Средновековни градови и тврдини во Македонија

Иван Микулчиќ

 

VII. ПРЕГЛЕД НА УКРЕПЕНИТЕ МЕСТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

20. Општина РАДОВИШ

Радовиш (Радовиште)

Шопур

 

Радовиш

 

Фрурион Радовиште, регионално средиште.

 

Местоположба. Месноста „Хисар” претставува издолжен рид близу северозападната периферија на Радовиш, на северниот раб на Радовишко Поле. Тој е малку вовлечен во подгорјето на Плачковица. Доминира над долинката на Радовишка река, по која води стар планински пат кон сртот на Плачковица и натаму кон Малешево, а има голема прегледност и над Полетокако и над стариот пат Штип — Струмица.

 

Средновековни остатоци. Не се истражувани, ниту е извршен премер и техничко снимање. Во турско време од крепоста е земан камен за градење на куќи и јавни градби во Радовиш така што денес останале минимални траги. Во подножјето, на западниот раб на долинката на Радовишка Река лежат доцносредновековни гробишта и крај нив црква, изградена врз постари темели. Тоа се остатоците од средновековна населба, подградието на градот Радовиште.

 

Во повелбата на Василиј II од 1019 г. под управата на епископот на

 

270

 

 

Струмица е наведена и еноријата Радовиште. Израснат како регионално средиште, истата улога ја задржал Радовиш и низ турско време до денес.

 


 

Шопур

 

Висока крајпатна стража. Сл. 117, 118.

 

Лит.: Ф. Папазоглу 1957, 252, 354; — И. Микулчиќ и Б. Јосифовска во TIR, 118 (Астраеум, Астрајон).

 

Сл. 117. „Пилав Тепе”, Шопур, доцноантичко рударско гратче. Акрополата е користена и во средниот век како висока стража

Сл. 117. „Пилав Тепе”, Шопур, доцноантичко рударско гратче. Акрополата е користена и во средниот век како висока стража

 

271

 

 

Местоположба. Ридот „Пилав Тепе” лежи 1,5 км југоисточно од Шопур и 12 км западно од Радовиш. Претставува 220 м висок вулкански куп со тесен врв (610 м н.м.), што од север ја затвора теснината на Мадемска река и патот Радовиш — Штип. Врвот и северната падина се покриени со огромни базалтни карпи. На север паѓа вертикално, а на југ поблаго, преку 3 тераси. Озгора има преглед низ целиот теснец и многу километри во долината на Лакавица и во Радовишко поле. На 2—5 км североисточно од Пилав Тепе се среќаваат бројни траги од старо рударење и преработка на метали (бакар, злато, олово-сребро, железо). Денешниот рудник и топилница за злато и бакар

 

Сл. 118. „Пилав Тепе”, Шопур, наоди 11.—13. век

Сл. 118. „Пилав Тепе”, Шопур, наоди 11.—13. век

 

 

„Бучим” лежи 3 км североисточно од Пилав Тепе, а од другата страна на реката. помеѓу Дамјан и Брест, лежат стари копови на железо експлоатирани до наше време.

 

Најстари остатоци. На Пилав Тепе израснала голема рударска населба во античко време, зафаќајќи простор од 12—15 ха. Во југоисточното подножје

 

272

 

 

на ридот, со проширувањето на автопатот во 1958 г., беа откопани повеќе печки за топење на метали. Бројни гробови од хеленистичко и римско време се раскопани на седлото и падините североисточно од Пилав Тепе.

 

Во доцноантичко време населбата се намалила и се повлекла горе кон врвот. Обѕидието опфаќало кружна површина од 270 х 250 м (4,5 ха). На обѕидието биле допрени долги низи од станбени простории. На карпите на врвот била поставена акрополата, голема 65 х 60 м, со внатрешно обѕидие. Се гледаат 2 цистерни за вода, делумно всечени во карпата, потоа бројни дупки и усеци во карпите за вглавување на дрвени греди, со кои бил зајакнат ѕидот. Покрај доцноантичката грнчарија најдени се и повеќе монети од доцниот 4. до крајот на 6. век.

 

Укрепеното градче на Пилав Тепе можеме со голема веројатност да го идентификуваме како рударскиот град Астрајон (Астраеум), писмено потврден во раната и доцната антика. Археолошките наоди во него во споредба со остатоците на околните локалитети и оние во поширокиот регион му даваат голем примат и зборуваат во таа насока.

 

Средновековни остатоци. Доцноантичкото обѕидие и акрополата се многу добро запазени до денес, така што без поголеми преправки можеле да бидат користени и низ средниот век. На тоа упатуваат и повеќе ситни наоди во укрепениот простор: средновековната огнишна грнчарија, една византиска монета — бакарен скифат од 13. век; еден бронзен прстен и дел од белегзија (10.—11. век); повеќе ситни предмети исковани од железо, со средновековни форми.

 

Високата стража на Пилав Тепе имала значајна стратешка позиција со голема прегледност на патот од Штип кон Струмица и натаму на југ, поставен во теснецот на Мадемска Река каде што патот можел лесно да се блокира. Била користена веројатно повремено, во кризни воени ситуации.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]