Средновековни градови и тврдини во Македонија

Иван Микулчиќ

 

VII. ПРЕГЛЕД НА УКРЕПЕНИТЕ МЕСТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

16. Општина НЕГОТИНО

 

 

Демир Капија — Корешница — Человец

 

Град Просек — кастрон со варош и околни тврдини. Сл. 86—91.

 

Лит.: Б. Алексова 1966, 9—102; — Н. Чаусидис 1987, 171—195; — И. Микулчиќ 1988/89, 65—87; — Е. Манева 1992, 141—166.

 

Местоположба. Во своето долно течение Вардар е стеснет во 10 км долга клисура која почнува кај Демир Капија, а завршува кај Удово. Најтесен и е северниот крај, Просек. На тоа место Вардар ги просекол варовничките карпи на венецот Краставац високи до 220 м. Карпите паѓаат вертикално в река не оставајќи место за пат. Поради тоа, во старо време луѓето биле принудени патот низ Просек да го всечат странично во карпите на десниот брег, широк колку да мине запрежна кола или натоварен добиток. Описот на тој пат низ Просек ни е сочуван од минатиот век, пред да се пробие железничката пруга и модерниот пат.

 

Вардарскиот пат отсекогаш можел најлесно да се контролира и по потреба целосно да се затвори во Просекот. Тука биле чувани и патеките преку ридовите од двете страни на Просек. На таа месност лежат и денес остатоци од долги камени ѕидови и неколку тврдини што ги бранеле планинските премини. Денес во овој теснец се граничат атарите на селата Демир Капија, Корешница и Человец; под имињата на овие села се евидентирани одделни стари тврдини, кои во минатото претставувале еден одбранбен систем, една целина. Ќе ги проследиме хронолошки.

 

Најстари остатоци. Поради извонредната стратешка положба Просек бил населуван уште во предисторијата. Во раната антика пајонските владетели тука изградиле силни гранични тврдини, за да се бранат од соперничката Долна Македонија. Во римско време населбата Стенае израснала во град, расположен во рамница на устието на Бошава во Вардар и непосредно пред влезот во Просек. Економската основа за нејзиниот просперитет претставувало рударството: вадење и преработка на железо и бакар, како и испирање на злато во Дошница.

 

Во доцната антика населението се повлекло на другиот брег на Вардар, на високата карпа Марков Град. Стенае економски замрело а Просек добил изразито воен карактер: биле изградени неколку тврдини и камени прегради од двете страни на Вардар, за тука да се задржат варварските одреди што од север продирале кон Солунското Поле и копнена Грција. Оваа преграда (клаустра) во 6. век била обновена под името Мирополес.

 

230

 

 

Средновековни остатоци. Историјат. Тврдините од 6. век биле одлично запазени и во наредните векови, кога само со мали преправки можеле повторно да се користат. Новото, словенско име за ова место, Просек, настанало не подоцна од 10. век кога е потврдено и со бројни археолошки наоди.

 

Сл. 86. „Просек”, Демир Капија, комплекс на тврдините на Просек

Сл. 86. „Просек”, Демир Капија, комплекс на тврдините на Просек:

1—4.  централниот кастрон „Кале”, Человец;

5, 6.  цивилна варош на „Марков Град”, Корешница, со некропола;

7.  „Кула”, Корешница, тврдина над варошот;

8.  „Кула на „Постралец”, тврдина и преграда на десниот брег на Вардар;

9. 10.  „Манастир” и „Црквиште”, Демир Капија, средновековни цркви со гробишта околу нив.

 

231

 

 

Сл. 87. „Кале — Стрезов Град”, Человец, централниот кастрон: 1, 2. Горниот град со акрополите; 3. Стопанскиот простор; 4. Цвингер (предтврдината). Обновен е врз тврдината од 6. век (Мирополес)

Сл. 87. „Кале — Стрезов Град”, Человец, централниот кастрон: 1, 2. Горниот град со акрополите; 3. Стопанскиот простор; 4. Цвингер (предтврдината). Обновен е врз тврдината од 6. век (Мирополес)

 

232

 

 

Забележано е како црковно средиште — енорија во рамките на Мегленската епархија, во повелбата на Василиј II од 1019 г.

 

Во доцниот 12. век кога Византија ослабнала, струмичкиот феудалец Добромир Хрс го приклучил Просек кон својот имот (1186 г.?). Овие настани ги забележил современикот Никита Хонијат. Еве неколку фрагменти: „...(Просек) лежи на две стрмни карпи меѓусебно разделени, но наблизу поставени една наспроти друга. Еден единствен тежок и тесен пат води горе кон него. Карпата е стрмна и сосем недостапна ... (Хрс) ја присвоил пркосната тврдина која Ромеите ја напуштиле и ја оставиле без посада. Тој таму прибрал одбрани борци, поставил насекаде справи за фрлање, изградил и ги наполнил амбарите со жито и пуштил овци и говеда да пасат по тесните појаси на ридот. Имено, тврдината не е малечка, таа се простира многу далеку ...” По ова следи описот на борбите со кои византискиот цар лично се обидувал Просек да го врати под своја власт (1199 г.).

 

Историјатот на Просек во следната половина од векот бил многу бурен. Во 1201 г. Византија воспоставила тука власт, а една година подоцна тоа го сториле Бугарите. Чесмен, управникот на Просек, во 1205 г. тргнал со војската на Солун и загосподарил за кусо време со неговото подградие. Во 1207 г. со Просек завладеал севастократор Стрез, одметнувајќи се од бугарската власт. Просек станал престолнина на големо кнежевство кое што го опфаќало целото Повардарие и Пелагонија.

 

По смртта на Стрез (околу 1215 г.) Просек (и Повардарието) паѓаат под Латините од Солун, а во 1216 г. под деспотите од Епир. Во 1230 г. Просек со Повардарието го земаат Бугарите. Во 1246 г. паѓа под власта на Никеја. Околу 1328/30 г. Србите го освоиле Повардарието и во Просек управува српски кефалија. Турците го зазеле Просек веројатно во 1385 г. Во турските документи од 16. век тука е забележано село Демир Капија, чие што име преживеало до нашите дни.

 

Топографија. Бидејќи средновековните тврдини на Просек се вклопени во доцноантичките остатоци, тие ги повторуваат старите периметри. Целиот одбранбен систем на Стенае — Просек е мошне сложен (сп. сл. 86):

 

1. — „Стрезов Град (Кале”), с. Человец е, секако, најголемата и најсилно укрепената тврдина. Просторот обграден со ѕидини мери 17 ха. Тој е нај-голем во Република Македонија. Тврдината стоела на варовничка карпа висока до 220 м над Вардар кој ја опфаќал од две страни, а Человечка Река е третата. Страните и се вертикални, а пристапна е само преку тесно седло од север. Се состои од неколку делови (сп. сл. 86 и 87, бр. 1—4):

 — Горниот град кој има две јадра и две акрополи. Над јужната акропола доминира одделно укрепен дворец со три кули и голема цистерна за дож-

 

233

 

 

довница. Сите ѕидови се градени во цврста малтерна техника и добро се сочувани на теренот.

 

 — Стопанскиот дел (Подград) се протега скалесто на падината западно од првиот, слегувајќи во процепот на Человечка река. Овој голем простор служел несомнено за сместување на спомнатите амбари и на бројната стока,

 

Сл. 88. „Црквиште”, Демир Капија, гробишна црква oд 10.—11. век, обновена врз базиликата oд 5.—6. век (по Б. Алексова) од која живееле бранителите и самиот господар

Сл. 88. „Црквиште”, Демир Капија, гробишна црква oд 10.—11. век, обновена врз базиликата oд 5.—6. век (по Б. Алексова) од која живееле бранителите и самиот господар.

 

 

 — Предтврдината (цвингер, бр. 4 на планот) била обградена со ѕид без малтер; тоа го забележал и Никита Хонијат. На челото стоела една црква и голема кула кои биле ѕидани со малтер. Просторов служел за тактички и маневарски цели.

 

2. — „Марков Град”, с. Корешница. Висок е колку и претходниот рид, одвоен

 

234

 

 

Сл. 89. „Просек”, монети oд 11.—13. век

Сл. 89. „Просек”, монети oд 11.—13. век

 

235

 

 

од него со тесниот процеп на Человечка Река. Зарамнетиот врв, голем 14 ха, бил обграден со малтерен ѕид зајакнат со неколку кули на северниот дел. На тој простор се оформила цивилна населба, варошот. На малечката и пониска тераса „Црквиште” крај Вардар, стоела црква со гробишта (бр. 5 и 6 на планот — сл. 86). Многубројните движни наоди — монети, парчиња од бронзен накит, алатки и др. ковани од железо — лежат на целиот простор разголен од

 

Сл. 90 Словенски накит од варошот на Просек, 11.—13. век (по Н. Чаусидис)

Сл. 90 Словенски накит од варошот на Просек, 11.—13. век (по Н. Чаусидис)

 

 

ерозијата. Монетите потекнуваат од 10. до 14. век. Тоа е несомнено нашето најбогато средновековно наоѓалиште.

 

3. — Тврдината „Кула” лежи на тесниот планински срт североисточно од варошот. Зафаќа еден хектар. Обѕидието и е доцноантичко (бр. 7 на сл. 86). До јужниот ѕид се потпирало едно подградие, опфатено со сувоѕид. Тврдината го бранела најлесниот пристап до варошот Просек, од север.

 

236

 

 

4. — Тврдината „Кула на Постралец”, Демир Капија, стоела на десниот брег на Вардар наспроти претходните. Искачена е на вертикалните карпи на јужната страна на пробивот Просек, со цел да го контролира патот стеснет крај

 

Сл. 91. „Манастир”, Демир Каиија, камена икона на Св. Јован Богослов, 10.—12. век (по Б. Алексова)

Сл. 91. „Манастир”, Демир Каиија, камена икона на Св. Јован Богослов, 10.—12. век (по Б. Алексова)

 

 

Вардар како и една заобиколна патека по долот Постралец. Патеката е потврдена и со траги од всечени тркала од запрежни коли, што воловите морале да ги влечат до преслапот Краставац 280 м високо над Вардар. Долж ова патека се протегал доцноантичкиот преграден ѕид, денес видлив во должина од 1.200 м. На неговиот западен крај била изградена силна тврдина

 

237

 

 

co 2 акрополи и со три кули. Истата е обновена во средниот век и во неа лежат темели од повеќе цврсти градби. Датирана е со монети од 11. и 13. век.

 

5. — Во северозападното подножје на Постралец, крај Вардар се издига 40 м високо ритче „Манастир”. Во доцноантичко време тука стоела една базилика со бројни гробници околу и во неа. Во 10.—11. век врз средниот кораб била изградена нова црква, а југоисточно до неа манастирски објекти. Откопани се во 1950—52 г. и датирани со бројни монети од 11. до 13. век.

 

6. — Одвај 400 м југозападно од Манастир лежи месноста „Црквиште”. Во 1952—54 г. тука е откопана друга базилика од 5. век, врз чиј среден кораб во 10. век била надѕидана мала гробишна црква (бр. 10 на планот; сл. 88). Околу неа се откопани преку 500 словенски гробови, во распонот од 10. до 17. век (Б. Алексова 1966). Ова била несомнено главната некропола на Просек. Една помала некропола лежела на падината западно од Манастирот.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]