Македонска мисъл

кн. 1-2, год. 2, 1946

 

11. Успесите на народната власт во трговийата и снабдуенйето

 

Лазо Вчков

пом. министер на трговията на НРМ

 

 

Веднаш после ослободуенйето на нашата земйа пред народната власт и се постави како най-важна задача снабдуенйето на населението со най-необходимите артикли за живеенйе.

 

Окупаторот ни йа остави земйата економски наполно исцрпена. Нашата и така слаба индустрийа беше разорена или онеспособена за производство. Комуникационите вреки беа наполно прекинати, од друга страна заостаналите резерви од стоки по трговските магацини во Македонийа беа систематски изнесуени од страна на окупаторот. По той начин нашата земйа беше лишена од производството на стоки, а внесуенйето од страна беше апсолутно невозможно.

 

И покрай опустошенийата што ги направи окупаторот останаа во некой места уште малку стоки од прва необходимост, како ориз во кочанско, грав по тетовско и гостиварско, кромпир во Битолско. Пред новата народна власт веднага се испречи задачата да йа организира исхраната на населението, а тоа ке рече да се откупат и распределат вишковите на зрнените храни.

 

За исполненнето на поставените задачи од народната власт не може да се говори, ако не се спомене и помошта што йе даде Народниот фронт. Со помошта на фронтовските организации се прибраа сите вишкови, се поправийа разрушените комуникации, така да откупените храни се испратийа и пренесоа во сите краишта на Македонийа, каде имаше нужда.

 

 

67

 

Во той период откупено и распределено околу пет милиона кгр. зрнени храни во вредност од над 200 милиона лева. Покрай зрнените храни народната власт ги распредели и следните декларирани стоки: сол 581,399 кгр., разни текстилни стоки 260,629 метра и аналински бои на 50,000 кгр.

 

Прометот во овой период во главно се изврши со државни средства, но со помошта на трговците. Државниот сектор во трговийата уште не беше формиран, во той период кооперациите беа слаби и тек во дормиранйе.

 

Со оспособуенйе на комуникациите и производствените претприйатийа, за койе народната власт заедно со фронтовските организации уложижийа най-големи усилийа, се поставуат првите контакти во рзмената на стоките со другите федерални единици. Тоа е периодот кога никнуат државните трговски претприйатийа и растеж на кооперациите.

 

Народната власт оценуейки го значението на трговийата како полезна друштвено економска функцийа да йа прифакйа стоката од производните центри и йа доставуйе до нейзините консуматори, го формира државиото купопродайно предприйатие — „Докуп". Во исто време се формираа дирекциите на сойузните предприйатийа „Котекс", „Йугопетрол" и „Отпад". Нешто покасно се формира и дирекцийата на Народниот магацин „На-Ма", Скопйе. Тоа е началото во државниот сектор во трговийата.

 

Покрай тешкотиите кои се испречуеа пред народната власт за извршуенйе на една важна функцийа како што йе трговийата, а тие се во главно: неопитен кадар, неманйе оборотни средства, превозни средства и протории, голем дел од едрата трговийа сенак мина преко државниот сектор и така се уштедийа на држаавата милиони динари, кои порано несвесните трговци ги трупаа во своите джепови.

 

Како важен проблем се постави пред народната власт и организиранйето на дистрибутивниот апарат. Тука народната власт беше поткрепена най-многу од фронтовските организации, кои го помогнаа создаванйето на широка мрежа од кооперации во цела Македонийа. Така покрай двете „Гранап” и двайесете „Онап" и со своите продавници дистрибуцийата на стоките се врши во голем дел од продавниците на Рекопските кооперативни сойузи — „РЕКООПС" и потребителните кооперации, кои бройат: „РЕКООПС" и 19 со голем брой продавници и околу 700 потребителни кооперации. Во дистрибуцийата участвуат исто така и частните трговци со добар дел, а голем дел от нив прейдоа во државните трговски предприйатийа и во кооперациите.

 

Додека трговскиот апарат на дребно бройчано расте, внатрешната организацийа на той апарат (државни и кооперативни) е уште слаба. Народната власт усилено работи да дистрибутивниот апарат стане модерен трговски апарат, а лугйето в него културни и модерни трговци. За таа цел народната власт организира во поголемите центри специйални курсеви како за книговодители од предприйатийата, така и за останалиот персонал. Но кооперативната линийа истото тоа го исправи и Главниот кооперативен сойуз на Македонийа.

 

Макар да изминатата година беше най-страшна година койа се помни со сушата и реколтата, благодаренийе на трговската организацийа, во Македонийа се внесе над 60 милиона кгр. зрнени храни, така да му беше на найодалечените народни одбори доставено доволно количество храни

 

 

68

 

за да не остане ни еден грагйанин на Републиката гладен. Секои непроизводители на зриени храни, а и производители на кои не им достигаше, беа обезбедени со хлеб и тоа на цена од 6 динари кгр. Без една таква организацийа, во една таква сушна година широките народни маси ке беа изоставени на милоста и немилоста на шпекулантите и црноберзийанците и ке владееше општа глад.

 

Таа година реколтата е подобра и народната власт со помошта на фронтовските организации преко трговскиот апарат го врши откупот на житариците.

 

За разлика од откупите што ги вршеа окупаторските власти, днеска откупот представуе планско собиранйе на селските произволи за да им се обезбеди хлеб на работните маси и да се осигурат потребите на земйоделците и нивното снабдуенйе. Народната власт живо се интересира за работниот народ како той во фабриките и канцелариите, така исто и на селото. Покрай тоа што се на секой производител остава вишак од производството на слободно располаганйе, нему му се дават во замена како за обавезниот вишок така и за слободниот индустриски произведенийа и тоа: од вредноста на обавезниот вишок 30%, а од вредноста на слободниот вишок 50%. Се дава возможност на производителите да се снабдат со най-нужните индустриски произведенийа по нормирани цени и од планско производство а чий квалитет е добар.

 

До сега е отпуштено за откупот на житото волнени тканини за горни алишта 8,300 метра, памучна тканина за горни алишта 16.332 метра, тканина за фустани 29.478 метра, тканина за машки и женски веш 12.026 метра, платно за постели 22.285 метра, порхети 74 000 метра, поставски тканини 12.98 метра, опинци 3 500, кондури 750, сода каустик 130.000 кгр. синджири за коли 5.000 кгр, шини за кола, плугови, посугйе и уште многу други стоки за истата цел кои ни се доделуат од Сойузното Министерство на трговийата и снабдуенйето. Макар да тайа година реколтата е добра, за прехрана на непроизводителното население народната власт преку државниот трговски апарат ке ги внесе потребните количини жито и ке се обезбедат работните маси со леб како минатата година.

 

Помошта койа йа укажуе народната власт на селото не е само за производителите на житото. Уште во април месец таа укажа помош и на тутунопроизводителите, на кои им се даде аванс во царевица а истовремено им се увелича дажбата од 400 гр. на 800. На тутунопроизводителите во Македонийа е разделено 3.900.000 кг. царевица. На бубохранителите исто така им се доделийа памучни тканини и тоа околу 85.000 метра.

 

Окупаторот нанесе големи штети и на нашите туристички и планински обекти. Народната власт отпушти 4 милиона динара за поправка на скийашкиот дом на „Попова Шапка", на планинските кукйи на Пелистер, планинската кукйа на Лйуботен и хотелот „Белви" во Охрид, како и за охридската плажа, со кое ке се даде возможност на нашите фискултурници да ги упражнйават и овие дисциплини.

 

За издиганйе на стручио трговскиот кадар, со отпуштанйето на стипендии за бедните и добри ученици, е дадена возможност на голем брой ученици да се запишат во трговските академии. Исто така при двете академи се отворени интернати, со кои се овозможуе на учиниците од селата и провинцийата да завршат трговска академийа за да добийат стручни познанийа како би можеле да помогнат во привредната обнова

 

 

69

 

на нашата земйа. Бройот на запишаните ученици и во двете академии го преминуе предвидниот брой, тоа покажуе дека търговската политика на нашета народна власт оди на тоа да се создаде таков државен и кооперативен трговски кодар, кой што ке биде способен да внесе план во трговийата. Народната влас дава иницийатива за организиранйе и поевтинуенйе на секойа трговска операцийа и на приватниот сектор на трговийата, но истовремено ке ги ограничуе и сузбива шпекулантските и профитерски тенденции.

 

Досегашните успеси и на полето на трговийата и помошта, што йа укажуе нашиот народ на органите на народната власт во нормализиранийето на нашиот економски живот, ни сведочи за неговата готовност да ги вложи сите усилийа за поскорешната изградаба на нашата земйа. Таа свойа готовност нашите народи ке йа манифестират и на предстойекйите избори за Уставотворното собранийе на НРМ, кога со своето 100% излегуенйе на изборите ке им зададат най-силен удар на сите наши неприйатели.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]