поубав от сите други говори и т. н.". Затоа, тие си пишуат така като што знайат.

 

Има и една друга група интелектуалци што одат уште потаки. Тие йавно и тайно, во секой сгоден случай подцртуат како од нашиот народен йазик не можело да стане литературен йазик, како той бил многу сиромашеи йазик, како натой йазик не можело ништо свесно да се напише; како той бил само смес од извесни йужнославйански йазици. Тие ги негират основите на кои што стои нашиот литературен йазик. Тие во свойта заслспеност и духовна простота одейа до-таму, што твърдеа дека той йазик не можел да се оформи во никаква граматика. Се разбира дека тоа се само злокамерни прикаски на оние кои што секойпат гледаа во се што е народно македонско долно, ниско. Тие се онийе што живее паразитски на народниот организам и гледаа да остане нашиот народ во незнание.

 

Ние им плеснаваме доста шлаканици на сите наши сектори. Полека ама сигурно им иде и шлаканицата што им йа готви и нашиот векйе во главни линийи оформен литературен йазик.

 

Нашиот литературен йазик е действителност. Ние не велиме, и нема никой да кажуе дека направивме се што треба за потполното оформуенйе на той йазик. Литературниот йазик не е ништо што може да се направи за кратко време. Той е долг процес од постойана работа на сите лугйе што се занимават со литература и општо културна работа. А тоа понатаки значи дека секой литературен йазик се формирал обично од еден говор или групи говори што се избрани за основа на литературниот йазик. Той, значи не е некаква „даденост", но исторически процес што постойано го следи и е неразделно свързан со човешкото мисленйе. Така погледнато на йазикот, той би представуел духовна сокровишница во койа што се пази идейниот израз на народнио живот и бит на народната култура. Како што и народната култура не може да биде нешто сосем одделно кай еден народ, нешто сосем аутохтно,

 

 

392

 

без никакви примеси от поблиски и подалечни народи, така и йазикот како духовен израз и сокровишница на народната култура, не може да биде без тие примеси од вакви или онакви културни влийанийа. Конкретно, пренесено на йазично поле, ниеден йазик — народен или литературен не може да биде „чист", но той е пратител на друштвено-економско-политичкиот процес по кой што врвел определениот народ. Понатаки тоа значи дека нема народи кои што во свойот историски пот живееле сосем сами, сосем затворени, без никакви економски врски со поблиските и подалечните народи. Тоа со целата свойа сериозност важи за нашиот народ и општо за балканските народи. Затоа сосем е очигледно дека требе да има известни општи црти со сите балкански йазици.

 

Йужнославйанските народи што се ослободийа и оформийа како народи порано, со тоа свое политичко оформуенйе почнаа и културно да се оформуат. Секой од нив, кой порано, кой подоцна, успеа да си го оформи и свойот литературен йазик. Но сметам дека никой умен човек не мислел никойпат, оти разните йужнославйански йазици представуат нешто йазично „чисто", слободно од тугйи влийанийа. И най-груба анализа за тийе йазици кйе не дотера до тоа да видиме дека во нив има многу тугйо, вака или онака променено.

 

Бугарскиот литературен йазик е класичеи пример за това. Йазикот на бракйата ослободители ги пополнил големите йазични празнини на бугарскиот народен йазик што се оформуел во литературен. Дури и рускиот стил и синтак са станале образец за бугарскиот литературен йазик.

 

Мислам дека йе йасно за секого оти нема „чист" йазик, како то нема сосем ни чиста раса. Од тука йасно излегуе дека и нашиот литературен йазик требе речнички да се опира од време на време на другите йазици, исто онака како што се опирале сите йужнославйански йазици на овой или оной литературен йазик од покултурен народ. Йазичната структура на нашиот йазик е блиска на структурата на славйанските йазици, а нарочно на йужнославйанските йазици. Йасно йе дека ние понекогаш, кога кйе немаме или не кйе можеме да направиме известен термин во нашиот йазик, кйе се послужиме со тугй термин, или таков термин кой што е векйе во употреба кай нас, но най- близок до йазичните закони на нашиот йазик. Това, се разбира, не значи оти ние не треба да бараме чисто народни зборови и изрази и оти треба ропски да подржаме или примаме тугйи зборои.

 

Поради овие заемки од понекои блиски йазици, некои „доброжелатели” одвреме на време дигаат глас, грижейки се да не застрани нашиот литературен йазик. Тие найдуат во овой или оной термин вакво или онакво влийанийе, го прогласуат иашиот йазик за ваков или онаков. Се разбира дека се тоа само нивни махинации со подлабок тил. За жаленйе е само тоа што често и чесни лугйе случайно запливуат во нивните води. Мислам дека за секой разумен човек треба да биде йасно оти денешниов период во кой што се найдуе нашиот йазик е само еден дел от долгиот процес по кой што тргнал той. Той период се карактеризира со засилена здрава, политичко-економска врска мегйу йужнославянските народи и братскиот руски народ. Тоа, секако, нема да остане без свой одраз и во оформуенйето на нашиот йазик. Тоа е природен пат, историски условия. Затова сите оние „плачой" над нашиот йазик на никого не му се нужни. Земйата се върти без да сме свесни ние за тоа.

 

Кога е сето тоа така, нашата интелигенцийа, а нарочно нашето учителство, треба да разбере дека ова што стануе сега е еден исторически нужен период во оформуенйето на нашиот литературен йазик, дека той ке му даде извесна форма на литературниот йазик, но дека тоя не е конечно,

 

 

393

 

дека тоа во историческиот процес кйе трпи промени, кйе се корегира во смисла на непрактичното, поблиското до културните нужди на нашиот народ.

 

Нека не го плаши и обезкуражуе никого дека во нашиот литературен йазик сега засега немаме научни термини, зборои или изрази за искажуенйе на ова или она. Нашиот народ до сега немал нужда и затоа не ги направил по свойот народен йазик. А тоа значи дека секой народ зависно од економиката и друштвено—политичката форма койа што живее го оформуе и йазикот. Понатака секойа епоха има свой йазик, што йа представуе во извесна смисла старата основа, обновена при новите конкретни условия. Йас не знам дека можел некой да тврди оти во периодот на оформуенйето на еден йазик општо од народен во литературен ги имало сите оние йазични форми што му се нужни на еден литературен йазик. Во той период сите литературни йазици се сиромашни во овой или оной однос. Во понатакшните периоди на свойот развиток тие добиваат онаква форма каква што е нужна за дадениот период. Се разбира дека таа кай разни народи врви со различно темпо, зависно од комплексот на се она што го офортуе еден народ како таков.

 

Констатирав дека оваа форма на нашиот литературен йазик што йа денес имаме векйе действителност. Основните линии по кои што са движи тоя во груби црти линийата на развитокот на нашите централни говори. Тие како най-представителни говори од нашите народни говори имаат право, земайкн ги сите фактори во предвид, да ги представуат нашите народни говори преку литературниот йазик. Йасно е дека сите наши народни говори не можат да влезат во основата на литературниот йазик, но тоа не значи дека много форми и от другите наши говори не влегле или не ке влезат во нашиот литературен йазик. Поетите и културните работници од разни наши краишта и говорни целости ке внесат извесни нужни елементи од своите говори во литературниот йазик. Па и нашиот денешен литературен йазик има доста форми што излегуат од рамките на централните говори. Така основата на литературниот йазик ке биде проширена и разработена.

 

Природна последица од кажаното малку погоре е дека нашииот литературен йазик се малку помалку ке се одалечуе од народните говори. Оддалечуейки се од нив, той во извесна смисла нив ке ги сврзуе и соединуе. Така той ке стане културен представник на нашите народни говори и носител на нашето йазично единство. Оттука е йасно дека ниеден чисто народен говор нема да биде еднаков со литературниот йазик. Дури и денешниов период и од неговиот развиток го покажуе тоа недвосмислено. Затова се наложуе да се учи днешниот литературен йазик, да се прави поредба мегйу нашиот народен говор и днешнава форма на нашиот литературен йазик. Така поредейки го свойот народен говор и литературниот йазик, кйе дойдеме до поправилно разбиранйе на литературнийот йазик. Значи, литературният йазик требе да се учи.

 

Учителството и нашата интелигенцийа треба први да дадат пример за тоа. Но, како што констатирав и порано, за мнозина това е споредна, дури и неприйатна работа. Во секой случай ке требе да се ослободиме од такви разбираийа. Учителството и иначе, а и по свойата ролйа што йа има денска кай нас, треба да го схване тоа и прво да даде импулс за тоа. Тоа треба не само да го научи литературниот йазик и да го предаде своите васпитаници, но да ги убеди заблудените дека секойе друго гледанйе и немарносг кои нашиот литературен йазик иде во прилог на нашите неприйатели, кои што бараат на секаде слабо место за да не атакуат. Учителството и нашата интелигенцийа треба да ги гледаат денешните

 

 

394

 

културни наши нужди во историска перспектива, и ползуейки го знанието за минатото, да му даваат правилна насока и на денешното, при денешните конкретни услови. Така гледайки на тоа, тие ке си свршат една от своите културни должности кон свойот народ, а тоа е ока што го бара од нив нашето време.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]