Македонска мисъл

кн. 1-2, год. 2, 1946

 

3. За некой „теории" на повампирените големобугарски шовинисти

 

Бане Андреев  [*]

 

 

Последните неколку месеци во бугарскиот реакционерен печат со помошта на разни меморандуми се води безобзирна клеветничка камлања против нова Југославија, особено против начинот на решуењето на слободата и правдата на македонскиот народ. Големобугарските реакционери и кобуршките слуги од сите бои се најдоа на една линија; здружени со заедничката омраза фотив исправното разрешуеше на македонското прашање, тие ја користат секоа прилика да ги оживат и да ги проповедат големобугарските шовинистички теории и претензии на Македонија. Во оваа клеветничка кампаньа нарочно предньачат социалфашистот Крсто Пастухов со својот „Слободен народ", Гиргиновото „Знаме" "и така нареченото „Народно земјоделско знаме" на Петков. Особено безобзирни по своите клевети се истакнуеја статиите на Пастухов, Кунев, Гиргинов, Хаџев, Преспански, Лерински и други.

 

 

*. Бане Андреев е роден в гр. Велес през 1903 г. Бил е член на И. к. на младежката рев. организация в Югославия. През 1928 г. бива осъден на 1 г. затвор. През 1941 г. той е активен деец на съпротивителното движение и пламенен организатор на антифашистките отряди в Македония. Бива избран за член на Главния отбор на освободителното движение в Югославия, а после за политически комисар на главния щаб на МОФ и ОП за Македония. В първото македонско правителство той е министер на рудите, а сега е също така министер на рудите в централното правителство на Ф. Н. Р. Югославия.

 

 

17

 

Во низа статии претставителите на големобугарскиот шовинизам и завојувачките претензии спрема Македонија (Пастухов, Гиргинов, Кунев, Хаџов, Лерински, Преспански и др.), тврдат дека Македонците уште во средниот век биле Бугари и дека уште тогај дале големи имиња од кои денес Македонците се срамуат и откажуат. „Вие мегју имињата на народните препородители не смеете да ги споменете имињата на св. Кирил и Методи, на Св. Климент Охридски и плејада други великани заслужени Бугари, родени во Македонија" (Лерински „Знаме" од 20 октомври 1945 година.) Овие тврдења на споменатите господа се неточни и неверни. Дека, кога славјанските племиња се доселуеја на Балканот кај нив уште постоеше племенски начин на животот. Под влијанието на византиската цивилизација и култура, а нарочно на христјанството, племенското уредуење почнуе да се распагја. Така во Македонија повеке племиња се соединуат во Склавиниа, кои подпагјаат под власта на Византија. Славјанските племиња кои беа на периферијата на византиската империја, самостојателно или со помошта на племињата кои опагјаа во Византија се ослободуат и создават самостојателни држави. Македонските Склавини успеват под раководството на Самуил да се ослободат ол византискиот јарем и да се соединат во Македонска държава (од 976—1018 година). Така през целиот среден век Македонците беа најмногу под власта на Византијците, а помалку под власта на Бугарите и Србите. Кон крајот на средниот век подпагјат под отоманска власт, и остануат под јаремот на оваа до 1912 година. Господството на средновековните освојуачи во својата сашност не се разликуело, бидејки беше феудално. Кога идеше на власт еден освојуач, тој само ги менуеше одделните феудални вазали, кои сега би му биле верни, би спроведуеле негова феудална пљачкашка политика, би му плакјале данок и би се тепале за него, а народот остануеше и понатаму приврзан за земјата како колон или меропх, или себар, изложен на безобзирно пљачкање и ропство на феудалниот господар, па бил тој или византијски дук или бугарски бојар или српски великаш.

 

Културните и просветните прилики, кои во тоа време се развиваа, имаа битно обележие на хрисјанската и славјанската култура. Оваа култура немаше национално обележие, таа не беше ниту бугарска нито српска. Таа во главно се простираше на еден тесен слој од црквени достојанственици и феудални великаши, додека широките маси живееја во незнаене и суеверие. Јазикот на кои таа се развивала, беше црквенословенски јазик, кој беше заеднички не само за Јужните Славјани, таку и за некои други словенски народи (Руси). Заради сето тоа ние во тој период не можеме да говориме за национална култура, ниту на Бугарите, нито на Србите.

 

Исто така ни во покретот на богумилите не можеме да видиме еден национален иокрет, туку востание на селаните против феудалното господарство и тиранијата, чија идеологија беше изградена на религиозна основа. Покретот на богумилите беше предходник на селските војни во западна Европа. Културните споменици и традиции, кои настанаа во средниот век (цркви, манастири, разни паметници) беа бугарски или српски. Тие заедно со хрисјанската вера беа еден од најглавните фактори, кои направија македонските славјани да го зачуват своето славјанско обележие и да

 

 

18

 

не подлегнат на турската асимилација. Крез целиот средни век па и до денешен ден, овие традиции и паметници помогнаа кај македонските славјани да се развие национална култура и да се одржат што поблиски и потесни односи спрема нивните крвни бракја од Србија и Бугарија. На базата на овие средновековни традиции и културни врски, денеска се продлабочуе и изградуе братството на Јужните Славјани. Македонскиот народ не само да не се откажуе од апостолите Свети Кирил и Методи, Св. Климент и Наум, туку напротив, тој се гордее со нив. Но тие, макар да се родени на македонска земја и во поголемиот дел работеа во Македонија, не се само македонски, туку општославјански учители. Затоа грешат господата Куневци и немаат право кога говорат за „бугарскиот дух на Македонците од средниот век", за „националното чувство" на Македонците од тоа време. Националното чувство, националното разбиранье му беше тугјо и непознато на средиовековниот човек, било да тој живее во западна Кврона или на Балканот. Нема тогај ни англиска ни француска ни руска, па спрема тоа нема ни бугарска ни српска нација. Македонските Славјани не можеа да имаат нешто што не постоеше изопшто во тој историски период ни кај еден народ во светот.

 

 

II

 

Друго прашање кое тие го поставуат, е: „Има потреба за создавање на нова македонска народност" (Преслав-Преспански во статијата „Македонска дејствителност", „Знаме" 29 октомври 1945 г.). Понатаму: „Вие во овој мемент уште говорите за македонски Славјани, но не смеете да признаете, дека тоа не се македонски Славјани, туку македонски Бугари" (Атанас Лерински во статијата „О, неразумни народе...", „Народно земјоделско знаме" 4 ноември 1945 година);

 

„Се родија Македонци, а исчезнаа Бугарите". (Хаџев во статијата „Заветот на Гопе Делчев" „Слободен народ" од 6 декември 1945);

 

„Се зборуе не на славјански јазик, кој не постои, туку на бугарскк јазик" (Пастухов во статијата „Патот на споразумение" во листот „Слободен народ" од 18 октомври 1945);

 

„Ние стануевме и стануеме против вештачкото народоносно изградуење на една нова Македонија до некаква особена македонска раса со свој особен македонски јазик, за кој е создадена и особена македонска граматика. Дали е потребен тој дефетизам за да се од Македонија направи достоен член на југословенската федерација?" („Знаме" — 11 мај 1946).

 

Можеме да наведеме уште безбро „аргументи" со помошта на кои тие докажуат: „Како не постоела Македонска нација и дека таа не постои, туку дека с тоа измислица на српските комунисти империалисти" (Пастухов).

 

Македонската нација не е нити измислена, нити насилно создадена, туку е настаната во еден одреден историски период, во капитализмот, кога настанаа нациите во западна и исгочна Европа. Настануењето на македонската нација донекаде се разликуе од останатите нации на Европа, оти таа настануе во периодот на доцниот капитализам, кога тој преминуе во империализам. Нужно е да се уочи оваа разлика и нејзините специфични обележја под кои е таа настаната, за да би можеле да ја разбереме.

 

 

19

 

Турското царство веке во XVIII век западна во криза. Оваа источна азијатска деспотија, растргната од внатрешните противречија и сукоби, започна да се распаднуе. Овој процес уште повеке се убрзуе од надворешно-политичките удари нарочно после загубената војна со Русија и Австрија, турското царство нигло почнуе да назадуе и да се распаднуе. Настануе дезорганизација во централната управа. Земјата ја растргнуат друштвени и политички кризи. Некои паши се одметнуат од Султанот и самостојателно управуат со одделни провинции (јаничарите на белградскиот пашалук, Пизван-Оглу пашата на видинскиот пашалук, јанинскиот, тетовскиот и други паши). По земјата кретарат јаничарски, крџалски и башибозлучки и дахијски банди, кои ограбуат и пустошат цели земји. На нивното ограбуење нарочно беше изложена Македонија. Населението, не можејки да поднесуе убијства, грабеж и палење од овие банди, бега пред нив и се заклонуе во градовите, кои беа утврдеии и бранети и во високите и тешкопристапни планински места, а полињата остануат пусти.

 

Градовите на Македонија беа главно населени од Турци, Грци и Власи. Сега нивната структура се менуе, славјанското население е тоа, кое почнуе да доминира и да игра со порешителна ролја во економскиот и политичкиот живот на градовите. Славјаните, настануејки се по градовите, почнуат да се занимаваат со трговија, занаетчиство и земјоделие. Тие во трговијата и занаетчиството почнуат да ги потискаат Грците и Цинцарите, така да набргу настануе се по голем сукоб мегју македонските Славјани од една, и Грците и Цинцарите од друга страна. Своето повластсно положение Турците, Грците и Власите настојаваат со сите сили да го запазат, додека Македонците од друга страна со сите сили се борат да извојуат и им одземат позиција за позиција. Остриот класен сукоб, што се разви во македонските градови во првата половина на XIX век, добива форма на борба на македонските Славјани за школи и за културни и црквени права.

 

Македонците, да би можеле успешно да ги водат своите трговски и занаетчиски магазини, мораа да се школуат, и во почетокот тие започнаа да се школуаат во грчките школи. Но набргу Грците им забрануат пристан во нивните училишта. Затоа Македонците се принудени сами да организират училишта. Така по манастирите, црквите и кај поедини трговци и занаетчии, почнуат да никнуат првите македонски училишта, така наречени „манастири", во кои се предава на старословенски јазик. Во овие училищта се учи псалтир, часлав, молитвеник, земјопис и сметање. Учители во овие училишта беа во поголемиот дел Македонци или учители, кои одделни трговци ги доведоа од словенските земји: Војводина, Славонија, Србија, Бугарија и др. Во овие училишта се повеке и повеке почнуе да доминира над црквенославјанскиот јазик месниот македонски говор, почнуе изградуењето на македонскиот јазик. На овој јазик ги пишуат своите дела Јоаким Крчовски, Кирил Пејчинович, Глигор Прличев, Бракја Миладинови, Жинзифов, Константин Џинот и др. Каков мокјен економски и политички фактор се македонските трговци и занаетчии во тоа време, се видуе по тоа, што тие ѕидаат низа цркви. Скопскиот еснаф ја ѕида чувената по својата резбарија црквата Св. Спас (1820 година), а тръговците Св. Богородица (1838 год.). Во Велес Св. Спас и Св. Пантелеј (1830 год ), во Прилеп Св. Благовести. Многу од овие цркви имаат редка и светско чувена художествена стојност по

 

 

20

 

своите резбарии (Св. Јован Бигорски, Св. Спас, Благовести и др.). Во тоа време цвета и чувенето дебарско-зографско училиште. Тоа се веке големи и крупни просветни и културни манифестации на македонската нација.

 

Со отворањето на првите македонски училишта и цркви, Грците се недоволни и настојуат со сите возможни сили да ја угушат нивната работа. Грците настојуат по училиштата да се учи, а по црквите да се служи на грчки јазик, учителите, владиците и поповите да бидат Грци и од трговијата со овие должности прават уносни работи. Ова уште повеке ја заоструе ситуацијата и доведуе до остри и крвави сукоби. Првите сукоби почнуат во Скопје, Велес и Прилеп кон триесетите години, каде дојдуе до избркуење на финариотските владици и завзимање на црквите, а подоцна покретот се прошируе и ја обфануе цела Македонија. За поврзуење и вовлечуење на цела Македонија во ова борба во многу доприносат покрај останатото и панагјурите, на кои се состануат трговците и занаетчиите од разни места да тргуат со своја стока. Тие тука, тргуејки, во исто време се договоруат и организуат за понатамошното водеше на борбата против фанариотите, ги изменуат своите искуства и учители итн.

 

На будењето и јакнуењето на овој покрет многу допринесуат идеите и одеците на национално ослободителните востанија во Србија и Грција. Македонските трговци, патуејки за Пешта и Веч преминуејки низ Србија, се напојуеја со националните слободарски идеи и гледаа како се добива националната слобода. Затоа е трговската буржоазија, главен организатор и ръководител на борбата за просветни, културни и црквени права на македонскиот народ. Конкурентската борба се манифестуе во борба за училишта и верски прашања.

 

На овој степен на својата национално-ослободителна борба, македонскиот народ ја упери својата главна оштрица на грчката патриаршија, која беше најјак столб на отоманската империја и спроведуач на нејзиното угнетуење на словенските народи. Тоа беше неограничен господар во културното, просветното и црквеното угнетуеше на Славјаните, а едновремено ги подвргнуеше на една нечуена економска пљачка, тргуејки со владичките, поповските и учителски места и со сите останати црквени права. Таа истовремено вршеше и обавештајна служба за сметка на отоманската империја мегју Славјаните. Затоа урнуењето на грчката патриаршија значеше урнуење на еден од главните столбови на отоманската империја.

 

Нешто подоцна оваа борба против грчката патриаршија се разви и во Бугарија. Но темпото на развитокот во Бугарија е побрз, оти борбата на бугарскиот народ е потпомогната и организирана од богатата бугарска емиграция од Бесарабија, Молдавија и Украйна. Исто така Бугарите уживаат помош и од самата Русија. Македонскиот и бугарскиот народ се најдуат сега на еден нат, тие имаат заеднички непријатели — отоманската империја и грчката патриаршија, тие имаат заеднички цели. Со здружени сили тие сега зееднички се борат против заедничкиот непријател. И наместо оваа борба да уроди со плод и за едниот и за другиот народ, македонскиот народ во оваа борба бива изигран. Бугарите ја исползуат победата и организират егзархат на бугарската црква, на кого едноставно му ја потчинуат Македонија. Егзархатот стануе експонент

 

 

21

 

на бугарската политика, тој ги спроведуе завоевателните апетити да бугарскиот двор спрема Маседонија.

 

Со огворањето на егзархиските школи на бугарски јазик и со ширењето на бугарската култура, во текот на извссно време еден известен дел од македонската буржоазија, извесни делови од средниот сталеж со интелегендијата, добиваат бугарско воспитание и почнуат да се чувствуват Бугари. Тоа е првата фаза во развојот на македонската нација и борбите на македонскиот народ за своја слобода.

 

Во другата половина на XIX век капитализмот појако пробива на Балканот. Поврзуењето на Македонија со светските пазари преку Солун, нарочно со изградуењето на линијата Солун—Скопје—Косово и Солун—Битола, македонскиот пазар стануе пристапен за светското тржиште. На македонското тржиште почнуе да пристига стока од сите страни на светот, а македонските производи почнуат да се продават на разни светски тржишта. Производството на стоката почнуе да господари на македонското тржиште, тоа ги крши феудалните односи и неутралното стопанство, парите стануат господар на тржиштето. Оваа револуција во економските односи предизвикуе и промена на класните односи во Македонија.

 

Спахиските одоноси, кои постоеја во Македонија и во целата отоманска империја, сега се претворуат во беглерски односи. Спахијата имаше на уживање свој спахилок и тој од селаните земаше онолку, колку му беше потребно, да би можел да живее тој, неговиот харем и неговата пратња. Повеке од тоа, тој не можел да зема, нити можел да го продаде, нити можел да го тезаурира. Подоцна, тој добиените производи во натура, може да ги продаде на тржиштето и парите да ги тезаурира во неограничена мерка. Од друга страна, апетитите на разни спахии, бегови и аги стануат се поголеми. Тоа од своја страна предизвикуе зголемуење на данокот над рајата. Сега тие почнуат да ја пљачкат рајата на еден безобзирен начин. Да би ова можеле да го спроведуат што поефикасно и полесно, тие почнуат спахиската земја да ја претворуат во беговска земја. При спроведуењето на ова настануат крвави сукоби. Беглерските односи во Македонија настануат: 1) Со претворуење на спахиската земја во беговска; 2) Со запоседнуење на земјиштето од страна на спахиите, беговите и агите, земјишта, кои биле напуштени од селството и 3) до тогај слободни села од теророт на разни башибозлуци и крџалии биват принудени да ги признаат беговите како свој господари, кои ке ги штитат од разните неодговорни банди. Тоа се грубите форми под кои настанале беглерските односи.

 

Од друга страна, селството настојуе да ја запази својата земја, настојуе на беговите спахиите и агите да им даде што помалку производи, оти исто така се зголемуат и неговите потреби. Се создава возможнос селанецот да продава на пазарот и добиените пари сака да ги чува. Настануат остри сукоби околу земјата. Селството одговоруе на безобзирната пљачка на беговите, спахиите и агите со оружен отпор. Тоа ја брани својата родна грутка, својот дом и своето опстануење. Прочуени се востанијата околу Лесковец, околу Куманово, Порече кај Прилеп, околу Ресен и Охрид, околу Воден во солунскиот и во серскиор вилајет. Покрај овие локални востанија имаме хајдучење по цела Македонија, каде Македонци осветници со пушка се светат за неправдите, што ги чинат беговите и агите. Мегју хајдутите и нивните арамбаши има и

 

 

22

 

жени, како што е прочуената војвода Илинка во охридскиот крај, која со успех води борба при беглерите.

 

Овие нови економски сукоби исфрлуат на позорницата на политичкиот живот нови маси и нови сили, кои порано не участвуеле во борбата. Сега селството стапуе на позорницата на политичкиот живот и почнуе да играе главна улога во борбата за национална слобода. Така националното прашање стануе сега во својата сашност и селско прашање оти, во борбата за урнуење на отоманската империја и за националното ослободуење на Македонците, за решуењето на аграрното прашање, длабоко е заинтересирано селството на Македонија. Затоа селството и постануе главна сила во борбата за националната слобода на Македонија. Селството е грбнакот на македонскиот народо-ослободителен покрет. Тоа е, со еден дел од буржуазијата, занаетчиите, нарочито ситните занаетчии, интелегенцијата, организатор и главна снага на народноослободителниот покрет во Македонија кој сега почнуе систематска организација на македонскиот народ, да би плански ја продолжил борбата против отоманската империја. Спонтаните акции се заменуат со планско раководство во борбата.

 

Навлегуејки во Македонија, капитализмот ја разби феудалнага расцепканост, изолираност и така Македонија ја спои во единствена и самостојателна економска единица, која се развиваше одвоено од Србија и Бугарија. Таа не само економски, туку и политички и културно живееше со одвоен, посебен и поинаков живот, отколку што живееја Бугарите во Бугарија, Србите во Србија или Грците во Грција. И кога основните македонски маси, селството, биват изведени на позорницата на економскиот и политичкиот живот, тие сега со една стихиска елементарна сила влијаат и дават свој поодделен печат на понатамошниот развој на специфичниот македонски живот, во политиката, економијата и културниот развиток на македонското друштво. Нивните барања за политичка слобода, за решуење на аграрното прашање, за подобар социален и културен живот, сега почнуат да влијаат обратно на свеста на широките народни маси, тие да ги разликуат своите посебни интереси од интересите на бугарскиот, српскиот и грчкиот народ, како и од интересите на беговите и на владичката турска нација. Оваа свест со време стануе еден мокјен материален фактор. Македонската интелегенција која се учеше во бугарските, српски и грчки училишта и чии мозоци нивната идеологија ги притискаше како мора, дојде во сукоб со новата реалност, која настана во Македонија, Независно од нивната волја и нивните разбирања, воспитање и култура, овој објективен развиток во Македонија постануе се подоминантен.

 

Во историјата економските преврати идат често побргу и по радикално ја менуат стварноста на друштвото, отколку што се менуе идеологијата на лугјето. Но сепак, со време идеологијата се измируе со стварноста и почнуе да ја изразуе таа новонастаната стварност. Таков е случајот и во Македонија. Интелегенцијата мораше или да ја разбере таа промена и новата стварност и со неа да се измири, или, ако не ја разбере да биде од неа прегазена. Онаа интелегенција, која му остана верна на народот и која била поврзана со народот, започна да ја разбира таа стварност и на еден или друг начин да ја оформуе и изразуе во своите книжевни или политички работи, формулирајки ги политичките и економските барања на македонскиот народ, додека другите, кои не сакаа да

 

 

23

 

ја разберат таа стварност и кои ги прекинаа сите врски со македонскиот народ, се претворуат во носители на тугји интереси и нивните завоевателни политики спрема Македонија.

 

Овие новонастанати прилики најдобро се изразуат во програмот на македонскиот национален покрет, веке кон крајот на деветнаестиот век. Уставот, кој го изработија Гоце Делчев и Гјорче Метров, јасно го формулиса барањето на македонскиот народ за негова национална слобода. Овој Устав подоцна е преработен на Рилскиот конгрес 1905 година. Рилскиот конгрес по своето историско значење е еден од најважните политички собитија во историјата на македонскиот народ, оти на него беа застапени сите делови на Македонија преку своите вистински претставители водачи, и организатори на македонскиот народ, како што биле Даме Груев, Гјорче Петров, Пере Тошев, Јане Сандански, Чернопеев, Томов и други, кои се изберени на најдемократски начин од месните, срески и окружни конференции и по тој начин ги изразуеле тежненијата и барањата на целокупниот македонски народ.

 

Во член 1 од Уставот се говори: „Внатрешната македонска револуционерна организацја има за цел да ги соедини во една целина сите недоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност за извојуење на полна политичка автономија на свите две области". Цитирано спрема книгата на Хр. Силјанов „Освободителните борби на Македонија" книга втора, страна 393). Во овој член јасно дојдуе до израз барањето на македонскиот народ за автономна и самостојателна Македонка. Македонскиот национален покрет, изразуејки ги интересите на македонската нани ја и заштитуејки ги правата на својот народ за политичка самостојателност и слобода од пљъачкашките апетити на империалистичките завоеватели и нивните експоненти на Балканот, Бугарија, Србија и Грција, енергично стана против сите нив и јаснсо го изрази тоа во член 2 од Уставот: „Организацијата се супроставуе на сите опити за делба и освојуење на овие области од било која држава". (Исто, страна 393).

 

Македонскиот народ смета, дека неговата слобода може да се извојуе единствено со кутнуење на ориенталниот апсолутизам и тиранијата и со спроведуење до крај на демократска револуција во Турција. За спроведуене на ова, тој ги мобилизира не само Македонците, туку и сите останати угнетени и демократски сили во отоманската империја, па и Турците. Демократичността и ширината на македонскиот покрет јасно произлегуе од член 5 на неговиот Устав: „Член на ВМРО може да биде секој, кој живее во европска Турција без разлика на пол, вера народност и убедуење" (Исто, страна 393).

 

За извојуењето на својата слобода македонскиот народ ги ползуеше сите возможни средства на борбата како легалните така и илегалните, сметајки дека извојуењето на слобода за Македонија може да са спроведе единствено со револуционерна борба и насилно кутнуење и уништуење на турската власт и нејзините феудални господари. Во Уставот член 3 зборуе: „подигајки го револуционерниот дух и свеста на жителите и употребуејки ги сите средства и напори за што побрзо истовремено наоружуене на жителите со сето што е потребно за едно општо сенародно востание, таа се грижи за културното и економско издигнуење на организираното жителство и ја поможуе легалната борба против турските власти" (исто, страна 393).

 

 

24

 

Решењата на Рилскиот конгрес на еден прост и единствен начин ги изрази ја и формулисаа барањата на целокупниот македонски народ за неговата слобода, независност, подобар и посрекјен живот и заради тоа, решењата на Рилскиот конгрес се решења на целокупниот македонски народ.

 

Со понатамошното развитие на политичкиот и економскиот живот во Македонија, биват привлечени и активизирани се пошироки народни маси, нарочно после ташките и крвиви борби како што е Илинденското востание, политичките борби околу разни реформи, избори за парламент итн. Овие борби политички го школуат македонскиот народ и се појасно ја кристализираат во широките народни маси неговата национална свест. Ова веке јасно го изрази еден од водачите на македонскиот народ, Јане Сандански. „Јане ја разви тезата дека е катастрофално за македонското жителство, а и за самата Бугарија, ако македонското прашање се третира во смисол на национално соединуење со Бугарија и дека лугје со друго направление се продадоа на бугарската влада. Секој кој агитира било во Македонија, било надвор од неа на базата на ослободуењето и соединуењето со Бугарите, треба да биде дочекан непријателски од ВМРО, исто така како што се дочекуат организациите на српските и грчките организации и чети. Тој (Јане) објаснуе по општи линии, дека треба да се работи на општи линии за будењето на свеста во масите, дека се самостоен народ, дека имаат право на слободен живот и дека трева да се борат, како би извојуеле своја слобода, не опирајки се на тугја помош поради тоа, што тие кои би дошле да го ослободат, ке дојдат во сашност да го поробат". (исто страна 498, подвлекол пишуачот). Од горе цитираното јасно се гледа, дека Јане Сандански зборуе за македонскиот народ, за неговата различност од бугарскиот и останалите балкански народи.

 

Оспоравајки ја македонската нација, поменатите господа повеке пати се повикуеја на македонската емиграција и на некои Македонци, кои се изјаскуат како Бугари. Тоа истото го прават големогрчките теоретичари, а тоа го чинеа и големосрпските теоретичари. Порано видовме, дека некои Македонци под влијанието на егзархиската политика нарочно на бугарските училишта и бугарската култура, се бугаризираа, други под влијанието на српските училишта и српската пропаганда се србизираа, а трети под влијанието на грчките училишта и грчката пропаганда се грцизираа. Тие станаа градители и пропагатори на големобугарските, големосрпските и големогрчките разбирања во македонскиот народ (Сарафов, Соколович, Мелас и др.), па спрема тоа тие не се претставници на македонскиот народ нити бранители на негова слобода и равноправие, уште повеке тие водеа една политика и настојуеа македонскиот народ да биде денационализиран, поробен и уништен.

 

Ние знаеме, дека во вишиот стадиум на развитието на капитализмот започнуе процесот на раселуенето на нациите, процесот на одвојенето на низа групи од нацијата, кои одат на печалба во разни земји, како би се исхраниле самите себе си и својата фамилија. А во Македонија е и тој случај, да од теророт на турците, грците, големобугарите и големосрбите бегаа и емигрираа илјади и илјади македонци, како во разни балкански земји, така и во целиот останат свет (Америка, Австралија). Оваа емиграција ги гине старите врски, а придобива на новото тло нови, така да

 

 

25

 

од колено на колено прима нови обичаи, морал и вкус, а добива дури и нов јазик, па така сосема го менуе својот национален характер.

 

Таа емиграција и тие денационализирани македонци, кои се залагаа за една политика против интересите на македонскиот народ, а за завојуене на Македонија, било од страната на големобугарите, големосрбите или големогрците, ги издаваа интересите на својот народ и ја бранеа империалистичката завојуачка политика на дотичните земји спрема Македонија. Тие настоеја македонскиот покрет да го уништат или да се доберат до него и го спрегнат со цел да ги остварат интересите и завојувачките политики било на Кобурзите, било на Карагјоргјевичите било на Хоенцолерните. Македонскиот народ со сите сили и средства се бореше против нив. Така уште Рилскиот конгрес сосема јасно ја формулира борбата против бугаризирање од егзархатот говорејки: „Сите појави во делата и постапките на егзархатот и неговите органи, кои са вперени во духот на бугарскиот државнички национализам, ги смета за штетни во нејните бараньа и им се противставуе” (Исто страна 518). Таа многу го осудуе „врховизмот", грчката и српската пропаганда и нивните чети, сметајки ги како орган на соответните влади и агенти на соответната илегална борба, а нивната работа вперена против целта на Организацијата. Како такви таа ке ги брка со сите свои сили и средства од следните причини: а) што тие се орудиее на државата и владата, која бара освојуење на територијата на самата Организација; б) како такви тие се против автономијата на Македонија и Одринското; в) го кинат населението и со самото тоа му ја намалуат снагата и борбата со турците, убиваат невини лугје, за кои е Организацијата должна да се грижи и да ги чува, дејствуат здружени со турските власти" (страна 390 исто). Заради тоа таа со сите се бори, Организацијата да ја сочува својата самостојателност и ова свое баранье да го подигне на степен на принцип.

 

Свидетели сме и денес како извесни делови од емиграцијата во Бугари ја говорат дека книжовен македонски јазик не постои, туку дека е тоа расипан српски јазик, а други во Србија говорат дека е тоа рассипан бугарски јазик. Едните и другите го одрекнуат правото на македонскиот народ за слобода, ја одрекнаут неговата Република, неговиот политички културен развиток. Јасно, е дека овие делови на македонската смиграција немаат ништо заедничко со македонскиот народ, дека тие не а изразуат волјата и интересите на македонскиот народ, туку и понатаму задржуат еден непријателски, шовинистички и завојувачки став спрема македонскиот народ.

 

Но, од друга страна треба да му оддадеме признание на оној дел од македонската емиграција, како во Софија, така и во Америка, во остатиот свет, која не само што го симпатизира македонскиот народ и со својата вольа стои со него, туку го поможуеше и го поможуе развитието на македонската Рупублика и напредокот на својата татковина за еден поарен и посрекјен живот. Тие се навистина синови на Македонија и нив ги врзуат ильадници невидливи нишки со македонскиот народ.

 

Со освојуењето на Македонија и со нејната делбе помегју Бугарија, Србија и Грција во втората балканска и првата империјалистичка војна не само што не е решено македонското прашанье, туку напротив уште повеке изострено. Империјаличкото освојуење и угнетуенье, денационализаторскаата политика на империјалистичките завојуечи, забраната на македонското име, забраната на секаков политички живот, прекрстуеньето

 

 

26

 

на македонците во „Јужносрбијанци", „Стари елини" или „Б'лгари од Македонија", нивното истребуенье, масовно прогонуенье од нивната земја во емиграција в Америка и Австралия, безогледната стопанска колониална плачка, забраната на македонскијот јазик и култура, на македонските песни, го доведоа националното угнететуенье на македонците до врв. Ова не доведе она што го исчекуеа империјалистичките завојуачи до ликвидацијата на македонската нација и нејното асимилованье, туку, напротив, до се поголема политичка активизација и до уцврстуенье на нивната национална свест, до засилуеньето на борбата на македонскиот народ за неговата слобода. Македонците под Грција и под Бугарија и под кралството Југославија се бореа за својата слобода, за признаванье на своето национално право, т. е. за самоопределуенье и рамноправност. Тие таа борба ја водеа на севозможни начини, од илегалните летци, весници и брошури до разни стопански и политички борби. Така македонскиот народ во периодот после првата империјалистичка војна ја поврзуе својата борба со борбата на демократските маси од Србија, Бугарија и Грција. Македонските синови, продолжуејки ја борбата на своите славни претци, ги полнат занданите и пред разни изванредни судови не се устручаваат, да со презрение му довикнат на завојуачот, дека Македонија е поробена и дека тие се синови на својот македонски народ, кој се бори за своја слобода и дека ке се бори се до тогаш, додека не биде извојуена. Под империјалистичко угнетуенье, продолжуејки ја својата борба, македонскиот народ, со успех продолжуе да ја изградуе својата специфична национална култура на свој македонски јазик. Не е случајна појавата на песните на Кочо Солев — Рацин во Југославија и на Венко Марковски во Бугарија. Но, реакционерите и во Софија и во Белград ги пречекуат со презрение и подсмев. Колку има слично во борбата на овие Дон-Кихотовци против литературата ка македонскиот народ со фанариотите, кои при крајот на осумнаестиот и во началото на деветнаеетиот век ги исмеваа првите бугарски и српски писатели, ругајки им се дека овчарскиот српски и бугарски јазик е неспособен за книжевни творби.

 

 

Во овој краток преглед настојавме да прикажеме како настана македонската нација како и сите останали нации во една одредена епоха во епохата на капитализмот. Процесот на распагјањето на феудализмот и истовременниот развиток на капитализмот, ги доведе лугјето да се обединат во нации, да се формират нации. Така беше во западна и источна Европа, така беше и на Балканот. Таков е случајот и со Македонија. Но поради тоа, што македонската нација настануе во доцниот капитализам, а национално-ослободителното движение се распламтуе во периодот на империјализмот, кога буржоазијата ги издава интересите на нацијата и води сметка единствено за своите тесни класни интереси, така и македонската буржоазија верна, на својата класна политика, ги издава интересите на својата нација, за да би ги запазила своите класни интереси. Таа сега, не само да не е хегемон во национално-ослободителното движенше, туку носител на противонародната завојуачка политика спрема Македонија. Македонската буржоазија порано соработуе со големосрпските хегемонисти, а за време на војната со германските и бугарски фашисти и сесрдно ја поможуе нивната окупација и борбата против македонското народноослободителното движење. Сега ролјата на хегемони

 

 

27

 

ја превзима младата работничка класа со интелигенцијата; која потечуе од селството и занатчиите. Тие се носители на македонската нација, на нежната борба за слобода и афирмација. Под нивното раководство македонскиот народ ја доведуе борбата до успех, до остваруењето на македонската државност, до создавањето на Република Македонија.

 

*

 

На развитието на македонската нација гледаме, да во разните периоди на македонското национално движење довагјат до израз разни црти, кои са карактеристични за нација воопшто. Во барањето на школи, во културна и црквена автономија, довагјат до израз прашања за националниот јазик и националната култура, која треба да ја изрази специфичната македонска психичка конституција, „македонскиот национален карактер". Во бараньата на политичка самостоја тел пост и слобода, и во решителното противставанье на освојуеньето и поделбата на Македонија од страна на бугарските, српски и грцки завојуачи јасно довагја до израз прашаньето за национална територија, која го опфакја и самостојателниот стопански живот на целата македонска нација.

 

 

III.

 

Разните псеудонаучни теории и приговори на теоретичарите на големобугарскиот шовинизам и на завојуачката политика, кои порано ги разгледавме само се основа од која би можеле да го нападнат денешното решение на македонското прашанье. Тие викат на полн глас како прашаньето на македонскиот народ е решено на неправилен начин. Тие велат „дека за вољата на самите македонци никој не праша, принципот на самоопределуеньето никој не го примени", (Преспански во статијата „Македонската дејствителност", „Знаме" од 22 октомври 1945). „… Да прашаньето на Македонија не може да се схвати за решено во тесната линија на освојуенье и хегемонија". „Населението на Македонија не е консултовано, принципот на самоопределуенье не е применет, да би се одредила вољата на народот, каква е и каде сака да биде” (Пастухов, во статијата „Патот на разбиралство" во весник „Слободен народ” от 18 октомври 1945) и т. н. и т. н.

 

Најмалку имат право да зборуат за начинот на решуењето на македонското прашање и като е тоа решено, хитлеровските џандари и окупатори на македонскиот народ. Македонскиот народ не чекаше на разни господа Пастухови, Преспански и други за да му го покажат тие „спасоносниот пат" за решуење на прашањето на неговата слобода и на применуењето на правото за самоопределуење и рамноправност, туку долга низа години се бореше за тие принципи и својта слобода, токму против тие исти господа. Тој не чекаше тоа право тие да му го дадат, туку со пушка во рака во помош на своите бракја од Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенја, и со останалите антифашисти заедно, го извојуа.

 

1941 година Хитлеровските и бугарските банди ја окупираа Македонија и и наметнаа нечуен во историјата терористичко-фашиски јарем. И денеска некои господа имаат смелост да го бранат овој фашиски јарем тврдејки, да „таа (се мисли за Бугарија — забелешка на авторот) не и објавуела војна ни на Грција, ни на Југославија, туку само управуеше со некои територии на тие држави, што месното население повеке го

 

 

28

 

сакаше, отколку германската окупација” (Мемурендум на бугарската социјалдемократска партија на Лулчев на 25 април 1946 — го подвлечуе авторот). Какво беше „управуењето со овие територии" најарно го сети македонскиот народ на својот грб, кога занданите почнаа да се полнат, а стрелања и бесења катадневно да се вршат по цела Македонија. Бугарските фашиски управуачи со тоа свое „управуење" сакаа да го прегнат македонскиот народ во Хитлеровата кола, да биде негов андар и братоубиец, да го гуши востанието и народноослободителната борба на своите бракја од Србија, Хрватска, Црна Гора и другите краишта. Тие со тоа „управуење" ги ослободуеја хитлеровските разбојници за да можат да одат на Москва, Севастопол и Сталинград. Македонскиот народ не појде по патот по кој сакаа да го поведат господата социјалфашисти, туку појде по патот кој му го покажуеше Комунистичката партија на Југославија. На нејзин позив тој се дигаше на востание, во борба за своја слобода и за извојуење на принципите на самоопределуење и рамноправност. Македонскиот народ, организиран и раководен од КПЈ и от другарот Тито, стана и со пушка во раце — се бореше низ цела Македонија токму против тоа „управуење", а за своја слобода. Тој високо го крепа знамето на Гоцета Делчев и Јанета Сандански, и ги настави славните традиции на Илинденското востание и под тоа знаме ги мобилизира сите сили на целокупнист македонски народ, како би ги разбил и уништил фашиските окупатори.

 

Никој „во Македонија не ја скрши германската војска и не ги принуди Германците да ја напуштат Грција” (Меморандумот на ЦК на работничката социал-демократска партија на Бугарија од 25 април 1946 г.) туку македонските единици на Титовата Армија ги биеја и скршија и германските и бугарско-фашиско-окупаторските дивизии. Тие поголемиот дел од 29-та дивизија ја разоружаа кај селото Жеглигово, а на 10 октомври 1944 година во селото Довезенци беше разоружан поголемиот дел од 14-та дивизија, а 17-та дивизија беше разоружана низ долината на Брегалница, додека 50-та дивизија со седиштето во Битолја, е разоружана од Германците, а само гарнизонот во Прилеп заедно со нашите единици се бореше против Германците. Спрема тоа, македонскиот народ со пушка и крв ја извојува својата слобода, самоопределуење и равноправие со оловни куглици.

 

Втор пат македонскиот народ ја изрази својата волја и гласаше на своето историско Собрание во Прохор Пчински на 2 август 1944. Представители на македонскиот народ од сите краеви, избрани под фашиската окупација и терор се собраа на ослободениот од фашискиот окупатор дел на Македонија во историскиот манастир Прохор Пчински, да ја изразат вистинската волја на македонскиот народ. На тоа Собрание македонскиот народ ја прогласи својата свобода и прв пат ја прокламира на целиот свет својата македонска државност. Поучен од долгогодишното искуство, дека неговата слобода и рамноправие може да му биде обезбедено и загарантирано во заедницата со своите бракја од Федеративна Југославија, драговолно се соедини со нив. При тој случај македонскиот народ гласно ја изрази своята воля и покрај бајонетите на германските и бугарските фашисти, кои сееја смрт во Македонја. Волјата на Македонскиот народ за неговата слобода, за поарен живот, за неговото самоопределуење, беше појака од теророт, пустошењето и пљачкањето по Македонја, и таа волја на македонскиот народ победи.

 

 

29

 

Трет пат македонскиот народ гласаше на изборите од 11 ноември 1945. Историјата не помни таква општонародна манифестација и израсна волјата, како што беше денот на изборите за Уставотворното собрание. Народот од утринта до вечерта со песна и знаминьа одеше на избиралиштето, го даде својот глас за својата државност, за македонската народна република. На овие избори излегоа и гласаа преку 96% од сите запитани гласачи и јасно и недвосмислено ја изразија својата волја, што сакаат и каква слобода сакаат.

 

Бугарските фашиски окупатори беа мајстори во организираньето на паради и „тржества". Но како јадни и кукавни беа тие, знае целиот македонски народ, а тоа и господата социал-фашистите многу добро го знаат, оти скоро никој не идеше на тие нивни паради. А наспроти тоа — како величествен беше митингот и со како одушевление го дочека македонскиот народ другарот Тито на 10 октомври 1945 година, така да Скопје беше исполнето со народ и воопште не се помни такво сенародно веселие и дочек во историјата на Македонија.

 

Претставителите на бугарската завојувачка политика сметаа, дека би било подобро, да се образува „Самостојателна национална држава". „Поинаку би било прашаньето ако е збор за една сосема самостојателна и независна држава, која не би се вклучила во границите ниту на Југославија, ниту на Бугарија. Во таков случај брат со брат би можел пољубезно да се погодуе на базата на взаимно разбиранье и во заштитата на општите интереси" (Пастухов во статијата „Во заштита на Бугарија". „Слободен народ" од 2 декември 1945). А во меморандумот на Лозанчев и на другите се зборуе „… По нашето скромно мнение, кое е истовремено желба и на целокупната емигрантска јавност, т. е. на јавноста на Македонија воопште, овие бараньа можат да бидат остварени, кога Егејска, Пиринска и Вардарска Македонија бидат воздигнати на степен на политички единици, створуејки сојуз помегју себе, да образуат една федерална македонска држава, под мандатот на 5-те големи демократски сојузнички држави". Или ставот на бугарските социал-шовинисти: „Долгите спорови мегју балканските народи и големите држави заинтересирани за Македонија можат да го најдат своето решение само во навистина автономна Македонија" (Меморандум на ЦК на социал-демократската партија на Бугарија од 25 април 1946). Или „македонското прашанье ке биде решено правилно само тогаш, кога на македонскиот народ ке му се даде автономија и право слободно да ја одреди својата судбина" (меморандум на Никола Петков, април 1946).

 

Во текот на својата борба македонскиот народ го поставуеше прашаньето за решуеньето на својата слобода на разни начини, главно секогаш тргнуејки од конкретни и политички прилики и условија, како во светот така и во турската царштина. Кога империјалиските разбојници не можеа да се спогодат околу поделбата на турското царство и кога прогласи ја статус кво за Турција, тогаш македонскиот народ беше присилен да го поставуе решуеньето на прашаньето на својата национална слобода како прашанье за автономија во турската империја. Така за времето на новотурската револуција, тој преку Сандански ги поможуеше младотурците како би ја довеле револуцијата до успех, оти и нејзината победа неминуемо би довела до уништуеньето на ориенталскиот деспотизам, феудализам и извојуенье на вистинска автономија за Македонија,. т. е. за извојуенье на негова национална слобода. Но поради нејзината

 

 

30

 

слабост, нарочно поради тоа што не сакаше да се потпре и да ги покрене широките народни маси, младотурската револуција набрзо прерастуе во контра-револуција и не решуе ни едно од прашаньата, кои пред нејзе се поставија.

 

Ниту балканската, ниту првата светска војна, не донесе решение на македонското прашанье. Доколку првата балканска војна беше правично водена, против апсолутизмот и феудализмот, и за национално ослободуенье, дотолку втората балканска и светска војна беше завојувачка и империалистичка, а за поделба на Македонија и нејното национално угнегуенье. Но промените кои настанаа во светот после победата на Големата Октомвриска револуција, битно ги изменија условите и начинот на решуеньето на националното прашанье. Таа покажа возможност и целисходност на решуеньето на националното прашанье на базата на братскиот сојуз мегју работниците и селаните на најразлични народи, на принципот на доброволното соединуенье. Нашите народи, користејки се со искуството на братските народи на Советскиот Сојуз, во текот на народноослободителната војна и после нејното победоносно завршуенье, покажаа возможност за решуеньето на националното прашанье на базата на братството и рамноправноста во демократска држава, во која навистина власта ја има народот.

 

Македонскиот народ во текот на 24 години свој живот во заедница со останатите народи на Југославија, сфана, дека, доколку има непријатели во големосрпскиот хегемонизам, дотолку има пријатели во работниците и селаните на српскиот народ и останатите народи на Југославија. Тој во тешката и крвава борба, која ја водеше против угнетуеньето на големосрпските хегемониеги, најде во српскиот народ свој брат и сојузник во борбата, кој не само да ги признаваше неговите права, ами заедно со него се бореше за демократија, слобода и равноправност, за еден подобар и посрекјен живот на сите народи во Југославија. Братството и сојузот со српскиот народ е кован на крвта и коските на најдобрите синови на македонскиот и српскиот народ, на демонстрациите, во затворите, со пушка во рака во борбата против фашиските окупатори. Тие заедно ги тепаа фашиските окупатори и заедно ја извојуваа својата свобода и рамноправност во својата заедничка татковина Федеративна Народна Република Југославија.

 

Денеска македонскиот народ живее слободно во својата држава, Народна Република Македонија. Таа е израз на суверенитетот на македонскиот народ. Така се оствари вековниот сон на најдобрите умови и синови на македонскиот народ. Во својата Република тој ужива полна политичка слобода и ја има сета возможност да ја развие својата национална култура, својот јазик, да ја изгредуе својата литература и тоа за прв пат во својата историја. Уживајки помош од своите бракја, кои културно и економски се поразвиени, тој денес ги исползуе сите свои материални сили и природни богатства, да изгради еден подобар и посрекјен живот, еден покултурен и побогат живот, достоен за човекот. И така зидуеме, како слободата и равноправноста се остваруат на дело во Федеративна Народна Република Југославија.

 

И ова македонскиот народ го извојува против волјата на господа Пастухови, Куневи и други, и против волјата на големосрпските хегемонисти и против волјата на мегјународната реакција. Ако во оваа статија не гледаме сметка со големосрпските разбираньа, теории и носители на големосрпскиот

 

 

31

 

хегемонизам, тоа с затоа, што ние нив ги тепавме со братскиот српски народ и останатите народи на Југославија со пушка во рака, што во нашиот демократски Устав на македонскиот народ му е загарантирано правото на слобода и равноправност, што донесовме закон против националната омраза и националните расправии. Ние нив заеднички ги тепавме, а убеден сум дека во заедница со братскиот бугарски народ ке ги тепаме и дотепаме исто така и големобугарските шовинисти.

 

Соединуеньето на македонскиот народ предизвикуе бес кај сите профашисти и реакционери, а нарочно кај бугарските. Тие борбата и правилното баранье на македонскиот народ го наречуат „шовинистички и завоевателни претензии на големосрпскиот шовинизам" … остваруенье на државниот апетит на понапрешна Југославија, која денес се изразуе во прикриени симпатични бои”. „Тоа се измислици од најновото време, (збор е за Пиринска и Егејска Македонија — примедба на пишуачот)... за целите на една империалистичка политика" (Пастухов, Хацев).

 

Империалистичка и шовинистичка политика спроведуеше Југославија на Карагјоргјевичите, која одеше за тоа да ја освои Македонија и да ја потчини на својата власт. Таа не го признаваше македонскиот народ ни Македонија. Мегју тоа, денешна демократска и федеративна Југославија не го поставуе прашаньето за соединуенье на македонскиот народ како завојуенье, туку ги помага оправданите тежненија на македонскиот народ, кој во ФНРЈ ја доби својата слобода, Народната Република Македонија да го оствари до крај своето дело — ослободуенье и соединуенье на целиот македонски народ, како што од своја страна македонскиот народ ги помага своите бракја Словенци и Хрвати за да остварат соединуењето со нивните бракја од Истра и Корушка. Ова не е империалистичко освојуење и анектиране, туку взаимно братско помаганье, да би братот ги остварил своите национални идеали.

 

И кога и денес македонскиот народ поставуе да се соединат овие три дела, не поставуе нешто кое е тугјо, што треба да се завојуе да би спровел империалистичка политика, туку да ги соедини своите национални територии, да ги оствари своите национални идеали — слободата на македонската нација.

 

Дали соединуеньето на италијанскиот народ, украинскиот, полскиот, германскиот, или било кој друг народ, беше империализам или шовинизам? Па од каде тоа да соединуеньето на македонскиот народ биде империализам, и шовинизам? Прашаньато за своето национално соединуенье денес го поставуе македонскиот народ. Тој во еден дел ја извојува својата слобода и има своја национална држава — Народна Република Македонија. Тој во својата република денес развива своја национална култура, сиој јазик, свои материални богатства.

 

Слободата на македонскиот народ е дело и борба на целокупниот македонски народ. Зато тој денес ја продолжуе борбата, да би го ова свое историско дело остварил до крај и довршил ослободуенье на Македонците, да би се соединил со своите бракја од останатите два дела, бидејки Македонците во другите делови не се слободни и бидејки нив не им се признава нивниот национален карактер и немаат свои школи, немаат своја слобода.

 

Затоа најглавен задаток на македонскиот народ во Пиринска Македонија е борба за демократизација на земјата и признаванье на неговите

 

 

32

 

основни права како народ, додека во Егејска Македонија тој денес се бори заедно со грчкиот народ против тугјиот окупатор на земјата, за протеруенье на окупаторот и извојуванье на национална слобода и независност на Грција, и во таа борба заедно со демократските сили на Грција тој ке ги извојуе своите права на самоопределуенье и равноправност.

 

Во борбата против фашизмот македонскиот народ од Народна Република Македонија беше тој, кој ја помагаше и организираше борбата во останатите делови на Македоција. Тој дел на Македонија беше жариште и центар на разгоруенье борбата против фашизмот, заради тоа тој и денес е центар за соединуенье на останатите делови на Македонија.

 

Македонскиот народ нема потреба да освојуе и окупира тугји територии. Тој како и секој друг народ бара само да му се признае право на самоопределуенье. на национална егзистенција и слобода на неговата земја.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]