Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија

Блага Алексова

 

 

 

БЛАГА АЛЕКСОВА, професор за ранохристијанска и словенска археологија на Универзитетот во Скопје. Повеќегодишен директор и еден од основачите на Археолошкиот музеј на Македонија, член на Институтот за национална историја во Скопје.

 

Студиите по историја на уметноста ги завршува на Универзитетот во Скопје. Докторската дисертација ја одбранува на Универзитетот во Љубљана. На усовршување престојува во текот на 1971 и 1983 година во Дамбартон Окс центар за византиски студии на Харвардскиот Универзитет во Вашингтон, САД. Co научноистражувачката активност доаѓа до нови откривања на сакрални архитектонски објекти од ранохристијанскиот и словенскиот период во Македонија. Проучувајќи ги црквите и нивното внатрешно уредување со архитектонската пластика, мозаиците и живописот укажува на брзата христијанизација на Источен Илирик и на влијанието на византиската цивилизација на тукушто населените Словени на Балканскиот Полуостров.

 

Ко-директор е со Ц. Манго на Југословенско-американскиот проект Баргала и Ко-директор е со Ј. Висеман и Ѓ. Мано Зиси на заедничкиот Југословенско-амерички проект Стоби. Одржува предавања во Дамбартон Окс и Смитсоновиот институт во Вашингтон и на Универзитетите во САД (Мериланд, Вандербилд, Бостон). Автор е на повеќе трудови и студии објавени во нашава земја и странство.

 

 


 

 

. . . Импресивно делуваат археолошките наоди. На стариот материјал од разурнатите цркви и градби наоѓаме врежани букви, како вежбање на новите словенски азбуки, на глаголицата и кирилицата. Тоа се не само неоспорни докази на присутноста на новите словенски учители, туку и докази на успехот на нивната акција.

 

Систематските истражувања на д-р Блага Алексова, носат резултати од посебно и исклучително значење, врзани не само за Брегалничката област, туку и за територијата на Македонија која била опфатена со почетните успешни акции на св. Климент, и нови податоци за дефинитивно разрешување на уште отворени проблеми за организација на првата словенска епископија. Досега е утврдено само едно дека Охрид не бил негово епископско седиште, меѓутоа, бил средиште на многу негови акции.

 

Резултатите на д-р Блага Алексова донесоа, што е битно, драгоцени елементи за дефинитивно решавање на поедини досега отворени проблеми и нови елементи за решавање на оние кои чекаат дефинитивно решение. Науката зачекори напред, а тоа е драгоцен резултат . . .

 

Мирјана Ќоровиќ Љубинковиќ

 

 

. . . Археолошките материјални докази од монументалната Баргапа ќе бидат еден од основните поводи да се направи сериозна ревизија во досегашните научни сознанија за почетоците и развојот на словенската писменост пред се во Македонија, а оттука пошироко меѓу сите Словени. . .

 

Лидија Славева

 

 

БЛАГА АЛЕКСОВА, својот живот и работен век со целото свое битие ги посветува на археолошката наука истражувајќи на територијата на CP Македонија, и прибирајќи значајни докази за живеењето и создавањето на овој простор. Почнувајќи со средновековната Демир Калија истражува во Стоби, Баргала, Орман, Преспа, Крупиште и обфаќа еден широк историски период на прашанја на материјалната култура од IV-XIV век.

 

Во оваа книга ги обелоданува комплетно својте истражувачки зафати кои се однесуваат на еден голем дел на Источна Македонија поврзувајќи две хронолошки различни целини во иста идеолошко-духовна содржина. Раната христијанизација на староседелците од една и нејзиното прифаќање од Словените од друга страна населени тука со селидбата на народите се потврдени со археолошки споменици. Поставените тези на авторот се фундамент за понатамошни откривања на вистините за историјата на Македонскиот народ.

 

Вера Битракова-Грозданова

 

[Back to Index]