Историја на македонскиот народ. I. Од предисториското време до крајот на XVIII век

Михаило Апостолски (гл. ред.) 

 

ДЕЛ ТРЕТИ. МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА РАЗВИЕНИОТ ФЕУДАЛИЗАМ

 

Глава I. Византиската власт во Македонија (д-р Бранко Панов)  145

    1. Воспоставување на византиската воено-административна управа
    2. Охридската архиепископија и нејзината улога
    3. Засилено разложување на селските општини и растеж на крупните феудални поседи
    4. Категории на феудално-зависно население
    5. Влошување на економската положба на народот

 

Глава II. Борба против византиската власт (д-р Бранко Панов)  159

    1. Востанието на Петар Делјан
    2. Востанието на Ѓорѓи Војтех
    3. Нов подем на богомилското движење

 

Глава III. Навлегување на Нормани, Срби и крстоносци во Македонија (д-р Бранко Панов)  171

    1. Норманските завладувања во 80-тите години на XI век
    2. Српските навлегувања и освојувања во 80-тите и 90-тите години на XI век
    3. Навлегување па крстоносците од Првиот крстоносен поход
    4. Повторни нормански освојувања во 1107—1108 година

 

Глава IV. Самостојни феудални владетели на Просек (Томо Томовски)  177

    1. Византиската власт во Македонија
    2. Добромир Хрс
    3. Солунското кралство
    4. Владеењето на Стрез
    5. Борба на соседните држави за превласт во Македонија

 

Глава V. Српската власт во Македонија (Томо Томовски)  187

    1. Ширење и зацврстување на српската власт
    2. Положбата на Македонија во српската држава

 

Глава VI. Осамостојување на Македонија и нејзиното паѓање под турска власт (Томо Томовски)  193

    1. Распаѓање на Душановото царство и создавање на независни држави и поседи во Македонија
    2. Османлиско освојување на Македонија

 

Глава VII. Стопанството и општествената структура во Македонија во XIII и XIV век (Томо Томовски)  197

    1. Стопанство
    2. Општествена структура

 

Глава VIII. Културните прилики до крајот на XIV век  207

    1. Литература (д-р Харалампие Поленаковиќ)
    2. Уметност
(Димче Коцо (освен за музиката), Тодор Скаловски (само за музиката))

 

 

ГЛАВА I. ВИЗАНТИСКАТА ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИЈА

 

 

1. Воспоставување на византиската воено-административна управа

 

Во лочетокот на 1019 година императорот победник Василиј II, откако ја разрушил охридската тврдина и го опљачкал богатството на македонските цареви, се вратил во Цариград, каде што му бил приреден триумфален пречек.

 

Уште пред да ја напушти, Василиј II ја претворил Македонија во обична византиска провинција, утврдувајќи го византиското воено-административно уредување. Утврдувањето на византиската власт било проследено со давање жесток отпор од страна на македонскиот народ, поради што голем број македонски градови-тврдини, упоришта на отпорот, биле разрушени. Останале само оние тврдини во кои императорот поставил византиски управници со силни гарнизони војска.

 

Од Македонија биле отстранети сите претставници на Самуиловиот царски род. Оние кои доброволно минале на страната на императорот биле удостоени со почесни титули, а потоа задржани или во Цариград или пак испратени во малоазиските поседи на Византија, кадешто добиле управнички должности. На овој начин македонскиот народ бил лишен од своите водачи. Специјална политика византифсиот император водел и спрема претставниците на македонската феудална класа. На голем дел од нив им биле оставени нивните имоти и работно население, па дури биле удостоени и со нови имоти и привилегии, со што византискиот император сакал да ги придобие и тие да учествуваат во воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Но и покрај тоа што ја зачувале својата економока моќ, тие биле лишени од високи управнички должности во својата земја. Почнувајќи од триесеттите години на XI век дури и македонското свештенство било лишено од можноста да зазема управнички должности во црквите на Охридската архиепископија.

 

За полесно држење во потчинетост на македонскиот народ, територијата на Македонија била поделена на повеќе воено-административни области (теми). Отпрвин централната власт била јака и можела да им обезбеди на управниците

 

145

 

 

на темите да владеат со поголеми територии. Но од крајот на XII век, кога централната власт значително ослабнала, сепаратизмот на феудалците достигнал такви размери, што темите го изгубиле своето поранешно значење. Нивниот управник се повеќе ја губел власта над областа, кадешто феудалците имале главен збор. Рамките на неговата доминација се стесниле и се ограничиле во повеќето случаи само на градот, во кој му било седиштето. Поради постојаните внатрешни и надворешни борби тематското уредување во провинцијата Македонија било постојано прекројувано. Чест бил случајот неколку од темите да се обединуваат под власта на единствен управник. Тоа особено се практикувало кога со заеднички сили требало да се задушуваат востанијата на македонскиот народ или пак да се отстрануваат од Македонија завојувачките војски на Норманите, Србите и др. Во текот на XI и XII век покрупни теми, чии управници управувале со Македонија, биле Скопската, Солунската и Драчката. Во рамките на овие теми биле сконцентрирани големи војски, кои во случај на поголема опасност интервенирале и на територијата на помалите теми. Управниците на овие три теми, за разлика од тие на помалите, секогаш по ранг стоеле на повисоко место и имале повисоки титули. Изворите, на пример, говорат дека Скопската тема се управувала од стратег-автократор, катепан или дукс; Драчката тема од стратег, катепан и дукс; а Солунската, покрај катепан и дукс, во одделни периоди ја управувал и кесар.

 

Помали теми создадени во Македонија биле: Охридската, Пелагониската, Преспанската, Костурската, Вардарската, Струмичката, Серската и други. На чело на овие теми стоеле архонти, стратези, хармости, катепани и сл.

 

Во рацете на управниците на темите била сконцентрирана сета воена, административно-судска и финансиска власт. Оваа власт управниците на одделните теми ја држеле во свои раце со помошта на многубројниот чиновнички апарат, кој масовно доаѓал во потчинетата Македонија. Испратени како државни даночни чиновници (практори), како опишувачи на имотната состојба на данокоплаќачите (анаграфевси), судии, контролори и надгледувачи над органите што ја држеле провинциската власт, овие државни чиновници не само што се грижеле успешно да ги прибираат државните даноци и да го одржуваат редот во провинцијата, туку прибегнувале и кон тоа на сметка на угнетеното население да натрупуваат богатство од илјадници таланти. Кога кон тоа ќе се додаде и експлоатацијата што ја вршеле туѓите и домашните феудалци, тогаш е разбирливо зошто македонскиот народ скоро низ сето време на византиското господство водел продолжителна ослободителна и класна борба.

 

146

  

 

2. Охридската архиепископија и нејзината улога

 

Уште со самото потчинување на Македонија, византиската централна власт побрзала да ја подреди Охридската црква под своја власт и на тој начин и преку црквата да го наметнува и затврдува своето господство.

 

Охридската црква била рангирана во склопот на Источната црква како архиепископија. Во организационен поглед таа била поделена во почетокот на XI век на околу 32 епархии, додека при крајот на истиот век нивниот број бил намален на околу 26 епархии. Во диоцезот на Архиепископијата влегувале не само македонски епархии, туку и епархии од соседните земји: Бугарија, Србија и Албанија.

 

Административно, епархиите на Охридската архиепископија биле разделени на протојерејства, а овие пак на енории. Управата на епархиите била сконцентрирана во седиштето на епархијата. Епархиите обично се именувале по градот кадешто се наоѓала епископската катедра.

 

Врховни органи на Архиепискапијата биле архиепископот и црковниот синод. На заседанијата на синодот, кои обично се одржувале еднаш годишно, се избирале нови епископи за испразнетите места на епархиите, се казнувале недисциплинирани епископи и други духовници и сл. Заседанијата на синодот не се одржувале секогаш во седиштето на Архиепископијата — градот Охрид, туку и по други градови, на пример, во Преспа.

 

Охридскиот архиепископ не бил избиран од синодот, како што било случај до паѓањето на Македонија под византиска власт, туку тој бил одредуван во Цариград. По потврдувањето од императорот, тој го заземал архиепископскиот трон во Охрид. Византиската централна власт не дозволила да се распарчи диоцезот на Охридската архиепископија, зашто и преку црквата требало да се утврдува нејзината власт во овој дел на Балканот. Затоа Охридската архиепископија била третирана како автокефална, иако тоа не значи дека таа била независна црква. Охридскиот архиепископ бил автокефален во однос на управувањето на потчинетите цркви на Охридската архиепископија, а не и спрема византиската државна и црковна власт.

 

Губејќи ја својата независност, Охридската архиепископија сепак задржала извесна самоуправа во рамките на Цариградската патријаршија. Охридскиот архиепископ се сметал за член на главната управа на Цариградската патријаршија, учествувал на нејзините заседанија, земал учество во бранењето на интересите и престижот на Источната црква, учествувал во решавањето на споровите со Западната црква итн.

 

Целосна независност меѓу државата и црквата немало. Во Византија постоела силна државна власт, која можела да ја заштити црквата од антицрковните движења. Од своја страна, пак, црквата така му била подредена на византискиот император, што таа преку смирување на паствата

 

147

 

 

учествувала во зацврстувањето на неговата власт. Од органите на Охридската архиепископија се сакало — известува Теофилакт, еден од најпознатите охридски архиепископи — „повеќе отколку од другите" (т. е. световните органи на власта) да ја држат во покорност паствата.

 

Уште во почетокот на византиското господство императорот Василиј II се зафатил да ја искористи Охридската архиепископија за интересите на Византија. Веднаш по завладуваљето на Македонија тој побрзал да го придобие за себе вишето свештенство на Охридската архиепископија. Оставајќи му извесни привилегии, тој го натерал да соучествува во затврдувањето на неговата власт во провинцијата Македонија. Императорот Василиј II отишол дури дотаму, што и́ оставил на Охридската архиепископија да ја управува Македонецот Јован Дебарски, а епархиите нему потчинети епископи. Меѓутоа, таквата практика била краткотрајна. По смртта на Василиј II (1025) неговите наследници побрзале наполно да ја грцизираат Охридската архиепископија, зашто таа требало да ја спроведува во дело византиската асимилаторска политика спрема македонскиот, а и другите соседни народи. Преку црквата и колонизаторските мерки византиската централна власт настојувала да го ослабне компактното етничко единство на населението, сметајќи дека по таков начин ќе му оневозможи на македонското население да дава организиран отпор.

 

Во 1037 година на местото на Јован Дебарски дошол Гркот Лав, долгогодишниот хартофилакс на Св. Софија во Цариград, роден во Пафлагонија (Мала Азија). Оттогаш охридските архиепископи и епископите на нејзините цркви редовно се избирале од редовите на грчкото свештенство. Заземајќи ги раководните места во  црквите, тие биле должни — известува Теофилакт — „со своите молитви и совети” да ја зацврстуваат „ромејската власт“ и „елинскиот говор“ во „варварската земја“ Македонија.

 

Македонскиот народ со тоа ги задржал своите претставници само во нижето свештенство, кое продолжувало да ги брани неговите интереси.

 

Уште кога Охрид паднал под власта на Византија, грчките хиерарси оделе кон тоа да ги потиснуваат словенските писмени документи, словенските житија и сл. Тогаш настрадале многу ракописи кои се чувале во Охрид. По црквите започнале да се проповедаат словенски житија што биле преработени и преведени на грчки јазик. Величајќи го својот „елински говор“, грчките свештеници настојувале да го наметнуваат не само во црквите, туку насекаде. Станало масовна појава словенските имиња на реки, градови и сл. да се заменуваат со старогрчки односно ромејски имиња. Претворена во чисто грчка институција, Охридската архиепископија одела кон тоа да ги уништи сите традиции што ги одгледувал македонскиот народ.

 

148

 

 

Имајќи силна поддршка во редовите на нижето свештенство, населението на Македонија продолжувало да дава разнообразен отпор против асимилаторската политика на Византија. На охридскиот архиепископ населението гледало — признава Теофилакт — како на „тиранин“. Од неговата тиранија настојувале да се оттргнат не само охриѓаните, туку и „мнозина" други.

 

Иако во времето на византиското господство Охридската архиепископија одиграла голема улога за проникнувањето на грчките уредби, обичаи и култура во Македонија, Византија не ја остварила својата асимилаторска политика спрема македонскиот народ. Иако во Македонија дошло многубројно грчко духовенство и грчка администрација, бил зголемен бројот на колонистите, тоа сепак не можело да го измени основниот состав на населението, кое си останало словенско. Словенската писменост не можела да биде уништена, за што сведочат зачуваните ракописи од XI и XII век. Грцизмот не можел да проникне во низините на македонскиот народ. Не само по селата, туку и по градовите, Македонците продолжувале да општат на својот мајчин, словенски јазик.

 

 

3. Засилено разложување на селските општини и растеж на крупните феудални поседи

 

Со вклучувањето на Македонија во рамките на Византиската империја, во неа започнал засилен процес на развиток на феудалните односи. Слободните селски општини, кои за време на Самуиловото царство се уште превладувале, започнале масовно да се разложуваат, зашто слободната селска општина секогаш криела во себе сили што биле готови да се дигнат против наложеното господство. Составувајќи единствен компактен колектив, слободната селска општина не дозволувала толку лесно да биде вклучена под власта на феудалните господари, кои во времето на византиското господство почнале масовно да доаѓаат во провинцијата Македонија. Затоа процесот на разложувањето на слободните селски општини во Македонија бил долг и не течел во сите области со исто темпо.

 

За разложувањето на македонските селски општини влијаеле два фактора: внатрешен и надворешен. Внатрешен фактор била засилената диференцијација меѓу самите членови на општината, т.е. доаѓањето до сé поголем израз на приватната сопственост. Во резултатот на тоа се поочигледна станувала имотната нееднаквост, врз база на која дошло и до различно оданочување на општиниците. Меѓутоа, внатрешниот фактор бил сепак послаб во споредба со надворешниот, кој поосетно ги правел зависни слободните селски ошптини.

 

149

 

 

Војните што ги водела Византија биле еден од надворешните фактори што влијаеле за разложувањето на општините во Македонија. За водењето на војните Византија морала од провинциите да собира тематски војски во неограничен број. Поради таквото претерано регрутирање на селанството од Македонија во редовите на византиската војска, во многу области било проретчено машкото население. Ова пак, од своја страна, влијаело осетно да се разбие компактноста на слободните општини, со што сега феудалците можеле слободно да атакуваат на нив, односно да ги присвојуваат. Покрај ова и воените дејства што на македонската територија ги водела Византија со надворешните и внатрешните непријатели биле причина да ослабне силата на слободната селска општина. Имено, разните освојувачи: Печенезите, Куманите, Норманите, Србите, крстоносците и др. го пљачкосувале немилосрдно македонското селско население, кое потоа немало друг излез освен да побара работа на феудалните стопанства приклучувајки го кон нив и својот мал земјишен посед.

 

Не бил редок случајот феудалците што живееле во соседство на слободните селски општини насилно да ги „проголтуваат“ селските стаси, шуми, реки и други заеднички општински имоти, од кои се користеле сите членови на слободната општина. За надојдените византиски феудалци особено биле примамливи оние селски имоти што останале без глава на семејството. Тоа биле, пред се, имоти на општиниците загинати во војната. Не бил редок случајот феудалците да ги приклучуваат имотите на загинатите селани кон својата „господарска земја“ заедно со работното население, кое потоа станувало феудално зависно.

 

Покрај ова, селските општини се разложувале и во резултат на зголемувањето на даноците, односно со распространувањето на паричната рента. Голем дел селани, не можејќи да се здобијат со пари, паѓале во ропство и ги губеле своите имоти.

 

Постоеле и други причини што влијаеле да се разложуваат селските општини и на сметка на нив да се засили растежот на крупниот феудален земјопосед. Византискиот император го имал правото да им отстапува цели селски оггштини или делови од нив на духовни и световни феудалци. Посетувајќи ја Македонија, императорите секогаш настојувале да ги уредат „црковните работи“, т. е. да ги удостојат црквите и манастирите со земјопоседи, работно население и разни привилегии. Тоа тие го правеле со цел да го придобијат за себе свештенството во борбата против непријателите на византиската држава. Од Теофилактовата преписка, на пример, се установува дека императорот Алексиј I Комнен при посетата на Македонија секогаш настојувал на црквите да им раздели имоти во трајна сопственост.

 

150

 

 

Црковно-манастирските поседи растеле и преку засновување патронатни односи со слободните селски општини. А бидејќи патронатот бил чекор напред кон разбивање на единството на општините, тоа значи дека преку нето полесно се влијаело слободните селани да се претворуваат во феудално зависни луѓе.

 

Црковните феудалци — духовници, на чело со самиот архиепископ, употребувале и други начини за зголемување на црковниот фонд земја. Архиепископот Теофилакт, на пример, бил обвинет дека на охриѓаните, а и на мнозина други, обвинувајки ги дека се еретици — богомили, многуженци или дека стапувале во незаконски бракови, им наложувал „црковни казни“ и на тој начин им ги заграбувал нивите, лозјата и др. Сето тоа и овозможувало на црквата да се претвори во крупен феудален сопственик. За разлика од почетокот на XI век, кога одделните епископи, а и архиепископот се ползувале само со неколку десетици зависни луѓе (парици и клирици), при крајот на истиот век црковниот фонд земја и нејзиното работно население се зголемиле толку многу, што тие владееле со цели села, заедно со нивните жители. Така, на пример, Охридската архиепископија во време на архиепископувањето на Теофилакт располагала со повеќе села, одделни имоти, планински пасишта, воденици, рибници и сл., кои се наоѓале не само во охридската област, туку и надвор од неа.

 

Во XI и XII век манастирите во Македонија исто така располатале со крупни феудални имоти и голем број зависно население. Институтот харистикија (практиката да се даваат манастири или манастирски имоти на световни лица), што се развил во овој период, не ги погодил еднакво сите манастири. Започнатото давање на манастирски стопанства на световни лица — харистикијари ги засегнало само послабите и недисциплинираните манастири, таму каде што завладувала анархијата. Харистикијарите требало да ги направат порентабилни, а истовремено да ја заздрават управата над нив. Харистикијарот, располагајќи со сопствен апарат за принуда, бил во состојба да ја стабилизира власта во таквите манастири, при што независните селани биле принудувани да им се потчинуваат на феудалните господари и на државата. Власта на овие харистикијари била толку голема, што дури и архиепископот не бил во можност да ја наложува својата волја над таквите манастири.

 

Растежот на световниот феудален земјопосед исто така зел замав во времето на византиското господство. Еден од патиштата на тој растеж било раздавањето земји и работно население на пронијарите. Суштината на пронијата се состоела во тоа, што пронијарите добивале од централната власт дел од селските имоти, цело село или повеќе села заедно со нивните жители, на доживотно уживање. По богатите македонски полиња, особено по текот на реките

 

151

 

 

Вардар и Струма, маса пронијари добиле такви земјопоседи. Пронијарите, од своја страна, се задолжувале да исполнуваат воена служба и да собираат од потчинетото население војници, со кои требало да учествуваат во војните што ги водела државата, кога за тоа ќе биделе повикани.

 

Крупниот световен земјопосед растел и преку насилно одземање на имотите од опустошените општини, преку влегување во патронатски односи со општиниците, преку купување имоти по ниски цени и сл.

 

Покрај големиот број феудалци од грчка, ерменска и друга народност, во Македонија имало и голем број домашни феудалци. Покрај тоа што голем број од нив си ги зачувале своите имоти уште во почетокот на византиското господство, и самиот развиток на феудализмот придонесувал од пазувите на општините да излезат нови македонски феудалци. Теофилакт известува дека во Охридско и во другите македонски области постоеле голем број „кастрини“, кои располагале со свои стопанства. Овие „кастрини“ не биле секогаш провизантиски настроени. Голем дел од нив биле на страната на својот народ во борбата против тугото господство. Овие македонски „првенци“, покрај тоа што располагале со дворци на своите имоти, имале и големи раскошни куќи по градовите.

 

Во тесна врска со растежот на крупниот феудален земјопосед бил и засилениот развиток на имунитетот, кој значел збир на судски, административни и финансиски праза на феудалецот. Масовното настојување на феудалците се повеќе да се здобиваат со имунитет се должело на фактот што само на тој начин тие можеле да дејствуваат самостојно, кога било во прашање собирањето на даноците во вид на феудална рента за државата и за самите нив. Поради зајакнувањето на централната власт, феудалците не биле во состојба да се претворат во самостојни господари по одделните области, како што било случај подоцна, од крајот на XII век, кога централната власт ослабнала, па сепаратизмот на феудалците можел да дојде до полн израз.

 

Во текот на XI и XII век феудалците најчесто располагале со ограничен, а често пати и со привремен финансиски и административно-судски имунитет. Ретки биле случаите феудалците да се здобиваат и со целосен имунитет.

 

 

4. Категории на феудално-зависно население

 

Со нараснувањето на крупниот феудален земјопосед се отишло доста напред во претворувањето на слободното македонско население во феудално-зависно. Поради различните начини и патишта на вовлекувањето на селаните во зависност од феудалците се создале и повеќе категории феудално-зависно население.

 

152

 

 

Занимања на населението — минијатура од крајот на XII век (Париска национална библиотека)

 

-----------------

 

 

Основна категорија биле париците. Тие биле такви селани кои и натаму останувале да живеат на своите наследни имоти, само што сега над нив врховна власт имале феудалците. Во XI и XII век во времето на засилениот пролес на развитокот на феудалните односи, феудализмот не достигнал дотаму за да се смета дека сите парици биле крепосници. Во ова време париците се уште можеле да се движат од едно место на друго, иако не е исклучена можноста и во овој период да имало поединечни случаи на нивно закрепостување.

 

Покрај париците, постоел и друг вид зависно население кое се означувало со терминот „проскатимени" (προσκαθή μεναι). Тоа биле селани одделени од општината кои, како безземјаши, се настаниле на феудалните стопанства, или пак имале земја одделно од општината.

 

Одделна категорија биле и отроците. За нив, на пример, се спомнува во преписката на Теофилакт. „Отрочината“, која требало да им ја даваат свештениците на Полог на државните даночни чиновници, покажува дека таквите свештеници држеле под своја власт отроци кои работеле на црковната земја, односно на земјата на свештениците. Терминот „отрочина“ (ὸτρῶτζινα) зборува и за тоа дека отроците биле вклучени во производството како занаетчии, земјоделци, а и дека вршеле работа како домашни слути итн. Отроците постепено се здобивале со имоти. Но за разлика од паричките, тие спаѓале во личниот домен на феудалците, а не биле наследни. Исто така отроците, за разлика од париците, биле лично врзани за господарите. Последниве можеле заедно со земјата да ги продаваат отроците на друти господари.

 

Блиско до отроците биле робовите. По својот статус робовите од XI и XII век не биле слични на оние од класичната робовладетелска епоха. Напротив, тие од основа се разликувале, зашто постепено се здобивале со имоти од феудалните господари, а заедно со тоа и со извесни права. Во ропство потпаѓале тие луѓе што не биле во состојба да ги измират давачките спрема државата. Во врска со тоа, Теофилакт известува дека честа била појавата во Македонија практорите да ги земаат во ропство децата на таквите данокоплаќачи „како добичињата, на десет или на пет едно“. Покрај ова, робовите се регрутирале и од она население што зело учество во класната и ослободителната борба против Византија. Сепак, во Македонија, кадешто од крајот на XI век осетно се зголемил крупниот феудален земјопосед, робовската експлоатација била изживеана, и се повеќе заменувана од феудалната. Оттука робовите по својата

 

153

 

 

положба во овој период се повеќе биле изедначувани со другите категории зависно население.

 

Одделна категорија биле и клириците. Нив ги добивале духовните феудалци заедно со париците. Клириците располагале со свои сопствени стопанства. Нивната положба била поонослива отколку таа на париците. Клириците се користеле и со извесни ограничени привилегии кои ги добивала црквата.

 

Одделна категорија зависно население биле и оние занаетчии што работеле на феудалните стопанства. Такви биле ѕидарите, казанџиите, ковачите и др.

 

Но извесни правни и имотни разлики постоеле не само меѓу одделните категории зависно население, туку и меѓу зависните луѓе од една иста категорија. Таквите разлики во голема мера зависеле од имунитетот што го поседувал феудалниот господар.

 

 

5. Влошување на економската положба на народот

 

Финансиската политика на Византија во потчинетата Македонија водела кон тоа населението, без разлика дали било феудално-зависно или не, да се обремени со големи давачки, кои биле неопходно потребни за намирување на државната каса. Над македонсхото население биле стоварени три вида феудална рента: работна, натурална и парична. Работната рента (ангаријата), доколку одела во полза на државата, му била наложувана на целото население, додека феудално-зависното население морало да работи и за својот феудален господар, поради што неговата положба била значително потешка од таа на населението што живеело во рамките на своите слободни селски општини. Размерот на оваа бесплатна работа не бил определен. Не бил редок случајот, особено во летните месеци, таа да трае и по неколку дена во неделата.

 

Најтешката ангарија била кастрохтисијата, која се состоела во бесплатно поправање на тврдините или пак во изградба на нови. Населението морало со свој добиток и инвентар да носи песок, камења, дрва и сл. Оваа ангарија добила големи размери поради тоа што територијата на Македонија била постојано изложувана на пустошење од внатрешни и надворешни борби.

 

Освен тоа, македонското население, било задолжувано да гради и да поправа патишта (одострозија) и мостови (гефире), да изработува кораби (катергоктизија), да меси и да пече леб за војската (псомозимија) и друго.

 

Вториот вид рента — натуралната, или рента во продукти, била доста разнообразна. Македонското население било задолжувано да дава разни продукти, како за државата

 

154

 

 

така и за феудалните господари, до колку било феудално-зависно. Натуралната рента ја сочинувала десетината што се земала од житото, рибата, добитокот итн. Покрај тоа, населението давало и разни доставки за војската и државните чиновници. За таков вид намети обично се употребувал изразот „епирија". Особено тешка епирија било давањето тотслон и храна на војската (митатонот). Не помалку тешка епирија било давањето потслон и храна на управникот на темата, на практорите, анаграфевсите, судиите и други чиновници (аплектонот).

 

Практиката да се даваат подароци (милигмата) на државните чиновници, исто така тешко се одразувала врз положбата на македонското население, зашто, како што истакнува Теофилакт, тие станувале лакоми, барале секогаш од оние „што дале еднаш“, и, ако не добиеле беснееле. Овие подароци во изворите се познати како канискија, или антиканискија, кога се давале во пари. Натуралниот размер на канискиите се состоел во тоа, што секое селско домаќинство било должно секоја година да им дава на чиновниците еден леб, една кокошка, еден модиј (8,76 кг.) јачмен и половина мера вино.

 

Давачки во натура земале и духовните феудалци. Во времето на собирите и слично, за црковните великодостојници од населението дополнително се собирала храна, вино и друго. Освен тоа, Охридската црква земала давачки во натура и по установениот каноникон. Уште во почетокот на византиското господство, императорот Василиј II и овозможил на Охридската архиепископија да зема установен или каноничен данок од сите што живееле во нејзиниот диоцез, па дури и од Власите и Турците — Вардариоти. Подоцна некои императори се потрудиле да го регулираат размерот на канониконот. Така, Исак I Комнен (1057—1059) издал новела, со која секое село што имало 30 домаќинства било должно да доставува секоја година по една златна номизма, две оребрени монети, еден овен, шест модии јачмен, шест мери вино, шест модии пченично брашно и триесет кокошки. Село, пак, што имало 20 домаќинства плаќало половина златна номизма, една сребрена монета, една овца, четири модии јачмен, четири мери вино, четири модии брашно и 20 кокошки. Село со 10 домаќинства давало пет сребрени монети, едно јагне, два модија јачмен, две мери вино, два модија брашно и 10 кокошки. Подоцна, во 1085 година, императорот Алексиј I Комнен одново потврдил хрисовул за канониконот. Со овој хрисовул размерите во натура не се измениле, а се изменило само паричното земање.

 

Третиот вид рента, паричната, исто така зела замав во овој период. Парите влегле во оптек особено по донесувањето на даночната реформа во 1040 година. Оттогаш регуларните државни даноци започнале да се земаат на место во натура во пари. За да дојдат селаните до пари, требало да

 

155

 

 

одделуваат еден голем дел од производството за пазарот. Значи, требало да се продаде стока за да се плати данокот. Со тоа започнала една нова етапа во развитокот на феудализмот, зашто му се дал силен поттик на развитокот на стоковно-паричните односи. Претворувањето на дел од натуралната рента во парична и утврдувањето на стоковно-паричните односи сведочи дека феудализмот достигнал повисоко ниво во својот развиток.

 

Паричната рента особено тешко се одразила врз животот на маќедонското население. Изворите од крајот на XI век сведочат дека во Македонија постоеле голем број крупни феудалци кои имале натрупано „илјади таланти" и кои секој ден броеле „со крини (1 крина = 8,46 кг) златни монети“. Сето ова било резултат од развитокот на феудалните односи, кој земал силен замав, особено од втората половина на XI век, кога во Византија дошла на власт крупната провинциска земјопоседничка аристократија. Станувајќи се повеќе феудална, државата овозможила да дојде до израз централизираната феудална рента. Со растежот, пак, на крупниот феудален земјопосед се отишло доста напред и во развитокот на приватно-сопственичката рента. Сите овие промени, се разбира, влијаеле за нарушување на принципите на стариот (римски) начин на оданочување. Промените во оданочувањето на населението во Македонија се состоеле во тоа што феудалците, добивајќи право да ги собираат државните даноци, кои повеќето се земале во пари и претставувале централизирана рента, ги смешувале со приватносопственичката рента. Не водејќи сметка за даночните норми што ги диктирала државата, феудалците ја земале рентата според обичајот односно традицијата. На овој начин селаните биле обременувани со поголеми давачки отколку што било случај пред тие да попаднат под власта на феудалните господари.

 

Главен и основен земјишен данок, кој се плаќал во пари, биз ѕевгологионот, кој уште се сретнува и под имињата ѕевгаратакион и ситаркија. Него го плаќале, како зависните селани, така и оние што живееле во рамките на слободните општини. Ретка била појавата феудалците да поседуваат такви привилегии што би им гарантирале ослободување од овој главен данок. До колку некои се здобивале со полн имунитет, тој се утврдувал со специјална грамота и честопати бил привремен. Со оглед на фактот дека со полн имунитет феудалците се здобивале многу ретко во овој период, ѕевгологионот претставувал данок кој и носел најголеми приходи на државната каса.

 

Во паричните даноци спаѓал и данокот наложуван на секое домаќинство (капниконот), потоа данокот за пасишта (еномионот) и данокот за пчели (мелисономонот).

 

За разлика од овие даноци, кои биле редовни, населението на Македонија морало да плаќа и дополнителни даноци. Кон таквите, во прв ред, спаѓал аериконот. Тој бил

 

156

 

 

еден вид судска глоба што ја плаќало целото село. Сумата на аериконот се определувала во зависност од штетите што ги направиле селаните.

 

Во пари се плаќал и еден дел од канониконот, што го земала Охридската архиепископија. Неговиот размер зависел од бројот на домаќинствата по селата.

 

Населението од Македонија плаќало и такси за премин на реките. Тоа биле т. н. „речни царини“. Се земало такса и за ловење на риба (виваропактон), за мелење на воденица (милопактон) и за венчавка. При венчавање епископите земале една златна номизма од младоженецот и 12 лакта платно од невестата. Се земале пари и од оние лица што се суделе на црковни судови, потоа од оние што добивале свештенички чинови, државни чинови итн.

 

Имало и многу други давачки што се земале по некаква традиција, самоволно, и што не биле регигстрирани.

 

Општо земено, од XI век давачките на потчинетото македонско население биле значително зголемени. Тоа дошло и како последица од завладувањето на голем дел од малоазиските поседи на Византија од страна на Турците, па централната власт била принудена да ги зголеми даноците на потчинетото население од балканските поседи. Во таа смисла Македонија била доста засегната. Во неа биле испраќани голем број чиновници (практори, анаграфевси, екпросопи, судии и други), кои вршеле постојани ревизии на данокоплаќачите. Притоа, тие не се држеле секогаш за нормите, туку покажувале самоволие. За тоа зборува и Теофилакт Охридски, наведувајќи дека чиновниците при измерувањето на земјата го „скусувале јажето“ (мерката за мерење) и со тоа барале да се плаќа повеќе отолку што требало.

 

Во Македонија надошле и голем број данокооткупувачи, кои исто така ти зголемувале давачките.

 

Поради несносливата положба, потчинетото население честопати се дигало против своите господари. За селани што се бунтувале за да добијат „олеснување од наложените давачки" соопштува и Теофилакт. Феудалната експлоатација станала потешка и поради тоа што црквата, како феудална институција, ги зголемила размерите на обврските, определени со стариот начин на оданочување.

 

Најпосле, и војните водени на македонска територија, исто така, доста придонесувале да се влошува положбата на македонскиот народ. Од нападите на Норманите, Србите, Печенезите, крстоносците, а и на различните узурпатори, најмногу страдало македонското население, кое било истребувано, пљачкосувано, заробувано итн. Не помалку опасни за населението на Македонија биле и епидемиите. Од нив изумреле маса луѓе. Живите пак биле принудени да ги намируваат даноците и за умрените. Честа била и појавата државата да зема даноци и за неколку години наназад (се земале даноци за одамна срушени воденици и сл).

 

157

 

 

 

ГЛАВА II. БОРБА ПРОТИВ ВИЗАНТИСКАТА ВЛАСТ

 

 

1. Востанието на Петар Делјан

 

Уште од првите години на византиското господство македонскиот народ водел како стихијна така и организирана ослободителна борба. Писателот Михаил Псел пишува дека не поминало „долго време“ откако императорот Василиј II ја уништил државата на Самуила и откако ја „присоединил наполно разбиена кон ромејската власт“, кога потчинетиот народ започнал одново да ја пројавува „поранешната своја дрскост". И Скилица известува дека народот „кој тукушто го свил вратот под ропството" се стремел „силно кон слободата". Охриѓаните — соопштува тој — биле готови да се вооружаат и да се дигнат против Византија веднаш по паѓањето на градот Охрид под византиска власт. И Теофилакт Охридски пишува во своите писма дека во провинцијата Македонија работите биле секогаш пред „сеништето на војната“, зашто „варварите“ (т. е. Македонците) не престанувале да мислат „за нивните честити времиња“.

 

Веќе во 1040 година во потчинетата Македонија избувнало народноослободително и антифеудално востание. Непосреден повод за востанието била финансиската реформа што византиската централна власт ја спровела во истата, 1040 година. Оваа реформа подготвена од Јован Орфанотроф, брат на императорот Михаил IV (1034—1041), коренито ги променила работите. Кога Василиј II ја потчинил Македонија — пишува Скилица — не го изменил многу даночниот систем што бил во сила за време на управувањето на Самуил. Меѓутоа, Јован Орфанотроф наредил македонското население „да плаќа нумизми наместо храни“. Промените значително ја влошиле и онака тешката положба на македонскиот народ. Отсега требало на пазарот да се носат повеќе производи за да се претворат во пари. Нумизмите што се одземале од македонското население — соопштува Теофилакт — биле покриени „со солзи и болки“, зашто било тешко да се добијат. „Месното население — вели Скилица — не можело да го поднесува лесно тоа, па затоа, кога нашло погоден случај со појавата на Делјана, го отфрлило ромејското господство и се вратило кон својот стар закон... “ .

 

159

 

 

Водачот на востанието Петар Делјан потеннувал од царски род. Тој бил син на Гаврил Радомир од неговата прва жена, ќерка на унгарскиот крал, која, како што известува Михаило Деволски, бремена ја избркал за да се ожени со Ирина, убавата робинка од Лариса.

 

Не случајно на чело на востанието застанал Петар Делјан. Се уште биле свежи традициите за македонската држава, па затоа народот барал, како што известува Псел, предводници од „царски род“. Со оглед на тоа што другите претставници на Самуиловиот царски род биле одведени далеку во малоазиските поседи на Византија, а Делјан бил најблизу, решението паднало тој да ги предводи. Иако за некои од современите византиски автори Делјан важел како „незаконороден", бидејќи се родил по разводот на Гаврил Радомир со унгарската принцеза, тоа не пречело народот да го издигне „на штит“ и да му ја довери „власта“.

 

Востаниците си обезбедиле и извесна надворешна поддршка, во лицето на унгарскиот крал. Фактот дека востанието започнало во моравско-белградските области гранични со Унгарија, јасно покажува дека во него бил вмешан и унгарскиот владетел. Според Псел, Делјан бил доста „опитен во военото дело“, што најверојатно го изучил на унгарскиот двор.

 

Петар Делјан, откако бил признат „за цар“ од многубројната востаничка војска која се насобрала околу Белград, тргнал — известува Скилица — кон Ниш и Скопје. Насекаде кадешто поминувала, војската на Делјана била својски пречекувана и зголемувана.

 

Кога се кренало востанието, византинскиот император Михаило IV се наоѓал на лекување во Солун, па не можел благовремено да интервенира. Тој дури и не мислел дека опасноста е толку голема. Бил изненаден и управникот на Скопје, Со помошта од месното население, востаниците бргу го освоиле Скопје. Дури тогаш, со паѓањето на овој важев стратегиско-управен центар, Византијците му обрнале поголемо внимание на Делјановото востание.

 

Стратетот на Драчката тема Василиј Синадин, ставајќи се на чело на „месните војски“, побрзал — известува Скилица — „да излезе против Делјан, пред злото да се зголеми и да запали пожар“. Но кога стигнал до Дебар, тој се спречкал со еден од потстратезите, Михаило Дермокаит, и бил наклеветен пред царот, дека замислува преврат. Веднаш бил отстранет од службата и затворен во солунската темница. Неговото место го зазел Михаило Дермокаит, кој ја „извршувал неопитно и лошо должноста и за кратко време се обрнал наопаку“. Неговите потчинети, измамувани и ограбувани лично од него, не му укажале послушност Војниците дигнале дури и бунт против него. Исплашен и оставен без поддршка, Дермокаит избегал. Побунетите ввјници — известува Скилица — „од страв пред императорот“

 

160

 

 

дигнале востание и прогласиле за цар еден војник „од својата средина, по име Тихомир, познат по својата храброст и разум“.

 

Новите настани се заканувале востанието да биде расцепено, зашто се создале два востанички центра, од кои едниот — известува Скилица — го признавал за цар Делјана, а другиот Тихомира. Но откако биле убедени и војниците на Тихомира дека единствено Петар Делјан го води своето „потекло од Самуил“, Тихомир бил едногласно убиен и на овој начин „целата власт минала во рацете на Делјана".

 

Обединувајќи ги востаничките сили под единствена команда, царот Петар ги проширил своите акции. Со цел да се обезбеди откај Драч, каде што византиската флота можела во секој момент да истовари нова војска, Делјан таму испратил еден дел од својата војска. Поддржувана од населението, испратената војска успеала да ја потчини Драчката тема. На овој начин слободната востаничка територија значително била зголемена.

 

Царот Петар, ставајќи се на чело на поголемиот дел од војската, се упатил кон Солун. Изненадениот византиски император, кој се уште се лекувал во овој град, избегал во Цариград. Нему не му пошло од рака дури ни да го однесе своето богатство. Сиот багаж, шаторот заедно со златото, среброто и алиштата, му ти оставил на Мануил Ивец, еден од неговите блиски луѓе, тој да му ги донесе. Меѓутоа, Мануил Ивец, кој, по се изгледа бил син на Самуиловиот војвода Ивец, кој доста долго му давал отпор на Василиј II, заедно со евнухот Китонит и довереното богатство, им се придружил на востаниците.

 

Паничното бегство на болниот император предизвикало дезориентација во редовите на византиските воени единици што биле сконцентрирани по балканските теми. Искористувајќи ја ваквата ситуација, а и сé поголемото незадоволство на потчинетото македонско, бугарско, српско, влашко, грчко и албанско население, Петар Делјан упатил свои војсќи на повеќе страни.

 

Една војска, под командата на Антим, испратил на југ во темата Елада. Антим се спуштил длабоко во средна Грција и достигнал дури до градот Тива. Тука бил пресретнат од силна византиска војска, командувана од Алакасевс. Победил Антим. Голем број тиванци биле убиени.

 

Востанието се проширило и во Новпактската тема, која се наоѓала јужно од Драчката тема, на местото на стариот Епир. Со исклучок на Новпакт, целата тема била ставена под власта на царот Петар.

 

Главната причина за прифаќањето на востанието од населението на Новпактската тема, според Скилица, се состоела во тоа што практорот Јован Куцомит, кој дошол од Цариград за да ги собира државните даноци во темата,

 

161

 

 

пројавувал голема алчност, па поради тоа жителите се побуниле и го исекле на парчиња. Ним им бил омразен и императорот, па затоа со одушевување му се придружиле на Делјана.

 

Охрабрен од победоносниот тек на востанието, Петар Делјан се готвел да го нападне Солун. Во Тесалија успеал да ја заземе Деметријада, град кој се наоѓал на северниот брег на Пегејскиот Залив (денешен Воло). Освен тоа, Кекавмен известува дека и Сердика (Софија) паднала под власта на Делјана.

 

Со проширувањето на востанието во средна Грција, Албанија, Србија и Бугарија, под власта на царот Петар се наоѓала веќе една голема територија, во која покрај Македонците живееле и Бугари, Срби, Грци, Власи и Албанци. Составот на востаниците покажува дека на сите не им биле исти побудите што ги натерале да се дигнат против „ромејското господство". Грчкото население, на пример, очекувало од победоносното свршување на востанието ослободување од „прекумерните даноци“. Сево ова зборува дека востанието на Петар Делјан имало и народноослободителен и антифеудален карактер.

 

Брзото ширење на востанието предизвикало незадоволство во високите кругови на Цариград. Погоден од тоа, императорот „решил да тргне на поход против нив (востаниците) и да застане на чело на целата војска“ — пишува Псел.

 

Откако се ставил на чело на одбраната војска, императорот се упатил во Македонија. Во меѓувреме, „додека уште траела војната — известува Псел — се случило нешто доста чудно“, зашто најубавиот Аронов внук Алусијан, кој бил „со блескав ум“ станал причина „за победа на императорот, без самиот да го сака тоа, но стремејќи се токму кон обратното“. Имено, кон крајот на 1040 или почетокот на следната година, Алусијан, вториот син на Јован Владислав (1015—1018 г.), кој бил патрициј и стратег на Теодосипол, град во Ерменија, избегал со цел да им се приклучи на востаниците во Македонија.

 

„Кога научил — вели Псел — што станува со неговиот народ и дека поради немање на царски потомок си одбрале (востаниците) да ги управува незаконороден и невистински цар, тој презел една голема дрскост. Ги презрел своите деца, ја заборавил нежноста на жена си и без да му го довери на некого од нив своето решение. . ., се упатил на запад од Далечниот Исток“.

 

Преоблечен, Алусијан отишол во Цариград, а оттука скришно избегал и им се придружил на востаниците во Острово, каде што бил Делјан со својата војска.

 

Петар Делјан го примил Алусијана и, оставајќи му под команда 40.000 војници, го испратил да го преземе Солун. Градот бил добро утврден и бранет од опитна војска под команда на управникот на Солун патрицијот Константин.

 

162

 

 

Последниот му дал силен отпор на Алусијана. Набргу Алусијан станал жртва на својата воена тактика. Без да ја постави опсадата на здрави основи, тој почнал веднаш да го напаѓа градот. Меѓутоа, византиските војски ненадејно излегле од градот и ја разбиле војската на Алусијан.

 

Според Скилица, Алусијан изгубил околу 15.000 војници. Мал бил бројот на оние кои бегајќи успеале да пристигнат кај Делјан во Острово, зашто голем број биле заробени. Меѓу избеганите се наоѓал и Алусијан.

 

Алусијановиот пораз го изменил одот на востанието. Наскоро дошло до раздор во востаничките редови. И Делјан и Алусијан се подготвувале за меѓусебно пресметување. Алусијан го испреварил Делјана. Приредил банкет, го поднапил и без да разберат неговите луѓе го ослепил. Набргу потоа, Алусијан ги оставил востаниците на милост и немилост и му се предал на императорот. Последниот го удостоил со магистерски чин и го испратил во Цариград кај Орфанотрофа.

 

Обезглавено, востанието било осудено на пропаст. Слепиот Делјан не можел да ја спречи паниката што насекаде завладеала.

 

На византискиот император не му било тешко да го ликвидира востанието. Откако во пролетта или летото 1041 година дошол од Мосинопол во Солун, тој веднаш се упатил кон востаничкиот центар во Острово. Слепиот Делјан без да дава сериозен отпор бил фатен и испратен во Солун. Императорот сега се упатил кон внатрешноста на Македонија за да го докрајчи востанието. Во Прилепско тој сретнал отпор од војските на Мануил Ивец, кој — вели Скилица — „кај Прилеп направил дрвена дема, со која мислел да го попречи подлабокото напредување на императорската војска и да ја задржи внатрешноста". Меѓутоа, императорот бргу ја разрушил дрвената преграда и го заробил Ивец. Потоа, откако го „покорил и потчинил под своја власт востанатиот народ“ — вели Псел — и откако поставил стратези по темите, императорот се вратил во престолнината заедно со многу заробеници, меѓу кои бил и „нивниот незаконски предводник со исечен нос и извадени очи“. Заедно со Делјана бил одведен и Ивец. Триумфалниот пречек на императорот во Цариград означувал дека востанието на Петар Делјан било насекаде ликвидирано.

 

Постоеле повеќе причини за неуспехот на востанието. Главна и основна била таа што дошло до раздор во востаничките редови. Еден дел од раководителите на востанието, претставници на македонската феудална класа, се исплашиле од одот на востанието, кое освен антивизантиски, ослободителен, се повеќе придобивало и антифеудален карактер. Појавата на Алусијан во востаничките редови уште повеќе придонесла да се разбијат востаничките редови. На страната на Алусијан поминале токму оние што го прифатиле

 

163

 

 

востанието само од лични, а не и од општонародни народ интереси. Токму тие, заедно со Алусијан, по поразот кај Солун, побрзале да му се предадат на императорот, за да ги зачуваат своите имоти и привилегиите.

 

По задушувањето на востанието, во Македонија одново насекаде била воспоставена византиската власт. Византиските гарнизони пак ги запоседнале воено-стратегиските места, биле обновени старите и изградени нови тврдини, биле назначени управници по испразнетите теми.

 

Последиците од востанието биле тешки. Византиските војски, во чиј состав влегле и норвешки наемници, командувани од војсководителот Хералд Хардрад, ја опустошиле Македонија. Македонското население било казнето и на тој начин, што во голем број било претворено во робје. Не бил мал бројот и на тие што ги изгубиле имотите. Покрај тоа, во Македонија надошла уште помногубројна администрација, која, заедно со војската, легнала врз грбот на потчинетите Македонци. Надошле и голем број нови феудалци, кои се здобиле со големи имоти и привилегии. Не бил мал бројот и на туѓите колонисти, што византиската држава ги населила со цел да го разбие етничкото единство на македонскиот народ.

 

Ваквите мерки на византиската централна власт придонесле уште повеќе да се зголеми политичкото и духовното угнетување на македонското население. Во резултат на таквиот гнет, во Македонија одново се заеилил отпорот. Класната борба зела силни размери. Богомилското движење започнало да станува се помасовно. Богомилите не биле само опасен класен непријател, туку вооишто борци против византиското господство.

 

Во 60-тите години дошло до ново востание, овој пат организирано од македонското влашко население во Тесалија. Но и тоа, како и Делјановото, било поставено на поширок план. Правецот на неговото дејство бил свртен кон север, со намера да се опфати сето македонско население.

 

За подготовките и текот на ова востание соопштува Кекавмен во својот „Стратегикон". Според него, востанието, организирано во градот Лариса и околијата, започнало во 1066 година. Управник на овој град бил протоспатаријот Никулица Делфин, чиј дедо Никулица го управувал градот во времето на Самуиловото владеење. Поради отсуство на член од Самуиловиот царски род, востаничките раководители му го довериле водењето на востанието на Никулица Делфин. Меѓутоа, Никулица не бил заинтересиран за победоносен крај на востанието. Тој бил во добри односи со императорот Константин X Дука (1059—1067) располагал со богати имоти во околината на Трикала, па затоа бил против секаков отпор што доаѓал од народот. Поради отсуство

 

164

 

 

на единство во раководството на востанието, востаничкото движење не зело широки размери, а ги опфатило само градовите Лариса, Трикала, Фарсала, и тврдината Китрос. Византискиот император нс дозволил востаниците да продрат во внатрешноста на Македонија. Со помошта на Никулица, кој ги издал востаниците, императорот успеал да го задуши овој отпор уште истата година. И покрај неуспехот, ова востание овозможило во 70-тите години да се организира ново, помасовно ослободително востание, чиј центар станал градот Скопје.

 

 

2. Востанието на Ѓорѓи Војтех

 

Во 1072 година само 6 години по задушувањето на востаничкото движење во Тесалија, во Македонија се дигнало ново востание, на чело со Ѓорѓи Војтех. Причина за ова востание била влошената положба на народот, што резултирала од спроведувањето на новиот курс на византиската финансиска политика на Балканот, кон која се прибегнало по претрпените порази во Мала Азија и Италија. Имено, во 1071 година Византија била катастрофално поразена од Турците — Селџуци кај Манцикерт. Во резултат на тоа Империјата била лишена од богатите поседи во Мала Азија. Истата година Византија претрпела уште еден горчлив пораз. Норманите го зазеле градот Бари. Со тоа и последниот посед во јужна Италија и било одземен на Византија.

 

Само што Никифорица, алчниот соработник на императорот Михаил VII Дука (1071—1078), започнал да ја спроведува својата финансиска политика, населението на Македонија се дигнало на востание. Центар на востанието бил градот Скопје. Со цел да обезбедат поддршка однадвор, македонските „првенци" се обрнале за помош до зетокиот владетел Михаил (1052—1081), кој бил син на Воислав, односно во роднински врски со Самуиловиот царски род. Михаил со задоволство се одзвал, „избрал 300 души од своите”, па заедно со синот Константин Бодин им ги испратил на востаниците. Последниот, откако дошол во Присдијана (Призрен), кадешто биле собрани скопските првенци на чело со Ѓорѓи Војтех, бил прогласен од востаниците за цар и бил преименуван од Константин во Петар, во чест на Петар Делјан.

 

Кога чул за востанието, дуксот на Скопје, Никифор Карантин, ги собрал соседните стратези и со здружена војска се упатил кон Присдијана. Меѓутоа, поради небудноста што дозволил во неговата област да дојде до востание,

 

165

 

 

Карантин бил сменет од својата должност од императорот Михаил VII Дука, иако отишол да ги попречи востаниците да навлезат во Македонија.

 

Новиот дукс на Скопје, Дамјан Даласин, откако се соединил со војската на Карантин, се однесувал потценувачки спрема него и другите стратези, навредувајќи ги дека биле „плашливци". Битката која се водела кај Присдијана била жестока. Вазинтиските војски биле страшно поразени. Мнозина Византијци биле убиени, а не бил мал и бројот на заробениците, меѓу кои се наоѓал и самиот дукс Дамјан Даласин. Бил заробен и целиот византиски логор.

 

По овој успех востанието почнало да зема широки размери. Бодин ја разделил востаничката војека на два дела. На чело на едниот дел се ставил тој и се упатил кон Ниш. Командата на другиот дел од војската му ја доверил на Петрило, „кој бил прв“ меѓу неговите луѓе. Тој бил испратен да ја ослободува внатрешноста на Македонија. Бидејќи Скопје било веќе ослободено од востаниците и го управувал Горѓи Војтех, Петрило се упатил кон Охрид. Преземањето на овој град било олеснето поради тоа што охриѓаните го дочекале Петрила како ослободител од византиското господство. Без отпор бил заземен и Девол. Деволскиот стратег, патрицијот и антипат Вурцис, како и охридскиот стратег Маријан, а „и мнозина други“, меѓу кои се наоѓале и голем број провизантиско настроени македонски феудалци, избегале во Костур, за да најдат заштита во неговата тврдина. Тука се наоѓал и костурскиот стратег. Насобраните овде со заеднички сили се готвеле да го пречекаат и да му дадат отпор на војсководителот Петрило. Откако дошол пред Костур и го нападнал традот, Петрило сретнал силен отпор. Здружените византиски војски дури излегле од градот и ненадејно и неочекувано ја нападнале војската на Петрило. Востаниците биле разбиени и натерани во бегство. Загинале голем број Петрилови војници, а не биле малобројни и оние што паднале во заробеништво. Меѓу нив се наоѓал и првиот Петрилов заменик. Самиот Петрило бегајќи „преку непроодните планини“ успеал да стигне кај својот господар Михаил во Зета. Овој катастрофален пораз го прекинал победоносниот од на востанието, зашто охрабрени од победата Византијците преминале во офанзива.

 

Другата војска, која ја предводел Бодин, успеала да ги истисне Византијците од нишката област. Но поразот кај Костур и преминот на византиската војска во офанзива го запреле победоносното движење и на Бодиновата војска.

 

Кога во Цариград императорот Михаил VII Дука дознал за срамниот пораз на дуксот Дамјан Даласин и за прогласувањето на Бодин за цар, го испратил против него

 

166

 

 

Михаил Саронит. Планот на војсководителот Саронит бил прво да го заземе центарот на востанието — градот Скопје, а потоа, откако ќе се утврди во него, да тргне во поход против Бодина. Кога, пристигнал до Скопје, Саронит го поканил Војтеха да се предаде, ветувајќи му дека ќе биде помилуван заедно со неговите луѓе. Исплашен од големата војска, Ѓорѓи Војтех ја прифатил понудата и го предал градот. Меѓутоа, тој не престанал да работи за повторно ослободување на Скопје. Користејќи згоден момент, го известил Бодина да дојде за со здружени сили да го повратат градот. Известен за тоа, Саронит со голема војска излегол од градот и го пресретнал Бодина во местото Таонион (денес Паун во Косово Поле). Бодиновата војска била поразена. Во ропство паднал и царот Бодин. Бил фатен и Ѓорѓи Војтех и заедно со Бодин испратен во Цариград. Но по патот, поради суровото мачење, Војтех умрел. Бодин бил затворен во црквата „Св. Сергеј“ во Цариград, а по извесно време му бил предаден на дуксот на Антиохија Исак Комнен. Со помошта на платеници — венецијанци, зетскиот владетел Михаил успеал да го ослободи Бодина и да го врати во Зета.

 

По обезглавувањето на востанието се ближел и неговиот дефинитивен пораз. Во текот на 1073 година Византија упатила нови сили во Македонија за да ги уништат одбранбените пунктови на оние изолирани востанички сили што продолжувале да даваат отпор. Во докрајчувањето на востанието учествувале и византиски наемнички војски, составени од Алемани и Франки. Пустошејќи по одделните области на Македонија, тие ги разрушиле дворците на македонските цареви во Преспа и го опљачкале тамошниот храм. Но и покрај репресалиите, македонскиот народ продолжувал да дава отпор. Византиската централна власт морала да испрати друга голема војска, на чело со дуксот Никифор Вриениј. Палејќи и уништувајќи се што му се спротивставувало, Вриениј успеал, најпосле, до крајот на 1073 година, да го скроти „народот на Словените", ставајќи го „одново под јаремот на Ромеите". Со тоа востанието на Ѓорѓи Војтех било дефинитивно задушено.

 

За неуспехот на востанието постоеле повеќе причини. Една од нив секако е таа, што востаничките сили не успеале да создадат една поголема и компактна слободна територија, која би послужила како база за натамошни успешни дејствија. Како и во Делјановото востание, и овде против востанието дејствувале голем број македонски феудалци. Бранејќи ги своите лични интереси, тие ги помагале византиските војски за уништување на востанието.

 

167

 

 

Во резултат на влошената положба на македонскиот народ, истовремено со ослободителната, живнала и класната борба. Еден од видовите на класната борба било настојувањето на селаните, кои паднале под „јаремот на парикијата", преку дигање бунтови да се ослободат од господството на феудалците. Друг вид класна борба бил оној, кога селаните колективно ги напуштале своите имоти и бегале во шумите за да најдат таму спас од прекумерните давачки. Таков бил случајот со селаните што живееле во близината на Деволската епархија. Сепак богомилското движење станало најмасовен израз на класната борба. А бидејќи борбата на македонските богомили истовремено била свртена и против ромејското господство, богомилското движење освен класен придобило и народноослободителен карактер.

 

 

3. Нов подем на богомилското движење

 

Уште по потчинувањето на Македонија во 1018 година, Византија морала да води долготрајна борба со македонските богомили, чие движење се повеќе се омасовувало за кон крајот на XI, а особено во XII век, да земе широки размери. Борбата на македонските богомили еднакво била свртена како против феудалните господари, така и против византискиот император и неговите световни и црковни соработници.

 

Особено живо станало богомилското движење од крајот на XI век, кога на чело на Охридската архиепископија се наоѓал Теофилакт (родум од градот Еврип на островот Евбеја). Против богомилството Теофилакт повел жестока борба. Во својата преписка, архиепископот наведува дека оние што се бореле против „јаремот на парикијата“ нашле поддршка кај „мнозина еретици“ — богомили. Во Охридско богомилството зело таков замав, што Теофилакт бил принуден да применува „црковни казни“. Со одземање ниви, лозја и слично од еретиците, Теофилакт сакал да го заплаши населението, кое масовно се приклучувало кон богомилското движење. Но и покрај суровите казни, тој не успеал да го задуши богомилското движење. Освен Охридската, и друтите области биле зафатени од ова опасно антицрковно и антидржавно движење. Ана Комнена пишува дека богомилското зло „со брзина на оган опфати многу души“. На чело на богомилското движење од крајот на XI век стоел попот Василиј, кој заедно со своите апостоли, а и жени-пропагатори, го распространил богомилското движење во сите области на Империјата, па дури и во Цариград.

 

Некои податоци од Теофилактовата преписка говорат дека својата рана дејност Василиј ја вршел меѓу македонското население. Иако не го спомнува неговото име, зашто во принцип Теофилакт избегнувал да ги именува непријателите на Византија, сепак распопениот свештеник, за кого вели дека се претворил во „општествено и државно зло“, најверојатно бил Василиј. Архиепископот употребил повеќе начини за да го скроти „демонот“, т.е. да се откаже од своето учење, но се било попусто. Еднаш дури успеал да го

 

168

 

 

затвори „проклетникот" во неговата кула, но морал да го ослободи, а тој продолжил да го „мачи божјиот народ“. Теофилакт барал од органите на световната власт да интервенираат и да го прогонат од македонските области, зашто сеел „заразна и општа болест“.

 

Во Македонија богомилството толку многу било раширено во народот, што цели населби станале богомилски. Во Пелагониско — пишува Вилхелм Тирски — Боемундовите крстоносци во 1096 година уништиле цела една населба, чии жители биле „еретици“.

 

Соочен со брзото ширење на богомилското движење императорот Алексиј I Комнен се зафатил лично да интервенира. Акциите на императорот истовремено биле свртени и против павликијанското движење, кое исто така зело широки размери. Имено, поради тоа што во Македонија, како и во другите балкански поседи на Византија, биле колонизирани голем број Eрменци и Сиријци, се создале услови за распространување и на павликијанската ерес.

 

И покрај суровите мерки што ги презел, Алексиј I Комнен не успеал да го ликвидира павликијанското и богомилското движење. Водачите на богомилското движење, на чело со Василиј, биле фатени и осудени на соборот во Цариград во 1111 година, а потоа и ликвидирани. Но богомилското движење не спласнало. Исто така не спласнало и павликијанското движење, и покрај тоа што маса Ерменци биле обратени во православна вера, а им биле вратени имотите и некои од привилегиите.

 

Богомилското и павликијанското движење особено се засилиле по смртта на Алексиј I Комнен (1118), за време на владеењето на неговите наследници. Во житието на епископот Иларион Мегленски се приведува дека во средината на XII век богомилството и павликијанството зеле такви размери, што дури и самиот император Мануил I Комнен (1143—1180) за малку ќе попаднел под нивното влијание. Иларион имал можност на самото место да се увери дека жителите на мегленската област биле заразени од манихејската, т.е. павликијанската и богомилската ерес. Слично како Теофилакт, и Иларион водел жестока борба со двете движења. Тој добил и писмено одобрение од императорот, за да го очисти своето паство од „еретиците". За силата на богомилското движење во овој период говорат и често одржуваните црковни собори во Цариград (1140, 1143 и 1156/57), кои се свикувани главно заради уништување на опасното богомилско движење.

 

И покрај суровите мерки, богомилското движење не било искоренето. Напротив, тоа станувало се помасовно, така што кон крајот на XII век ги зафатило скоро сите македонски области.

 

169

 

 

 

ГЛАВА III. НАВЛЕГУВАЊЕ НА НОРМАНИ, СРБИ И КРСТОНОСЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

 

 

1. Норманските завладувања во 80-тите години на XI век

 

Во почетокот на 80-тите години од XI век балканските поседи на Византија ги нападнале Норманите, предводени од Роберт Гвискард и син му Боемунд.

 

Сметајќи на поддршка од потчинетото балканско население, Норманите се управиле кон внатрешноста на Балканскиот Полуостров. Иако на чело на Византиската империја стоел способниот император Алексиј I Комнен (1018—1118), тој не можел да го спречи норманското ширење на Балканот, кое се вршело по патот Виа Егнатија. По големата победа кај Драч во 1082 година, Норманите навлегле длабоко во византиските поседи. Во 1083 година византиските војски биле повторно поразени кај Јанина. По овој пораз византиската одбрана била разбиена. Империјата почнала да губи една по една од балканските области. Иако поради внатрешни немири норманскиот владетел Роберт Гвискард се вратил во Италија, неговиот син Боемунд со успех ги продолжил освојувањата на Балканот. Нему му пошло од рака да заземе и еден голем дел од Македонија. Боемунд, како што известува Ана Комнена, лесно го зазел градот Охрид, бидејќи охриѓаните доброволно му се потчиниле. Но не можејќи да ја заземе охридската тврдина, во која имало сместено силен гарнизон, тој го оставил Охрид и се упатил да потчинува други македонски градови. Уште додека Боемунд се наоѓал во Охрид, другите делови од норманската војска, со помошта на месното население, освоиле некои од македонските области. Војсководителот Петар Алиф ги зазел двата Полога, а грофот Пунтес — Скопје. Од Охрид Боемунд се упатил кон Верија (Бер). Потоа отишол во Меглен, каде што ја обновил разрушената тврдина. Тука со еден дел од војската го оставил грофот Сарацин, а самиот се упатил кон реката Вардар и стигнал до т.н. Бели Цркви. Во ова место останал на логорување три месеци, а потоа се упатил и ги зазел Пелагонија, Трикала и Костур. Охрабрен од успехот, Боемунд се нафрлил да ја заземе и Лариса, но тука бил нападнат од силни византиски војски и доживеал пораз, во јануари 1084 година.

 

171

 

 

Императорот Алексиј I Комнен го искористил овој успех и преминал во офанзива. За истиснување на агресивните Нормани тој почнал да се служи и со поткупување на дел од норманските водачи. Особено го експлоатирал фактот што норманската војска долго време не била исплатена.

 

Во меѓувреме Боемунд морал да замине за Италија, за да донесе пари. Тој го напуштил Балканот, откако определил Костур да го чува Бриен, а Полог — Петар Алиф.

 

Дознавајќи за тоа, императорот Алексиј I отишол во Цариград за да собере нова војска. Со силна војска тој сега го нападнал Костур и го зазел. Бил предизвикан бунт меѓу некои од Боемундовите војсководители. Поткупени, тие го изневериле Боемунда. Наскоро, во 1085 година, умрел Роберт Гвискард. Веднаш потоа Боемунд бил принуден да се повлече од освоените балкански територии.

 

Норманските освојувања многу тешко се одразиле на македонското население. Тоа не само што било ограбено од Норманите, туку по нивното повлекување требало да биде и казнето што отпрвин ги поматало Норманите во борбата против византиските војски. Во градовите-тврдини заземени од страна на Норманите одново се сместиле византиските гарнизони, кои жестоко се однесувале спрема оние Македонци што зеле учество на страната на Норманите. Византиските војски, кои заведувале ред во провинцијата Македонија, просто го сечеле народот на парчиња во овие „грешни денови" — известува Теофилакт, очевидец на настаните.

 

 

2. Српските навлегувања и освојувања во 80-тите и 90-тите години на XI век.

 

Одмаздителните мерки на византиската држава спрема македонскиот народ не довеле до стабилизирање на нејзините позиции во Македонија. Напротив, активноста на Србите во пограничните поседи, по норманското повлекување од овие места, создала поволни услови за раздвижување на Македонците. Во Охридско — известува Теофилакт Охридски — работите станале „многу страшни" зашто Мокра, која била дел од охридската област, ја заграбил „робот и отстапникот“ Бодин, кој од 1081 година го наследил татка си на зетскиот престол. Тој ја зазел и Багора, планина соседна со охридските планини. По повлекувањето на Норманите, Бодин ја одзел од нив и драчката област, потоа склучил мир со императорот Алексиј I Комнен и му го вратил Драч. Меѓутоа, отстапувајќи од склучениот мир, поради што од Теофилакта бил наречен „отстапник”, тој упаднал со своите војски во Охридско, со што му дал нов поттик на ослободителното движење на македонскиот народ.

 

172

 

 

Исплашен од тоа, византискиот император му наредил на протостраторот Михаил Дука да собере нова војска и да го нападне „отстапникот" во „неговата земја“. Дошло до повеќе судири меѓу Бодина и Византијците.

 

Од крајот на 80-тите години Византија била загрозена и од рашкиот владетел Вукан, така што покрај охридската, сега и скопската област била изложена на напади од Србите. Тоа го натерало императорот Алексиј I Комнен лично да интервенира, преземајќи три похода (во 1091, 1093 и 1094 г.) за смирување на Србите. Но поради појавената опасност од Куманите, императорот бил принуден да му попушта на Вукана. По секое пристигање на српската граница, императорот обично се задоволувал со мирот што му го понудувал Вукан и со земените заложници.

 

Личното ангажирање на Алексиј I Комнен во смирувањето на Србите во почетокот на 90-тите тодини и овозможило на Византија да ги зачува позициите во Македонија. Во 90-тите години и Бодин бил спречен да упаѓа во Македонија. Со средувањето на своите граници спрема Србија, Византија успеала да го стивне и движењето во Охридско, не дозволувајќи и тоа да прерасне во масовно востание.

 

 

3. Навлегување па крстоносците од Првиот крстоносен поход

 

Тукушто било спречено српското освојување на делови од Македонија, во 1096 и 1097 година се појавиле крстоносците од Првиот крстоносен поход, кои, движејќи се по патот Виа Етнатија, навлегувале во македонските области. Поради агресивните напади на крстоносците, византискиот император Алексиј I Комнен бил принуден почесто да интервенира. Тој се плашел од задржувањето на големата крстоносна војска на Балканот, па најчесто водел попустлива политика спрема крстоносците. Тој обично влегувал во врска со секој предводник на крстоносната војска, настојувајќи да му даде вазална клетва. Но имало случаи кога императорот морал да употребува и сила за да ги натера крстоносците да го напуштат Балканот.

 

Преминот и задржувањето на крстоносците во Македонија тешко се одразувале врз македонското население. Особено страшни биле крстоносците што ги предводел Боемунд Тарентски. Во 1096 година Боемунд со голем број рицари се префрлил на Балканот и преку Драч и Авлона навлегол во Македонија. Сеќавајќи се за ѕверствата што ги вршеле Норманите во 80-тите години, македонското население верувало дека Боемундовата војска дошла да го уништи и ограби. Тоа откажувало да им продава на крстоносците храна, но Боемундовите крстоносци не се воздржувале од употребата на сила. Така, задржувајќи се неколку

 

173

 

 

дена во Костур, крстоносците заграбиле волови, коњи, маски и се друго што нашле. Напуштајќи го Костур, рицарите на Боемунд — пишува историчарот Вилхелм Тирски — нападнале една укрепена населба во битолско-прилепскиот крај, која била населена со „еретици“-богомили. Откако ја презеле и ја разурнале населбата, заедно со куќите ги изгореле и жителите.

 

За да го принуди Боемунда побрзо да ја напушти Македонија, императорот им наредил на Турците и Печенезите, кои дејствувале во составот на византиската војска, да ја пречекаат крстоносната војска во заседа кај Вардар. При преминот на реката, крстоносците на Боемунд биле нападнати, но непоразени го продолжиле патот кон Серез. Тука биле удостоени со големи почести и богати подароци што Византијците ги собрале од населението. Потоа го продолжиле патот за Мала Азија.

 

Во 1097 година низ Македонија минале и крстоносците од јужна Франција, предводени од грофот Рајмунд Тулуски и епископот на Подија, Адемар. Но овие морале брзо да ја напуштат Македонија, бидејќи тука паѓале во заседи и биле напаѓани од Печенезите, Куманите, Турците, Македонците и други.

 

Поради грабежите и убиствата што ги вршеле крстоносците, македонското население застанувало на страната на византиската војска, во борбата за нивното истерување од Македонија.

 

 

4. Повторни нормански освојувања во 1107—1108 година

 

Со префрлувањето на крстоносците на Исток, за извесно време се смирува состојбата во Македонија. Но веќе во почетокот на XII век Боемунд пак ги загрозил балканските поседи на Византија. Во 1104 година тој се вратил од Исток во Италија за да собере нова војска. Откако собрал голем број рицари и обезбедил поддршка од папата Пасхалиј II (1099—1118), кој исто така сакал да ја прошири својата власт на Исток, одново го загрозил Балканскиот Полуостров.

 

Императорот Алексиј I Комнен сконцентрирал голема војска во загрозените балкански поседи. Византија сега можела да организира поуспешна одбрана, зашто не била ангажирана со војна против други, поопасни непријатели. Според известувањето на Ана Комнена, Авлона, пристаништето Иерихо и Канина, му биле доверени на војсководителот Михаил Кекавмен, да ги чува со силни одреди војска. Тврдината Петрула, која го штитела патот Арбанон — Драч, ја заштитувал Лав Никерит. Војсководителот Евстатиј Камица, се сместил околу Арбанон. Главиница му била доверена на

 

174

 

 

војсководителот Алијат. Самиот император се улогорил во тврдината Девол, која се наоѓала во рамнината меѓу реките Шкумба и Девол.

 

Уште пред да стапи Боемундовата рицарска војска на Балканот, од страна на македонското население биле собрани голем број војници за византиската пешадија. Според Теофилакт, Охридската тема тогаш била просто оголена, поради прекумерното земање на населението во пешадијата. Засегната била и Пелагониската и другите теми.

 

Есента во 1107 година четириесетипетилјадната војска на Боемунд, натоварена на 200 транопортни и 30 воени бродови тргнала од Бриндизи и без да биде попречена од великиот дукс на византиската флота Контостефан се истоварила кај Авлона. Откако лесно го зазела овој град, Боемундовата војска се упатила кон Драч. Боемунд трипати го нападнал Драч, но не успеал да го заземе. Единствено успеал да го освои Арбанон и неколку околни тврдини. Рицарите успеале да го заземат и Дебар, за што соопштува и Теофилакт, наведувајќи дека тамошниот епископ го напуштил градот.

 

Но и покрај извесните успеси на Боемунд, византиската војска, командувана од императорот, успеала да однесе победа. Заобиколен од јаки византиски сили, Боемунд бил принуден да започне преговори за мир. Наскоро меѓу Алексиј I Комнен и Боемунд дошло до склучување на мировен договор, на реката Девол, во логорот на императорот. Деволскиот договор од 1108 година означувал и крај на политичката кариера на Боемунд Таренски. Последниот повеќе не се вратил на Исток, туку се повлекол во Италија кадешто и умрел во 1111 година.

 

Со свршувањето на војната меѓу западните рицари и Византија, византиската власт била затврдена во цела Македонија. Византиската централна власт можела сега поуспешно да излезе накрај и со внатрешните непријатели, особено со богомилите и павликијанците, чие движење зело замав не само во Македонија, туку и надвор од неа.

 

175

 

 

 

ГЛАВА IV. САМОСТОЈНИ ФЕУДАЛНИ ВЛАДЕТЕЛИ НА ПРОСЕК

 

 

1. Византиската власт во Македонија

 

Набргу по смртта ма императорот Маноил I Комнен (1143—1180) дошле до израз слабите страни на византиското општество, и тоа во таков обем и со таква силина што ја довеле државата на работ на пропаста. Крупните настани што се случиле во Византија, биле одраз на една лоша политика во целост а посебно спрема народните маси. Имено, Византија својата егзистенција ја засновала, во прв ред, врз експлоатацијата на селското население, како и врз угнетувањето на негрчките народности. Грчките или погрчените феудалци ги држеле раководните места во администрацијата како и во црковната организација. Вооружените сили на Византија биле добри, во прв ред, за внатрешна употреба, секогаш готови да го држат населението во покорност и да учествуваат во разни државни и дворски преврати. Големите феудалци, како и нивните чиновници, не ја почитувале законитоста и воделе грижа, пред се, за своите лични интереси. Злоупотребите и постојаните насилства само ја влошувале положбата во земјата. Цариградското население било вовлечено во борбата за власт што ја воделе одделни феудални групи од главниот град, како и од провинциите. И населението од другите градови било незадоволно од лошата финансиска политика, како и од положбата што се создала со давањето концесии на странските трговци. Народните маси честопати го изразувале незадоволството преку напади врз домовите на богатите земјопоседници а и со уништување на пописните книги. И граѓаните не ги почитувале секогаш правата на феудалните господари. Непослушноста ја искажувале особено при засилениот притисок на надворешниот непријател или во текот на борбата на централната власт против партикуларистичките сили. Велможите се одметнувале и порано од централната власт, но во ова време раокинувањето на врскмте со владетелите, преку откажување од клетвата, било честа

 

177

 

 

појава. Узурпацијата на власта редовно била проследена со вооружени судири, со обострани прогони, како и со примена на сурови казни. Во исто време царскиот двор станал место кадешто се правеле секакви политички комбинации и од кадешто потекнувале разни интриги. Постојаните промени на престолот, како и крвавите меѓусебни пресметувања во голема мера го намалиле угледот и авторитетот на централната власт.

 

Во времето на владеењето на Андроник Комнен (1183—1185) бил направен обид да се ограничи самоволието, како на крупните земјопоседници, така и на чиновниците. Новата влада им определила постојани и пристојни примања на чиновниците и истовремено предвидела строги казни за секое искажано самоволие, како и за примање на мито. Во исто време, со прокламирањето заштита за товарот на корабите настрадани во бура се охрабрувале претприемачите во нивните трговски потфати. Ваквите настојувања донекаде ја подобриле положбата во градовите. Меѓутоа, мерките што биле преземени имале ограничено дејство поради жилавиот отпор на феудалната опозиција. Андроник во својата активност останал осамен и без поддршка. Неговиот политички противник не бил скршен ни со конфискацијата на имотите, па ни со примената на смртни казни. Владеењето на Андроник Комнен било насилно прекратено, и тоа набргу по префрлувањето на Норманите на Балканскиот Полостров и по паѓањето на Солун под нивна власт, во 1185 година. Имено, Норманите, по примерот на своите претходници, од пред сто и повеќе години се истовариле одново во реонот на Драч. Одбранбените сили на Византија, кои биле запоставени и ослабени во текот на внатрешните борби, не можеле да му се спротивстават на непријателот и да го спречат неговото движење во правец на Солун. Во тоа време Солун бил богат и втор по големина град на Балканот. Тој бил и седиште на администрацијата, а во исто време економски и културен центар за едно пошироко подрачје. Норманите во август 1185 година навлегле во градот и притоа ограбиле голем плен. Норманската војска набргу потоа се упатила во правец на Сер и Мосинопол. Под притисок на Норманите византиската управа се распаднала во поголемиот дел од Македонија. Истовремено биле разнишани и византиските политички придобивки во северниот дел од Балканскиот Полуостров. Процесот на распаѓањето на византиската власт особено остро се искажал по периферните области на државата. Рашка, која своевремено, за владеењето на Андроник Комнен, ја откажала византиската арховна власт, започнала да го шири влијанието а и власта во соседните предели.

 

178

 

 

2. Добромир Хрс

 

Во почетокот на владеењето на Исак II Ангел (1185—1195) во Бугарија избувнало востание против византиската власт. Набргу потоа новонараснатите феудални сили во Грција и Бугарија се утврдиле во значаен политички фактор на Балканскиот Полуостров. Политичките настани во соседните земји влијаеле и врз ситуацијата во Македонија. Тукашните словенски феудалци, потхранувани од традицијата на минатото, се стремеле да ги зголемат имотите, богатствата, па и политичките права. Ова раздвижување на феудалците станувало во поволни околности, и тоа токму во времето на дејствувањето на норманскиот одред, а и во годините кога спласнувал политичкиот притисок на Солун врз околното словенско подрачје. Меѓу феудалците во Македонија што раскинале со цариградскиот двор бил и Добромир Хрс. Неговата активност се надоврзувала на востанието на Петар и Асен во Бугарија, иако Хрс не им се придружил на бугарските востаници. Во тоа време во Македонија имало и такви феудалци што ја почитувале и натаму централната власт и што останале во служба на Византија. Таков бил, на пример, Љутовој, кој како византиски клетвеник учествувал во борбата против востаниците во Бугарија. Споменатиот феудалец за „поработението", за заслугите во војната добил имоти во Скопско. Цариградскиот двор успеал да уреди мирни односи и со Добромир Хрс, кој во тоа време располагал со 500 вооружени луѓе. Меѓутоа Хрс подготвувал терен за зголемување на својата власт, ползувајќи се од политичката ситуација создадена во 1189 година со навлегувањето на крстоноониот вооружен одред што бил предводен од императорот Фридрих I Барбароса. Имајќи лошо искуство со крстоносците од првиот поход, кои своевремено се движеле по магистралите: Драч — Охрид — Битола — Солун — Цариград и Белград — Ниш — Софија — Пловдив — Одрин — Цариград, цариградскиот двор овој пат, при појавата на крстоносците од III крстоносен поход, презел мерки за заштита на попатните предели. Освен тоа, Византија покажала крајна претпазливост спрема крстоносците и поради нивните пријателски односи со Рашка како и со бугарските востаници. Поради ваквото држење на цариградскиот двор, германските рицари мачно и бавно се пробивале кон Цариград сретнувајќи ги патем недоверчивите и непријателски расположени византиски одреди. Еден дел од крстоносниот одред, барајќи храна за себе и за добитокот, се одделил од главниот пат и навлегол во Македонија. Во Градец крстоносците отепале мнозина луѓе и запалиле неколку згради, меѓу кои и тамошната црква. Потоа претходницата на одредот тргнала напред и се спуштила во Влахија (веројатно во Струмската област), „богат предел што не бил многу оддалечен од Солун“. Патем, минувајќи преку една висока планина крстоносците биле нападнати од тамошните жители. Во Влахија рицарите се судриле,

 

179

 

 

наводно, со бунтовници. Меѓутоа, крстоносците и покрај отпорот со кој биле посретнати заграбиле изобилен плен. Набргу таму пристигнала и главнината на одредот. Здружениот одред на крстоносците, пред заминувањето, ги уредил односите со тамошниот управник (жупан или сатрап), кој побарал мир за себе и за својата земја. Нема сомневање дека во преговорите како партнер на германските рицари се појавил лично Добромир Хрс. Само Хрс имал власт во близината на Солун и единствено тој можел да се спогодува со крстоносците без да има согласност од цариградскиот двор.

 

Во времето додека Византија била зафатена околу канализирањето на крстоносниот поход се засилиле и други нејзини политички противници, па и Рашка. Великиот жупан Немања со војската нападнал на блиските предели по горниот тек на реките Струма и Вардар. Тогаш биле заземени и разурнати покрај другите, и средновековните градови во Македонија, и тоа: Градец во Горни Полог, Лешок во Долни Полог и Скопје. Со уништувањето на овие византиски упоришта во близината на Просек, била создадена таква ситуација што подоцна му овозможила на Добромир Хрс да ја прошири својата власт сé до Полог. Но во дадениот момент Византија се уште имала доволно сили да го поврати изгубениот авторитет и да ја наложи врховната власт врз непослушните вазали. По заминувањето на Фридрих I Барбароса за Мала Азија, Византија со воени и други акции го зацврстувала изгубениот политички престиж во западниот и северниот дел на Балканот. Во текот на таа офанзива бил затворен и Добромир Хрс. Но по кратко време цариградскиот двор, согледувајќи ја потребата од неговите војнички услуги, го ослободува од затвор и го поставува за управник на Струмица.

 

Односите меѓу Добромир Хрс и цариградскиот двор набргу се измениле, по насилното симнување од престолот на Исак II Ангел, како и по засилувањето на бугарскиот притисок во областа на Струма. Имено, во првите години на владеењето на Алексиј III Ангел (1195—1203) во западните провинции дошло до вриење. Тогаш и Добромир Хрс, неочекувано за византиската администрација, повторно се зафатил со планови за формирање на една политичка заедница што би била независна од цариградскиот двор. Најнапред тој заседнал како самостоен господар во Струмица, а потоа го освоил Просек. Овој град Византијците го оставиле без посада, наводно, поради увереноста во поданичката оданост на тамошното македонско население.

 

Просек бил град по природа утврден и со единствена местоположба. Тој лежел на влезот на реката Вардар во Демиркаписката Клисура. Едниот дел на градот бил обграден со кањонот на Человечката Река. Оваа природна тврдина била зајакната со ѕидовите што биле изградени за обезбедување на стрмниот пат, а и на влезот во градот. Просек

 

180

 

 

доминирал над плодниот Тиквеш, во чија близина се наоѓале урнатините од средновековните градови Чрешќе и Велес. Околината на Просек била пространа и се протегала на запад до границите на темата Прилеп, на север до границите на темата Скопје, а на исток и југоисток до границите на темите Малешево и Струмица. Потесниот синар на градот изобилувал со дабови шуми, како и со пасишта за овци и говеда.

 

Веднаш ро Хрсовото освојување на Просек, во градот била сместена избрана посада. Освен тоа, градот бил опремен со справи потребни за одбрана, како и со доволно количество храна. На тој начин Просек станал тешко достапен, речиси неосвоив бастион, кој ја чувал „железната врата“ на патот Солун — Скопје. Таму, во Просек, Хрс го преместил своето седиште. На освоената територија Хрс ги укинал „ромејските" закони и вовел „варварска“ власт. Оттаму тој со војска напаѓал на серската област. Цариградскиот двор во 1199 година организирал воена експедиција против Хрса, сакајќи со тоа да им стави крај на неговите грабителски походи, а во исто време да го поврати изгубениот авторитет на централната власт во западните провинции и да ја зацврсти безбедноста на значајната камуникација Солун — Цариград. Византискиот цар, кој лично ја предводел војската, по навлегувањето на територијата на Хрса се упатил право кон Просек, и покрај советите на искусните грчки војводи да не го прави тоа. Но походот бил забрзан од дел на царските советници, особено од редовите на евнусите, кои мислеле дека војната непотребно би се одолжила ако пред тоа се зафатат со заземањето на други тврдини и села. Византиската војска на патот за Просек освоила некои утврдени места, попалила некои житни скривници и полиња и запленила некои Македоици што не успеале навреме да избегаат од воениот одред. Воениот поход на Алексиј III Ангел бил запрен, а подоцна и окршен под ѕидините на тврдиот Просек. Византиската војска едно време напаѓала на градот и по тешки борби проследени со големи загуби навлегла во предградието, кое штотуку било изградено со цел да се заштити градската порта. Меѓутоа, борбеноста на византиските војници бргу спласнала пред жилавиот отпор на бранителите а и поради лежерноста и небрежноста на нивните старешини. Посадата на Просек му нанесувала на непријателот тешки загуби особено со каменофрлачките, со кои вешто ракувал еден бивш византиски наемник што стапил во служба на Хрса. Во текот на борбата просечаните извеле и еден ноќен напад и притоа ги уништиле византиските справи за опсада. По неуспешниот напад на градот, византискиот цар ја прекратил борбата и стапил во преговори со Добромир Хрс. Според спогодбата, византискиот владетел ја признал власта на Хрса врз градовите Струмица и Просек. Со тоа, по една деценија борба и преговори,

 

181

 

 

придобивките на Хрса биле потврдени од цариградскиот двор. Во исто време бил договорен и брак помеѓу Добромир Хрс и ќерката на протостраторот Маноил Камиц. Заедно со политичкиот успех на Хрса, со зацврстувањето на неговата власт во близината на Солун, растел и угледот на Просек. Градот станал „славен“ во своите денови.

 

Но по кратко време дошло повторно до влошување на односите помеѓу Просек и Цариград. Повод за разидувањето меѓу довчерашните пријатели бил дедо му на Хрс, кој подолго време чмаел во бугарско ропство. Царот се покажал не само незаинтересиран за судбината на блискиот роднина на Хрса, туку и му го конфискувал нему имотот. Меѓутоа, Маноил Камиц сепак бил ослободен од ропство, и тоа на настојувањето на зет му, кој исплатил откуп во износ од 200 центенари злато. Камиц се прибрал во Просек и оттаму побарал од цариградскиот двор да му се надомести откупнината. По одбивањето на неговото барање протостраторот заедно со Хрса презел воена акција во западните провинции. Најнапред тие навлегле на соседната територија и притоа ги зазеле Пелагонија и Прилеп заедно со околиите. Потоа нападнале и на друга страна и освоиле и пооддалечени предели. По навлегувањето во Тесалија тие поттикнале востание во Елада, а придонесле дури Пелопонез да се одметне од царската власт, така што со востанието и вриењето било зафатено едно големо подрачје населено и со бројно македонско население. Востаничиите сили распрснати по западните провинции во голема мера ја изгубиле ударната способност. Во меѓувреме цариградскиот двор, имајќи доволно финансиски средства, опремил војска што била испратена во борба против протостраторот. Истовремено, византиската дипломатија лукаво го одделила Хрса од Камица, што во крајна линија водело кон слабеење на нивните сили. Набргу потоа Пелагонија и Прилеп потпаднале повторно под византиска власт. Меѓутоа, борбата на централната власт против Камица се одолжила уште некое време, бидејќи царските сили биле ангажирани и со задушувањето на востанието во Смоленската тема. Но и покрај тоа, тие ја зазеле Тесалија а со тоа биле скршени силите на протостраторот. Во 1201 година централната власт со измама загосподарила и со Струмица. Така по 15 години активен политички живот Добромир Хрс ги загубил скоро сите придобивки. Тој бил потиснат во изолираниот Просек и таму му се губи секоја трага, и тоа во времето кога Византија доживувала најтешка криза од своето постоење. Тогаш покрај западните и јужните брегови на Балканскиот Полуостров пловел здружениот одред на крстоносците и на Венеција. Во исто време и бугарските воени сили се раздвижиле во пределите од оваа страна на византиската граница, па во 1203 година во Просек била воспоставена бугарската власт.

 

182

  

 

3. Солунското кралство

 

Зацврстувањето на византискиот авторитет во западните провинции на Балканот имало сосем краток век. На преодот од 12 во 13 век Византија била зафатена од стопанска, социјална и политичка криза, па одвај го издржувала економскиот и воениот притисок на странските сили. Токму тогаш Венеција успеала да ги потврди правата што од порано ги имала на византискиот пазар, а покрај тоа да ги прошири трговските привилегии и на поголемото подрачје. Во повелбата на царот Алексиј III што и била дадена на Венеција во 1199 година се забележани и повеќе македонски населби, што зборува во прилог на проширувањето на венецијанската трговија и во Македонија. Подоцна, во текот на IV крстоносна војна, Венеција ги остварила вековните стремежи за воспоставување на трговски монопол и поморска доминација во источниот дел на Медитеранот. Тогаш венецијанскиот дужд Енрико Дандоло вешто ги користел финансиските тешкотии на крстоносците за освојувачки цели. Имено, западните рицари ја надоместувале венецијанската помош со војнички услуги. Крстоносците, при скудноста на средства, за пари му помагале и на бившиот цар Исак II Ангел да го поврати изгубениот престол. Меѓутоа, тие останале незадоволни поради неисплатувањето на вкупниот паричен износ што своевремено им го ветил Алексиј, син на царот Исак II, па решиле со употреба на сила да го остварат паричното надоместување. Тие нападнале на Цариград во 1204 година. Вооружените сили на Цариград не можеле да им се спротивстават на западноевропските рицари, како и на поморските сили на Венеција. Потоа византиската држава се распаднала, а нејзината територија делум била зафатена од Венеција и од крстоносците. Тогаш во еден дел од Македонија крстоносците формирале Солунско кралство на чело со Бонифациј Монтфератски. Високото рангирање на оваа латинска формација се објаснува со угледот што го имал Бонифациј Монтфератски, како и со големото богатство на градот Солун. Крстоносците во текот на заземањето на македонската територија заграбиле големо количество зрнена храна, добиток, како и други богатства. Истовремено во некои македонски градови се сместиле гарнизоди составени од западноевропските рицари. Во прво време, грчките феудалци, а особено оние од Солун, плашејќи се од народните маси, а со оглед на непосредниот притисок од Бугарија, се спогодиле со крстоносците, па без отпор, но под определени услови, им ги предале градовите. Освен тоа Латините претендирале и на оној дел од македонската територија што бил под бугарска власт. Имено, во тие години Скопје, Охрид и Бер веќе биле во ооставот на бугарската држава. Во Македонија се проширило и влијанието на католичката црква, во времето кога таа одржувала контакти и водела преговори со Бугарија.

 

183

 

 

По поразот на латинскиот император Балдуин, како и на други крстоносци, кај Едрене на 14. IV. 1205 година, бугарската војска, во придружба на некои Грци што биле разочарани од држењето на Латините, го нападнала и го разурнала градот Сер. Потоа бугарскиот одред навлегол на територијата околу Солун и таму се задржал подолго време. Бугарскиот притисок врз Солун се засилил во 1207 година, особено по загинувањето на Бонифациј Монтфератски. Бугарскиот цар Калојан, согледувајќи ја опасноста од латинското присуство во тој дел на Балканот, го нападнал и го опседнал градот Солун. Меѓутоа, опсадата на Солун била прекратена поради ненадејната смрт на Калојана пред ѕидините на градот.

 

 

4. Владеењето на Стрез

 

По смртта на Калојан во Бугарија се разгорела борба за власт. Новиот цар Борис ја немал поддршката на сите болјари. Тогаш во еден дел од Македонија ја зацврстил власта Стрез, кој потекнувал од бугарскиот царски род.

 

Благодарејќи на помошта што ја добил од Србија, тој заседнал во Просек и ја проширил власта близу до Солун и Охрид. Бугарски управници од таа територија му искажале послушност и ја признале нетовата власт. Меѓутоа, различниот состав на војската и на феудалците се одразил подоцна донекаде врз внатрешната и надворешната политика на Стреза. Во ова време и придобивките на Хрса не можеле да се одминат при новата политичка активност што потекнувала од Просек. Во текот на изминатите години се промениле политичките околности на границите на Стрезовата земја и се појавиле нови сили шјо не ги криеле територијалните претензии врз Македонија. Стрез, сообразувајќи се со дадената политичка положба, во првите години на владеењето ја почитувал целисходноста на соработката со Србија. Но во меѓувреме спласнал бугарскиот притисок, па Стрез воспоставил добри односи со Бугарија. Потоа Стрез презел воени авции на територијата на Солунското кралство. Во текот на борбата дошло и до потолем вооружен судир во Пелагонија во 1212 година. Во бојот Латините биле потпомогнати од Епирците, а просечаните од Бугарите. По загубената битка Стрез раскинал наполно со Србија и им се придружил на коалираните балкански сили на Латинското царство, Бугарија и Епирското деспотство. Стеван Првовенчани настојувал да го спречи вооружениот судир и да ги обнови поранешните пријателски односи со Стреза, на што работел и брат му Сава Немањиќ. Во меѓувреме, севастакраторот Стрез ненадејно починал во 1214 година, и тоа баш во текот на подготовките за напад. Политичките убиства во тоа време

 

184

 

 

биле честа појава, па најверојатно и Стрез паднал како жртва на заговор, организиран од страна на незадоволните болјари. Господството на Просек траело, со мали прекини, преку една деценија. Во тоа време, според еден византиски извор, власта ја држеле, наводно, варварите што не ги знаеле ромејските закони, поправо што не сакале да ги почитуваат византиските уредби.

 

 

5. Борба на соседните држави за превласт во Македонија

 

По смртта на Стреза дел од Македонија, заедно со Охрид и Скопје, потпаднал под епирска власт. Во тоа време ни Србија ни Бугарија не можеле да го спречат ширењето на друга сила во овој дел на Балканот. Србија била претпазлива во поглед на држењето спрема соседните држави, додека Бугарија не можела да се ангажира во Македонија, поради засилувањето на внатрешната опозиција, поправо на богомилството.

 

Епирското деспотство, израснато во годините на латинската наезда, веќе во втората деценија на XIII век фатило да ги зазема соседните земји. Тогаш тоа загосподарило и со поголем дел од Македонија. Во 1224 и Солун бил заземен од епирската војска. Веднаш потоа охридскиот архиепископ Димитрија Хоматијан го крунисал за цар епирскиот деспот Теодор Ангел Дука Комнин. Овој акт бил изведен против канонските прописи и ги искажувал епирските претензии и желбата на Епир да го обнови византиското царство. Меѓутоа, афирмацијата на Епир, како политички фактор на Балканот, имала краток век и била привидна. По поразот на епирската војска кај Клокотница во 1230 година Епир отпаднал од борбата што се водела за византиското наследство. Во исто овреме пораснал престижот и угледот на Бугарија. Бугарската војска по победата над Епирците ја завладеала Тракија, Македонија и дел од Албанија. Во Македонија тогаш се изменил составот во администрацијата и во црковната организација. Во македонските традовн се сместиле бугарски управници и гарнизони. Во исто време грчките владици во епархиите биле заменети со архиереи на бугарската (трновската) црква, која се здобила со ранг на патријаршија во 1235 година. Охридската архиепископија, која дотогаш и по хиерархискиот состав и по функцијата била грчка установа, изгубила од некогашното значење. Уште порано, во 1219 година, нејзината јурисдикција била намалена со прогласувањето на автокефалната српска архиепископија.

 

По смртта на владетелот Иван Асен II, во 1241 година, Бугарија, зафатена со внатрешни борби и притисната од Монголите, не можела да ја додржи власта во Македонија.

 

185

 

 

Тогаш никејската војска навлегла на македонската територија и притоа го зазела поголемиот дел од источна Македонија. Скоро потоа, во 1246 година, градот Солун потпаднал под никејска власт. Меѓутоа, градовите во западна Македонија станале поприште на една подолга борба меѓу заинтересираните балкански сили. Особено често ги менувале господарите градовите Скопје и Велес. Скопската област едно време ја држел Константин Тих, кој подоцна се искачил на бугарскиот престол. Во 1254 година никејската власт се зацврстила во Велес. По четири години, во 1258 година, српската војска напреднала во западна Македонија и притоа привремено ги зазела градовите Скопје, Прилеп и Кичево. Во 1259 година во битката во Пелагонија никејската војска ги победила здружените оили на Латините и на епирската држава, а потоа поспокојно се зафатила со завршувањето на големиот потфат, т. е. со заземањето на Цариград. Во 1261 година, по потиснувањето на власта на Латините од градот на Босфор, било обновено Византиското царство. Со тоа се завршил еден период од историјата на македонскиот народ од преку 50 години, кој бил исполнет со чести политички промени и со лесно менување на господари, односно со откажување од феудалната клетва и обврски. Во текот на изминатите војни претрпеле големи разурнувања населбите и стопанските објекти, со што се влошила уште повеќе и онака бедната положба на селското население во Македонија.

 

186

 

 

 

ГЛАВА V. СРПСКАТА ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИЈА

 

 

1. Ширење и зацврстување на српската власт

 

Обновената Византија речиси две децении, без вознемирување однадвор, владеела со Македонија. Во тоа време грчките феудалци ги обновиле некагашните права и привилегии во рамките на имотите што ги грабнале од словенските феудалци. Освен тоа, тогашниот византиски владетел Михаило VIII Палеолог со една одредба од 1272 година сакал да го обнови авторитетот и јурисдикцијата на Охридската архиепископија, во рамките на оние права што своевремено таа ти добила од царот Василиј II. Меѓутоа, територијалните рамки и другите права на бугарската и српската црква не можеле да бидат нарушени со декларацијата на споменатиот законски акт. Црковната политика на Византија, која била широко и нереално замислена, набргу се скршила во текот на нараснувањето на внатрешната опозиција, а и на отпорот на балканските држави.

 

Некако во исто време Византија ја обновила вооружената борба со соседните балкански земји. Во времето на владеењето на крал Милутин, во 1282 година, српската феудална војска од север, а воените сили на севастократорот Јован Анѓел Тесалиски од југ, навлегле во Македонија. Под српска власт потпаднале Горни и Долни Полог, Скопје, Овче Поле, Злетово и Пијанец. Скоро потоа кон Србија биле приклучени Пореч, Кичевско и Дебарско. Ова брзо српско напредување го олесниле донекаде и грчките феудалци кои пребегнувале во српскиот табор или се одметнувале во пограничното подрачје. Нешто подоцна, еден српски одред, кој бил составен од војници на владетелите Милутин и Драгутин, навлегол во долниот тек на реката Струма и притоа достигнал и до Крстопол. По ова српско навлегување византиската граница се утврдила на линијата што одела јужно од Дебар, од градот кај с. Коџаџик, па продолжувала северно од Дебарца, од градот Железнец, од градот кај с. Дебреште, од градот Велес, од градот Чрешќе, од градот Штип и преку Мородвис избивала на градот кај с. Тработивиште. Оваа гранична линија се одржала подолго време, веројатно и по четувањето на каталонската компанија во струмската област, на Атос и околу Солун во текот на 1307/8 година. Имено, според спотодбата меѓу српскиот крал Милутин

 

187

 

 

и францускиот принц Карло Валоа, од 1308 година, Србија ги задржала пограничните предели и тоа: Дебароката земја до Мат, кичевската земја до границите на Охрид, потоа земјата од границите на градот Прилеп до границите на градот Просек и најпосле овчеполската земја до границите на градот Штип. Милутин дополнително побарал да му се признае и Штип, што наводно го држел како свој посед. Но границата била немирно подрачје. Српските феудалци постојано војувале по пограничните планински и пусти места и притоа ограбувале добиток и ги држеле под своја контрола тамошните комуникации.

 

По четири децении изминати во средување на ситуацијата и во зацврстување на власта во освоените предели, Србија одново преминала во напад против Византија. Во тоа време византиската држава била прилично ослабната, нешто поради внатрешната несреденост, а нешто и поради турскиот притисок во Мала Азија. Српските феудалци ја искористиле поволната положба, па во времето на владеењето на Стеван Дечански се втурнале во пределите по долниот тек на реката Брегалница и по средниот тек на реката Вардар. Тогаш српската власт ја признале неколку градови: Штип и Чрешќе, на реката Брегалница, и Велес и Просек, на реката Вардар. На тој начин Србија завладеала и важни комуникации што воделе кон Солун, Струмица и Пелагонија. По заземањето на Просек во 1328 година српската војска навлегла во Демир Хисар и Дебарца и притоа се доближила до Охрид. Овој српски поход бил насочен кон една точка што имала големо значење за натамошниот опстанок на византиската власт во западните провинции. Поради тоа, византискиот цар Андроник III Палеолог (1328—1341) насобрал војска и со неа во 1330 година тргнал кон загрозеното подрачје. Движејќи се од Пелагонија кон Демир Хисар, византискиот одред го нападнал и го зазел средновековнцот град Бучин, кој лежел на излезот на реката Црна во пелагониската рамнина. Набргу потоа без борба се предале градовите во Демир Хисар и Дебарца, меѓу кои и Железнец (Сидерокастрон) на изворот на реката Црна. По победата на српската војска и по поразот на бугарската војска кај Велбужд, во 1330 година, византискиот цар се повлекол и притоа го оставил војводата Сиргијан во граничниот предел. Искуството од оваа воена епизода им послужило на српските феудалци по четири години успешно да ги обноват нападите под раководството на новиот владар Душан, а притоа, со помош и на грчкиот пребег Сиргијан, да заземат ред градови меѓу кои и Охрид, Железнец, Прилеп, Чемрен на реката Црна и Струмица. Набргу потоа војната била прекратена за едно време и двете страни се спогодиле околу граничната линија. Согласно со договорот, Лерин и некои други градови и биле вратени на Византија.

 

188

 

 

Српското напредување во јужните делови на Балканскиот Полуостров се одвивало во многу благопријатни околности. Во тоа време се заостриле класните спротивности во Византија, особено во градот Солун, кадешто приврзаниците на радикалното народно движење, познати под името зилоти, во 1342 година ја презеле власта од феудалната аристократија. Социјалната борба била проследена со конфискација на имотот на благородништвото. Во исто време и во другите делови на Византија дошло до политичко одметнување на феудалната аристократија. Но набргу земјопоседниците ги прибрале своите редови и преминале во напад против внатрешниот политички противник. Еден од најистакнатите претставници на земјишната аристократија, Јован Кантакузин, повел во исто време и борба за заграбување на врховната власт и притоа побарал и добил поддршка од Србија. Тој во 1342 година пристигнал во Приштина и се договорил со Душана по низа прашања од меѓусебните односи. Меѓу другото, станувало збор и за Хрелја, кој дотогаш бил вазал на српскиот крал, но се отцепил од Србија и му се придружил на Јован Кантакузин. По средбата во Приштина, кесарот Хрелја, кој порано бил протосеваст и велики доместик, се повлекол и се замонашил во Рилскиот манастир. Во 1343 година српската војска одново ги запоседнала градовите Струмица, па и Мелник, кои дотогаш ги држел Хрелја.

 

Несредената политичка ситуација во Византија и́ овозможила на Србија да продолжи со освојувањето и да се прошири во соседните јужни предели. Веќе во 1343 година српската војска загосподарила со градовите Костур и Лерин, што и порано кратко време ги држела Србија. Во истата година привремено потпаднал под српска власт и градот Воден. Српските феудалци, по повеќегодишни настојувања, го зазеле и градот Сер, во 1345 година. Скоро потоа, српската власт се проширила се до христополискиот Дервент.

 

Со последните освојувања на Душана, српската власт се проширила скоро на цела Македонија. Меѓутоа, градот Солун останал византиска енклава на претежно словенска територија. Во текот на изминатите децении, почнувајќи од првото освојување на Милутин, Србија израснала во балканска велесила. Српскиот владетел Душан, држејќи под своја власт голем дел од западните провинции на византиското царство, се прогласил во 1345 година за цар на Србите и Грците. Набргу потоа српската архиепископија била возвишена во ранг на патријаршија. Јоанакие, првиот српски патријарх, во присуство на трновскиот патријарх, охридскиот архиепископ, како и претставници на светогорските манастири, го крунисал Душана за цар, во Скопје на 16. IV. 1346 година. Покрај тоа, и други важни политички акти на српското царство биле врзани за македонската територија, меѓу кои и донесувањето на Законикот, во Скопје

 

189

 

 

во 1349 година, кој бил подоцна дополнет, веројатно во Сер. Меѓутоа, Византија не сакала да ги призиае политичките придобивки на Србија извојувани во времето на владеењето на Душана. Според оценката на грчката јавност, српските постигања биле, всушност, напад врз највисоките установи на „вечното царство". Имено, Србија направила голем престап што наводно ја узурпирала царската власт и што ги нарушила правата на цариградската патријаршија. Под обвинение за внесување смут и неред во „овоземските работи“, Душан и српската патријаршија биле анатемисани од страна на цариградскиот патријарх Калист, веројатно во 1350 година.

 

Српската власт се проширила и во Тесалија и Епир, и тоа во текот на 1348 година, баш во времето кога владеела чума во Европа. Меѓутоа, Србија имала прилично тешкотии околу средувањето на ситуацијата во освоените предели. Во 1350 година градовите Сер и Воден ги раскинале врските со српското царство. Опозиција против српската власт била забележана дури и во Скопје, кое било во тоа време прилично оддалечено од политичките настанувања во Византија.

 

 

2. Положбата на Македонија во српската држава

 

Во времето додека била под византиска власт Македонија била поделена на поголеми и помали административни единици, на теми и на катепаникии (области). Во времето, пак, на српската управа таа била поделена на жупи. Луѓето од управниот апарат носеле претежно грчки звања. Носители на власта биле претежно српските феудалци, но меѓу струмичките првенци во првата половина на XIV век се сретнува и германско име (Рудл). Во серската област, особено во втората половина на XIV век, во редовите на функционерите имало доста грчки феудалци.

 

Во градовите, покрај кефалија (управник на градот), постоеле и звањата: севаст (чиновник) и прахтор, како и страж (старешина на стражата) и изгончија. Кефалијата можел да држи и два града. Тој располагал со правото луѓето да ги врзува и да ги држи в затвор, да суди и да собира доход од панаѓурот. Душановиот законик ги задолжувал граѓаните да му продаваат на кефалијата жито, месо и вино по определени цени. За издрашка на чиновниците се собирал оброк.

 

Велможите со високиот клир се собирале на собири при решавањето на важни прашања од подрачјето на внатрешната и надворешната политика. Некои собири во времето на Душана се одржале на територијата на Македонија, и тоа во Скопје, во Сопотница, во Крупиште и во други места. Високите функции во црквата исто така им биле доверени

 

190

 

 

на лица што по потекло биле Срби. Меѓутоа, српските владетели ги почитувале имотите и правата на грчките манастири, особено на оние од Света Гора, зголемувајќи им ги имотите по случај на потврдувањето на повелбите.

 

Ширејќи се на југ, Србија зафатила и епископии што биле под јурисдикцијата на Охридската архиепископија. Најнапред под српска власт потпаднала Скопската и делови од Охридската и Морозвишката епископија. Грчките високи функционери биле сменувани од должностите и на нивните места биле поставувани српски архиереи. Во времето на Душана епископијата во Морозвизд речиси се испустила, па поради тоа била формирана нова — Злетовска епископија со седиште во Лесновскиот манастир. Споменатата епархија во тоа време и била подредена на скопската црква, која штотуку била подигната во ранг на митрополија.

 

Охридскиот архиепископ го зачувал и натаму високиот ранг меѓу другите црковни архиереи во српската држава. Поглаварот на охридската црква учествувал во прогласувањето на српската патријаршија, во крунисувањето на Душана за цар, како и во работата на државните собори. За време на владеењето на Углеша охридскиот архиепископ зел учество во работата на синодот во Сер.

 

Во 40-тите години на XIV век се зголемило српското влијание и врз калуѓерските заедници на Света Гора. Таму Србите раководеле со светогорскиот протат. Тамошните манастири своевремено му дале поддршка на Душана, а овој, од своја страна, им дал богати подароци.

 

И покрај соработката на црквата со државната власт, постоела опозиција против ортодоксното учење. Богомилството и во XIV дек прилично било раширено, дури и на Света Гора. Душановиот законик определувал висока глоба и физичка казна за оние луѓе што го исповедувале и ширеле бабунското учење.

 

191

 

 

Крал Марко, детал од фреска на црквата Св. Димитрија — Марков Манастир кај Скопје (XIV век)

 

----------------------

 

 

ГЛАВА VI. ОСАМОСТОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНОТО ПАГАЊЕ ПОД ТУРСКА ВЛАСТ

 

 

1. Распаѓање на Душановото царство и создавање на независни држави и поседи во Македонија

 

По смртта на Душана во 1355 година бргу опаднал авторитетот на централната власт. Во исто време феудалната аристократија се афирмирала како првостепен политички фактор воземјата. Знаци на ваков процес на раздвојување на внатрешните сили имало и порано. И за време на владеењето на Душана била забележана појавата на непослушност и откажување на феудалците од обврски спрема централната власт. Во текот на војните српските феудалци се здобиле со големи имоти и со власт, па имајќи вооружена сила работеле на запазување на здобиените имоти и привилегии. Синот на Душана, Урош, ја носел титулата цар се до смртта во 1371 година. Меѓутоа, царската власт била номинална, бидејќи власта ја имале феудалните магнати, кои носеле високи звања, па дури еден од нив бил и цар. Тогаш во Македонија постоеле, наместо еден, повеќе дворови, а наместо еден автократор се појавил уште еден.

 

Жената на Душана по име Елена управувала со дел од царската територија, поправо со градот Сер и околните предели, се до 1365 година. Потоа серската област заедно со Драма ја држел Углеша. Пред тоа во Драма владеел кесарот Војихна. Во тоа време војводата Хлапен, тест на кралот Марко, господарел со градовите Бер и Воден. Во источна Македонија се формирале повеќе феудални области. Територијата во средниот тек на реката Брегалница со Злетово, Морозвизд и Пијанец ја држел деспотот Оливер, од времето на владеењето на Душана, а и неколку години по неговата смрт. Севастократорот Влатко управувал со пределот по горниот тек на Крива Река, со Славиште, што го држел уште од времето на Душан. Подоцна, по битката на Марица, се појавиле нови властодршци во источна Македонија. Имено, територијата од Жеглигово па до Беласица и Мелник заедно со Тиквеш ја држеле синовите на севастократорот Дејан, браќата Константин и деспот Јован Драгаш. Во западна Македонија Гргур, синот на севастократорот Бранко, владеел во Охридско.

 

193

 

 

Меѓу феудалците што во тоа време владееле во Македонија на челно место стоеле браќата Волкашин и Углеша Мрњавчевиќ. Првиот уште во времето на Душана бил жупан во Прилепско. Подоцна за време на владеењето на Урош најнапред станал челник, а потоа се здобил со звањето деспот. Веројатно во 1365 година Волкашин се прогласил за крал, а со тоа примил една важна функција во српската хиерархија. Како совладар на царот, тој имал голема власт во земјата, па ги уредувал и односите со други земји. Така, во Дубровник во 1366 година се појавиле пратеници на царот и на кралот. Освен тоа, тие во тоа време заеднички ковеле пари. Личноста на кралот била почитуваца еднакво со личноста на царот, но само во пределите кадошто значел нешто нивниот авторитет. Така, на ѕидовите на една црква во источна Македонија, во Псача, насликани се еден покрај друг цар Урош и крал Волкашин. Впрочем, Волкашин бил „господин на српската земја и на сите Грци и на Поморје и на западните страни“. Меѓутоа, инсистирањето на придобивките од времето на Душан било анахронизам и несообразување со дадената политичка положба.

 

Другиот Мрњавчевиќ, Углеша, владеел со струмската област околу 6 години. Тој се афирмирал како угледна феудална личност во серската област уште за време на царувањето на Елена-Елисавета. По 1365 година, веројатно во исто време кога Волкашин се прогласил за крал, Углеша, кој бил велики војвода, почнал да носи ново звање — деспот. Тој стоел на чело на една државна заедница независна од царството. Углеша како владетел ги почитувал византиските установи и грчкиот јазик и настојувал да се измири со грчката црква. Присуството и влијанието на грчките световни и црковни феудалци го натерале Углеша да прави политички отстапки и да преземе мерки за преодолување на распецот со цариградската патријаршија. Тој во 1368 година издал повелба за измирување и притоа го осудил прогласувањето на српскиот архиепископ за патријарх. Со споменатиот акт на Цариградската црква и́ биле вратени поранешните права што ги имала на даденото подрачје. Цариградскиот патријарх го овластил митрополитот на Драма да ги преземе правата на патријаршијата во серската област.

 

Настојувањето на Углеша за потесно поврзување со Византија резултирало од појавата и напредувањето на Турците-Османлии, кои се повеќе ги загрозувале источните граници на неговата територија.

 

194

  

 

2. Османлиско освојување на Македонија

 

Турците-Османлии по завладувањето на Мала Азија, се доближиле до Цариград и ја загрозиле безбедноста на византиските провинции на Балканот. Во тоа време Византија, зафатена со внатрешни борби, се наоѓала во несредена положба и токму тоа го олеснувало навлегувањето на Турците на византиската територија. Еден турски помошен одред поникан од Јован Кантакузин се судрил со српските феудалци кај Стефанијана во близината на Сер уште во 1344 тодина. Во 1352 година Турците нападнале на еден здружен одред составен од српски и грчки феудалци кај Димотика и притоа однесле победа. По две години, во 1354 година, по еден земјотрес, Турците заседнале во Галипол, а со тоа создале мостобран и упориште за натамошни завладувања на Балканскиот Полуостров. Набргу потоа, веројатно во 1362 година, Турците го зазеле Едрене. Во завладеаниот град се сместиле органите на турската централна власт, околу 1365 година. Тоа биле крупни воени и политички постигања на Турците на Балканскиот Полуостров. Во тоа време на Балканот постоеле повеќе мали држави и феудални сенории што биле меѓусебно скарани, та не можеле да и се спротивстават на дисциплинираната и добро организирана турска воена сила.

 

Углеша, чија територија била најмногу изложена на турската опасност, го наговорил Волкашина да преземат заедничка акција против Турците. Воениот поход бил непотребно форсиран и недоволно подготвен. Освен тоа, војската што ја водел Волкашин за кратко време била префрлена од Скадар во близината на Едрене. На 26. IX. 1371 година (по стар стил) двете непријателски војски се судриле кај Черномен на реката Марица. Борбата помеѓу нерамноправните противници се завршила со победа на Турците и со загинување на браќата Мрњавчевиќи. Исходот на битката повлекол катастрофални последици за серската држава и воопшто за Македонија. Имено, серската област и Халкидик биле заземени од војската на деспотот Манојло Палеолог. Синот на Волкашин по име Марко, ја задржал кралската титула, но ја признал турската врховна власт, а со тоа зел врз себе обврска да плаќа данок и да дава воена помош. По битката на Марица и браќата Драгаш ја признале турската врховна власт. Во тоа време Вук Бранковиќ ја проширил власта во Скопје и околината а во Охрид се зацврстил како самостоен господар Андреја Гропа, кој носел звање велики жупан.

 

По 1371 година турската војска претпазливо, но сигурно настапувала во Македонија. Земјата била оставена речиси без одбрана, бидејќи поголемиот дел од феудалците или биле заробени или загинале во Маричката битка. Во прво време Турците се задоволувале со грабежи и со водење на населението во ропство. Турските упади, како и големата гладија што владеела во тоа време значително го намалиле бројот на жителите во Македонија.

 

195

 

 

По една деценија војување, Турците преминале кон трајно освојување на македонските градови. Во 1383 година потпаднал под турска власт градот Сер. Подоцна, веројатно во 1385 година, во времето на походот на Тимурташ-паша од Самоков преку Овче Поле и долината на реката Вардар, биле заземени градовите Штип, Велес, Прилеп и Битола. Турците привремено заседнале во Солун во 1387 година. Во 1392 година тие го презеле градот Скопје, а набргу потоа, во 1395 година, во битката на Ровин загинале крал Марко и Константин Драгаш, кои се бореле на страната на Турците против влашката војска. По смртта на споменатите феудални господари згаснале и вазалните односи со турскиот владетел. Нивните поседи потпаднале под директна и трајна турска управа. Така, кон крајот на XIV век речиси цела Македонија потпаднала под турската власт. Со тоа настапил периодот на петвековната турско-османлиска власт.

 

196

 

 

 

ГЛАВА VII. СТОПАНСТВОТО И ОПШТЕСТВБНАТА СТРУКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА ВО XIII и XIV ВЕК

 

 

1. Стопанство

 

Во XIII и XIV век стопанството во Македонија било претежно аграрно и ги имало сите белези што се карактеристични за развиениот феудализам. Земјоделството било најразвиена стопанска гранка. По плодородните котлини и речните долини, при поволните климатски услови, во прв ред се сееле пченица и јачмен, а потоа и ’рж и овес, како и други зрнени култури. Есенските посеви се одгледувале во поголем обем, што се гледа и од работните обврски на зависните селани. Дел од земјата редовно се оставал како угар.

 

Покрај тоа, било развиено и овоштарството, и тоа помалку на селанските а повеќе на феудалните имоти, особено по манастирите.

 

Виновата лоза била прилично проширена и се култивирала многу на црковните имоти. Копањето на лозје била една од постојаните и утврдени обврски на зависното население. Лозјето што ќе останело без работна рака феудалниот господар го одземал и им го доделувал на нови корисници.

 

Рибарството во Македонија се развило во значителна стопанска дејност благодарејќи на погодните услови за рибарење по реките и езерата, а и поради големата побарувачка на рибата од страна на бројното духовенство. Рибниците (рибните ловишта) биле експлоатирани, во прв ред, од феудалците и особено од манастирите, како на пр., Трескавец, Богородица Перивлепта и други.

 

Во тоа време во голема мера било развиено и пчеларството. По манастирите имало зависни лица, наречени улјари, определени да чуваат улишта, со обврска да ги задоволуваат потребите од восок на феудалниот господар. Пчеларите уживале извесни олеснувања во поглед на давањето работа (ангарија).

 

Сточарството по својот обем и развиеност држело едно од врвните места во тогашното стопанство. На богатите летни и зимаки пасишта паселе многубројни грла крупен и ситен добиток, во прв ред крави, волови, коњи, овци, кози и свињи.

 

197

 

 

Со оваа дејност се занимавале особено Власите. Тие преку лето го воделе добитокот на планина а пред зимата се спуштале во котлините и речните долини. Зимски пасишта имале и некои манастири што биле лоцирани надвор од Македонија. Манастирите најмногу барале од своите обврзници сирење, изварка, волна и кожа. Тогаш, во условите на претежно натурално стопанство и при скудна циркулација на пари, добитокот служел и како вредност при разменувањето на стоките, па понекогаш и како платежно средство. Добиточниот фонд често бил ограбуван во текот на војните и во мирно време. Постојаното менување на феудалните господари, а и конфликтите меѓу феудалците имале одраз врз состојбата и развитокот на одделни стопански гранки. Непријателските војски ги запустувале нивите, и да сечеле лозите и овошните насади, ги ништеле селските населби и колку што можеле ги уривале манастирите и дворците на феудалците.

 

Пиомените извори укажуваат на тоа дека имало рударски работи во Македонија. Руда се копала во Трновац (во пределот помеѓу Страцин и Крилаtiца по Крива Река), во Злетово, во Сидерокавсија (во источниот дел на Халкидик). Рударскиот коп во Трновац бил манастирски феудален објект, кој бил експлоатиран со помош на рударска посада составена од зависни луѓе. За обработување на железната руда се употребувало „коло гвоздено“. Ковачите што имале „коло“ биле обложени со определен годишен данок. Од зачуваната топонимија се добива впечаток дека рударството и обработувањето на рудата било раширено и на други подрачја и места, како што се Демир Хисар, Самоков, Кочишта, Саса и Шлегово. Рудниците, а и топилниците потребниот дрвен материјал го добивале во блиските шуми. Рударите честопати користеле дрво од шуми што биле сопственост на некој друг феудалец. Душановиот законик ги уредувал односите и споровите што настанувале во врска со активноста на рударите и притоа им забранувал на Сасите земјата истребена од шумата да ја населуваат со луѓе.

 

Шумите ги задоволувале и потребите на занаетчиите и на домаќинствата. Шумските подрачја истовремено служеле и како ловишта на диви свињи, елени и разни птици.

 

Занаетчиството во XIII и XIV век било се уште неразвиено и се наоѓало под контрола на феудалниот господар. Златарскиот занает бил занимање на граѓаните и на жителите од трговиштата. Во предградијата а и надвор од нив, на феудалните имоти работеле ковачи, гребенари, клобучари, шивачи, седлари, грнчари, воденичари, валавичари, плугари, ѕидари и друти. Специјализирањето во струка се вршело според искажаните потреби, а и според условите за работа. Понекогаш населението на едно село се занимавало со определена струка. Занимањето се пренесувало

 

198

 

 

од татко на син. Во случај да имало повеќе синови во семејството, тогаш само еден од нив се воведувал во занаетот. Во прво време занаетчиската дејност била непостојано занимање. Мајсторите пред се биле земјоделци, што се гледа од нивните обврски спрема феудалниот господар. Во XIV век имало одделни личности што се занимавале со занаетчиска дејност и притоа биле задолжени да плаќаат определен паричен данок или да даваат определено количество производи од струќата.

 

Занаетчиските изработки, како и вишокот на земјоделски и сточарски производи се изнесувале на месниот пазар. Трговијата и размената со производи била повеќе случајна и се одвивала во рударските населби, на манастирските поседи и во градовите. За развитокот на трговските врски доста придонело и одржувањето на панаѓури (собири) по случај на прославувањето на патрониот празник на одделни цркви. Постоело извесно ограничување во поглед на продавањето на некои продукти, но, и покрај тоа, панаѓурите биле посетувани од блиското и пооддалеченото население. На панаѓурот на манастирот Св. Горѓи — „Горга“, што се одржувал во месец ноември во близината на Скопје, освен Македонци се собирале и Срби, Бугари, Грци, Албанци и Власи. На панаѓурите, а во едно место можеле да се држат и повеќе панаѓури, кефалијата, т.е. управникот на градот собирал „законују царину“. Но имало случаи кога правото на собирање на споменатата давачка се пренесувало на неќоја епископија или на некој манастир. Доходот што го собирал манастирот „Горга“ од својот панаѓур бил определен според сличните давачки на манастирите во Тетово и во Грачаница. Приходот на новоформираната Злетовска епископија од трговиштето во Злетово изнесувал 100 перпери.

 

Централната власт покажувала посебна грижа за размена на стоки со странство. Византија во 1199 година и потврдила на Венеција трговски привилегии за едно пошироко подрачје, во кое влегувале речиси сите македонски области. Подоцна по битката кај Клокотница, во 1230 година, бугарскиот владетел Асен II им дозволил на Дубровчаните слободно да се движат и да тргуваат по селата и по градовите на скопската, прилепската и деволската област, како и во Солун. Оваа привилегирана положба Дубровник ја задржал и во времето на српското владеење во Македонија.

 

По смртта на цар Душан живите трговски врсни биле нарушени, поради зачестените феудални конфликти, како и поради циркулацијата на различни пари што биле ковани од одделни феудалци.

 

Со развитокот на занаетчиството и трговијата дошло до промени во карактерот и во изгледот на некои населби. Некои градови, поправо некои воено-административни центри се прошириле со населувањето на трговци и занаетчии. Варошка (подградска) населба добиле оние градови што

 

199

 

 

имале згодна местоположба покрај важните комуникации или покрај бреговите на реките и езерата, и на Егејско Море.

 

Уште во XII век некои македонски градови им биле познати и на странските трговци. Така, според изнесувањето на географот Идризи, од средината на XII век, Охрид бил голем град со убави згради, со развиено рибарство и со раширена трговија; градот Полог имал прекрасна местоположба; Скопје бил град со особено развиено земјоделство, лозарство и овоштарство; градот Коритос, во близината на Овче Поле, бил добро населена населба со ниви и лозја; Струмица имала овошни и лозни насади; Морозвизд бил сместен на рид и имал ниви и градини; Малешево било место изградено на висорамнина и опкружено со села и селца со градини и ниви, со катуни и шуми; Битола била значајна градска населба; Лерин бил гратче со села, лозја и ниви; Острово бил град што лежел на брегот на езеро богато со риби; Воден бил град сместен на воениот пат и најпосле Сер бил убав град со многу згради, со лозја, со овошни насади и со обработени ниви. Поголемиот дел од градовите биле претежно аграрни населби. Солун и Сер биле понапреднати градови со повеќе занаетчиски работилници. Градските населби го привлекувале околното население, а особено она од планинските предели.

 

Кон крајот на XII век во хрисовулата на византискиот император Алексиј III биле забележани повеќе градови, меѓу кои и Преспа, Костур, Сервија, Прилеп, Пелагонија, Молско, Меглен и Верија. Некои од нив исчезнале во текот на времето, па дури не се знае и нивната местоположба. Таков е случајот со Полог, Преспа и Молско.

 

Од крајот на XII век Македонија повторно била зафатена од војни што со прекин траеле околу 100 години. Во текот на тие војни настрадале голем број феудални дворци и градови. Во времето на Немања српската војска навлегла во северна Македонија и ги разорила пограничните византиски градови Лешок во Долни Полог, Градец во Горни Полог и Скопје. Подоцна, во текот на воениот поход на Калојана, останале „пусти“ и „беспомошни“ градовите во Македонија. Во времето на војните се зголемило значењето на градовите што имале вонредна местоположба, а особено на оние што биле лоцирани по клисурите, како на пр., Просек, Штип, Чрешќе, Велес и Железнец. Новите господари разурнатите градови во голем дел одново ги изградувале.

 

Во XIII век, за време на владеењето на Византија, градовите имале определени права што им биле доделени и утврдени со повелбите на византиските владетели. Српската држава ги почитувала тие права, издавајќи им и од своја страна хрисовули (повелби со златен печат) и простагми

 

200

 

 

(повелби). Душановиот законик ги регулирал односите помеѓу централната власт и градовите. Еден феудалец можел да држи и повеќе градови. Исто така, еден град честопати бил поделен, односно државина, на повеќе духовни и световни феудалци.

 

Подградието, до колку некаде се развило, имало мал обем и редовно се заштитувало со ѕид. Во него биле изградени по некоја црква, а и трошни куќи на зависното население. Во потесното подрачје на градот биле сместени дворецот на феудалецот, потоа цркви, а и стопански објекти. Долните делови на градските кули служеле како затвор. Градовите имале свои меѓи, свој предел. Градот бил чуван од посада чија издршка паѓала на грбот на градското и на околното население. Подградието било населено главно со парици, отроци, поповјани и мајстори. Обврските на овие зависни луѓе биле регулирани со „Закон подградју“. Жителите на подградијата имале некои олеснувања во поглед на даночните и други обврски.

 

Градовите биле меѓусебно поврзани со патишта за коњски и колски сообраќај. На теренот зачувани се траги од калдрми, а се сретнува и називот колник (пат за коли). Царев пат се споменува во повелбата на манастирот „Горга“. „Големиот царски пат“ е забележан во Струмичко, во 1376 година, во една пресуда за границите на хилендарскиот имот. Комуникациите биле распоредени речиси како денес. Така, имало пат од Охрид преку Полог за Скопје и од Скопје преку Коритос за Струмица и за Сер. Еден крак од оваа комуникација се делел кај Коритос во правец на Морозвизд и Малешево. Од Охрид водел пат преку Битола за Лерин, Острово, Воден и Солун. Во XIII век византискиот државник и писател Георгиј Акрополит патувал од Дебар преку Кичево за Прилеп и од Дебар за Прилеп преку Охрид, Преспа и Железнец. Во споменатиот век византискиот историчар Георгиј Пахимер го користел патот што од Охрид преку Кичево и Полог водел за Липљан. Српската војска во 1330 година достигнала до Велбужд преку Нагоричане и Сарандопор. Нешто подоцна Јован Кантакузин патувал за Приштина преку Просек, Велес и Скопје. Во времето на српската управа во Македонија комуникациите биле модифицирани претежно во правец север-југ. Преминот преку река каде што немало мост се правел, како и во времето на охридскиот архиепископ Теофилакт, со помош на чунови. Снабдувањето на црковните и световните феудалци за време на патувањето со животни намирници и храна за добитокот паѓало на грбот на населението што живеело покрај комуникацијата. За обезбедување на сигурноста на патниците била организирана служба за чување на патиштата, а особено на оние делови што минувале низ

 

201

 

 

клисурите. Чувањето стража било една од обврските на населението што живеело во близината на патиштата. Но имало случаи манастирските луѓе, да се праќаат да чуваат стража на пооддалечени пунктови, па дури и на Атос. Душановиот законик предвидувал поставување стража на пусто брдо меѓу жупите, како и одговорност на кефалијата и на велможите за обезбедување на патиштата.

 

 

2. Општествена структура

 

Земјата во XIII и XIV век била поделена главно меѓу световните и духовните феудалци. Владетелот бил најголем сопственик на земја, шуми и пасишта. Имотот на владетелот служел за формирање на приходи, но и за дарување на цркви и лица за нивното „поработение“ во полза на владетелот.

 

Современите извори известуваат предимно за црковниот имот кој достигнал врв во својот развиток во текот на XIII и XIV век. Во текот на честите политички промени се случувало манастирскиот имот да биде померопшен или ограбен од страна на феудалците, но по правило црквата и при новите господари успевала да ги одржи сопственичките права како и земјишните односи. Имало примери одделни манастири да го зголемуваат имотот со испросување на нови објекти, преку дарувања од владетелот и од световните феудалци за душа и постриг, со употреба на сила или со купување на земја и други објекта под многу поволни услови, особено во време на глад. Обработливата површина се зголемувала и со копачење на шумски комплекси со што се добивале лазишта. Црковниот имот бил растурен по различни предели, но имало настојувања да се трупира спогодбено и со замена.

 

На македонската територија формирале или имале метоси (манастирски земјишни имоти) и други објекти многу познати манастири: Хилендар располагал со 80 села и селца, „Горга“ кај Скопје со 47 села и селца, Трескавец кај Прилеп со 37 села и селца, Пантелејмон на Света Гора со 34 села и селца, Богородица Перивлептос во Охрид со 24 села и селца, Меникејскиот манастир кај Сер со околу 547 хектари ниви и со околу 54 хектари лозја. Во XIV век постоеле и имоти на црковни архиереи, како што е случајот со серскиот митрополит Јаков, кој доживотно ги користел имотите на Никола Пчински, што лежел под градот Кожле.

 

По битката на Марица била забележана појава на прегрупирање, а некаде и на разбивање на манастирските имоти. Во дните на турската опасност византискиот владетел Маноил II Палеолог (1391—1425) ги одзел скоро половината од метосите на светогорските манастири и солунските

 

202

 

 

цркви, а потоа условно и привремено им ги доделил на лица што сакале да вршат пронијарска служба.

 

Организацијата и работата на манастирскиот имот се сообразувала со редот и потребите на калуѓерската заедница. Манастирските стопанства во основа имале еднаква или слична структура. Меѓусебно се разликувале според бројот и видовите на стопанските објекти. Манастирите во свој посед имале ниви, ливади, пасишта, лозја, градини, добиток, ловишта, шуми и работилници. Освен тоа, некои манастири располагале и со фискални права, на пример, на панаѓурите да собираат приходи.

 

Имотот на манастирите бил привилегиран, речиси бил ослободен од давачки, како и од работни обврски. Црковниот имот се одржувал со користење на работна рака на зависното население (на црковните луѓе, на малите луѓе), во прв ред, на париците и отроците. Овие луѓе живееле по селата и по градовите.

 

Париците имале и личен имот (стас) што како наследство, како земја од „отачаство", се пренесувал од татко на син. Таквиот имот можел да се дарува на црквите, да се дава како мираз, па и да се продава. Кај некои манастири, како кај „Горга“, постоело ограничување во поглед продажбата на ниви и лозја на надворешни лица. Во случај на смрт на старешината на домот, вдовицата го држела имотот до полнолетството на синот. Вдовица што немала син го задржувала селиштето, градината и најарната главна нива. Паричкиот стас бил составен главно од ниви, лозја, овошни насади и улишта. По некој парик располагал и со ѕевгар волови, со товарни коњи, како и со друг крупен и ситен добиток. Пописот на имотот на манастирот Хилендар во втората половина на XIV век дава добар увид во структурата на селскиот имот, како и во социјалната положба на селското население. Имено, во селото Градец во струмската област, само три домаќинства располагале со по 100 кабли земја, со по 6 кабли лозја, потоа со ѕевгар волови и до 4 говеда. Едно од споменатите селански стопанства располагало и со 20 овци и 20 свињи. Другите домаќинства имале и помалку земја и помалку добиток. Бројот на членовите во семејствата се движел до 7 души. Во селото Градец живееле и голем број елевтери, селани без земја, кои немале ни инвентар ни семе потребно за сеење.

 

Во XIV век во некои области на Македонија во тек бил процесот на социјално диференцирање во редовите на селаните. Во некои села се формирал слој на богати селани, а во исто време се зголемил и бројот на елевтерите. Во редовите на париците имало и такви што биле принудени да обработуваат туѓа земја, во прв ред манастирска. Париците

 

203

 

 

во ова време биле врзани за земјата. Парикот што останал три години без господар, се здобивал со можност да се пресели и да бара покровителство од друг феудалец. Се случувало понекогаш црковните луѓе, во согласност со манастирот, привремено да се отстапуваат на работа на некој друг феудален господар. Зголемената потреба од работна рака, особено по војните и поморот, ги терало манастирите да ограбуваат зависни луѓе, да фаворизираат преселувања на луѓе од некои српски и грчки области, да ангажираат туѓа работна рака (ксенопарици). Во врска со ова Душановиот законик предвидувал строги санкции за избеганите парици, како и во случај на прикривање на зависни луѓе.

 

Обврските на париците (на меропсите) спрема феудалецот биле определени со закон за црковните луѓе и за црковните метохии. Земјата била основа за нормирање на обврските: на давачките и на работата. Според „Закон стари Срблем“ на манастирот Грачаница, кој имал поседи и во Македонија (во Славиште, Злетово и Морозвизд), се предвидувало меропсите да ораат по 9 мати (мерка за површина) и што ќе изораат тоа да го посеат, ожнеат, да го овршат и житото да го стават во рупи. Освен тоа, меропахот што имал коњ имал обврска еднаш во годината да донесе дрва, а двапати во годината да поноси борина. „Закон Срблем“ на манастирот Арангел кај Призрен, кој имал имоти и во Полог, Скопско и Струмичко, предвидувал работа за зависното население, и тоа два дена во неделата. Игуменот на манастирот ја распоредувал работната рака главно на орање, вршење, копање и косење на сено. Црковните луѓе на манастирот Никола Пчињски, под градот Кожле, работеле во полза на феудалниот господар два дена во седмицата. Во времето на владеењето на Душана „Законот на хилендарските метохии" предвидувал за секој еден што бил одделен во посебно семејство два дена работа неделно и уште два дена есенско орање, потоа еден ден пролетно орање и по еден ден косење сено и копање. Во времето на владеењето на Константин Драгаш работата била одмерена на три дена орање во годината, но со обврска, според обичајот на другите метохии, жетвата да се прибере во житницата. На некои манастирски феуди посебно се истакнува обврската за копање лозје. Во редот на работните обврски (големи и мали) што ги исполнувал парикот било и градоѕидањето. Граѓаните како и жупјаните морале да собираат градежен материјал и да го изнесуваат на градилиште. Станува збор за собирање на материјал потребен за зацврстување на градските ѕидови, за обновување на некој урнат град или за изградба на дворец, црква и манастирски конаци.

 

Работата била само еден вид задолжување на зависното население. Париците биле обложени и со даноци чија висина била различна во текот на изминатите векови. Во XIV век во некои делови на Македонија и натаму се зачувале називите

 

204

 

 

на византиските давачки. Хилендарскиот манастир собирал офелија (данок на глава), хиродекатеја (данок на свињи), ономија (треварина), валанистра („желаднина“). Туѓите луѓе што седеле на црковниот имот биле должни да дадат четврт дел од житото и десетти дел од улиштето и од свињите. Освен тоа, другите луѓе имале обврска и по еден ден да ораат, да жнијат и да косат. Покрај наброените давачки и работи, зависното население имало и други обврски, како, на пример, да го чуваат градот, да примаат на конак и на храна пратеници, чиновници и нивната послуга и да даваат законски подароци за време на големите христијански празници.

 

Во втората половина на XIV век манастирот Хилендар ја собирал феудалната рента во пари од некои имоти во струмската област. Висината на рентата била зависна од обемот на земјата и на лозјето, како и од бројот на добитокот, особено на крупниот. Ваквиот начин на реализирање на феудална рента се покажал поефикасен за феудалецот во поглед на обезбедувањето приход од имотите.

 

Во општествената структура на Македонија во XIII и XIV век Власите имале посебно место. Влашкото население било растурено насекаде, а најмногу го имало во јужните делови на Македонија. Таму, во првата половина на XIV век, тие имале и свој владика. Власите живееле во катуни, во големина од 30—100 души. Тие претежно се занимавале со сточарство. Српската држава настојувала да ги конзервира општествените групи и поради тоа ги оневозможувала роднинските врски меѓу Власите и меропсите. Во случај некоја Влаинка да се омажела за парик, таа го менувала статусот и притоа и таа и нејзините внуци станувале парици. Обврските на Власите зависни од манастирот „Горга“ биле одмерени со закон што бил во сила и во манастирите Милешево и Студеница. Според законот, Власите се задолжувале да ораат еден ден, да жнијат и сено да косат. „Закон Влахом“ на манастирот Архангел кај Призрен побарувал 1 овца со јагне (од 50 овци) и една јалова со руно. Другите Власи биле должни да даваат определено количество клашни, да носат сол (на 40 клета — огништа 10 товари), товар жито и товар вино, па и да прават јагнила. Војникот и ќеларот биле задолжени да го спуштат сирењето од планина. Освен тоа, војникот требало да ги пасе пастувите.

 

Поповите, по правило, имале своја баштина. Во секој случај, на попот му следувале три ниви. Тој можел да држи и повеќе земја, но неа ја обработувал според законот. Само еден од синовите на попот, и тоа ако изучил книга, го задржувал статусот на свештеник. Другите синови станувале меропси или сокалници (посебна категорија зависно население). Така, поповските синови на имотите на манастирот „Горга“ преминувале во сокалници ако не изучеле книга. Во

 

205

 

 

XIV век поповјаните на споменатиот манастир биле ослободени од обврските спрема епископот, но затоа биле задолжени со „помен“ во полза на архиепископот.

 

Положбата на сокалниците во тогашното општество е многу нејасна. Сокалниците што биле зависни од манастирот Дечани имале работа по мат пченица, овес, просо и лозје. Освен тоа, биле задолжени да помагаат при изградбата на дворец, на црква и на манастирска трпезарија.

 

Слични обврски и олеснувања имале и мајсторите (техничари). И тие требало да ораат, да го овршат и да го сместат житото, како и да косат. Во занает се воведувал само еден од синовите, а другите станувале работници, т.е. соколници и меропси. По некои ковачи имале обврска на феудалниот господар да му прават определени услуги и да му даваат определен број изработки. Во XIV век во редовите на занаетчиите дошло до диференцирање. Имало мајстори што за стекнатите заслуги во изградба на цркви добивале имоти, па и цело село.

 

Отроците стоеле најдолу во општествената структура на Македонија во тоа време. Тие влегувале во составот на имотот на феудалецот. Отроците можеле да го изменат статусот со одлука на феудалниот господар. Во XIV век тие со својата положба се доближиле до париците и располатале и со ѕевгари. Црковните отроци што живееле во општинското подградие, а имале коњ, биле задолжени да го придружуваат игуменот на секаква работа. Отроците што немале коњ имале обврска по еден ден есенско и пролетно орање, а освен тоа и да го ожнијат и овршат житото, како и по еден ден копање на лозје.

 

Поголемиот дел од манастирите во Македонија биле самовластни и самосудни калуѓерски заедници со развиена хиерархија и со апарат за принуда. Тие ги извршувале управните, финансиските и судските функции на својата територија. Во судската постапка на подрачјето на манастирот „Горга“ била забранета употребата на казната „котел" (вадење железо или камен од врела вода). По градовите постоеле и мешовити црковно-световни судови. На Света Гора работел судот на светогорскиот протат, а во градот Сер, покрај судот на деспотот, функционирал и суд на митрополијата. Манастирите како феудални црковни и економски установи. биле изградени, по правило, во вид на тврдина и биле обградени со јаки ѕидови и кули. Ѕидањето и опремањето на црквите, манастирите и конаците претставувало голема работа (ангарија) и товар за околното население. Поради големите привилегии и бројната работна рака со која располагале, манастирските имоти биле еден вид примерни стопанства. Не била ретка и употребата на вештачкото наводнување на земјата, како што бил случајот со имотите на манастирот „Горга“ во Скопско и на други места. Големите приходи на манастирите и црквите во Македонија го зголемувале истовремено и нивниот авторитет воопшто.

 

206

 

 

 

ГЛАВА VIII. КУЛТУРНИТЕ ПРИЛИКИ ДО КРАЈОТ НА XIV ВЕК

 

 

1. Литература

 

По векот на големите генерации на словенски писатели (Климент, Наум, Константин Брегалнички, Црноризец Храбар), на теренот на Македонија се нижеле векови на анонимна и трпелива препишувачка дејност на богослужбени текстови и на делата на Климент и Константин Брегалнички, на Црноризец Храбар.

 

Покрај големиот број преписи на евангелија, апостоли, псалтири, триоди, минеи, октоиси, патерици, житија на светите и други слични дела, во овие векови се создавале и се препишувале разни зборници од беседи на прославените беседници на христијанската црква, потоа зборници од христијанската поезија, како и такви што содржеле и текстови со чисто белетристички карактер (романи, раскази).

 

Во овие векови на теренот на Македонија работеле неколку препишувачки центри. Тоа биле, покрај охридсииот, светогорскиот, лесновскиот, скопскоцрногорскиот и други помали центри што работеле во бројните македонски манастири. Од ова време нема некое истакнато книжевничко име, иако има спомени за тоа дека одделни препишувачи препишувале и по повеќе ракописи.

 

Од спомениците на словенската пиоменост што настанала на теренот на Македонија од XII до крајот на XIV век најважни се: Добромировото евангелие, Охридскиот апостол, Битолскиот триод — од XII век; Григоровичевиот паремејник, Слепченскиот апостол — од XII — XIII век; Одломката од октоих, Евангелието на поп Јаван, Добрејшовото евангелие, Вранешничкиот апостол, Болонскиот псалтир, Радомировото евангелие — од XIII век.

 

Паралелно со првите преводи на богослужбени книги од грчки на словенски јазик, словенските писатели преведувале и хагиографски дела. Со овие дела се популаризирала христијанската вера, особено се истакнувале ликовите на хероите на црквата, кои се откажувале од радостите на секојдневниот живот за да се здобијат со вечен, задгробен живот. Одрекнувањето од сладостите и радостите на животот се постигнувало и со оддалечување од заедничкиот градски

 

207

 

 

светски живот и повлекување во макотрпен пустински, аскетски живот. Во Македонија набргу по христијанизирањето на народните маси доаѓа до основање на манастири и до појава на пустиништво. Творбите за животите и подвизите на овие пустиници, како и за животите и дејноста на ширителите на христијанството можеле добро да послужат како пропагандна литература во полза на христијанската црква, и од крилото на таа црква настанувале бројни хагиографски списи. Житијата на хероите на христијанската црква се внесувани во разни книги што се користеле во црковната практика (во минеите, пролозите и патериците). Постојат одделни книги „Житија на светите". Исполнети со описи на страдањата и жртвите на мачениците и пустиниците, овие текстови биле многу читана и препишувана литература. Многу од животните истории на христијанските маченици, преку ваквите хагиографии, станале предмет на обработка и во народните умотворби. Таканаречените „стари и црковни“ песни во кои се пее за Исуса, за Богородица, Св. Петар и Павле, Св. Димитрија, Св. Горѓија и Св. Никола, за Огнена Марија и низа други светители, главно, преку нив дошле и до народниот пеач.

 

Како и другите словенски книжевности, и македонската средновековна литература познава низа хагиографски дела. Следејќи го групирањето на хагиографиите на општи и локални (национални), и во македонската книжевност можеме да укажеме на постоењето на хагиографии за Св. Горѓија со особено задржување на Чудото на Св. Горѓија со ламјата, на Житието на Алексија човекот божји и на уште низа други. Житието на Алексија човекот божји, била многу популарна хагиографија дури до последните децении на XIX век. Нејзината популарност особено била засилена со преводите на македонски јазик од стихуваната обработка на оваа хагиотрафија дадена на српски и на бугарски јазик.

 

Покрај хагиографии од општ карактер, македонската средновековна книжевност е богата и со домашни (локални, национални) хагиографии. Тука се, пред се, познатите „Панонски легенди“ (или Житие на Кирила и Методија), најзначајниот извор за запознавањето со животот и дејноста на Кирил и Методија. Како автор на овие значајни дела се смета Климент Охридски. Покрај „Панонските легенди", како домашни хагиографии се секако незачуваните Опширни житија на Климент Охридски и Наум Охридски, потоа пак незачуваното Кратко житие на Климент Охридски, што го напишал анонимниот ученик на охридските просветители, кој, по напишувањето на Климентовото житие, го напишал зачуваното Наумово житие. Иако се пишувани на грчки јазик, и Житијата на Климент Охридски (Пространото и Краткото) од Теофилакта и од Хоматијана можеме да ги сметаме за хагиографии што се ширеле на нашиот терен во разни преписи. Од домашните хагиографии тука спаѓаат и

 

208

 

 

Св. Климент XIV—XV век. Од црквата Св. Богородица Перивлептос (Св. Климент) Охрид

 

--------------------

 

 

Житието на Прохор Пчински, Житието на Јоаким Сарандапорски, Житието на Гаврил Лесновски, Житието на Иларион Мегленски и др.

 

Во македонската средновековна книжевност, како и во книжевностите на другите словенски народи, многу рано навлегуваат и апокрифните дела, што не оделе во чекор со учењето на официјалната црква. Претставувајќи, како и хагиографиите, заедничко наследство кај сите Јужни Словени, апокрифните дела биле прогонувани од службените државни кругови, како штетни за интересите на црквата и државата. Оттука и помал е бројот на апокрифните дела од тој на хагиографиите.

 

И во македонската книжевност, како и во другите словенски и христијански книжевности, апокрифите можат да се поделат на две групи: старозаветни и новозаветни апокрифи, зависно од тоа за кои личности говорат.

 

Од старозаветните апокрифи во македонската книжевност постојат текстови за праотецот, патријархот Аврам: „Слово за Аврам и Сара“, „Слово како Сара го учеше мажот свој Аврам“, „Слово за животот и смртта на Аврам“, „Откровение Аврамово". Поврзана со сказанија на Аврама е и познатата легенда за „Аврам и Исак“. Апокрифно е и „Слово за Св. Троица“.

 

Освен за Аврама, македонската апокрифна книжевност познава текстови, како што е „Книга за Енох“. И апокрифот „Откровение Варухово" бил препишуван и читан во Македонија. Има разни апокрифни текстови за царот и псалмопевецот Давид, за Самсон и Далила, „Слово за прекрасниот Јосиф", „Сказание за Малхизедек“ и др. Македонскиот терен бил запознат и со судбината на царот Соломон, прикажана во апокрифната книжевност („Притчи царја Соломона“) и др.

 

Македонската средновековна книжевност знае за новозаветни апокрифни текстови: „Посланието на царот Авгар до Исус Христос“, дејанијата на апостолите, нивните виденија, како што е случајот со „Видението на апостол Павле“, разни апокалипси, списи за „Второто Христово пришествие" и „Чудесата на пресвјата Богородица". Во Тиквешкиот зборник е зачуван еден значаен апокрифен текст: „Разумник“ — итн.

 

Апокрифните дела, како противни на службената црква, особено биле користени од богомилите. Сиѓурно е дека богомилите го користеле значајниот апокрифен текст „Разумник", како и некои друти апокрифи, како што се „Видение Исаиево“. Богомилското движење, кое прераснало во организиран отпор против феудалната бугарска власт во Македонија, е најдобро познато преку делото на огорчениот противник на богомилите „Беседата на Презвитер Козма против богомилите ... . “

 

209

 

 

Во науката не е со сигурност утврдено каде работел тој презвитер Козма и кога. Се започнува со времето на бугарскиот цар Петар од X век, па се протега до почетокот на XIII век.

 

Македонската средновековна книжевност ги познава и повеќето од романите и расказите што во словенските книжевности дошле од византиската и од латинската книжевност.

 

На македонскиот терен биле читани и препишувани познатиот Роман за Троја и, особено, Романот за Александар Македонски. Животот и подвизите на големиот освојувач, што тргнал од македонскиот терен, бил особено интересен за читателите, зашто преку него се запознавале со низа земји од Блискиот и Далечниот Исток, исполнети со егзотика, со богатство и раскош; романот им давал на читателите можност да се запознаваат со животот на феудалците; да ги гледаат нивните турнири исполнети со витешки натпревари, да се запознаат со нивните љубовни авантури и галантерија. Кај постарите југословенски писатели, дубровничките и воопшто приморските и други, Александар бил разбран како човек од словенско потекло. Оваа заблуда била особено распространета во текот на деветнаесеттиот век кај низа македонски луѓе (Пулевски, Мажоски и др.), кои се гордееле со Александар Македонски и пееле за него и песни.

 

Покрај овие два романа во македонската средновековна книжевност се познати романите за Варлаам и Јоасаф, како и тој за Стефанит и Ихнилат.

 

Од средновековните раскази на македонскиот терен биле читани и препишувани: Теофана крчмарката, особено анегдотите од животот на Езопа; потоа, познатата пародија на хагиографските дела Маката на блажениот Гроздија, како и приказната за Еладија, човекот што својата душа му ја дал на ѓаволот за да може да ја добие саканата жена. Во македонската книжевност е позната и приказната за невино прогонетата жена, која ги загубила обете раце, па со милоста на богородица одново ги добила. Оваа приказна е од кругот на популарните Чудеса на богородица. Македонската книжевност, како и книжевноста на другите јужнословенски народи, ги имала во својот репертоар скоро сите дела што можеле да ја зарадувааг душата на човекот.

 

Повеќето од овие текстови го продолжиле својот живот и во текот на наредните векови и извршиле влијание на народното македонско творештво.

 

Од најстарите времиња до најново време и во Македонија, како и во другите словенски земји на Балканот, останале разни записи и натписи што се запишувани на камен (надгробни плочи), по ѕидиштата на манастирските

 

210

 

 

цркви, на разни метални садови, на крстови и најмногу на маргините на старите ракописи и печатени книги, односно при крајот на ракописните дела.

 

Овие записи и натписи се значајни за реконструкција на минатото на македонскиот народ.

 

Записите и натписите, што започнуваат со најстариот зачуван кирилски запис — надгробната плоча на цар Самуил од 993 година — укажуваат на цела една армада од писатели и запишувачи, кои сметале за нужно да остават траги за своето постоење, за тоа дека ја препишале оваа или онаа книга, дека во тоа време се одиграл овој или оној значаен настан, дека била тешка ангаријата и наметите, дека преку летото паднал снег или дека зимата била блага, но и дека немаштијата била постојано присутна во поднебјето на Македонија, дека тешко се поднесувале насилствата на господарите, дека преку небото прелетала некаква ѕвезда со опашка и сл. Во недостиг на архивски материјали, овие записи и натписи, покрај тоа што некои од нив си имаат и чисто книжевна вредност, значат многу за реконструкцијата на минатото на македонскиот народ.

 

 

2. Уметност

 

Кога Словените го населувале Балканскиот Полуостров византиската уметност била во стадиумот на својот прв растеж. Во Византија тогаш се создале дела што и го осигуриле оправданиот назив „прва златна епоха“ на византиската уметност (Св. Софија, Св. Ирина, Св. Сергија и Вакх во Цариград, Св. Витале, Св. Аполинари ин Класис, Св. Аполинари Нови во Равена, базиликата во Пореч и др.). Во споредба со оваа уметност, уметноста што Словените ја имале во овој период претставува понизок уметнички степен на развитокот и таа ги носи општите белези на словенската уметност (керамика, накит) констатирана во наодите на бројните словенски некрополи и живеалишта не само на Балканот, туку и на оние територии што од V—VI век наваму ги населувале Словените. Освен за оваа ликовна уметност, сведенија за други ликовни манифестации нема. Повеќе литерарни податоци за уметноста на Македонските Словени има од IX век наваму (односно по еден долг период на неизвесна состојба што, секако, треба да се објасни со последиците од катастрофалните земјотреси, особено на оној од 518 година што ги разрушил најважните градови на Македонија: Скупи, Стоби, Хераклеја Линкестис, Лихнидос), кога започнува првиот вистински развиток на средновековната уметност на Македонските Словени. Како и уметноста на другите словенски племиња што тогаш биле

 

211

 

 

под бугарска власт, и уметноста на Македонските Словени добива нови форми и ликовни концепции под сé посилното влијание на Византија.

 

На територијата на средновековна Македонија, под влијанието на традициите на христијанската уметност што ја следиме овде од првата половина на IV век наваму, доминантна компонента во уметноста кај Македонските Словени претставува византиската концепција во ликовното креирање. Овој факт се објаснува со силното влијание на Солун, кој претставувал, по Константинополис, најважен политички, економски и културен центар во Византија, кон кој гравитирале сите акции на Македонските Словени. Со оглед на овој факт, и историјата на уметноста на македонскиот народ ја има главно онаа периодизација што е во науката примена за византиската. Отстапувања има во извесни периоди, како што е времето на Св. Климент и на Самуил, но и тогаш уметноста на Македонските Словени и на другите балкански народи е толку поврзана со византиската и со Ориентот што без нивното паралелно проучување е невозможно да се разбере развитокот на уметноста во Македонија.

 

Историјата на уметноста на македонскиот народ, претставува историја на црковната уметност (архитектура, живопис, декоративна пластика), бидејќи податоци за профаната уметност, со незначителни исклучоци (дворци и тврдини) има сосем малку.

 

Македонската уметност во вистинската смисла на зборот почнува со доаѓањето на Св. Климент во Македонија. Неговата активност во Македонија значи не само почеток на нов период во нашата просвета, туку и нов период во уметноста. Со подигањето на неговиот манастир во Охрид (893), под охридската тврдина, со црква посветена на Св. Пантелејмон, Македонските Словени добиле не само прв голем и од епохално значење религиозно-просветен центар, туку и услови за пресврт во обликувањето на своите естетски чувства, бидејќи со овој манастир тие ги прифатиле и продолжиле уметничките форми ште се создавале и развивале на територијата на Македонија пред нивното доаѓање. Климент за основа на црквата на својот манастир користел еден триконхос, најден во урнатини, а подигнат над урната (изгорена) ранохристијанска базилика. Со комбинации од додадени делови кон триконхосот тој формирал објект што на учениот охридски архиепископ Теофилакт (XI—XII век), поради „валчестите" форми, му изгледал поубав од охридската катедрала што веројатно имала базиликална форма. Овој триконхос, со своите сложени форми (на северната и јужната конха има издадени ниши-певници), иако со извесни незначителни измени, го гледаме и во црквата на манастирот Св. Архангел, подигнат на јужниот брег на Охридското Езеро, неколку години по Климентовиот, кој подоцна по името на неговиот ктитор Наум е наречен „Св. Наум“.

 

212

 

 

Сегашниот изглед црквата го добила во турскиот период како обнова на Наумовата црква. Блиски кон него се и другите триконхоси (на Горица, недалеку од Охрид, во селата Злести и Винени, во Издеглавје, Кубелитиса во Костур) што се датираат од IX до XI век, кога на поголемиот дел од Балканот, сообразно со дефинитивното потиснување на паганските религии, се ѕидаат триконхоси како манастирски цркви или како тенденција за поддржување на старите форми во христијанската уметност. Триконхоси се ѕидаат и подоцна, но тие повеќе треба да се објаснуваат со други фактори (влијанието на Св. Гора, Божјиот Гроб) отколку со традициите поврзани со Климентовиот и Наумовиот манастир, бидејќи од X век наваму Св. Гора играла многу важна улога и во уметноста ца овој дел на Балканот, и триконхосите од XI век наваму се ѕидани веројатно повеќе под влијание на светогорските триконхоси, кадешто страничните конхи служеле за певници.

 

Во овој период, кој продолжува и во целиот X и XI век, освен триконхоси се ѕидале четириконхоси (црквата Св. Богородица Елеуса во Вељуса) и главно цркви со базиликален распоред (во Цариград, во X—XI век бескуполната базилика не е доминантна). Бугарскиот кнез Борис подигнал седум соборни цркви. За некои од нив се претполага дека биле базилики. Има претпоставка дека Борис подигнал базилики и на територијата на Македонија.

 

Од црквите со базиликален распоред од овој период најзначајни се: Св. Ахил на островот Ахил во Преспанското Езеро, Св. Софија во Охрид, Св. Богородица во с. Враништа недалеку од Струга, Св. Леонтија близу до Струмица и базиликите Св. Анаргири и Таксијахи во Костур. Нивните основи се различни. Базиликата Св. Ахил е трикорабна, со нартекс, ѓаконикон и проскомидија, со галерии над нартексот и страничните кораби и со покриен наос (сите три кораби) со дрвена конструкција на две води. Оваа комбинација на базилика од елинистички и ориентален тип (изведена веројатно кога Преспа станала престолнина на Самуиловото царство и седиште на неговата автокефална црква) е креација на градителите од Македонија. Слични елементи има и на базиликите во Костур. Базиликата во село Враниште, меѓутоа, е чисто ориентална.

 

По своето значење од сите цркви (освен Климентовата и Наумовата) најзначајна е Охридската Св. Софија. Во науката се смета дека таа била охридска катедрала (според некои од времето на кнез Борис до доаѓањето на Турците). Оваа констатација ја потврдуваат, пред се, нејзините димензии и распоредот на живописот во олтарниот простор. Од мислењата за нејзиното ѕидање најверојатно е тоа дека таа била подигната во времето на Самуила или непосредно по пропаста на неговото царство, како обнова на една урната црква (под темелите на северниот и јужниот ѕид на сегашната

 

213

 

 

црква се најдени ѕидови од две цркви поставени една над друга). Ова мислење произлегува од содржината на списокот на охридските архиепископи, во кој стои дека големата црква Св. Софија во Охрид ја подигнал односно ја обновил охридскиот архиепископ Лав (1037—1056), кој дошол по првиот охридски архиепископ Јован, наследникот на последниот охридски патријарх Давид.

 

Св. Софија е трикорабна базилика со трансепт, купола и нартекс од типот на крстообразните трикорабни куполни базилики, кои се чести во византиската уметност од IX век наваму. Сегашниот изглед го добила во текот на турскиот период (XV—XVI), кога била претворена во џамија.

 

Иако архитектурата со своите разнообразни форми и концепции претставува значајна вредност во активноста на средновековните градители во Македонија во текот на IX, X и XI век, по своите уметнички квалитети живописот стои релативно на повисоко ниво. Додека архитектурата во Македонија, во споредба со уметноста на Константинополис или Солун, како главни културни центри во овој дел на Европа и Блискиот Исток, има (навистина со извесни исклучоци) повеќе провинциски карактер, живописот со своите вредности е на нивото на престолнината на Византија, па дури и тогаш кога се чувствува разлика во самата ликовна концепција што резултира од разбирањата на уметникот. Фреските (икони од IX, X и XI век во Македонија не се зачувани) од Св. Софија во Охрид, од Вељуса и Водоча го потврдуваат тоа. Фреските од Св. Софија во Охрид претставуваат единствен споменик од XI век што ја дополнува сликата на развитокот на уметноста воопшто во периодот на Самуила и непосредно по него, односно на балканската уметност од тој период, земена како целост со византиската уметност на македонската династија.

 

Во врска со авторите на фреските во охридската Св. Софија, најверојатно е дека тие се дело на зографи што освен царитрадски, дворски концепции во обликувањето на композициите, личностите и иконографскиот распоред, имале и свои концепции што на вистинските цариградски воспитаници можеле да им изгледаат груби и провинциски. Ова то поткрепуваат особено строгите изрази на лицата кои, освен монументалност, а кај некои и извонредна хармонија на движењето или стојката, имаат толку високи ликовни квалитети што можат да стојат покрај најдобрите фрески и мозаици во целата византиска уметност.

 

Особено е значаен живописот во олтарниот простор, ѓакониконот и проскомидијата, кој е доволен да се добие претстава за уметноста во Македонија во текот на овој

 

214

 

 

период. Овој живопис, според мислењето на некои учени, е најсловенски во целиот развиток на ликовната уметност во Македонија — мислење што се брани со стилските одлики на фреските и поволните услови за изградување на зографи Словени од времето на Климента до пропаста на Самуиловото царство (IX—XI век).

 

Македонската средновековна уметност од повторното воспоставување на византиската власт до влегувањето на Македонија во рамките на српската држава на Немањиќевците, ја следиме главно, по фрагментарно зачуваната архитектура и живопис на Нерези (1164), Курбиново (1191), Манастир (1271), Св. Никола во с. Варош кај Прилеп (1299), Св. Софија во Охрид (вториот слој живопис — XIII век) и Св. Богородица Перивлептос — денешен Св. Климент (1295). Меѓутоа, судејќи по литерарните податоци, бројот на спомениците подигнати во овој период бил значително поголем. Затоа сликата што се формира врз основа на зачуваните споменици и на компаративниот материјал користен од соседните балкански земји не може да се смета за целосна.

 

Во архитектурата и во овој период доминира разнообразноста на архитектурните форми. Има еднокорабни цркви, крстообразни со една или пет куполи, со чиста цариградска концепција (Св. Богородица Перивлептос) или со провинциски комбинации (Нерези), кои земени во целост претставуваат продолжување на еден развиток што само делумно бил раководен од разбирањата на византиската престолнина. Од овој период наваму во Македонија (и во соседните земји) петкуполната крстообразна црква ќе биде еден од белезите на средновековната уметност. Живописноста на куполите поврзана со бараната хармонија на масите, заедно со се поголемата употреба на керамопластичната декорација се одлики што можат повеќе или помалку да се најдат кај сите споменици од овој период. Како пример можат да се земат Нерези, Богородица Перивлептос во Охрид и Св. Никола во с. Варош кај Прилеп.

 

Живописот од овој период влегува во рамките на уметноста на Комненовците и почетната фаза на палеолошкиот стил. Нерези и Курбиново се повеќе комненовски, а Манастир, Св. Богородица Перивлептос и Св. Никола в. с. Варош палеолошки. Но освен основните одлики што ги наоѓаме во целата византиска уметност од овој период, кај споменатиот живопис има елементи што претставуваат достоинство на македонските зографи. Тоа особено се однесува на Нерези и Курбиново. Во Нерези, освен чисто цариградски елементи

 

215

 

 

во претставувањето на монументално замислениот иконографски распоред на живописот и во одделните композиции или фигури, постои еден нов елемент што во Цариград и надвор од него никаде не е толку изразито предаден како во Македонија. Тоа е чувството на реалност за внатрешните доживувања на личностите во драматичните сцени, како што се страдањата Христови. Во нерешкото „Оплакување“ особено доаѓа до кулминација овој елемент. Констатиран и порано, но само делумно (во Св. Софија во Охрид — Успение) овој елемент добива толку важно место во македонскиот средновековен живопис, што и во цркви со скромни димензии, како што е црквата Св. Горѓија во с. Курбиново, паѓа в очи како доминантен елемент. Линеаризмот на комненовскиот стил, кој во Курбиново секако како плод на разбирањата на домашните зографи минува во фаза на барокна подвижност, не претставувал пречка да се изрази најсилното внатрешно доживување, што за целата византиска уметност значи откривање на нови простори во доменот на уметноста. Цариградската рафинираност на боите, неповторниот топол колорит и воздржаната мера во спиритуализирањето на ликовите го издигаат Нерези во редот на најважните споменици од византиската уметност воопшто. По него во стилот на комненовските разбирања доаѓа Курбиново, но таму цариградската концепција на моменти се губи и превладуваат таков линеаризам и форми што повеќе и одговараат на провинцијата.

 

Од почетокот на XIII век па сé до 1271 година, кога е изработен живописот во базиликата Св. Никола во с. Манастир во Мариово, уметноста во Македонија може да се следи по индиректни податоци, бидејќи нема зачувани споменици. Живописот во Манастир, меѓутоа, покажува две тенденции. Едната претставува навлегување во Македонија на нови, цариградски разбирања, што кон крајот на векот се оформиле како нов стил наречен палеолошки, а другата — задржување на комненовските елементи во таква форма што во однос на новите разбирања претставуваат вистинска ретардација. Оваа положба пред се била обусловена од политичката состојба. Во Македонија тогаш често се менувале господарите и во такви услови повеќе се чувале традициите од комненскиот период отколку што се примале новите тенденции. Но кон крајот на векот новите разбирања во уметноста веќе биле примени скоро на целиот Балкански Полуостров. Стилот на Палеолозите бил доминантен. За Македонија тоа најдобро се гледа на фреските од Богородица Перивлептос во Охрид и Св. Никола во с. Варош. Таму јасно доаѓа до израз цариградската концепција, иако не во сите свои нијанси, како што е тоа во првите две децении од XIV век. Тенденцијата кон наративност, кон теолошки искажувања со ликовни изразни средетва, иако без онаа рафинираност што ја има Цариград засега најдобро изразена во мозаиците

 

216

 

 

Црквата Света Софија во Охрид (XI век)

 

------------------

 

Епископска базилика во Баргала — Брегалница

 

------------------

 

 

и фреските од Кахрие Џами, веќе ги потиснува разбирањата што им биле туѓи на цариградските. Меѓутоа, онаа одлика што живописот во Македонија од претходниот период во извесна смисла го одделува од другиот балкански живопис и натаму продолжува во македонското фреско-сликарство. Драматичните елементи во Перивлептос во Охрид не само што не се намалени, туку во споредба со претходните, земени во целост, се наголемени. Зографите Михаил Астрапа и Евтихија, авторите на фреските од Перивлептос, толку силно умееле да предадат тага и психички доживувања што нивното „Оплакување“ изгледа блиско до животот, како да е дело на уметници што го студирале самиот живот и човекот како негова централна личност. Независно од тоа што е оправдано искажаното мислење во науката дека овие зографи биле прво мозаичари или ученици на мозаичари (а во Македонија, освен во Солун, нема ѕидни мозаици) та после фрескисти, нивното дело, почнувајќи од Перивлептос, како задужбина на големиот хетеријарх Прогон Згур и неговата жена Евдокија, претставува таков дел од активноста на зографите во Македонија од крајот на XIII век до почетокот на третата деценија од XIV век, што со право може да се смета како ателје со оформена физиономија, кое се менувало во зависност од постојниот контакт со општите културни промени и разбирања на тогашното општество.

 

Активноста на ова ателје што може да се следи од Атос до Призрен, значи, на една територија што била тогаш во центарот на културните настани, е потврда за постојниот растеж и движење на уметноста во Македонија, која, освен Солун, како центри ги имала седиштето на Охридската автокефална архиепископија — Охрид, потоа Скопје, Битола, кадешто изгледа една варијанта на композицијата „Возиграние младенца" добила назив Пелагонитиса — Пелагониска. Костур и заедно со нив бројните манастири, меѓу кои Климентовиот и Наумовиот, Лесновскиот, манастирите во Скопска Црна Гора, Трескавечкиот и др.

 

Важен дел од активноста не само на ова ателје, туку и на другите зографи претставува времето кога тие работеле за српскиот крал Милутин и неговите феудалци. Во врска со политичката активност на Милутина и неговите воени успеси е и засиленото влијание на цариградската концепција на палеолошкиот стил, примена по секоја веројатност преку Солун, најблискиот град под византиска власт со потесни врски со Цариград. Веќе во Св. Никита, во Скопска Црна Гора (обновен од крал Милутин 1307—1308) и Св. Горѓи во Старо Нагоричане (обновен од истиот крал 1314, а живописот изработен во 1317—1318) тие влијанија дошле до таков израз што само со откривањето на потписите на зографите Михаил Астрапа и Евтихија, и со продлабочената, во прв ред стилска анализа, може да се констатира дека овие фрески се дело на зографите од Перивлептос во Охрид.

 

217

 

 

За разлика од Охрид овде имаме чисто цариградски палеолошки стил, доказ не само за виталноста на зографите и усогласувањето на нивните ликовни концепции со барањата на ктиторите (кои, секако, се движеле во рамките на околината на кралицата Симонида, ќерката на византискиот император Андроник II Палеолог), туку и за победата на палеолошкиот стил во Македонија. Во овој стил се изработени скоро сите фрески до доаѓањето на Турците.

 

Во текот на овој период, како и во другите делови што биле под јурисдикција на православните цркви, и во Македонија се развил хезихазмот. Секако под влијание на ова верско движење кон испосништво и одделување од земниот живот се засилува и монашкиот живот по пештерите и оддалечените манастири, во кои, покрај учени калуѓери, имало и доста неуки или слабо писмени луѓе. По овие манастири, точно во овој палеолошки период, се изработувале фрески што ги откриваат оние концепции во средновековниот живопис на Балканот и во другите делови на византиската држава што ги одразувале повеќе народните разбирања и толкувања на религиозните настани познати во науката како дела на монашкиот стил. Во Македонија овој монашки стил е присутен во дел од фреските во црквата Св. Димитрија во Марковиот манастир до с. Сушица (Скопско). Таму почнувајќи од третата зона нагоре, во сцените од страдањата Христови имаме композиции кадешто личностите се испиени, облечени во скромна облека, со движења разбирливи за обичниот калуѓер и човек од околината. Тоа се одлики што им противречат на оние од долните две зони во истата црква, каде што се претставени „Великиот вход“ и сцени од животот на Христа — секако дело на зографи со други разбирања, блиски на општопримениот стил во Македонија.

 

Во духот на двете струи: дворската — палеолошка и манастирската се изработувани живописите на црквите подигнати како обнова на стари цркви од владетелот и феудалците по целата територија на Македонија. Со владеењето на српските кралеви, почнувајќи од Милутина, па сé до синот на Душана Урош V и нивните феудалци, се поврзани спомениците меѓу кои, освен споменатите, се зачувани црквата Св. Никола во Псача, Св. Арангел и Матејче во Скопска Црна Гора, Св. Никола во с. Љуботен, Лесново, Св. Арангел во с. Варош. Св. Андреја на реката Треска, Св. Богородица Захумска (Св. Заум) и др. како Богородица Троеручица и Св. Спас во Скопје, кои се познати само по литерарни податоци. Овој временски период, без оглед под чија власт се наоѓале деловите на Македонија, е богат со ликовна и архитектурна активност во секој поглед. Во Охрид тогашниот охридски архиепископ Григориј на местото на стариот трем го доѕидал оној монументален ексонартекс на Св Софија во Охрид (1317), кој како архитектонско дело се

 

218

 

 

смета за едно од ретките достигања не само во македонската, туку и во византиската уметност. Исто во Охрид тогаш се подигнати Св. Никола Болнички, Св. Богородица Болничка (подоцна обновена), Мал Св. Климент, Мали Св. Врачи, можеби и Св. Јован Канео — сé цркви што со по некои свои особености во архитектурата или живописот придонесуваат да се добие целосна слика за културното ниво во Македонија. А тоа ниво го определува не само бројот на подигнатите цркви и параклиси (бидејќи секој повиден световен или духовен феудалец сметал за должност да подигне црква), туку и квалитетот на живописот (ликовните квалитети на сите фрески од овој период се повеќе или помалку на исто ниво). Вкусот за квалитетот бил јасно формиран. Слаби дела се скоро исклучителна реткост. Засега во Македонија како такви можат да се третираат само одделни композиции во по некои цркви и тоа поради високото уметничко ниво на поголемиот дел од фреските.

 

Важна гранка во живописот на овој период претставува портретот. Тој се негувал, како и во соседните земји, и во претходните периоди, но во Македонија не се зачувани сигурно постари портрети од XIV век. Оставајќи ги настрана портретите најдени во Климентовата црква во Охрид, меѓу кои е претставен и Кесар Дука (бидејќи материјалот уште не е доволно проучен), како и портретот на еден византиски цар претставен во пештерската црква Св. Еразмо недалеку од Охрид (кој со недоволни докази се датира во XIII век), сите зачувани портрети на владетели, феудалци, архиепископи, епископи и други личности се од XIV век наваму. Кога не би се знаело дека портретот во римската, а потоа и во византиската уметност бил важен фактор во животот па луѓето, како и дека тој бил многу негуван од истите причини и кај другите балкански држави, би се дошло до заклучок дека портретот во Македонија се развил под влијанието на српската средновековна уметност.

 

Во Србија портретот го следиме од Немања наваму како неразделен дел од живописот. Таму скоро нема црковен споменик кадешто не е претставен ктиторот. Овој факт го објаснува и патот по кој се развивала српската уметност како и центрите што влијаеле на тој развиток (Цариград, Солун). Затоа со сигурност може да се претполага дека во Македонија се негувал портретот и пред XIV век, без оглед на тоа што зачуваните портрети се главно на српски кралеви и на српски и македонски феудалци.

 

Меѓу најпознатите портрети во Македонија се портретите на Милутина и Симонида во Старо Нагоричане, монументалните портрети на Душана и Елена во Лесново, сугестивниот портрет на ктиторот на Лесновскиот манастир деспотот Оливер, на Волкашина и Урош V во Псача, а особено групниот портрет на Паскача со целата фамилија,

 

219

 

 

исто во Псача, кадешто индивидуалните црти на ликовите дошле до силен израз. Оовен овие, значајни се портретите на Душана, Елена, Урош V, Св. Сава и Симеон во Св. Никола Болнички во Охрид, на охридскиот архиепископ Никола во истата црква и во Св. Софија во Охрид, претставен во последната црква заедно со деспотот Оливер, Марија Оливерина и нивните деца, како и портретите на Волкашина и неговиот син Марко во црквата Св. Арангел во с. Варош кај Прилеп и во Марков Манастир.

 

Неразделен дел и многу важна компонента во ликовната уметност претставува иконописот. Икони се изработувале на сите христијански светци и тоа во зависност од потребата, што произлегувала пред се од функцијата на светецот. Најмногу, се разбира, се правеле икони на Христа, Богородица со Христа, на Христовите страдања и на одделни светци претставени сами или со илустрирани сцени од нивните житија. Изработувањето на иконите било многу олеснето и поради нивната подвижност и можност да се изработуваат без оглед на годишното време. Оттаму и голем број икони по цркви, манастири и приватни домови. Во Македонија скоро секој граѓанин, а пред сé, феудалец, имал икони, а задолжително икона на заштитникот на фамилијата.

 

Од големиот број икони што се најдени во Македонија, по местото каде што се најдени и по околностите што го овозможиле нивното изработување можат да се определат одделни центри за изработување на икони. Меѓу нив на прво место доаѓа Охрид, потоа поголемите манастири, а центри од каде што се импортирале икони во Македонија биле: Цариград, Солун и Света Гора, не исклучувајќи ги и другите центри на Балканот и Истокот, бидејќи манастирите во Македонија, а пред се Охридската архиепископија, имале врски и со најоддалечените православни манастири и столици на православни цркви. Оваа околност е причина што многу тешко може да се следи развитокот на иконописот во Македонија. Сложеноста на потеклото и авторството на иконите станува поголема кога ќе се земе предвид дека икони изработувале и мозаичари и фрескисти. А тие се движеле честопати толку многу и во такви размери што нивните икони тешко можат да се поврзат со определено место, особено по оние промени и тешкотии што настанале со доаѓањето на Турците.

 

И покрај споменатите околности, денес може да се констатира дека најмногу и најзначајни икони досега се најдени во охридските цркви. Најстарата икона 40 тивериополски маченици, што се датира во XII век, е од Охрид. Во Охрид е најдена и единствената икона — мозаик. Таму, во црквата Св. Богородица Перивлептос, е најдена и најстарата датирана икона во Македонија (Исус Христос, 1262), изработена по порачка на охридскиот архиепископ Константин Кавасилас (чиј портрет, како канонизиран, се наоѓа во Св.

 

220

 

 

Богородица Перивлептос, Св. Јован Канео и во Старо Нагоричане). Недалеку од Охрид, во денешната црква Св. Ѓорѓија во Струга, е најдена иконата Св. Ѓорѓија, која во 1267 година ја изработил зографот Јован за дарителот референдарот ѓакон Јован. Во Охрид односно во денешната црква Св. Климент се чуваат и познатите икони „Благовештение“ (различно датирање од разни автори, од XI—XIII век), големите икони Христос и Богородица (XIV век), прочуените две Распетија на опачината од иконите „Христос душеспасител“ и „Богородица Одигитрија“ (XIII—XIV век), „Апостол Матеја“ (од XIII—XIV век), дело веројатно на зографот Евтихија, еден од авторите на фреските во црквата, малите икони за целивање со сцени од животот на Христа и други сижети (дела на ателјето на Михаил Астрапа и Евтихија) и други икони — јасна потврда не само за огромното богатство на Охрид со икони, туку и за постоењето на еден иконописен центар, адекватен по своето уметничко значење на најважните иконописни центри на Балканот. Зашто ништо посуптилно и похармонично во иконописот во Македонија, а можеби и во целото византиско сликарство од овој период, не е создадено од она „Благовештение" во Богородица Перивлептос во Охрид што е на опачината од иконата „Богородица Душеспасителка" (денес изложена во тремот на црквата), независно од искажаните и недокажаните мислења за можноста да биде оваа икона импорт од Цариград. А такви достоинства во определена мера се констатираат на сите споменати икони во Перивлептос. Овие квалитети ги имаат и други икони од Македонија („Христос на престол“ во црквата Св. Димитрија во Битола, „Богородица со Христа" од Лесново).

 

Македонија била крстопат за повеќе соседни и подалечни центри. Врските на Цариград и на Исток со Запад по суво се одржувале главно преку Македонија. Нејзината географска положба се одразила и во иконописот. Тоа го потврдува охридската икона „Богородица со Христа“, кадешто ликовите се предадени не во духот на стилот на другите охридски икони, туку со западни елементи во претставувањето на очите на Богородица и целата фигура на Христа.

 

Дополнување на живописот и составен дел од архитектурната концепција била декоративната пластика прво на олтарните прегради, а во XIII—XIV век и на иконостасите. Декоративната пластика во христијанската уметност на територијата на Македонија до идењето на Словените ги имала оние одлики што се суштествени и за декоративната пластика на доцноримската и рановизантиската уметност на Балканот. Најстарите зачувани остатоци од декоративната пластика од словенскиот период се остатоците од олтарната преграда на Св. Софија во Охрид и некои делови од цибориумот на чесната трпеза. Користејќи стилизирани лози и претстави од фауната, комбинирани со христијански симболи,

 

221

 

 

декоративната пластика од XI век со определена потенцираност на светлосенката, со благи нијанси од осветлените кон неосветлените делови, претставува продолжување на рановизантиската пластична декорација. Фигурата и во овој период, како и порано, е сведена на минимум, односно се користи само во некои случаи, како што е претставувањето на некоја биста на светец на космитисот (Св. Софија во Охрид) или некоја икона во материјал (камен или метал), како што е иконата „Св. Јован Теолог“, најдена во Демир Капија.

 

Во споредба со декоративната пластика од соседните земји македонската има најмногу и најблиски аналогии со грчката. Истото може да се констатира и за периодот што следува, односно за XII и XIII век. Најдобар доказ е олтарната преграда на Нерези со двете раскошни рамки на Богородица и Св. Пантелејмон, поставени од страните на преградата. Меѓутоа, декоративната пластика од XIV век се разликува значително од претходната. Во едни делови на Македонија (Охрид) во декоративната пластика се посилно се чувствуваат ориентални влијанија (амвонот на Св. Софија во Охрид, порачан од охридскиот архиепископ Григориј), а во други западни, пренесени директно или индиректно со ширењето на српската држава. Ориенталните влијанија се изразени во отфрлувањето на пластичната форма, а западните во внесувањето на елементи од романиката во капителите на колонките од иконостасите (Св. Атанасиј во Лешок, Старо Нагоричане) или розетите (Св. Никола во Љуботен и Св. Атанасиј во Лешок). Во овој период особено е развиена декоративната пластика во духот на византиската концепција на опковите од иконите како што се раскошните опкови на повеќе охридски икони од XIV век, во кои геометрискиот и флоралниот орнамент се преплетува со цели фигури или со бисти на светци.

 

Многу поскромно место во македонската средновековна уметност има слободната скулптура. Во вистинската смисла на зборот слободна скулптура не се изработува, но како таква донекаде може да се третира високиот релјеф. Засега е позлат само еден лик во цел раст и нешто помал од природната големина изработен во дрво како висок релјеф — ликот на Св. Климент, што се датира во XIV век. Меѓутоа, патиштата што го објаснуваат неговото изработување не се установени и може само да се претпоставува дека овој висок релјеф е изработен под западно влијание, зашто во духот на католичката црква е претставувањето на ликови на светци во скулптура а не на православната. Тоа што во српската православна црква има доста скулптури е влијание на Приморјето, кадешто католичката црква била доминантна.

 

За разлика од оние на црковната уметност, нашите познавања на профаната уметност се повеќе од окромни. Литерарни извори скоро нема, а зачувани дела има сосем

 

222

 

 

малку, и тоа само остатоци од тврдини. Ние немаме претстава за изгледот на дворците, приватните куќи по градовите, нивниот внатрешен распоред, за декорацијата на ѕидовите, за мебелот. Само врз основа на фреските што претставуваат портрети и со компаративен материјал се доаѓа до некои податоци за изгледот на луѓето, за облеклото, за вкусот во облекувањето на високото општество, на дворот и феудалците.

 

Еден дел од зачуваните, иако во урнатини, градски тврдини, цитадели и градски појаси, овозможува да се следи изгледот и развитокот на тврдините во определени периоди. Тврдините се издигале на тешко пристапни места, со добар и прегледен видик и најчесто со можност дел од тврдината да биде природно заштитен — стрмни карпи (Прилепската тврдина), вода или и едното и другото (Охридската тврдина). При определувањето на формите се користела конфигурацијата на теренот.

 

Засега како најстара тврдина се смета Охридската, и тоа во онаа форма кога била изградена од големи делкани и без малтер ѕидани правоагални блокови камен. По оваа тврдина во Охрид се констатирани уште две тврдини, ѕидани околу градот една до друга. Еден дел од постарата лежи врз римски гробови, а помладата е од IV век наваму, бидејќи во појасите од тули се најдени и тули со крстови. Одбранбените кули на постарата тврдина се четвртести. Меѓу нив е откриена и една двојна кула. Четвртести се и кулите од помладата тврдина, само што тие не се секогаш поставени на соодветните места од постарата тврдина. На помладата тврдина, а изгледа и на претходните, имало два главни влеза за градот, еден кај денешната Горна Порта, а друг кај Богородица Челница. Влезот кај Челница бил монументален и можеби затоа што тој бил челен влез и месноста со црквата, подигната подоцна е наречена Челница. Иако охридската тврдина честопати била поправана, а делум и доѕидувани нови кули и ѕидови — контрафори, таа својот основен изглед не го изменила. Најмногу измени има на цитаделата, која првобитно го немала денешниот изглед. Во сегашниот северен дел се откриени две кули, срушени до темели кои не се конструктивно поврзани ниту со ѕидот што ја дели цитаделата на два дела ниту со североисточниот и северниот ѕид на цитаделата. Срушените кули, како и ѕидот што ги поврзува со источниот ѕид од јужниот дел на цитаделата, заедно со основите на влезот во цитаделата се, изгледа, од времето на Самуила, односно од онаа цитадела што Самуил ја користел во Охрид. Сегашните кружни кули кај влезот во цитаделата со сите нејзини сегашни ѕидови се од времето по Самуила, веројатно од втората половина на XI век кога Охридската тврдина била обновена.

 

Освен Охридската тврдина има и друш тврдини кои се делумно зачувани или за кои се знае по литерарни податоци.

 

223

 

 

Позначајни се тврдините на Скопје, Струмица, Штип, Тетово и Битола. Скопската тврдина е подигната, изгледа, по уништувањето на Скупи (518) за одбрана од Варварите. При ѕидањето на тврдината е користен материјал од разурнатото Скупи. За постоењето на Битолската тврдина се дознава од скоро откриениот словенски кирилски натпис во Битола, во кој стои дека самодржецот Јован ја соѕидал (можеби обновил) битолската тврдина. Самодржецот Јован е, секако, синот на Арона (а Арон се споменува во натписот, наследник на царот Гаврил Радомир и внук на царот Самуил, што дошол на престол во 1015 година по убиството на Гаврил Радомир). Судејки по податоците што ни ги дава натписот, битолската тврдина била соѕидана (или обновена) во 1016 година.

 

На македонската средновековна уметност и́ припаѓа и уметничкото занаетчиство, во прв ред златарската уметност и керамографијата. Истражените словенски некрополи даваат богати наоди на накит: наушници, обетки, белезици, прстени, ѓердани и друго, украсени со филигран и гранулација, која отпрвин обично била изведувана од бакар, бронза и сребро, а подоцна, во XIII—XIV век, од сребро и злато. Меѓу најзначајните постигања на средновековната златарска уметност се сребрените опкови со позлата на иконите од ризниците на црквата Св. Кдимент во Охрид, што потекнуваат од XIII—XIV век.

 

Овој вид уметност се развивал под силно византиско влијание, но со живо присуство на извесни елементи од доцноантичката и автохтоната култура, а во подоцнежниот период и од Запад.

 

Развојот на средновековната македонска музика е тесно поврзан со развојот на општата култура на Македонија. Таа била под влијание на византиската музика и имала црковен карактер.

 

Почетоците на црковната музика во Македонија паѓаат, секако, во времето кога браќата Кирил и Методија дејствувале меѓу јужните Словени. Тие го превеле светото писмо од грчки на македонскословенски јазик настојувајќи да ги сообразат неговите музичко-метрички особености со обредните мелодии на Византијците, од кои македонските Словени го примија христијанството, а со него и нивната црковна музика. И во Универзитетот на Климент, во кој се школувале над 3.000 ученици, музичката наука била, секако, една од најважните дисциплини во обучувањето на слушателите, бидејќи е незамислив каков било црковен обред, ритуал без учество на музиката.

 

Особено голем развој музиката во Македонија достигнува во Самуиловата држава. Со основањето на самостојна црква, која во тоа време била нооител на сите културнопросветни движења, се создале услови за широко дејствување не само на црковната, туку и на световната музика,

 

224

 

 

Јован Теолог, Демир Капија икона од хлориден шкрилец (X—XII век)

 

------------------

 

Златни наушници од XIV век (с. Оризари, Кочанско)

 

------------------

 

 

која била негувана во домовите на старите македонски Словени, а особено во дворецот на цар Самуил и неговите наследници.

 

Со пропаста на Самуиловата држава стагнира и музичкиот живот во Македонија. Сепак некои претставници на оваа византиска провинција извршиле огромно влијание врз развојот и оформувањето на византиската црковна музика. Еден од тие претставници е Јован Кукузел, најмаркантна личност во историјата на источно-православната музика.

 

Во науката се уште не е точно утврдено времето кога живеел и творел Кукузел. Се чини дека најточни се податоците според кој Кукузел работел во Цариград кон крајот на XIII и во почетокот на XIV век. Скоро сите византолози се согласни дека Кукузел се родил во западна Македонија, посочувајќи го местото Џерменци, Дебарско. Уште како дете Кукузел бил одведен на византискиот двор во Цариград, каде што го добил и своето образование, и за кусо време станал најугледна културна личност во целата Византија. Пред дефинитивното заминување за Св. Гора, каде што наполно ќе се посвети на музиката и монаштвото, Кукузел навратил во западна Македонија да ја посети мајка си, што подоцна ќе се одрази и во неговото творештво, во кое внесува и елементи игго асоцираат на неговата татковина Македонија. Јован Кукузел бил вонредно значаен композитор и теоретичар. Тој се оценува како втора личност во византиската музика, веднаш след Јован Дамаскин. Се смета дека Кукузел е основач на новото нотно писмо, за кое изнашол нови нотни знаци, задржувајќи ги само 25-те знаци на старото (првото византиско) нотно писмо. Во историјата на византиската црковна музика ова нотно писмо е наречено „Кукузелово“. Со ова нотно писмо тој главно ги забележал своите творби, а со тоа ја збогатил музичката теорија на целокупната византиска музика. На Кукузел му се припишува и заслугата за новата интонација. Во сите негови творби се огледува големо знаење и смелост. Тој прв во источно-православната црковна музика вовел и модулација.

 

Заслугата на Јован Кукузел за развојот на византиската музика се состои во самиот карактер и начин на песнопоењето. Тој ги собира пред него напишаните напеви, ги преработува, ги дополнува со свои и по тој начин и дава завршна физиономија на источно-православната црковна музика. Составувајќи нови и поправувајќи ги старите црковни мелодии на настихирите, тропарите, кондаците и другите песнопеења, разгледувајќи го нивниот текст на стихови и полуетихови, Кукузел на свој начин на текстот му дава стихотворен вид и форма, а музиката ја збогатува со мелодии и други разни украсни мелизни.

 

225

 

 

Творечкиот опус на овој композитор е многу голем: Аниксанторите, Полилејот, Лјитургијата, Свијешче пророци, Владику и Свјашчено началника нашего, Јутрење, Вечерње, Големото исо, како и многу други обредни песни зборуваат за плодотворноста и високиот квалитет на Кукузеловото дело и за големата улога што ја одиграло неговото творештво во развојот на византиската односно источно-православната црковна музика.

 

По црковните книги се наоѓаат имиња и на други Кукузеловци што се занимавале со музичката материја во византиската црковна музика. Се сретнуваат и имињата на Јосиф и Петре Кукузелови, потпишани на нотни материјали, за кои се претпоставува дека се од подоцнешниот период на средниот век, т.е. по Кукузеловото време.

 

Несомнено е дека за овој културен расцут на ова културно подрачје се заслужни низа истакнати музички творци и творештвото на Јован Кукузел ги резимира во себе сите интенции на неговите претходници.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]