Средновековни градови и тврдини во Македонија

Иван Микулчиќ

 

VII. ПРЕГЛЕД НА УКРЕПЕНИТЕ МЕСТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

5. Општина ВИНИЦА

 

 

Виница

 

Крајпатна стража. Сл. 41, 42.

 

Лит.: И. Микулчиќ TIR, 132; — К. Балабанов 1986,153; — Е. Манева 1992,121.

 

Местоположба. Месноста „Градиште, Кале” лежи на југозападната периферија на Виница. Претставува 40—70 м висок рид на работ на Виничкото поле. Најлесно е пристапен од југ, преку мало седло кое вештачки е пре-

 

168

 

 

Сл. 41. „Кале”, Виница, доцноантички кастел. Акрополата обновена во средениот век

Сл. 41. „Кале”, Виница, доцноантички кастел. Акрополата обновена во средениот век

 

169

 

 

сечено во одбранбени цели. Во северното подножје поминува патот Штип — Виница — Берово, античкиот пат Астибо — Баргала — Партикопол. Калето доминира над широката околина. Еден стар планински пат поаѓал од Калето на југ и преку сртот на Плачковица избивал во Радовишко Поле.

 

Сл. 42. „Кале”, Виница, накит од словенски гробови, 11.—13. век

Сл. 42. „Кале”, Виница, накит од словенски гробови, 11.—13. век

 

 

Најстари остатоци. Просторот на ридот Кале, опфатен со обѕидие, мери 320 х 140 м (3,2 ха). Најстари наоди: атички сликани вази и монети на Филип II Македонски. Во 4. век н.е. било изградено обѕидие со малтер и оформен кастел голем 2 ха. Во 6. век обѕидието било обновено, исто така и челната кула, а на југоисточниот дел доѕидана е нова кула со премин низ неа. На тој сектор се откопани (во 1985—1990 г.) една ранохристијанска црква, дел од магацин со вкопани питоси и до него дел од богата куќа со перистил, веро-

 

170

 

 

јатно епископска резиденција. Во неа се најдени бројни керамички плочи со библиски претстави во релјеф („Винички икони”) со кои биле украсени ѕидовите. Градбите страдале во пожар и биле целосно урнати во доцниот 6. век (повеќе монети на Јустин II, 569/70 г.).

 

Иако малечок по обем, кастелот во Виница со време бил издигнат до ранг на црковно средиште веројатно епископски стол Келенидин (?). За ова зборува и концентрацијата од 10 базилики во Виница и во нејзината околина.

 

Средновековни остатоци. На просторот на акрополата што го зафаќала јужниот дел од кастелот (со големина 0,4 ха) во средниот век бил подигнат нов ѕид врз урнатиот доцноантички ѕид. Тој бил граден многу послабо и без малтер, а била обновена и челната кула. Најголем дел од ова обѕидие е уништено во наше време со земјоделски работи. Во северозападниот дел на новата крепост биле закопувани умрените. Истражените гробови се датирани со накит во 10.—13. век. И старата базилика веројатно била обновена (нејзиниот средишен кораб) во ова време.

 

Досегашните наоди наведуваат на заклучок дека на Калето егзистирала мала крепост во 10.—13. век (можеби и подолго), како стража покрај патот што од долината на Струма преку Малешево избивал на Брегалница, водејќи натаму на запад.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]