Средновековни градови и тврдини во Македонија

Иван Микулчиќ

 

VII. ПРЕГЛЕД НА УКРЕПЕНИТЕ МЕСТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

15. Општина КУМАНОВО

Градиште (Луково ?)

Канарево (Козjак ?)

Коњух (Коњух)

Младо Нагоричане (Жеглигово)

 

Градиште

 

Град Луково?, регионално средиште. Сл. 77, 78.

 

Лит.: И. Микулчиќ TIR, 59; Т. Томоски 1984—85, 38.

 

Местоположба. Месноста „Градиште” лежи 1 км јужно од Градиште, на највисокиот врв на Градешка Планина што доминира над многу широка

 

217

 

 

околина. По сртот на планината води природна граница помеѓу Овче Поле од една страна и Скопско-кумановскиот регион од другата. По таа линија била повлечена границата помеѓу доцноантичките провинции Македонија и Дарданија. Врвот Градиште претставува водорамна базалтна плоча со вертикални страни, високи 10—25 м, а зафаќа 7 ха. Во северното подножје има извори на вода. На 2,5 км источно од Градиште лежа нискиот превалец Кампур, преку кој поминува патот Куманово — Штип.

 

Сл. 77. „Градиште”, Градиште, доцноантички граничен кастел. Акрополата е обновена во средниот век (град Луково ?)

Сл. 77. „Градиште”, Градиште, доцноантички граничен кастел. Акрополата е обновена во средниот век (град Луково ?)

 

 

Најстари остатоци. Во римско време оваа извонредно доминантна и природно бранета позиција со голема прегледност била укрепена со обѕидие. Кастелот мерел 460 х 220 м. Бројни ситни наоди потекнуваат од периодот меѓу 3. до 6. век. Тука стоел голем граничен кастел што ја контролирал провинциската граница и повеќето гранични премини во тој регион.

 

Средновековни остатоци. Доцноантичката акропола на источниот крај на плочата била обновена во средниот век. Тој простор зафаќа само 75 х 70 м. Од три страни е заштитен со вертикални карпи, а на западната страна бил изграден нов челен ѕид, од прирачен материјал без малтер. Приближно на

 

218

 

 

неговата средина била оформена главната порта. Површинските наоди на овој простор се бројни и потекнуваат главно од доцниот среден век. Тоа се парчиња од огнишна грнчарија и белегзии од темна стаклена паста (12.—14. век), бронзена тока и украси за појас; железни врвови за стрели, меѓу кои и тип за пробој на панцир; бакарни монети — скифати од 13. век (бугарски имитации).

 

И на останатиот простор на античкиот кастел има средновековни наоди, но во помал обем. Таму очигледно се оформило цивилно подградие, по cи изгледа со многу разредена структура и расфрлено на просторот што

 

Сл. 78. „Градиште”, Градиште, наоди (10.—12. век)

Сл. 78. „Градиште”, Градиште, наоди (10.—12. век)

 

 

бил опфатен со античкото обѕидие (и со природниот скалест отсек). Во североисточното подножје на плочата, на местото на ранохристијанската базилика, била изградена црква св. Георги, обновена по 1864 г. Крај неа лежи некропола од тоа време. Од еден раскопан гроб потекнуваат обетки од 10. век.

 

Во северното подножје на ридот Градиште, на 1—3 км оддалеченост од крепоста започнува питомата долинка Лука, низ која тече истоимената рекичка. Долж неа води денешниот пат Куманово - Св. Николе, средновековниот пат Ниш — Врање — Штип. На источниот крај на Лука лежи нискиот превалец Кампур преку кој патот преминува во Овче Поле.

 

219

 

 

Името Лука е општословенско и означува питома долинка и сл. (денешниот македонски збор гласи „лака”). Ова аме живее можеби како спомен на некогашниот фрурион Луково, што се издигал на ридот Градиште.

 

Сл. 79. „Град”, Канарево, доцноантичка русничка населба. Обновена во среден век, како регионално средиште — „град” Козјак ?

Сл. 79. „Град”, Канарево, доцноантичка русничка населба. Обновена во среден век, како регионално средиште — „град” Козјак ?

 

 

Во повелбата на Василиј II од 1019 г., наведена е еноријата Луково во рамките на епископијата Скопје. По црковната традиција, целиот Кумановски регион и денес е под истата управа, на чело со епископот Скопско-Кумановски.

 

220

 

 

Слично на некои други енории наведени во истата повелба, не е сигурно да ли ова име го носела црковната општина или укрепениот „град” — седиште на оваа општина. Втората можност изгледа поверодостојна, бидејќи постојат археолошки остатоци од ваков фрурион во овој регион; тоа е нашето Градиште. Т. Томоски (1984—85, 38 и карта) името на крепоста Луково го скратил во Лука, идентично на денешниот микро-регион и рекичка што горе ги спомнавме, а кои несомнено ја чуваат традицијата на старата крепост, градот Луково.

 


 

Канарево

 

Град Козјак, рудничка крепост и регионален центар. Сл. 79, 80.

 

Лит.: Ј. Трифуноски 1974, 68, 69; — И. Микулчиќ TIR, 67.

 

Местоположба. Месноста „Град” лежи 1,5 км источно од Канарево, на јужниот дел на ридот Орљак, во центарот на регионот Козјак (Козјачија). Претставува карпеста чука што се издига 90 м високо над реката Градошница која што ја опфаќа од три страни. Карпата е озгора зарамнета, а страните и се вертикално отсечени и високи 15—30 м. Долж Градошница води стариот пат од Пчиња кон Славиште, како најсеверна траса на патот Скопје — (Куманово) — Велбужд (Ќустендил).

 

Најстари остатоци. Во доцната антика местото било укрепено. На карпата била оформена акропола (со димензии 110 х 55 м.), а просторот околу неа бил обграден со силен малтерен ѕид, што затворал површина од 250 х 170 м (4 ха). На југозападниот агол се гледаат остатоци од голема обнова (4. и 6. век). Пред северното чело бил просечен одбранбен ров. Во јужното подножје на акрополата, на скалестата падина, се гледаат бројни детали всечени во карпа: скалила и премини, ниши, каналчиња, основи од правоаголни простории со довратници, банкини и др. Бројни парчиња од железна згура и ситни предмети ковани од железо зборуваат за металопреработувачката дејност на жителите. Стари рудници на железо и места за чистење и пржење на руда се евидентирани на повеќе места долж Градошница и Петрошница северно и североисточно од Градот. Големиот број од површински наоди лиени од бронза и ковани од железо како и монети од 4.—6. век зборуваат за интензивен живот на тоа место како стопанско средиште на регионот. На 5 км источно од Градот била повлечена границата меѓу провинциите Дарданија и Средоземна Дакија (од доцниот 3. до 7. век).

 

Средновековни остатоци. На акрополата и во јужното подножје, во прос-

 

221

 

 

ториите всечени во карпата, има остатоци и од средниот век: парчиња од словенски црепни, византиска глеѓосана грнчарија (12.—13. век). Најдени се и железни врвови за стрели, типични за ова време; исто така и дел од бронзен крст — реликвијар со релјефна претстава (10.—11. век) и крст-приврзок од бронза (11. век); бронзен накит — парчиња од обетки со 4 јаготки како и

 

Сл. 80. „Град”, Канарево, наоди, 10.—13. век

Сл. 80. „Град”, Канарево, наоди, 10.—13. век

 

 

парчиња од белегзија, потоа бронзен прстен со врежан орел (11. век) и др. Голем дел од најдените ситни предмети ковани од железо (ножови и струшки, окови, кламфи и шарки, клинци и ситни алатки) потекнуваат несомено од средниот век.

 

Месното предание ги поврзува просториите всечени во карпите со пустиниците, кои тука престојувале можеби по запустувањето на населбата во турско време (4 км југоисточно оттука лежи познатиот Карпински манастир, духовното средиште на Јужна Козјачија).

 

222

 

 

Во повелбата на Василиј II од 1019 г. забележен е и Козјак како енорија на Мородвишката епархија. Ова се однесува несомнено на овој регион, што го запазил истото име до денес. И бројните топоними во овој крај со своите средновековни форми даваат аргументи за тоа. Останува отворено прашањето дали и црковното (и управното) средиште на регионот Козјак го носел истото име. Независно од тоа, укрепениот Град кај Канарево претставувал стопанско и управно средиште на регионот без оглед на името, и тоа како во доцната антика така и низ средниот век.

 


 

Коњух

 

Кастел Конјух, крајпатна стража и рудничка тврдина. Сл. 81—83.

 

Лит.: С. Радојчиќ 1952, 148—168; — И. Микулчиќ 1974, 207—208; истиот TIR, 72—73; — Б. Јосифовска 1982, 179—180.

 

Местоположба. Локалитетот „Големо Градиште” лежи 2 км северно од Коњух, на левиот брег на Крива Река. Претставува 100 м висок вулкански куп (440 м н.м.) со тесен зарамнет врв и стрмни падини. Лесно е пристапен од југ преку широко седло. Доминира над широка околина и над магистралниот пат Скупи — Пауталиа — Сердика (Скопје — Велбужд — Средец), кој поминувал долж реката северно од Големо Градиште.

 

Најстари остатоци. На зарамнетиот врв, со димензии 320 х 58/42 м, во римско време било изградено обѕидие.; 2 надгробни натписи од раниот 3. век, најдени тука, кажуваат дека на ова место бил стациониран еден пограничен воен одред — дел од I Тракиска кохорта (коњичка). Покрај блиските гранични премини кон соседните провинции Тракија и Македонија, војската ги чувала и рудниците на железо и олово-сребро, расфрлени неколку километри на југ и југоисток од Големо Градиште.

 

Во 6. век на ова место благодарејќи му на рударството израснал град кој зафаќал 17 ха. Акрополата на врвот добила ново обѕидие, а во карпестата почва биле всечени бројни мали улички, канализација, скалила и повеќе од 100 простории за живеење и работење. На падината и подножјето северно од акрополата се развил главниот дел од градот. Брегот долж Крива претставува карпеста плоча, која била правилно изделкана во вертикала и послужила како темел за градкиот ѕид. Тој денес е сочуван наместа до 2,6 м височина. Ѕидан е со цврст малтер во слогот емплектон и има вградени сполии. Зајакнат е со повеќе кули. Внатре се гледаат темели од бројни градби, меѓу кои делумно е раскопана една ранохристијанска базилика со мер-

 

223

 

 

мерна пластика.

 

Широкото седло јужно од акрополата било опфатено со двоен ѕид и служело како простран збег за околното население. Во него нема големи градби. Во западното подножје на ридот поминувал друг голем пат, од

 

Сл. 81. „Големо Градиште”, Коњух, доцноантички рударски град. Акрополата е обновена во доцниот среден век (Коњух)

Сл. 81. „Големо Градиште”, Коњух, доцноантички рударски град. Акрополата е обновена во доцниот среден век (Коњух)

 

 

Астибо на југ и тука ја преминувал Крива Река за да се спои со патот Скупи — Пауталија. Од мостот останало челото, на левиот брег на реката. На 300 м јужно од градот лежи некрополата во која е откопана една црква — ротонда од средината на 6. век. Има богата камена пластика, изрезбарена во зелен туф. Градот бил епископско седиште. Веројатно е во прашање Транупара; според Појтингеровата карта, Транупара била оддалечена 50 милји од

 

224

 

 

Пауталија и 30 милји од Астибо (Штип), што точно соодветствува на оддалеченоста до тие места.

 

Средновековни остатоци. Акрополата има извонредно важна стратешка положба и од природата е добро укрепена. Бројните простории во неа, изделкани во мека вулканска карпа, привлекувале луѓе од средновековието, до денес. Првиот истражувач на ова место, С. Радојчиќ, помислил дека овие станишта во карпа ги издлабиле средновековните калуѓери -пустиножители. Денес знаеме дека тие големи и тешки делкачки работи потекнуваат од доцната антика и најтесно се поврзани со рударите од тоа време.

 

Меѓутоа, парчињата словенска огнишна грнчарија и од византиски глеѓосани чинии (12.—14. век) што се најдени тука, потоа една монета — псеудосолид на Јустинијан II (ран 8. век) и бакарните скифати од 12.—13. век, зборуваат дека старата акропола била населена или пак повремено била користена низ целото средновековие.

 

Сл. 82. „Големо Градиште”, Коњух, акропола: станбени простории, улички и канали всечени во карпа

Сл. 82. „Големо Градиште”, Коњух, акропола: станбени простории, улички и канали всечени во карпа

 

 

Еден пишан податок зборува дека околу средината на 14. век на ова место стоела крајпатна тврдина — стража. Тоа всушност е жалба на некои венецијански

 

225

 

 

 трговци, кои на патот од Скопје за Велбужд (Ќустендил) биле ограбени „близу кастелот Коњух”.

 

Сл. 83. „Големо Градиште”, Коњух, акропола: наоди, 13. и 14. век (монетата на Јустинијан II е од почетокот на 8. век)

Сл. 83. „Големо Градиште”, Коњух, акропола: наоди, 13. и 14. век (монетата на Јустинијан II е од почетокот на 8. век)

 

 

Воената стража во Коњух, освен што го контролирала спомнатиот пат, несомнено ги контролирала и обновените рудници на железо на југ оттука. Блиската населба на 3 км југоисточно оттука го носи и денес старото, средновековно име: Рудари (Шопско).

 

226

 

 

 

Младо Нагоричане

 

Град Жеглигово, регионално средиште. Сл. 84, 85.

 

Лит.: Ј. Трифуноски 1974, 132 и н.; — И. Микулчиќ TIR, 86; — Б. Георгиевски 1989, 95—99.

 

Местоположба. Месноста „Жеглигово, Костоперска карпа” се издига до југозападната периферија на Младо Нагоричане и доминира над околината повеќе километри до Пчиња на исток. Во прашање е јужната од две базалтни грамади што осамено се издигаат над околината. Озгора е зарамнета, опкружена со вертикални страни, високи 12—20 м. Покрај неа води магистралниот пат Скопје — Ќустендил, античкиот пат Скупи — Пауталиа, а 1 км источно оттука со него се сече стариот пат од Ниш и Врање на север кон Овче Поле и Штип на југ.

 

Најстари остатоци. Откриени се остатоци од предисториска и раноантичка населба на карпата. Во доцната антика било изградено ново обѕидие околу просторот од 150 х 90 м. Пристап нагоре постои од јужниот крај кој денес е уништен од мадемот на базалт. Од иста причина допола се урнати и две цистерни за вода, со добра хидростатична изолација (несомнено 6. век). Во северниот дел е откопана една ранохристијанска базилика (1983—86 г.). Има многу ситни наоди од метал и керамика, преку стотина монети од 3. до 6. век. Во југоисточното подножје е откриено едно подземно светилиште (хипогеум) всечено во карпа, а низ падината се простирала неукрепена населба од ова време. Откопувани се и гробови во северното подножје.

 

Извонредната стратешка позиција на кастелот, зголемена со природната укрепеност на истата, предусловила на ова место да егзистира укрепена населба низ предисториските епохи и воена крепост во доцната антика, којашто ги контролирала спомнатите големи патишта.

 

Средновековни остатоци. Истата стратешка улога карпата ја имала и низ средниот век. Тоа е потврдено со наодите на византиската сликана керамика од 12.—14. век, словенската огнишна грнчарија, врвовите од стрели со средновековна форма и др. Врз ранохристијанската базилика во 10.—11. век била изградена нова црква, опфаќајќи го само средниот кораб, додека јужно и западно од неа се откриени гробови, датирани со накит од тоа време (10.—13. век).

 

На падината под источната страна на карпата стои црквата на св. Петка, квалитетна градба од 13.—14. век, денес наполу урната. На падината источно и јужно од карпата, на површина од 2—3 ха, се среќаваат траги од неукрепено подградие (варош) датирано со доцносредновековната керамика, турски акчи и др. На 1,5 км северно оттука стои познатата црква св. Ѓорѓи

 

227

 

 

Сл. 84. „Жеглиговски камен”, Младо Нагоричане, антички крајпатен кастел, обновен во средниот век („град Жеглигово”)

Сл. 84. „Жеглиговски камен”, Младо Нагоричане, антички крајпатен кастел, обновен во средниот век („град Жеглигово”)

 

 

(кај Старо Нагоричане); подигната е во 1308 година на местото каде што уште во средината на 11. век византискиот цар Роман ја изградил првата црква.

 

228

 

 

Значењето на оваа крепост веројатно нараснало со борбите на Бугарија, а потоа и на Србија против Византија во 13. век, кога северната граница на Византија некое време се одржува во овој регион.; потоа со поместувањето на српската граница кон исток. Според народното предание тука стоел градот Жеглигово. Тоа е регионално средиште во 13.—14. век.

 

Името на Жеглигово е сочувано како во името на месноста („Жеглиговски камен”) така и во името на целиот Кумановски регион кој уште се вика и Жеглигово (стар назив). Традицијата зборува и за 12 цркви што стоеле на тоа место. Седум од нив уште стојат, цели или наполу урнати во подножјето околу Жеглиговската карпа: св. Ѓорѓи (од 1406/7 г., без живопис); св. Петка (живописана во 1628 г.); св. Никола, св. Врачи, св. Архангел и св. Богородица, во урнатини (по В. Петковиќ 1950, 203—208).

  

Сл. 85. „Жеглиговски камен”, Младо Нагоричане, византиска глеѓосана чинија; 13.—14. век

Сл. 85. „Жеглиговски камен”, Младо Нагоричане, византиска глеѓосана чинија; 13.—14. век

 

 

Меѓу оние периферни гратчиња и регионални крепости што од повеќе причини исчезнале во турско време спаѓа и Жеглигово; турските документи од 15. век и подоцна не го бележат; се јавува како Нагорич(ане) кое како село и центар на нахијата ќе преживее до денес (по А. Стојановски 1981, 29, 63).

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]