Иван Михаjлов
ЗА НЕКОИ НАШИ ПРАШАЊА
 

НАШИ  ВОПРОСИ

 Содржината на таа книга претставува писмо со одговорите на Иван Михаjлов до струмичанецот Александар Стоjменов коj е политички емигрант во Белгиjа и претседател на Македонското друштво “Тодор Александров” во Брисел. Таа е и првиот обид за популаризирањето во Македониja на апсолутно оригинална, а истовремено и непозната творба на Иван Михаjлов - последниот лидер на револуционерната ВМРО, основана 1893 г. во Солун. Издавачите немаат за цел да ги дискутираат ставовите на Михаjлов туку сакаат секоj Македонец сам да ги направи своите заклучоци. Што се однесува до Александар Стоjменов, тоj е припадник на поколението македонски борци, кое деjствуваше во нашата земjа после краjот на Втората светска воjна. Заедно со Алексо Котев, Стоjан Габеров, Костадин Грнбозов и уште десетина души, бил член и идеен водач на вооружена група на ВМРО, коjа се борела против Титовиот србокомунистички режим. Два пати (1949 и 1956 г.) бил осудуван како член на ВМРО и издржувал 14 години во jугословенските затвори во Идризово и Пожаревац. Во емиграциjа е еден од издавачите на Спомените на Иван Михаjлов.

 На широката македонска jaвност името на Иван Михаjлов е познато пред се од некогашните комунистички пропагандни изданиjа. За прв пат каj нас негови творби како “Македониjа - Шваjцариjа на Балканот” и др. се поjавиjа после декларациjaта за независност на нашава држава. Но и во тоj случаj тие беа печатани на денешниот македонски литературен jазик, коj како писмена форма не беше познат на Михаjлов.
 Последниот останат жив од членовите на последниот ЦК на ВМРО, како и сите негови претходници како Гоце Делчев, Даме Груев, Jане Сандански, Тодор Александров и др. пишуваа на jазикот коj се изучуваше во Македониjа до 1912 г. и коj беше забранет од српските и грчките окупатори. Тоj ист jазик беше официjален во соседна Бугариja до краjот на 1944 г., кога комунистите ги исфрлиja од азбуката старите Светиклиментови букви како h и @. За да биде поразбирлив Иван Михаjлов за читателите во Македониjа, родени после 1944 година, треба да се знае дека:

 й (и кратко) се чита j - край (краj), случай (случаj).

 щ се чита шт - щета (штета), българщина (б’лгарштина).

 ъ (ер голем) во средината на зборовите се чита ‘, а во краjот не се чита - сърбинъ (с’рбин).

 ь (ер мал) во средината се чита j, а во краjот и пред членот “та” не се чита - Кольо (Кољо), область (област), областьта (областта).

 ю (jу) - юг (jуг), юнак (jунак).

 я (jа) - Македония (Македониja).

  (jатовата гласна) е стара кирилска буква коjа во зависност од диjалектот се чита е или . Во краjот на зборовите во мн. ч. секогаш се чита како е - бхъ (бех, во Македониja; бjах, во Бугариjа), блъ (бел и бjал), нма (нема, во Македониja; нjама, во Бугариja).

  (голем jус) е исто така стара кирилска буква коja според диjалектот се чита како а, или о - рка (рака, рока или р’ка), птъ (пат, пот или п’т).

 Таа иста форма на нашиот jазик и денеска се употребува од постарата македонска емиграциja во САД и Канада коja ги издава списаниjaта “Македонска трибуна” и “Вардаръ”. Во текот на 1993 г. во Бугариjа беше преземена инициjативата да се признае како втора литературна форма. Моите критичари, кои ке ми речат дека jазикот на Михаjлов не е наш, дека не е македонски, ке ги замолам прво да ми одговорат штом за нив тоj е неразбирлив, како го разбрале што напишал?! Истото се однесува и за содржината на книгава!

         Спасе Тетовски

[Back]