Средновековни градови и тврдини во Македонија

Иван Микулчиќ

 

VII. ПРЕГЛЕД НА УКРЕПЕНИТЕ МЕСТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

24. Општина СТРУГА

 

 

Загратчани

 

Збег Сл. 147.

 

Местоположба. Локалитетот „Градиште, Св. Спас” лежи 0,6 км северно од Загратчани. Претставува издвоено карпесто ритче во подножјето на масивот на Јабланица, на западниот раб од Струшкото поле. Високо е 150 м (874 м н.м.) и има зарамнет врв што постапно паѓа кон југоисток. Падините не му се многу стрмни. Ридот доминира над околното поле во далечина од многу километри; на 2,5 км јужно од него поминувала трасата на Егнацијскиот пат.

 

Сл. 147. „Св. Спас”, Заградчани, укрепен антички збег, користен и во доцниот среден век

Сл. 147. „Св. Спас”, Заградчани, укрепен антички збег, користен и во доцниот среден век

 

312

 

 

Најстари остатоци. Како прибежиште на жителите од околната рамница, ритчето било користено во хеленистичко време (македонски монети, фибули) потоа повторно во несигурните времиња во одминатиот 3. век и во доцниот 4. век (бројни монети, сите во училишната збирка). Обѕидието на врвот е веројатно доцноантичко. Изградено е од кршен камен без малтер, широко 1,5 м и опфаќа простор од 95 х 57 м (0,4 ха). Во средиштето, на највисоката позиција, лежат остатоци од една маркантна градба покриена со голема грамада камен (ранохристијанска базилика ?).

 

Средновековни остатоци. Југоисточно од споменатата грамада, на работ на карпестиот отсек, лежи делумно раскопана основа на една средновековна црква. Била ѕидана со малтер, а голема околу 10 х 5 м; според преданието посветена е на Св. Спас. На тој простор се среќаваат и парчиња од словенски црепни, а најдена е и византиска монета — бакарен скифат од 13. век.

 

Стариот укрепен збег несомнено бил користен повремено — повторно како збег — и во бурните настани во доцното средновековие.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]