РЕПРИНТ
"Духот на Илинден"

МАКЕДОНСКО ДЕЛО, БРОЈ 352-353/28.07.2000

Димитар Димитров

Уште еден Илинден дочекуваме (1903-1997) уште еден повод за да се замислиме над односот меѓу илинденците и нас.

Биолошки, илинденците се наши (пра) дедовци и (пра) баби; ние сме нивни (пра) внуци; едни спрема други сме во однос предци спрема потомци, или, обратно, потомци спрема предци.

Духовно, нашиот однос спрема илинденците не е ниту приближно толку јасен, за да можеме ние, со полно право, да се сметаме за илинденски наследници, или обратно, илинденците да ги сметаме за наши претходници. Премногу заплеткани и испокинати нишки, многу јазли меѓу нив и нас, прават лавиринт, при кој биолошката констаната осцилира во варијабли со поголема или помала (нејзина) присутност - до сведување на пропаганда идеолошка функција, до целосно губење.

Се разбира, за карактерот на овој однос не може да биде одговорна илинденската генерација. Таа била што била, направила што направила, си ја потрошила својата мера на долг и одговорност, изгорела во еден копнеж - копнежот по слобода, со кој македонскиот народ го издигнала на врвот на движењето на човештвото кон слободата, со оглед на можностите што ги имала и на саможртвата што ја приложила.

Одговорноста паѓа на нас - за тоа дали и колку ние се чувствуваме/самоидентификуваме суштествено илинденски определени, покрај чувството за некои други определници, кои одведуваат од Илинден. Наше е, во една структура од противречни опити што нашиот народ ги помина од 2 август 1903 година досега, да го одмериме влогот на Илинден; наше е, да го осмислиме и запазиме Илинден, или да отиде во неврат, како заблуда и бесцелна жртва.

Примерен на духот на Илинден е еден автономен поглед што се надвишува над прагматичната памет или над идеолошкото секташење, поглед полн со теорија и љубов, што изведува на чистина, во чие видно поле се опфаќаат и земјата и небото, низ превезот на разновидни историски условености, ја открива човечката димензија. Таквиот поглед - кој, денес, при самостојна македонска држава, е наша обврска, наше право, наша потреба - од своја страна претставува мера за поразот/победата на Илинден.

Илинден не е самостојно битие - нешто што туку така дошло, светнало како метеор па изгаснало. Илинден, како лавата при вулканот, е израз на длабински процес, е изблик на напон собиран со векови од судирот на антагонистички сили: една, поттиснувачка, насочена кон (турска) политичка и (грчка) духовна (долгорочна, исто, политичка) доминација; друга, сила на отпорот на нашиот народ, распнат како објект на туѓа волја и како субјект на своја волја. Историската заднина на овие антагонизми, како супстрат на дивергентни енергии, сс протсга во вид на исклучително слоевит пејзаж, со изворни образувања/акултурации на "теренот" и со специфични рефлексии на Европа.

Таа слоевитост, во крајна линија, им одела во прилог на силите на потиснувањето, што условувало тенденција на статус кво, продолжено отоманско ропство. Затоа Илинден не е "преурането" востание; Илинден е задоцнето востание. Со таен англиско-руски договор (Лондон, 1878), со кој се поставени основите на Берлинскиот конгрес од таа година, низ меѓу калкулациите на великите сили, еден народ е фрлен во бездна. При локалните и меѓународните констелации, етаблирани со Берлинскиот конгрес, никогаш Илиндсн, едно македонско востание, не можело доволно да се подготви, за да заврши успешно во смисла на воени победи. Тие констелации беа супстрат, не за 1903, туку за 1913! (Види го Извештајот на Карнегиевата комисија за Балканските војни.)

Француските студенти, во 1968, се прочуја со паролата "Да бидеме реалисти, да го бараме невозможното"! Нашите предци, со Илинден, шеесет ипет години порано, практично го опитаа искушенисто на невозможното. Заклетвата "Слобода или смрт!"; образложението од мозокот на ВМРО, организатор на Илиндсн, Даме Груев: "Подобро ужасен крај, отколќу ужас без крај", со тон на судбински избор, на идеалистичката онтологија на француските студенти й дава карактер на вербална/програмска реприза. Со сплет од народни востанија и индивидуални гестови на лична саможртва на анархистите - гемиџии, (сплет) што се стопува/ кулминира во Илиндсн, нашата илинденска генерација. прсд светот, ја потврди својата реалност. Со последното средство што го имаше на располагање - со сенародното саможртвување пред олтарот на слободата, што беше наше име за невозможното - таа генерација изврши онтолошки обрт во редот на нештата, ги релативизира битието и небиднината, реалното и имагинарното, животот и смртта, поразот и победата.

Величествени книжевни споменици на тоа сенародно посветување/заветување на слободата, оставиле, со својот и со гласот на загинатите, учесниците и сведоци Павел Шатев, ("Во Македонија под ропство"), Петар Манџуков ("Предвесници на бурата"), Христо Татарчев ("ВМОРО како реалност и како митолошка суштина"), Христо Силјанов ("Ослободителните борби во Македонија"). Кон нив треба да се придаде големото книжевно дело на Димитер Талев, исто, народното пеење.

Шатев умре во домашен притвор, во НРМ/ФНРЈ; Манџуков - во длабока осаменост, во НР Бугарија;
Татарчев - во "доброволен" егзил, во Италија. Овие трагични исходи на преживеаните илинденци, се посредувани со длабоки резови во народното и во територијалното тело, со нови залети на поттиснувачката тенденција, под грчката и под српската окупација на Македонија, исто, под комунистичката власт. Во тие, практично, безнадежни реалнополитички услови, кога идејата на Илинден е инкриминирана, духот на Илинден инспирира движење на отпорот против асимилациите (види: Стојан Христов, "Херои и убијци"), што обликува драматична структура во разни фракции на ВМРО, како и на левото движење, често меѓусебно спротивставени до смрт. Во таа драма на еден народ фрлен во бездната, Илинден жилаво се одржува и пркоси, дава нови борци, принесува нови жртви; се одржува како мера на нашето битие, на нашиот идснтитет.

Континуитетот на Илинден го симболизира отворањето на заседанието на АСНОМ од страна на преживеаниот илинденец Панко Брашнаров. Неговиот помлад соборец Методија Андонов - Ченто, првиот претседател на македонската држава, дефинирајќија својата стратешка визија, се служел со метафората "патот на илинденците". При АСНОМ, со Ченто на чело, е опитана синтеза на сите народни делови, во духот на националното помирување.

Тогаш Илинден го снаоѓа најтешкиот удар, оној од "своите", од комунистичките колаборационисти на Тито, на чело со Лазар Колишевски. Брашнаров ги остава коските на Голи Оток; Ченто гние во Идризово. Митот на "НОБ и Револуцијата" не остава место за Илинден, или за ВМРО, за која се преземаат стереотипите од српскиот пропаганден арсенал - како за "терористичка", "фашистичка", "врховистичка"/"бугарашка" организација. На последниот болшевички марш на нашата комунистичка елита, во седумдессттите години, на т.н. "пресвртнички" седници на ЦК на СКМ, Киро Глигоров жестоко го критикуваше празнувањето на Илинден, како израз на македонскиот национализам/либерализам!

Денес, по четвртина век, на Илинденскиот празник ќе говори Киро Глигоров. Може тоа да биде израз на политичка бескарактерност. Но може да биде и симптом на победата на Илинден.

Во вториот случај ни претстојат брашнаровско-чентовски потези на ВМРОвско-АСНОМ-ска синтеза.
Да се фрла широко мрежата, па да се собира!

[Back]