Средновековни градови и тврдини во Македонија

Иван Микулчиќ

 

VII. ПРЕГЛЕД НА УКРЕПЕНИТЕ МЕСТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

13. Општина КОЧАНИ

 

 

Мородвис

 

Регионално средиште, кастрон Морозвизд. Сл. 73, 74.

 

Лит.: Т. Томоски 1978, 93—96; К. Трајковски 1983, 133—142 и 1991, 235—246.

 

Местоположба. Месноста „Градиште” лежи до јужниот дел на Мородвис, во подножјето на Плачковица. Претставува тесен рид помеѓу две поројни бразди, вовлечен во планината и 0,6 км оддалечен од работ на полето. Јужниот дел му завршува со издигната карпеста чука, повисока за 120 м од северниот дел. Пред чуката лежи мало седло, делејќи ја од планината. Тука се наоѓа и извор со добра вода, поради која оваа месност била населувана низ сите епохи во минатото. Рудниците на железо, користени во минатото, лежат неколку километри јужно од Градиште, долж планинската патека која преку Плачковица води кон Радовишко Поле.

 

211

 

 

Најстари остатоци. Населбинските слоеви потекнуваат од железното време и од раната антика, од римското време и доцната антика (монети од 2.—6. век). Во доцнаоантичко време било изградено обиѕиде со цврст малтер, зајакнато со повеќе кули. Опфаќало три функционални делови: на чуката на јужниот крај била оформена мала акропола, со цистерна за вода во неа. Северно од неа, на пониска тераса, лежело јадрото на кастелот со една ранохристијанска базилика на средината. Пред повеќе од половина век месното население ја откопало и врз нејз”иниот средишен кораб изградило нова црква, која тука стои и денес. Северно од кастелот лежело подградие, опфатено со послаб ѕид. На целиот простор се гледаат траги од големи обновувања.

 

Сл. 73. „Градиште”, Мородвис, доцноантички руднички кастел со населба. Обновен е во средниот век (кастрон Моровизд)

Сл. 73. „Градиште”, Мородвис, доцноантички руднички кастел со населба. Обновен е во средниот век (кастрон Моровизд)

 

 

Потегот „Манастириште” лежи 0,6—0,8 км северно од Градиште, на работ од полето. Долгогодишните ископувања што на ова место cи уште се водат, потврдија дека се работи за прастаро култно место користено во предисторијата, антиката и во средниот век. Ископана е ра-

 

212

 

 

нохристијанска црква со голема засводена гробница (крипта) до неа (5. век), врз која во 6. век била изградена поголема трикорабна базилика со 3 апсиди. Врз нејзините урнатини, во 12.—13. век била изградена помала црква опкружена со гробишта, користена и низ турскиот период.

 

Средновековни остатоци. На северниот ѕид на античкиот кастел се гледа една целосна обнова изведена во зрелиот среден век. Новиот ѕид е граден само делумно со малтер, има помали кули — потпори и се потпира на остатоците од 6. век оставени пред него. И околу акрополата има траги од

 

Сл. 74. „Црквиште”, Моросвис, цркви oд 5. и 6. век; врз нив лежи црквата oд 12.—13. век (по К. Трајковски)

Сл. 74. „Црквиште”, Моросвис, цркви oд 5. и 6. век; врз нив лежи црквата oд 12.—13. век (по К. Трајковски)

 

 

обновувања. Ситни наоди: керамика, повеќе бакарни монети од 12. и 13. век (византиски скифати и бугарски имитации на првите). Сега веројатно била

 

213

 

 

обновена и црквата, како ново епископско седиште.

 

На месноста „Манастириште” северно од кастелот била изградена нова црква (12.—13. век) среде урнатините на старата базилика, а околу неа се погребувале умрените. Досега се откопани околу 200 гробови, во временскиот период од 12. век до длабоко во турскиот период. Големината на некрополата зборува и за големината на населбата Мородвис, што се потпирала на крепоста како управно- и црковно средиште. Богатиот гроб бр. 105 (со 16 стаклени белегзии и друг сребрен накит) укажува на постоењето на локално благородништво во Мородвис во 12.—13. век.

 

Сл. 75. Мородвис, неколку стаклени белегзии oд гробот 105; доцен 12. век

Сл. 75. Мородвис, неколку стаклени белегзии oд гробот 105; доцен 12. век

 

 

Археолошките остатоци зборуваат дека Мородвис по големина бил помал кастрон, без особена стратешка позиција или други предности, а сепак се здобил со честа, како епископија да ја контролира пространата регија до Козјак и Славиште на север и сливот на Брегалница на југ и на исток. Само 16 км западно од Мородвис лежи село Крупиште со средновековни урнатини, каде што Б. Алексова (1989, 65—87) го бара градот Равен. Кнезот Борис го одбрал Равен за седиште на првата епископија на Брегалница (од 865 г.). Доколку Равен навистина лежел таму, тој прет-

 

214

 

 

ставувал голем протобугарски аул поставен на самиот Брегалнички пат што ја поврзувал долината на Струма (и Бугарија) со Брегалница и Повардарието. На тоа место се одвојува и Осоговскиот пат, водејќи долж Злетовка кон рудоносното Осогово и натаму кон Славиште и кон Козјак на север.

 

Нешто повеќе од еден век подоцна, Брегалничката епископија била преместена од Равен во многу помала и периферно поставена крепост Морозвизд. Причините за ова не се истражени. Веројатно кога новата држава на Самуил ја заменила бугарската, Брегалница со Равен ја изгубила поранешната политичка улога, додека обновеното рударство во регионот на Плачковица обусловило тука да се оформи новиот центар.

 

Моровизд се споменува во повелбата на Василиј II од 1019 година, како седиште на епископот. Околу средината на 12. век арапскиот патеписец Идриси забележал град со име Формизд, кое можеби е изведено од Морозвизд. Византиските, а потоа српските документи го спомнуваат Мородвис низ 13. и 14. век (како Моровизд и Морозвизд). Во 1348 г. Мородвис е наведен како село, подарено на новооснованата Злетовска епископија. Од ова произлегува дека Мородвис како укрепено гратче и епископски стол престанало да постои некаде на крајот од 13. век, со сломот на византиската управа во регионот на Брегалница и по поместувањето на српската граница кон исток.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]