Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија

Блага Алексова

 

3. реглед археолошките истражувања и ископувања на доцноантички-ранохристијански наоѓалишта и на објекти од словенскиот период)

 

 

Археолошки истражувања и ископувања на територијата на СР Македонија, во времето пред Втората светска војна, се изведувани на големите антички градови во Стоби, Скупи и Хераклеја. Во тој временски период се собрани бројни епиграфски споменици, скулптури и архитектонска декоративна пластика од прекопани објекти.

 

На територијата источно од Вардар, по Брегалница, археолошки истражувања во времето помеѓу двете војни не се изведувани. Ј. Иванов, разгледувајќи ги историските податоци и литературните извори врзани за Македонија и посебно за овие области, има укажано на извесни археолошки остатоци и на споменици. Неговиот посебен интерес бил насочен на убицирањето на Баргала и на Епископијата на Брегалница. [1]

 

Н. Вулиќ меѓу другите споменици од Источна Македонија [2] има собрано фрагмент од еден споменик на коњаник, [3] едно женско торзо [4] и статуа на божицата Афродита од Штип, [5] како и една глава на младич. [6] Р. Груиќ во своите археолошки и историски белешки од Македонија има укажано на првите археолошки остатоци кај Горен Козјак [7] и крај црквата Св. Никола во Крупиште. [7a]

 

Н. Окуњев при објавувањето на црквите од крстовиден тип во Македонија ја презентира крстовидната црква од Теранци. [8] Ст. Михајлов за прв пат ја објавува црквата Св. Горѓи во Горен Козјак и укажува на археолошки остатоци на овој простор. [9] Тогаш изнесува мислење дека на овој простор треба да се бара Епископијата на Брегалница. [10] Истовремено ги објавува култните цркви во Жиганци [11] и во Мородвиз. [12]

 

Во текот на Втората светска војна И. Венедиков има собрано повеќе наоди од халштатските пајонски тумули од Радање [13] и од тумулите кај Беш-Тепе кај Карбинци, како и од Аргулица и Таринци од II век од н. epa. [14] При објавувањето на овие наоди од средниот тек на Брегалница тој укажува на остатоците од репрезентативниот архитектонски објект на месноста Ханче, недалеку од која е најден големиот блок од камен со натпис во кој се споменува градот Баргала. [15] Месноста Ханче се наоѓа на патот од Горен Козјак што води кон главниот пат по Брегалница. Тргнувајќи од материјалните докази и од споменикот датиран во 371/2 година, заклучува дека градот Баргала треба да се бара по средниот тек на Брегалница. [16]

 

Со археолошките рекогносцирања на теренот во овие краишта, изведени по ослободувањето, констатирани се остатоци и траги од населби по должината на целиот тек на Брегалница од праисторискиот, античкиот и словенскиот среден век. На некои од наоѓалиштата од времето

 

 

1. Иванов, Северна Македония, 73—79; idem. Епископиите, 74—79.

 

2. Вулић, Виничко Кале, Споменик LXXVII, 71, 72, сл. I, 2; idem. Св. Николе, Споменик LXXVII, 57, сл. 61; Св. Николе, LXXV, 49, сл. 157; idem. Виница, Споменик XCVII, 95 сл. 208; idem. Споменик LXXI, 194, сл. 515, 518.

 

3. Вулић, Споменик XCVIII, 254.

 

4. Вулић, Споменик XCVIII, 313, сл. 100.

 

5. Вулић, Споменик, LXXI, 227, сл. 602.

 

6. Вулић, Споменик, LXXI, 228, сл. 603.

 

7. Грујић, Археолошке белешке, 212—215.

 

7a. Грујић, Археолошке белешке, 203, 204.

 

8. Окуњев, Крстообразне цркве, 279—280.

 

9. Михајлов, Козяк и Брегалнишката епископия, 4—19.

 

10. Михајлов, Козяк и Брегалнишката епископия, 3—4

 

11. Михајлов, Козяк и Брегалнишката епископия, 20—22.

 

12. Михајлов, Козяк и Брегалнишката епископия, 19—20.

 

13. Венедиков, Баргала, 90—96.

 

14. Венедиков, Баргала, 88—90.

 

15. Венедиков, Баргала, 84—86, сл. 58.

 

16. Венедиков, Баргала, 83; Папазоглу, Градови, 245—246.


19

 

 

на неолитот се изведени и опсежни археолошки истражувања од кои ископувањата кај Брегалница, Св. Николско, прераснаа во меѓународен истражувачки проект. [17]

 

Со истражувања што се однесуваат на доцноантичката епоха, посебно на ранохристијанскиот период и словенскиот среден век, се започна доста рано. Во 1959 година се изведени истражувања на една словенска црква со некропола во Оризари на реката Масалница, притока на Брегалница. [18] Потоа се собрани наоди од словенски некрополи во Караорман и Аџи-Бегово на Брегалница. [19]

 

Б. Алексова започна co систематски археолошки ископувања и истражувања кај Горен Козјак во 1966 година, каде го убицира доцноантичкиот-раиохристијански епископски град Баргала и во науката го отвори прашањето за убикација на Брегалничката епископија кај овој град или во неговата непосредна близина. [20]

 

Во 1967 година В. Санев изведе археолошки истражувања на тврдината над Горен Козјак, каде има откриено остатоци од еден антички храм и вотивни мермерни плочки co претстави на Зевс и Хера. Храмот го датира во III—IV век од н. epa. [21] Во истиот временски термин авторот има откриено еден сакрален објект со остатоци од мозаичен под во подножјето на Баргала. [22] Во 1968 година на месноста Ханче започнува со ископувања на еден репрезентативен архитектонски објект со димензии од 15 х 60 м. [23] Објектот, секако, претставува еден антички ан ζενοδοκἐω ξενοδοκέω непосредно пред портите на градот Баргала, каков што е откриен кај Паликурската базилика, [24] пред портите на Стоби и пред Астибо на западната страна пред градот. [25] Според карактерот и намената на овој објект за целата месност останало до денес името Ханче.

 

Во музејот во Штип од повеќе наоѓалишта по текот на Брегалница и од самиот град е прибран споменичен фонд од скулптури, релјефи, епиграфски споменици и архитектонска декоративна пластика. [26]

 

Во текот на 1975 година Б. Алексова започнува со археолошки истражувања недалеку од утоката на Злетовка во Брегалница, кај денешно Крупиште. [27] Поради нерешени имотни прашања со работите се продолжи во 1984—88 година.

 

Според досегашните резултати од истражувањата, авторот доаѓа до заклучок дека на овој простор би требало да се наоѓал еден од градовите одбележани на Tabula Peutingeriana, можеби градот Астибо на самата река Астибос. [28] Во словенскиот среден век градот се раширил

 

 

17. Санев, Од предисторијата, 71—76 и 77—90. Изложени се резултати од праисториските истражувања по текот на Брегалница.

 

18. Алексова, Оризари, 81—98.

 

19. Алексова, Караорман и Аџи-Бегово, 99—102.

 

20. Алексова, Баргала-Брегалница, 1967, 5—82.

 

21. Санев, резултатите од истражувањата наскоро во печат.

 

22. Санев, Каталог, с. 26 — Фрагмент од мозаикот откриен во истражниот објект.

 

23. За податоците од истражувањата му благодарам за известувањето на В. Санев.

 

24. Винчиќ-Ивановски, Стоби, Словенска некропола, 47; Ивановски, Средновековна некропола, 97—104.

 

25. Западно од патот што води од Брегланица за Злетово има остатоци од еден репрезентативен објект што е тешко оштетен поради користење на градежниот материјал. Објектот се наоѓа западно од бедемите на градот расположен крај Злетовската река, каде што убицираме еден од античките градови по Брегалница, секако Астибо и подоцна Брегалничката Епископија. Алексова, Брегалница — словенски црковен и културно-просветен центар на Балканот, МАА 9, 1984, 211—224; idem, Првите словенски цркви, МАНУ, 179—198; idem. Брегалница МАНУ, 189—202.

 

26. Санев, Каталог, 103111.

27. Алексова, Крупиште, 85
100.

28. Алексова, Крупиште, 87.

 

20

 

 

и овде била основана Епискогшјата на Брегалница, прв словенски организиран црковен центар во Македонија и на Балканот. [29]

 

На исток по Брегалница, на 4 км јужно од Македонска Каменица, на утоката на Каменичка Река во Брегалница И. Микулчиќ и А. Керамитчиев имаат откриено еден доцноантички град, подоцна населен од Словените. Во текот на 1968—69 година на самата утока е откриена ранохристијанска базилика од V—VI век, додека на месноста Керамидница е откриена еднокорабна црква датирана исто така во V—VI век [30]. Истражени се и словенски гробови со наоди карактеристични за IX—X век. [31]

 

Во последниве години се интензивирани археолошките истражувања по Брегалница со кои се откриени повеќе архитектонски објекти и наоди од доцноантичкиот период. Поголеми археолошки зафати се изведуваат на Виничкото кале. Овде се започнати откривања на самата тврдина и на комплексот на градби на нејзиниот североисточен крај. Значајни се наодите од средновековните гробни структури и наодите на тули co релјефни претстави на сцени од Стариот и Новиот завет co натписи. [32] Ц. Крстевски на месноста Горица во подножјето на Виница има откриено една ранохристијанска базилика со остатоци од архитектонска пластика, што ja датира во V—VI век. [33]

 

Од градот Кочани потекнуваат остатоци од накит што претставуваат прилози од прекопаните гробови откриени во дворовите на куќите. [34] Од 1981 година во Мородвиз се изведуваат опсежни археолошки истражувања co кои е откриен ранохристијански комплекс со повеќе градежни структури и подоцнежни сакрални градби со богата архитектонска декоративна пластика. Во тек е истражување на пространа словенска некропола што го води К. Трајковски. [35]

 

З. Белдедовски во Црвулево, недалеку од Баргала, има откриено и истражено една доцноантичка гробница која, врз основа на конструкцијата и гробните наоди, ja датира во IV и првата половина на V век. Истовремено авторот објавува низа новооткриени наоди најдени во непосредната околина на гробницата. [36] Авторот кај Стар Караорман, на левиот брег на Брегалница, има откриено една ранохристијанска базилика co засводена гробница источно од објектот. Црквата ја датира во V—VI век co напомнување дека била во употреба и подоцна во средновековниот период. [37]

 

Во Новоселани, крај Злетовка од населението е прекопана една базиликална градба. Над стариот објект во словенскиот период е изградена еднокорабна црква со нартекс во чии ѕидови биле вградени сполии од стариот ранохристијански храм. [38]

 

Непосредно пред влезот во Долен Козјак, десно од Козјачка Река, во 1986 година од месното население е откриена една кула, која се вклопува во одбранбениот систем на градот Баргала. [39]

 

 

29. За резултатите од истржувањата од 1984—1987 година во Крупиште ќе стане збор понатаму.

 

30. Микулчић, Две ранохришћанске цркве, 183—189.

 

31. Микулчић-Керамитчиев, Словенски накит, 227.

 

32. Грбић, Археолошки наоѓалишта, 126; Гарашанин, Археолошке белешке, 69, 79, 89;

Balabanov, Freske i ikone, 21, 22; idem. Ikone iz Makedonije, 1—27; idem. Viničko Kale, 181;

Beldedovski-Krstevski. AP 20, 1978.

 

33. Крстевски, Горица, Виница, 108.

 

34. Георгиев, Некропола од Кочани, 228—239.

 

35. Трајковски, Мородвиз, 142.

 

36. Белдедовски, Доцноантичката гробница, 113—125.

 

37. Белдедовски, Крушка, Ранохристијанска базилика, 171—172.

 

38. Алексова, Баргала и средниот тек на Брегалница, 107.

 

39. Според исказите и укажувањата на Фердо Михајлов од Долен Козјак.

 

21

 

 

Изнесение податоци во овој наш преглед имаат за цел да укажат дека со археолошки истражувања и ископувања по Брегалница во последниве години се започна поинтензивно. Покрај систематските истражувања се изведуваат и заштитни археолошки ископувања што се иницирани од случајните откривања. На поголемиот број на откриените архитектонски објекти се изведуваат и превентивни и комплетни конзерваторски потфати.

 

Овде изнесените податоци за археолошки истражувања и ископувања на доцноантички-ранохристијански наоѓалишта како и на објекти од словенскиот период се дадени со цел да се запознаеме и да ги одбележиме наоѓалиштата на кои се изведувани организирани археолошки потфати. Меѓутоа, треба да одбележам дека ова е само еден мал дел од наоди и наоѓалишта по текот на Брегалница. Оваа стратешки важна котлина била густо населена во минатото; на тоа укажуваат повеќебројните остатоци од материјалната култура од сите временски периоди. Натамошните поорганизирани истражувачки пристапи кон откривање на трагите од минатото во овој регион ќе дадат мошне добри резултати, со кои ќе се надополни сликата за интензивниот живот во минатото на овој регион.

 

Со надополнувањето на сликата на населеноста на оваа област во минатото, на што укажуваат богатите траги од материјалната култура, најпосле ќе ѝ се даде вистинското место и значење, бидејќи краиштата по Брегалница имале посебно значајно место и улога во политичките, црковните и културните збиднувања во доцноантичкиот и раниот словенски период во Македонија и пошироко на Балканот.

 

[Previous] [Next]

[Back to Index]