Средновековни градови и тврдини во Македонија

Иван Микулчиќ

 

VII. ПРЕГЛЕД НА УКРЕПЕНИТЕ МЕСТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

1. Општина БЕРОВО

 

 

Будинарци

 

Будинград. крајпатна стража. Сл. 18, 19.

 

Лит.: А. Керамитчиев 1979, 156; — И. Микулчиќ TIR, 31.

 

Местоположба. Месноста „Градиште, Будинград” лежи до западниот крај на Будинарци, покрај магистралниот пат Виница - Берово. во античко време Астибос - Баргала - Партикопол. Претставува тесен рид што се издига 20—70 м високо над Брегалница; опфатен е од реката од речиси сите страни. Лесен пристап има само од југ преку тесно седло, каде што минува и спомнатиот пат. Ридот има многу стрмни страни, а озгора е зарамнет.

 

Најстари остатоци. Во доцноантичко време било изградено обѕидие со малтер, што затворало простор голем 300 х 60 м. Се состоел од 2 дела.

 

1. Кастелот стоел на повисокиот, јужен дел. со големина 0.8 ха, имал правоаголна основа со паралелни страни. На јужниот крај стоела мала акропола, одвоена со еден внатрешен ѕид и зајакната со челна кула.

 

2. Станбениот дел лежел северно од него, со големина 0,8 ха, а бил одвоен од кастелот со просечен одбранбен ров. Обѕидието носи траги од голема обнова. На северозападниот крај стоела кула што го бранела најлесниот пристап до крепоста. Долж источниот ѕид се гледаат станбени простории, потпрени во низа на него. Крепоста била изградена во 4. век, а обновена во 6. век. Наоди: бројни монети од 4., 5. и 6. век, бронзени токи и аплики, железни фибули од крајот на 6. и 7. век, керамика и др.

 

Кастелот го контролирал спомнатиот пат, како и регионалниот пат од Пијанец на север кој покрај Будинарци водел кон Плачковица на југ и преку превалецот Чунговец слегувал во Радовишко Поле.

 

Средновековни остатоци. На просторот на акрополата, со димензии 55 х 50 м., врз доцноантичкото обѕидие бил подигнат еден подоцнежен ѕид без малтер (од прирачен материјал) кој и денес јасно се следи на теренот. Очигледно настанал во средниот век. На тој простор забележавме и парчиња од средновековна огнишна грнчарија и словенски црепни. Најдени се и парчиња од словенски бронзен накит: прстења, делови од белегзии, појасни токи, приврзоци, парчиња од стаклени белегзии (11.—13. век) и др.

 

Позицијата на Будинград е стратешки значајна. Лежи во географското средиште на Малешево, на крстопатот на два главни пата што водат низ тој регион а кои функционирале и низ средновековието како врска помеѓу долината на Брегалница со долината на Струма и земјите натаму на исток од неа. Овој фрурион играл несомнена улога како во експанзијата на Бугарија

 

136

 

 

Сл. 18. „Будинград”, Будинарци, доцноантички крајпатен кастел. Делумно е обновен во средниот век („Будинград”)

Сл. 18. „Будинград”, Будинарци, доцноантички крајпатен кастел. Делумно е обновен во средниот век („Будинград”)

 

137

 

 

кон запад, така и во функционирањето на патната мрежа во државата на Самуил и обновената Византија:

 

*  *  *

 

Во домашната историографија е покренато прашањето, дали постоел град со име Малешево. Во повелбата од 1019 г. како една од енориите на Мородвишката епархија е наведено и Малешево. Не стои дали е тоа само регион или град со истото име. Во патеписот на арапот Идриси од средината на 12. век се наведува: на ден ипол пат од Формандус Модрас (Морозвизд ?) лежело местото Малсуда (= Малешево ?), опкружено со планини, селски

 

Сл. 19. „Будин град”, Будинарци, наоди; 11.—13. век

Сл. 19. „Будин град”, Будинарци, наоди; 11.—13. век

 

 

имоти, градини, полиња, пасишта и шуми (Т. Томоски 1971, 161, превод на В. Томашек). Не е јасно дали Идриси тука мисли на еден град или само на регионот Малешево.

 

Во едно писмо на охридскиот архиепископ Теофилакт од почетокот на 12. век што го упатил до епископот на Триадица (= Средец, Софија) ја спомнал и Малешевската и Струмичката епархија. Тоа предизвикало различни толкувања во наше време. Веројатно најблиску до вистината е Ј. Иванов (1931, 552), најдобриот познавач на оваа материја, кој смета дека седиштето на епископијата и натаму било во Моровизд додека цела Брегалничка регија едно време била нарекувана Малешевска. Градот Малешево според него не постоел. Тоа мислење го делат и други истражувачи на овој проблем.

 

138

 

 

Досегашните археолошки истражувања во Малешево не дале докази за постоење на ваков град. Настојувањата на Т. Томоски (1971, 161—172) градот Малешево да го локализира на месноста Градиште, 5 км источно од Берово. немаат докази. Тој терен е детално истражен. На врвот од ридот (Горно Градиште) стоела мала доцноримска стража (4.—5. век) без средновековни траги. Во подножјето, крај Брегалница, се протега Долно Градиште со остатоци од бројни градби на една рударска населба од доцноримско време, со постројки за преработка и топење на железна руда и др. Потврдена е со бројни монети и други наоди од 3.—6. век. Средновековни наоди воопшто нема. И глинените „сваќи” што Томоски ги прикажува на слика не се средновековни туку антички калапи за теракоти.

 

Повторуваме дека тврдината Будинград, на крстопатот во центарот на Малешево, засега е единствениот познат „град” од средниот век во овој регион.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]