Македонска мисъл

кн. 3-4, год. 1, 1945

 

6. МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА

 

Венко Марковски

 

 

Времето е една огромна метла која брише и мете се што ке најде зафрлено, неоформено и неустановено. На таја метла й се противопоставуат само оние народи кои имаат свој здрав, културен грб. Без тој здрав, културен грб едно ли диво племе мина и помина незабележено. Мнозина от тугинците мислеа и за нас како за дивите племинја. Не сметаа оти сме биле диваци, кои што туку слегле от пештерите, помегју себе сме се јале. Македонија била дива земнја заселена со лјудојади. А за култура низбор не можело да стануе. Македонија во културно отношение преставуе богат рудник, а македонскиот народ преставуе жилав и корав даб што ни бури, ни ветрови неможле да го соборат низ вековите. Робијата на македонскиот народ била долга и кървава. Откако сме се кукнале сме заробуеле. Сме биле прегнати во јарем, кој бил полн со трагедии. На нас низ вековите се гледало како на стока за продаванје, како на животни за влеченје, како на се, само не и како на луге. Секој нов господар се секјавал во нашата земнја како роден стопан. Се распашуел и живеал на грбот на народот. Во душата на нашите дедовци и прадедовци се пластела дива омраза спрема тугинците. Македонскиот народ низ вековите влечел двојна робија. Едната скономска, а другата политичка, национална. Која от која

 

 

135

 

била по-страшна. Зар има по-тешко от това кога те мака налегне да немаш на кого да се истушит? Зар има по-тешко от това кога те солзи задават да неможеш да се исплачеш. Во својата кукја со наведената глгва и со преврзано чело со црна крпа да одиш и да не можеш да се сетиш дека си сајбија на своето огниште. Политичката робија беше страшна за македонскиот народ. Но не помалку страшна беше и економската робија. Македонија поради своето географско положение беше кината от жестокиот заб на историјата. Во неа се крстосуеја интересите и желанијата на многу тугинци. Нејзините богати рудници ги мамеа лакомите срца на тугинците. Еден ли ги грабеше нејзините афиони ? Еден ли ги грабеше нејзините жита? Еден ли ги грабеше нејзините тутуни? Навогјајки се под тешкото и жестоко ропство македонскиот творчески гениј не преклони глава. Како подземни кртини македонските безимени творци сееја вера и надеш во македонскиот народ за по-светла иднина. Така почнаа да се зародуат и појавуат правите песни кои носеа во себе си и огин и барут и беа истовремено и закрилник и одушуечка за напатената македонска душа. 993 г. може да се земе како година кога се појавуе првиот писмен македонски паметник. Това е Самуиловата плоча во Преспа во црквата „Св. Герман" на остров Ахилео. За да имаме јасна престава за силата на македонската култура требе да направиме анализ на неколку факта и фактори. Прво: Појавата, значението и содржанието на народната македонска песна. Второ: Македонските ора и нивното символично значение. Трето: Македонските носии како олицетворение на сложеноста на македонската душа. Четврто: Македонската иконографија. Пето: Македонскиот јазик како факт и фактор за изградуенјето на културата и шесто: процесот на македонската нација. Ако сите тие работи правилно, правдиво и широко ги разберели прашанјето за македонската култура ке ни биде многу јасно и ке можеме со полна сигурнос македонската култура да ја заштитиме от неприателот. Докажеме ли дека живее македонската култура, ние со това ке докажеме априори дека живее и македонскиот национален творчески гениј.

 

Брилјантот кој свети и кој вечно ке свети на диадемата на македонската култура е македонската народна песна. Македонската народна песна по мотив и содржание е разнообразна и може да се раздели на: печелабарска, лјубовна, свадбарска, јунашка и ајдушка. Печалбарската може да се раздели на печалбарска пред заминуенје („Жалки моме да жалиме") и на печалбарска на вракјанје („Сите момчинја дојдоа Васкино момче не дојде"). Има уште еден вид печалбарска песна кога невестата гори по либето, го чека, младоста ѝ минуе, веке от ден на ден и постојано вие клетви суви и ја колне јабаната („Пуста да остане мамо мори јабаната”). Печалбарската песна се појавила со самото печалбарство. Печалбарите ја напуштаа својата таткова земнја не за това дека она не е богата и дека не може да ги израни, ами за това дека она е заграбена от новиот сајбија. Ропството и социалната неправда се причина за појавуенјето на печалбарите. Лјубовната песна е многу стара песна во кас и може да се раздали на: лично лјубовна („Пило се опило едно лудо младо на меанаг било"), на копнеж по либето или по

 

 

136

 

изгората („ја ме учи, мамо ја ми кажи, пуста младос не се лаже") и на песни во кој либето или загинало или болец го покосило. Лјубовните македонски народни песни се полни со неискажана тага. И тогај и кога се весели они носат една скриена затаена внатрешна мака („Севдалино мало моме, уште ли си дома седиш"). Јунашката народна песна е по-стара песна. И може да се раздели на далечна јунашка песна како што е лесната за „Дете голомеше" каде личноста е јунак, не со историска физономија. На по-блиска јунашка песна каде јунакот е историска личност („Црна се чума зададе"). Не ретко се сретнуе образот на жената—војвода, на жената—комитка и на жената-бунтовник. Јунашката песна е епична и широка песна и тече спокојно. Но има случаи кога се нарушуе това спокојствие како што е во „Татунчо страшен војвода". Ајдушката песна е по-определена јунашка песна. Личноста на ајдушката песна е дејствитсена. Ајдушката песна се зародуе со појавуенјето на првите чети и во повеке случаи го воспевуе стихијното буненје на оделннте личности кои избегале во планината, грабнале пушка да се борат за слободата и правата на својот народ. По драматизм и по чувство на човешко достойнство и лична храброс и по воспитание ајдушката народна песна стои на високо место. („Оздола идат бабо сејмени ајдушка глава бабо носеа"). Свадбарската песна е интересна и по мотив и по содржание и по исполнение. Свадбарската песна полна е со елементи што изненадуат („Женил се Петре војвода"), по мотив е една от нај-старите песни. „Вујко се жени за внука от сестра" и многу други.

 

Македонската народна песна е со многу разнообразен и сложен ритм. Типичен македонски ритм е во 7/8 како што е „Женил се Петре војвода". Се сретуе и смесен ритм како например 7/8 и 5/8—„Бог да убие Дебрани." По ритмот можеш да го откриеш содржанието на песната.

 

Длабока како што се морските длабочини, широка како што се степските широчини, и висока како што се планинските височини, македонската народна пеша е во истовреме наситена со неповторена искренос. Нејзината безкрајна и иронизителна тага која е мрачна и тешка како што е тешка и мрачна самата робија во чии пазуви е изпеана, не може со спокојно срце да се ислушуе. Нејзиниот ритм и такт, ту игрив, ту спокоен, ту накршен, ту одвлечен, не напомнуе на друга песна. Нејзината скриена носталгија по родниот крај како што се печалбарските песни, е потресна. Мнозина се обидуеја по миналото да ги пребојадисат тие брилјанти. Мнозина се обидуеја да ги нагодат, да ги приспособат во духот на својата народна песна. Но како што неможе ехото да се сокрис, неможе и песната да се загуби. Песната си ги запази сите оние особини, кои и порано ги имаше. Она личеше на млада лична мома на која времето и ветровите ѝ ги разбушавиле косите и елекот ѝ го разкопчале. Силата на макед. народна песна е во рецитативог. Познати се Лазарополците како мајстори на исполнение на народната макед. песна.

 

Втор брилјаит кој свети и кој вечно ке свети на диадемата на македонската култура се македонските народни ора и игри.

 

 

137

 

Македонските ора носат во волната смисол на зборот печат на македонската душа. Ората се во повеке случаи пропратени со зурли тапани или со мешници. Ората се тешки и лесни. Тешките се полни со мрачнос и болка. Нема нужда да ги слушаш свирките за да разбереш кое оро што кажуе. Тешките се сврзани со оденјето на печалбарите. Кога се играат тешките ора вие во самото бавно и тешко креванје на нозите гледате дека некоја грозна мака се загнездуе на срцето, ја секјавате со целата своја сила делбата и трагедијата која се одигруе на јабана. Пајдушката е по-весело македонско оро и богато со внатрешен ритм и динамика. Типично македонско оро е „Чамчето". Интересен е македонскиот народен танц „Русалии", полн со мистика и преставуе духови (вили, самовили,) и играта на тие духови. Се игра за да се запази народот от злото. Русалиите се волшебните предвестници на балетот. „Русалиите" се многу пластична и богата игра и подсетуат на „Нестинарките". „Русалиите" се сочувани во село Богданци, Гевгелиско, Струмишко, Кукушко и на други места.

 

Трет брилјант кој свети и кој вечно ке свети на диадемата на македонската култура е македонската народна носија. Нај-типично во носиите е: забрадката, која преку глава се забрадуе. Забрадки има неколку: забрадка на мома, забрадка на омажена, и забрадка на вдовица. Моминската забрадка е префрлена само преку главата, а за да се слободно префрли има нешто како прачка по среде на главата. Моминската забрадка поминуе под прцлите кои се зад вратот, затова дека се мисли ако се видат прцлите тогај не е чесна момата. Моминските забрадки се бели (Егејска Македонија), шарени (дебарска околија). Жените носат модри и слабо пенбелии забратки. Ги криат прцлите и над самото чело се преврзуат. Челото го држат отворено. Вдовиците не прават прцли и се забрадуат до самоти вегите. Челото им е тукуречи покриено. Момите носат ф’стан и елек. Елекот им е доста отворен за да им се види везената кошула. Жените носат по-затворен елек. А вдовиците сосем затворен елек и се по-веке во црно. Интересен белег на носијата е скуталето, футата или прегачи како ги викат во Дојранско, Гевгелиско, Тиквешко и Струмишко. Боите на футата имат големо символично значение. Ако се упореди стариот грб Самуилов, кој е црвено поле со златен арслан без корона, тогај ке се види дека златното е заменено со црно и футите се црвено и црно. Црвеното е символ на борба, а црното символ на ропство. И чорапите се шарени со црно и црвено. Друг еден белег важен е во носиите а това се токите или пантите. Токите или пазтите се нешто како колан изшарани со разни символи со солнце нај-веке, а таму кај што се соединуат преставуат устата на легнат арслан. И гледајки ја македонската народна носија вие негледате носија, ами дел от оние мрачни години кои поминале како долги, бавни матни реки. Вие сте убедени дека во таја носија е исткаена младоста на Македонија.

 

Четврт брилјант кој свети и кој вечно ке свети на диадемата на македонската култура е иконографијата. Македонската иконографија е стара и датира от 13 век. Иконографијата во Свети Герман ја преставуе Охридската патриаршија со подчинетите ѝ епископи.

 

 

138

 

И таму се кадрата на сите епископи. По својата живос и длабочина интересна е иконографијата во црквата „св. Софија" во Охрид, во «Св. Іован Бигорски", во „Св. Причеста" во Кичево, во манастирот Лешок, тетовско, во Матка, „Св. Андреа" во скопско от крала Марковото време. Манастирот „Св. Андреа” го носи името на Крали Марковиот брат. Внатре во манастирот запазена е фреската на Волкашина со двата сина Марко и Андреа. Интересна е иконографијата во монастирот Слепче, „Св. Димитрија", „Св. Архангел", после во манастирот „Прохор Пчински" кој е созидан от скопскиот војвода Роман Диоген како византиски цар от династијата Дука која по женска линија се сврзани со Самуила и се гордеело дека во жилите носеле Самуилова крв. Богати се фреските во Маврови Ханови, особено фреската во Псача: тајната Христова вечера. До дека Тајната вечера се дава от художниците на Ренесансот во наредено фронтално положение, дотогај „Тајната вечера" во Псача е во сосем природно положение. Некој от апостолите со грб са завртени. Фреските во Нерескиот манастир во околијата на Скопје преставуат големо богаство. Смело може да се тврди дека искрата на Ренесансот, која по-доцна пламна во пожар низ Италија се роди во Македонија. Даборезбата оставила исту така длабоки трагови. Иконостасите на Св. Спас во Скопје, иконостасите во Прилепско, Битолско и др. места се едно от ретките постиженија на нашето даборезбарско изкуство. А што да кажеме за школата на Зографите?

 

Книжовните традиции на македонскиот народ се исту така стари и длабоки. Кирил Пејчинович роден во село Теарце — тетовско е не само еден от по значителните писатели, но и првиот художник кој прави опити да создаде автопортрет и е првиот македонски стихотворец. Позната е неговата надгробна епитафија која завршуе: Кој ке помине ке рече бог да го прости, зере и црвите отиде да ги гости. Неговото „Огледало" от рака на рака се препишуело. Додека Кирил Пејчинович беше пионер во областа на прозата, дотогај Бракја Милалиновци Димитар и Констатин се пионери во областа на поезијата. По својата историска задача и одгогорнос и совесно исполнение на својот свет долг спрема македонската татковина. Димитар и Константин Миладинов со чес може да се мерат со Вук Караджич и со Бракја Грим. Константин Миладинов е и првиот голем поетски талант. Друг голем лирик на онова време е Григор Прличев от Охрид. Пишуел на грчки, на руски, на македонски и на болгарски јазик, кој по това време се формираше како литературен јазик. Познат е фактот дека Григор Прличев е носител на наградата на Атинскиот универзитет 1860 год. и дека зарад гениалната си поема „О Арматолос" („Сердарот") напишана на грчки бил наречен втор Омир. Ја преведуел „Илијадата" на македонски. По нај-голем мегју сите нив по онова време е велешанецот Ксенофонт по-доцна крстен Рајко Жинзифов. Неговата „Крвава кошула" наизуст се изучуела. Неговите песни по Русија се печателе, неговите произведенија се преведуени на руски, украински и полски јазик. Рајко Жинзифов како поет е еден от нај-длабоките поети на Македонија, а како поборник за славјанството он е денска многу современен.

 

 

139

 

Вракјајки се назад во длабокото минало на македонскиот народ, вракјајки се во оние темни и далеки времинја кога за писмо и за култура во многу други народи не можело ни збор да стануе ние ке стигнемс до оние два светли образа, кои светат и кои вечно ке светат во душата на македонецот и не само на македонецот, до образите на солунските бракја Кирил и Методи ја. Методи ја да се смета за првиот македонски книжовник. А дваицата составуат „3акон Судни лјуди", во кои се зборуе за наказанијата (пример за краденјето и др). Нивната азбука така да се каже цела и до ден дешен е запазена во великиот славјански руски народ. Вракјајки се назад во длабокото минало ние неможеме а да не се запреме на првиот наш учен, философ, законодател и создател на првото училиште-универзитет каде се учела енциклопедија. — на Свети Климент Охридски. Во училиштето по некога стигнуел бројот на учениците до 3.000. Свети Климент го оставил првиот „Закон землједелни", законик, во кој се разправа дека земнјата припагја на човекот, земнјата се дели на мерни, а мерните на задруги. Запазени се проповедите на Св. Климент во Романцевиот музеј во Москва. Свети Климент е епоха и создател на цела школа. Вракјајки се назад во длабокото минало на нашиот народ ние неможеме а да не се запреме на првиот социален реформатор на онова време — на поп Богомил. Роден во село Бабуна, велешко, заради това многу тугинци богомилите ги викаат бабуни, Богомил е рушител на фетишите. Во саштината богомилското учение е против ангаријата, против кулакот, ако ви требат аргати најдете си ги, а не да на работи народот. От богомилството и денес има остатоци во нашата црква. На попот колку и да е млад ние му викаме дедо а богомилите по чинови се делеле на деди и т. н. Влијанието на богомилите е големо. Познати се богомилите во Босна по време на Кулин бан. Известна е појавата на патерените. Богомилскиот пожар ја запалуе цела Европа и неговите пламенја завршуат некаде во френската револуција. Социалната правда која ја проповедуе поп Богомил е бојно знаме на времето. Интересен е еден факт дека поп Богомил со својата социална програма и со својот начин на распределуенје на наказанијата се јавуе како учител на великиот Италјанец Данте Алигиери. Познати се краговите во пеколот на Данте, познати се деветте небинја. У поп Богомила имаме девет степени на наказание во пеколот. Идеата за задгробниот живот е многу јасно подвлечена у поп Богомила. Вракјајки се назад во длабокото минало на македонскиот народ не можеме а де не се запреме на личноста на цар Самуил, кој е богомилец и е еден от нај-светлите врвови на македонската историја.

 

От поновата историја треáе да се подвлече востанието Илинден, кое е пројава на висока национална и социална свест.

 

Јасно како бел ден е за секого дека македонската култура е или премолчуена, или преиначуена, или ограбуена. Заради природните богаства, не еден во миналото се обидуел и се мачел да пронајде близос и роднинство со Македонија. И туку гледаш едни со голема замисленос се потат да докажат дека Македонија никога не соштествуела, дека Македонија требе да се замени со Јужна Србија

 

 

140

 

или просто со Србија и дека Македонија е нај-светлиот диамант на короната на српските кралеви. Други пак гледаш со библејска уфиленос се туфкат и се биат во градите и везден се молат на Бога и палат по метро и пол свекја за здравјето на Македонија и грмат низ пресата оти Македонија била класична страна на Болгарија, оти македонците биле не македонци, ами македонски болгари, оти Македонија требе да се вика Западна Болгарија, оти македонското прашанје е болгарско прашанје, и оти Македонја била нај-светлиот скиптер во раците на болгарските цареви. А трети пак берејки мсела за македонскиот народ се мачеа да го затрат и го избришат от картата. Методите на Метаксаса со рициновото масло станале за македонците во Егејска Македонија грозна легенда. По разбиранјето на Метаксаса македонците не се македонци, а се грци. Неприателот едно забораваше дека македонската култура има длабоки стари традиции. Имаше и такви кои сакаа да ја затрат македонската култура, за да би можеле да го затрат и покорат после македонскиот народ. Една ли нечиста рака ги крадеше и носеше паметниците на Македонија далеку от Македонија. Една ли нечиста рака ги преиначуше песните на Македонија? Една ли нечиста совес се мачеше во докажуенје дека македонскиот јазик не е јазик, ами диалект на српскиот или болгарскиот јазик. Никој не го прашаше македонскиот народ што мисли. Никој и не сакаше да го праша. Македонскиот народ беше монета за разменуенје.

 

Кога зборуеме за македонската култура неможеме а да не се запреме на македонскиот јазик. Кога зборуеме за македонскиот јазик неможеме а да не се запреме на белезите на тој јазик. Македонскиот јазик е стар јазик. Исту онака како што е стара македонската народна песна. Но поради неманје на национална и политичка слобода, македонскиот јазик немал срекјата да се развие и да ги разгрне сите свои скриени богаства. От век на век македонскиот јазик тлеел и чемреел, секој нов тугинец оставуел печат на него. Затова во него ке сретнеме и турски и болгарски и српски зборови, кои добиле грагјанственос. От друга страна поради недостаточно теориски познанија македонските првотворци инаку многу надарени личности неможеа да го наложат македонскиот јазик и да го издигнат до степен на литературен јазик. Това нешто стана во наши дни. Копнежот и желбата за оформуенјето на македонскиот јазик не престана да ги гори срцата на македонските филолози. Извесно е мнението на големиот филолог Крсте Мисирков от Постол, Енидже Вардарско, кој вели: дека за литературен македонски јазик не може да се земе ни српскиот, ни болгарскиот, а централното наречие кое требе да се издигне до степен на литературен јазик.

 

Во основата на нашиот литературен јазик легнуе централниот диалект. Белезите на централниот диалект се: прво — јусот или носовката ѫ преминуе во македонскиот јазик во а, второ, ъ преминуе во македонениот јазик во о, трето: акузативус и дативус дуплекс, четврто: полната членна форма и пето: ударението пагја от крај на третата сричка на зборот.

 

Процесот на нацијата смело може да се рече дека се привршуе.

 

 

141

 

Народ, територија, економска поврзанос, психична одлика, обичаи, јазик, култура со вековни и традиции се е на лице. Македонците можат на секого да му кажат у очи јасно, недвосмислено дека не се болгари (македонски болгари), дека не се срби (јужно србијанци) дека не се грци (старо грци), а дека се македонци со определено национално македонско сознание и дека принадлежат на онаја голема фамилија која дошла от ка Карпатите и која го носи името Славјани.

 

Македонија за прв пат во историјата е слободна и национално и политички. И не случајно дека оформуенјето на македонската нација се завршуе во дните на слободата. До сега македонскиот народ немаше ни политичка ни национална слобода. Немајки слобода неможеше да се оформи литературниот македонски јазик.

 

Настана 1941 година. Старата Југославија, која беше црна и тешка робија за југославските народи се растури. Великата Комунистите партија под раководството на Тито, која прва после партијата на болшевиките го разреши на дело националното прашанје, ги поведе народите на Југославија во светата Народно ослободителна борба против окупаторот. Во тој број го поведе и македонскиот народ. Народите на Југославија во крвавата четиригодишна Народно-ослободителна војна ја бранеа својата националност и во пламенјата на борбата ја градеа својата нова и братска кукја Титова Југославија. Народите беа повикани да си ја кажат думата. Беше повикан и македонскиот народ. И како резултат на таја борба имаме денеска нова, демократска федеративна Југославија. И како резултат на таја борба Македонија за прв пат во историјата е слободна. Заветите на Гоце Делчев, заветите на славната Крушовска република, заветите на сите оние што се бореа за слобода и човешки правдини се исполниа. За прв пат македонскиот народ може слободмо да прикажуе на македонски јазик. За прв пат македонскиот народ може да се учи на македонски јазик во македонски училишта. Борејки се за својата слобода, македонскиот народ се бореше и за својата нација се бореше и за запазуенје на својата култура. Македонија може и требе да сгане чудна градина и чуден расадник на изкуството и културата. Македонскиот народ, никога понапред во историјата немал такви возможности на развитие какви ги има денеска. Народната македонска песна бездруго ке гó земе онова место, кое ѝ се пагја. Песната нема да се преиначуе, нема да се дотеруе, нема да се поболгаруе или посрбуе, како што беше това во близкото минало. Македонската народна песна ке биде чиста и со чес ке може да се јави на сите надпреваруенја било балкански или европејски. Возможностите на мекедонската култура се огромни. Прво: науката може и требе без друго да се издигне на завидна височина. Делото на првиот учен, философ и просветител Св. Климент требе да се продолжи и да се надмине. Второ: книжовноста може и требе да се стави во релсите на здравиот художествен реализ.м. Искуството кое се црпи от народот требе да служи на народот. Трето: требе да се направи преценка и анализ на сите стари наследства от нај старо време на до наши дни. Четврто: требе да се направи точна, здрава, научно

 

 

142

 

обоснована и изцрпателна преценка на нашата историја. Требе нашите герои да си го добиат своето место. Спорните јунацн кои се јавуат во историјата а имаат македонски корен требе правилно и историски правдиво да се преценат например како што е случајот со Крали Марко. Пето: требе да се пречистат сите оние паметници и документи кои се фалсифицирани било от која страна да е извршена фалсификацијата. Шесто: требе да се забележат сите мелодии и нианси на македонската народна песна додека има уште живи луге кои точно ги знаат, затова дека македонската народна песна е особена по својот такт и ритм. Седмо: скулптурата требе да се разтрие и да се продложи делото на даборезбарите. Осмо: художниците требе и може да ги развиат своите сили и да го продолжат делото на Зографите. Девето: композиторите можат и требе без друго да ја одлеат душата на широката народна македонска песна во своите композиции и да создатат искуство от по висок стил. Десето: театрот кој у нас изостанал и кој има мали незначителни пројави во миналото како што е „Македонската свадба", требе и може да се издигне и да ги достаса театрите на Белград и Загреб. Слободата која денес ја имаме е слобода за сите. Требе широко да се разгрнат сите способности на нашиот народ и до максимум използуат возможностите кој ви ги дава Титова Југославија, а таму каде ке се јави пречка помокјта ке биде навреме широко и сестрано дадена. Онова што го нема во Скопје го има во Белград. Онова што го нема во Белград го има во Загреб. Онова што го нема во Загреб го има во Лјублјана. Со еден збор го има во Демократска федеративна Југославија. И уште нешто. Се навогјаме пред граденото на една нова култура, пред граденјето на југославска култура. Како што Советите создадоа своја здрава, советска и сечовешка култура, исту така и ние сме должни да создадеме своја здрава и сечовешка югославска култура, која ке црпе со грстови от пазувите на народот и која истовремено ке биде во служба на народот. Шумот на Јадран требе да се чуе по перото на македонските поети и писатели; ширината на Јадран требе да замодрее на платната на македонските художници; гласот на Вардар требе да одјакне во хрватските срца, а лебедот Дунав требе да разгрне своите крила над сите југославски народи. Нашиот живот требе и може песна да стане, а нашата земнја требе и може градина да биде. Југославските народи на стара Југославија не создадоа југославска култура, затова дека југославските народи немаа политички и национални права и беа еден народ спротив друг народ воспитавани во омраза и крвнина. Старата Југославија ги потискаше народите и беше суров камшик, затова и нејната култура се стремеше да биде едно национална. Стара Југославија ги исклучуеше другите братски нации и ги држеше постојано во кавга расправии и гложенје. Културата во стара Југославија беше не народна култура. Нова Југославија е нова структура, затова и нејзината култура требе без друго да биде нова култура. Нова Југославија не ги потиска народите, затова и нејзината култура ке ке биде култура на една нација. Нова Југославија не ги исклучуе нациите, ами ги потикнуе на развитие и на цветеж, затова и нејзината култура

 

 

143

 

ке биде многу национална и длабоко народна култура. Градејки ја културата на нова Југославија, ние нај-полно и нај-правилно ке ја изградиме својата национална македонска култура или градејки ја својата национална култура ние нај-полно и нај-правилно ке можеме да ја изградиме културата на нова Југославија. Братството кое се роди во пламенјата на крвавата народно-ослободитална борба, крвта која се пролеа за рагјанјето на нова Југославија и водачот на југославските народи маршалот Тито се нај-арна гаранција дека во рамките на нова Југославија ке разцвети и новата југославска длабоко народна братска култура.

 

Ние на бојното поле однесовме блескава победа. Ние и на културното поле ке однесеме блескава победа. Думата имат инженерите на човешката душа.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]