Средновековни градови и тврдини во Македонија

Иван Микулчиќ

 

VII. ПРЕГЛЕД НА УКРЕПЕНИТЕ МЕСТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

28. Општина ШТИП

Крупиште (Равен ?)

Црешка (Чрешче)

Штип (Стипон, Штип)

 

Крупиште

 

Град Равен ?, населба. Сл. 171—73.

 

Лит.: Б. Алексова 1983, 85—00 и 1989, 18—3, 65—7; — И. Микулчиќ TIR, 75—76.

 

Местоположба. Месноста „Кале” лежи на североисточниот дел на

 

344

 

 

Крупиште, среде мочурлива рамница на устието на Злетовица во Брегалница. Теренот е природно издигнат 2—3 метри над околното мочуриште, во вид на тесен полуостров пристапен од запад; излиените речни води претставувале природна препрека од три страни. Во наше време со мелиорациони зафати мочуриштето е претворено во оризови полиња кои се

 

Сл. 171. „Кале”, Крупиште, доцноримски каструм и стопанско средиште (град) во 5.—6. век. Обновен во 9. и 10. век како аул — „град” Равен ?

Сл. 171. „Кале”, Крупиште, доцноримски каструм и стопанско средиште (град) во 5.—6. век. Обновен во 9. и 10. век како аул — „град” Равен ?

 

 

натопуваат со истата вода. Покрај Калето води трасата на Брегалничкиот пат (денес Штип — Кочани — Делчево), а на ова место од него се одвојува регионалниот Осоговски пат (денес Крупиште — Пробиштип — Кратово — Славиште).

 

Најстари остатоци. На ритчето Голем Цапар што се издига на источниот дел на Калето во хеленистичко време била изградена укрепена населба. Со

 

345

 

 

својата централна положба во Полето и со големина од 4 ха, претставувала стопанско и управно средиште на овој крај.

 

Во доцноримско време на Калето бил подигнат воен логор (каструм) во форма на правоаголник. Ѕидовите (камен со малтер) биле влечени во прави потези и затворале простор од 8 ха. По војската тука израснала цивилна населба, можеби градот Запара, забележан и како епископско седиште. Со градење на куќи во наше време месното население ископало бројни парчиња мермерна пластика од неколку ранохристијански цркви. Една голе-

 

Сл. 172 „Кале”, Крупиште, црква 1, 9.—10. век (по Б. Алексова)

 

 

ма базилика со 5 апсиди (6. век) делумно е откопана на северниот крај на градот, а остатоците од една друга констатирани се со сондирање под црквата на Св. Никола (14. век) јужно од градското обѕидие.

 

Рудоносниот ревир на Средно Осогово е потврден со повеќе десетици рудници и згуришта од доцноантичко време, како и со близу триесет руднички крепости и укрепени рударски населби од тоа време. Тие гравитирале

 

346

 

 

кон градот (Запара?) кај Крупиште, претставувајќи ја стопанската основа на градот и регионот.

 

Средновековии остатоци. Со археолошките ископувања во Крупиште откриена е една крстообразна црква од 9.—10. век покрај јужниот градски

 

Сл. 173. „Кале”, Крупиште, црква 2 (9.—10. век) изграсена врз средниот дел на базиликата од 6. век. Јужно до неа се словенски гробови (10.—11. век)

Сл. 173. „Кале”, Крупиште, црква 2 (9.—10. век) изграсена врз средниот дел на базиликата од 6. век. Јужно до неа се словенски гробови (10.—11. век)

 

 

ѕид и гробови од тоа време сместени до неа (бр. 1 на планот). На северниот дел од обградениот простор, во рамките на базиликата од 6. век (со 5 апси-

 

347

 

 

ди) откопани се словенски гробови од 9.—10. век (бр. 2 на планот). Тие биле вкопани во слојот на урнатините во јужниот кораб на базиликата, во длабочина до нејзиниот под. Ова индицира дека средниот кораб на црквата од 6. век несомнено бил обновен во 9.—10. век, служејќи како гробјанска црква. Стратиграфијата е извонредно јасна и не допушта никакви хипотези за наводен мартириум од 9. век (по Б. Алексова), а кој божем го зафаќал јужниот кораб на базиликата. Според истиот автор и целата базилнка претставувала катедрална црква не од 6. туку од 9. век во која столувал никој друг туку епископот Климент Охридски! За сето ова не само што нема докази туку археолошките наоди го зборуваат спротивното.

 

Б. Алексова помислува дека тука лежел градот Равен. За време на првите бугарски упади од Струма на запад, позицијата на Крупиште среде рамницата на Средна Брегалница била идеална за нивните замисли. Обѕидието на римскиот каструм, делумно запазено, можело да им послужи за формирање на голем аул во истите рамки, за сместување на војниците со cи коњите, добитокот и придружбата — цела една хорда од повеќе илјади луѓе разместени во укрепениот простор. Ваквата база со извонредни офанзивни можности и воедно добро засолнета во мочуриштето можела да им послужи во натамошната воено-политичка експанзија кон Повардарјето и земјите натаму до Јадран на запад, а од друга страна овозможувало одржување на врски со матичните бугарски земји од Струма на североисток. Кнезот Борис набргу по приемот на христијанството (во 864 година) тука на Брегалница го извршил првото покрстување на Словените (4.050 или дури 14.000 !). Градот Равен станал првата епископија на Брегалница.

 

По повелбата од 1019 г. седиштето на Брегалничката епископија се наоѓало во Мородвис, мал кастрон во пазувите на Плачковица и 14 км источно од Крупиште. Се чини дека уште во 10. век Равен целосно ја загубил својата дотогашна политичка улога. Документите од времето на Самуил и по него воопшто не го спомнуваат Равен. Овој факт не може да се премолчи. Градот Равен треба веројатно да го замислиме како протобугарски аул, епизодно користен како обграден војнички логор, без ѕидани цврсти градби во него (освен црквите) и без урбано живеење. Со движењето на бугарската војска натаму на запад местово опустело. Останале тука да живеат малубројните локални словенски жители групирани околу неколкуте цркви. Исчезнало дури и името Равен, а во 14. век кога српскиот цар Душан тука одржал црковен собор, селото го носело денешното име, Крупиште.

 

348

 

 

 

Црешка

 

Град Чрешче, рудничка и гранична крепост. Сл. 174, 175.

 

Лит.: И. Микулчиќ TIR, 36 и 1987, 149—157.

 

Местоположба. На оддалеченост од близу 2 км југозападно од Црешка се издига осамената карпа „Хисар” („Полис”) покрај Брегалница. Реката врти во голем лак околу неа и ја опфаќа од три страни. Само од исток кон Хисар се приоѓа преку длабоко седло. Карпата има вертикални страни високи 30-50 м и зарамнет врв во вид на плоча, голема 300 х 120 м. Се издига 150 м над реката и доминира над широката околина. Далеку е од сите позначајни патишта во овој регион. Јужно од Хисар реката поткопала карпи наталожени со железна руда (сидерит); се гледаат дупки и поткопи на простор долг 2 км — траги од вадење на рудата во минатото.

 

Најстари остатоци. Првите рудари се населиле на Хисар во раната антика (грнчарија и монета од 3. век ст. е.). Во доцната антика тука израснала голе-ма рударска населба. Иако е природно укрепена и непристапна, плочата на врвот била опкружена со камен ѕид, а со ѕидови бил опфатен и станбениот простор во јужното и источното подножје, со вкупна површина од 7 ха. На реката јужно од Хисар бил изграден мост од кој денес се гледаат траги. Бројните движни наоди и монети од 4.—6. век го определуваат времето на животот на Хисар.

 

Средновековни остатоци. Обновеното рударство во овие краишта условило да се обнови и крепоста на Хисарот. Бидејќи и плочата била многу голема за поскромните средновековни потреби, преградена е со напречен ѕид во два дела и помалиот источен дел (со големина 120 х 110 м) бил населен. На напречниот ѕид (граден без малтер) на северниот агол потпрена е една голе-ма кула. Ѕидана е масивно и со малтер, мери 12,5 х 12 м и доминира над целата карпа и околината. Сето ова ја определува како донжон, настанат во 13. или 14. век. Останатиот простор на карпата, природно заштитен, служел по потреба како збег.

 

Движните наоди прибрани во укрепениот простор потекнуваат од подолг временски период. Истакнуваме една бронзена апликација — јазиче за појасен ремен, со форма и украси типични за доцниот 8. и 9. век. Парчињата словенски накит од бронза и стакло потекнуваат од 10—13. век. Бакарните монети — византиски скифати се од 12.—13. век. Една оловна плочка со магиски запис за истерување на демонот Нежит е датирана во 13.—14. век. Српските монети се од 14. век.

 

По битката кај Велбужд во 1330 г. Србите освоиле низа гранични

 

349

 

 

византиски крепости на Брегалница и Вардар. Тогаш бил заземен и „градот Чрешче”. Името е словенско и упатува (како и археолошките наоди) на времето пред византиската реновација, веројатно во 9. век (под Борис и Самуил). Византија го користела како рудничка, и на крајот како гранична

 

Сл. 174. „Хисар (Полис)”, Црешка, доцноантичка рударска населба. Акрополата е преградена во средниот век (град Чрешче)

Сл. 174. „Хисар (Полис)”, Црешка, доцноантичка рударска населба. Акрополата е преградена во средниот век (град Чрешче)

 

350

 

 

тврдина.

 

Побогатите рудни лежишта во околината биле исцрпени веројатно уште во доцната антика и Чрешче живуркало како мала населба со тврдина до 14. век. Во турските документи не е забележано, а споменот на „градот” Чрешче останал да живее во името на селото Црешка близу него, кое во нашето време исто така запустело.

 

Сл. 175. „Хисар”, Црешка, наоди од 9. и 13.—14. век

Сл. 175. „Хисар”, Црешка, наоди од 9. и 13.—14. век

 


 

Штип

 

Фрурион Стипеон, град Штип со подградие. Сл. 176—178.

 

Лит.: М. Јовановиќ 1961, 103—105; — В. Санев 1964, 106—109; — Б. Јосифовска и И. Микулчиќ TIR, 18, 19 (Астибо); — З. Белдедовски 1977, 195—214; Т.

 

351

 

 

Томоски 1978, 278—285.

 

Местоположба. Месноста „Хисар” претставува карпест рид висок 120 мнад устието на Отиња во Брегалница, на западната периферија на денешен Штип. Има многу стрмни страни и тесен долг врв, а најлесно е пристапен од север каде што сртот постапно слегува до реката. Хисар е скриен од запад и

 

Сл. 176. „Хисар”, Штип, замок од 14. век изграден врз остатоците од словенската тврдина Штип

Сл. 176. „Хисар”, Штип, замок од 14. век изграден врз остатоците од словенската тврдина Штип

 

352

 

 

jyr co други ридови што формираат речен теснец. Во источното подножје на Хисар и 1 км западно оттука се крстосувале неколку значајни патишта во минатото (како и денес): патото од Солун и Струмица на југ-југоисток; од Велес на југозапад; од Ниш и Овче Поле на запад-северозапад; од Горна Струма и Пијанец на североисток (по десниот брег на Брегалница); од Долна Струма и Малешево на исток (по левиот брег на Брегалница и Осојница).

 

Најстари остатоци. Стратешката положба на Хисар со спомнатите патишта ја забележале Римјаните: местото Астибос археолошки е потврдено со бројни камени споменици од 2. — 6. век. Од тие векови потекнува и голем тунел, пробиен низ гранитни карпи од врвот на Хисар до западното подножје, во ниво на Брегалница. Во источното подножје на Хисар се регистрирани остатоци од ранохристијанска базилика со капители, од 6. век. На месноста Суитлак на североисточниот дел на Штип, преку реката Отиња се издигаат остатоци од римскиот акведукт; ѕидаријата и керамичките тубули низ кои е спроведена водата се од доцноантички тип. Обѕидието на доцноантичкиот кастел не е

 

Сл. 177. „Хисар”, Штип, план на дворецот

Сл. 177. „Хисар”, Штип, план на дворецот

 

353

 

 

сочувано на Хисар, само на места слоеви со доцноантички куќи.

 

Средновековни остатоци. Од Самуиловата крепост — фрурион Штип спомната на почетокот на 11. век, денес нема остатоци. Тврдината што денес се гледа на Хисарот потекнува од 14. век. Ѕидовите и се градени во плочест слог залиени со многу малтер, а широки се само 1,3 м. Само одделни партии се помасивни: челото на главната кула мери 2,20 м а западниот ѕид на палатата дури 2,65 м! Ѕидовите биле армирани со бројни дрвени греди по должина и напречно (сантрач систем). Тврдината се состои од два дела, опкружени со одделни ѕидни појаси. Тоа се:

 

1. Дворецот (замокот), поставен на највисокиот дел на ридот зафаќа простор долг 106 и широк до 20 м. Западниот ѕид е поставен на работ на стрмната падина и повлечен е во права линија. Јужната половина му е широка 1,5 м и на него се потпирале (однатре) помошните градби. Северната половина на истиот ѕид е извонредно масивна, широка 2,65 м и на неа однатре се потпирала палатата. Низа дупки од големи греди на него укажуваат дека палатата имала сутерен и најмалку 1 а веројатно 2 ката. Северниот дел на просторот завршувал со триаоглна кула која денес е урната. Во северниот дел и на јужниот дел на обградениот простор се гледаат две цистерни за собирање дождовница, вдлабени во карпеста почва (големи се околу 4 х 5 и 4 х 8,7о м). Северната цистерна е поставена дијагонално на обѕидот и потекнува веројатно од постаро време (доцната антика ?).

 

На средина на источниот ѕид (кој максимално е урнат) стои главната кула (донжон), голема 9,8 х 8 м и висока денес до 12 м (мерено од источното подножје). Покрај неа од јужната страна стоела порта за влез во замокот, а на северната страна на кулата е потпрена стражарската куќа за внатрешната (удвоена) порта; низ оваа порта се влегувало од предниот двор во дворот на палатата. Планот на замокот е целосен и компактен и укажува на еден градежен зафат.

 

2. Стопанскиот дел на замокот (цвингер) се простира на падините северно, источно и јужно од дворецот, на простор долг 250 и широк 50 м во северниот дел, а 60 м во јужниот дел. Обѕидието е запазено главно околу јужниот дел на тој простор. Една порта е видлива на средината од источниот ѕид (водела кон подградието), а друга порта стоела на југозападниот ѕид, на местото каде тој се потпирал на обѕидот на дворецот. Поради поголема сигурност во случај на напад, и двете порти биле поставени бочно во насока на обѕидот. Најлесен пристап постои од север, по тесниот срт што се спушта кон реката, но на тој дел обѕидот е максимално урнат. Во тој простор се гледаат и бројни правоаголни длабнатини всечени во стрмна карпеста падина — сутерени од куќи што тука стоеле.

 

Градежните особености на долното обѕидие укажуваат дека истото било градено во сито време со дворецот на врвот, во одминатиот 14. век.

 

354

 

 

Сл. 178. „Хисар”, Штип, реконструкција на дворецот

Сл. 178. „Хисар”, Штип, реконструкција на дворецот

 

 

Обградениот простор мери повеќе од 1 ха и во него биле сместени објектите за слугите и стражата, работилниците, коњушниците, магацините и оста-атите стопански објекти на господарот. Во доцниот 14. век овој простор веројатно служел и како збег за граѓаните на штипското подградие.

 

Во источното подножје на Хисарот лежат бројни траги од средновековното подградие. На неговиот северен дел стои добро запазена црквата на Св. Архангел од 14. век. Тоа е јадрото на денешниот град Штип.

 

Историјат. Во воените операции против Самуил, византискиот цар Василиј II во 1014 г. ја освоил тврдината Штип („фрурион Стипеион”). Потоа долго време нема вести за Штип. Во 1282 г. кога Србите ја поместиле границата

 

355

 

 

кон југоисток заземајќи го Овче Поле, Злетово и Пијанец (значи и Штипскиот регион), Штип не е забележан. Веројатно старата византиска тврдина уште не била обновена. Брегалничкиот регион е целосно освоен од Србите во 1328 г., со гратчето Чрешче на Долна Брегалница и Просек далеку на југ оттука. За време на владеењето на кралот и на царот Душан Штип е спомнат повеќе пати: подградието Штипско (1332 г.), потоа „град Штип и (негова) амборија” (трг, пазар, подградие); „кефалија Штипски” (1355 г.). Првин била изградена црквата на св. Архангели, а подоцна на Св. Јован Крстител, Св. Власија, Св. Никола, Св. Вознесение (Св. Спас). За сите нив се сочувани и грамотите или се познати нивните ктитори и градители. Несомнено откако Србите завладеале со Штип била обновена и тврдината, и тоа не веднаш. Во прилог на тоа зборуваат и податоците за посетата на кралот Душан: на почетокот на своето владеење тој го посетил Овче Поле и престојувал во селцето Слан Дол, а подоцна и во Крупиште; притоа Штип не бил спомнат. Несомнено Штип во тоа време сеуште не бил подготвен да му пружи гостопримство на владетелот.

 

Еден од најмоќните феудалци на царот Душан, деспотот Оливер, управувал со регионот на Овче Поле, Брегалница и Осогово. Потсетуваме дека географскиот поим Овче Поле тогаш и подоцна (до 19. век) го опфаќал на исток и Штип со околината (денес е стеснет на оштината Св. Николе).

 

Штип, несомнено бил седиште на Оливер. Тврдината на Хисар не е обичен збег на граѓаните од подградот, ниту државна војничка тврдина. Тоа е монументална резиденција (дворец со палата) на еден моќник, кој ја изградил неа и наброените цркви во одминатиот 14. век. Вакви квалитетни градби нема на друго место во широкиот Брегалнички регион, освен црквата во Лесново која е исто така дело на Оливер. Ова се многу јасни и неспорни факти кои не можат да се превидат.

 

Во својот дворец Оливер бил опколен со вазали - феудалци од понизок ранг кои живееле исто тука (несомнено во „долниот град”) и од кои некои се забележани како ктитори на некои од штипските цркви. Богатството, потрошено во градбата на крепоста со палатата, на црквите и пазарот, потекнувало од обновеното рударство во Осогово и од трговијата која се расцутела во врска со тоа. Од Осоговското сребро Оливер ковал и пари со свое име. Него тука ќе го наследи Константин Дејанов, исто толку моќен феудалец.

 

Турците го освоиле Штип во 1385 г. (според Ф. Бабингер) и најмалку два века во Хисарот држеле воена посада. Во 1530 г. истата броела 17, а во 1573 г. 11 стражари (Стојановски 1981, 75). Во своите патни белешки Хаџи Калфа и Евлија Челеби велат дека Хисарот во Штип во тоа време (17. век) бил запустен. Потоа тврдината веќе никој не ја користел.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]