Македонска мисъл

кн. 1-2, год. 2, 1946

 

КНИЖОВЕН ПРЕГЛЕД

 

Василије Матић: Прикреда, саобраћај и насеља у Кочанској котлини. Гласник Географског друштва, свеска XXVI. Београд 1940, стр. 1—41; една карта во текстот.

 

Јов. Ф. Трифуноски

 

 

Работата е антропогеографска студија и чини голем прилог за геофграфијата на Македонија. Али за жалост поред 8 до 10 очувани броеви, останалите книги во Белград се запалени.

 

Првиот дел посветен е на физичкото-географски одлики (стр. 1—9). Кочанска котлина е источно продалженье од Овче Полье. Постанала со влианије на тектонските сили, таа е подоцна многу изменета со работата на фулвиалната ерозија и особено со јака вулканска активност. Во геоморфолошки поглед јасно се дели алувијалниот котлински дел од планинските крајои по страните. Последните се состаени од плочливи и еруптивни каменье. Хидрографски областа завак’а средниот брегалнички дел. Тука главната река прима неколку притоки. Во кочанска комина владеа топло и суво лето, ветроите се студени, а зимите доста суи; дожливи се пролет и есен. Но Кочане средно паг’а годишно околу 460 мм. врнежи. Затоа областта има особини од изменето средоземната и од континенталната клима.

 

Физичкогеографските спогодби дале голем печат на економскиот живот. Нај-арни се земите во рамнините околу Кочанска и Оризарска река. Они се секоа година доста посеани со ориз. По него главна култура е ченката, коа се сее во западниот дел. Бавчованството раширено е нарочно околу поголемите села. Познато е и сеенье на бостан, чиито плодови се со арен глас. Рамното земјиште, што не може да се исползуе за ниви, остаено е за пасишта. Сельаните од низиа чуваат само едра стока, повеке говеда, биволи и коньи.

 

Повисоките крајишта од областта, нарочно терасите, имаат помако стопанско шаренило. Землоделието и тука иде во прв ред. Од посев доста се гаи жито, тутун, памук, мак. лоза. Али и скотоводството е арно развиено. Според тревните пасишта, нему му служат и очуваните шумарици.

 

Оделно е стопанството на оние делои, кој се вразуат за високиот планински регион. Землоделските посеви тука се малу застапени. Обично се видуат нивчиньа со јачмен и рж. Нивниот принос е слаб. Поголема е користа од шумарството.

 

Индустријата во кочанска котлнна уште е во повој. Водената снага многу не се използуа. Понапред за тоа немало достатачен капитал и потребна иницијатива. Сега работат само некои мелници и селски воденици.

 

 

80

 

Третиот дел од прикажаната работа посветен е на населените места (стр. 27—37). Туе се говори за положајот и типоите на селата, и куките, градчиньата и за населението.

 

Селата на дното од котлината се повеке мали и лежат на некоја планина или на местата дека се минуат реките. Едни од нив понапред биле чифчиски села. Поглавни се селата што се наредени околу полето под планинските страни. Стопанскиот момент за нив бил најглавен : под селата арни се спогодбите за землоделие; околу некои се близу шуми и имат доволно пасишта.

 

На типот од селата многу се запазуе влианијето на рельефот. Селата во подгорот се доста збрани. После 1912 година, со колонизация на турските иманьа, едни села го измениле својот тип. Таа промена во еден дел е нанела власта. а од друга страна и населението што идело од други поуредени села. Така денес имат чифчиски села, кои се наплно претворени во модерни.

 

Кочанска котлина има две градчиньа. Кочане лежи на влаганьето од долината во котлината. Туе води и главниот пат вдлж по Брегалница. Заради арниот положај, Кочане е најважно место во областа. Стариот дел на градот е на десната страна од Кочанска Река. Отуе населението после се ширело до долината на горе и на нерамните делои. Сега во Кочане се разликуат три големи маали за станованье. Во среде нив е чаршија. Граг’аните од Кочане во голем дел имаат ниви во полето и затоа се занимаваат со землоделие. Помалиот број живее од трговина занати. Да би се унапредила работата со оризот, во Кочане од скоро почнуе да се развиа польоделска индустрија.

 

Јжна Виница е фторо населье со градски карактер. Лежи на југоисточинот дел мег’у две долини. Во 19 век Виница станала пазар за своата малаа околија и за Малеш. Нарочно во неа е позната трговијата со жива стока. Во поглед на индустрија Винииа се рамни со Кочане.

 

По турско време во кочанска котлина се извршила една доста значајна колонизација. Таа е била продлжуанье на досельеничките миграции што и понапред постоале. По и според тоа, неизработено земјиште во областа има доста. Нарочно со мелиорација и со регулација на бујиците би могле да се добиат нови землоделски простори. Од кочанска котлина нема гурбетчии. Оти е населението релативно бедно тоа иде заради понапрежната слаба интензивност во сееньето на оризот, памукот, после во паг’аньето на цените од тутунот и афијонот.

 

На крајот прикажаната работа има список на литература и резиме на француски јазик (стр. 37—41).

 

Веке како е проучена кочанска котлина, треба кај нас да се испитаат и другите крајои. Тие се без сомнение работи од трајна вредност: не запознаваат со нашите области и со това најубоо се помаг’а развитието на националната географија. Затоа топло препорачуаме на нашите интелектуалци да се подробно запознаат со овие изучуаньа. Уште треба да се подвлече дека ауторот скоро умрел во рана младост. За истата област има по смрта оставено готова работа за физичката географија. Кога к’е биде таа печатена, тога кочанска котлина к’е е имаме географски наполно проучена.

 

[Previous]

[Back to Index]