Македонска мисъл

кн. 5-6, год. 1, 1946

 

16. ОДЖИВЕНИТЕ РЕЧНИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ ОД НАШИОТ ЈАЗИК

 

Блаже Конески

 

 

Македонскиот језик преживуе денеска револуција во својот развиток. Само како вистински револуционарен скок ние можеме да го определиме формираньето на литературен наш језик, кој што во еден повисок облик ги обединуе елементите од народните говори и во исто време создава нови свои, својствени само за него, карактеристики.

 

Диалектичкото ученье за јазикот, кое што во јазичниот развој гледа многострук и сложен одраз од историско-економските промени во друштвената структура, тоа ученье, разработено првен от советскиот лингвист Мар, наог’а своја најдобра потврда на материалот од оние современи јазици што допрва денеска успеваат да се кренат на степен од еден литературен јазик. А македонскиот е имено таков јязик.

 

Тој се разви низ националноослободителната борба на македонскиот народ, која што од својот почеток беше борба против турскиот феудален строй и против империалистическиот гнет во Македонија. Историческите промени што настанаа отанде удрија свој печат на обликот од македонскиот литературен јазик, како на основното и најмошно средство за израз на нашата национална мисла. И во она кршенье што настануе денеска, кога низ сударот на различни јазични форми се изоструе сочивото на нашата литературна реч, — се отфрлаат многу елементи што не можат век’е да изразуат една жива соджина, што немаат понатамошен развиток туку и припаг’аат на минатоста.

 

Тоа се однесуе во прв ред до речникот. Во областа на апстрактното лежи тежиштето од револуционерииот подем на нашиот литературен јазик, кој што изнадјдуе средства за предаванье на апстрактната мисла, избирајки, земајки на заем, создавајки одново и отфрлајки ги оние зборои и изрази што век’е се одживеле. Така множество зборои ја наог’аат својата умирачка со исправаньето на живата снага од нашиот литературен јазик, тоа се во прв ред и во најголем број турските елементи во нашиот речник, особено тие со апстрактна содржина.

 

Нас не наведуе да говориме за судбината на тие зборои главно тоа што денеска кај нас уште, и не ретко, поради немисленье кога се пишуе или поради

 

 

284

 

други причини, се срекаваат такви зборои и изрази, осудени на изчезнуене.

 

Така само пред неколку дена можевме да прочетеме во „Нова Македонија" ваква реченица: „Треба да се има многу долну мнение за македонскиот народ, за да поверуат дека тој к’е кандиса да стане објект на колективен посед" итн. Или: „Башка од тоа Министерството на просветата додели како прва помош 20.000 динари" итн. Често се мернуе изразот „комшиските држави" или нешто како „добрите комшиски отношенија мег’у балканските народи". Си споменуеме дека еднашка се пиша за голема „загајленост" (од гајле) во Англија поради немирите во Индонезија.

 

Ние зедовме мал број примери, а такви би се присобрале доста, но и на нив можеме да си ја изјасниме мислата. Психолошки употребата на горните турски зборои може лесно да се разбере како еден стремеж да се најде посебен збор во однос на другите јужнославјански јазици, опирајки се при тоа на погрешната предпоставка дека најдениот збор е чисто народен македонски. Така е конкретно со горниот пример, кај што преводачот го предава „ште се съгласи" од бугарскиот текст со „ке кандиса", веруејке дека нашол добра замена. Дека по овој пат може да стигне до куриоз, мене лично ме увери следното: „мекамлиската чалгија на милиони распеани хорои." Тоа би требало да биди имено точниот македонски превод на „пријатната сладостната музика" т. е. во случај ако немаше сепак видна разлика мегу чалгија и музика.

 

Но доста со примерите. Прашаньето што се поставуе тука е да се знае која е основната причина што турските апстрактни зборои, па и воопште најголемиот број од турските зборои, не може да најдат место во нашиот литературен јазик. Основната причина за тоа нешто лежи во фактот што тие припагаат со својата смисловна содржина кон една епоха помината, победена во развојниот пат на нашиот народ — кон турскиот феудализам. Тоа е еден јасен пример за зависноста на јазичннот процес од развојот на друштвениот строј, што е основна мисла на Маровата теорија за јазикот. Националната побуда на нашиот народ и културното раздвижуенье во него, започнато во 19 век, значеше рушенье на темелите на беговскиот феудализам, негиранье на неговиот бит и идеалогија, во кој што исторически процес, заедно со политическата ориентација на нашиот народ накај славјанскиот свет, начело со Русија, идеше на литературното поле до се посилен израз славјанската јазиковна стихија. Нашиот литературен јазик се развиваше од својот почеток под тој знак, а на прво место, директно и преку бугарскиот, под влијанието на рускиот јазик. Но таков начин, турските елементи, негирани од славјанските, кои што носеа нова животна содржина, се осетија како архаизми и се ограничија да живеат само уште во простонародниот говор. Денвска кога нашиот јазик добива во сите правни поизјаснета и постегната форма, чистеньето од тие одживени турски елементи, оставени во наследство од турското наследство во Македонија, произлегуе само по себе си од оној правилен стремеж да се разгрнат вистински животворните изразни средства, заложени во структурата на нашиот јазик, и понатаму да дојдат до полн израз славјанските и интернационалните апстрактни зборои, така како што тоа стана во другите јужнославјански јазици.

 

Денеска дури и по секидневниот говор, многу турски зборои ја носат јасно таа своја поврзаност со еснафскиот бит и не е редок случај да се употребуат со нианса на насмешливост. Така нанр. тежко да би го употребил кандиса и тој што ја превел цитираната погоре реченица, во еден ваков, каков да е, случај: „Черчил не кандиса да го потпише тој договор". Комичноста на таков израз лесно се секјава од секого.

 

Овдека к’е изнесеме и една друга карактеристика на турските зборои во нашиот јазик, која што исто така допринесуе за нивното отфрланье — тоа е нивната изолираност. Обично се примал од туг’иот јазик еден збор изолирано

 

 

285

 

од сите други што стоат во коренска врека со него. И затоа, кога денеска литературниот јазик бара оживена продуктивност за образуенье на повеке изведени зборои до еден корен, така примените турски зборои остануат како отсечени и јалови. Од кандисам век’е тешко да к’е се реши некој да образуе именка што к’е означуе исто што и согласие или согласност.

 

Примерот „комшиските држави" јасно ке ни го илустрира тоа што го кажавме за поврзаноста на турските зборои во нашиот јазик со феудалниот бит. Мене никако не ме зачуди кога к’е го сретнел во весникот, претстава за двор, каде што двајца нашинци, добри комшии, се муабетат преку плот. До толку е тој збор заситен во нашата свест со една тесно ограничена битова еснафска содржина што навистина треба да се полага непотребен напор, за да се развие во него апстрактно значенье, дури тоа лесно се постигнуе во нашата свест во однос на зборот соседен — „соседните држави" (во Галичкиот говор-сосед). Истиот к’е го поткрепат следниве примери. Зборот „сефалак" не може да се земе место зборот „уживанье", бидејки тој буди претстава за една сосем подруга опстановка, за турски теферич, а не за онаа содржина што буржоазниот бит ја влеал во конкретното значенье на зборот „уживанье". Нашето льубовно чувство не можеме да го наречеме денеска „севда" без нианса на хумор, бидејки тој збор им припага по своето значенье на оние времиньа кога ергените ги сучеле мустаките оддалеку, давајки им по таков начин на своите льубими да разберат за нивните внатрешни чувства. Исто така зборот „кадро" (примен преку турскиот), покрај интернационалното „фотографја" (фотограф би се рекло сигурно „кадрација"), непремено не пренесуе во атмосферата на оние старински одаи, каде што на фотографиите од турско време к’е видиме баблаци застанати во импозантна поза, со пискули и к’остек на мевот. До толку е уште понесполучлив опитот да се развие од „кадро" апстрактно значенье на образ или лик во уметноста. А пак дека чалгија не се вели за музика ниту во денешниот литературен турски јазик, можам со сигурност да претпоставам, и ако не знам турски.

 

Доста се приведените примери да ни изјаснат како во развитокот на речникот од нашиот јазик турските елементи, сукобени со славјанските и интернационалните елементи, останале обележени како производ на една одмината епоха и не се прилагодиле со своето значенье кон новите форми на животот. Затоа ним не им е местото во нашиот литературен јазик. Тие можат да дојдат во литературата само тогаш, кога се дава картина на патриархалниот бит, за појарко обележуенье на оноа восприеманье на животот, карактеристично за тој бит. Таков е случајот во оние работи на нашите поети што се по форма произлезени од народната поезија и што поради тоа се неминовно сврзани с нејзиниот речник. И кога Венко Марковски вели:

 

Излези калеш Калино,

излези пиле шарено,

севда ме мори голема —

 

тогаш на вистина тука севда не може да биде заменета со льубов. Исто така лесно се разбира дека ке биде силно прошарен со такви елементи јазикот во битовата пиеса на Васил Ильоски — „Чорбаџи Теодос".

 

Но штом такво нешто стане во „Тартиф", во македонскиот превод тоа век’е не е работа како што треба. А нажалост стана, и тоа беше директниот повод за оваа статија. Тој случај покажа дека опасноста за застрануенье во однос на одживените речнички елементи во нашиот јазик сеуште не е мала, и дека треба да се фрли повеке јасност на работата.

 

Ние сите разбираме што значеше поставуеньето на „Тартиф" на наша сцена и каков сигурен чекор се направи со тоа по патот на завоеванијата на нашиот млад театар. Но толку потешко му паг’а на човека, кога треба на

 

 

286

 

доста места во јазикот на преводот да чуе турски зборои имено от категоријата на разгледаните погоре. Тоа значи ни помалку ни повек’е туку да го снижиш на тие места истанчениот поетичен јазик на Молиера; јазикот на фрацускиот двор от 17 век, до нивото на нашето балканско, касабско, чаршиско муабетенье. Тоа значи да не го разбереш нито приближно стилот на Молиера, грациозен, приповдигнат и на места помпезен, и да го вулгаризираш до немај каде.

 

И само по себе се разбира дека така се стигнуе до смешното. Ние нема да бидеме исцрпни во примерите, но и овие ке бидат доста за показ:

 

Ете овие муабети Ве бендисуат снао.

 

И од целата таа бркотија и најумниот човек к’е се саштиса.

 

Вистина, му дадов на Валер збор за Вас, ама слушам оти бил мераклија на комар.

 

Да му речете оти срцето никогаш не може да сака за атер.

 

Навистина примери од „висок стил" за кои што нема потреба од објасненија! Треба само да чуе човек како звучи во устата на трогнатиот Оргон, кога тој расправа за срекаваньето со својот обожаван пријател Тартиф, оваа несрек’на македонска варианта: „Секогаш идеше в црква смирен и секогаш клечеше каршија со мене". А пак навистина класичен пример за проникнуеньето на две стихии, ориенталната и аристократската западно-европејска, претставуат збороите на резонерот Клеант, кој што вели: „Слушајте, драги зете, таа си игра мајтап со Вас". Ова аристократско обрак’анье на Вие мег’у близки роднини, некако чуено се зглобуе со нашето „си игра мајтап”, кое што не признава никаква пресилена учтивост.

 

Но нај-лошото е што во сите тие и такви случаи се пренебрегнати убави наши зборои и место нив се замени турски. Што бара во „Тартиф" сабајле место утро, бельа место несрека, бадијала место напразно, попусто, ич место никако, демек место значи, каршија место спротив, мајтап место подбив и т. н.? Тоа говори за едно вистинско немисленье, што допринесе од своја страна многу да се намали општиот успех и впечаток од пиесата. Јазикот на „Тартиф" требаше да биде уште едно завојуенье на нашиот театрален јазик, но тој означи не напредок, ами врак’анье назад. Ние го немаме Молиер таков каков што денеска навистина може да го имаме на македонски јазик. доволно век’е развиен, за да биде дрскост преводеньето на класичните работи на него.

 

Но констатираньето на самиот лош факт ке остане бесплодно, ако не им обрне внимание на луг’ето што треба во прв ред да бдеат над чистотата од нашиот јазик. Нашите писатели се немаат досега замислено што значат убавите преводи за нашата литература и јазик, а тие имено би требале преводуеньето да го земат за еден важен сектор од својата работа. Само така ке се избегне можноста, неодговорни преводи да си најдат пат дури до нашата сцена, која што треба да биде храм на чистиот македонски збор.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]