Македонска мисъл

кн. 3-4, год. 1, 1945

 

1. ПРЕДАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ДЕЛО

(Мајскиот манифест от 1924 година)

 

Димитр Влахов

 

 

Во крајот на 1893 година, кога во Македонија условијата беа непоносими, македонскиот народ започна својата организирана борба. Основана беше знаменитата македонска револуциона организација.

 

Првоапостолите на македонското револуционно двинение беа Гоце Делчев од Кукуш, Дамјан Груев од село Смилево, битолско, Петр Поп Арсов од село Богомила, Велешко, Гјорче Петров и Пере Тешел од Прилепско, доктор Христо Татарчев од Ресен, Христо Батанджиев од Гумендже и Иван Хаджи Николов од Кукуш.

 

Тие првоапостоли беа надахнати со идеите на великата френска револуцја, со идеите на големите италјански патриоти демократи Мацини и Гарибалди, на паришките комунари от 1871 година, на српските социалисти народници како Светозар Маркович и на блгарските револуционери демократи и социалисти Георги Раковски, Лјубен Каравелов, Христо Ботев, Филип Тотју, Васил Левски, Бенковски.

 

Тие револуциони македонски деатели поставиа за цел на својата борба извојуванјето на политичката свобода, политичката автономја на Македонја под покровителството на великите сили. Средствата за постиганјето на таја цел беа масовото вооражено востание и единичните револуциони акции на македонскиот народ.

 

„Освободуванјето на Македонија лежи во внатрешното востание, — говереше Гоце Делчев. Кој мисли инаку, тој лаже себе си, лаже и другите".

 

Основоположниците на македонското револуционо движение беа демократи и социалисти, по мироглед, те не беа тесногради националисти.

 

„Јас не ги мразим османците како народ, говореше уште Гоце, јас војувам против османската тиранија, како господарствена система".

 

Македонскиот народ: интелигенцијата, занатчиите, селаните, работниците, трговците го посрешнаја со восторг новото ослободително движение.

 

Особено важно е да се отбележи участието на нашите селани по това движение.

 

 

98

 

Националниот вопрос во својата сашност е селски вопрос. Македонските оелани беа потиснати и жестоко експлоатирани. Тие беа угнетявани политички и национално културно од турската власт. Тие беа угнетавани економски од едрите сопственици и турската држапа. Борбата на МРО за политичко и национално ослободуване, да се конфискува земјата на чифликсајбиите, означаваше за македонските селани во сашност борба за национално ослободуване. Селаните влегоја и участвуваа најактивно во организацијата, они се бореа за осаштествуванјето на нејзините задачи и цели, зошго това означаваше за нив крај на бејскиот и правителствениот произвол грабеж и експлоатација. Борба за политичко ослободуване, за политичка автономија на Македонија означаваше за нашите селани преди се борба за земја, за подобар економски живот, за подобро саштествувание.

 

Во многу кратко време, за 3 до 4 години, цела Македонија беше охваната од револуциониот пламак, од револуциониот кипеж. Во таја организација учествуваше целиот македонски народ, со исклјучение на експлоататорите и незначителен број турски мекерета.

 

На секаде беа организирани револуционни комитети и групи. Во секоја околија имаше воражени партизански групи и одреди, со задача да содејствуват за вооражуенје на населението, да подржат боевија дух сред него, да накажујат разбойниците, изменниците и предателите колко малко и да беа тие, да заштитават непосредствените интереси на населението, да раководат неговите секидневни борби против неговите непосредствени експлоататори, да укриват селаните храната, за да не плакјат на тие експлоататори часта, којато те вземаха од техните продукти и др. Благодарение на таја дејателност на организацијата и незините воражени органи, целото македонско население беше организирано, и се бореше против потисника — турскиот апсолутизам и неговите агенти. Това население се бореше исто така и против сите тие фактори, кои сакаја да се бркат во неговите работи, кои сакаја да ги използуват неговите страданија и борби за свои цели. Кои беа тие фактори?

 

Това беа пропагандите, кои соседните балкански држави, а и други мегјународни фактори организираа при полната поткрепа на турското правителство, во Македонија, за да купуват душите на малодушните елементи од македонското население, служејки се со заплашуванје, лаги, пари. Това тие го вршеа со цел да можат да претендират на дел, на парче, кс от живото тело на македонскиот народ.

 

Тие пропаганди беа на прво место велико-блгарската, велико-српската, великогрчката пропаганда. Освен тиа пропаганди нека укажем и на великороманската гропаганда — таја не играеше особена ралја во животот на македонското население; нека укажем на муслиманската пропаганда, која беше подржана со крв и огин од турското правителство, използувајки за целта разните разбојнички банди, за да заставујат македонското население да напусне своите родни места и се заселят тие места со муслимани. Ние имаме католичката и протестанската пропаганда.

 

Но македонскиот дух остана непоколебив. Сите тие пропаганди

 

 

99

 

имаа незначителен успех. Тие не можеа да го изменят етническиот характер на Македонија. Македонците си останаја македонци.

 

Македонскиот народ остана тврд како гранит по своето национално сознание.

 

Никакви насилија, терор, никакви тешки пресуди, никакви заплашуенја, поткупи, затвори не го сломија борбениот дух на нашиот народ.

 

И тој народ, со участието си во сите ослободителни движенија на Балканот по течение на последните 140 години, со своите воражени борби против турскиот аскер, против разбојничките банди на блгарските врховисти, на српските и грчките шовинисти, со своето участие во големото народно востание — Илинден, 2 август 1933 год. и со своите воражени по сетнешни борби покажа и докажа оти тој е во состојание, да запази и тој успеја да запази вопреки се, својата национална самобитност, нашиот народ докажа оти тој е достоен да биди слободен и равноправен на другите народи.

 

Нека одбележам и иодчертам дека во македонското ослободително движение е имало секога само едно силно течение — това е македонското течение, течение което најде свој израз во борбите на МРО.

 

Но правителствата на суседните на Македоннја држави, особено това е верно за блгарското империјалистичко правителство, се мачеа со сите средства да проникнат по МРО, да се доберат до незиното раководство, за да направлјават незината дејателност, согласно со интересите на политиката на блгарскиот завоевателен национализам.

 

Српската и грчката пропаганда не можеа да расчитат на никаков успех во македонското ослободително движение, зошто македонскиот народ, македонските славјани считаа српската и грчката пропаганди за врагове, кои со своите дејствија го разединуваа македонскиот народ.

 

Треба да одбележам, оти блгарската пропаганда имаше, во това одношение, известен успех.

 

Тој успех се должи и на усилијата, кои македонската емигранта во Блгарија пројави во това одношение.

 

Во Блгарија имаше во началото во тој век 100 хилјада македонски емигранти, а сега има 500-600 хилјади емигранти и бежанци.

 

Таја 100 хилјадна емиграција бе главно од Вардарска Македонија — Велес, Прилеп, Охрид, Битола, Тетово, Крушево, Кичево, Дебар, Скопје, Щип и др.

 

Таја емиграција участвува активно во државниот, политичкиот, стопанскиот, културнйот и обществениот живот на Блгарија. Известен број од таја емиграција се подаде на внушенијата на блгарското империјалистичко правителство и дворецот, основаја Врховниот македонски комитет, кој инсценира две така наречени востанија во 1895 год. во Мелничкиот крај и во 1902 год. во Горно-Джумајскиот реон — Пиринска Македонија.

 

Таја част од македонската емиграција продолжаваше през сето време на саштеството на македонското ослободително движение, да пречи на истинското народно револуционо движение, таја продолжаваше

 

 

100

 

да играе ролјата на враг на македонската слобода, враг на разбирателството мегју јужните славјани и изопшто мегју балканските народи, враг на балканското единство и братство. Но, за честа на македонскиот народ, за наша гордост ние требе да одбележиме, оти македонската емиграција и бежанците во своето подавлјајуште болшинство остана верна на заветите на прпоапостолите на македонската револуција. Таја емиграција, прогресивната македонска емиграција се групираше во крајно прогресивните движенија во Блгарија и участвуваше активно во политичкиот живот во страната, како испракјаше во парламентот во Софија свои, прогресивни, представители. Ке отбележам дека од 1923 до 1940 год. во сите легислатури во сите собранија, македонските емигранти — и блгарските народни маси во Софија, Пловдив, Хасково и другаде испратија свои представители — незаборавениот Димо Хаджи Димов 1923 год., Христо Калајджиев 1927 год., Христо Трајков и Алекси Мартулков 1931 год. од Софија, Стамат Иванов 1931 год. од Пловдив, Трајко Христов 1931 год. од Хасково, Божин Димитров Проданов 1939 год. од Софија. Тие депутати смело отстојаваа делото на Македонија, заштитаваа интересите и идеалите на емиграцијата и на блгарските народни маси. Нека притуриме уште, дека македонската емиграција во 1927 год., давам данни за това време, зашто за това време имам сведенија — составалјаваше половината од членството на Работничката партија — комунисти, која набројаваше тогај 27 хилјадни човека. Македонците беа иницијатори за образуванјето на таја партија.

 

Таја емиграција е участвувала и е имала нај-голем дел во борбите на блгарскиот народ против фашизмот и мракобесието.

 

Таја емиграција и сега во своето абсолутно болшинство е слободолјубива, враг на фашизмот и мракобесието, пријателски разположена кон свободната федерална држава Македонија во федеративна демократска Југославија.

 

Благодарение, повтарам, на политиката на блгарскиот завоевателен национализам проведена при содејствијата на консервативната и надијаната со великоблгарски идеи македонската емиграција во Блгарија, ние наблјудаваме извесно раздвоение во средата на самата македонска организација.

 

Врховистите — представлјајушти конзервативната великоблгарската емиграција составлјава јадрото на Врховниот македонски комитет на Цончев, Михајловски, Николов, Протогеров, се стараја да прокарват своето влијание одначало при содејствието на блгарските представителства во Македонија и блгарската екзархија. По-касно, особено след Илинденското востание, блгарските правителства и двореца успеа да привлечат некои од раководигелите на македонската револуциона организација на своја страна.

 

Во македонската револуциона организација се очертават векје две теченија.

 

Десницата, која се јавуе раководител во Скопскиот и Битолскиот револуциони окрузи, и левицата, која се јавува раководител на Солунскиот, Струмишкиот и Серскиот револуциони окрузи. Нејзини преставители беа: Сандански, Чернопеев, Добри Даскалов,

 

 

101

 

Кантарджиев, Паница, Буйнсв, Хр. Јанков, Ризо Ризов, Панко Брашнаров, Д. Арнаудов и др и јас исто така сум еден од тие представители. МРО имаше 5 револуциони окрузи.

 

Представителите на десницата беа: Тодор Лазаров, Тодор Александров, Хр. поп Коцев, Хр. Матов, Ив. Гарванов, Данаил Крапчев, Петко Пенчев, Кирил Прличев, Георги Баждаров, Лазар Томов и др.

 

Таја десница открито заштитаваше позициите на политиката на блгарскиот завоевателен нациоиализам, са својата дејателлост, со извршените провакациони атентати по 1911 и 1912 год. во надвечерието на балканската војка, во Штип, Кочани, Радовиш, Дојран, Солун и другаде, таја наливаше вода во воденицата на блгарскиот империјализам.

 

Големи се прегрешенијата, престапленијата на десницата на МРО по одношение на македонскиот народ. Таја има голем дел од одговорноста во катастрофата на Македонија.

 

Со објавуенјето на балканската војна од 1912 год. МРО како целосна организација на Македонија престана да саштествува. Но Александров, Протогеров и Чаулев продолжаваа да се сметат за членове на Ц. К. и да исползуват името и престижа на таја организација.

 

Во време на балканската војна македонскиот народ поткрепи војуваштите балкански држави, зошто тој сметаше дека таја војна е ослободителна. Но тој беше жестоко измамен.

 

Што се получи? — Македонија беше разделена, поделбата на Македонија беше санкционивана во Букурешт — 1913 год август месец.

 

Првата световна војна уште по-малко можеше да донесе ослободуенјето на Македонија. Нашата татковина остана да пшка под едно непоносимо робство.

 

Така наречените мирни договори во Версај санкционираа това робско положение.

 

Но тие војни внесоја отрезвение во извесни македонски кругови кој имаа во ослободителната мисија на Блгарија, Србија и Грција и на христијанска Европа.

 

Тие илузии се разбија на пух и пра. И ние гледаме како уште во крајот на 1918 год. дејателите на македонската ВРО од сите окрузи, на чело со дејателите од Серскиот, Струмишкиот и Солунскиот окрузи, образуваја времено представителство на МРО организација; тие издигнаја старото знаме на македонската автономија, на балканскиот сговор на бадаштето балканско братство.

 

Поставелите се на услуга на блгарската завоевателна политика Александров, Протогеров, Иван Михајлов и Националниот комитет на македонските братства во Блгарија, на чело со Иван Каранджулов, се провалија. Но това положение ние левичарите, во МРО не можевме да го исползуваме како треба. Ние, општо земено како цело се покажавме не на нужната висота на положението. Благодарение на неактивноста на големото болшинство деатели од левицата на страната МРО, благодарение на извршените од нив грешки, јас би рекол големи грешки, дејателите од старата десница

 

 

102

 

на МРО и старите врховисти, којиуште каде 1908 год. беја се обединили со дејателите од десницата, добија надмоштие во Пиринска Македонија. Тие стари грешници издигнаја привидно знамето на самостојателната македонска борба. Тука требе да посотам на некои причини од идејен характер кои допринесоја да се засили десницата на МРО во 1922 година и во началото на 1923 година во Пиринска Македонија.

 

Преку летото на 1922 год. Алеко Василев, наречен Алеко Паша — убит от Иван Михајловата банда заедно со неговите пријатели и со цветот на македонската интелегенција во таја македонска област во септември 1924 год. во врска со убиството на Т. Александров, — започна да работи заедно со Т. Александров (до тогава Алеко Василев минаваше за самишленик на левицата на организацијата). Тој издаде едно окржно во кое зајавлјаваше:

 

1. Оти ВМРО ке се бори за ослободуването и обединението на Македонија во едно политичко цело, во самостојателна држава, — а това беше едно от главните исканија на Сандански и другарите му, благодарение на което тие се ползуваја со подршка на целото население на тој крај.

 

2. Оти организацијата не ке се меша по ватрешните работи на Блгарија и не ке позволи на блгарското правителство да се меша во незините работи, а това значеше, тој издигаше лозунга за самостојателноста на македонското ослободително движение од намесата на Блгарија.

 

Со това Александров публично се откажа од својата стара програма врховизма и возпре политиката на старата, Делчевата ВМРО.

 

Од друга страна, за да ги привлечат комунистите на своја страна — а тие составја внушителната сила, местните раководители на Александровата организација зајавјаваа, оти оние не сметат комунистичката партија за свој противник, зошто националната револуција не исклјучувала социалната, на против, таја била нејзина неизбежна предпоставка.

 

Со тие демагогски способи на агитација сомишлениците на Александров во Пиринска Македонија успеја да ги заблудат некои от нашите стари дејатели во таја област „од Серскиот револуционен округ", како и некои комунисти и анархисти, како Бујнов, Скрижовски, Стоје Хаджиев, Пенков, Медникаров, Ковачев и др.

 

Таја организација беше потпомогната од блгарската и македонската буржоазија во Блгарија и во Пиринска Македонија.

 

А таја преставлјаваше известен фактор во Пиринска Македонија, а во Блгарија, сред емиграцијата.

 

Во Вардарска Македонија нејзината власт се простираше само во пограничните во Блгарија реони — во Штипскиот округ.

 

Извесно е каква голема ролја изигра Александров и Протогеров во подготовката и извршуенјето на преврата од 9 јуни 1923 год. при урнуванјето на правителството на Стамболиски, во септември истата година при потушванјето на народното востание на селаните и работниците во Блгарија.

 

 

103

 

Но Александров и Протогеров и нивните помоштници чувствуваја оти населението во Пиринска Македонија во своето болшинство, а исто така и емиграцията и бежанците по Блгарија не само дека не беја со нив, а и беја настроени против нив. А известно е оти од настроението до дејствијата растојанјето не е многу големо. Александров и Протогеров се опасјаваја да не би македонците од Пиринска Македонија и тие кои живејат во Блгарија предприемат акција против нив. За да претпјат зародилото се од нив недоволство, а од друга страна, небидејки сигурни, во своите ортаци — блгарската и македонската фашиска буржуазија, која секој момент можеше да ги изостави, тие решенија да подготват врски со Советска Русија, за да сакат нејзината помош, дипломатична и политичка, при разрешаванјето на македонскиот въпрос, а исто така да влезат во връзка со останалите македонски групировки и Балканските национални организии и политички партии, кои стојат на базата на самоопределението на македонскиот народ и на другите Балкански народи.

 

Во това свое стремление тие побараа лице кое да послужи за врска. За таја цел они се отнесоха до мене, оти знаеја дека јас се ползувам со полното доверие на македонскиот народ: јас бев член на ЦК во старата Делчевата македонска организација во 1903—904 година, бев председател на Солунскиот комитет на таја организација; бев социалистически депутат во Турскиот парламент од 1908 до 1912 год. избран като кандидат на левицата на организацијта од Солунскиот Санджак т. е. от околиите: Солун, Св. Гора, Кукуш, Лагадина, Енидже Вардар, Карафере, Воден, Дојран, Гевгели, Струмица, Тиквеш ; бев исто така председател на Централното биро на легализираната левица на организацијата — Народната федеративна партија (Таја партија беше распусната од Турското правителство во 1910 год. на основание на закона за распуштанјето на националните организации).

 

Јас примив поканата. Јас заминав за Москва заедно со Монев, зет на Александров, со мисија да биде ВМРО подкрепена политички и дипломатични од Советска Русија, како организацијата на Александров се задолжаваше да измени својот политички курс, т. е. таја се задолжаваше да дејствува совмесно со сите прогресивни фактори во Македонија и во Балканите против фашизма и империализма. Нека укажем овде дека таја покана беше направена писмено пред мене од близките на Александрова македонски дејатели Баждаров, Прличев и Монев, и лично преку Павел Шатев.

 

Преценуејки го добро какво големо значение би имало за македонското ослободително движение истргнуванјето на тие, кои се навогјат во ВМРО македонци од пагубното влијание на блгарскиот фашизм и разни блгарски буржоазни организации и нивното насочуенје по патот на вистинската борба за ослободуенјето и обединението на македонскиот народ, јас примев поканата. Во Москва ние се сретнавме со раководни фактори на Советскиот Сојуз. Во Москва на мене и на Монев ни се рече (това беше през август 1923 година):

 

 

104

 

— Политиката на СССР ви е известна. Таја била секогаш за заштита на угнетените народи. Нејзините авторитетни представители често са зајавуеле това. Нејзините представители во Генуа, а по-късно во Лозана високо го издигнаја лозунгот за самоопределението на народите, и специално на балканските народи. На таја подкрепа може да расчита и представлјаваната од Александров, Протогеров и Чаулев ВМРО, доста е да е таја една организадија, која дејствително се бори за ослободуенјето на Македонија.

 

На вракјанјето од С. Р. Влахов и Монев са представили един обстоен писмен доклад по својта мисија, кој бил предаден на Александров. Тие предложиле на последниот да даде доказателства во горниот смисол. Александров дал вид дека приема, предложението. Нему му се предложило да излезе со една декларација, в која да го изложи сето това. Тој го помолил Влахова да ја напише таја декларација, кое последниот го сторил. (Монев по сето това бил наполно согласен со Влхова). Таја декларација во главните пунктови, била одобрена од Александров, неговите саветници: Прличев, Милев, и Баждаров, нашле оти во тој вид таја не можи да се публикуе. Тие ја прегледујат и един месец после това ја публикујат, како ја нагласуват така, како тие си сакале.

 

После септемвриските собитија кога возмущението на македонските маси и на целиот блгарски народ против правителството на Цанков и против организацијата на Александров беше достигнало големи размери, кога мнозина мегју македонските дејатели, кои до когај подржаја Александрова почнаја да се возмуштават од неговите дејствија и од тие негови близки лугје, кога македонските дејатели од Илинденската организација започнаја да ја критикуват неговата политика по отношение на българското фашиско правителство; кога конфликтите мегју него (Александров) и некои од министрите зачестија, Александров чувствуеше повекје од секој други пат нужда да хврли мост мегју ВМРО, от една страна, и македонските народни маси и блгарскиот трудов народ од друга страна.

 

Откажуејки ги своите врзки со блгарското правителсто, приемајки да работи на самостојна македонска база и да прекрати секаде борба против македонците од противниот нему логор и работниците и селаните во Блгарија, Александров се опитал повторно да узнае, дали би могла неговата организација во таков случај да разчита на подкрепата на Советска Русија. Едновремено со това, тој се опитал да влезе во връзка со разни балкански органазации. Тој правил сондажи пред представителите на Косовскиот комитет, црногорските револуционери и ХСРС на Степан Радич. Резултатите на тие сондажи биле:

 

— Прекинуенје секакви вреки со правителството на Цанков; објавете и дајте доказателства, оти сте за самостойноста на македонското ослободително движение, прекратете со убиствата, реализирајте го единствениот македонски фронт, — а това е возможно, зошто саканијата на сите македонски групи и организации се едни и исти: Независнја Македонија и Балканска федерација — и тогај ние сме готови да сотрудничиме со вас и да образуваме балкански фронт.

 

 

105

 

Един пролетен ден кон крајот на месец март 1924 година Александров и Протогеров отпатуваја од Блгарија за Виена. За да се ориентират за положението за македонскиот вопрос во тугинја и да ги довршат преговорите кои ги јас водев во Виена со представителите на македонската федеративна организација, представлјавана од известниот другар на Сандански, Тодор Паница, убиен во Бург театар во Виена на 6 мај 1925 год. од извесната престапница Менче Карничева, жена на Иван Михајлов, — и со останалите прогресивни национални организации и политически партии на Балканите.

 

Во резултат на тие разговори и преговори беа изработени ред документи, потписани от Централниот комитет на ВМРО, а имено:

 

1) Една принципна декларација, во което се укажува на готовноста на Ц. К. на ВМРО да прекинат со следваната од него политика да објави решителна борба против потисниците на македонскиот народ, да дејствунат задружно со сите прогресивни сили на Балканите за осаштествуванјето идеалите на македонскиот народ: Независна Македонија и Балканска федерација. Тој прв документ беше потписан на 29 април 1924 год.

 

2) На другиот-следниот ден 30 април 1924 год. биде изработен и потпишан друг един документ — „протокол за обединението на македонското револуционо движение", во което се изложени истите принципни положенија. Едно времено со това се реши да се издава еден вестник, списван на француски и немски јазици и на сите балкански јазици, за да се пропагандират новите идеи. Тој весник беше „Балканска федерација", чиито директор и главен редактор бев јас (този весник излизаше од 1924 до 1932 година).

 

Новата ориентација на македонските национал-освбодителни движенија требваше да се оповести на македонскиот народ и на македонските револуциони дејтели. Но тој како горе указаните документи не беа предназначени за публикација, за това беше изработен един документ — манифест до македонскиот народ чијто принципи са добре известни. Това стана на 6 мај 1924 година.

 

Истите принципи беа изложени во една декларација, којато македонската парламентарна група во Бл. парламент — 8 души требеше да прочита во парламентот и да установи совместната дейност со другите парламентарни групи приврженици на слободата и независимоста на Македонија и на сојузванјето на слободните балкански национални единици — како федерални држави во еден сојуз на Балканите.

 

Манифестот беше публикуван нај-напред во вестниког Б. Ф. брой I излегол на 19 јули во 1924 год.

 

Блгарското правителство и правителствата на Југославија и Грција збеснаја од тој манифест.

 

А што се однесуе до македонскиот народ, во Македонија и во други страни — емиграцијата, то го посрешна со восторг тој историски акт. Блгарското правителство зеде енергични мерки за да парализира големиот ефект, којто возвестуваните принципи по манифестот произведоха на македонските и блгарски маси. Това правителство застави Т. Александров и генерал Протогеров да се одкажат

 

 

106

 

од него. И последните во една декларација на 1 август 1924 год, зајавија, оти тој манифест бил една мистификација и тој бил написан од мене и оти они не са подписали таков документ. Петар Чаулев, третиот потписал документа член на Ц. К., остана верен на изложените во манифестот принципи.

 

Публикуваната во 1926 год. во Прага книга под заглазие „Изменниците на македонскиот народ", написана от мене по порака на Ц. К. на обединената макодонска револуциона организација, во која книга бе ја приложени 9 факсимилета мегју, кои и манифестот под кој личат потписите на Протогеров, Чаулев и Александров, когото првите двајца подписаја под негово полномоштие дадено во моје присатствие, тај како тој Александров сакаше да одпатува од Виена затворија устата на сите негодници и клеветници.

 

На обвинението против мене, оти сум фалсифицирал подписите на Ал. и Пр. јас одговорив со едно отворено писмо, на което издајниците на македонското дело, целата таја пасмина од враговете на македонскиот народ не одговорија. Во бројот 2—3 на весникот Б. Ф. јас пишев:

 

Како участник по сите разговори, советуванја и преговори, трите членови на Ц. К. воделе по мегју себе и со представителите на другите македонски и балкански групи и организации од 1 април до 6 мај т. г. сум должен да зајавам пред сите македонски револуционери и пред сите чесни македонци следното:

 

 

Манифестот до македонскиот народ од 6 май 1924 год. по сите основи и саштествени положенија, е изработен со общото участие и на тројцата членови на Ц. К., а некои пасажи од првоначалната му черновка, написана од мене, се засилени по личното настојаванје на члена на Ц. К. Т. Александров.

 

Оригиналот на манифестот е потписан од двајца члена на Ц. К. — А. Протогеров и П. Чаулев, — а подписот на Т. Александров, одпатувал пред подписуванјего, е сложен од двајца членови на Ц. К. по полномоштие на Т. Александров изрично и лично дадено од последнија во моје присаствие.

 

Освен манифестот саштествуваше уште една декларација и еден протокол за обединението на македонското револуционо движение, во кое основните положенија на манифестот за новата тактическа ориентација на ВМРО се редактирани во многу-определена, реска и крајна форма (прочитанието на тие документи наполно ја потврдува верноста на това зајавление Б. Р.); тие два документа како и други уште, се потписани својерачно и од тројца членови Ц. К. — Т. Александров, Ал. Протогеров и П. Чаулев

 

Подписуванјето на сите тие документи стана во моје присаствие и во присаствие на уште други лица.

 

Зајавувам, оти сум готов на анкета, која да провери и установи истиноста на гореизложеното. Таја анкета може да биде произведена и од најврлите противници на новата ориентација на организацијата, прокарана во декларацијата, обединителниот протокол, манифестот и другите документи, подписани од Ц К., стига тие анкетори да бидат честни лугје.

 

 

107

 

Зајдвувам, најпосле, да сум готов да ги тегнам сите последици, ако се установи, да изложението тука не одговаре на истината.

 

 

Ете при какви условја виде бел свет тој историски документ.

 

След измената на Протогеров и Александров борбата на македонскиот народ на базата на принципите на манифестот продолжи. Многу македонски дејатели станаја жертва на својата преданост кон македонското ослободително движение, организовано на базата на тие принципи.

 

Веднага по публикуванјето на манифестот беја основани комитети и групи, беа образувани најнапред во Вардарска Македонија. Иницијатори на тие комитети и групи беја извесниот македонски револуционер другар на Гоце Делчев, Ризо Ризов од Велес и извесниот вам искрен, предан и последователен борец за ослободуенјето на Македонија Панко Брашнаров од Велес.

 

Една година по публикуванјето на манифестот беше образувана обединената ВМРО, во чија програма легнаја принципите на манифестот. Во таја организација зедоја участие многу стари македонски дејатели — некои од нив участвуваја во основаните комитети и групи во Вардарска Македонија след публикуванјето на манифестот, а во таја организација постапија и многу нови дејатели, дејатели кон сега работат тука во изградуенјето на нашата слободна Македонска федерална држава во федеративна Југославија. Ние виждаме тука, освен Брашнаров, Алекси Мартулков, Крсте Гермов Шакир, Павел Шатев, Киро Петрушев, Димчо Зографски, Тодор Зографски, Дончо Иванов, Мирчев, Костадин Ванев и многу други дејатели, кои активно работеа за слободата и штастието на македонскиот народ. Многу наши бракја и сестри платија со својот живот за својата приврзаност накај делото за ослободуенјето на Македонија за слободата на македонскиот народ. Тука во Вардарска Максдопија, паднаја само до 1930 год. убиени и загинали безтрага над 1000 души, а во Пиринска Македонија и сред емиграцијата во Блгарија паднаја убиени и загинаја без траг над 2500 души чесни македонски дејатели.

 

Во историческиот мајски манифест беја легнали истите основни положенија, кои беја легнали во истинската прогресивна-народно-ослободителна борба на македонскиот народ раководена од нејзините учители — водачи: Делчев, Сандански, Хаджи Димов. Само, дека 1924 год. основните положенија на народно ослободителната борба на македонскиот народ установени од неговите водители беја сега во мај 1924 год. допълнени со опитот и поуките, кои ни дадоја трите револуции Руската револуција 1905 год. февруарската револуција 1917 год. и особено Октомвриската револуција од 1917 г. Ленин и Сталин беја нашите путоводни звезди.

 

Учејки се од опитите на руските болшевици ние засочивме македонскиот народ на единствениот правилен пат, патот на совмесната борба на сите слоеви, не експлоататорски, на македонскиот народ, на сите народни елементи од другите националности, против сите врагови, внатрешни и надворешни на нашата политичка слобода и благоденствие.

 

Научен од нашето минало и од опитот на нашите бракја руси ние разбравме, оти изолирано, дејствујуште само за себеси, само

 

 

108

 

со своји сили, ние не представлјаваме и не можеме да преставлјаваме достатачна сила, за да кутниме непријателскиот противник, но ние разбравме исто така оти обединени, образувајки го нашиот единен револуционен македонски фронт, који ги обединуе сите македонци, не-експлоататори, образувајки единствениот Балкански фронт, обединувајки сите чесни балканци, не-експлоататори, од сите националности и вероисиоведанија ние станавме сила, ние представлјаваме несокрушима сила.

 

Тие лозунги на совмесната борба на сите чесни, угнетени и експлоатирани лугје се приложија во борбата која сите народи во Југославија под водителството на великиот Тито водија цели 4 години и таја борба заврши со полен успех.

 

Нека одбележам оти таја заедничка борба започна долго време преди подлата агресија на Хитлера и неговите лакеи. Таја борба се ујакчи, затврди во време на самата борба, борба четири годишна, жестока, во која сите народи во Југославија показаја ненадминат героизам и себеодрицание, кое овековечија својето име, прославија нашата земја.

 

Во таја борба нашиот македонски народ заема едно од првите места во борбата. Народите на Југославија и македонскиот народ, како еден од тие народи, чијато национална самобитност, слобода и равноправие се признаја во Јајце од сите народи на Југославија, нашиот народ чија национална самобитност слобода и равноправие, како и национална самобитност, слобода и равноправие на останалите народи во Југославија се признати од целиот слободолјубив свет со образуванјето на нашата Југословенска влада под председателството на маршал Тито, можиме да бидиме горди дека со својата решителна борба допринесовме за уништожението на хитлеризма, на хитлеровата крвава држава, на хитлеровата бандитска војиска.

 

Нам ни предстоји да покажиме сега и на полето и на мирното строителство нашата преданост и героизм.

 

Во таја предстојашта нам борба и изградуванјето на нашата народна власт, за благоданствието на нашиот народ и на сите народи во Југославија ние ке се водушевјаваме од делата на паднатите за идеите на мајскиот манифест другари; во таја борба нам ке ни служат за пример славните дела на борците како на нашите бракја македонци паднале за нашата слобода, и равноправие — Страшо Пинджур, Кузман Јосифовски, Мирчо Ацев, Орце Николов, Карпош, Цветан Димов, Димче Мирчев и хилјади знајни и незнајни борци на останалите народи на Југославија паднали во борбата за слободата и равноправие на сите народи на Југославија, за слободата и благодействиего на јужните славјани, на целото славјанство на целото прогресивно и напредничаво човечество.

 

[Next]

[Back to Index]