Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија

Блага Алексова

 

(Вовед) 

 

 

Повеќе од дваесет години, упорно и стрпливо, под тешки теренски услови, проф. д-р Блага Алексова врши археолошки ископувања и истражувања во регионот на Брегалница. Истрајувањето и консеквентноста во овој потфат веруваме дека биле мотивирани со голем културно-историски предизвик: да се откријат и идентификуваат спомениците од време на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј и нивниот прв ученик св. Климент Охридски. Следејќи ги поновите студии со кои се одбележува споменот на св. Методиј (1985 г.) и св. Климент (1986 г.) a потоа и страниците на оваа книга што излегува пред јавноста, постанува јасно дека проф. д-р Блага Алексова ги зацврстува своите научни уверувања за улогата на овој крај во Кирило-методиевската епоха по откривањето на темелите на големата петоапсидална црква со мартириум во Голем Град кај Крупиште, на Брегалница. На тоа откритие му претходеа и повеќегодишните ископувања во Баргала, град со многу сакрални и урбани објекти од предсловенската провиниенција. Во исто време заслуга е и на повеќе македонски археолози коишто, како и авторот на оваа книга, открија и објавија низа споменици од ранохристијанскиот, словенскиот и византискиот период во поширокиот појас на Брегалница, Овче Поле, Мородвиз, Виница и др. Со овие теренски резултати суштествено се измени нашата претстава за споменичната топографија на овој дел на Македонија, којшто, според старите сознанија, се наоѓаше во сенка на монументалните сакрални градби на Охридското и Преспанското Езеро. Се констатира дека повеќето цркви од Брегалничкиот крај, подигнати пред христијанизацијата на македонските Словени биле обновени и го продолжиле својот живот како словенски духовни средишта во рамките на христијанската и православната екумена. Сите овие елементи претставувале силен потстрек проф. д-р Блага Алексова да ги презентира во посебна книга со внатрешна хронолошка и теренска кохерентност.

 

Поставувањето на Брегалница во сооднос со дејноста на словенските учители Кирил и Методиј и Климент, уште од средината на минатиот век, се проучува во две насоки. Имено, група на научници истапува со мислење дека св. Константин-Кирил уште пред Моравската мисија делувал како словенски мисионер во Брегалница, на што се укажува

 

XIII

 

 

во текстовите на Успението Кирилово и во Солунската легенда. Од некои научници претпоставената Брегалничка мисија се доведува во сооднос и со Методиевата функција на кнез, пред неговата мисионетска дејност. Исключително сложениот јазел на прашања околу Брегалничката мисија во научната литература е одамна без нови импусли, додека примарните извори за Солунските браќа не говорат за нивна активност во Брегалница, а подожнежните спомнати историско-литературни вести сосема одредено зборуваат за покрстуването што го извршил Константин Кирил по Брегалница. Еден подоцнежен словенски летопис што така говори за подигнување на „бели цркви" на Овче Поле во крајот на IV век. Повеќе проучувачи и истакнати автори за Кирило методиевското време сметаат дека тие вести се засновани на постари наесочувани извори. Додека Брегалничката мисија остана во границите на привлечна и загонетна хипотеза, сигурна научна верификација има втората насока во проучвањето на улогата на Брегалничкиот крај во старословенската епоха. Пишуваните вести на Теофилакт Охридски за 15-те струмички маченици и пренесувањето на дел од нивните мошти во Брегалничката епископија има тежина на целосна автентичност. Во дефинирањето на ова прашање и неговото потврдување со археолошки и историско уметнички аргументи од исклучително значение е ископувањето на струмичкага црква на 15-те маченици што го отпочнаа академик Д. Коцо, проф. д-р Блага Алексова и проф. д-р Петар Миљковиќ Пепек.

 

Проф. д-р Блага Алексова, по пронаоѓањето на големата петоапсидална црква со синтронос и мартириум во нејзиниот јужен дел, уште во 1985 година ja најави можноста дека по тој монументален храм биле пренесени и погребани моштите на петмина од струмичките маченици, што е засведочено од кажувањето на Теофилакт Охридски. Оваа размисла д-р Б. Алексова уште повеќе ja оссажи во книгава, со објавувањето на графити на глаголски и словенски букви од сакралните градби кај Крупиште. На постоењето на слични графити, крстови и други знаци д-р Б. Алексова укажува и во други споменици од Брегалничкиот крај. Монументалните димензии на храмот во Крупиште со синтронос, мартириум, карактеристичките на градбата, графитите и хронологијата воспоставена со нумизматички наод, во целост, придонеле да го изнесе своето убедување дека е откриена катедралата на Брегалничката епископија од крајот на IX век и дека тука било средиштето каде се одржувала словенската богослужба од учениците на Климент Охридски. Авторот на книгата своите размислувања за сакралниот комплекс Крупиште ги проширува во уште една насока. Имено, д-р Алексова смета дека Брегалничката епископска катедрала и епархија е во исто време и катедрала на Климент Охридски предлагајќи идентификација со Величката епархија. Авторот на книгата мисли дека во претходната хронолошка фаза на Брегалница се одвивала и мисионерската дејност на Кирил Филозоф, пред неговото делување меѓу Хазарите и Западните Словени. Со тие ставови проф. д-р Блага Алексова влезува во дискусија за овие сложени, фундаментални прашања на Кирило-методиевската проблематика. Тие погледи, секако, ќе предизвикаат и особен интерес кон оваа книга меѓу истражувачите на епохата нa старословенската култура и писменост. Книгата влегува во кругог на библиографијата за оваа епоха во време кога проучувањата на делото на Солунските браќа и нивните ученици доживува и голем подем со видно присуство на македонската наука. Изостреноста на критериумите и конфронтирањето на различните погледи во светлината на поновите проучувања на населбите меѓу Охрид и Девол веруваме дека ќе придонесат кон сведувањето на мислењата за прашањата од поширок медиевистички интерес во кои Македонија има клучно место. Во тој поглед книгата на проф. д-р Блага Алексова за еписопијата на Брегалница претставува интердисциплинарен придонес и полемички предизвик во овој домен на научната мисла.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]