Македонска мисъл

кн. 5-6, год. 1, 1946

 

2. ПРОСВЕТНОТО ДЕЛО ВО ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЯ

 

Епаминонд Попандонов

 

 

Македонскиот народ, во долгите и тешки години на своето ропство, беше политички угнетен и национално обезправен. Нему не му се признаваше национална самобитност, правото да располага сам со себе си, сам да си йа Уредуе свойата кукйа. Ни еден лист не излегуваше, ни една книга не се печаташе на Македонски йазик, ни едно училиште немаше во кое би се обуката вршила на майчин йазик. Оти македонците беа ту „болгари" ту „срби" (Йужносрбийанци), ту „грци". И македонската интелигенцийа требаше да служи на каузата на великоболгарската, великосрбската или великогрчката империалистически клики. Затова просветната политика на тие реакциони клики беше уперена на това, да создаде таква интелигенцийа койа што ке биде инструмент во нивните раце, како би се народните маси по-лесно излагале и како би се полесно експлоатирале. За да нивниот успех биде уште поголем народните маси требаше да тонат во невежество, да не гледат подалеко од свойот нос. Од тука и големата неписменост на нашиот народ (околу 75 %).

 

И до ден денес реакционите елементи, непоучени нималко од миналото ни го одрекуват правото на самостоен народ способен сам да се управуе и да йа изградуе свойата национална култура. Ним им е тешко да се помират со мислата оти йа изгубийа богатата плачка, смисолта на нимните империалистички тежненийа.

 

Но Макидонскиот народ, кои со оражие в рака, заедно со другите йугословенски народи, йа извойува свойта слобода — рамо до рамо, во братска л’убов со тие народи — йа гради свойата иднина над жестоката опустелост што йа окупаторите оставиа,

 

Ние почнавме од алфа: без азбука, без буквар, без учебници, готово без литература. Почнавме со разрушени или оштетенн училишта, со недоволен учителски или просветен кадар. И ете, преодолевме многу тешнотии. Народот, свестен дека садбата е во негови раце, по овойа иницийатива, сам ги поправуеше своите училишта. Они се веке во полен ред и готово сите работат. Народот ги отвараше уште преди да биде наполно ослободена неговата татковина, уште кога се сотвориа слободни територии со народно-ослободителни одбори.

 

Во началото на месец септември 1944 година Президиумот на АСНОМ, по предложение на Повереникот на народната просвета, зеде решение за седмогодишно основно образование. Вероучението се воведе како факултативен предмет. Наскоро беше од поверенството изработена и изпратена до одборите кратка програма со првата македонска азбука од 26 букви. На ред со отваранйето на училиштата никнеа и аналфабетските курсои.

 

Но со брзото ослободуенйе на македонската земйа тешкотните растеа поради недостиг од учителски персонал. Затова беа поканети ученици од шести клас нагоре, студенти и грагйани со исто образование, да влезат во учителските редои. За нив се устроийа кратки едномесечни курсои и брзо се испракйаа да ги оживотворят запустелите училишта. Такви курсои се отвориа без малко, во сите околиски центрои. Само Скопйе имаше околу 180, а Битола околу 120 курсисти.

 

Се отвориа десет полни гимназии: Скопйе, Битоля, Прилеп, Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Куманово и Тетово, со 4.060 ученици во кои што работеа 148 учители. Поред това, отвориа се: музикална гимназийа, художествена школа, школа за народни учители, техническо училиште и други.

 

На крайот на учебната 1944/45 година во основните училишта имаше околу 92.000 ученици со околу 2.000 учители.

 

Албанските и турските малцинства кои што за време окупаторските фашистички режими исто немаа право на самостоен културно-просветен живот,

 

 

196

 

денес имат свои училишта, во кои што се учи на нивниот майчин йазик. Така албанците при крайот на миналата учебна година имаа 50, а турците 31 основни училишта. И едните и другите имат свой вестник Албанците — „Флака", а турците — „Бирлик", органи на народниот фронт.

 

Благодарение на народната власт, одржаа се курсои за учители и за тие малцинства. И денес, во албанските основни училишта предават 86, а во турските 58 учители. Бройот на тие училишта и учители се повеке се увеличуе.

 

За да се премахне големата неписменост во нашиот народ Министерството на народната просвета од една страна и народно-ослободителниот фронт како сенародна политичка организациа од друга, организираа аналфабетски курсои. Такви курсои се одржаа при училиштата, но разни предприйатийа, работилници и др. На крайот на миналата учебна година имаше 390 курсои со 12.394 курсисти.

 

Полетот за изградуенйе на свойата татковина се повеке расте кай нашиот народ. Он е свестен дека не работи веке за окупаторот, дека плодоите на неговиот труд нема да ги берат неговите потисници и мачители, а да тие плодови има да ги ползуе самиот народ, широките народни маси. Народот е прихватил паролата: што поскоро изградуенйе на нашата земйа, што повеке просвета. И на позив на нашето Министерство на народната просвета, се одзоваа нашите просветни работници и се организираа за учители тримесечни курсои во Скопйе и Битола. Тийа курсои беа нижи и виши. Првите за учители со четвртокласно и петокласно образование, а вторите со шестокласно и нагоре. Свршилите нижи курс преку идната летна ваканцийа ке се йаваг на виши курс, за да бидат квалификовани како постойани учители. Курсоите во Скопйе беа посетувани од 1.397 кандидати, а во Битола од 217.

 

Освен това, по сите окружни места се организираа едномесечни курсои за сите оспособени порано учители за придобиванйе на повисока подготовка во духот на новите дидактички и методички принципи како и за расветлуенето на некой прашанйа од нашиот обштествено-политички живот.

 

Бройот на училиштата, учителите и учениците фрапантно расте. Во началото на ова година имаме десет полни и тринаест неполни гимназии. Се отвориа много нови основни училишта.

 

Уште во месец май ов. година комисийата при Министерството на народната просвета йа изработи новата македонска азбука од 31 букви. На таа азбука ке излези од печат и првиот македонски буквар. Интересот кай народот за него е преголем, оти со него се полагат основите на новата македонска писменост и во него народот гледа бедемот на свойата културно-просветна и национална слобода. Се приготвуат за ова година читанки и други учебници. За сега како лектира на учениците им служат весници, брошури, стихотворни збирки на младите македонски поети и други работи, печатани на македонски йазик.

 

Ученйето во основните училишта е двократно. Учителите дават се од себе за да ги задоволат просветните нужди на свойот народ.

 

Уште миналата учебна година се отвориа народни универзитети скоро ви сите околийски центрои. На Скопйскиот народен универзитет во миналата сезона се одржаа единаест предаванйа од разни области на науката. Тие предтванйа беа посетени средно од 700 слушачи.

 

Трескаво се работи на отваранйето на читалишта и библиотеки. За тая цел во сите градишта на Македонйа се формирани просветни одбори како помошни органи на властта за спроведуенйе на просветната политика. По сите градои и многу села има отворени читалишта и библиотеки, каде народот ке найде одмор и ке добива нужната просвета. Само во Скопйе и околийата има около 15 читалишта и библиотеки.

 

 

197

 

Скопската народна библиотека е прочуена со своето богатство од литературни и научни произведения. Во неа се навогйат около 200 хилйади егземпляри на разни страни йазици и она преставуе истинско народно добро.

 

Един дел од културно-просветен живот на една земйа го обфакйат театрите.

 

Скопскиот народен театър йа почна свойата дейност скоро без артистични сили. Требаше да се изврши избор на най-добрите таквиа од млади македонки и македонци. Големи напори требаше да се вложат за да се изградат тие млади лугйе како артисти. Успехот во това направление е голем. Во миналата сезона койа што почна то началото на месец април се дадоа со успех пет едночинки и три големи пиеси на звучен македонски йазик. За понатамошното изградуение на младите артисти се отвори курс при самиот театър.

 

Денес, за задоволуенйе нуждите од просветен кадар и нашите обшто културни нужди, остро се поставуе прашанйето за организиранйе на универзитет во Скопйе. Како во стара Йугославийа, така и во фашистичка Бугарийа, универзитетот во Скопйе во кой што беа най-малко студенти македонци, служеше на интересите на великосрбската или великоболгарската клика. Во него науката се фалсифицираше за да служи на шака империалисти. Но во македонскиот универзитет, кон што во скоро време ке биде отворен има да се предава вистинска наука и да се создават кадрои кои што ке служат на широките народни маси. Универзитетот во голема степен ке допринесе да се пресечат од корен империалистичките тежнениа на србските-болгарските и грчките шовинисти кой што сакаа да докажат и уште докажуат оти македонците се друго, само не македонци.

 

Но македонскиот народ застанал здраво на соптственн нозе во братска лйубов со другите Йугословенскн народи, чекори смело напред по патот на изградуенйето на вистинската народна култура и просвета, койа што ке го издигне на една много повисока степен и постави на ред со другите културни народи.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]