Македонска мисъл

кн. 1-2, год. 2, 1946

 

10. Нашата народна поезийа како одраз на внатрешното револуционерно движение

 

Блаже Конески [*]

 

 

Илинден не даде поет.

 

Од нашата градска интелигенцийа, која беше участник во револуционерното движение, излегоа неколку песни што денеска некой ги мислат народни, ама што лесно се познават от народните, не само поради „че” место „оти" во нив, току и поради свойата рапавост и посретственост.

 

Тоа што не се йави тогаш нашата литерарура сведочи во прв ред за недоволната национално културна избистреност на самото движение. Движението беше во свойата сашносг, во своите коренийе, во свойата историска обусловеност, движение за националното обособуенйе на македонскиот народ, но тоа тогаш на идеолошко поле уште не стигна до таму да йа изнесе йасно потребата за создаванйе и развиванйе свойта самобитна национална култура, за создаванйе и развиванйе, за прв ред, свойа литература на свой йазик. От таде неактивноста на тоа поле, една од основните слабости на движението.

 

Но затоа, от друга страна, во народот, во тие слоеви што главно йа крепееа организацийата и што го изнесоа на своите плекйи и самото Илинденско востание, правите наши борби за националната слобода, найдоа свои полн и силен поетски израз.

 

Основната маса на движението и най-многу заинтересирана во него по свойата положба, беше селанството. А селанството е секогаш вистински народни певец.

 

Нашата народна поезийа. тоа што е во неа создадено од поново време, ни дава достатачно материал да го преследиме по неа буденйето на нашиот народ во XIX век, бистренйето на свеста негова за задачите што го чекаат, за патот како ке се откине той од ропството.

 

Песната за Кузмана Капидан, на пример, е во таа смисла еден изванреден докумет што ни предлага не само реална слика за односите мегйу турците и райата во една многу оригинална опстановка при Джеладин бега, туку, уште повекйе — дека ни овозможуе да забележиме нешто ново што се порагйа во нашиот народ и што е предзнак за неговиот понатамошен развиток како што го знаеме ние денеска од нашата историйа. Не е случайно што името на Кузмана и песента за него, во

 

 

*. Блаже Конески е началник на отделението за култура и искуства при Министерството на народната просвета на Н. Р. Македония.

 

 

62

 

различни варийанти, се разнесла по сета Македонийа. Не е случайно и тоа, што нашиот певец, обично лирски краток, создава цела поема за подвигот на Кузмана, како и тоа што малку попосле Глигор Прличев го обработи во „Сердарот” истиот мотив. Можеме да си преставиме што значило тогаш пред стотини и повекйе години, да излезе од поробениот народ човек како Кузмана, повелник — што очистил еден цел край од насилниците и йа заштитил раната. Четата на Кузмана беше само од нашинци, од наши селани, избрани од него по йунакство во дебарчанските села. Певецот не заборава да каже дека тие не се ни на Турска плакйа. Йасно е тогаш дека борбите на Кузмана со дебарските разбойници йа буделе верата на народот во свойте сили и неговата смелост. Целата поема на Кузмана, во свойот ватрешен патос, е прокникната со гордост дека од поробениот народ излегол таков йунак.

 

Народната поезийа го следи неотстанно патот на народот. Таа се одзива попосле на сите пройави на индивидуален бунт против потисниците, што особено се засилуат во втората половина на XIX век. во времето пред да се удрат темелите на револуционерната организацийа, кога излегуат цел ред кумити, како што беа Спиро Црне, Димче Могилчето, Мицко и др.

 

Покрай печалбарските песни во тоа време, централно место во народното творчество земат кумитските и попосле револуционерните песни. Околу тие два центра се врши цела грегрупацийа на мотивите од постарата поезийа, собирайки се во печалбарските песни сите оние мотиви на разделба и на лйубовна тага, што можат да се оживотворат во новото време, а по кумитските и револуционерните песни по истиот начин сите мотиви од айдутството, што можат да се соединат со новата револуционерна содржина.

 

Кумитските песни се верен одраз на тоа како стихийно се буди во душата на нашиот селски народ уверението дека од беговскиот гнет нема друг спас, освен да се крене пушката. Карактерично за турското ропство беше не само економската експлоатацийа на селанецот чифчийа туку исто така и во най-голема мера, силно развиеното насилништво и дзулумджиштво. Той момент изигра не мала ролйа во развитокот на нашето револуционерно движение, бидейки ги ангажира за него слоевите изложени на постойанен разбойнички терор, грабежи, насилства и убийства — средните и поимотните селани. Тоа имено го кажуе песната за Мицка и за Ристета добреноецот, што збираат кумитска дружина:

 

„ ... За да шетаме кичевски села,

кичевски села, поречка страна,

да си чуваме нашите бракйа,

нашите бракйа, нашите сестри,

од той пес Джема Кичевчанецот,

што ни запусти сиот вилает,

сите рисйански села поплени,

што ми расфрли тешка вергийа,

тешка вергийа, ем индадийа:

кому две лири, кому четири,

глава му сече, челад зароби.

Той ни безчести нашите сестри,

нашите сестри и братучеди,

 

 

63

 

той ни истепа домакините,

и им поплени се што имаа,

се што имаа по куча стока.

Брат му на Джема во судот седи,

в Кичаа на суд мезлич да биде.

Джема за себе стока пленуе,

и на брата си той дел му дава.

Судот кически тоа го гледа,

тоа го гледа, ич гайле нема,

за да йа брани царската райа".

 

 

Во времето кога во Европа се вреви за некакви реформи во Турцийа што ке го олеснат животот на райата и кога турската политика игра на тоа йаже мегйу двата блока држави заинтересиранн за нейзината поделба, оваа песна со силината на селанската непосредност йа покажуе сета илузорност да се чека некакво подобруенйе од власта каде што едниот брат е разбойник а другиот судийа во Мезличот, та двоицата си го делат пленот братски. Место тоа, песната вика да се сбира дружина за борба со насилниците. Од тоа време, и за истиот Мицка се забележителните стихови од песната за смрта на Джема. Кога Мицко на презрителните зборои од овега дека „каурска пушка не дупи, каурска саблйа не сече" одговара:

 

„Почекай, песу, да видиш,

каурска пушка как дупи,

каурска саблйа како сече!"

 

Во тие зборои, процедени низ стиснати заби, звучи векйе тврдата вера на нашиот селанец дека може со оружйе да го наваса насилникот. На тоа и животот го беше научил. Беше изминало време од Кузмана Капидан, и пак песната йасно покажуе колку нешто станало во душата на народот за тие пет-шеесет години. Во Македонийа зрее револуцийа. Организацийата дойде во правиот час, да го оформи и да го управи стихиниот народен бунт.

 

Револуционерните борби од почетокот на овой век, означийа решителен прелом во развитокот на македонскиот народ. Тие го раздвижийа длабоко народот, открийа пред него невидени перспективи, внесоа ред нови елементи во неговиот поглед на светот. Тоа нешто найде свой израз и во народната поезийа. Песните од револуционерннте борби, ако ги поредиме со поранешните песни за кумитите-бунтовници, и ако временски им се многу блиски, сведочат векйе за една многу повисока степен од народната свест, обогатена со опитот од организиранйето од револуционерното длижение. Тие, колку што се собрани досега, чинат цел циклус, а секако дека би се принашле и уште некои запазени до денеска во народот. Нивната важност ја наголемуе фактот дека тие се, речи-си, единствениот литерарен материал во кой што е одразена таа револуционерна епоха од нашата историйа. За нейзината карактеристика овие песни не се од потребното значение. При тоа треба да подвлечеме дека тие, создадени во народот, спротивно на извесни песни навеани тогаш од страна, носат печат на вистинско поетско вдохновение. Мегйу нив има неколку што можат по свойата сила да се мерат со най-арните образци од нашата народна поезийа. Тоа е заправо еден нов израз на

 

 

64

 

народната творческа сила зо еден крайно напрегнат историски момент.

 

Па што е новото, одразено во нашите револуционерни песни? Во нив на прв план избива сега чувството на општноста, на народот и татковината. Додека во понапрешннте песни ние во най-добар случай навагйаме бунт на оделни личности, предизвикан од насилствата на потисниците, но ограничен на една често пати моментна реакцийа, без да се поставуе сето тоа на широката национална основа, — во револуционерните песни йа навогйаме векйе йасно изразена свеста за целоста на народот и за родната земйа, и борбата што се води векйе од целиот народ за свойата слобода. Тоа е едно големо историско завойуенйе. Во врска со тоа на широките народни маси за прв пат им стануе близок и разбран подвигот на личноста во името на поробениот народ и на татковината, како што се пее во познатата пасна.

 

„Миле поп Йорданов за народ загина,

за народ загина, за Македонийа".

 

Се буди чувството за национална чест и достойнство. Покорената райа се превратуе во бунтовен народ што ги знае и ги бара своите права за слободен живот. Порано во народните песни не можеше да се сретне името на Македонийа, зошто уште не беше закрепната во народот преставата за татковинита. Сега свойот живот го дават борците во името на таа „црна земйа робинка". Таа се йавуе отелотворена во ликот на родната майка, на койа што синот и се обракйа со збороите:

 

„Ти рагйаш, мила майко ле,

се одбор храбри йунаци,

ама дома не ти седат;

 

Ти рагйаш, мила майко ле,

се лични керки убави,

ама турски измекарки".

 

При тоа основно чувство за народната општност и за татковината, револуционерното движение развива во душата на народот ред нови црти и го обогатуе опитот негов со ред нови животни факти. Сето тоа навогйа свой одраз во народната поезийа. Националниот подем се изразуе во оружената борба. Одтаде чувството на долг што го вика човекот да се бори со пушка во раце за слобода на свойата поробена татковина. Син се проштева од майка, либе од либе, да тргнат во гора „на кумитцко збориште". Тие се спремни за свесна жертва, за нив е векйе йасен зборот слобода, той збор што пак во тоа време почнуе прв пат да проникнуе во нашите народни песни.

 

Треба особено да йа истаквеме бодроста игго зазвучуе во нив. За нашите песни општо може да биде найкарактеристична жалната нота. Но сега векйе во нив се внесуе бодрост од револуционерната вера во победата. Ранетиот борец не жали за смртта свойа, а им пракйа порака на свойте другари да се веселат дека за слободата загинал ѝ да го одменат:

 

„Трекйото писмо да го предадеш,

да го предадеш на мойте другари

и да им кажеш, кардаш бре Колйо,

да не ме чекат, да не ме плакат,

 

 

65

 

пушки да фрлат и да се радват,

оти сум, Колйо, младо загинал,

младо загинал за слободата".

 

Народот се отресуе од ропските стравои на минатото и од покорноста. Той го прегрнал револуционерниот став како единствено спасоносен. Той го знае свойот враг и патот на борбата против той враг.

 

Народна песна создаде и лик на револуционер — борец за народна слобода. Тоа е ликот на Гоце Делчев. Интересно е какво место заема той мегйу другите йунаци што ги спомина и опева тогаш народната песна. Додека тие се дават во песните обично преку описот на некойа нивна акцийа, ограничени со тоа, ликот на Гоцета добива едно обопштуачко значение, добива црти на легендарност. Тоа е народниот идеал на йунак. Нему му е поставена лйубовта народна. Нему е доделен най-високиот подвиг за народот. „Кой ке йа пропади црната чума од Македонийа” — праша песната. И отговара:

 

„Избрал се, ми се изнашол,

млад Делчев, Гоце войвода,

он појде в Македонийа,

чумата йа пропади,

од жална Македонийа".

 

Той е повикан да йа спаси поробената татковина, затоа нему му се испейани най-убавите песни. Со каква сила се предава само неговата пойава во гората зелена:

 

„Развивай горо зелена,

развивай шумо зелено,

рашири сенки ледовни,

ке мине Делчев войвода,

со неговата дружина".

 

Кай него идат момци, моми го китат со цвекинйа него и неговата дружина. А кога пагйа той смртно удрен од куршум, народот си йа спомина старата песна за Капиданот, што се оженил за црната земйа, и йа разработуе таа песна за смртта на Делчева, кой што се жени „за црна земйа робинка, за клета Македонийа". Во тоа е изразена смислата на целиот живот негов.

 

Револуционерните песни се цела поетска хроника на нашето револуционерно движение. Никогаш во народот наш не се поело толку како тогаш. Никогаш за такво кратко време од десетини голини не се создаде толку песни. Опенани се сите поважни случки и сите пойави сврзанн со револуциоиерното движение, судиранйе на четите, геройска смрт, геройско држенье пред неприйателот, предавство, — сето оноа што го донесе за себе револуционернага борба се до денот на востанието кога се скршуе револуционерниот подем на народот, кога во нокйта осветлуейки ги грозно рамнините и околните гори на ридот се зацрвени и пламна Крушево.

 

„Ветерот вее, шумата шуми,

Оган го гори градот Крушево".

 

Предвременото Илинденско востание донесе брза катастрофа на внатрешното револуционерно движение, револуционерниот размав на

 

 

66

 

македонскиот народ спласнуе. Неговите неприйатели се нафрлуат на него да го раскинат. Во Македонийа се засилуе врховизмот, тугй на народните маси. Народот е со скршени крила. Тогаш замолкнуе и неговата револуционерна песна. Песните на врховистичните чети по Илинденското востание не носат никаков народен отпечаток; тие по йазик не се наши — вртат повекйе на кай бугарски, на страна тоа што немат никаква уметничка вредност.

 

Така песната како сенка неостапно го следеше народниот пат. Таа го изразуеше неговиот подем и неговото пагйанйе, покажуейки най-добро што ново се заробило и се фатило во душата на народот. Во текот на револуционерните борби во почетокот на овой век народната песна го одрази тоа, по каков начин стихийниот народен револуционерски устрем се проникнуеше со елементите на една нова револуциоперна националослободителна идеологийа, внесуена во народот од страна на неговата интелигенцийа. Свое продолженис таа песна найде допрва во нашата нова поезийа, при новиот револуционерен подем на нашиот народ. Немаше навистина ништо поприродно од тоа што нашата уметничка поезийа се йави како продолжение нейзино.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]