Македонска мисъл

кн. 1-2, год. 2, 1946

 

8. Устројството на народните судови во федеративна народна република Југославија

 

Васил Калајжиев

министер на правосудието

 

 

Со урнуењето на ненародната власт се урна и стариот ненароден правен поредок, а со тоа противонародното формалистичко и бюрократско судство. На урнатините на стариот ненароден судски систем народите на Југославија создадоа ново народно судство. Тоа уништуење на стариот судски систем и фактично одфрлуење на старите реакционерни закони се потврди и по законодателен пат со решението на АВНОЈ од 3. II. 45 год. за укинуењето и неважноста на сите закони и прописи на бивша Југославија.

 

Нашето ново народно судство се роди и почна да се развива во пламенот на народно-ослободителната борба со првиот партизански одред, со првата клетка на Народната власт, со формирањето и развивањето на првите народно ослободителни одбори. Правораздавањето се

 

 

50

 

вршеше во рамките на Народно-ослободителните одбори дури не се формираа народните судови на основата повелбите и уредите донесени од федералните влади. След това се донесе сојузниот закон за уредуење на народните судови, со кое дефинитивно се реши прашањето за судската институција.

 

Со овој закон се зарегистрира изменената друштвено политичка и економска реалност во нашата земја по отношение на судството, се забележиа основните принципи на народно-ослободителната борба и целото судство се предаде во рацете на народот. „Со Законот за народните судови ние го поставивме нашето судство на демократска основа, судството го предадовме во рацете и под контролата на народот, така да нашето судство ке биде еден од најцврстите темели на демократскиот поредок во Југославија”. (Од говорог на др. Едвард Кардељ во Народната скупштина).

 

Во чл. 2 од Законот за уредуење на народните судови се набележени основните цели на судовите во вршењето на правосудието. Како најглавна задача се истакнуе заштитата на државното и друштвеното уредуење на федеративна Народна Република Југославија и на народните републики. Таа заштита е прв услов за осигуруење на друштвенополитичкиот, економскиот и културниот развиток на нашите нароли. Без федеративно уредуење на нашата земја, без народна република, без друштвеното уредуење кое го имаме, нашите народи не би имале никаква слобода, но би биле робови како и по рано. Натака како една од важните задачи на судовите се истакнуе „заштитата на правата и со закон за штитењето интереси на установите, предпријатијата и организациите, како и заштитата на личните имотни права и со закон за штитењето интереси на поединци". Со овоа се поставуе основата на правната сигурност во нашата држава.

 

Со непомалку значение се појавуе во законот и задачата и на судовите „обезбедуење на точного исполнуење на законите и прописите и со законска сила од страна на сите установи, предпријатиа, организации, служебни лица и поедници", со кое се осигуруе правилното применуење на законите.

 

Особено се истакнуе во Законот за уредуенье на народните судови воспитната задача на нашите народни судови, која ја нема ни во една земја осем во Советскиот сојуз. Само народи кои преку огромни жертви дошле до својата слобода и независност, како што се нашите, можат да им постават на своите судови задача за „воспитуенье на грагјаните во дух на оданост кон татковината, во дух на правилно исполнуенье законите и честно вршенье на своите права и должности". Оваа задача ја набележуе преспективата на развитокот и издигнуеньето како на нашите народни судови, така и на нашите широки народни маси.

 

Главните принципи на кои се заснива нашето народно судство, како придобивка на народно-ослободителната борба, се следните:

 

 

Судовите се народни

 

За судија и судија-поротник може да биде избран секој честен грагйани на нашата земја кому не му одземено политичкото или грагйанското право, а кој ги исполнуе условијата од чл. 2 од Законот за уредуење на народните судови. При изборот на судиите се пази да се удоволи потребата на судовите за судии со стручна спрема.

 

 

51

 

Судиите — поротници во нашето судство не можат да се идентификуват со поротниците кои постојат во другите земји. Поротниците при судовите во така наречените западни демократии участвуаат само во кривичната постапка и решават само фактички прашања (прашања за вината). Судијете-поротници во нашето судство учествуат во сите постапки, како кривични така и грагйански, и решаваат како фактички така и правни прашаньа. Према тоа, они ги имаат сите права и должности за време на суденьето, кои ги имаат и редовните судии. Нивното звание е почесно. Они се повикуат во судот на должност по установената редна листа, но не повеке од 15 дена годишно. Участвуат само во правостепената постапка и тоа пред околиските и окружните судови.

 

Со институцијата судији-поротници се осигурее участието на широките народни маси во првораздавањето. Со тоа се издига правната свест на широките народни маси. Во народна република Македонија осем судии има 1800 судии поротници и преку нив се применуе народното правно разбиране при суденьето. На тој начин стручното правно разбирање на судиите се доиолнуе со народното разбирање на судиите поротници. А што е најважно се оневозможуе корумпираньето на судијите и пристрасноста во судењето. Правдата се изречуе во името на народот.

 

 

Судиите и судиите-поротници се изборни

 

Изборноста на судиите и судиите-поротници е логична последица на народната демократија во нашата земја каде целата власт е во раците на народот. Претседателите, судиите и судиите-иоротници на околиските и окружните судови ги избираат пленумите на народни одбори.

 

Претседателите, потпретседателите и судиите на врховните судови на народните републики ги избираат народните собраниа на народните републики.

 

Претседателот, потпретседателот и судиите на Врховниот суд на ФНРЈ ги избира Народната скупштина на ФНРЈ на заедничкото засединие на двата дома.

 

При Врховниот суд на ФНРЈ и Врховните судови на Народните републики нема судии поротници. При овие судови и во првоинстанционата постапка се суди во совет составен од тројца судији.

 

Како судиите така и судиите-поротници се избирааг за неопределено време, но тоа не значи дека они не можат да бидат разрешени или остранени од должноста. Кога не ги исполнуат задачите од чл. 2 од Законот за уредуење на народните судови или биле на кој начин го изгубат доверието на народот, они можат да бидат повлечени од должноста од истото претставително тело кое ги избрало.

 

Пресудите се донесуат со вишегласие на судискиот совет кој е составен од претседател и двајца судии.

 

Судиите се независни во изрекнуењето на правдата и судат по Законот.

 

Оваа независност е загарантирана со Усгавот на ФНРЈ и со Законот за уредуењето на народните судови. „Постапката пред судовите се води на јазиците на републиките, автономните покраини или автономните области кај што се навога судот. Грагйаните шго не го знаат јазикот на кој што се води постапката можат да се служат со својот јазик. На тие грагиани им се обезбедуе правото да се запознаат со целокупниот материјал и да ја следат работата

 

 

52

 

на судот преку преводачи" — пишуе во чл. 120 на Уставот на ФНРЈ и во чл. 7 од Законот за уредуење на народните судови. Овој принцип си има нарочна важност во нашата више националиа држава и значи реализација на братството и рамноправноста на нашите народи, принцип прокламован уште во началото на народно-ослободителната борба.

 

Судењето е по правило јавно. Тоа е нужно за да може народот да ја контролира работата на судот. Јавноста му овозможуе на судот да може да стане орадие за воспитуење на широките народни маси.

 

 

Правото на одбрана пред судот.

 

„На обвинетиот му е обезбедено правото на одбрана пред судот" — пишуе во чл. 119 од Уставот на ФНРЈ и во чл. 6 од Законот за уредуење на народните судови. Тоа значи дека обвинетиот не само што има право сам да се брани и да поднесуе на судот предлози, разни бараньа и т. н., туку да мора да има бранител адвокат пред судот. Ако обвинетиот сам не назначи кој ке му биде адвокат, тоа го чини судот по службена должност.

 

Во федеративана Народна Република Југославија имаме еден Врховен суд, територијелно надлежен за целата држава со назив Врховен суд на ФНРЈ.

 

Во народна република Македонија имаме Врховен суд со територијална надлежност за цела Македонија, четери окружна суда и дваесет и четири околиски судови. Окружниот суд во Скопје територијално е надлежен за град Скопје и скопски округ, а судската територија на другите три окружни суда се поклопуе со територијата на соответните административни окруза. Територијалната надлежност на околиските судови се поклопуе со адмистративната територија на околиите, осем неколку околиски судови кои територијално се надлежни за две или повеке помалки околии.

 

Стварната надлежност на судовите е определена со Законот за уредуенье на народните судови.

 

Нашите народни судови за разлика од судовите во бивша Југославија се цврста крепост за запазуенье на народната демократија и вопште народниот интерес. Тие се мошно орадие во рацете на народот против сите народни непријатели, било во која форма се тие појавуеле.

 

Од основуеньето им до сега нашите народни судови покажаа видни резултати. Ги судија и ги осудија на заслужени казни сите војни злосторници од времето на непријателската окупација, кои им беа предадени. Со своите строги но справедливи пресуди ја парализираја разбојничката работа на црноберзијанците и сите штеточини на нашата млада привреда кои сакаја да се користат со тешкото економско положение на народот, створено со пљачкашката политика на фашиските изедници. Тоа много го помогнаа економското заздравуенье на нашиот народ. Правниот живот кај нас влезе во мирновремен колосек. Многи предмети од приватно-правно значение, заостанали од време на војната, се свршени или се во тек, така да за скоро време нашите народни судови и по таа судска материја ке дойдат до ажурност. На тој начин народот стекна полно доверие во својте судови. Судовите наверно станаа негови, оти тие ги штитат неговите интереси и неговите придобивки од ослободителната борба.

 

Со сето тоа народните судови ја добиа довербата на народот, која никогаш судовите во не народните режими не ја имале.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]