Македонската борба (мемоари)

Германос  Каравангелис

 

III. ВО КОСТУР

 

12. Критјаните дојдоа

13. 25 години без патријаршиски архиереј во Зеленич

14. Обиколка по селата на Леринско

15. „Началникот на полицијата на Косту ми беше пријател”

16. Прогласено Бугарското востание. Мојот пријател Хусеин Хусни-паша ... ги опожари селата наоколу и го растури Востанието”

17. Бугарската гимназија во Костур под раководство на првокомитаџијата Лазо Поп-Трајков. Тројца Жељовјани му ја отсекоа главата

 

12. На 29 јуни, спроти Светите Апостоли требаше по обичај да одржам литургија во Лехово и од таму да продолжам во обиколка по селата. И им напишав тогаш на Критјаните дека ќе се сретнеме

 

 

28

 

во Лехово. Пред да тргнам од Костур, кајмакамот, ми вели: „Каде ќе одиш? Ќе те убијат. Да ти дадам чувари.” И ми даде придружба од 25 војници со еден капетан Албанец по име Рустем-беј. Во предвечерието на светите апостоли се најдов во Лехово. Штом пристигнав и слегов од коњот, Критјаните дојдоа отворено, ми се представија и ме поздравија со: „Од Бога најсакан, се поклонувам”. Тие беа вооружени и носеа чизми и критјански качкети. Зачуден Рустем-беј ме прашува: „Кои се овие?” Му одговорив: „Бидејќи Бугарскиот комитет подготвува востание а ние ќе поминеме низ бугарските села, јас побарав и ми испратија неколку момчиња. Албанецот ми потврди: „Добро си сторил”. По малку пристигнаа и момчињата на Вангел со својот командир. (Предводникот Вангел доагаше јавно во Митрополијата и велеше дека е мој телохранител). Така се собраа околу педесетина луѓе, Грци, Турци, Албанци, 25 на Рустем-беј; 15 на Вангел и 10 Критјани.

 

Вечерта на Св. Апостоли се одржа голема веселба со печено месо и многу вино. Луѓето од придружбата се опијанија и почнаа да се бакнуваат меѓу себе. Такво беше збратимувањето, што нѐ правеше да не се плашиме веќе дека Турците ќе нѐ предадат.

 

 

13. Од Лехово отидовме во Сребрено, славофонско село на командирот Вангел, потоа во Невеска и од таму јурнавме кон бугарските села. „Каде ќе одиме сега?” ме прашуваат. „Во Зеленич”. „Ама тоа е бугарско село” вели Вангел. „Нема веќе Бугари” му одговорив. Дваесет и пет години нема влезено патријаршиски архиереј во Зеленич, село со 350 фамилии. Селото имаше четири попови Бугари, односно егзархисти, дури един од нив бил Грк од Пелопонес, а бил бугаризиран. Патријаршиски бил само еден поп, попот Димитри, кој заедно со петнаесет фамилии и посебно со Граменопулите и нивните роднини му останал верен на грцизмот. Тие за црква имаа едно мало црквиче кај гробиштата, еден параклис што им го дале Турците. Другите, пак, кои лека полека станале Бугари, веќе цели дваесет години ја зазеле централната црква и не дозволуваат влез на грчки ахиереј во селото. Пред да влеземе во

 

 

29

 

селото, почнавме со пукање. Бугарите се збркаа. „Доаѓа владиката”, велеа. Ние се сместивме во куќата на попот Димитри. „Утре ќе извршиме литургија во големата црква” му велам на попот ДИмитри. Им соопщтив на Бугарите од селото односно на муфтарот и челниците да дојдат да ме видат и да ми ги донесат клучевите од нивнаата црква „Оставете ги шегите” им велам „јас ќе ја извршам сеетата литургија. Имам войска. Вистински јунаци. Сите офицери. Помина времото што го знаевте сите под нож ќе ве поминеме Кажете им на вашите војводи, Чакаларов, Митре Влаот, Каршаков, Кузо и на другите да се скријат, оти завршија лагите. Не можете да се спасите”. Ме слушаа исплашени. „Да го прашаме селото”, одговорија. Си заминаа и повторно дојдоа, но ништо. Не ги даваат, велат, клучевите. Скокна тогаш Каудис и го зграпчи мухтарот за врат за да го заколи. За среќа успеав да го спречам. „Што ќе правам јас, бре деца, ако го заколите?” им велам. „Дојди и ти со нас во планина” ми одговорија. „Добро, да дојдам и јас, ама со Патријаршијата што ќе биде?” Тогаш Каудис, како што го држеше на земја, со својот топук од чевлите му ги искрши забите. И така на крај ги даде клучевите. „Ке ви го изгорат селото”, им велев, покажвајќи ги Критјаните. И имам впечаток дека овој инцидент го забрза избувнувањето на Бугарското востание. Затоа што Бугарите во лицето на Критјаните ги видоа претходниците на Грчкиот комитет. Така одржавме литургија во големата црква и на литуртјата дојдоа многу Бугари, затоа што беа потресенн. Но, тројца од нив избегаа и отидоа во Битола да протестираат кај конзулите на Русија, Англија и Австрија, кои ги знаеја како благопријатно расположени кои нивниот Комитет.

 

 

14. Оттаму отидов за селото Ајтос. Но пред тоа поминав кај манастирот на Ајтос. Игуменот, кој беше Грк, дојде в го фати гемот од мојот коњ. „Немој да одиш понатаму, оти има бугарски единици и ќе те удрат” ми воли. Но јас продолжив, стигнав во Ајтос и одржав литургија. Оттаму тргнавме за едно друто село, Неговани, на два и пол саати далеку. Кога излеговме од Ајтос (Ајтос е на падината од

 

 

30

 

една планина, а ние требаше да се искачиме и да го поминеме сртот) Каудис ми вели: „Слегни од коњот, оти е опасно местото”.

 

Во Невеска имав еден Влав, вовлечен во Бугарскиот комитет, на кого му давав по две лири месечно и ме известуваше за сите движења на Бугарите. Во секое село имавме наши луѓе, но ако дигнеа глава, нив ги убиваа. Значи, јавно беа со Бугарскиот комитет, а потајно ни беа предани нам. Особено во селата кои беа под апсолутно влијанне на Комитетот, нашите агенти никогаш не се покажуваа. Но, сепак изнаоѓаа начин и нѐ информираа. И додека се уште се наоѓав во Ајтос ми пристигна едно писмо од Влаот од Невеска, со кое ме информираше дека Алексис со својата единица го зазел сртот на Ајтос од каде требаше да поминам на пат за Неговани, за да ми постави заседа, да ме убие и да избега во тамошната шума. Затоа, кога излеговме од Ајтос, Каудис ме убеди да слезам од коњот, а Критјаните се разделија на две и одеа пет десно и пет лево за да го расчистат теренот. Одеднаш слушам истрел. Емин ми вели. „Ја фаќам карпата, истото го стори и Емин со пушка в рака. Но, битката не траеше долго. Алексо сфати дека беше во опасност да биде опколен и затоа откако исфрли неколку истрели без да погоди, за среќа, некој од нашите, се повлече во шумата и исчезна. Но, Критјаните фатија тројца Бугари, двајцата ранети. Едниот беше курир и другите двајца снабдувачи на Алексо. Нив ги зедовме со нас и се вративме во манастирот на Ајтос, каде што егуменот закла и испече јагниња, а јунаците јадеа и пиеја и се веселеа. Тројцата Бугари ги врзавме за дрвја. Оттаму ги испратив во Лерин во затворот како убијци и јас со својата придружба тргнав за Неговани, каде што организирав една чета од местни жители на чело со Никола, стар борец ајдук, му дадов за него една офицерска сабја што сум ја купил во Битола и оружје за неговите борци, ја предложив својата обиколка по селата на Леринско, Котори, Кучковјани и останатите.

 

 

15. Кога се вратив во Костур имав едно непријатно изненадување. Турската влада по повод обвиненијата на Руската амбасада испратила шифрирана телеграма до кајмакамот на Костур, со која

 

 

31

 

бараше информации за Ѓјунанлиите (така ги нарекуваа Грците од слободна Грција) што го придружуваа Митрополитот. Селото Зеленич административно припаѓаше на Лерин и само црквено на Костур. Нормално беше Владата да се обрати до кајмакамот на Лерин. За среќа, така згрешила и сметајќи дека и административно припаѓа под Костур, телеграмата ја испратила до кајмакамот на Костур. Тој, пак, со писмен налог му нареди на началникот на полицијата да ја расчисти работата. Началникот на полицијата, кој ми беше пријател, дојде кутриот на полноќ во Митрополијата и со возбуда ми ја покажа телеграмата. Размисливме малку и се договоривме да му одговори на кајмакамот дека поради тоа што ги гледав бугарските банди како подготвуваат атентат против мене, зедов со мене при обиколката неколку од моите телохранители, сите домородци, заради поголема безбедност и тоа со знаење на администрацијата. Така и бидна. И инцидентот заврши без други последици.

 

 

16. Ден-два по моето враќање во Костур беше прогласено Бугарското востание. Одненадеж кога се разбудивме едно утро ги видовме сите планини наоколу црни. Востанието се простираше од реката Бистрица до бугарската граница, вклучувајќи ја и Тракија и Македонија. Сарафов им нареди да излезат сите во планина. И така во определениот ден на 20 јули 1903 година сите бугарски села, едни доброволно, а други насилно, ги однесоа „сосе жени и деца” во планиннте. Ние се најдовме затворени во Костур. Турската војска си замина. Во бугарските села ги имаа убиено војниците. Критјанчињата дојдоа кај мене во Митрополијата, а исто така и Вангел со своите момчиња. Само еден од Критјаните, Сеименс, поради болест, останал во Лехово и таму го нашол и го убил Чакаларов. Коте останал горе во планините. Се плашеа од него и не го гибаа, но беше принуден да учествува и тој со нив во Востанието.

 

Во самата Митрополија ги имав деветмината Критјани и Вангел со своите петнаесет момци, значи вкупно 25 луѓе”. „Останете тука, но бидете мирни”, им реков. Но тие никако да се смират. Цел ден играа.

 

 

32

 

Се бореа, викаа, се тепаа. Така дознаа за нив Турците и беа принудени да заминат за Грција. Само Каудис остана. „Јас не си одам”, рече.

 

Командант на грчко-турската граница беше мојот пријател Хусеин Хусни-паша. Тој дојде со војска во Костур да му зададе удар на Востанието. Но Бугарите беа господари на состојбата и така чекаше еден месец во самиот Костур, додека добие доволно засилување. Кога добил десет до петнаесет илјади војска, тогаш излегол да ги нападне. Се искачил на едно брдо за да изврши увид од високо. Бугарите го видоа и истрчаа таму за да му нанесат удар. И го удрија. Но војската сега беше силна, само храбри Албанци. Ги растера веднаш, ги опожари селата наоколу и го растури Востанието. Оттаму тргнал за Корештата, ги изгорел нивните села и се вратил назад триумфално како победник. Хусеин Хусни-паша на моја молба и укажување не ги запалил мешовитите села, ниту некогашните грчки села, туку само чисто бугарските, Бобишта, Бомбоки, Вишени, Дреновени, Болгароблаца и уште некои други, вкупно околу дваесет и пет села.

 

Тогаш околу триста бугарофони селани се засолнаа во Митрополијата заедно со своите деца и жени. Доаѓаа со кајчиња преку Костурското Езеро во Костур право во Митрополијата. Скоро сите беа бугарофони Грци. Но, заедно со нив дојдоа и некои роднини наклонети кон Бугарите и ми бараа проштевање, велејќи дека Бугарите ги излажаа и ме молеа да ги спасам. А други, пак, Бугари, ми напишаа заедно со нашите од еден манастир над Загоричани, на Светите Анаргири, (Бедњаци) со кое ме молат „Спаси нè”. Тогаш најдов шанса и им наложив да изјават дека се враќаат во православието и дека ѝ припаѓаат на Патријаршијата. Од сите дотогаш наклонети кои бугарските села масовно стигнувале извештаи Владата и Митрополијата. „А, бре луѓе им велев - што е ова? Може ли да се прааат востанија без план? Видовте ли да дојдат офицери од Грција? Ме видовте ли мене да излезам со пушка в рака?”

 

Тогаш испратила и Владата еден пратеник, Јоанис Кафтанѕоглу од Трикала, да им подели парична помош на настраданите наши. Се разбира една минимална помош. Тој ја подели лично и веднаш си замина.

 

 

33

 

 

17. Во Костур пред повеќе од дваесети повеќе години работеше Бугарската гимназија под раководство на првокомитаџијата Лазо Поп-Трајков, иако во Костур немаше бугарски семејства. Но Поп-Трајков мобилизираше стипендисти ученици од сите села за Костурската гимназија, кои се хранеа и учеа со пари на бугарската држава. Парите ги испраќаше Бугарскиот конзулат во Битола. Во Битола тогаш немаше ниту еден Србин. Од таа гимназија излегоа најзначајните и најфанатичните кадри на Бугарскиот комитет, кои му нанесоа најголемо зло на грцизмот, затоа што како што беа фанатизирани од учењето во гимназијата, беше природно тие да ги фанатизираат и своите роднини и познати во селото и да ги прават да поминуваат од Патријаршијата во Бугарската егзархија.

 

Многу пати се обидов да го затворам тоа гнездо, укажувајќи и на Турската влада за опасностите што ги создаваше. Но, стана невозможно. Беше веќе вкоренето, оти работеше повеќе од дваесет години.

 

Но сега по Бугарското востание јас го искористив гневот на Турците, влегов во гимназијата и растурив сè пред мене. Мебел, прибор, клупи, средства за учење, карти, библиотски слики на егзархот Јосиф. Толкава беше катастрофата, така што оттогаш оваа школа не се отвори никогаш повеќе. Но и училиштата по селските населби им ги изгореа. Тогаш го убивме и главниот управител на Бугарскиот комитет за Костурско и Леринско Лазо Поп-Трајков. Тој беше од селото Косинец [1] и беше син на поп, на попот Трајко. Тој ја завршил бугарската гимиазија во Костур и се издигнал како најстрашен непријател на грцизмот. Ги гореше грчките книги по црквите и во нашите училишта и ги фанатизираше селаните во полза на бугарските идеи со своите обраќања во црквата, каде што влегуваше и проповедаше со својата чета без да е самиот поп. Тој во нашата околија беше најзначајниот фактор на Бугарскиот комитет. Изгледа дека во некој судир со Турците Поп-Трајков беше ранет во

 

 

1. Забелешка на прев.: Очигледна грешка. Лазо Поп-Трајков, војвода и поет, автор на познатата поема „Локвата и вињари”, е от с. Д'мбени, Костурско, како што е веќе еднаш спомнат претходно. (види стр. 6)

 

 

34

 

вратот и отишол некаде, на некоја планина, на лекување. Но, во планината го најдоа тројца Жељовјани (Жељово беше акропол на грцизмот во Корештата и седиште на Коте), Наум, Трајко и Павел Киров, кој се издигна потоа во војовода и тие му ја отсекоа главата и ја донесоа во Митрополијата.

 

Како противтежа на бугарската гимназија во Костур, јас отворив близу до Митрополијата едно сиропиталиште за децата на војводите и на челниците што ги убиваше Бугарскиот комитет. Децата се хранеа и преноќуваа таму, преку денот учеа во грчките училишта во Костур. Таму ги зедов децата на Далипис, на Вангел, на попот Илија, на Ковачи од Смрдеш, кого го убија сред Биглишта и други. Тие што завршуваа ги праќав во Грција и учеа во Лицејот на Делиос. Овде (во Атина) за нив плаќаше Центарот на Грчкиот комитет, до кој се обраќав писмено и ги преземаше децата. После школата на Делиос децата ги испраќаа или во Воената школа, како што бешо случајот со децата на Коте, на Далипи, на Апостоли од Апоскоп и други, или на Универзитетот, како синот на Василиос Цаманис од Косинец, кој денес е еден добар лекар во Костур. Други, пак деца, испраќав во Солун во сиропиталиштето, како Сотир, синот на покојниот поп Илија. Во сиропиталиштето во Костур, собрав околу седумдесот сирачиња на грчки патриоти и борци, кои паднаа од бугарски куршум (од двајцата синови на Далипи кои станаа офицери, едниот загина војувајќи кај Сангар).

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]