Македонска мисъл

кн. 3-4, год. 2, 1946

 

9. Македонскиот народ со крупни чекори йа обновуе и изградуе свойата земйа

 

Луйбен Цветков,

началник на оделенйе во Министерството на градежите на Н. Р. М.

 

 

Вардарска Македонийа во бивша Йугославийа место со школи културно-просветни установи, болници, диспанзери фабрики, друмове, железничка мрежа, беше начичкана со жандармериски станици и воени прислопишта. Подземните и надземните богатства на нашата страна ги движеа фабриките ван територийата на Вардарска Македонийа.

 

 

142

 

Од исмуканиот животен сок на нашиот работен народ се копаа вериги за него и за останалите народи на Йугославийа. За тоа и такво положенийе беа криви големо-српските хегемонисти со нивната династийа — Карагйорйевичи и продажниците на Вардарска Македонийа. Македонскиот народ заедно со останалите народи на Йугославийа, а првенствено со братскиот српски народ, водеше безкомпромисно борба против причинителите на тайа действителност. Со окупацийата на Йугославийа од хитлеровските полчишта и итало-маджарско-бугарската паплач, койа последова след срамната капитулацийа на големо-српската против-народна клика и останалата реакцийа на Йугославийа, братската дружба на нашите народи не само што не ослаби, ами тайа се разви во несакрушимо братство и единство на нашите народи.

 

За време окупацийата, Вардарска Македонийа преживуеше, како и останалите краишта на Иугославийа, сериозни — од значение да бидиш или да не бидиш — моменти. Вардарска Македонийа стана обект на безпризорна плйачка и национален гнет. Йанганите, разрушенийата и физичното требенйе на нашиот народ од една страна и неустрашимата гигантска народна ослободителна борба от друга страна, ја чинеа вистинската действителност на Вардарска Македонийа. Геройската народно-ослободителна борба на народите на Йугославийа под раководството на нашиот лйубим маршал Йосип Броз Тито достойно ги реализира вековните идеали на нашиот народ — Вардарска Македонийа е народна република во рамките на Ф. Н. Р. Й.

 

За време окупацийата и при повлекуенйето на немските хиени во Вардарска Македонийа е разрушено: 21.518 згради, 168 моста по патиштата со укупна должина од 4.132 м., 63 од се 67 дождомерни станици, 40 % од водните канали, 70 % од патиштата и поголемиот дел од школите. Разрушенийата на нормалните железнички линии — Вардарска Македонийа има 500 клм — беа катастрофални: една шина не остана здрава. 80 % од целата железо-патна мрежа беше наполно уништена, йазлите 100 %, мостовите 97 %, железничките сганици 90 %, телеграфската и телефонската и сигнализационата мрежа 70 %, водопойните стаици 95 %, работилниците и железничките депоа со се нивниот инвентар 65 %, локомотивите 10 0%, теретните вагони 95 %, патнички коли 100% и тунелите беа разрушени 60 %. Целокуппиот привреден живот беше мртов. Такво беше положението непосредно после прочистуенйето на нашата страна од окупаторот.

 

Нашата народна власт беше поставена пред многу важни и не баш лесни прашанйа. 12 % од целото наше население брзо бараше прислон; привредниот живот — обновата бараше брзо разрешение на основното прашанйе, на соопштенийата. Обновата беше, и денеска е, централно прашанйе во безбройниот низ прашанйа, кои бева поставени за разрешение пред народната власт. Народната власт, во отсаствийе на достатачен брой стручен кадар, превозни средства и материйали, со подршката на широките народни маси, правилно исползуейки ја нивната иницийатива, физичната снага и елан, почна со обновата и изградбата на нашата земйа. Власт произлегла од самиот народ, власт родена и крепнета во постойани и крвави борби за слобода, власт на сойузот на работниците, селйаните и прогресивната интелегенцийа, власт койа е крв од крвта на народот, не знае за невозможно во работата, вема пречки кои не може да ги отклони. Такава е нашата власт. Во нейа лежат обйасненийата

 

 

143

 

на успесите во обновата и изградбата, а што ке биде предмет на понатамошното излаганйе.

 

Во обновата и изградбата ни едно прашанйе не можеше да се разреши без оспособуенйето на соопштенийата. За неполни 20 месеци гигантска работа на нашиот народ, во койа зеде най-големо участие и даде най-голем допринос работничката класа, не само што наполно е обновен железничкийот саобракйай, ами е направена и нова линийа од 100 клм. и 1 нов тунел од 270 м. и со тоа е скратен патот за 2 клм. Не помалки се резултатите на обновата и изградбата на обекти по патиштата.

 

Во токот на 1945 година обновени се сите разрушени 168 моста и изградени 3 нова моста со целокупна должина — обновено и изградено 4416 м. До месец август 1946 година патната мрежа доби уште 19 нови моста, за чие граденйе народот даде доброволна работа од 613.822 дни. 1946 год. е година на трескава и усилена обнова на патиштата. Огромни количества материйали е доставено на патиштата. Во доставката на тие материйали и подржането на патиштата, народните маси дадоа 137 498 доброволви работни дена и около 15.000 колски превози. За тие работи е утрошено 13.103.007 д. а стойноста на изведените работи е 26.580.775 динара, односно доприносот на доброволната работа е 13.477.768 динара. Со првите постиженийа на обновата и на останатите обекти.

 

Големата част од разрушените сгради е обновена. Само нашата власт беше во состойанийе, со най-оскудни средства, да за неполни 13 месеци изгради 3.168 нови згради. Поред той брой народната власт гради 230 нови кукйи и 4 нови населби за изнасилените и оплйачкани до гола кожа бракйа од Егейска Македонийа, во чието граденйе зимат участие народните маси. Нашиот народ на той начин йа манифестира свойата лйубов кон своите бракйа, кои под крвавиот терор на грчките монархо-фашисти мораа да йа напуштат лулката на револуционериата мисал и акцийа на Илинденската епопейа — Егейска Македонийа!

 

Поред обновените технички обекти е изградено и 39 нови хидротехнички обекти, од кои 19 мелирациони, 13 водоводни и 7 регулациони. 55 % од укупната стойност на изведените обекти пагйа на доброволната работа на нашиот народ.

 

Напоредно со обновата на горе напоменатите обекти се обновуейа школите. Во 1945 година беа обновени готово сите школи. Требе да се ликвидира неприйателот на нашиот народ — неписменоста и невежеството, кои се последица на денационализаторската политика на поробителите на Македонскиот народ, а стариот брой школи не можеше да одговори на тие задачи. Затоа народната власт само во 1946 год. гради 198 нови училишта, кои чинат 50 % од целокупниот брой училишта кои беа изградени во течение на 23 години владетелство на големо-српската хегемонистична клика.

 

Говорейки за обновата ние мораме да кажеме, да во никой скучай немаше да биде извршена, обновата на Македонийа во таков маштаб, ако нашиот народ, нашата народна власт не беше свестрано помогната од братските народи на Йугославийа, а првенствено од српскиот народ. Помокйата на братските народи на нашата Сойузна влада се изрази во благовременото испракйанйе на стручен кадар инжинери и техници, со машини, грагйевински материйали и финански средства.

 

 

144

 

На десетини инжинери, техници и машинисти срби, хрвати и словенци со жарка лйубов учествуват во обновата и изградбата. Братството и единството на нашите народи, во обновата и изградбата на нашата страна, уште повеке се зацврснуе и стануе гранитна стена од койа ке се разбийа секой опит на раздела и национална омраза. Таква е нашата действителност. И пойдуейки од неа, нашиот народ со увереност гледа во свойата сретна иднина за койа е гаранцийа братството и единството на нашите народи на Ф. Н. Р. Й. и лйубимиот наш водач маршал Йосип Броз Тито!

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]