Македонската борба (мемоари)

Германос  Каравангелис

 

III. ВО КОСТУР

 

1. „Ќе бидеш епископ Костурски” (1900)

2. Бугарскиот комитет

3. Во конзулатот во Битола

4. Да придобијам некој бугарофон војвода”: Коте од Рулја

5. Обиколка по сите славофонски села на Корештата (1901)

6. Нов извештај до Владата преку конзулот во Битола. Да го фатиме Чакаларов во Атина”

 

1. Во 1900 година починал Костурскиот митрополит и тронот останал празен. Тоа беше времето кога Бугарите започнале со своите удари. Нивниот Комитет дојде до израз веднаш по 1897 година. Но во 1900 дојде до израз отворено, а посебно во Костурската околи која се сметаше за последна граница на бугарската пропаганда до реката Бистрица. Тие го убија попот Константин од Нерет, Леринско (Костурска околија), учителот во Шестево Атанас и други првенци.

 

Ова место ми го предложија. Но јас не сакав да се согласам, затоа што ми беше тешко од Ставродроми да отидам во Костурските планини. Тогаш дојде Николаос Маврокордатос, амбасадор на Грција, во мојата келија и ми вели: „Ќе бидеш епископ Костурски”. „Ама јас сум уште млад” му одговорив. „Е, точно затоа ќе бидеш” настојуваше тој. „Бугарскиот комитет опустошува сè и треба таму да оди свештеник достоен на својата мисија. Тоа е и волја на владата”. И така прифатив и станав Костурски митрополит. Но основањето и издржувањето на женското училиште беше причина да потонам во големи долгови, затоа што имав договорено позајмици од разни мои пријатели. А бидејќи сега ќе имав и други трошоци за патувањето, се позајмив од лихвари со залог на мојата скапоцена облека.

 

Пред да заминам си го осигурив и животот за сума еднаква на моите долгови, што ги отплатив кога станав митрополит на Амасија. Многу од моите пријатели се откажаа да ја примаат лихвата, как Ивакис и Спиридонос. Но, лихварите ги зедоа хипотеките, како Н. Мецис, кој ги продаде за евтини пари по една година мојата скапа мантија и архиерејската митра. И така, откако се подготвив и ја предадов својата женска школа, која беше веќе материјално

 

 

14

 

обезбедена, но директорката Сандоринеу, под називот „Еликон”, јас заминав за Костур.

 

 

2. Кога пристигнав таму, целата околија беше во жална состојба. Војната од 1897 година беше уште свежа во спомените. Турците поради омразата кон Грција ги поддржуваа егзархиските претензии. Бугарите ја користеа психолошката состојба и беа господари на теренот. Аспирациите на Бугарскиот комитет одеа до Бистрица и Костенаријата и затоа воениот центар на бандите се наоѓаше во Корештата — Костурско, за да ѝ докажат еден ден на европската дипломатија дека во Костур требаше да се зацрта границата на сонуваната Велика Бугарија. Во почетокот таму беа формирани две банди, едната под водството на Петров од Шестево за Корештата, другата под водство на Марков од село Патели за леринска околия. Првите крвави судири се случија во Костурско. Бугарскиот комитет спроведувајќи го својот антигрчки план започна со уривањето, и тоа последователно, на столбовите на грчките опщтини, за да создаде паника и да го покори населението на Бугарската егзархија. Словенофонските села, пред трагичната дилема „Егзархија или смрт”, минуваа на страната на Егзархијата, и тоа сè повеќе со зголемувањето на бандите, со појавувањето на војводите, како што беа Чакаларов од Смрдеш, Коле од Мокрени, Коте од Рулја, Митре Влаот од Кономлати, Костандов од Костенаријата, Каршаков од Косинец, Гелев од Трсје, другиот Коле од Добролишта, Никола од Кономлади, Алексо од Екши-Су (што на турски значи Кисела Вода), Пандо од Баница, Лазо Поп-Трајков од Д’мбени, Кузо, бугарски учител од Блаца, Христов од Старичани, полковникот Јанков од Загоричани, Гуранов од Бугарија, Лука кој беше Влав од Костур, и други кои се вооружуваа во Софија и ги праќаа во Корештата. Ситуацијата стануваше очајна. Бандите ги свикнуваа ноќе селаните во црквите и, откако даваа заклетва пред Комитетот, ги принудуваа под закана на оружје да се обраќаат до Егзархијата и Владата, со изјави дека преминуваат во Егзархијата. Оние селани

 

 

15

 

што беа во опасност како сомнителни за Бугарите побегнаа во Костур, учителите ги напуштаа своите работни места, особено по трагичната смрт на учителов во Сетома Малиганос, издупчен триесетина пати со штик, исто свештениците по убиството на свештениците во Нерет, Сребрено, Прекопана и Поздивишта, и други прибегнаа во Костур, како свештениците од Жупаништа, од Апоскеп, од Лабаница, од Загоричани, од Калишта, од Тиолишта, а други останаа во своите села молчејќи и очекувајќи го денот на нивното ослободување од тиранијата на Бугарскиот комитет.

 

 

3. Откако ја проучив состојбата, отидов во конзулатот во Битола да се договорам со конзулот Пезас. Му ги изложив работите, му кажав дека бугарската пропаганда добива припадници, дека секој ден се вршат убиства и насилства. Бугарските комитаџии, им велеа на нашите: „нема да одите во соборната црква”. Ако одеа, ги убиваа.

 

Пезас ми рече дека истата ситуација е и тука и на други места. Овде притисоците се толку големи, затоа што сакаат да покажат дека Бугарија е до реката Бистрица. Но, Пезас ми рече да направам еден извештај до Владата. Го направив извештајот кој го испратил самиот конзул до Министрството. Во извештајот им укажував дека беше невозможно да се води борбата без грчки трупи. Извештајот беше испратен, но без никаков резултат. По неколку недели отидов пак во Конзулатот и конзулот ми рече дека не само што не ни испраќаат помош, туку и ни пречат. „Не можеме ништо да направиме”, ми вели. „Ама добро” му одговарам „секој ден се лее грчка крв. Секој ден православните се отцепуваат. Тие убиваат. Нивниот Комитет станува сè посилен. Може ли да останам со врзани раце? Тогаш ќе се изгуби Македонија”. И тој се согласи со тоа.

 

 

4. Се вратив очаен во Костур и решив да дејствувам како што можев сам. Со сите фактори се допишував тајно, ги охрабрував и им ветував дека наскоро ќе имаат помош од Грција.

 

Не сега, пак, замислив нешто друго. Кога веќе не очекував помош од Грција, требаше да се обидам да придобијам некој

 

 

16

 

бугарофон војвода и да го убедам и да го превртам и да го направам грчки војвода. И така решив да се сретнам со Коте од Рулја. Тој беше јунак и искусен нишанџија и како војвода кај Бугарите го имаше убиено Касим-ага. Значи беше прогонуван и осуден на смрт. Но неговото село Рулја, до пред неколку години беше грчко село, а и самиот тој пред да влезе во Комитетот беше православен, па така би ми било полесно да го придобијам од било кој друг. Потоа, дури во Комитетот покажувал знаци на симпатија за нашите и пред сè за оние што убиваа. „Значи, ќе го најдам” реков „па што сака нека стане”.

 

После многу напори, успеав да се договориме преку писмо да се сретнеме во едно село наспроти Рулја, во Трново. Пристигнав таму на полноќ. Останавме заедно цела ноќ и разговаравме. Му реков: „Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земјата што ја газиме е грчка. За тоа сведочат и спомениците што се скриени во неа, и тие се грчки и монетите што ги наоѓаме се грчки и натписите се грчки. Впрочем, нашата црква и патријаршијата секогаш беа во првите редови на слободата. Додека Бугарија не се покажа способна дури ни самата да се ослободи, туку беше ослободена од Русија. Па чекаш сега таа да ја ослободи Македонија? И си правиш илузии дека е можно некогаш европската дипломатија да ја потврди Македонија за Бугарија, а особено Лерин и Костур, кои се одвај два дена од грчката граница, додека од бугарската се на далечина од седум дена? „Потоа му зборував и за убиствата и му реков дека ако навистина Бугарскиот комитет работи за слободата за една толку света цел, не би можел да прави такви злосторства, да одзема насилно пари од сиромашните селани и да убива невини луѓе. „Од денес” му реков „ти ќе бидеш со нас, ќе бидеш прв човек. Ќе те исправам долу да ги запознаеш грчките цареви а твоите деца ќе ги испратам да учат во Грција”. Прифати сè и се договорихме, тој да ја преземе заштитата на селата во својата околија, а јас обврската за издржување на неговата чета. Ми даде и едно писмо дека во иднина ќе му служи на Грчкиот комитет. По два-три дена ми ги испрати и неговите деца,

 

 

17

 

две машки, едното седум и другото дванаесет години, кои беа питомци на бугарската гиманзија во Костур. Ги задржав една недела во митрополијата и потоа ги испратив до Павлос Мелас со придружна белешка. Таму ги запишаа во Лицејот на Делиос, а потоа во офицерската школа, и денес тие се офицери на грчката војска.

 

На Коте му испратив една месечна плата, десет лири за него и по две за секое негово дете, односно неговите јунаци.

 

Подоцна го испратив и самиот Коте кај Мелас во Атина. Од Костур до грчката граница јас имав известувачи селани и еден од нив го придружуваше до тука со два-тројца од неговите јунаци, бидејќи ја познаваше и Грција. Во секое село имавме еден известувач, кој требаше да не информира за сè. Ние го информиравме известувачот дека во тоа и тоа време ќе дојде еден одред и да се погрижи за негово сместување. Истото, следната ноќ во друго село. Тие се движеа само ноќе, а преку денот спиеја.

 

Таму во Атина за Коте се грижеше Мелас, а потоа тој се врати пак во Македонија. Кога се врати, започна да му се противставува на Бугарскиот комитет; но, не јавно, уште како член на Комитетот. Се разбира, Бугарите дознаа дека тој отиде во Атина, но се плашеа многу од нсго. И така тој продолжи да дејствува во Корештата, во својот реон, каде што беа само бугарофонски села.

 

 

5. Во почетокот на 1901 година, јас направив една голема обиколка по сите славофонски села на Корештата. И така селата Рулја и Трново, Трсје и Дреновени, Габреш и Чарновишта му с вратија на православието. Другите села, Косинец, Смрдеш, Брезница, Поздивишта итн., беа мешани. Но, во сите имав литургии со грчката партија, што започна да ме охрабрува Во Кономлати, селото на Митре Влаот, Бугарите не сакаа да ни ги дадат клучевите од црквата. Тогаш јас, заедно со мојот курир Емин, со пушките на рамо, јас со малихерка, а тој со гра, ја скршивме вратата со блатии и влеговме во црквата каде што ја одржав литургијата без никој да се осмели да ме попречи. И додека ја продолжував мојата обиколка во Корештата, еден ден пред да одам во Бапчор, ме известија дека една бугарска

 

 

18

 

банда на Чакаларов од шеесет луѓе ги држеше брдата околу лозјата, меѓу Дреновени и Бапчор и чекаше од заседа. Бидејки уште немав придружба од нашите и не сакав да ја прекинам својата обиколка во Корештата, ја известив турската војска што беше стационирана во Кономлати и ми испрати сто војници. Така стигнав невознемирен во Бапчор затоа што Чакаларов, кога ја виде војската, се повлече со својот одред и се сокрил во шумата. Така, влегов во Бапчор и ја одржав литургијата заедно со двајцата Грци свештеници, попот Коста и попот Димитри. Но кога заминав, комитаџиите за да ги тероризираат нашите, убија тројца мажи и една жена, оние што не дочекаа и не примија во нивните домови.

 

На Божик 1901 година отидов во Загоричани. Таму имавме двајца наши попови еден учител и неколку други, но сите беа исплашени. Гостопримство ми укажа поп-Ѓорги, и на полноќ правевме литургија. Им напишав на Бугарите да ми ги испратат клучевите од црквата. Тие ми напишаа „Прво ние ќе одржиме литургија а потоа вие”. Им одговорив „Прво јас, па потоа вие”. Таму беше и Чакаларов со својот одред и Митре Влаот. Шеесет мажи и башка селаните: „Ќе ја скршам” им „вратата за да влезам”. Тогаш, уште не бес решиле да ме убијат. Беше првата година од моето пристигнување. И така ми испратија делегација од селето за да ме убеди дека е подобро прво тие да одржат литургија. „Не” им одговорив „црквата е направена со грчки ферман од грчката патриаршија и јас сум архијереј. Значи прв јас ќе одржам литургија”. Тогаш тие станаа и си заминаа без да ми ги дадат клучевите. „Емине”, му велам на курирот „оди до кајмакамот, да му кажеш да ни испрати војска”. Тие го слушнаа тоа и ми ги испратија клучевите. Така на полноќ отидов во придружбата на двајца наши луѓе со револверот в рака и Емин со пушката. Секогаш пред кривина на патот Емин ја свртуваше пушката нагоре, готов да нанишани. Во црквата си го ставив револверот во кожената футрола, се сеќавам, дури и со дигнато чкрапало. Но, за среќа не се случи несреќа. Зад тронот имаше еден наш, кој цело време стоеше со пиштолот в рака. Така ја одржав литургијата и стигнавме до Светиите. Но, тогаш дојдоа

 

 

 19

 

Бугарите и почнаа да викаат: „Брзо, гркомани привршувајте”. Но јас продолжив со литургјата, дадов просфора и така си заминавме. Кога стигнавме дома попот Ѓорѓи се прекрсти. „Сите злосториици беа тука” рече.

 

Првата литургија во Загоричани навистина беше дива. Но, така се наложив.

 

 

6. Кога се вратив во Костур од својата прва обиколка, испратив нов извештај до Владата преку конзулот во Битола, во кој и изложив сè што се случи и барав помош во луѓе и оружје. Но, за жал, мојот глас не се слушна. Во меѓувреме пишував во весниците во Атина под псевдоним ѕвонејќи го ѕвоното на опасноста и прогласувајќи дека сега „земјата се словенизира и ќе стане варварска”. Но Владата остануваше непресретлива.

 

Бугарите имаа центри, агенции, во самата Атина, во Лариса в во Катерини и од тука го набавуваат и своето оружје, додека нашите спиеја. Кон крајот на 1902 година или почетокот на 1903, пристигна од Бугарија новиот војвода В. Чакаларов од Смрдеш, кој добро го знаеше теренот, со една голема сума пари, 2000 лири, за да купи оружје и да организира нови банди. Чакаларов реши да дојде самиот во Атина за купување оружје.

 

Кога дознав, размислував дека би можеле да го фатиме Чакаларов во Атина и така да го растуриме нивното упориште таму. И така со доверливи писма се договарав со неговиот братучед Георги Ќамо во Атина за да успее неговото апсенè. Патните трошоци го сносев јас, затоа што тогаш невавме никаква помош од никаде. Покасно, кога беше формиран Грчкиот комитет, испраќаше пари до главнито челник на Комитетот или до Грчкиот конзулат во Битола и ги делеа по единиците. Понекогаш испраќаа и до мене и јас им ги делев на војводите, како на пример на Вардас, со потврда за прием.

 

Ќамо, лично го познаваше Чакаларов и мораше да го открие. И навистина, го открил еден ден кај Хафтија. Но, не постапил разумно. Тој требаше прво да ја подготви почвата, да се договори со полицијата, да го следат, да откријат каде е сместен, со кого се дружи

 

 

20

 

и потоа да го уапсат. Но тој, кога го видел, му се доближил на еден полицаец и му покажувал од далеку, обидувајки се да го убеди за да го уапси. Чакаларов го видел, влегол во една кафеана и исчезнал. И така Ќамо се вратил со празни раце. И Чакаларов се врату веднаш во Македонија, па дури и пред Ќамо и го чекаше. Кога Ќамо се вратил во Поздивишта, Чакаларов влегол една ноќ со својот отред во селото во придружба на Циљо Коте и уште еден комитаџија од Габреш, го фатил Ќамо и попот Илија и после едно ужасно испитување ги осудил на смрт и ги убил со страшни измачувања. Ова убиство предизвика зачудување и посеа паника во цела околија особено меѓу нашите во Корештата. Така требаше веднаш да се најде начин за елиминирање на овој страшен впечаток, што имаше опасност да ни ја затвори за секогаш целата таа околија, а најдобриот начин беше да се казнат убијците на попот Илија и на Ќамо.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]